преговори Русија-Украина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovori-rusija-ukraina/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 07:28:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преговори Русија-Украина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovori-rusija-ukraina/ 32 32 Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-zapadot-poveke-saka-pregovori-so-rusija-otkolku-zelenski/ Thu, 24 Oct 2024 07:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=830397

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Западот сака официјален Киев да седне на преговарачка маса со Русија, повеќе од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Сега има можност за преговори и, ми се чини, треба да ги започнеме и да направиме план за мирно решение или завршување на војната“, рече белорускиот лидер во програмата „60 минути“ на ТВ каналот Русија 1.

Тој оцени дека Западот не може да одбие да ја снабдува Украина со оружје „за да не го изгуби образот“.

„Не можам да вршам премногу притисок врз Зеленски, но ние им кажуваме – која е поентата да се врши притисок, само не давајте пари (на Украина)“, рече Лукашенко

Тој додаде дека изјавите на Зеленски за завршување на конфликтот во Украина во 2025 година се „смешни – само негови желби и ништо повеќе”.

„Зеленски нема план, тоа мора да го разберете. Никого не можете да натерате да седне на преговарачка маса под условите на Зеленски“, рече Лукашенко.

Тој посочи дека почетокот на преговорите зависи од согласноста на Русија и рускиот претседател Владимир Путин да преговара.

„Кој знае дали е добро или лошо за преговорите што Русите напаѓаат поактивно од кога било на целата линија на фронтот. Се зависи од Русите. Ако Путин и Русија се согласат на мировни преговори, да, ќе разговараат“, додаде Лукашенко и рече дека „Зеленски тогаш треба да биде подготвен“.

Претседателот на Белорусија изјави дека неговиот руски колега никогаш нема да го употреби нуклеарното оружје распоредено во Белорусија без негова согласност.

„Путин никогаш нема да го користи нуклеарното оружје што во моментов е распоредено на територијата на Белорусија без согласност на претседателот на Белорусија. Тоа мора јасно да го разберете“, истакна Лукашенко потенцирајќи дека нуклеарното оружје не е „хорор приказна, туку моќно средство за одвраќање“.

Тој предупреди дека Белорусија, доколку е потребно, ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје „ако само и една туѓа чизма ја премине границата на Белорусија“.

The post Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку Зеленски appeared first on Република.

]]>

Зеленски ги објави своите услови за преговори со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-gi-objavi-svoite-uslovi-za-pregovori-so-rusija/ Sat, 22 Oct 2022 20:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=564445

Кога Русија ќе ги врати териториите во меѓународно признатите граници од 1991 година, тогаш Украина ќе каже во каков формат и со кого е подготвена да разговара. Ова го изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за канадските канали CTV и CBC, зборувајќи за условите под кои е подготвен да преговара со Русија.

Тој потсети дека откако Русија одржа референдуми за окупираните територии, Украина најави конечно прекинување на преговорите со актуелниот претседател.

„Референдумите станаа пресвртница во оваа историја. Тие можат да ни ја вратат нашата територија ако сакаат да преговараат. Тие мора да се повлечат од нашата територија и да ни ја остават нашата земја во меѓународно признатите граници од 1991 година. И тогаш ќе кажеме во каков формат и со кого сме подготвени да разговараме. Ова е фер. За да зборуваме, треба да се вратиме на моментот кога зборуваа нашите земји. А тоа беше пред војната – пред 2014 година“, рече Зеленски.

Според Зеленски, од тој момент можно е да се обиде да го реши прашањето по дипломатски пат.

Украина одби да води дипломатски разговори со Русија додека Владимир Путин е на власт. Ваквата одлука беше усвоена на седницата на Советот за национална безбедност.

Зеленски рече дека Русија уништила 30 отсто од електраните во земјата за осум дена. По ваквото воено злосторство, вели Зеленски, не останува простор за можност за преговори со режимот на Путин.

The post Зеленски ги објави своите услови за преговори со Русија appeared first on Република.

]]>

Кога Русија ќе ги врати териториите во меѓународно признатите граници од 1991 година, тогаш Украина ќе каже во каков формат и со кого е подготвена да разговара. Ова го изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за канадските канали CTV и CBC, зборувајќи за условите под кои е подготвен да преговара со Русија. Тој потсети дека откако Русија одржа референдуми за окупираните територии, Украина најави конечно прекинување на преговорите со актуелниот претседател.
„Референдумите станаа пресвртница во оваа историја. Тие можат да ни ја вратат нашата територија ако сакаат да преговараат. Тие мора да се повлечат од нашата територија и да ни ја остават нашата земја во меѓународно признатите граници од 1991 година. И тогаш ќе кажеме во каков формат и со кого сме подготвени да разговараме. Ова е фер. За да зборуваме, треба да се вратиме на моментот кога зборуваа нашите земји. А тоа беше пред војната – пред 2014 година“, рече Зеленски.
Според Зеленски, од тој момент можно е да се обиде да го реши прашањето по дипломатски пат. Украина одби да води дипломатски разговори со Русија додека Владимир Путин е на власт. Ваквата одлука беше усвоена на седницата на Советот за национална безбедност. Зеленски рече дека Русија уништила 30 отсто од електраните во земјата за осум дена. По ваквото воено злосторство, вели Зеленски, не останува простор за можност за преговори со режимот на Путин.

