прехрамбена индустрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prehrambena-industrija/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Dec 2022 09:49:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прехрамбена индустрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prehrambena-industrija/ 32 32 Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирана струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prehranbenite-firmi-mozat-da-se-prijavat-do-20-dekemvri-za-subvencionirana-struja/ Fri, 09 Dec 2022 09:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=583603

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 месецов и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1 јануари следната година, потсетуваат денеска од АД Електрани на Македонија (ЕСМ).

Одлуката на Владата со која на ЕСМ Продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, појаснуваат од ЕСМ, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување.

ЕСМ Продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици

The post Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирана струја appeared first on Република.

]]>

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 месецов и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1 јануари следната година, потсетуваат денеска од АД Електрани на Македонија (ЕСМ). Одлуката на Владата со која на ЕСМ Продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, појаснуваат од ЕСМ, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување. ЕСМ Продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици  

The post Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирана струја appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Обезбедивме поевтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме намалување на цените на храната https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-obezbedivme-poevtina-struja-za-prehranbenata-industrija-ochekuvame-namaluvanje-na-cenite-na-hranata/ Fri, 11 Nov 2022 14:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=572828

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Јосифово, Валандово ја посети млекарницата „Вардарец” која претставува успешна приказна на домашна компанија со долгогодишна традиција, квалитет и идеја за развој.

Пред сè сакам да се заблагодарам на сопствениците, вработените во млекарницата „Вардарец“ за убавото добредојде. Пријатно е да се слушнат успешни приказни, полни со традиција и квалитет, но и со идеја за развој.

Можам слободно да кажам дека таква е млекарницата „Вардарец“ која на овие простори опстојува веќе 25 години. Во разговор со вработените слушнав дека фабриката претставува долгогодишна традиција во производството на млечни производи.

Посебно се радувам што со ИПАРД програмата, „Вардарец“ имаат долгорочна развојна цел и лани овде во индустриската зона во Јосифово го отовориле овој нов погон каде се произведуваат разновидни млечни производи. Ова е уште еден показател дека со помош на европски фондови нашите домашни компании може да го унапредат и развијат сопственото производство.

„Вардарец“ е одличен пример за придобивките од ИПАРД и за поддршката што ни ја дава Европската Унија.

Со помош на финансиска поддршка за земјоделците, „Вардарец“ користи и субвенции за сопствено производство на земјоделски производи.

Оваа Влада секогаш ќе биде ветар во грб и потпора на производителите, на компаниите, на бизнис секторот.

Живееме во времиња полни со предизвици, времиња кои бараат брза адаптација и реакција. Јас сум одговорен човек, Владата која ја предводам умее и да интервенира каде и како треба, но во исто време одговорно управуваме со јавните финансии.

Затоа и донесовме пакет мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза.

Периодот очекувам стабилизирање на цените на основните прехранбени производи, затоа им помогнавме на компаниите и со последниот пакет антикризни мерки производителите на прехранбени производи, ќе можат да склучуваат договори со „ЕСМ Продажба“, за да користат поевтина струја.

Нема поголем приоритет од справувањето со енергетската криза, заштитата на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите. Работиме одговорно, рационално, ги кратиме непродуктивните трошења сé со цел заедно да се избориме со оваа криза. Во оваа најголема економско-енергетска криза никој нема да биде оставен сам.

Како Влада не го заборавивме и долгорочниот правец, тоа е показател каде одиме како општество, тоа е показател дека ги следиме глобалните околности кон обновливи извори на енергија. Создадовме можност преку законски измени, на секој граѓанин, компанија најбрзо и со едноставни процедури и по поволни услови, да може да постават сопствени фотонапонски електроцентрали за производство на струја.

Важно е сите заедно да го пребродиме овој кризен период, затоа антикризните мерки не изоставија никого, ќе го зачуваме стандардот на сите граѓани.

Уште еднаш да се заблагодарам на домаќините, посакувам зголемено производство, а за некоја година и извоз надвор од границата на Македонија, оваа Влада земјата ја врати на европски колосек за европска иднина на сите.

