предвремни парламентарни избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvremni-parlamentarni-izbori/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Jan 2023 10:24:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предвремни парламентарни избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvremni-parlamentarni-izbori/ 32 32 Мицкоски: Граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека ја води Македонија во погрешна насока, решението се предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-graganite-velat-deka-ovaa-vlada-e-neuspeshna-deka-ja-vodi-makedonija-vo-pogreshna-nasoka-reshenieto-se-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Tue, 03 Jan 2023 10:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=593081

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за „Вечер“ потенцираше дека потребни се предвремени парламентарни избори кои би се одржале најдоцна до средината на мај или во втората половина на мај. Според Мицкоски овие избори се потребни затоа што граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека оваа влада ја води Македонија во погрешна насока и дека оваа влада треба да си замине.

-Јас мислам дека најдоцна во јануари треба да има разврска ова сценарио за потенцијални предвремени парламентарни избори. Ако ме прашате зошто, затоа што ценам дека предвремените парламентарни избори би требало да се случат некаде во мај месец односно оваа пролет.За тоа да се случи потребно е во јануари да имаме политички и општествен консензус, веќе во февруари техничка влада таму некаде средината на февруари. Потоа влегуваме во два периода кои што се поврзани со големи верски празници, тоа е Рамазан и Велигден. И потоа по завршување на овие големи верски празници да отпочне процесот на кампања, тоа би значело крајот на април почеток на мај, и таму некаде во средината или втората половина на мај да имаме предвремени парламентарни избори.Затоа реков дека е потребен политички консензус бидејќи општествениот и граѓанскиот постојат. Кога велам дека постојат тоа може да се види на сите анкети многу јасно. Граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека оваа влада ја води Македонија во погрешна насока и дека оваа влада треба да си замине.Едноцифрени се бројките, кои што се позитивни за институциите кои што ги менаџира оваа влада и сето тоа кога ќе се собере можам да заклучам и дека императив треба да ни бидат предвремени парламентарни избори кои што би се одржале најдоцна до средината на мај или втората половина на мај, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа дека предвремени парламентарни избори не им одговараат на ДУИ и дека СДС е комплетно поданик на политиките на ДУИ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-dpmne-ke-osvoi-ogromno-mnozinstvo-od-glasovite-na-graganite-na-slednite-izbori-bez-razlika-kako-ke-nastapat-sdsm-i-dui/

-Јас знам кому најмногу не му одговара, тоа е Демократската унија за интеграција (ДУИ), бидејќи раководството на оваа партија е свесно дека во оваа ситуација во која што тие функционираат во Владата никогаш понатаму нема да се има.Денеска СДСМ е комплетно поданик на ДУИ и на политиките на ДУИ кои што во овој момент можам да заклучам се сѐ само не се државни, народни, и политики кои што ќе значат прогрес, просперитет и на државата како што вие кажавте и на граѓаните и на компаниите. И ценам дека колку побргу пратениците на СДСМ ќе бидат свесни во каква ситуација ги туркаат политички неискусното дуо Зечевиќ – Ковачевски во прегратките на ДУИ да бидат нивен сервис во исполнување на нивните политики и замисли толку потешко ќе биде за државата.Затоа тие треба да се одважат, да се охрабрат и во рамките на партијата на СДСМ да издејствуваат предвремени парламентарни избори, кои што би се случиле оваа пролет. Затоа што ценам дека тоа е единствениот начин, не за ВМРО да победи, не за ВМРО да дојде да формира Влада и да биде власт, туку тоа е единствениот начин на држaвава да и се спречи слободното паѓање, Македонија да почне прво да се стабилизира па потоа да има и некаков раст, а граѓаните да престанат да ја напуштаат сопствената држава во очај, во недоверба, во незадоволство, во разочараност, резигнираност, кажа претседателот Мицкоски.

Претседатеот Мицкоски додаде дека актуелната власта нема стратегија како да управував со државата, а тоа го покажува и усвојувањето на буџетот во парламентот кој се темели на инфлација и нереален економкси раст.

