преговори со ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovori-so-eu/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 07:00:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преговори со ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovori-so-eu/ 32 32 Aлбанија ги почнува преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-gi-pochnuva-pregovorite-so-eu/ Tue, 15 Oct 2024 07:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=826876

 - Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.

Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Македонија на крајот на септември.

Албанија и Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел.

-Европската комисија очекува почеток на преговорите за проширување што е можно поскоро со Албанија, како и со Македонија, откако ќе се исполнат барањата одобрени од Советот на ЕУ, изјави портпаролот на Комисијата во септември по повод одлуката да ги раздвои двете балкански земји во преговарачкиот процес.

Во првата фаза од преговорите се вклучени поглавјата „Јавни набавки“, „Статистика“, „Судски систем и основни права“, „Правда, слобода и безбедност“ и „Финансиска контрола

The post Aлбанија ги почнува преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

 - Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ. Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Македонија на крајот на септември. Албанија и Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел.
-Европската комисија очекува почеток на преговорите за проширување што е можно поскоро со Албанија, како и со Македонија, откако ќе се исполнат барањата одобрени од Советот на ЕУ, изјави портпаролот на Комисијата во септември по повод одлуката да ги раздвои двете балкански земји во преговарачкиот процес.
Во првата фаза од преговорите се вклучени поглавјата „Јавни набавки“, „Статистика“, „Судски систем и основни права“, „Правда, слобода и безбедност“ и „Финансиска контрола

The post Aлбанија ги почнува преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Koвачевски е многу горд што по 17 години обезбедил преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-e-mnogu-gord-shto-po-17-godini-obezbedil-pregovori-so-eu/ Mon, 25 Mar 2024 20:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=758719

„Јас сум исклучително горд што после 17 години чекање, благодарение на Владата предводена од СДСМ, успеавме да обезбедиме почеток на преговорите со Европската Унија со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет, со заштитена македонска култура”, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју на вестите на Македонската радио телевизија (МРТ).

Ковачевски потенцираше дека СДСМ има прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти и јасен план за европска Македонија и за економски просперитет на државата. На оваа програма работеа 200 навистина стручни луѓе од сите области.

„Со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи зголемувањето на платите, зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста. Ќе продолжи и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние првпат ја воведовме и таа поддршка сега ќе биде дуплирана. Ќе ги зголемиме субвенцииите во земјоделството и земјоделското производство. Предвидена е поддршка за младите, за лицата кои првпат влегуваат на пазарот на работна сила”, истакна Ковачевски.

Осврнувајќи се на постигнатото во претходниот период, претседателот на СДСМ потенцираше дека Владата успешно се справила со најголемата светска и економска криза. Потврда за ова е и анализата на реномираниот Виенски економски институт, според која, Македонија е единствената држава во Источна Европа, која во време на криза успеа да го зголеми животниот стандард на граѓаните.

The post Koвачевски е многу горд што по 17 години обезбедил преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Јас сум исклучително горд што после 17 години чекање, благодарение на Владата предводена од СДСМ, успеавме да обезбедиме почеток на преговорите со Европската Унија со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет, со заштитена македонска култура”, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју на вестите на Македонската радио телевизија (МРТ). Ковачевски потенцираше дека СДСМ има прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти и јасен план за европска Македонија и за економски просперитет на државата. На оваа програма работеа 200 навистина стручни луѓе од сите области.
„Со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи зголемувањето на платите, зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста. Ќе продолжи и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние првпат ја воведовме и таа поддршка сега ќе биде дуплирана. Ќе ги зголемиме субвенцииите во земјоделството и земјоделското производство. Предвидена е поддршка за младите, за лицата кои првпат влегуваат на пазарот на работна сила”, истакна Ковачевски.
Осврнувајќи се на постигнатото во претходниот период, претседателот на СДСМ потенцираше дека Владата успешно се справила со најголемата светска и економска криза. Потврда за ова е и анализата на реномираниот Виенски економски институт, според која, Македонија е единствената држава во Источна Европа, која во време на криза успеа да го зголеми животниот стандард на граѓаните.

The post Koвачевски е многу горд што по 17 години обезбедил преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Koвачевски ако победи на изборите за четири години ќе ги заврши преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ako-pobedi-na-izborite-za-chetiri-godini-ke-gi-zavrshi-pregovorite-so-eu/ Thu, 21 Mar 2024 07:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=756849

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски зеде учество на инфо сесија „ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа“ заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ и со Марко Ѓорѓиевски од Националната агенција за европски образовни програми и Марко Михаилоски од Социјал демократската младина на Македонија.

Ковачевски во своето обраќање до младите истакна дека „пред нас имаме избори на кои ќе се одлучува за исклучително важно стратешко прашање за државата, а тоа е дали ќе продолжиме на патот на европските интеграции или ќе се вратиме назад како што беше од 2006 до 2016 година“.

Тоа е особено важно за младите, рече Ковачевски, затоа што европскиот пат им отвора перспективи и програми, каква што е Еразмус+ програмата кои не смееме да бидат загрозени.

„Зошто Еразмус програмата е важна? Таа е важна од најмалку два аспекти, првата е финансиска меѓутоа по мене уште поважна е мобилноста за студентите и можноста да посетуваат настава, да одат на универзитети и на училишта надвор од нашата држава. Од друга страна можноста можноста од други држави да дојдат студенти и да се запознаат со нашето образование, нашата култура, со нашата земја, тоа е исто така многу важно бидејќи процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентите, нашата култура и нашиот македонски јазик го зацврстува во рамки на еврипскиот мозаик на јазици, култури и европски идентитет“, посочи Ковачевски.

Тој потенцираше дека СДСМ има многу јасен план за остварување на целта членство во ЕУ и дека со новата Влада, по победата на парламентарните избори на 8-ми мај ќе се забрза процесот на зачленување со донесување на потребните одлуки.

„Четири години се сосема доволни за завршување на преговарачкиот процес бидејќи покажавме дека во година и пол можеме да завршиме успешно скрининг процес за што комплименти давам на сите што беа вклучени на чело со Бојан и потоа за уште две години да се заврши процесот на ратификација и СМ да стане земја членка на ЕУ. Значи нема откажува од европската иднина на Македонија, јас ве поттикнувам сите вас млади кои сте тука присутни меѓутоа и сите оние кои што не следат по пат на социјалните медиуми да не се откажуваат од својата европска иднина“, им порача на младите Ковачевски.

The post Koвачевски ако победи на изборите за четири години ќе ги заврши преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски зеде учество на инфо сесија „ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа“ заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ и со Марко Ѓорѓиевски од Националната агенција за европски образовни програми и Марко Михаилоски од Социјал демократската младина на Македонија. Ковачевски во своето обраќање до младите истакна дека „пред нас имаме избори на кои ќе се одлучува за исклучително важно стратешко прашање за државата, а тоа е дали ќе продолжиме на патот на европските интеграции или ќе се вратиме назад како што беше од 2006 до 2016 година“. Тоа е особено важно за младите, рече Ковачевски, затоа што европскиот пат им отвора перспективи и програми, каква што е Еразмус+ програмата кои не смееме да бидат загрозени.
„Зошто Еразмус програмата е важна? Таа е важна од најмалку два аспекти, првата е финансиска меѓутоа по мене уште поважна е мобилноста за студентите и можноста да посетуваат настава, да одат на универзитети и на училишта надвор од нашата држава. Од друга страна можноста можноста од други држави да дојдат студенти и да се запознаат со нашето образование, нашата култура, со нашата земја, тоа е исто така многу важно бидејќи процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентите, нашата култура и нашиот македонски јазик го зацврстува во рамки на еврипскиот мозаик на јазици, култури и европски идентитет“, посочи Ковачевски.
Тој потенцираше дека СДСМ има многу јасен план за остварување на целта членство во ЕУ и дека со новата Влада, по победата на парламентарните избори на 8-ми мај ќе се забрза процесот на зачленување со донесување на потребните одлуки.
„Четири години се сосема доволни за завршување на преговарачкиот процес бидејќи покажавме дека во година и пол можеме да завршиме успешно скрининг процес за што комплименти давам на сите што беа вклучени на чело со Бојан и потоа за уште две години да се заврши процесот на ратификација и СМ да стане земја членка на ЕУ. Значи нема откажува од европската иднина на Македонија, јас ве поттикнувам сите вас млади кои сте тука присутни меѓутоа и сите оние кои што не следат по пат на социјалните медиуми да не се откажуваат од својата европска иднина“, им порача на младите Ковачевски.

