преговарачка рамка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovarachka-ramka/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 08:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преговарачка рамка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregovarachka-ramka/ 32 32 Гир: Оваа влада напредува позитивно, но во ЕУ нема волја за нова преговарачка рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-ovaa-vlada-napreduva-pozitivno-no-vo-eu-nema-volja-za-nova-pregovarachka-ramka/ Sun, 28 Jul 2024 08:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=800953

Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека се сомнева оти оваа влада може да постигне подобар договор и дека не гледа апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка за членството на Македонија во ЕУ.

Ја поздравуваме посветеноста на Владата кон ЕУ, и веќе видовме добар напредок. Оваа влада напредува позитивно, а во однос на уставните амандмани, имаме решение на маса. Дали оваа влада може да постигне подобар договор? Се сомневам… Не гледам апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка. И би било добро да напредуваме кон ова решение, рече Гир.

Тој напомена дека владата мора да работи на подобрување на судството.

The post Гир: Оваа влада напредува позитивно, но во ЕУ нема волја за нова преговарачка рамка appeared first on Република.

]]>

Бугарско МНР: Нема да има предоговарање на рамката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarsko-mnr-nema-da-ima-predogovarane-na-ramkata/ Tue, 25 Jun 2024 13:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=790714

Бугарско Mинистерство за надворешни работи(МНР), соопшти дека идеите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за повторно преговарање на рамката само ќе го оддалечат Скопје од ЕУ.

Потсетуваат дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја.

Додаваат дека принципот на едногласност во процесот на проширување на ЕУ е вграден во Договорот за Европската унија и е вграден во преговарачките рамки на сите досегашни и сегашни проширувања.

„Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Cеверна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори. Неприфатлива е наведената намера на новата влада на Cеверна Македонија да го отфрли легитимното барање на дел од сопствените граѓани да ги гарантира правата и слободите на еднаква основа со сите други заедници во Cеверна Македонија, вклучително и преку нивно вклучување во Уставот на соседната земја. Подеднакво неприфатлива е и наведената намера на Cеверна Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори. Ваквиот став е некомпатибилен со напредокот на европскиот пат. Остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на една минато време, отфрлена од сите демократски општества. Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Cеверна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добро вера“, соопштија од бугарското МНР.

Додаваат дека позицијата на национално ниво нема да се менува.

Според Мицкоски, доколку има политичка волја и вистинско читање на нештата, промена на преговарачката рамка со ЕУ е можна.
Бугарија претходно го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

The post Бугарско МНР: Нема да има предоговарање на рамката appeared first on Република.

]]>

Бугарско Mинистерство за надворешни работи(МНР), соопшти дека идеите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за повторно преговарање на рамката само ќе го оддалечат Скопје од ЕУ. Потсетуваат дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја. Додаваат дека принципот на едногласност во процесот на проширување на ЕУ е вграден во Договорот за Европската унија и е вграден во преговарачките рамки на сите досегашни и сегашни проширувања.
„Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Cеверна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори. Неприфатлива е наведената намера на новата влада на Cеверна Македонија да го отфрли легитимното барање на дел од сопствените граѓани да ги гарантира правата и слободите на еднаква основа со сите други заедници во Cеверна Македонија, вклучително и преку нивно вклучување во Уставот на соседната земја. Подеднакво неприфатлива е и наведената намера на Cеверна Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори. Ваквиот став е некомпатибилен со напредокот на европскиот пат. Остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на една минато време, отфрлена од сите демократски општества. Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Cеверна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добро вера“, соопштија од бугарското МНР.
Додаваат дека позицијата на национално ниво нема да се менува. Според Мицкоски, доколку има политичка волја и вистинско читање на нештата, промена на преговарачката рамка со ЕУ е можна. Бугарија претходно го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

The post Бугарско МНР: Нема да има предоговарање на рамката appeared first on Република.

]]>
Ако има политичка волја можна е промена на преговарачката рамка, смета Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-ima-politichka-volja-mozhna-e-promena-na-pregovarachkata-ramka-smeta-mitskoski/ Mon, 24 Jun 2024 21:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=790468

Ако има политичка волја и вистинско читање на нештата, промена на преговарачката рамка со ЕУ е можна, рече вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во гостување на Телевизија 24, Мицкоски вели дека потребни ќе бидат гаранции дека нема да има дополнителни билатерални услови од Софија со посредништво на Европската унија.

Ако има желба, преговарачката рамка може да се промени, ако навистина сакаат Македонија да ја видат таму има можност за тоа, но треба да се искрени со нас и да ни кажат „да сакаме под овие услови“. Ние ако имаме политичка волја и вистинско читање на нештата се може да се случи, рече Мицкоски.

Кога ќе има политичка влада во Бугарија, Мицкоски вели дека има најмалку три решенија за кои е подготвен да преговара.

Има најмалку три креативни решенија коишто сум подготвен да ги разговарам кога ќе има политичка влада во Бугарија, кои мислам дека можат да бидат излезно сценарио од целиот процес, рече премиерот.

Мицкоски велид ека патот по кој се одело досега не поминува кај народот, направена е грешка и треба да се бара решение.

Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризиици… Неприфатрливи се изјавите дека уште ова треба да го направите и готово. Зашто ние направивме многу за европските вредности, а добивме нула, рече Мицкоски.

The post Ако има политичка волја можна е промена на преговарачката рамка, смета Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Ако има политичка волја и вистинско читање на нештата, промена на преговарачката рамка со ЕУ е можна, рече вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во гостување на Телевизија 24, Мицкоски вели дека потребни ќе бидат гаранции дека нема да има дополнителни билатерални услови од Софија со посредништво на Европската унија.
Ако има желба, преговарачката рамка може да се промени, ако навистина сакаат Македонија да ја видат таму има можност за тоа, но треба да се искрени со нас и да ни кажат „да сакаме под овие услови“. Ние ако имаме политичка волја и вистинско читање на нештата се може да се случи, рече Мицкоски.
Кога ќе има политичка влада во Бугарија, Мицкоски вели дека има најмалку три решенија за кои е подготвен да преговара.
Има најмалку три креативни решенија коишто сум подготвен да ги разговарам кога ќе има политичка влада во Бугарија, кои мислам дека можат да бидат излезно сценарио од целиот процес, рече премиерот.
Мицкоски велид ека патот по кој се одело досега не поминува кај народот, направена е грешка и треба да се бара решение.
Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризиици… Неприфатрливи се изјавите дека уште ова треба да го направите и готово. Зашто ние направивме многу за европските вредности, а добивме нула, рече Мицкоски.
 
The post Ако има политичка волја можна е промена на преговарачката рамка, смета Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Значи можело: ЕУ за Србија ја промени Преговарачката рамка, нас нѐ убедуваат дека тоа не е можно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znachi-mozhelo-eu-za-srbija-ja-promeni-pregovarachkata-ramka-nas-n-ubeduvaat-deka-toa-ne-e-mozhno/ Wed, 17 Apr 2024 10:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=767078

Како и што најавуваше претседателот Вучиќ, ЕУ денеска донесе одлука за Промена на преговарачката рамка и вклучување на тн Охридски договор. Во превод тоа значи дека додека не го признаат Косово нема никогаш нема да станат членки на ЕУ.Дипломатски пак кажано Охридскиот договор се однесува за поглавјето 35 наречено „фундаментал“.

Промената на преговарачката рамка за Србија е особено важна за Македонија бидејќи власта на ДУИ и СДСМ прифати особено лоша рамка за Македонија со т.н француски предлог. Згора на тоа властите во Скопје и во Брисел велат дека промена не е можна и дека мораме да прифатиме тоа што ни се нуди.

https://republika.mk/vesti/balkan/eu-ja-promeni-pregovarachkata-ramka-za-srbija-nema-vlez-dodeka-ne-go-priznaat-kosovo/

Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија, кој треба да го усвојат двете земји.

