преговори со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovori-so-bugarija/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 11:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преговори со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovori-so-bugarija/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСM беше на власт видовме како се преговараше зад затворени врати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dodeka-sdsm-beshe-na-vlast-vidovme-kako-se-pregovarashe-zad-zatvoreni-vrati/ Sun, 15 Sep 2024 12:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=816506

Не е изненадување што СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини. Веќе станува повеќе од јасно дека освен Халеевата комета константни се единствено предавствата на СДС. Кога се на власт оваа корумпирана клика ја продава државата, а кога се во опозиција, прават сѐ за да ги опструираат институциите и да ја кочат Македонија.

Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат.

Не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста.

СДС треба да престане да манипулира со јавноста и да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ. Доколку тие имаат некаква желба да бидат конструктивни, нека престанат со клеветите и нека се посветат на реалната поддршка на македонските интереси.

Ние ќе продолжиме да се бориме за Македонија, за нашето знаме, за нашиот народ и за нашата гордост – нешто што СДСМ очигледно одамна го заборави.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСM беше на власт видовме како се преговараше зад затворени врати appeared first on Република.

]]>

Не е изненадување што СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини. Веќе станува повеќе од јасно дека освен Халеевата комета константни се единствено предавствата на СДС. Кога се на власт оваа корумпирана клика ја продава државата, а кога се во опозиција, прават сѐ за да ги опструираат институциите и да ја кочат Македонија. Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат. Не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста. СДС треба да престане да манипулира со јавноста и да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ. Доколку тие имаат некаква желба да бидат конструктивни, нека престанат со клеветите и нека се посветат на реалната поддршка на македонските интереси. Ние ќе продолжиме да се бориме за Македонија, за нашето знаме, за нашиот народ и за нашата гордост – нешто што СДСМ очигледно одамна го заборави.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСM беше на власт видовме како се преговараше зад затворени врати appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за измените во составот на историската комисија: Има некои идеи, ќе поминат на владина седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-izmenite-vo-sostavot-na-istoriskata-komisija-ima-nekoi-idei-ke-pominat-na-vladina-sednitsa/ Wed, 04 Sep 2024 09:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=812999

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за да разговараат за најавените промени во составот на комисијата за историски прашања.

Има некои идеи и размисли. На следната владина седница или по неа ќе помине новиот состав на комисијата која преговара со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен“, рече Мицкоски одгоаварајќи на новинарско прашање.

Премиерот претходно најави нов состав на комисијата. Според него, актуелните членови од македонската страна не ги оправдале очекувањата и не ги штителе националните интереси.

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, , Климент и Наум Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.

The post Мицкоски за измените во составот на историската комисија: Има некои идеи, ќе поминат на владина седница appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за да разговараат за најавените промени во составот на комисијата за историски прашања.
Има некои идеи и размисли. На следната владина седница или по неа ќе помине новиот состав на комисијата која преговара со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен“, рече Мицкоски одгоаварајќи на новинарско прашање.
Премиерот претходно најави нов состав на комисијата. Според него, актуелните членови од македонската страна не ги оправдале очекувањата и не ги штителе националните интереси. Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, , Климент и Наум Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.

The post Мицкоски за измените во составот на историската комисија: Има некои идеи, ќе поминат на владина седница appeared first on Република.

]]>