The post Koвачевски ако победи на изборите за четири години ќе ги заврши преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-srbija-treba-da-otvori-nov-klaster/ Tue, 19 Mar 2024 18:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=756401

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, изјави дека, кога станува збор за проширувањето на ЕУ и Србија, на терен има напредок и да тоа мора да се признае, како и дека Србија треба да го отвори следниот кластер, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на прес-конференцијата по седницата на Комисијата за надворешни работи, на која се разговараше за проширувањето, изјави дека само преку вакви чекори може да се задржи нивото на мотивација да се тргне напред.

Значи, ако има напредок, тоа мора да се препознае. Затоа остануваме на нашиот предлог за отворање на следниот кластер. Само преку овие чекори можеме да го одржиме нивото на мотивација за да продолжиме напред. Затоа треба да одиме напред и со Србија, рече Вархеји.

Зборувајќи за барањето на Приштина за членство во ЕУ, Вархеји рече дека последните настани во Косово не му олеснуваат на Советот да ја процени апликацијата.

Ние го изразивме тоа многу, многу пати. Секогаш кога Советот ѝ доверува на Комисијата да даде свое мислење за апликацијата, ние сме подготвени да го сториме тоа. Но, исто така, многу јасно гледаме дека наместо деескалација, гледаме дека се појавуваат нови елементи на ескалација, рече Вархеји.

The post Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, изјави дека, кога станува збор за проширувањето на ЕУ и Србија, на терен има напредок и да тоа мора да се признае, како и дека Србија треба да го отвори следниот кластер, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на прес-конференцијата по седницата на Комисијата за надворешни работи, на која се разговараше за проширувањето, изјави дека само преку вакви чекори може да се задржи нивото на мотивација да се тргне напред.
Значи, ако има напредок, тоа мора да се препознае. Затоа остануваме на нашиот предлог за отворање на следниот кластер. Само преку овие чекори можеме да го одржиме нивото на мотивација за да продолжиме напред. Затоа треба да одиме напред и со Србија, рече Вархеји.
Зборувајќи за барањето на Приштина за членство во ЕУ, Вархеји рече дека последните настани во Косово не му олеснуваат на Советот да ја процени апликацијата.
Ние го изразивме тоа многу, многу пати. Секогаш кога Советот ѝ доверува на Комисијата да даде свое мислење за апликацијата, ние сме подготвени да го сториме тоа. Но, исто така, многу јасно гледаме дека наместо деескалација, гледаме дека се појавуваат нови елементи на ескалација, рече Вархеји.

The post Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер appeared first on Република.

]]>
„Почнавме преговори-се друго е лажна вест“ велеше Османи, а денеска жали и се заканува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnavme-pregovori-se-drugo-e-lazhna-vest-veleshe-osmani-a-deneska-zhali-i-se-zakanuva/ Fri, 15 Dec 2023 11:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=723270

Почнавме преговори за членство во ЕУ-сѐ друго е лажна вест“. „Оваа година беше историска, ги отворивме преговорите со ЕУ“.„Одлуката за преговори со ЕУ не ни е подарена“.

Вакви беа изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи пред само една година откако дека веќе сме ги почнале преговорите со ЕУ. Иако сите велеа дека Македонија не почнала никакви преговори, Османи на ваквите забелешки одговараше дека тоа не точно. Еве сме сега на крајот на 2023 година и Македонија е таму каде што беше, ако не и пониско.

Почнавме разговори со ЕУ, по 17 години и сега почнува скрининг-процесот. Ова е историска година за нас“, -гласеше една од европските изјави на Османи.

Дека Македонија не ги почна преговорите со ЕУ се потврди и на Самитот на ЕУ каде не бевме дури ни на дневниот ред.Сега главни ѕвезди се Украина и Молдавија.

https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/

Токму на примерот на Молдавија се виде дека ако ЕУ сака може и нефункционална држава како Молдавија, или земја што и официјално е во војна како Украина, да отвори преговори.Повторувам, ако сака. Но, за Македонија и за Албанија не сакаат.

Па така, од нас ќе бараат уставни измени бидејќи ете „важната“ членка на ЕУ Бугарија се противи. За Албанија пак смислија уште посмешен изговор-Грција се противела што Албанија затворила некој корумиран грчки градоначалник.Нѐ прават малоумни.

Затоа смешни изгледаат денешните „плачки“ на Османи дека денеска можело и за нас да биде голем ден ама ете „антиевропските темни сили“ ги држеле со заложништо граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-deneska-mozheshe-da-bide-den-za-slavene-i-kaj-nas/

Османи уште и се закани со зборовите „уште малку“.

Да, уште малку господине Османи,уште малку има до вашето заминување од власт.

The post „Почнавме преговори-се друго е лажна вест“ велеше Османи, а денеска жали и се заканува appeared first on Република.

]]>

Почнавме преговори за членство во ЕУ-сѐ друго е лажна вест“. „Оваа година беше историска, ги отворивме преговорите со ЕУ“.„Одлуката за преговори со ЕУ не ни е подарена“. Вакви беа изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи пред само една година откако дека веќе сме ги почнале преговорите со ЕУ. Иако сите велеа дека Македонија не почнала никакви преговори, Османи на ваквите забелешки одговараше дека тоа не точно. Еве сме сега на крајот на 2023 година и Македонија е таму каде што беше, ако не и пониско.
Почнавме разговори со ЕУ, по 17 години и сега почнува скрининг-процесот. Ова е историска година за нас“, -гласеше една од европските изјави на Османи.
Дека Македонија не ги почна преговорите со ЕУ се потврди и на Самитот на ЕУ каде не бевме дури ни на дневниот ред.Сега главни ѕвезди се Украина и Молдавија. https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/ Токму на примерот на Молдавија се виде дека ако ЕУ сака може и нефункционална држава како Молдавија, или земја што и официјално е во војна како Украина, да отвори преговори.Повторувам, ако сака. Но, за Македонија и за Албанија не сакаат. Па така, од нас ќе бараат уставни измени бидејќи ете „важната“ членка на ЕУ Бугарија се противи. За Албанија пак смислија уште посмешен изговор-Грција се противела што Албанија затворила некој корумиран грчки градоначалник.Нѐ прават малоумни. Затоа смешни изгледаат денешните „плачки“ на Османи дека денеска можело и за нас да биде голем ден ама ете „антиевропските темни сили“ ги држеле со заложништо граѓаните. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-deneska-mozheshe-da-bide-den-za-slavene-i-kaj-nas/ Османи уште и се закани со зборовите „уште малку“. Да, уште малку господине Османи,уште малку има до вашето заминување од власт.

The post „Почнавме преговори-се друго е лажна вест“ велеше Османи, а денеска жали и се заканува appeared first on Република.

]]>
Maричиќ и Ковачевски ја убедуваат ЕУ да го заштити македонскиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-i-kovachevski-ja-ubeduvaat-eu-da-go-zashtiti-makedonskiot-identitet/ Wed, 06 Dec 2023 16:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=720437

Членството во Европската Унија игра клучна улога во консолидирањето и унапредувањето на македонскиот идентитет и нуди негова трајна заштита во европски и во глобални рамки, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на дебатата во Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ со европратеници од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократи (СД).

- Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но не и невозможна цел. Владата предводена од СДСМ има искрена и јасна намера успешно да го заврши процесот. Владата има јасен план и поставена цел кои се дополнителна движечка сила побрзо да чекориме во реформирањето на општеството, рече Ковачевски на дебатата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Ковачевски посочи дека процесот на зачленување во ЕУ е сложен и бара континуитет и силна волја, но дека тоа треба да се направи не поради Унијата, туку поради нашите граѓани.

- Подготвени сме за овој предизвик и испит, а имаме и целосна поддршка од Европската комисија за забрзување на темпото на пристапните преговори. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Вашето присуство кај нас и оддавање почит на нашата земја и народ е јасна порака дека имаме пријатели и сојузници во ЕУ и дека Македонија ја гледате како идна земја членка на Унијата, рече премиерот.

Тој потсети дека со затворање на скринингот по поглавјата 30 и 31, Македонија успешно го завршува овој процес, а извештајот од него ќе биде патоказ за забрзување на трансформацијата на општеството, што ќе биде единствено возможно преку процесот на преговори со ЕУ.

- Скринингот беше тежок државнички процес, но претставува најдобар механизам за спроведување реформи кои ќе придонесат за зајакнување на демократијата и создавање зрело општество со силни и ефикасни институции. Оценките кои ги добиваме од ЕК се одлични. Нашата подготвеност и транспонираност на европското законодавство е на завидно ниво, рече Ковачевски.

Тој се осврна и на Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, посочувајќи дека земјава мора да ги искористи можностите што тој ги нуди за да се поттикне економскиот напредок, да се отворат нови работни места, да се подобри животниот стандард на граѓаните и да им се овозможи на нашите компании пристап до делови од единствениот европски пазар, дури и пред полноправното членство во ЕУ.

- Со членството во ЕУ, Македонија ќе има можност да добие пристап до важни делови од единствениот европски паза. Оваа прилика мораме да ја искористиме, а за тоа имаме и целосна поддршка од ЕУ. Нашата социјалдемократска политика нуди пат на напредок, со крајна цел членство во ЕУ, бидејќи Македонија припаѓа таму. Македонија треба да е дел од заедницата на вредности, изјави Ковачевски.

Тој нагласи дека СДСМ како владејачка партија во изминатите седум години ја вратила социјалната правда и рамномерна распределба на буџетските средства со цел намалување на социјалната нееднаквост и во услови на најголемата здравствена економска и енергетска криза и дека клучните приоритети биле социјалната заштита, подобрување на економскиот и општествениот стандард.

- Преку нашите социјалдемократските политики ги вративме граѓанските права и демократијата, со што овозможивме транспарентни и отворени државни институции и еднакви права и можности во нашето општество. Граѓаните во нашата држава се свесни за позитивното влијание на овие политики, бидејќи директно и позитивно влијаат врз нивните животи. Во овие турбулентни времиња, Владата им даде поддршка на компаниите, земјоделците и ранливите групи, обезбедувајќи ја нивната издржливост и овозможувајќи им да ги надминат предизвиците. Веќе седум години не само македонското општество, туку и меѓународната заедница ја вреднува нашата политика заснована на солидарност, хуманост и меѓусебното почитување, што всушност се основа на социјалдемократски вредности на кој што почива нашето делување, работење и функционирање како политички субјект во Република Македонија, рече Ковачевски.

Тој им се заблагодари на европратениците од СД за поддршката на интеграцијата на земјава во ЕУ и порача дека пратениците во македонското Собрание мора да го стават постигнувањето на заедничките национални и општествени цели пред политичките и идеолошките разлики.

- Некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Македонија, нивната иднина е пред сите политички и идеолошките разлики. Без разлика на партиската припадност пратениците се избрани од граѓаните, затоа мора да покажат конструктивност во име на граѓаните, мора да покажат единство за благосостојба на нашите граѓани и нашето општество. Пратениците во Македонија добиваат мандат од граѓаните и работат и носат одлуки согласно Уставот, Законот и Деловникот. Така било, така е и така ќе биде и во иднина, рече Ковачевски.

Во текот на дебатата, европратениците искажаа позитивни коментари за европскиот напредок на Македонија, посочувајќи дека земјава е успешен пример за мултикултурно општество, како за регионот, така и за Европа, со што на свој начин придонесува во забрзувањето на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Европратениците констатираа дека во изминативе неколку години, земјава посветено работела на реформи во социјалната и економската сферата и во делот на владеењето на правото, при тоа истакнувајќи ја силната поддршка на европратениците социјалисти и демократи за продолжување на тој пат.

Тие заклучија дека движечката определба на групата на СД во Европскиот Парламент е клучна за реализација на планот за проширување на европското семејство, нагласувајќи ја исклучително сложената геостратешка ситуација што произведе препораки со кои е донесена Резолуцијата за проширување, заснована на препораките од Конференцијата за иднината на Европа, водејќи сметка за постоечкиот контекст, предизвиците и повеќекратните кризи со кои се соочуваат Унијата и светот во целина.

Заклучокот од дебатата беше дека социјалдемократската политика претставува предводник за мирот, спроведувањето на демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои биле опфатени со претходните проширувања на ЕУ.

Според нив, европскиот фронт е сигурна патека за водење на земјите од Западен Балкан кон успешно приклучување кон Европската Унија, при што Прогресивната алијанса е движечка сила која му носи просперитет на општеството и истовремено го зацврстува и го гради во економски стабилна и сигурна средина.

Европратениците ја истакнаа и обврската на македонското Собрание, во овие важни моменти, да ја преземе одговорноста со усвојување на уставните измени и да и овозможи на државата да оди напред кон реализација на европската агенда и полноправно членство во ЕУ.

Тие воедно посакаа македонските пратеници час поскоро да се придружат на Европарламентот, истакнувајќи дека Македонија му припаѓа на европското семејство и дека без сомнение земјата ќе успее да биде дел од Унијата до 2030 година