Јазикот останува македонски, но Бугарија достави изјава која е депонирана во ЕУ дека не го признава јазикот.

The post Значи можело: ЕУ за Србија ја промени Преговарачката рамка, нас нѐ убедуваат дека тоа не е можно appeared first on Република.

]]>

Како и што најавуваше претседателот Вучиќ, ЕУ денеска донесе одлука за Промена на преговарачката рамка и вклучување на тн Охридски договор. Во превод тоа значи дека додека не го признаат Косово нема никогаш нема да станат членки на ЕУ.Дипломатски пак кажано Охридскиот договор се однесува за поглавјето 35 наречено „фундаментал“. Промената на преговарачката рамка за Србија е особено важна за Македонија бидејќи власта на ДУИ и СДСМ прифати особено лоша рамка за Македонија со т.н француски предлог. Згора на тоа властите во Скопје и во Брисел велат дека промена не е можна и дека мораме да прифатиме тоа што ни се нуди. https://republika.mk/vesti/balkan/eu-ja-promeni-pregovarachkata-ramka-za-srbija-nema-vlez-dodeka-ne-go-priznaat-kosovo/ Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија, кој треба да го усвојат двете земји. Јазикот останува македонски, но Бугарија достави изјава која е депонирана во ЕУ дека не го признава јазикот.

The post Значи можело: ЕУ за Србија ја промени Преговарачката рамка, нас нѐ убедуваат дека тоа не е можно appeared first on Република.

]]>
ЕУ ја промени Преговарачката рамка за Србија: Нема влез додека не го признаат Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-ja-promeni-pregovarachkata-ramka-za-srbija-nema-vlez-dodeka-ne-go-priznaat-kosovo/ Wed, 17 Apr 2024 09:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=767062

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го усвоија ажурираниот текст на заедничката позиција за поглавјето 35, што подразбира дека Србија целосно ќе ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, во согласност со Анексот за неговото спроведување, договорено на 18 март 2023 година.

Во ажурираниот текст, кој станува составен дел од преговорите во поглавјето за преговори, а кој е усвоен на состанокот на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки на ЕУ (КОРЕПЕР), односно на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ, се наведува дека сите дискусии во врска со договорот за имплементација да се одвиваат во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на ЕУ.

Текстот за преговарачко поглавје 35 е усвоен без дискусија во КОРЕПЕР, а ќе биде потврден на некој од следните совети, најверојатно во понеделник на Советот за надворешни работи на ЕУ, по што и официјално ќе биде испратен во Белград. како текст на преговарачката позиција на ЕУ за поглавјето 35

Во февруари Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) поднесоа предлог со кој обврските од Охридскиот договор ќе станат составен дел од процесот на преговори за членство на Србија во ЕУ.

Според предлогот, се очекува Белград целосно да го спроведе Договорот на патот кон нормализација на односите со Приштина, вклучувајќи го и Анексот за негово спроведување, а во поглавјето 35, точка 3, насловено „Понатамошни договори и напредок во нормализацијата на односите “, станува точка 4.

Советот на министри на ЕУ во декември побара Охридскиот договор да биде дел од преговорите
Во декември минатата година, Советот на министри на ЕУ побара од Европската комисија да ги вклучи овие обврски во преговарачката рамка меѓу Белград и Брисел.

– Советот бара од Комисијата и од високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија – се наведува во тоа барање.

Поглавјето 35 во преговарачката рамка за членството на Србија во ЕУ, кое се нарекува „други прашања“, во случајот со Србија го вклучува и нормализацијата на односите со Приштина.

The post ЕУ ја промени Преговарачката рамка за Србија: Нема влез додека не го признаат Косово appeared first on Република.

]]>

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го усвоија ажурираниот текст на заедничката позиција за поглавјето 35, што подразбира дека Србија целосно ќе ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, во согласност со Анексот за неговото спроведување, договорено на 18 март 2023 година. Во ажурираниот текст, кој станува составен дел од преговорите во поглавјето за преговори, а кој е усвоен на состанокот на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки на ЕУ (КОРЕПЕР), односно на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ, се наведува дека сите дискусии во врска со договорот за имплементација да се одвиваат во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на ЕУ. Текстот за преговарачко поглавје 35 е усвоен без дискусија во КОРЕПЕР, а ќе биде потврден на некој од следните совети, најверојатно во понеделник на Советот за надворешни работи на ЕУ, по што и официјално ќе биде испратен во Белград. како текст на преговарачката позиција на ЕУ за поглавјето 35 Во февруари Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) поднесоа предлог со кој обврските од Охридскиот договор ќе станат составен дел од процесот на преговори за членство на Србија во ЕУ. Според предлогот, се очекува Белград целосно да го спроведе Договорот на патот кон нормализација на односите со Приштина, вклучувајќи го и Анексот за негово спроведување, а во поглавјето 35, точка 3, насловено „Понатамошни договори и напредок во нормализацијата на односите “, станува точка 4. Советот на министри на ЕУ во декември побара Охридскиот договор да биде дел од преговорите Во декември минатата година, Советот на министри на ЕУ побара од Европската комисија да ги вклучи овие обврски во преговарачката рамка меѓу Белград и Брисел.
– Советот бара од Комисијата и од високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија – се наведува во тоа барање.
Поглавјето 35 во преговарачката рамка за членството на Србија во ЕУ, кое се нарекува „други прашања“, во случајот со Србија го вклучува и нормализацијата на односите со Приштина.

The post ЕУ ја промени Преговарачката рамка за Србија: Нема влез додека не го признаат Косово appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-da-se-iznajde-nachin-za-modifitsirane-na-pregovarachkata-ramka-so-eu/ Sat, 06 Apr 2024 12:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=763054

Да се формира меѓународен тим во кој ќе има претставници на ЕУ, кој ќе работи на прилагодување на рамката во делот на прилагодување на Францускиот предлог, односно според потребите на општеството во Македонија што би значело приближување на процесот напред, бидејќи како што стојат работите Македонија стои во место. Сметам дека  мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира преговарачката рамка за да се приближи тој процес на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство, рече претседателскиот кандидат на Движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски, во денешното обраќање во Валандово.

Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината.

Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на посточкиот Кривичен законик со кој се амнестираа голем број на политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој се се уште важел за него.

Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со граѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија.

The post Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Да се формира меѓународен тим во кој ќе има претставници на ЕУ, кој ќе работи на прилагодување на рамката во делот на прилагодување на Францускиот предлог, односно според потребите на општеството во Македонија што би значело приближување на процесот напред, бидејќи како што стојат работите Македонија стои во место. Сметам дека  мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира преговарачката рамка за да се приближи тој процес на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство, рече претседателскиот кандидат на Движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски, во денешното обраќање во Валандово. Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината. Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на посточкиот Кривичен законик со кој се амнестираа голем број на политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој се се уште важел за него. Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со граѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија.

The post Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕУ подготвува „Договор од Преспа“ меѓу Србија и Косово! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-sprema-dogovor-od-prespa-megu-srbija-i-kosovo/ Tue, 19 Mar 2024 10:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=755906

Српските медиуми објавија дел од договорот меѓу Србија и ЕУ за односите со Србија. Во него најважниот дел е дека Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународните организации.Ова за претседателот на Србија Александар Вучиќ засега е неприфатливо кој вели дека никогаш нема да дозволи Косово да стане членка на Обединетите нации.