The post Ковачевски: Обезбедивме поевтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме намалување на цените на храната appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Јосифово, Валандово ја посети млекарницата „Вардарец” која претставува успешна приказна на домашна компанија со долгогодишна традиција, квалитет и идеја за развој.
Пред сè сакам да се заблагодарам на сопствениците, вработените во млекарницата „Вардарец“ за убавото добредојде. Пријатно е да се слушнат успешни приказни, полни со традиција и квалитет, но и со идеја за развој. Можам слободно да кажам дека таква е млекарницата „Вардарец“ која на овие простори опстојува веќе 25 години. Во разговор со вработените слушнав дека фабриката претставува долгогодишна традиција во производството на млечни производи. Посебно се радувам што со ИПАРД програмата, „Вардарец“ имаат долгорочна развојна цел и лани овде во индустриската зона во Јосифово го отовориле овој нов погон каде се произведуваат разновидни млечни производи. Ова е уште еден показател дека со помош на европски фондови нашите домашни компании може да го унапредат и развијат сопственото производство. „Вардарец“ е одличен пример за придобивките од ИПАРД и за поддршката што ни ја дава Европската Унија. Со помош на финансиска поддршка за земјоделците, „Вардарец“ користи и субвенции за сопствено производство на земјоделски производи. Оваа Влада секогаш ќе биде ветар во грб и потпора на производителите, на компаниите, на бизнис секторот. Живееме во времиња полни со предизвици, времиња кои бараат брза адаптација и реакција. Јас сум одговорен човек, Владата која ја предводам умее и да интервенира каде и како треба, но во исто време одговорно управуваме со јавните финансии. Затоа и донесовме пакет мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза. Периодот очекувам стабилизирање на цените на основните прехранбени производи, затоа им помогнавме на компаниите и со последниот пакет антикризни мерки производителите на прехранбени производи, ќе можат да склучуваат договори со „ЕСМ Продажба“, за да користат поевтина струја. Нема поголем приоритет од справувањето со енергетската криза, заштитата на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите. Работиме одговорно, рационално, ги кратиме непродуктивните трошења сé со цел заедно да се избориме со оваа криза. Во оваа најголема економско-енергетска криза никој нема да биде оставен сам. Како Влада не го заборавивме и долгорочниот правец, тоа е показател каде одиме како општество, тоа е показател дека ги следиме глобалните околности кон обновливи извори на енергија. Создадовме можност преку законски измени, на секој граѓанин, компанија најбрзо и со едноставни процедури и по поволни услови, да може да постават сопствени фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Важно е сите заедно да го пребродиме овој кризен период, затоа антикризните мерки не изоставија никого, ќе го зачуваме стандардот на сите граѓани. Уште еднаш да се заблагодарам на домаќините, посакувам зголемено производство, а за некоја година и извоз надвор од границата на Македонија, оваа Влада земјата ја врати на европски колосек за европска иднина на сите.

The post Ковачевски: Обезбедивме поевтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме намалување на цените на храната appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Поевтина струја за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-poevtina-struja-za-200-kompanii-od-prehranbenata-industrija-i-600-pekarnici/ Wed, 02 Nov 2022 14:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=568857

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија.

Како Влада и Министерство за економија сите одлуки ги носиме повикувајќи се на конкретни анализи и податоци од сите релевантни институции кои се вградуваат во делот на Економскиот совет. Доколку Владата треба да ги поддржи овие компании со околу 100 евра за мегават час значи дека сите трошоци нема да надминат 3,5 милиони евра, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј.

Просечната потрошувачка на основните и средните училишта, како што прецизира, од 1 декември до крајот на април изнесува околу 10,7 гигават часови или 10.700 мегават часови електрична енергија поради што фискалните импликации не би требало да бидат повисоки од 2 милиони евра.

Кај јавните водоводни претпријатија потрошувачката од 1 декември до крајот на април е околу 30 гигават часови електрична енергија што значи дека се потребни од 3 до 3,5 милиони евра за нивно покривање, рече Бектеши и нагласи дека повеќе општини веќе почнаа да доставуваат барања за зголемување на цената на водата за пиење што ја нудат за потребите на граѓаните.

Ние, потенцира, тоа нема да го дозволиме и како Влада целосно ќе ја покриеме разликата во делот на зголемените трошоци за електрична енергија кои ги имаат јавните комунални претпријатија во делот на водоснабдувањето.

Сепак, нема да дозволиме злоупотреба на Законот за енергетика и на правилата во делот на енергетскиот систем како што прават одредени општини со јавното осветлување со префрлање од слободен на регулиран пазар. Со новата одлука тие не траба да бидат прифатени од ЕВН дистрибуција како такви. Со тоа ќе се ослободи просторот што моментално го покрива ЕСМ, а истото важи и за одредени банки, казина, приватни средни и основни училишта и некои други компании, посочи Бектеши.

Нагласи дека веќе е донесена одлука од 1 декември тие да бидат вратени на слободен пазар, а оние што навистина имаат потреба ќе бидат поддржани од Владата преку ЕСМ за што веќе се обезбедени средства, а има и грант од Европската комисија во вредност од 80 милиони евра кои кон крајот на јануари се очекува да легнат во Буџетот.

