преименување улици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preimenuvane-ulitsi/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jul 2023 15:56:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преименување улици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preimenuvane-ulitsi/ 32 32 Верен соработник на бугарските и германските фашисти – Кој е Сул Хотла, албанскиот борец кој доби улица во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/veren-sorabotnik-na-bugarskite-i-germanskite-fashisti-koj-e-sul-hotla-albanskiot-borets-koj-dobi-ulitsa-vo-chair/ Thu, 13 Jul 2023 15:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=661009

Здружението НовАсном најостро ја осудува албанската политичка партија ДУИ и нејзиниот градоначалник на Оштина Чаир Висар Ганиу за именувањето на улица според нацистичкиот соработник Сул Хотла.

„Ваквиот чин е возвишување на идејата за голема Албанија и значи рехабилитација на нацифашизмот во Македонија. Ова е само еден чекор од серијата каде се „оживуваат” нацистичките албански колаборатори кои се бореа за голема Албанија, колејќи ги слободоумните Македонци, на сметка на територијата на Република Македонија.

Ваквиот чин на албанската политичка партија ДУИ во Република Македонија, е уште една потврда дека тие се изворот на меѓуетничка нетрпеливост и се „генератори” за продлабочување на јазот помеѓу заедниците во Македонија, но и сериозна закана за мирот и стабилноста на нашата земја“ – се вели во соопштението на здружението НовАсном.

Какво е ова премолчување?

Здружението ги повикува другите политички фактори во земјата, најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и меѓународните партнери, САД, мисијата на ЕУ и останатите, да реагираат на оваа глорификација на нацифашизмот во Македонија.

Завчера во Чаир на прес-конференција беше соопштено дека една улица во оваа општина е именувана според Сул Хотла, командант на Бали Комбетар во кумановскиот регион и еден од водачите на оружената борба за создавање Велика Албанија во периодот од 1941 до 1947 година.

– Ова е само едно од 66-те именувања на улици, за кои општина Чаир донесе одлука. Оваа светла историја на ставање имиња на албански национални дејци и албански национални настани на улиците на Чаир ја започна претседателот на Старо Скопје Изет Меџити. Како негов наследник јас ја продолжив таа светла историја – рече Висар Ганиу, претседателот на општина Чаир и еден од челниците на „Огнената група“, како фракција од ДУИ.

Кој е всушност Сул Хотла?

Сул Хотла, со вистинско име Сулејман Асип Сулејмани, од селото Отља, Липковско, во обемната статија на Википедија на албански и на англиски јазик е опишан како „албански бунтовник, воен лидер на Бали Комбтар, предводник на Карадачко-голачкото востание против југословенските и бугарските партизани во кумановско-карадачкиот регион“.

За него се вели уште дека бил член на ВМРО од 1916 година и дека како член на четата на војводата Крастјо Лазаров, во текот на Првата светска војна се борел против српските четнички формации, во одбрана на албанската популација.

По завршувањето на Првата светска војна, кога Македонија доаѓа во состав на Кралството СХС, во 1922 година Хотла повторно станал качак (одметник) околу половина година во Карадачкиот регион, додека не бил фатен од властите и затворен во Куманово. По излегувањето од затвор во 1927 година, бил избран за градоначалник на општина Матејче, во која спаѓаат повеќето села на кумановскиот Карадачки регион. На оваа функција останал до германската окупација на Југославија во април 1941 година.

Верен соработник на фашистичка Бугарија

За време на бугарската окупација во Македонија, во текот на Втората светска војна, бугарските власти го поставиле Сул Хотла за началник на полицискиот оддел во Матејче. Повторно, под водство на Крастјо Лазаров, Хотла со други доброволци од Карадак, им помагал на Бугарите во борбата против партизаните во областа. Сул Хотла заедно со Мула Дула од Отља одржувал односи со други балистички водачи во Карадак, Косово и Албанија, како што се Џем Гостивари, Мефаил Зајази, мула Идриз Гњилани. Во 1944 година се вклучил во Карадачко-Голачкото востание на Мула Идриз Гњилани. Тесно соработувал и со воените сили на Втората призренска лига, предводени од Џафер Дева.

Силен сојузник на Германците во „одбраната“ на Скопје од партизаните

По повлекувањето на бугарските единици од Вардарска Македонија на 7 септември 1944 година, Хотла ја презел контролата над поголемиот дел од Карадак, го подигнал албанското знаме и го прогласил за слободна зона. Во Шар се одржала голема средба на албански националистички лидери, на која Џем Гостивари бил избран за командант на силите на Бали Комбат во Шар, додека Хотла бил назначен за командант на бали Комбтар во Карадак.

За време на операциите за ослободување на Скопје, единиците на Хотла, кои броеле 3.600 војници, учестуваале на страната на германките окупатори. Од септември до средината на ноември, тие успеале да ги одбијат сите воени напади на 16-та и 17-та бригада на Кумановската партизанска дивизија. Во втората половина на ноември и декември 1944 година, партизанските единици успеале да ги потиснат балистичките сили од Карадак. Сул Хотла бил заробен од југословенската тајна служба ОЗНА додека се обидувал да побегне во Грција. Бил погубен на 11 октомври 1947 година, а сите негови имоти биле конфискувани.

