предвремено родени деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvremeno-rodeni-deca/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 11:27:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предвремено родени деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvremeno-rodeni-deca/ 32 32 Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа Денот на предвремено родени бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klinika-zhan-mitrev-so-violetovi-svetla-go-odbelezha-denot-na-predvremeno-rodeni-bebina/ Mon, 18 Nov 2024 11:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=839128

Во знак на одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, помош и поддршка за малите херои и нивните семејства, Клиника Жан Митрев на 17 ноември се осветли во виолетова боја. Оваа година се одбележува под мотото „Мали дела, ГОЛЕМ ИМПАКТ: Непосреден контакт кожа на кожа за секое бебе, секаде“ што ја потенцира важноста од оваа техника која се покажува како ефективна, особено за предвреме родените бебиња.

Предвремено родените бебиња се најмали но истовремено и најголемите борци и затоа секој 17 ноември се одбележува со разни активности со цел да ја подигне свесноста за предвременото раѓање и предизвиците со кои се соочуваат децата и семејствата.

Предвременото раѓање е глобален проблем кој се јавува во сите држави на светот. А статистиката вели дека едно од 10 бебиња се раѓа предвреме. Според Светската здравствена организација за предвреме родени бебиња се сметаат оние кои се родени пред завршување на 37мата гестациска недела (ГН) од вкупно 40 на целосна бременост. Сите овие бебиња се изложени на ризик од различни здравствени компликации. Затоа на овој ден, се организираат различни активности, вклучувајќи кампањи, семинари и настани за поддршка. Крајната цел е да се создадат подобри услови за предвремено родените деца и да им се обезбеди правилен развој, а истовремено да се подигне свеста во јавноста за предизвиците и потребите на овие мали борци.

Одбележувањето на овој ден е важен чекор кон подобрување на животот на предвремено родените деца и нивните семејства, нудејќи им надеж и поддршка во нивниот пат кон здрав развој, раст и благосостојба. Затоа активностите поврзани со прематурните бебиња во Клиника Жан Митрев продолжуваат во текот на цел ноември.

Неодамна во Клиника Жан Митрев се отвори Центарот за мајка и бебе и досега, природно и со царски рез се родени 5 бебиња. Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим кои се на располагање во секое време за грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.

The post Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа Денот на предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>

Во знак на одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, помош и поддршка за малите херои и нивните семејства, Клиника Жан Митрев на 17 ноември се осветли во виолетова боја. Оваа година се одбележува под мотото „Мали дела, ГОЛЕМ ИМПАКТ: Непосреден контакт кожа на кожа за секое бебе, секаде“ што ја потенцира важноста од оваа техника која се покажува како ефективна, особено за предвреме родените бебиња. Предвремено родените бебиња се најмали но истовремено и најголемите борци и затоа секој 17 ноември се одбележува со разни активности со цел да ја подигне свесноста за предвременото раѓање и предизвиците со кои се соочуваат децата и семејствата. Предвременото раѓање е глобален проблем кој се јавува во сите држави на светот. А статистиката вели дека едно од 10 бебиња се раѓа предвреме. Според Светската здравствена организација за предвреме родени бебиња се сметаат оние кои се родени пред завршување на 37мата гестациска недела (ГН) од вкупно 40 на целосна бременост. Сите овие бебиња се изложени на ризик од различни здравствени компликации. Затоа на овој ден, се организираат различни активности, вклучувајќи кампањи, семинари и настани за поддршка. Крајната цел е да се создадат подобри услови за предвремено родените деца и да им се обезбеди правилен развој, а истовремено да се подигне свеста во јавноста за предизвиците и потребите на овие мали борци. Одбележувањето на овој ден е важен чекор кон подобрување на животот на предвремено родените деца и нивните семејства, нудејќи им надеж и поддршка во нивниот пат кон здрав развој, раст и благосостојба. Затоа активностите поврзани со прематурните бебиња во Клиника Жан Митрев продолжуваат во текот на цел ноември. Неодамна во Клиника Жан Митрев се отвори Центарот за мајка и бебе и досега, природно и со царски рез се родени 5 бебиња. Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим кои се на располагање во секое време за грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.