The post Maричиќ и Ковачевски ја убедуваат ЕУ да го заштити македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Членството во Европската Унија игра клучна улога во консолидирањето и унапредувањето на македонскиот идентитет и нуди негова трајна заштита во европски и во глобални рамки, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на дебатата во Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ со европратеници од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократи (СД). - Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но не и невозможна цел. Владата предводена од СДСМ има искрена и јасна намера успешно да го заврши процесот. Владата има јасен план и поставена цел кои се дополнителна движечка сила побрзо да чекориме во реформирањето на општеството, рече Ковачевски на дебатата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Ковачевски посочи дека процесот на зачленување во ЕУ е сложен и бара континуитет и силна волја, но дека тоа треба да се направи не поради Унијата, туку поради нашите граѓани. - Подготвени сме за овој предизвик и испит, а имаме и целосна поддршка од Европската комисија за забрзување на темпото на пристапните преговори. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Вашето присуство кај нас и оддавање почит на нашата земја и народ е јасна порака дека имаме пријатели и сојузници во ЕУ и дека Македонија ја гледате како идна земја членка на Унијата, рече премиерот. Тој потсети дека со затворање на скринингот по поглавјата 30 и 31, Македонија успешно го завршува овој процес, а извештајот од него ќе биде патоказ за забрзување на трансформацијата на општеството, што ќе биде единствено возможно преку процесот на преговори со ЕУ. - Скринингот беше тежок државнички процес, но претставува најдобар механизам за спроведување реформи кои ќе придонесат за зајакнување на демократијата и создавање зрело општество со силни и ефикасни институции. Оценките кои ги добиваме од ЕК се одлични. Нашата подготвеност и транспонираност на европското законодавство е на завидно ниво, рече Ковачевски. Тој се осврна и на Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, посочувајќи дека земјава мора да ги искористи можностите што тој ги нуди за да се поттикне економскиот напредок, да се отворат нови работни места, да се подобри животниот стандард на граѓаните и да им се овозможи на нашите компании пристап до делови од единствениот европски пазар, дури и пред полноправното членство во ЕУ.
- Со членството во ЕУ, Македонија ќе има можност да добие пристап до важни делови од единствениот европски паза. Оваа прилика мораме да ја искористиме, а за тоа имаме и целосна поддршка од ЕУ. Нашата социјалдемократска политика нуди пат на напредок, со крајна цел членство во ЕУ, бидејќи Македонија припаѓа таму. Македонија треба да е дел од заедницата на вредности, изјави Ковачевски.
Тој нагласи дека СДСМ како владејачка партија во изминатите седум години ја вратила социјалната правда и рамномерна распределба на буџетските средства со цел намалување на социјалната нееднаквост и во услови на најголемата здравствена економска и енергетска криза и дека клучните приоритети биле социјалната заштита, подобрување на економскиот и општествениот стандард. - Преку нашите социјалдемократските политики ги вративме граѓанските права и демократијата, со што овозможивме транспарентни и отворени државни институции и еднакви права и можности во нашето општество. Граѓаните во нашата држава се свесни за позитивното влијание на овие политики, бидејќи директно и позитивно влијаат врз нивните животи. Во овие турбулентни времиња, Владата им даде поддршка на компаниите, земјоделците и ранливите групи, обезбедувајќи ја нивната издржливост и овозможувајќи им да ги надминат предизвиците. Веќе седум години не само македонското општество, туку и меѓународната заедница ја вреднува нашата политика заснована на солидарност, хуманост и меѓусебното почитување, што всушност се основа на социјалдемократски вредности на кој што почива нашето делување, работење и функционирање како политички субјект во Република Македонија, рече Ковачевски. Тој им се заблагодари на европратениците од СД за поддршката на интеграцијата на земјава во ЕУ и порача дека пратениците во македонското Собрание мора да го стават постигнувањето на заедничките национални и општествени цели пред политичките и идеолошките разлики. - Некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Македонија, нивната иднина е пред сите политички и идеолошките разлики. Без разлика на партиската припадност пратениците се избрани од граѓаните, затоа мора да покажат конструктивност во име на граѓаните, мора да покажат единство за благосостојба на нашите граѓани и нашето општество. Пратениците во Македонија добиваат мандат од граѓаните и работат и носат одлуки согласно Уставот, Законот и Деловникот. Така било, така е и така ќе биде и во иднина, рече Ковачевски. Во текот на дебатата, европратениците искажаа позитивни коментари за европскиот напредок на Македонија, посочувајќи дека земјава е успешен пример за мултикултурно општество, како за регионот, така и за Европа, со што на свој начин придонесува во забрзувањето на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Европратениците констатираа дека во изминативе неколку години, земјава посветено работела на реформи во социјалната и економската сферата и во делот на владеењето на правото, при тоа истакнувајќи ја силната поддршка на европратениците социјалисти и демократи за продолжување на тој пат. Тие заклучија дека движечката определба на групата на СД во Европскиот Парламент е клучна за реализација на планот за проширување на европското семејство, нагласувајќи ја исклучително сложената геостратешка ситуација што произведе препораки со кои е донесена Резолуцијата за проширување, заснована на препораките од Конференцијата за иднината на Европа, водејќи сметка за постоечкиот контекст, предизвиците и повеќекратните кризи со кои се соочуваат Унијата и светот во целина. Заклучокот од дебатата беше дека социјалдемократската политика претставува предводник за мирот, спроведувањето на демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои биле опфатени со претходните проширувања на ЕУ. Според нив, европскиот фронт е сигурна патека за водење на земјите од Западен Балкан кон успешно приклучување кон Европската Унија, при што Прогресивната алијанса е движечка сила која му носи просперитет на општеството и истовремено го зацврстува и го гради во економски стабилна и сигурна средина. Европратениците ја истакнаа и обврската на македонското Собрание, во овие важни моменти, да ја преземе одговорноста со усвојување на уставните измени и да и овозможи на државата да оди напред кон реализација на европската агенда и полноправно членство во ЕУ. Тие воедно посакаа македонските пратеници час поскоро да се придружат на Европарламентот, истакнувајќи дека Македонија му припаѓа на европското семејство и дека без сомнение земјата ќе успее да биде дел од Унијата до 2030 година

The post Maричиќ и Ковачевски ја убедуваат ЕУ да го заштити македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Oсмани најавува прекин на преговорите со ЕУ ако не го смениме Уставот до ноември, иако тие не се ни почнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-najavuva-prekin-na-pregovorite-so-eu-ako-ne-go-smenime-ustavot-do-noemvri-iako-tie-ne-se-ni-pochnati/ Wed, 04 Jan 2023 14:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=593625

Не треба да губиме време во процесот на уставни измени, затоа што мојот страв е дека ако не фати ноември без завршени промени на Уставот, ќе прекинат преговорите и ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека ќе влеземе во некакво си „црногорско сценарио”, после што ќе биде многу тешко да се вратиме, со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата, рече денеска на брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Б ујар Османи.  

– Досега имаше неформални координации, што јас ги нареков консултации низ ходници, во Собранието, на различни средби итн. Сметам дека оваа година веќе треба да се почне со формален сет на консултации и јавни дебати. Јавни дебати во коишто ќе бидат вклучени и политичарите, ќе бидат вклучени и невладините организации, експертите, новинарите, јавноста, за да разговараме кои се аргументите контра и про уставни измени, рече Османи.

Тој оцени дека треба да се направи разграничување помеѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измените се проблематични и партиско политичкиот интерес околу уставните измени.

– Засега тие се измешани и не може да се направи разграничување, каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето, бидејќи не знаат дали став на одреден политичар е заради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, а каде завршува интересот на државата, нагласи Османи.

The post Oсмани најавува прекин на преговорите со ЕУ ако не го смениме Уставот до ноември, иако тие не се ни почнати appeared first on Република.

Османи: Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со ЕУ, фиксни се регулативите и директивите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-pogreshno-e-razmisluvanjeto-deka-nie-pregovarame-so-eu-fiksni-se-regulativite-i-direktivite/ Sun, 04 Dec 2022 12:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=581622

Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот. Апелирам за државен консензус по однос на европските прашања и за постигнување договор меѓу сите политички партии дека за европските прашања, кој и да е на власт нема да имаме разлики, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека регулативите и директивите на ЕУ мора да ги прифати кој и да е на власт.

-Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со Европската Унија. Фиксни се регулативите и директивите. Вие мора да ги прифатите такви какви што се за да станете членка. Без разлика дали е СДСМ на власт или ДУИ или ВМРО, никој нема можност нешто да смени во делот на преговорите со Европската Унија. Единствено што може да смени е во динамиката на испорачување и во прифаќање, потенцираше Османи.

Тој порача оваа тема да се остави на страна во интерес на граѓаните кои сакаат влез во ЕУ, без разлика од која страна на политичка сцена доаѓаат.

-Ако нема разлика, зошто тогаш да не ја оставиме оваа тема на страна, во интерес на граѓаните кои сакаат ЕУ и од едната и од другата страна на политичката сцена. Имаме доволно други теми за расправање, рече Османи.

The post Османи: Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со ЕУ, фиксни се регулативите и директивите appeared first on Република.

]]>

Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот. Апелирам за државен консензус по однос на европските прашања и за постигнување договор меѓу сите политички партии дека за европските прашања, кој и да е на власт нема да имаме разлики, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека регулативите и директивите на ЕУ мора да ги прифати кој и да е на власт.
-Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со Европската Унија. Фиксни се регулативите и директивите. Вие мора да ги прифатите такви какви што се за да станете членка. Без разлика дали е СДСМ на власт или ДУИ или ВМРО, никој нема можност нешто да смени во делот на преговорите со Европската Унија. Единствено што може да смени е во динамиката на испорачување и во прифаќање, потенцираше Османи.
Тој порача оваа тема да се остави на страна во интерес на граѓаните кои сакаат влез во ЕУ, без разлика од која страна на политичка сцена доаѓаат. -Ако нема разлика, зошто тогаш да не ја оставиме оваа тема на страна, во интерес на граѓаните кои сакаат ЕУ и од едната и од другата страна на политичката сцена. Имаме доволно други теми за расправање, рече Османи.