-Ова е единствениот начин. Според мене, не постои друг начин. Инаку ќе продолжи егзодусот, јас не гледам стратегија, уште помалку ја гледам таа стратегија во буџетот кој што беше усвоен во парламентот. Можеби ова е единствениот буџет кој што е усвоен и кој што се темели на закони кои што не се донесени. Има неизвесност дали тие воопшто ќе се донесат. И ова е можеби единствениот буџет во независна Македонија кој што се темели, односно неговото полнење се темели на инфлација и на нереален економски раст.Замислете богата влада, сиромашен граѓанин. На тој начин владата планира да ја развива Македонија. Ова ќе се изучува како негативен пример во книгите за макроекономија, но и ќе биде можеби една од најлошите економски години за нашата Македонија и ќе биде пример како не треба некоја идна политичка гарнитура да практикува власт, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека ја води Македонија во погрешна насока, решението се предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за „Вечер“ потенцираше дека потребни се предвремени парламентарни избори кои би се одржале најдоцна до средината на мај или во втората половина на мај. Според Мицкоски овие избори се потребни затоа што граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека оваа влада ја води Македонија во погрешна насока и дека оваа влада треба да си замине.
-Јас мислам дека најдоцна во јануари треба да има разврска ова сценарио за потенцијални предвремени парламентарни избори. Ако ме прашате зошто, затоа што ценам дека предвремените парламентарни избори би требало да се случат некаде во мај месец односно оваа пролет.За тоа да се случи потребно е во јануари да имаме политички и општествен консензус, веќе во февруари техничка влада таму некаде средината на февруари. Потоа влегуваме во два периода кои што се поврзани со големи верски празници, тоа е Рамазан и Велигден. И потоа по завршување на овие големи верски празници да отпочне процесот на кампања, тоа би значело крајот на април почеток на мај, и таму некаде во средината или втората половина на мај да имаме предвремени парламентарни избори.Затоа реков дека е потребен политички консензус бидејќи општествениот и граѓанскиот постојат. Кога велам дека постојат тоа може да се види на сите анкети многу јасно. Граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека оваа влада ја води Македонија во погрешна насока и дека оваа влада треба да си замине.Едноцифрени се бројките, кои што се позитивни за институциите кои што ги менаџира оваа влада и сето тоа кога ќе се собере можам да заклучам и дека императив треба да ни бидат предвремени парламентарни избори кои што би се одржале најдоцна до средината на мај или втората половина на мај, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски укажа дека предвремени парламентарни избори не им одговараат на ДУИ и дека СДС е комплетно поданик на политиките на ДУИ. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-dpmne-ke-osvoi-ogromno-mnozinstvo-od-glasovite-na-graganite-na-slednite-izbori-bez-razlika-kako-ke-nastapat-sdsm-i-dui/  
-Јас знам кому најмногу не му одговара, тоа е Демократската унија за интеграција (ДУИ), бидејќи раководството на оваа партија е свесно дека во оваа ситуација во која што тие функционираат во Владата никогаш понатаму нема да се има.Денеска СДСМ е комплетно поданик на ДУИ и на политиките на ДУИ кои што во овој момент можам да заклучам се сѐ само не се државни, народни, и политики кои што ќе значат прогрес, просперитет и на државата како што вие кажавте и на граѓаните и на компаниите. И ценам дека колку побргу пратениците на СДСМ ќе бидат свесни во каква ситуација ги туркаат политички неискусното дуо Зечевиќ – Ковачевски во прегратките на ДУИ да бидат нивен сервис во исполнување на нивните политики и замисли толку потешко ќе биде за државата.Затоа тие треба да се одважат, да се охрабрат и во рамките на партијата на СДСМ да издејствуваат предвремени парламентарни избори, кои што би се случиле оваа пролет. Затоа што ценам дека тоа е единствениот начин, не за ВМРО да победи, не за ВМРО да дојде да формира Влада и да биде власт, туку тоа е единствениот начин на држaвава да и се спречи слободното паѓање, Македонија да почне прво да се стабилизира па потоа да има и некаков раст, а граѓаните да престанат да ја напуштаат сопствената држава во очај, во недоверба, во незадоволство, во разочараност, резигнираност, кажа претседателот Мицкоски.
Претседатеот Мицкоски додаде дека актуелната власта нема стратегија како да управував со државата, а тоа го покажува и усвојувањето на буџетот во парламентот кој се темели на инфлација и нереален економкси раст.
-Ова е единствениот начин. Според мене, не постои друг начин. Инаку ќе продолжи егзодусот, јас не гледам стратегија, уште помалку ја гледам таа стратегија во буџетот кој што беше усвоен во парламентот. Можеби ова е единствениот буџет кој што е усвоен и кој што се темели на закони кои што не се донесени. Има неизвесност дали тие воопшто ќе се донесат. И ова е можеби единствениот буџет во независна Македонија кој што се темели, односно неговото полнење се темели на инфлација и на нереален економски раст.Замислете богата влада, сиромашен граѓанин. На тој начин владата планира да ја развива Македонија. Ова ќе се изучува како негативен пример во книгите за макроекономија, но и ќе биде можеби една од најлошите економски години за нашата Македонија и ќе биде пример како не треба некоја идна политичка гарнитура да практикува власт, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека ја води Македонија во погрешна насока, решението се предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
Николоски: Предвремени парламентарни избори се потребни поради националнотo понижување и економската катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-predvremeni-parlamentarni-izbori-se-potrebni-poradi-nacionalnoto-ponizuvanje-i-ekonomskata-katastrofa/ Fri, 26 Aug 2022 17:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=544539