The post Бектеши: Поевтина струја за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници appeared first on Република.

]]>

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија.
Како Влада и Министерство за економија сите одлуки ги носиме повикувајќи се на конкретни анализи и податоци од сите релевантни институции кои се вградуваат во делот на Економскиот совет. Доколку Владата треба да ги поддржи овие компании со околу 100 евра за мегават час значи дека сите трошоци нема да надминат 3,5 милиони евра, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј.
Просечната потрошувачка на основните и средните училишта, како што прецизира, од 1 декември до крајот на април изнесува околу 10,7 гигават часови или 10.700 мегават часови електрична енергија поради што фискалните импликации не би требало да бидат повисоки од 2 милиони евра.
Кај јавните водоводни претпријатија потрошувачката од 1 декември до крајот на април е околу 30 гигават часови електрична енергија што значи дека се потребни од 3 до 3,5 милиони евра за нивно покривање, рече Бектеши и нагласи дека повеќе општини веќе почнаа да доставуваат барања за зголемување на цената на водата за пиење што ја нудат за потребите на граѓаните.
Ние, потенцира, тоа нема да го дозволиме и како Влада целосно ќе ја покриеме разликата во делот на зголемените трошоци за електрична енергија кои ги имаат јавните комунални претпријатија во делот на водоснабдувањето.
Сепак, нема да дозволиме злоупотреба на Законот за енергетика и на правилата во делот на енергетскиот систем како што прават одредени општини со јавното осветлување со префрлање од слободен на регулиран пазар. Со новата одлука тие не траба да бидат прифатени од ЕВН дистрибуција како такви. Со тоа ќе се ослободи просторот што моментално го покрива ЕСМ, а истото важи и за одредени банки, казина, приватни средни и основни училишта и некои други компании, посочи Бектеши.
Нагласи дека веќе е донесена одлука од 1 декември тие да бидат вратени на слободен пазар, а оние што навистина имаат потреба ќе бидат поддржани од Владата преку ЕСМ за што веќе се обезбедени средства, а има и грант од Европската комисија во вредност од 80 милиони евра кои кон крајот на јануари се очекува да легнат во Буџетот.

The post Бектеши: Поевтина струја за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници appeared first on Република.

]]>
Oд декември поевтина струја за производителите на храна, училиштата и јавните претпријатија за водоснабдување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-dekemvri-poevtina-struja-za-proizvoditelite-na-hrana-uchilishtata-i-javnite-pretprijatija-za-vodosnabduvanje/ Mon, 31 Oct 2022 15:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=567888

Владата по вчерашната седница соопшти дека од декември ќе има поевтина струја за производителите на храна, училиштата и јавните претпријатија за водоснабдување преку склучување на директни договори со ЕСМ Производство.

Ќе се ублажува ударот од енергетската криза со 80 евра за мегават час за компаниите кои произведуваат брашно, леб, масло, млеко и месни производи. Министерот за економија Крешни Бектеши рече дека се работи за околу 200 компании.

Нешто поскапа струја од 95 евра за мегават час ќе добиваат основните и средните училишта, како и јавните претпријатија за водни услуги.

Покрај оваа помош, Владата им забрани на општините и Градот Скопје да основаат претпријатија за јавно осветлување.

Ќе обезбедиме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи.

Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании“, истакна премиерот Димитар Ковачевски со предвидување дека од старт со оваа мерка ќе поевтинат за 10 отсто прехрамбените продукти.

Договори со ЕСМ ќе можат да склучат и основните и средните јавни училишта, како и јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици, кои одамна се жалат на големите натрупани долгови а некои од нив ги раскинуваа договорите со снабдувачите.

The post Oд декември поевтина струја за производителите на храна, училиштата и јавните претпријатија за водоснабдување appeared first on Република.

]]>

Владата по вчерашната седница соопшти дека од декември ќе има поевтина струја за производителите на храна, училиштата и јавните претпријатија за водоснабдување преку склучување на директни договори со ЕСМ Производство. Ќе се ублажува ударот од енергетската криза со 80 евра за мегават час за компаниите кои произведуваат брашно, леб, масло, млеко и месни производи. Министерот за економија Крешни Бектеши рече дека се работи за околу 200 компании. Нешто поскапа струја од 95 евра за мегават час ќе добиваат основните и средните училишта, како и јавните претпријатија за водни услуги. Покрај оваа помош, Владата им забрани на општините и Градот Скопје да основаат претпријатија за јавно осветлување.
Ќе обезбедиме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании“, истакна премиерот Димитар Ковачевски со предвидување дека од старт со оваа мерка ќе поевтинат за 10 отсто прехрамбените продукти.