The post Османи: Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со ЕУ, фиксни се регулативите и директивите appeared first on Република.

]]>
Османи: Референдум не може да има, исходот на преговорите со Бугарија беше 3:1 за нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-referendum-ne-moze-da-ima-ishodot-na-pregovorite-so-bugarija-beshe-3-1-za-nas/ Thu, 15 Sep 2022 20:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=551179

Уставните измени се во интерес на државата, а референдум за Договорот со Бугарија не може и не треба да има, зашто неговото поништување е ризикување на евроатлантска Македонија, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

Во однос на иницијативата на опозицијата за референдум за укунување на Договорот за добрососедство, тој смета дека опозицијата свесно или несвесно направила една голема услуга на процесот на уставните измени, затоа што ја раздвоила дебатата помеѓу Договорот со Бугарија и измените на Уставот.

– Уставните измени не се дел од обврска од Договорот. А оние што рекоа – да правиме референдум за Договорот со Бугарија, тоа значи дека уставните измени се добри и ние можеме тој процес да го тераме. Таков беше ставот на опозицијата од почеток, вие ја знаете изјавата на Мицкоски – ако е ова последно барање на Бугарија, во ред сме со уставните измени. Потоа рече во ред сме – ние не сме против внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите, но заради тоа што е уцена не прифаќаме, што значи дека во суштина никој не е против. Дури има многу во ВМРО-ДПМНЕ со кои јас комуницирам коишто знаат дека е ова во интерес на македонскиот народ, во интерес на државата бидејќи претставува институционално дефинирање на односите помеѓу мнозински македонски народ и бугарски малцински народ во РСМ, вели министерот за надворешни работи.

Османи кажа дека во моментов нема формални разговори со пратениците за уставните измени, иако има комуникација.

– Јас во тие разговори и во рамки на Владата имам поинаков пристап како треба да пристапиме на овој процес. Сметам дека ние имаме еден друг проблем пред да стигнеме до убедување на пратениците, а тоа е убедување на граѓаните. Очигледно во оваа фаза пропагандата и лажните вести не победија во аргументирањето што се случи со почетокот на преговорите, рече Османи.

Тој е дециден дека референдум за Договорот со Бугарија не може да има, ниту треба да има, затоа што договорот е „еден од важните столбови на евроатлантска Македонија, покрај Преспанскиот и Охридскиот“. Раскинувањето на Договорот со Бугарија, според него, е „ризикување на евроатлантска Македонија“.

За официјалниот старт скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија што почна денеска во Брисел, Османи вели дека е суштинска фаза на преговорите и затоа треба да има недоразбирање во јавноста дали тие се почнати или не.

– Скринингот ги утврдува целите кои треба да ги постигнеме во текот на преговорите. Не е за да ги стартува преговорите. Ни сме ги стартувале преговорите на 19-ти јули со првата меѓувладина конференција и тука веќе почнува одбројувањето како кај секоја држава. Сега се утврдуваат патоказите, точните беч-маркови коишто треба да се постигнат. Скринингот е деталниот проект за самиот процес на преговори и еден од најсуштествените елементи, појасни Османи.

Прашан за дилемата во јавноста дека преговорите зависат од уставните измени, шефот на дипломатијата посочи дека според постигнатиот компромис некаде во текот на преговорите, а пред отворањето на првиот кластер, односно Поглавјата 23 и 24 да се направат измените на Уставот.

– Тоа беше компромис бидејќи Бугарите бараа пред скринингот односно пред почеток на преговорите да се направат уставните измени. Нашата позиција беше не, туку на крај на преговорите. И постигнавме компромисно решение – ниту бугарската позиција пред почеток на преговори, ниту нашата, на крај – некаде на средина после завршувањето на скринингот, рече Османи.

Сепак, вели, за да продолжи отворањето и затворањето на поглавјата има еден услов и тоа беше компромисот со Бугарија.

– Да ги потсетам уште еднаш граѓаните, секогаш велам исходот на преговорите со Бугарија беше 3:1 за нас, ние го зачувавме јазикот, ги почнавме преговорите, ги оставивме историските прашања надвор од патоказите, од овие акциски планови, а Бугарија доби промена на Уставот некаде на средина на процесот, односно после почетокот на преговорите. Затоа сметам дека беше добар компромис, плус имајќи предвид дека уставните измени не се контроверзни. За уставните измени има консензус во јавноста дека тоа не е штетно за државните интереси, за интересите на кој било, нагласи Османи.

The post Османи: Референдум не може да има, исходот на преговорите со Бугарија беше 3:1 за нас appeared first on Република.

]]>

Уставните измени се во интерес на државата, а референдум за Договорот со Бугарија не може и не треба да има, зашто неговото поништување е ризикување на евроатлантска Македонија, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител. Во однос на иницијативата на опозицијата за референдум за укунување на Договорот за добрососедство, тој смета дека опозицијата свесно или несвесно направила една голема услуга на процесот на уставните измени, затоа што ја раздвоила дебатата помеѓу Договорот со Бугарија и измените на Уставот.
– Уставните измени не се дел од обврска од Договорот. А оние што рекоа – да правиме референдум за Договорот со Бугарија, тоа значи дека уставните измени се добри и ние можеме тој процес да го тераме. Таков беше ставот на опозицијата од почеток, вие ја знаете изјавата на Мицкоски – ако е ова последно барање на Бугарија, во ред сме со уставните измени. Потоа рече во ред сме – ние не сме против внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите, но заради тоа што е уцена не прифаќаме, што значи дека во суштина никој не е против. Дури има многу во ВМРО-ДПМНЕ со кои јас комуницирам коишто знаат дека е ова во интерес на македонскиот народ, во интерес на државата бидејќи претставува институционално дефинирање на односите помеѓу мнозински македонски народ и бугарски малцински народ во РСМ, вели министерот за надворешни работи.
Османи кажа дека во моментов нема формални разговори со пратениците за уставните измени, иако има комуникација. – Јас во тие разговори и во рамки на Владата имам поинаков пристап како треба да пристапиме на овој процес. Сметам дека ние имаме еден друг проблем пред да стигнеме до убедување на пратениците, а тоа е убедување на граѓаните. Очигледно во оваа фаза пропагандата и лажните вести не победија во аргументирањето што се случи со почетокот на преговорите, рече Османи. Тој е дециден дека референдум за Договорот со Бугарија не може да има, ниту треба да има, затоа што договорот е „еден од важните столбови на евроатлантска Македонија, покрај Преспанскиот и Охридскиот“. Раскинувањето на Договорот со Бугарија, според него, е „ризикување на евроатлантска Македонија“. За официјалниот старт скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија што почна денеска во Брисел, Османи вели дека е суштинска фаза на преговорите и затоа треба да има недоразбирање во јавноста дали тие се почнати или не.
– Скринингот ги утврдува целите кои треба да ги постигнеме во текот на преговорите. Не е за да ги стартува преговорите. Ни сме ги стартувале преговорите на 19-ти јули со првата меѓувладина конференција и тука веќе почнува одбројувањето како кај секоја држава. Сега се утврдуваат патоказите, точните беч-маркови коишто треба да се постигнат. Скринингот е деталниот проект за самиот процес на преговори и еден од најсуштествените елементи, појасни Османи.
Прашан за дилемата во јавноста дека преговорите зависат од уставните измени, шефот на дипломатијата посочи дека според постигнатиот компромис некаде во текот на преговорите, а пред отворањето на првиот кластер, односно Поглавјата 23 и 24 да се направат измените на Уставот.
– Тоа беше компромис бидејќи Бугарите бараа пред скринингот односно пред почеток на преговорите да се направат уставните измени. Нашата позиција беше не, туку на крај на преговорите. И постигнавме компромисно решение – ниту бугарската позиција пред почеток на преговори, ниту нашата, на крај – некаде на средина после завршувањето на скринингот, рече Османи.
Сепак, вели, за да продолжи отворањето и затворањето на поглавјата има еден услов и тоа беше компромисот со Бугарија.
– Да ги потсетам уште еднаш граѓаните, секогаш велам исходот на преговорите со Бугарија беше 3:1 за нас, ние го зачувавме јазикот, ги почнавме преговорите, ги оставивме историските прашања надвор од патоказите, од овие акциски планови, а Бугарија доби промена на Уставот некаде на средина на процесот, односно после почетокот на преговорите. Затоа сметам дека беше добар компромис, плус имајќи предвид дека уставните измени не се контроверзни. За уставните измени има консензус во јавноста дека тоа не е штетно за државните интереси, за интересите на кој било, нагласи Османи.