„Предвремени парламентарни избори треба да се случат, за да народот го каже сопственото мислење. Мене ми е јасно дека СДСМ се соочени со катастрофално нискиот рејтинг кој што го имаат и молат Господ да не се случат предвремени парламентарни избори, не затоа што би можеле на било што да се надеваат на редовни избори бидејќи знаат дека и на тие избори ќе бидат катастрофално поразени, туку за да добијат уште некоја година или година и половина да продолжат да ја пустошат и да ја крадат Македонија. А, нема ден, нема час да не видиме или тендер со еден учесник каде што магично ниедна друга компанија освен таа која што добива не се пријавува на тендерот, или пак да видиме договори во четири очи. Што значи дека оваа Влада односно конкретно СДСМ се однесува како или сега или никогаш во делот на злоупотреба и крадење, има една масовна пљачка на сите нивоа на власта која што се случува и за која што ќе се одговара после предвремените парламентарни избори“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во гостување во дневникот на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека во моментов поради неспособноста на власта граѓаните плаќаат повисоки сметки за електрична енергија за 50-тина проценти, а фирмите плаќаат сметки повисоки некаде од 300 до 500%.

„Во однос на економскиот дел сето она кое што го зборувавме наназад веќе се реализира, сметките кај граѓаните стигаат, кои што се некаде за 50-тина проценти повисоки од она што го плаќаа претходно. А, сметките па кај компаниите се некаде 300 до 500% повисоки, односно фирмите плаќаат од 3 до 5 пати повеќе за електрична енергија, што на еден краток рок ќе донесе до отпуштања, бројни отпуштања на работници од овие фирми. И граѓаните ќе останат на улица, и ќе немаат буквално како да ги прехранат сопствените семејства во текот на зимава“, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Така што оваа комбинација на национално понижување, и на економска катастрофа проследена со криминалот покажува какви неспособни криминалци ја водат во моментов Македонија и тоа е основната причина зошто се потребни предвремени парламентарни избори“, рече Николоски.

The post Николоски: Предвремени парламентарни избори се потребни поради националнотo понижување и економската катастрофа appeared first on Република.

Извор од ДУИ најавува: Предвремени избори ако во јуни нема датум за преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izvor-od-dui-najavuva-predvremeni-izbori-ako-vo-juni-nema-datum-za-pregovori/ Tue, 17 May 2022 08:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=503206

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), соопштил извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД политик“.

Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори-наведува албанскиот медиум.

Уште се наведува дека доколку дојде до избори ДУИ нема да оди со ниту една од партиите на Македонците, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

„Република“ побара коментар од ДУИ, но засега немаме одговор.

Гласовите на ДУИ се неопходни за распуштање на Собранието бидејќи имаат 15 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се изјаснија дека предвремени избори се неопходни бидејќи земјата оди во погрешна насока.Лидерот на Алијанса смета дека избори ќе има веќе во октомври оваа година.

The post Извор од ДУИ најавува: Предвремени избори ако во јуни нема датум за преговори appeared first on Република.

