прегледи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregledi/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 07:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прегледи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregledi/ 32 32 Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nedela-na-besplatni-pregledi-i-konsultacii-na-pacientki-vo-menopauza-na-gak/ Mon, 17 Oct 2022 07:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=561914

По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.

Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба. Важно е, како што се наведува, на пациентките да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично.

Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби. Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените – годинава фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).

The post Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза. Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба. Важно е, како што се наведува, на пациентките да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично. Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби. Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените – годинава фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).

The post Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК appeared first on Република.

]]>