The post Зеленски ги објави своите услови за преговори со Русија appeared first on Република.

]]>
Лавров: Киев не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-kiev-ne-zasluzuva-seriozno-vnimanie-od-seriozni-lugje/ Wed, 20 Jul 2022 15:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=531499

Русија ја отфрла идејата за продолжување на мировните преговори со Украина и го обвини Киев дека „не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека мировните преговори претходно „докажале дека Украина нема желба искрено да преговара“.

Тие едноставно не се способни да артикулираат ништо што заслужува сериозно внимание на сериозни луѓе. Преговорите за мир во оваа ситуација немаат никаква смисла, наведе Лавров.

Тој додаде дека мировни преговори помеѓу Русија и Украина последен пат се одржани пред неколку месеци, но целосно се прекинати во април.

The post Лавров: Киев не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе appeared first on Република.

]]>

Русија ја отфрла идејата за продолжување на мировните преговори со Украина и го обвини Киев дека „не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека мировните преговори претходно „докажале дека Украина нема желба искрено да преговара“. Тие едноставно не се способни да артикулираат ништо што заслужува сериозно внимание на сериозни луѓе. Преговорите за мир во оваа ситуација немаат никаква смисла, наведе Лавров. Тој додаде дека мировни преговори помеѓу Русија и Украина последен пат се одржани пред неколку месеци, но целосно се прекинати во април.

The post Лавров: Киев не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе appeared first on Република.

]]>
Враќање на ситуацијата од 23 февруари е условот на Украина за мировен договор со Русија: https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrakjanje-na-situacijata-od-23-fevruari-e-uslovot-na-ukraina-za-miroven-dogovor-so-rusija/ Sat, 07 May 2022 09:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=498946

Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк „Чатам хаус“ нагласувајќи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-би-си.

Зеленски рече дека тој е лидер на „Украина, а не на мини-Украина“. Дециден е дека не може да стане збор за тоа Русија да ги задржи териториите што ги освоила по инвазијата на Украина.

„За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекорот треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари“, рече тој како одговор на прашање на Би-Би-Си.

Изјава што, во реалноста, не се совпаѓа со она што го искажа членот на московскиот парламент за време на посетата на Керсон: „Путин сè уште сака војна. Русија ќе остане „засекогаш“ на југот на Украина“, пренесува раињуз.ит.

Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години.

Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина.

Во меѓувреме, договорот за санкции сè уште е во тек, а „отпорот“ за гасот останува. Соединетите Американски Држави потврдуваат дека ќе ги бранат Шведска и Финска во очекување на потврдниот одговор на целата Алијанса за нивниот прием во НАТО. Претседателот Џо Бајден ќе присуствува на видеоконференцијата со лидерите на Г7 и Зеленски за војната во недела. А на 9 мај ќе го потпише законот за забрзување на испораката на оружје во Киев, пренесува раињуз.ит

The post Враќање на ситуацијата од 23 февруари е условот на Украина за мировен договор со Русија: appeared first on Република.

]]>

Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк „Чатам хаус“ нагласувајќи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-би-си. Зеленски рече дека тој е лидер на „Украина, а не на мини-Украина“. Дециден е дека не може да стане збор за тоа Русија да ги задржи териториите што ги освоила по инвазијата на Украина. „За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекорот треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари“, рече тој како одговор на прашање на Би-Би-Си. Изјава што, во реалноста, не се совпаѓа со она што го искажа членот на московскиот парламент за време на посетата на Керсон: „Путин сè уште сака војна. Русија ќе остане „засекогаш“ на југот на Украина“, пренесува раињуз.ит. Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години. Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина. Во меѓувреме, договорот за санкции сè уште е во тек, а „отпорот“ за гасот останува. Соединетите Американски Држави потврдуваат дека ќе ги бранат Шведска и Финска во очекување на потврдниот одговор на целата Алијанса за нивниот прием во НАТО. Претседателот Џо Бајден ќе присуствува на видеоконференцијата со лидерите на Г7 и Зеленски за војната во недела. А на 9 мај ќе го потпише законот за забрзување на испораката на оружје во Киев, пренесува раињуз.ит

The post Враќање на ситуацијата од 23 февруари е условот на Украина за мировен договор со Русија: appeared first on Република.