The post Османи: Референдум не може да има, исходот на преговорите со Бугарија беше 3:1 за нас appeared first on Република.

]]>
Преговори нема, Маричиќ спрема тимови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pregovori-nema-marichikj-sprema-timovi/ Thu, 15 Sep 2022 08:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=550951

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, пред денешниот почеток на скрининг процесот испрати порака на својот Фејсбук профил дека сè е подготвено за следната фаза од евроинтеграциите и дека македонскиот тим е спремен за отворањето на скриниг процесот.

-Преговорите се отворени. Денеска започнуваме нова фаза на евроинтегративниот пат и исполнување на нашата стратешка цел. Скринингот е важна задача за сите нас. Затоа сите да се обединиме околу оваа национална задача и да ја завршиме што е можно поскоро. Имаме добра основа и почитичка волја и капацитет да го направиме тоа, напиша Маричиќ на својата Фејсбук страница.

Тој нагласува дека граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија и да ги користат бенефитите што ги носи членството во Унијата. -Нека ни е со среќа и успех!, напиша Маричиќ а Фејсбук.

Македонија по одржувањето на првата Меѓувладина конференција со која и официјално ги отвори преговорите со Европската Унија денес започнува со првата фаза од преговорите, односно скриниг процесот.

Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација ја преводи вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ, дел од делегацијата е и државната секретарка во СЕП и заменик на главниот преговарач Дрита Абдиу Халили, а исто така во делегацијата се вклучени и претставници од надлежните институции и од Секретаријат за европски прашања.  

Од 15 до 27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваат во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика во Луксембург

The post Преговори нема, Маричиќ спрема тимови appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, пред денешниот почеток на скрининг процесот испрати порака на својот Фејсбук профил дека сè е подготвено за следната фаза од евроинтеграциите и дека македонскиот тим е спремен за отворањето на скриниг процесот. -Преговорите се отворени. Денеска започнуваме нова фаза на евроинтегративниот пат и исполнување на нашата стратешка цел. Скринингот е важна задача за сите нас. Затоа сите да се обединиме околу оваа национална задача и да ја завршиме што е можно поскоро. Имаме добра основа и почитичка волја и капацитет да го направиме тоа, напиша Маричиќ на својата Фејсбук страница. Тој нагласува дека граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија и да ги користат бенефитите што ги носи членството во Унијата. -Нека ни е со среќа и успех!, напиша Маричиќ а Фејсбук. Македонија по одржувањето на првата Меѓувладина конференција со која и официјално ги отвори преговорите со Европската Унија денес започнува со првата фаза од преговорите, односно скриниг процесот. Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација ја преводи вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ, дел од делегацијата е и државната секретарка во СЕП и заменик на главниот преговарач Дрита Абдиу Халили, а исто така во делегацијата се вклучени и претставници од надлежните институции и од Секретаријат за европски прашања.   Од 15 до 27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваат во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика во Луксембург

The post Преговори нема, Маричиќ спрема тимови appeared first on Република.

]]>
Влада ја усвои преговарачка структура за преговорите со Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-ja-usvoi-pregovarachka-struktura-za-pregovorite-so-evropskata-unija/ Mon, 05 Sep 2022 17:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=547766

Владата денеска одржа тематска едница, на која покрај премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, присуствуваше и се обрати и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир.

На седницата, премиерот Ковачевски се заблагодари на сите членови за досегашните заложби и трудот вложен во евроинтегративниот пат на Македонија.

Од особено значење за натамошно дефинирање на активностите кои ќе следат беше усвојувањето на ревидирана структура за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија, која го дава координативниот механизам за одвивање на преговорите со Унијата.

Информацијата со предлог за ревизија на координативниот механизам на Македонија за пристапни преговори со Европската Унија и Одлуката за воспоставување на структура за преговорите беше едногласно усвоена од членовите на Владата.

Новата усвоена структура за преговори ја сочинуваат:

1. главен преговарач за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија, кој ја врши заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и

2. заменик на главниот преговарач, која ја врши државниот секретар за европски прашања, кој е воедно и претседавач на комитетот за стабилизација и асоцијација, Дрита Абдиу Халили.

Остануваат телата предвидени во 2019 година и тоа:

Комитетот за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија претседаван од претседателот на Владата како највисоко политичко тело на Владата за координација на пристапните преговори,

Државната делегација за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија, која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи,

Групата за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија како стручно тело,

Работниот комитет за европска интеграција,

Работни групи за пристапни преговори како помошни тела на Работниот комитет.

Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со оглед на тоа што надлежностите и улогата на СЕП вклучително и за координација на целокупниот процес на пристапни преговори е регулирана во Законот за Владата.

Дополнително, СЕП се задолжува да биде и депозитар на целокупната документација поврзана со пристапните преговори како и да има координатор во сите работни групи надлежен за методолошките и процесните аспекти и координација со останатите тела на структурата за преговори. Воедно, СЕП презема надлежност и во подготовката на потребните правни акти со кои ќе се дефинираат процедурите на работење на телата,с е наведува во соопштението на Владата.

The post Влада ја усвои преговарачка структура за преговорите со Европската Унија appeared first on Република.

]]>

Владата денеска одржа тематска едница, на која покрај премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, присуствуваше и се обрати и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир. На седницата, премиерот Ковачевски се заблагодари на сите членови за досегашните заложби и трудот вложен во евроинтегративниот пат на Македонија. Од особено значење за натамошно дефинирање на активностите кои ќе следат беше усвојувањето на ревидирана структура за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија, која го дава координативниот механизам за одвивање на преговорите со Унијата. Информацијата со предлог за ревизија на координативниот механизам на Македонија за пристапни преговори со Европската Унија и Одлуката за воспоставување на структура за преговорите беше едногласно усвоена од членовите на Владата. Новата усвоена структура за преговори ја сочинуваат: 1. главен преговарач за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија, кој ја врши заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и 2. заменик на главниот преговарач, која ја врши државниот секретар за европски прашања, кој е воедно и претседавач на комитетот за стабилизација и асоцијација, Дрита Абдиу Халили. Остануваат телата предвидени во 2019 година и тоа: Комитетот за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија претседаван од претседателот на Владата како највисоко политичко тело на Владата за координација на пристапните преговори, Државната делегација за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија, која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи, Групата за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија како стручно тело, Работниот комитет за европска интеграција, Работни групи за пристапни преговори како помошни тела на Работниот комитет. Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со оглед на тоа што надлежностите и улогата на СЕП вклучително и за координација на целокупниот процес на пристапни преговори е регулирана во Законот за Владата. Дополнително, СЕП се задолжува да биде и депозитар на целокупната документација поврзана со пристапните преговори како и да има координатор во сите работни групи надлежен за методолошките и процесните аспекти и координација со останатите тела на структурата за преговори. Воедно, СЕП презема надлежност и во подготовката на потребните правни акти со кои ќе се дефинираат процедурите на работење на телата,с е наведува во соопштението на Владата.

