прегледи на Отворени финансии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregledi-na-otvoreni-finansii/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 14:21:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прегледи на Отворени финансии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pregledi-na-otvoreni-finansii/ 32 32 ДКСК: Опен фајнанс веќе не е транспарентен, особено во делот на вработени преку aгенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-open-fajnans-veke-ne-e-transparenten-osobeno-vo-delot-na-vraboteni-preku-agentsii/ Mon, 11 Sep 2023 14:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=680968

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДСКС) по сопствено наоѓање повела постапка по пишувањата на ИРЛ за тоа дека премиерот Димитар Ковачевски потрошил 26.000 евра за рекламирање на социјалните мрежи во првите сто дена од стапувањето на функцијата. Утврдено е дека парите не се од Буџетот туку од партијата СДСМ, а антикорупционерите на денешната седница изнесоа низа забелешки за недоволна транспаретност од страна на Кабинетот на прамиерот, како и за алатката Опен фајнанс.

Членот на ДКСК Шемши Салаи истакна дека на два пати биле испратени дописи до Владата од каде не добиле прецизни информации како е платена кампањата на премиерот на социјалните мрежи во првите сто дена велејќи дека тие не се директно платени од Буџетот, како и дека ДКСК податоците треба да ги бара од Мета (Фејсбук).

Во текот на дискусијата членот на ДКСК Катица Николовска рече дека при проверка е утврдено дека се работи за реклами платени од СДСМ, но потоа се отвори прашањето за тоа кој е донатор на партијата.

Таа алатка ја користиме за време на изборите. Тоа се бази на податоци преку Фејсбук и редовно има податоци за тоа кој ги плаќа тие реклами. Во овој случај вистина тоа е политичката партија СДСМ, рече Николовска.

Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска рече дека факт е дека премиерот се рекламира преку партијата, а кој е донатор на партијата тоа е друго прашање.

И Ивановска и претходно Салаи посочија дека алатката Опен фајнанс не обезбедува веќе транспаретни податоци.

Штом нема транспаретност и на најдобрите постапки се фрла сомнеж, рече Салаи.

Ивановска, пак, потенцира дека Опен фајнанс особено не обезбедува податоци во делот на вработени преку aгенции.

Па имаме превземање само преку aгенции, ја пишуваат само aгенцијата не ги пишуваат кои лица ги вработуваат, што значи Опен фајнанс наместо да ја зголемува транспаретноста и да овозможува подетални информации, прави според мене чекори назад и тоа не е во ред. Јас се согласувам да запре постапката, но наодите се тие, рече претседателката на ДКСК Ивановска.

Горан Трпеноски смета дека на тој начин, со рекламирањето на социјалните мрежи, има изигрување од страна на партиите и дека тоа треба на некој начин да се реши бидејќи тие како ДКСК немаат надлежност да проверат од каде се парите.

The post ДКСК: Опен фајнанс веќе не е транспарентен, особено во делот на вработени преку aгенции appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДСКС) по сопствено наоѓање повела постапка по пишувањата на ИРЛ за тоа дека премиерот Димитар Ковачевски потрошил 26.000 евра за рекламирање на социјалните мрежи во првите сто дена од стапувањето на функцијата. Утврдено е дека парите не се од Буџетот туку од партијата СДСМ, а антикорупционерите на денешната седница изнесоа низа забелешки за недоволна транспаретност од страна на Кабинетот на прамиерот, како и за алатката Опен фајнанс. Членот на ДКСК Шемши Салаи истакна дека на два пати биле испратени дописи до Владата од каде не добиле прецизни информации како е платена кампањата на премиерот на социјалните мрежи во првите сто дена велејќи дека тие не се директно платени од Буџетот, како и дека ДКСК податоците треба да ги бара од Мета (Фејсбук). Во текот на дискусијата членот на ДКСК Катица Николовска рече дека при проверка е утврдено дека се работи за реклами платени од СДСМ, но потоа се отвори прашањето за тоа кој е донатор на партијата.
Таа алатка ја користиме за време на изборите. Тоа се бази на податоци преку Фејсбук и редовно има податоци за тоа кој ги плаќа тие реклами. Во овој случај вистина тоа е политичката партија СДСМ, рече Николовска.
Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска рече дека факт е дека премиерот се рекламира преку партијата, а кој е донатор на партијата тоа е друго прашање. И Ивановска и претходно Салаи посочија дека алатката Опен фајнанс не обезбедува веќе транспаретни податоци.
Штом нема транспаретност и на најдобрите постапки се фрла сомнеж, рече Салаи.
Ивановска, пак, потенцира дека Опен фајнанс особено не обезбедува податоци во делот на вработени преку aгенции.
Па имаме превземање само преку aгенции, ја пишуваат само aгенцијата не ги пишуваат кои лица ги вработуваат, што значи Опен фајнанс наместо да ја зголемува транспаретноста и да овозможува подетални информации, прави според мене чекори назад и тоа не е во ред. Јас се согласувам да запре постапката, но наодите се тие, рече претседателката на ДКСК Ивановска.
Горан Трпеноски смета дека на тој начин, со рекламирањето на социјалните мрежи, има изигрување од страна на партиите и дека тоа треба на некој начин да се реши бидејќи тие како ДКСК немаат надлежност да проверат од каде се парите.

The post ДКСК: Опен фајнанс веќе не е транспарентен, особено во делот на вработени преку aгенции appeared first on Република.

]]>
Секој денар за изградбата на коридорите ќе биде објавен на Отворени финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sekoj-denar-za-izgradbata-na-koridorite-ke-bide-objaven-na-otvoreni-finansii/ Thu, 20 Apr 2023 10:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=632655

Нема грешки во чекорите, туку во објаснувањето на одредени работи, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во синоќешното гостување на телевизијата „21“. Според него, автопатските делници се нужни и требало да се изградат уште пред 20 години.

Североисточниот регион во којшто поминува Коридорот 8, а го градиме од пред шест години, е најсиромашниот дел во државата. А вториот најсиромашен регион е Полошкиот регион, додека трет е југозападниот регион, каде што исто така е предвидено да поминува коридорот. Со овој проект сакаме и економскиот развој да го поттикнеме“, вели Битиќи.

Тој додаде дека од желбата да се почне што побргу за да се надокнади изгубеното време се прават грешки во објаснувањето на одредени работи. Тој уверува дека секој денар што ќе биде потрошен за изградбата на автопатите за разлика од досегашната пракса, ќе биде објавен на „Отворени финансии“ и граѓаните ќе можат да видат колку пари се трошат. Тој рече дека договорот треба да биде јавен, освен делот за технолошките процеси кои на компанијата ѝ даваат уникатна предност пред другите компании.

The post Секој денар за изградбата на коридорите ќе биде објавен на Отворени финансии appeared first on Република.