Во договорот дури и се бара двете страни да формираат „заеднички комитет“ под покровителство на ЕУ кој треба да го следи спроведувањето на овој договор.

Двете страни ќе бидат водени од целите и принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации, посебно во принципите на суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија,територијалниот интегритет, право на самоопределување, заштита на човековите права и недискриминација-стои во овој нонпејпер.

Не се исклучува овој српски „Договор од Преспа“ да влезе во поглавјето за Косово на Србија и промена на Преговарачката рамка во преговорите со ЕУ.

The post ЕУ подготвува „Договор од Преспа“ меѓу Србија и Косово! appeared first on Република.

]]>

Српските медиуми објавија дел од договорот меѓу Србија и ЕУ за односите со Србија. Во него најважниот дел е дека Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународните организации.Ова за претседателот на Србија Александар Вучиќ засега е неприфатливо кој вели дека никогаш нема да дозволи Косово да стане членка на Обединетите нации. Во договорот дури и се бара двете страни да формираат „заеднички комитет“ под покровителство на ЕУ кој треба да го следи спроведувањето на овој договор.
Двете страни ќе бидат водени од целите и принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации, посебно во принципите на суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија,територијалниот интегритет, право на самоопределување, заштита на човековите права и недискриминација-стои во овој нонпејпер.
Не се исклучува овој српски „Договор од Преспа“ да влезе во поглавјето за Косово на Србија и промена на Преговарачката рамка во преговорите со ЕУ.

The post ЕУ подготвува „Договор од Преспа“ меѓу Србија и Косово! appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: ЕУ прави притисок договорот од Охрид да влезе во Преговарачката рамка за Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-eu-pravi-pritisok-dogovorot-od-ohrid-da-vleze-vo-pregovarachkata-ramka-za-srbija/ Fri, 09 Feb 2024 10:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=742154

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Брисел го зголемува притисокот врз Србија со формален предлог деловите од Охридскиот договор, со кои Белград не се согласи, да се вклучат во преговарачката рамка за членство во Европската унија.

„Има обид да и се наметне обврска на Србија преку Европската унија и поглавјето 35 дека доколку сака да стане членка, мора да има таканаречена целосна имплементација на Охридскиот договор и оној дел од договорот со кој го направи не се согласувам. Србија не го потпиша Охридскиот договор, со усната изјава на претседателот на Србија се огради од одредени формулации кои укажуваат дека ова е некакво признавање на Косово и дека се согласуваме Косово да стане членка на ОН и др. меѓународни организации“, рече Дачиќ за „Пинк ТВ“

The post Дачиќ: ЕУ прави притисок договорот од Охрид да влезе во Преговарачката рамка за Србија appeared first on Република.

Додека Османи и Пендаровски нѐ убедуваат дека промени за Македонија не се можни: ЕУ ќе ја менува Преговарачката рамка за Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodeka-osmani-i-pendarovski-n-ubeduvaat-deka-promeni-za-makedonija-ne-se-mozhni-eu-ke-ja-menuva-pregovarachkata-ramka-za-srbija/ Sat, 03 Feb 2024 16:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=740048

Европската комисија (ЕК) и Европската служба за надворешни работи поднесоа предлог исполнувањето на обврските преземени во Охрид да се вклучи во преговарачката рамка на Србија за членство во ЕУ.

Со овој предлог, обврските од Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и неговиот анекс за имплементација, кој беше договорен минатиот март во Охрид, формално стануваат составен дел од процесот на преговори за членство на Србија во Европската унија.

Според портпаролот на Европската комисија, предлогот на Комисијата вчера бил проследен до Советот на Европската унија, потврди денеска Радио Слободна Европа (РСЕ).

Министрите во декември минатата година побараа од Комисијата да ги вклучи обврските од Договорот за пат за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел.

-Советот бара од ЕК и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија, се наведува во заклучоците, кои прво беа усвоени од европските министри, а подоцна и од шефовите на држави и влади на ЕУ.

Поглавјето 35 во преговарачката рамка за членството на Србија во ЕУ, кое се нарекува „други прашања“, во случајот со Србија го вклучува и нормализацијата на односите со Косово.

По поднесувањето на предлогот, на Советот на ЕУ е да ги усвои овие измени, со кои формално ќе се вклучат и обврските на Србија од дијалогот во преговарачкиот процес за членство со Брисел.

Оваа вест треба да биде отрезнувачка за власта на ДУИ и СДСМ како и за претседателот на државата Стево Пендаровски.Тие едногласно велат дека промена на преговарачката рамка за Македонија не е можна и оти мораме да го прифатиме Францускиот предлог и уставните измени.

Ете можело.

https://republika.mk/vesti/balkan/znachi-sepak-mozhelo-eu-bara-promena-na-pregovarachkata-ramka-so-srbija/

The post Додека Османи и Пендаровски нѐ убедуваат дека промени за Македонија не се можни: ЕУ ќе ја менува Преговарачката рамка за Србија appeared first on Република.

]]>

Европската комисија (ЕК) и Европската служба за надворешни работи поднесоа предлог исполнувањето на обврските преземени во Охрид да се вклучи во преговарачката рамка на Србија за членство во ЕУ. Со овој предлог, обврските од Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и неговиот анекс за имплементација, кој беше договорен минатиот март во Охрид, формално стануваат составен дел од процесот на преговори за членство на Србија во Европската унија. Според портпаролот на Европската комисија, предлогот на Комисијата вчера бил проследен до Советот на Европската унија, потврди денеска Радио Слободна Европа (РСЕ). Министрите во декември минатата година побараа од Комисијата да ги вклучи обврските од Договорот за пат за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел.
-Советот бара од ЕК и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија, се наведува во заклучоците, кои прво беа усвоени од европските министри, а подоцна и од шефовите на држави и влади на ЕУ.
Поглавјето 35 во преговарачката рамка за членството на Србија во ЕУ, кое се нарекува „други прашања“, во случајот со Србија го вклучува и нормализацијата на односите со Косово. По поднесувањето на предлогот, на Советот на ЕУ е да ги усвои овие измени, со кои формално ќе се вклучат и обврските на Србија од дијалогот во преговарачкиот процес за членство со Брисел. Оваа вест треба да биде отрезнувачка за власта на ДУИ и СДСМ како и за претседателот на државата Стево Пендаровски.Тие едногласно велат дека промена на преговарачката рамка за Македонија не е можна и оти мораме да го прифатиме Францускиот предлог и уставните измени. Ете можело.   https://republika.mk/vesti/balkan/znachi-sepak-mozhelo-eu-bara-promena-na-pregovarachkata-ramka-so-srbija/

The post Додека Османи и Пендаровски нѐ убедуваат дека промени за Македонија не се можни: ЕУ ќе ја менува Преговарачката рамка за Србија appeared first on Република.

]]>
Додека Ковачевски вели да не се самозалажуваме со промена на Преговарачката рамка, ЕУ веќе ја менува за Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-kovachevski-veli-da-ne-se-samozalazhuvame-so-promena-na-pregovarachkata-ramka-eu-veke-ja-menuva-za-srbija/ Thu, 14 Dec 2023 11:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=722897

Да не се самозалажуваме и да ги залажуваме граѓаните за промени во однос на Преговарачката рамка или во процесот на проширување, затоа што на крајот од тоа нема да има корист за никого.

Ова го порача денеска во Брисел премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашањето на МИА за коментар на синоќешната изјава на претседателот на Европскиот совет дека иако проширувањето е процес базирана на заслуги, сепак во носењето одлуки за него мора да се води сметка за комплексноста на ситуацијата во Европа.