The post Верен соработник на бугарските и германските фашисти – Кој е Сул Хотла, албанскиот борец кој доби улица во Чаир appeared first on Република.

]]>

Здружението НовАсном најостро ја осудува албанската политичка партија ДУИ и нејзиниот градоначалник на Оштина Чаир Висар Ганиу за именувањето на улица според нацистичкиот соработник Сул Хотла. „Ваквиот чин е возвишување на идејата за голема Албанија и значи рехабилитација на нацифашизмот во Македонија. Ова е само еден чекор од серијата каде се „оживуваат” нацистичките албански колаборатори кои се бореа за голема Албанија, колејќи ги слободоумните Македонци, на сметка на територијата на Република Македонија. Ваквиот чин на албанската политичка партија ДУИ во Република Македонија, е уште една потврда дека тие се изворот на меѓуетничка нетрпеливост и се „генератори” за продлабочување на јазот помеѓу заедниците во Македонија, но и сериозна закана за мирот и стабилноста на нашата земја“ – се вели во соопштението на здружението НовАсном. Какво е ова премолчување? Здружението ги повикува другите политички фактори во земјата, најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и меѓународните партнери, САД, мисијата на ЕУ и останатите, да реагираат на оваа глорификација на нацифашизмот во Македонија. Завчера во Чаир на прес-конференција беше соопштено дека една улица во оваа општина е именувана според Сул Хотла, командант на Бали Комбетар во кумановскиот регион и еден од водачите на оружената борба за создавање Велика Албанија во периодот од 1941 до 1947 година. – Ова е само едно од 66-те именувања на улици, за кои општина Чаир донесе одлука. Оваа светла историја на ставање имиња на албански национални дејци и албански национални настани на улиците на Чаир ја започна претседателот на Старо Скопје Изет Меџити. Како негов наследник јас ја продолжив таа светла историја – рече Висар Ганиу, претседателот на општина Чаир и еден од челниците на „Огнената група“, како фракција од ДУИ. Кој е всушност Сул Хотла? Сул Хотла, со вистинско име Сулејман Асип Сулејмани, од селото Отља, Липковско, во обемната статија на Википедија на албански и на англиски јазик е опишан како „албански бунтовник, воен лидер на Бали Комбтар, предводник на Карадачко-голачкото востание против југословенските и бугарските партизани во кумановско-карадачкиот регион“. За него се вели уште дека бил член на ВМРО од 1916 година и дека како член на четата на војводата Крастјо Лазаров, во текот на Првата светска војна се борел против српските четнички формации, во одбрана на албанската популација. По завршувањето на Првата светска војна, кога Македонија доаѓа во состав на Кралството СХС, во 1922 година Хотла повторно станал качак (одметник) околу половина година во Карадачкиот регион, додека не бил фатен од властите и затворен во Куманово. По излегувањето од затвор во 1927 година, бил избран за градоначалник на општина Матејче, во која спаѓаат повеќето села на кумановскиот Карадачки регион. На оваа функција останал до германската окупација на Југославија во април 1941 година. Верен соработник на фашистичка Бугарија За време на бугарската окупација во Македонија, во текот на Втората светска војна, бугарските власти го поставиле Сул Хотла за началник на полицискиот оддел во Матејче. Повторно, под водство на Крастјо Лазаров, Хотла со други доброволци од Карадак, им помагал на Бугарите во борбата против партизаните во областа. Сул Хотла заедно со Мула Дула од Отља одржувал односи со други балистички водачи во Карадак, Косово и Албанија, како што се Џем Гостивари, Мефаил Зајази, мула Идриз Гњилани. Во 1944 година се вклучил во Карадачко-Голачкото востание на Мула Идриз Гњилани. Тесно соработувал и со воените сили на Втората призренска лига, предводени од Џафер Дева. Силен сојузник на Германците во „одбраната“ на Скопје од партизаните По повлекувањето на бугарските единици од Вардарска Македонија на 7 септември 1944 година, Хотла ја презел контролата над поголемиот дел од Карадак, го подигнал албанското знаме и го прогласил за слободна зона. Во Шар се одржала голема средба на албански националистички лидери, на која Џем Гостивари бил избран за командант на силите на Бали Комбат во Шар, додека Хотла бил назначен за командант на бали Комбтар во Карадак. За време на операциите за ослободување на Скопје, единиците на Хотла, кои броеле 3.600 војници, учестуваале на страната на германките окупатори. Од септември до средината на ноември, тие успеале да ги одбијат сите воени напади на 16-та и 17-та бригада на Кумановската партизанска дивизија. Во втората половина на ноември и декември 1944 година, партизанските единици успеале да ги потиснат балистичките сили од Карадак. Сул Хотла бил заробен од југословенската тајна служба ОЗНА додека се обидувал да побегне во Грција. Бил погубен на 11 октомври 1947 година, а сите негови имоти биле конфискувани.

The post Верен соработник на бугарските и германските фашисти – Кој е Сул Хотла, албанскиот борец кој доби улица во Чаир appeared first on Република.

]]>