]]>

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), соопштил извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД политик“. Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори-наведува албанскиот медиум. Уште се наведува дека доколку дојде до избори ДУИ нема да оди со ниту една од партиите на Македонците, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. „Република“ побара коментар од ДУИ, но засега немаме одговор. Гласовите на ДУИ се неопходни за распуштање на Собранието бидејќи имаат 15 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се изјаснија дека предвремени избори се неопходни бидејќи земјата оди во погрешна насока.Лидерот на Алијанса смета дека избори ќе има веќе во октомври оваа година.  

The post Извор од ДУИ најавува: Предвремени избори ако во јуни нема датум за преговори appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум за се да разговарам, па и за избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nemam-namera-nikogo-da-ucenuvam-podgotven-sum-za-se-da-razgovaram-pa-i-za-izbori/ Wed, 11 May 2022 19:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=501187

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин да се уцени владата во распишување предвремени парламентарни избори.

Прво тоа не е дел од мојот карактер, второ, претпоставувам дека тој прави реминисценција на едни други времиња кога во 2014, 2015, еден друг политичар го уценуваше тогашниот премиер. Јас не сум таков човек, јас немам намера никого да уценувам, тврди Мицкоски.

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Не треба сега да се пазариме, ова не е шведска маса, ова се проблемите кои што ги констатиравме. Ниту јас ниту Ковачевски имаме време на претек да се седи сега и да се разговара секој ден по 10 пати на различни теми. ќе седнеме еден, два, три денови, колку е потребно, и ќе разговараме на сите теми. Јас немам проблем да разговарам за се, но морам да разговарам и за предвремени парламентарни избори, прво затоа што тоа народот го очекува тоа од нас, второ затоа што огромно мнозинство од граѓаните, повеќе од 75 проценти, велат дека државата оди во погрешна насока и оваа влада мора да си замине. Ако ми верувате, на сите истражувања поддршката за владата е едноцифрена, што значи дека и оние природно што ги подржуваат другите коалициски партии, како ДУИ, Алтернатива, или помалите партии во коалицијата, ниту тие не ја поддржуваат владата, дециден е Мицкоски.

Соочен со фактот дека досега ниту една блокада на Собранието не му донела изборна победа на тој што блокира, Мицкоски тврди дека моменталната ситуација е драстично поразлична од претходно.

Во 2021 година, октомври-ноември, опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и ВМРО-ДПМНЕ досега се однесуваше одговорно, чекаше потег и молеше за средба. Јас уште лани летото зборував дека ќе имаме проблеми со струјата, дека ќе ни се случуваат овие работи, дека работата не оди како што треба. Тогаш сите се подигруваа, односно се обидуваа да бидат мачо политичари, дури и тие што сега веќе не се активни во политката. Гледам дека по истиот тек продолжува и ковачевски. Ние сме подготвени да седнеме на тие средби во било каков формат. Затоа што цениме, а и народот тоа го кажува, дека оваа влада е проблемот.

The post Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум за се да разговарам, па и за избори appeared first on Република.

Мицкоски му даде рок до 10 мај на Ковачевски да одредат датум за предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-mu-dade-rok-do-10-maj-na-kovachevski-da-odredat-datum-za-predvremeni-izbori/ Thu, 28 Apr 2022 12:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=494748

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предложи на премиерот Димитар Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори, кои, како што рече, би биле природно решение за „катастрофалните состојби во кои се наоѓа земјата“. Тој на Ковачевски му остави рок до 10 мај да се изјасни, а доколку премиерот го одбие предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“.

На тој состанок, нагласи Мицкоски, ќе предложам и четири тима од ВМРО-ДПМНЕ составени од луѓе со искуство и луѓе кои се покажале во минатото, во четири акутни области – економија, надворешна политика, здравство и образование, во кои се детектирани клучни акутни проблеми во моментот во земјата.

Овие тимови ќе работат со тимови во власта во меѓупериодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори, про боно без никаков надомест и никакви привилегии. Тука сме да и помогнеме на Македонија кога и е најтешко, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Ова, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе овозможи да се решат „акутните проблеми во општеството и да се ослободат граѓаните од тензијата во која живеат“. А потоа, нагласи тој, на предвремените парламентарни избори народот нека одлучи во каква држава сака да живее и каква иднина сака да има.

Не барам Ковачевски да брза. Нека размисли, знам дека ќе го советуваат да одбие. Но, нека размисли, нека преспие, нека се советува со повеќе луѓе. Очекувам одговор во следните десетина дена. Нека биде краен рок 10 мај – вторник. Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа што ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава, а потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори, рече Мицковски.