- Апсолутно тоа е изјава која што претседателот на Европскиот совет не ја кажува првпат, туку ја има кажано неколку пати. Комплексноста е од аспект на тоа што ЕУ започна процес на своја внатрешна подготовка за прием на нови членки и тие својата цел за тоа ја поставија до 2030 година. исто како што ние имаме цел до 2030 година во однос на реформите коишто треба да се донесат, изјави Ковачевски на прес-конференција на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел, каде вчера учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Тој потенцира дека единствен отежнувачки фактор зошто не е одржана втората Меѓувладина конференција на земјава со ЕУ, која што е јасно наведена во заклучоците, е антиевропската, анти-ЕУ, анти-НАТО и проруска коалиција во Македонија.

- Штом бидат спроведени амандманите на Уставот во Македонија, што се од техничка природа, што сите вие тоа го знаете, бидејќи нема никаква забелешка во однос на амандманите, тогаш ќе биде одржана втората Меѓувладина конференција. Секако дека овој прозорец на можност којшто го имаме и којшто го имаме до изборите во Македонија и во ЕУ не треба да се пропушти, изјави Ковачевски, додавајќи дека во 2008 година бевме сведоци на она што се случи во Букурешт на Самитот на НАТО, кога беше одложен нашиот прием во Алијансата, а денес сме сведоци на тоа што се случи во Брисел и заради кого тоа се случи.

Оваа изјава е зачудувачка ако се знае дека ЕУ најави промена на Преговарачката рамка за Србија и во неа ќе биде додаден т.н Охридски договор.

https://republika.mk/vesti/balkan/eu-preku-ohrid-pravi-pat-kosovo-da-stane-chlenka-na-obedinetite-natsii/

The post Додека Ковачевски вели да не се самозалажуваме со промена на Преговарачката рамка, ЕУ веќе ја менува за Србија appeared first on Република.

]]>

Да не се самозалажуваме и да ги залажуваме граѓаните за промени во однос на Преговарачката рамка или во процесот на проширување, затоа што на крајот од тоа нема да има корист за никого. Ова го порача денеска во Брисел премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашањето на МИА за коментар на синоќешната изјава на претседателот на Европскиот совет дека иако проширувањето е процес базирана на заслуги, сепак во носењето одлуки за него мора да се води сметка за комплексноста на ситуацијата во Европа.
- Апсолутно тоа е изјава која што претседателот на Европскиот совет не ја кажува првпат, туку ја има кажано неколку пати. Комплексноста е од аспект на тоа што ЕУ започна процес на своја внатрешна подготовка за прием на нови членки и тие својата цел за тоа ја поставија до 2030 година. исто како што ние имаме цел до 2030 година во однос на реформите коишто треба да се донесат, изјави Ковачевски на прес-конференција на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел, каде вчера учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Тој потенцира дека единствен отежнувачки фактор зошто не е одржана втората Меѓувладина конференција на земјава со ЕУ, која што е јасно наведена во заклучоците, е антиевропската, анти-ЕУ, анти-НАТО и проруска коалиција во Македонија. - Штом бидат спроведени амандманите на Уставот во Македонија, што се од техничка природа, што сите вие тоа го знаете, бидејќи нема никаква забелешка во однос на амандманите, тогаш ќе биде одржана втората Меѓувладина конференција. Секако дека овој прозорец на можност којшто го имаме и којшто го имаме до изборите во Македонија и во ЕУ не треба да се пропушти, изјави Ковачевски, додавајќи дека во 2008 година бевме сведоци на она што се случи во Букурешт на Самитот на НАТО, кога беше одложен нашиот прием во Алијансата, а денес сме сведоци на тоа што се случи во Брисел и заради кого тоа се случи. Оваа изјава е зачудувачка ако се знае дека ЕУ најави промена на Преговарачката рамка за Србија и во неа ќе биде додаден т.н Охридски договор. https://republika.mk/vesti/balkan/eu-preku-ohrid-pravi-pat-kosovo-da-stane-chlenka-na-obedinetite-natsii/

The post Додека Ковачевски вели да не се самозалажуваме со промена на Преговарачката рамка, ЕУ веќе ја менува за Србија appeared first on Република.

]]>
EУ преку Охрид прави пат Косово да стане членка на Обединетите нации https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-preku-ohrid-pravi-pat-kosovo-da-stane-chlenka-na-obedinetite-natsii/ Thu, 14 Dec 2023 09:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=722753

Дали Охридскиот договор ќе дојде во Обединетите нации и дали претходното вметнување на делови од овој документ во преговарачката рамка на ЕУ со Србија ќе ја отвори вратата за Приштина да стане членка на оваа меѓународна организација?,анализираат српските медиуми.

Што би значел Охридскиот договор во поглавјето 35 за Србија:

Со прости зборови, нема членство во ЕУ без признавање на „Косово.Планот на ЕУ е да се прифати Охридскиот договор со согласност на Србија, дури и со деловите што ги српски власти ги отфрлија, односно да биде дел од преговарачкото поглавје со ЕУ, а потоа да се усвои посебен извештај на ЕУ кој би бил проследен до Обединетите нации.

Доколку ЕУ одлучи Охридскиот договор да стане дел од Поглавјето 35 за пристапување на Србија во блокот - што е сосема можно, тоа може да го направи целиот процес на европска интеграција бесмислен.

Преговарачката рамка на Европската унија за пристапување на Србија беше дефинирана со документ кој беше усвоен непосредно пред отворањето на преговорите меѓу двете страни на почетокот на 2014 година. Во него се наведува дека ЕК во текот на целиот процес, почитувајќи ги правилата и процедурите, „може да ги ревидира критериумите“, вклучително и за поглавјето 35, кое го регулира процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Со други зборови, ЕУ има право да ја промени рамката за преговори и во неа да ги вклучи договорите од Брисел и Охрид, доколку се исполнети процедуралните услови - а тоа е консензус на сите земји-членки.

The post EУ преку Охрид прави пат Косово да стане членка на Обединетите нации appeared first on Република.

]]>

Дали Охридскиот договор ќе дојде во Обединетите нации и дали претходното вметнување на делови од овој документ во преговарачката рамка на ЕУ со Србија ќе ја отвори вратата за Приштина да стане членка на оваа меѓународна организација?,анализираат српските медиуми.

Што би значел Охридскиот договор во поглавјето 35 за Србија:

Со прости зборови, нема членство во ЕУ без признавање на „Косово.Планот на ЕУ е да се прифати Охридскиот договор со согласност на Србија, дури и со деловите што ги српски власти ги отфрлија, односно да биде дел од преговарачкото поглавје со ЕУ, а потоа да се усвои посебен извештај на ЕУ кој би бил проследен до Обединетите нации. Доколку ЕУ одлучи Охридскиот договор да стане дел од Поглавјето 35 за пристапување на Србија во блокот - што е сосема можно, тоа може да го направи целиот процес на европска интеграција бесмислен. Преговарачката рамка на Европската унија за пристапување на Србија беше дефинирана со документ кој беше усвоен непосредно пред отворањето на преговорите меѓу двете страни на почетокот на 2014 година. Во него се наведува дека ЕК во текот на целиот процес, почитувајќи ги правилата и процедурите, „може да ги ревидира критериумите“, вклучително и за поглавјето 35, кое го регулира процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Со други зборови, ЕУ има право да ја промени рамката за преговори и во неа да ги вклучи договорите од Брисел и Охрид, доколку се исполнети процедуралните услови - а тоа е консензус на сите земји-членки.  

The post EУ преку Охрид прави пат Косово да стане членка на Обединетите нации appeared first on Република.

