преговри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovri/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Apr 2022 20:32:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преговри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovri/ 32 32 Малинка Ристевска-Јорданова: Да не се чепка Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malinka-ristevska-jordanova-da-ne-se-chepka-ustavot-pred-pochetokot-na-pregovorite-so-eu/ Mon, 18 Apr 2022 20:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=490255

„Единствено доколку Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново би можело да се разговара за некаков нов исход. Доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет“, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје во Топ тема на ТВ Телма.

Јорданова смета дека не треба да се отвора Уставот пред почетокот на предпристапните преговори со Европската Унија.

Зошто НЕ отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара како нејзино барање кон нас и Европската унија не може да каже значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот, смета Ристевска Јорданова.

The post Малинка Ристевска-Јорданова: Да не се чепка Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Единствено доколку Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново би можело да се разговара за некаков нов исход. Доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет“, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје во Топ тема на ТВ Телма. Јорданова смета дека не треба да се отвора Уставот пред почетокот на предпристапните преговори со Европската Унија.
Зошто НЕ отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара како нејзино барање кон нас и Европската унија не може да каже значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот, смета Ристевска Јорданова.

The post Малинка Ристевска-Јорданова: Да не се чепка Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Учениците се враќаат на училиште в понеделник? Викендов Владата и СОНК продолжуваат со преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-se-vrakjaat-na-uchilishte-v-ponedelnik-vikendov-vladata-i-sonk-prodolzuvaat-so-pregovori/ Fri, 15 Apr 2022 11:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=488931

Владата и претседателството на СОНК во текот на претстојниот викенд ќе продолжат да разговараат за изнаоѓање взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување, соопшти владината прес-служба.

На состанокот во Владата, претставена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, и претставниците на СОНК се договорија во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.

На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.

Владата, истакна на состанокот премиерот Димитар Ковачевски, е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, се вели во владиното соопштение.

 

The post Учениците се враќаат на училиште в понеделник? Викендов Владата и СОНК продолжуваат со преговори appeared first on Република.

]]>

Владата и претседателството на СОНК во текот на претстојниот викенд ќе продолжат да разговараат за изнаоѓање взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување, соопшти владината прес-служба. На состанокот во Владата, претставена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, и претставниците на СОНК се договорија во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките. На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.
Владата, истакна на состанокот премиерот Димитар Ковачевски, е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, се вели во владиното соопштение.
 

The post Учениците се враќаат на училиште в понеделник? Викендов Владата и СОНК продолжуваат со преговори appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Нема да има прекин на огнот за време на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-nema-da-ima-prekin-na-ognot-za-vreme-na-pregovorite/ Mon, 21 Mar 2022 13:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=476135

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот.

Песков на новинарите им соопшти дека украинските сили користат каков било прекин на огнот за да се прегрупираат со цел „да продолжат со нападите врз руските војници“.

Тој кажа и дека Кремљ смета дека напредокот во руско-украинските преговори е недоволен за да може да се зборува за контакти меѓу двајцата претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски, но не сакаше да зборува за деталите од преговорите.

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно денеска изјави дека преговорите би можеле да траат неколку недели. Според него, основно барање на Киев е прекин на огнот, повлекување на армијата и политичко решавање на спорните територии.

 

The post Кремљ: Нема да има прекин на огнот за време на преговорите appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот. Песков на новинарите им соопшти дека украинските сили користат каков било прекин на огнот за да се прегрупираат со цел „да продолжат со нападите врз руските војници“. Тој кажа и дека Кремљ смета дека напредокот во руско-украинските преговори е недоволен за да може да се зборува за контакти меѓу двајцата претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски, но не сакаше да зборува за деталите од преговорите. Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно денеска изјави дека преговорите би можеле да траат неколку недели. Според него, основно барање на Киев е прекин на огнот, повлекување на армијата и политичко решавање на спорните територии.  

The post Кремљ: Нема да има прекин на огнот за време на преговорите appeared first on Република.

]]>