]]>
Лавров: Укинувањето на санкциите против Русија е дел од преговорите со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-ukinuvanjeto-na-sankciite-protiv-rusija-e-del-od-pregovorite-so-ukraina/ Sat, 30 Apr 2022 14:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=495725

Укинувањето на санкциите наметнати кон Русија е дел од мировните преговори меѓу Москва и Украина, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во изјава објавена утринава.

Киев во петокот предупреди дека преговорите за ставање крај на руската инвазија, која сега е во третиот месец, се во опасност од колапс.

Во моментот, руската и украинската делегација всушност секојдневно разговараат преку видеоконференција за можен нацрт договор, рече Лавров во коментар за кинеската официјална новинска агенција „Ксинхуа“, објавен и на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на инвазијата на 24. февруари инсистира на тоа дека западните санкции кон Русија мора да бидат посилни и дека не можат да бидат дел од преговорите.

Украина и Русија не воделе мировни преговори лице в лице од 29 март, а атмосферата се влоши поради украинските обвинувања дека руските сили извршиле злосторства додека се повлекувале од областите во близина на Киев. Москва ги отфрли ваквите обвинувања.

Меѓу прашањата се на дневниот ред, меѓудругото, прашањата за денацификација, признавање на новите геополитички реалности, укинување на санкциите и статусот на рускиот јазик, рече Лавров.

Ние сме за продолжување на преговорите, иако тие се тешки, додаде шефот на руската дипломатија.

The post Лавров: Укинувањето на санкциите против Русија е дел од преговорите со Украина appeared first on Република.

]]>

Укинувањето на санкциите наметнати кон Русија е дел од мировните преговори меѓу Москва и Украина, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во изјава објавена утринава. Киев во петокот предупреди дека преговорите за ставање крај на руската инвазија, која сега е во третиот месец, се во опасност од колапс.
Во моментот, руската и украинската делегација всушност секојдневно разговараат преку видеоконференција за можен нацрт договор, рече Лавров во коментар за кинеската официјална новинска агенција „Ксинхуа“, објавен и на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на инвазијата на 24. февруари инсистира на тоа дека западните санкции кон Русија мора да бидат посилни и дека не можат да бидат дел од преговорите. Украина и Русија не воделе мировни преговори лице в лице од 29 март, а атмосферата се влоши поради украинските обвинувања дека руските сили извршиле злосторства додека се повлекувале од областите во близина на Киев. Москва ги отфрли ваквите обвинувања.
Меѓу прашањата се на дневниот ред, меѓудругото, прашањата за денацификација, признавање на новите геополитички реалности, укинување на санкциите и статусот на рускиот јазик, рече Лавров. Ние сме за продолжување на преговорите, иако тие се тешки, додаде шефот на руската дипломатија.

The post Лавров: Укинувањето на санкциите против Русија е дел од преговорите со Украина appeared first on Република.

]]>
Украинската војска призна дека преговорите со Русија се исклучително тешки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-vojska-prizna-deka-pregovorite-so-rusija-se-iskluchitelno-teshki/ Tue, 12 Apr 2022 18:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=487512

Преговорите со Москва за руско-украинскиот мировен договор се „исклучително тешки“, изјави денеска советникот на украинското претседателство Михаил Подољак, откако рускиот претседател Владимир Путин го осуди „недостигот на кохерентност“ на Украинците кој „создава тешкотии“.

-Преговорите се исклучително тешки, рече Подољак и изрази жалење „што руската страна останува на својата традиционална тактика на јавен притисок врз преговарачкиот процес, особено преку одредени изјави“.

Путин денеска го обвини Киев дека отстапил од договорите постигнати во Истанбул, наведувајќи дека Русија ќе ја продолжи „воената операција“ во Украина додека не ги реализира поставените задачи.

-Во Истанбул постигнавме одредено ниво на договор, кој се состоеше во тоа безбедносните гаранции за Украина – а украинската страна наметнува многу строги безбедносни гаранции за себе – да не се прошират на територијата на Крим, Севастопол и Донбас. Видовме, следеа наши активности за создавање услови за продолжување на договорот – преговарачкиот процес. Наместо тоа, се соочивме со провокација во Буча и што е најважно, украинската страна се повлече од договорите во Истанбул, рече Путин.

The post Украинската војска призна дека преговорите со Русија се исклучително тешки appeared first on Република.

]]>

Преговорите со Москва за руско-украинскиот мировен договор се „исклучително тешки“, изјави денеска советникот на украинското претседателство Михаил Подољак, откако рускиот претседател Владимир Путин го осуди „недостигот на кохерентност“ на Украинците кој „создава тешкотии“. -Преговорите се исклучително тешки, рече Подољак и изрази жалење „што руската страна останува на својата традиционална тактика на јавен притисок врз преговарачкиот процес, особено преку одредени изјави“. Путин денеска го обвини Киев дека отстапил од договорите постигнати во Истанбул, наведувајќи дека Русија ќе ја продолжи „воената операција“ во Украина додека не ги реализира поставените задачи.