]]>
Значи сепак можело: ЕУ бара промена на Преговарачката рамка со Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/znachi-sepak-mozhelo-eu-bara-promena-na-pregovarachkata-ramka-so-srbija/ Wed, 13 Dec 2023 07:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=722387

Советот на министри на ЕУ бара од Европската комисија и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, итно, пред крајот на јануари 2024 година, на Советот да му предложат измени на критериумите за Поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија, со цел во него да се вклучат и обврските кои произлегуваат од Договорот за пат кон нормализација меѓу Косово и Србија и неговиот анекс за имплементација, се наведува во  усвоените заклучоци.

Во заклучоците што ги усвои вчера, Советот на министри на ЕУ го поздравува Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, постигнат на 27 февруари во Брисел и неговиот анекс за имплементација, договорен на 18 март во Охрид, и изразува жалење поради недостатокот на нивна имплементација од двете страни како и други неисполнети обврски од дијалогот со посредство на ЕУ, јави Бета.

„Советот ги повикува Србија и Косово целосно да ги почитуваат и спроведат тие договори, без понатамошно одлагање и предуслови, кои вклучуваат формирање на Заедница/Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Советот ја поздравува подготвеноста на Србија и Косово да го прифати нацрт-статутот на ЗСО што го презентираше пред партиите ЕУ, со разбирање дека е неопходно да се продолжи со работа врз таа основа“.

Се додава дека нормализацијата на односите и спроведувањето на обврските од дијалогот се суштински услови на европскиот пат и за Србија и за Косово, кои ризикуваат да пропуштат важни можности доколку нема напредок.

Во заклучоците се наведува дека Советот очекува Србија и Косово да најдат одржливо решение за ситуацијата на северот на Косово, кое гарантира безбедност, безбедност и партиципативна демократија за сите граѓани.

Се очекува Србија да се вклучи во дијалогот што го води ЕУ со добри намери и во духот на компромисот за постигнување сеопфатен правно обврзувачки договор со Косово за нормализација на односите, во согласност со меѓународното право и правото на ЕУ без натамошно одлагање.

Тој договор треба да се занимава со сите клучни отворени прашања и со тоа да придонесе за регионалната стабилност.

https://republika.mk/vesti/balkan/dodeka-nas-n-ubeduvaat-deka-promeni-ne-se-mozhni-eu-deneska-ke-ja-promeni-pregovarachkata-ramka-za-srbija/

Во текстот се нагласува дека нема оправдување за насилството и остро ги осудува „насилните акти на демонстрантите на косовските Срби врз граѓаните, војниците на КФОР, органите на прогонот и медиумите на 29 мај 2023 година, како и насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември 2023 година на северот на Косово“.

Советот очекува Србија целосно да соработува и да ги преземе сите неопходни мерки за апсење и брзо изведување пред лицето на правдата на сторителите на нападите, и изразува жалење што Србија не презела доволно мерки во овој поглед, како и загриженост поради постојаното зголемување на српските воени сили во близина на Косово, истакнувајќи дека нивниот број потоа бил намален.

Србија и Косово мора да продолжат со тековните напори за деескалација, да се воздржат од унилатерални и провокативни дејствија кои би можеле да доведат до тензии и насилство и да престанат со реториката на поделби, се вели во соопштението.

Од Србија се бара и да ги охрабри косовските Срби да се вратат во институциите што ги напуштија. Се повторува предупредувањето дека секое неуспех за деескалација на тензиите ќе има последици

The post Значи сепак можело: ЕУ бара промена на Преговарачката рамка со Србија appeared first on Република.

]]>

Советот на министри на ЕУ бара од Европската комисија и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, итно, пред крајот на јануари 2024 година, на Советот да му предложат измени на критериумите за Поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија, со цел во него да се вклучат и обврските кои произлегуваат од Договорот за пат кон нормализација меѓу Косово и Србија и неговиот анекс за имплементација, се наведува во  усвоените заклучоци. Во заклучоците што ги усвои вчера, Советот на министри на ЕУ го поздравува Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, постигнат на 27 февруари во Брисел и неговиот анекс за имплементација, договорен на 18 март во Охрид, и изразува жалење поради недостатокот на нивна имплементација од двете страни како и други неисполнети обврски од дијалогот со посредство на ЕУ, јави Бета. „Советот ги повикува Србија и Косово целосно да ги почитуваат и спроведат тие договори, без понатамошно одлагање и предуслови, кои вклучуваат формирање на Заедница/Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО). Советот ја поздравува подготвеноста на Србија и Косово да го прифати нацрт-статутот на ЗСО што го презентираше пред партиите ЕУ, со разбирање дека е неопходно да се продолжи со работа врз таа основа“. Се додава дека нормализацијата на односите и спроведувањето на обврските од дијалогот се суштински услови на европскиот пат и за Србија и за Косово, кои ризикуваат да пропуштат важни можности доколку нема напредок. Во заклучоците се наведува дека Советот очекува Србија и Косово да најдат одржливо решение за ситуацијата на северот на Косово, кое гарантира безбедност, безбедност и партиципативна демократија за сите граѓани. Се очекува Србија да се вклучи во дијалогот што го води ЕУ со добри намери и во духот на компромисот за постигнување сеопфатен правно обврзувачки договор со Косово за нормализација на односите, во согласност со меѓународното право и правото на ЕУ без натамошно одлагање. Тој договор треба да се занимава со сите клучни отворени прашања и со тоа да придонесе за регионалната стабилност. https://republika.mk/vesti/balkan/dodeka-nas-n-ubeduvaat-deka-promeni-ne-se-mozhni-eu-deneska-ke-ja-promeni-pregovarachkata-ramka-za-srbija/ Во текстот се нагласува дека нема оправдување за насилството и остро ги осудува „насилните акти на демонстрантите на косовските Срби врз граѓаните, војниците на КФОР, органите на прогонот и медиумите на 29 мај 2023 година, како и насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември 2023 година на северот на Косово“. Советот очекува Србија целосно да соработува и да ги преземе сите неопходни мерки за апсење и брзо изведување пред лицето на правдата на сторителите на нападите, и изразува жалење што Србија не презела доволно мерки во овој поглед, како и загриженост поради постојаното зголемување на српските воени сили во близина на Косово, истакнувајќи дека нивниот број потоа бил намален. Србија и Косово мора да продолжат со тековните напори за деескалација, да се воздржат од унилатерални и провокативни дејствија кои би можеле да доведат до тензии и насилство и да престанат со реториката на поделби, се вели во соопштението. Од Србија се бара и да ги охрабри косовските Срби да се вратат во институциите што ги напуштија. Се повторува предупредувањето дека секое неуспех за деескалација на тензиите ќе има последици

The post Значи сепак можело: ЕУ бара промена на Преговарачката рамка со Србија appeared first on Република.

]]>
Додека нас нѐ убедуваат дека промени не се можни: ЕУ денеска ќе ја промени Преговарачката рамка за Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodeka-nas-n-ubeduvaat-deka-promeni-ne-se-mozhni-eu-deneska-ke-ja-promeni-pregovarachkata-ramka-za-srbija/ Tue, 12 Dec 2023 10:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=722046

Министрите за европски прашања на денешниот состанок на Советот за општи работи  се очекува да ги усвојат заклучоците за промена на Преговарачката рамка за Србија.Ова следува откако Советот побара од Комисијата измени и дополнување на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија.

Истите заклучоци ќе треба да ги потврди и Европскиот совет на самитот на европските лидери што ќе се одржи на 14 и 15 декември.

Тоа конкретно се однесува на т.н Охридски договор што летото го договорија Курти и Вучиќ во Охрид како и на Бриселскиот од пред 13 години.