The post Влада ја усвои преговарачка структура за преговорите со Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски потврди дека без промена на Уставот нема преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-potvrdi-deka-bez-promena-na-ustavot-nema-pregovori/ Sun, 31 Jul 2022 13:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=535333

Уставните измени се носат во Собранието, а при зачленуувањето во ЕУ, што е пат кој треба да се изоди, и тоа особено во областите на влеадеење на правото и управувањето со институциите, Македонија ќе треба да направи доста законски па и уставни измени, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Дури и при влегувањето во ЕУ повторно се прават уставни измени со цел дел од надлежностите што се на Република Македонија да се предадат на Европската унија бидејќи влегуваме во сојуз со други 27 држави. Затоа пратенциите што ги претставуваат граѓаните, треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ, вклучително и закони и уставни измени, да ги носат во интерес на сите граѓани, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски повтори дека најавата за референдум е исклучиво за внатрепартиски прашања во ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски потврди дека без промена на Уставот нема преговори appeared first on Република.

]]>

Уставните измени се носат во Собранието, а при зачленуувањето во ЕУ, што е пат кој треба да се изоди, и тоа особено во областите на влеадеење на правото и управувањето со институциите, Македонија ќе треба да направи доста законски па и уставни измени, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање. Дури и при влегувањето во ЕУ повторно се прават уставни измени со цел дел од надлежностите што се на Република Македонија да се предадат на Европската унија бидејќи влегуваме во сојуз со други 27 држави. Затоа пратенциите што ги претставуваат граѓаните, треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ, вклучително и закони и уставни измени, да ги носат во интерес на сите граѓани, истакна Ковачевски. Претседателот Ковачевски повтори дека најавата за референдум е исклучиво за внатрепартиски прашања во ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски потврди дека без промена на Уставот нема преговори appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Сега е време да го оствариме и сонот на Илинденците и борците од НОБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sega-e-vreme-da-go-ostvarime-i-sonot-na-ilindencite-i-borcite-od-nob/ Wed, 20 Jul 2022 20:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=531600

Се затвори едно поглавје и отвораме ново. Затоа, сега е времето кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава, напиша премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук.

Сега, потенцира тој, е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за, како што вели, да можеме брзо и одлучно да го оствариме и сонот на нашата генерација, но и сонот на Илинденците и борците од НОБ.

– Да се обединиме и да застанеме заедно, бидејќи само заедно сме посилни, пишува Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Сега е време да го оствариме и сонот на Илинденците и борците од НОБ appeared first on Република.

]]>

Се затвори едно поглавје и отвораме ново. Затоа, сега е времето кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава, напиша премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук. Сега, потенцира тој, е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за, како што вели, да можеме брзо и одлучно да го оствариме и сонот на нашата генерација, но и сонот на Илинденците и борците од НОБ. – Да се обединиме и да застанеме заедно, бидејќи само заедно сме посилни, пишува Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Сега е време да го оствариме и сонот на Илинденците и борците од НОБ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Ќе се движиме побргу од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-kje-se-dvizime-pobrzo-od-srbija-i-crna-gora-koi-pregovaraat-vekje-deset-godini/ Wed, 20 Jul 2022 15:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=531507

Согласно нашите анализи, 45 проценти во државата веќе има усогласување во делот на законодавството, и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања. Бојан Маричиќ.

Тој во изјава за „Алсат М“ потврди дека вчера официјално започна процесот на скрининг, и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината на септември почнува скринингот и по кластери и по поглавја.

Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде Маричиќ.

The post Маричиќ: Ќе се движиме побргу од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години appeared first on Република.

]]>

Согласно нашите анализи, 45 проценти во државата веќе има усогласување во делот на законодавството, и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања. Бојан Маричиќ. Тој во изјава за „Алсат М“ потврди дека вчера официјално започна процесот на скрининг, и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности. Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината на септември почнува скринингот и по кластери и по поглавја.
Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде Маричиќ.

The post Маричиќ: Ќе се движиме побргу од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години appeared first on Република.

]]>
Maричиќ е оптимист дека до крајот на декадава може да станеме членки на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-e-optimist-deka-do-krajot-na-dekadava-moze-da-staneme-chlenki-na-eu/ Wed, 06 Jul 2022 16:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=524887

Во моментот кога Протоколот ќе биде целосно усогласен и договорен со Бугарија ќе биде објавен, но овој процес е во рацете на Министерството за надворешни работи и очекуваме да биде презентиран од МНР како еден пакет на документи кои подоцна би оделе на расправа во Парламентот, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата на партиските работни групи во Клубот на пратеници.

– Апсолутно ништо не сме криеле, документи се објавуваат откако веќе ќе бидат во некаква фаза за да може да се дискутираат, рече Маричиќ одговарајќи на прашање зошто не се објавува протоколот со Бугарија.

Според Маричиќ, целта на нашата земја е да се осигураме дека со европскиот предлог нема да имаме натамошни бескрајни блокади. – Ако добро ги водиме преговорите можеме во наредните неколку години, до крајот на оваа декада да завршиме како членка на ЕУ, нагласи Маричиќ.

По средбата Маричиќ сподели дека со партиските работни групи на средбата разменил идеи околу тоа како може во наредна фаза и Собранието и Владата да се постават за европскиот предлог.

– Иако имавме различни ставови по многу прашања, духот беше конструктивен и мислам е добро да има вакви средби, изјави Маричиќ по средбата.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, како СДСМ и Влада, дека овој предлог ги задоволува или излегува во пресрет на очекувањата на нашата земја.

Дополнително, како што информира тој, предложиле текст со предлог заклучоци.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, изнесе и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.

– Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, дали вечер, утре или наредните денови постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.

The post Maричиќ е оптимист дека до крајот на декадава може да станеме членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во моментот кога Протоколот ќе биде целосно усогласен и договорен со Бугарија ќе биде објавен, но овој процес е во рацете на Министерството за надворешни работи и очекуваме да биде презентиран од МНР како еден пакет на документи кои подоцна би оделе на расправа во Парламентот, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата на партиските работни групи во Клубот на пратеници.
– Апсолутно ништо не сме криеле, документи се објавуваат откако веќе ќе бидат во некаква фаза за да може да се дискутираат, рече Маричиќ одговарајќи на прашање зошто не се објавува протоколот со Бугарија. Според Маричиќ, целта на нашата земја е да се осигураме дека со европскиот предлог нема да имаме натамошни бескрајни блокади. – Ако добро ги водиме преговорите можеме во наредните неколку години, до крајот на оваа декада да завршиме како членка на ЕУ, нагласи Маричиќ.
По средбата Маричиќ сподели дека со партиските работни групи на средбата разменил идеи околу тоа како може во наредна фаза и Собранието и Владата да се постават за европскиот предлог. – Иако имавме различни ставови по многу прашања, духот беше конструктивен и мислам е добро да има вакви средби, изјави Маричиќ по средбата. Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, како СДСМ и Влада, дека овој предлог ги задоволува или излегува во пресрет на очекувањата на нашата земја. Дополнително, како што информира тој, предложиле текст со предлог заклучоци. ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, изнесе и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка. – Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, дали вечер, утре или наредните денови постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.

The post Maричиќ е оптимист дека до крајот на декадава може да станеме членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Османи призна дека Бугарија бара нивните услови да влезат во преговарачката рамка на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-prizna-deka-bugarija-bara-nivnite-uslovi-da-vlezat-vo-pregovarachkata-ramka-na-eu/ Mon, 06 Jun 2022 19:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=511916

Дводневни интензивни разговори и преговори, кога прв пат ги споивме експертските тимови заедно со политичкото ниво на соработка, без преголем оптимизам, бидјеќи е прерано да се каже, бидејќи има многу нерешени прашања и дилеми. Беше една од подобрите средби што ги имале досега во конструктивна атмосфера. Овој состанок ги охрабрил двете страни да се обидат овие денови да ги искористат до максимум за да се изнајде одржливо решение.