Ако премиерот ја одбие понудата, според Мицковски, ќе се покажело дека државата нема лидерство, а народот ќе морал „да дојде по своето, затоа што сето ова како што имало почеток има и крај“.

Тој од македонските граѓани побара обединување и поддршка околу политиките на ВМРО-ДПМНЕ, за како што рече, „да може да се порази власта на следните предвремени парламентарни избори и за да може да бидат исправени грешките од изминатите пет години“.

Барам да бидете сите вие високо свесни, целосно да ги разберете околностите во кои се наоѓа Македонија и важноста за тоа дека сега во овие моменти сите ние немаме право на грешка, бидејќи грешната проценка, раситнувањето на обединетата сила на народот прескапо ќе ја чини земјата, но и дека кога е најтешко ВМРО-ДПМНЕ секогаш било со народот, со Македонија, па дури потоа сме ги ставале партиските интереси во фокусот. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и не го заборавајте моментот дека ВМРО-ДПМНЕ постои за Македонија. И мојата цел е да се обедини народот, на едната страна, ние обичните луѓе на нашата Македонија, на другата, осамени корумпираната елита од власта која мора да падне, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на прес-конференцијата се осврна и на прашањето за преговорите со Бугарија истакнувајќи притоа дека е неприфатливо да се дозволува соседните држави да се мешаат во нашите внатрешни работи, па откако „ќе ги исполниме критериумите за ЕУ, да мора да ги исполниме и критериумите на Петков, кои се за негова домашна употреба“.

Петков штити свои државни интереси, проблемот е што недостасува заштита на македонските интереси. Зад овие интереси не стои нашата држава и нејзините институции. И ако условот е да се исполнат сите бугарски барања, кои ќе значат исполнување на нивната бугарска декларација, на наша штета, тоа е нешто со кое ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи ниту пак да се помири. И ако има отворање на Уставот, чин со кој е предвидено дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата на истиот, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност. Повторувам, да се знае сега, нема тоа да го поддржиме и нема тоа да помине, рече Мицковски.

Мицковски вели дека е свесен оти Ковачевски е „подготвен да потпише се“ и оти само чека да види дали ќе може тоа да го помине во Бугарија.

И тоа најверојатно во овој пластелин, нашиот вештачки Парламент ќе помине, но за промени во Уставот им требаат две третини, тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски му даде рок до 10 мај на Ковачевски да одредат датум за предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предложи на премиерот Димитар Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори, кои, како што рече, би биле природно решение за „катастрофалните состојби во кои се наоѓа земјата“. Тој на Ковачевски му остави рок до 10 мај да се изјасни, а доколку премиерот го одбие предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“. На тој состанок, нагласи Мицкоски, ќе предложам и четири тима од ВМРО-ДПМНЕ составени од луѓе со искуство и луѓе кои се покажале во минатото, во четири акутни области – економија, надворешна политика, здравство и образование, во кои се детектирани клучни акутни проблеми во моментот во земјата.
Овие тимови ќе работат со тимови во власта во меѓупериодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори, про боно без никаков надомест и никакви привилегии. Тука сме да и помогнеме на Македонија кога и е најтешко, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.
Ова, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе овозможи да се решат „акутните проблеми во општеството и да се ослободат граѓаните од тензијата во која живеат“. А потоа, нагласи тој, на предвремените парламентарни избори народот нека одлучи во каква држава сака да живее и каква иднина сака да има.
Не барам Ковачевски да брза. Нека размисли, знам дека ќе го советуваат да одбие. Но, нека размисли, нека преспие, нека се советува со повеќе луѓе. Очекувам одговор во следните десетина дена. Нека биде краен рок 10 мај – вторник. Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа што ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава, а потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори, рече Мицковски.
Ако премиерот ја одбие понудата, според Мицковски, ќе се покажело дека државата нема лидерство, а народот ќе морал „да дојде по своето, затоа што сето ова како што имало почеток има и крај“. Тој од македонските граѓани побара обединување и поддршка околу политиките на ВМРО-ДПМНЕ, за како што рече, „да може да се порази власта на следните предвремени парламентарни избори и за да може да бидат исправени грешките од изминатите пет години“.