Ова е особено важно за Македонија бидејќи европските челници и власта нѐ убедуваат дека промена на Преговарачката рамка не е можно и оти мора во целост да го имплементираме она што е договорено со Бугарија со т.н Француски предлог.Тоа во најголем дел се однесува на уставните измени.

На 18 јули минатата година Советот на ЕУ ја усвои Преговарачката рамка за Македонија во која влегоа сите барања на Бугарија и тоа беше еден од нашите најголеми дипломатски порази.

Единствената работа која беше позитивна беше што се споменува зборот „македонски“ кога станува збор за јазикот.

Дополнително, во едностраната декларација на Бугарија стои дека тие не го признаваат т.н македонски јазик:

„Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературниот бугарски јазик. Создавањето на ‘македонски јазик’ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со локални форми, со што се симулира ‘природен’ процес заснован на дијалектна форма.

Секое повикување на официјалниот јазик на Република Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и сл. на ЕУ и нејзините институции, органи, служби и агенции треба да биде сфатено строго во согласност со Уставот на оваа држава и во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на ‘македонски јазик’“.

ВМРО-ДПМНЕ бараше од Преговарачката рамка да се избрише декларацијата за македонскиот јазикбилатералните одговори да не бидат дел од преговарачката рамка ида не се отвора Уставот пред почетокот на преговорите.

The post Додека нас нѐ убедуваат дека промени не се можни: ЕУ денеска ќе ја промени Преговарачката рамка за Србија appeared first on Република.

]]>

Министрите за европски прашања на денешниот состанок на Советот за општи работи  се очекува да ги усвојат заклучоците за промена на Преговарачката рамка за Србија.Ова следува откако Советот побара од Комисијата измени и дополнување на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија. Истите заклучоци ќе треба да ги потврди и Европскиот совет на самитот на европските лидери што ќе се одржи на 14 и 15 декември. Тоа конкретно се однесува на т.н Охридски договор што летото го договорија Курти и Вучиќ во Охрид како и на Бриселскиот од пред 13 години. Ова е особено важно за Македонија бидејќи европските челници и власта нѐ убедуваат дека промена на Преговарачката рамка не е можно и оти мора во целост да го имплементираме она што е договорено со Бугарија со т.н Француски предлог.Тоа во најголем дел се однесува на уставните измени. На 18 јули минатата година Советот на ЕУ ја усвои Преговарачката рамка за Македонија во која влегоа сите барања на Бугарија и тоа беше еден од нашите најголеми дипломатски порази. Единствената работа која беше позитивна беше што се споменува зборот „македонски“ кога станува збор за јазикот. Дополнително, во едностраната декларација на Бугарија стои дека тие не го признаваат т.н македонски јазик:
„Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературниот бугарски јазик. Создавањето на ‘македонски јазик’ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со локални форми, со што се симулира ‘природен’ процес заснован на дијалектна форма. Секое повикување на официјалниот јазик на Република Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и сл. на ЕУ и нејзините институции, органи, служби и агенции треба да биде сфатено строго во согласност со Уставот на оваа држава и во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на ‘македонски јазик’“.
ВМРО-ДПМНЕ бараше од Преговарачката рамка да се избрише декларацијата за македонскиот јазикбилатералните одговори да не бидат дел од преговарачката рамка ида не се отвора Уставот пред почетокот на преговорите.

The post Додека нас нѐ убедуваат дека промени не се можни: ЕУ денеска ќе ја промени Преговарачката рамка за Србија appeared first on Република.

]]>
Преговарачката рамка сепак може да се смени: Тоа што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид се додаде во ЕУ рамката за Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pregovarachkata-ramka-sepak-mozhe-da-se-smeni-toa-shto-go-dogovorija-vuchik-i-kurti-vo-ohrid-se-dodade-vo-eu-ramkata-za-srbija/ Fri, 11 Aug 2023 13:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=671097

Деновиве политички аналитичари блиски до власта како и некои амбасадори  во обид да ја принудат ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени велат дека нема да добиеме подобри услови за преговори од тие што се во моментов кога целиот Француски предлог е во преговарачката рамка со бугарските барања во него.

Не помогна и убедувањата на министерот Бујар Османи на табла каде тврдеше дека Бугарија веќе не може да не блокира.

Сепак дека е можно преговарачката рамка да се смени ЕУ покажа за време на преговорите меѓу Курти и Вучиќ во Охрид пред неколку месеци. Она што го договорија се додаде во преговарачката рамка за Србија. Значи сепак рамката се смени.

Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Европскиот совет ќе донесе одлука тоа да биде дел од преговарачката рамка“, рече по разговорите  Вучиќ.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговарачката рамка не може да се смени е дека тие ќе се борат за зачувување на македонскиот идентитет и оти тоа е легитимно барање.

Се бориме и се залагаме за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме-велат од партијата.

Што содржи Преговарачката рамка

Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија.Се наведува дека  Македонија ќе усвои преку инклузивен процес, акциски план посветен на заштитата на правата на лицата припадници на малцинствата или заедницитеФранцуското претседателство посочува дека посветеноста за добрососедски односи и регионална соработка, треба да се потврди и преку постигнувањето на видливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти.

The post Преговарачката рамка сепак може да се смени: Тоа што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид се додаде во ЕУ рамката за Србија appeared first on Република.

]]>

Деновиве политички аналитичари блиски до власта како и некои амбасадори  во обид да ја принудат ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени велат дека нема да добиеме подобри услови за преговори од тие што се во моментов кога целиот Француски предлог е во преговарачката рамка со бугарските барања во него. Не помогна и убедувањата на министерот Бујар Османи на табла каде тврдеше дека Бугарија веќе не може да не блокира. Сепак дека е можно преговарачката рамка да се смени ЕУ покажа за време на преговорите меѓу Курти и Вучиќ во Охрид пред неколку месеци. Она што го договорија се додаде во преговарачката рамка за Србија. Значи сепак рамката се смени.
Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Европскиот совет ќе донесе одлука тоа да биде дел од преговарачката рамка“, рече по разговорите  Вучиќ.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговарачката рамка не може да се смени е дека тие ќе се борат за зачувување на македонскиот идентитет и оти тоа е легитимно барање.
Се бориме и се залагаме за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме-велат од партијата.

Што содржи Преговарачката рамка

Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија.Се наведува дека  Македонија ќе усвои преку инклузивен процес, акциски план посветен на заштитата на правата на лицата припадници на малцинствата или заедницитеФранцуското претседателство посочува дека посветеноста за добрососедски односи и регионална соработка, треба да се потврди и преку постигнувањето на видливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти.  

The post Преговарачката рамка сепак може да се смени: Тоа што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид се додаде во ЕУ рамката за Србија appeared first on Република.

]]>
Османи на табла ја нацрта преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-tabla-ja-natsrta-pregovarachkata-ramka/ Sat, 05 Aug 2023 08:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=668892

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави видео на својот профил на Фејсбук со кратко објаснување, како што посочува, на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ, како одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина.

Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата. Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции. Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички, наведува Османи.

Она што е поважно, потенцира тој, е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементација, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот, вели во објаснувањето Османи.

The post Османи на табла ја нацрта преговарачката рамка appeared first on Република.

Најчевска го враќа на земја Ковачевски: Во самата рамка стои дека секоја од државите членки ќе го разгледува и проценува напредокот на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najchevska-go-vraka-na-zemja-kovachevski-vo-samata-ramka-stoi-deka-sekoja-od-drzhavite-chlenki-ke-go-razgleduva-i-protsenuva-napredokot-na-makedonija/ Thu, 29 Jun 2023 13:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=656456

Од каде па то знаеш дали ќе има или нема дополнителни услови?, го прашува професорката Мирјана Најчевска премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-postojat-dopolnitelni-uslovi-vo-pregovarachkata-ramka/

Во самата преговарачка рамка стои дека секоја од државите членки ќе го разгледува и проценува напредокот на Македонија, го потсетува таа.