Ова е оценката од министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со работната посета на нашата земја што викендов ја имаше неговата бугарска колешка Теодора Генчовска. Тој смета дека доколку има доволно волја, има доволно можност и простор да се најде решение, но, велим не може да го предвиди исходот.

Шефот на дипломатијата Османи вечерва меѓу другото во Тема на денот на Сител телевизија потврди дека нема конкретен француски предлог, но, рече дека има голем ангажман од француското претседателство и личен интерес од страна на претседателот на Франција Емануел Макрон. Како што рече Османи, Република Франција во овој период се обидува да го тестира расположението на сите земји членки, при тоа имајќи јасен свој став во процесот. Но, нагласи тој, ние не оставаме ништо на случајноста и секојдневно го информираме француското претседатлство за ставовите, за ризиците, за варијантите, за можностите.

– Се уште нема предлог од француското претседателство што дава некакви насоки дали може нешто да биде во делот на човковите права, како услов во преговарачката рамка. Правиме максимално што можеме од наша страна, меѓутоа не зависи само од нас, дециден е Османи.

Според него, точно е дека Република Бугарија бара сите прашања да се ставаат како некакви услови во преговарачкиот процес, додека нашата позиција е дека Договорот е билатерален и така треба да се реши, а европскиот процес не треба да биде платформа за решавање на билатерални прашања

The post Османи призна дека Бугарија бара нивните услови да влезат во преговарачката рамка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Дводневни интензивни разговори и преговори, кога прв пат ги споивме експертските тимови заедно со политичкото ниво на соработка, без преголем оптимизам, бидјеќи е прерано да се каже, бидејќи има многу нерешени прашања и дилеми. Беше една од подобрите средби што ги имале досега во конструктивна атмосфера. Овој состанок ги охрабрил двете страни да се обидат овие денови да ги искористат до максимум за да се изнајде одржливо решение. Ова е оценката од министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со работната посета на нашата земја што викендов ја имаше неговата бугарска колешка Теодора Генчовска. Тој смета дека доколку има доволно волја, има доволно можност и простор да се најде решение, но, велим не може да го предвиди исходот. Шефот на дипломатијата Османи вечерва меѓу другото во Тема на денот на Сител телевизија потврди дека нема конкретен француски предлог, но, рече дека има голем ангажман од француското претседателство и личен интерес од страна на претседателот на Франција Емануел Макрон. Како што рече Османи, Република Франција во овој период се обидува да го тестира расположението на сите земји членки, при тоа имајќи јасен свој став во процесот. Но, нагласи тој, ние не оставаме ништо на случајноста и секојдневно го информираме француското претседатлство за ставовите, за ризиците, за варијантите, за можностите.
– Се уште нема предлог од француското претседателство што дава некакви насоки дали може нешто да биде во делот на човковите права, како услов во преговарачката рамка. Правиме максимално што можеме од наша страна, меѓутоа не зависи само од нас, дециден е Османи.
Според него, точно е дека Република Бугарија бара сите прашања да се ставаат како некакви услови во преговарачкиот процес, додека нашата позиција е дека Договорот е билатерален и така треба да се реши, а европскиот процес не треба да биде платформа за решавање на билатерални прашања

The post Османи призна дека Бугарија бара нивните услови да влезат во преговарачката рамка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Македонија, туку пораз за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-neotvoranjeto-na-pregovorite-so-eu-nema-da-bide-poraz-za-severna-makedonija-tuku-poraz-za-eu/ Thu, 02 Jun 2022 18:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=510396

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Канал 5 истакна дека неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Македонија, туку пораз за ЕУ.

Тоа е пораз за ЕУ. Сметам дека е така затоа што неотворањето на преговорите ќе значи намалување на релевантноста на ЕУ, ќе значи зголемување на евроскептицизмот, ќе значи намалување на посветеноста на самите граѓаните кон процесот. Да не заборавиме ние имаме направено голем број жртви, голем број тешки одлуки за да ја оствариме таа цел“, потенцираше премиерот Ковачевски.

Ковачевски додаде дека нема отстапување од целта членство во ЕУ како стратешката определба бидејќи тоа е определба и на доминантниот дел на населението  во земјата и нагласи дека тој останува рационален оптимист и посветен таа цел на државата и на граѓаните да се оствари.

Претседателот на Владата Ковачевски уште дополни дека од аспект на геополитичкиот момент кој што се случува во Европа, особено со војната во Украина, проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање особено заради фактот што од замрзнати конфликти и отворени прашања, секогаш интерес имаат трети страни коишто немаат интерес овој регион да биде интегриран во ЕУ.

The post Ковачевски: Неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Македонија, туку пораз за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Канал 5 истакна дека неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Македонија, туку пораз за ЕУ.
Тоа е пораз за ЕУ. Сметам дека е така затоа што неотворањето на преговорите ќе значи намалување на релевантноста на ЕУ, ќе значи зголемување на евроскептицизмот, ќе значи намалување на посветеноста на самите граѓаните кон процесот. Да не заборавиме ние имаме направено голем број жртви, голем број тешки одлуки за да ја оствариме таа цел“, потенцираше премиерот Ковачевски.
Ковачевски додаде дека нема отстапување од целта членство во ЕУ како стратешката определба бидејќи тоа е определба и на доминантниот дел на населението  во земјата и нагласи дека тој останува рационален оптимист и посветен таа цел на државата и на граѓаните да се оствари. Претседателот на Владата Ковачевски уште дополни дека од аспект на геополитичкиот момент кој што се случува во Европа, особено со војната во Украина, проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање особено заради фактот што од замрзнати конфликти и отворени прашања, секогаш интерес имаат трети страни коишто немаат интерес овој регион да биде интегриран во ЕУ.

The post Ковачевски: Неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Македонија, туку пораз за ЕУ appeared first on Република.

]]>
Османи: ЕУ ургентно да ги деблокира преговорите со Скопје и Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-eu-urgentno-da-gi-deblokira-pregovorite-so-skopje-i-tirana/ Tue, 01 Mar 2022 10:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=465814

Европската Унија треба ургетно да го деблокира почетокот на преговори со Македонија и со Албанија и не смее да дозволи Западен Балкан да го остави како отворено прашање и отворена рана, рече денеска на брифингот со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи, во однос на тоа колку е реално ситуацијата со Украина да се прелее на Балканот.

Првиот чекор, ургентниот чекор што треба да се направи е веднаш да се деблокира почетокот на преговори за овие две држави за да можеме и ние да помогнеме да ги превенираме евентуалните влошувања на приликите во овие две прашања. Меѓутоа, во услови кога ние имаме наша ситуација не можеме да придонесеме како што треба ако членка на НАТО овде во регионот или пак подолг кандидат за ЕУ со искуство во овие процеси. Значи, првата одлука за да се спречи влошувањето и на ситуацијата во регионот е веднаш да се започнат преговорите со Македонија и со Албанија.

Според него, ситуацијата со Украина уште еднаш алармира до ЕУ дека не смее да го остави Западен Балкан како отворено прашање и отворена рана, и оти треба под итно да се преземат сите мерки за да во регионот се внесе нова динамика која што дополнително ќе ја зацврсти улогата на ЕУ на глобалната сцена.

Порано реков, во своето тело ЕУ има една рана, а тоа е Западен Балкан. Не може да се бори против предизвиците на светско ниво додека таа рана и е во телото. И затоа мислам повеќе од кога било е неопходно ЕУ да смогне сили за да даде позитивна динамика во оваа слаба точка на Континентот што може да биде искористена за да се ослаби позицијата на ЕУ визави овој конфликт, рече шефот на дипломатијата.

The post Османи: ЕУ ургентно да ги деблокира преговорите со Скопје и Тирана appeared first on Република.