The post Најчевска го враќа на земја Ковачевски: Во самата рамка стои дека секоја од државите членки ќе го разгледува и проценува напредокот на Македонија appeared first on Република.

]]>

Од каде па то знаеш дали ќе има или нема дополнителни услови?, го прашува професорката Мирјана Најчевска премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-postojat-dopolnitelni-uslovi-vo-pregovarachkata-ramka/
Во самата преговарачка рамка стои дека секоја од државите членки ќе го разгледува и проценува напредокот на Македонија, го потсетува таа.

The post Најчевска го враќа на земја Ковачевски: Во самата рамка стои дека секоја од државите членки ќе го разгледува и проценува напредокот на Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Не постојат дополнителни услови во Преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-postojat-dopolnitelni-uslovi-vo-pregovarachkata-ramka/ Thu, 29 Jun 2023 12:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=656455

Германскиот канцелар, практично ги повтори гаранциите, кои што веќе стојат во Преговарачката рамка. Други услови не може да има во Преговарачката рамка и затоа она што ЕУ требаше да го направи досега, го направи и она што ние треба да го направиме, верувам дека ќе го направиме и потоа продолжува процесот на отворање на поглавјата и сите реформи што следуваат, изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска ја завршува дводневната посета на Германија.

Прашан каква гаранција може да направи Германија за дека ќе нема нови услови на нашиот европски пат, ако Бугарија каже не, Ковачевски, посочи дека не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка, која потсети дека е резултат на консензус меѓу сите 28 членки.

Таа преговарачка рамка има многу јасни одредби во неа. Тоа е дека на 28 јуни ќе се одржи прва меѓувладина конференција, која што се одржа. Дека ќе биде потпишан договорот со ФРОНТЕКС, кој што се потпиша и каде за првпат го имаме Македонскиот јазик, чист без никакви додавки, заедно со сите други јазици на ЕУ, одобрен од сите 28 земји членки на ЕУ. Дека, втората меѓувладина седница ќе се одржи без никаква дополнителна одлука по спроведувањето на уставните измени и скрининг процесот, изјави Ковачевски.

Прашан за можноста од дополнителни блокади на секое поглавје, Ковачевски подвлече дека на секое поглавје, секоја држава согласно Копенхашките критериуми може да даде забелешки по однос на реформите и напредокот.

Животната средина и заштитата на животната средина е еден, исто така, од критериумите во пристапувањето во ЕУ... Во тој дел секоја држава може да даде забелешки и тоа да биде исполнето во рамки на стандардите кои владеат во ЕУ. За тоа се работи, други прашања кои се од билатерална природа, се решени во билатералниот договор со Бугарија, изјави Ковачевски.

Во делот на малцинските права во нашата држава, според Ковачевски, имаме толку многу направено што, како претседател на Влада и како министри сме многу горди.

Ако го споредите нашето законодавство и начинот на кој што се уредени малцинските права, особено после рамковниот договор, не постои земја, која што ги има уредено на таков начин. Значи, користење на јазици, институции за заштита на користење на јазици, право на користење на најразлични услуги во општините или на државно ниво... Тоа е уредено на врвно ниво, изјави Ковачевски.

Дополнително на тоа, подвлече премиерот, во текот на скринингот се изготвуваат три патокази, од кои едниот е патоказ за правата на сите малцинства.

Сметам дека тоа е еден од патоказите, кои што ние на најдобар начин ќе покажеме дека сме врвно мултиетничко, мултикултурно општество, што практично е Европа во мало, во една држава, изјави Ковачевски.

Затоа, нагласи Ковачевски, фокусот повеќе треба да биде на други реформи во нашето општество кои се потребни, а кои што значат унапредување на владеење на правото, на борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на демократијата.

The post Ковачевски: Не постојат дополнителни услови во Преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар, практично ги повтори гаранциите, кои што веќе стојат во Преговарачката рамка. Други услови не може да има во Преговарачката рамка и затоа она што ЕУ требаше да го направи досега, го направи и она што ние треба да го направиме, верувам дека ќе го направиме и потоа продолжува процесот на отворање на поглавјата и сите реформи што следуваат, изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска ја завршува дводневната посета на Германија. Прашан каква гаранција може да направи Германија за дека ќе нема нови услови на нашиот европски пат, ако Бугарија каже не, Ковачевски, посочи дека не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка, која потсети дека е резултат на консензус меѓу сите 28 членки.
Таа преговарачка рамка има многу јасни одредби во неа. Тоа е дека на 28 јуни ќе се одржи прва меѓувладина конференција, која што се одржа. Дека ќе биде потпишан договорот со ФРОНТЕКС, кој што се потпиша и каде за првпат го имаме Македонскиот јазик, чист без никакви додавки, заедно со сите други јазици на ЕУ, одобрен од сите 28 земји членки на ЕУ. Дека, втората меѓувладина седница ќе се одржи без никаква дополнителна одлука по спроведувањето на уставните измени и скрининг процесот, изјави Ковачевски.
Прашан за можноста од дополнителни блокади на секое поглавје, Ковачевски подвлече дека на секое поглавје, секоја држава согласно Копенхашките критериуми може да даде забелешки по однос на реформите и напредокот.
Животната средина и заштитата на животната средина е еден, исто така, од критериумите во пристапувањето во ЕУ... Во тој дел секоја држава може да даде забелешки и тоа да биде исполнето во рамки на стандардите кои владеат во ЕУ. За тоа се работи, други прашања кои се од билатерална природа, се решени во билатералниот договор со Бугарија, изјави Ковачевски.
Во делот на малцинските права во нашата држава, според Ковачевски, имаме толку многу направено што, како претседател на Влада и како министри сме многу горди.
Ако го споредите нашето законодавство и начинот на кој што се уредени малцинските права, особено после рамковниот договор, не постои земја, која што ги има уредено на таков начин. Значи, користење на јазици, институции за заштита на користење на јазици, право на користење на најразлични услуги во општините или на државно ниво... Тоа е уредено на врвно ниво, изјави Ковачевски.
Дополнително на тоа, подвлече премиерот, во текот на скринингот се изготвуваат три патокази, од кои едниот е патоказ за правата на сите малцинства.
Сметам дека тоа е еден од патоказите, кои што ние на најдобар начин ќе покажеме дека сме врвно мултиетничко, мултикултурно општество, што практично е Европа во мало, во една држава, изјави Ковачевски.
Затоа, нагласи Ковачевски, фокусот повеќе треба да биде на други реформи во нашето општество кои се потребни, а кои што значат унапредување на владеење на правото, на борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на демократијата.

The post Ковачевски: Не постојат дополнителни услови во Преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>
Без промена на преговарачката рамка бесцелно е и сите членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ни дадат гаранции за идентитетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bez-promena-na-pregovarachkata-ramka-bestselno-e-i-site-chlenki-na-eu-so-iskluchok-na-bugarija-da-ni-dadat-garantsii-za-identitetot/ Thu, 08 Jun 2023 11:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=649215

Премиерот Димитар Коавчевски и на вчерашната лидерска средба се обиде да продава магла. Овојпат со најавата дека до крајот на јуни ќе стигне политичка одлука на една од највлијателните земји-членки на ЕУ.

 -Една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ, ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура, кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет. Тоа ќе биде направено од страна на нивниот Парламент, како врвно законодавно тело во оваа држава, изјави вчера Ковачевски, но не наведувајќи за која држава станува збор.

Ваквата најава на премиерот, што и претходно во неколку наврати беше споменато и од него и од вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, не е во функција на олеснување на носењето на уставните промени.

Напротив, тоа е обид за залажување на мнозинството граѓани, пред се етнички Маакедонци, кои со 80% се против вметнувањето на Бугарите во Уставот во услови кога официјална Софија тоа го наметна како услов и уцена за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ.

Носењето ваков документ нема никакво значење за успешно завршување на процесот на уставни промени, па токму и сите останати земји-членки да донесат вакви резолуции.

Зашто, суштината е во менувањето на преговарачката рамка, а тоа за власта во моментов изгледа невозможна мисија.

И не се ни обидува да стори нешто повеќе, сметајќи дека преговарачката рамка е Библија. Но, примерот на Србија и Косово кажува нешто сосема друго. ЕУ и САД објавија дека тоа што го договорија Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид ќе биде додадено во преговарачката рамка за Србија. Значи, ако се сака, се се може. 

Но, очигледно на Ковачевски му е најлесно да се предава и да крева раменици, а така не се стигнува до национален консензус. Од усвојувањето на т.н. француски, односно целосно бугарски предлог минаа цели 11 месеци, а власта за овој период не успеа да ги разубеди ни граѓаните, ни опозицијата во исправноста на својот потег, што повеќе од сигурно значи дека нешто големо навистина погрешила.

The post Без промена на преговарачката рамка бесцелно е и сите членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ни дадат гаранции за идентитетот appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Коавчевски и на вчерашната лидерска средба се обиде да продава магла. Овојпат со најавата дека до крајот на јуни ќе стигне политичка одлука на една од највлијателните земји-членки на ЕУ.
 -Една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ, ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура, кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет. Тоа ќе биде направено од страна на нивниот Парламент, како врвно законодавно тело во оваа држава, изјави вчера Ковачевски, но не наведувајќи за која држава станува збор.
Ваквата најава на премиерот, што и претходно во неколку наврати беше споменато и од него и од вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, не е во функција на олеснување на носењето на уставните промени. Напротив, тоа е обид за залажување на мнозинството граѓани, пред се етнички Маакедонци, кои со 80% се против вметнувањето на Бугарите во Уставот во услови кога официјална Софија тоа го наметна како услов и уцена за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Носењето ваков документ нема никакво значење за успешно завршување на процесот на уставни промени, па токму и сите останати земји-членки да донесат вакви резолуции. Зашто, суштината е во менувањето на преговарачката рамка, а тоа за власта во моментов изгледа невозможна мисија. И не се ни обидува да стори нешто повеќе, сметајќи дека преговарачката рамка е Библија. Но, примерот на Србија и Косово кажува нешто сосема друго. ЕУ и САД објавија дека тоа што го договорија Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид ќе биде додадено во преговарачката рамка за Србија. Значи, ако се сака, се се може.  Но, очигледно на Ковачевски му е најлесно да се предава и да крева раменици, а така не се стигнува до национален консензус. Од усвојувањето на т.н. француски, односно целосно бугарски предлог минаа цели 11 месеци, а власта за овој период не успеа да ги разубеди ни граѓаните, ни опозицијата во исправноста на својот потег, што повеќе од сигурно значи дека нешто големо навистина погрешила.

The post Без промена на преговарачката рамка бесцелно е и сите членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ни дадат гаранции за идентитетот appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Во моментов не постои шанса да се доближиме до две третини потребни за Уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-momentov-ne-postoi-shansa-da-se-doblizhime-do-dve-tretini-potrebni-za-ustavni-izmeni/ Fri, 27 Jan 2023 22:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=601810

Претседателот Стево Пендаровски смета дека во моментов, воопшто не постои шанса да има доближување до две третини мнозинство во Собранието потребни за промена на Уставот.

Објективната проценка е дека не можеме да стигнеме до две третини за промена на Уставот. Дали ќе се промени нешто во наредниот период ќе видиме. Тоа ќе се одвива пред се во убедување на оние кои се сега против, дека утре и они кога ќе дојдат на власт ќе го имаат истиот проблем доколку сакаат влез во ЕУ, а ако не се за влезот во ЕУ, тоа треба чесно на луѓето да им го кажат, истакна Пендаровски во гостувањето на „Топ Тема“.

Пендаровски напомена дека додавањето на народите во Уставот нема да ја наруши државата, ако на пример се додадат Црногорците, Хрватите, не само Бугарите, или евентуално делови од еврејската заедница.

Хрватска има над 20 народи ставени во Уставот и таму нема никаков проблем. Ако мене ме прашувате и ако сум јас денес пратеник, јас не утре туку денеска ќе гласам за такви уставни промени. Но, од она што го гледам во овој момент, воопшто не постои шанса да се доближиме до две третини потребни за промена на Уставот. Атмосферата е таква, од политичките изјави на многу од чинителите и на страна на опозицијата, но и од поединците од страна на владеачката коалиција кои јасно кажуваат под какви услови би гласале, а некои велат под никакви услови, додава претседателот.

Сепак, според Пендаровски, најбитно е што нема мегаломански барања во европската преговарачка рамка, за која се согласија 27 земји членки, вклучително и Република Бугарија. Тој смета дека друга рамка за преговорите нема да има, без разлика колку тие ќе траат.

The post Пендаровски: Во моментов не постои шанса да се доближиме до две третини потребни за Уставни измени appeared first on Република.

Владата ја усвои преговарачката структура, главен преговарач ќе биде Маричиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ja-usvoi-pregovarachkata-struktura-glaven-pregovarach-kje-bide-marichikj/ Mon, 05 Sep 2022 13:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=547661

Владата ја воспостави структурата за преговори со Европската Унија, а очекувањата според премиерот Димитар Ковачевски се земјава за осум години од сега, односно до 2030 година да стане полноправна членка на Унијата. Целта според премерот е достижна и реална, а за да се оствари како што кажа, потребна е целосна мобилизација на сите општествени сили, вклучително и на опозицијата.

Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година. Тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија. Тој процес, секако, ќе заврши со заштита на нашите интереси. Структурата на преговарачкиот тим е договорена и тој има целосна доверба во капацитетот на Секретаријатот за европски прашања да ги води и координира преговорите со Унијата, како и да се носи со сите предизвици. - Димитар Ковачевски – Претседател на Владата.

Преговарачкиот тим со Унијата ќе го води Вицепремиерот за евроинтегации Бојан Маричиќ. Појаснувајќи ја преговарачката структура, Маричиќ кажа дека покрај главен и заменик преговарач, ќе има и Комитет за преговори со кој ќе претседава премиерот, државна делегација за преговори на чело со шефот на дипломатијата Османи, а дополнително формирани се работни групи и помошни тела поделени по кластери. Во наредните денови како што кажа тој, ќе се дефинира и улогата на опозицијата.

Заради важноста и улогата на Собранието, неговата одлука ќе се дефинира со меѓусебен договорен акт во кој ќе биде дадена и дефинирана улогата на опозицијата. Во наредните денови се планирани средби со претседателот на националниот совет за евроинтеграции за што подаваме рака и опозицијата да се вклучи во овој процес.-Бојан Маричиќ – Вицепремиер за евроинтеграции.

Маричиќ додаде и дека Македонија е целосно подготвена за почеток на скрининг процесот кој се очекува да почне идната недела. По неговото завршување, треба да се одржи и втората меѓувладина конференција на која треба да се заврши фазата за оторање на преговорите. Нејзиното одржување, сепак е условено со вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав.

The post Владата ја усвои преговарачката структура, главен преговарач ќе биде Маричиќ appeared first on Република.