The post Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа Денот на предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>
Малиот борец Тони по 58 дена борба си замина дома во Кочани https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/maliot-borets-toni-po-58-dena-borba-si-zamina-doma-vo-kochani/ Mon, 29 Jan 2024 21:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=738343

И нашиот Тони си замина дома во Кочани по 58 дена борба и предизвици на одделот за интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ГАК – Скопје, велат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје.

Тони е роден предвремено, во 31-та гестациска недела со само 1100 грама.

На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки успешно се избори со сѐ она што ги носи предвременото раѓање и со 1840 грама првпат влезе во својот дом.
Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје.
Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете, му посакаа од клиниката.

The post Малиот борец Тони по 58 дена борба си замина дома во Кочани appeared first on Република.

]]>

И нашиот Тони си замина дома во Кочани по 58 дена борба и предизвици на одделот за интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ГАК – Скопје, велат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје. Тони е роден предвремено, во 31-та гестациска недела со само 1100 грама.
На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки успешно се избори со сѐ она што ги носи предвременото раѓање и со 1840 грама првпат влезе во својот дом. Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје. Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете, му посакаа од клиниката.

The post Малиот борец Тони по 58 дена борба си замина дома во Кочани appeared first on Република.

]]>
„Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – задолжително четиво за родителите на предвремено родените деца од Ина Многуфина https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koja-nedela-beshe-ti-28-aaaa-ne-se-nadevaj-mnogu-spremi-se-na-najloshto-zadolzitelno-chetivo-za-roditelite-na-predvremeno-rodenite-deca-od-ina-mnogufina/ Fri, 18 Nov 2022 11:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=575387

Како да не е доволен стресот од самото породување кое започнало месец два порано и борбата која што ги чека, наместо да бидат подготвени за тоа, мајките за почеток се соочуваат со недостаток на емпатија од болничкиот персонал (секоја чест на исклучоците).

Вака во текстот посветен на децата борци и родителите херои активистката Ина Многуфина на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предвремено родените бебиња раскажува со што сѐ се соочуваат родителите на овие бебиња и прашува - дали Македонија може подобро?

Зошто плачеш, знаеш дека те осеќа?“ – Фино да ѝ се набие грижа на совест на мајката зошто е исплашена и дека сега со плачењето уште повеќе си го стресира бебето…права немајка, место да стисне заби седнала плаче.

Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – Како да можеш навистина да се спремиш дека детето ќе ти почине и да кажеш ок тоа е сеа ајде идеме даље, дајте ново дете ова не го бива.

Тууу како не издржа уште малку“ – Пошто така ти текнало да го родиш порано, а не дека дошло до компликација во бременост.

Чекај да го видиме глушецот каде е“ – додека те ставаат на ЦТГ за да се видат тоновите на бебето и еден куп слични примери секако нема да ја окуражат мајката и да ѝ пружат утеха во моментите кога има илјада и едно прашање во глава, кога си го преиспитува буквално секој момент од бременоста да не случајно таа придонела до предвремено породување и додека си ја јаде душата зошто не издржав бар уште една недела…уште 10 дена.

Потоа следи безнадежниот поглед на докторите кои проаѓаат на визита или кога си предаваат смена, а кој говори погласно од зборови дека за да ти преживее бебето родено во Македонија во 26, 27, 28, 29 недела е рамно на чудо. Најверојатно затоа што знаат со какви капацитети на опрема и персонал располага државата и колкав е степенот на смртност на овие бебиња кај нас. Ако во западните земји скоро сите овие бебиња преживуваат, Македонија мака мачи со намалување на процентите на смртност.

Е сега ако мислите дека агонијата завршила со раѓањето на бебето и неговото згрижување на Интензивна нега, сте се излажале. Тука, баш тука сагата на родителите почнува да се развива пред да ја достигне својата кулминација со одењето дома без бебе.

Додека во светот се инсистира мајката да е со бебето до инкубатор, таа да се грижи за него, да се практицира кенгуринг за бебенцето да се „насади“ со нејзини бактерии, во Македонија овие мајки не ни можат да ги видат своите деца. Имаат само 5 минути да ги ѕирнат додека лежат во болница АМА само од страна без никако да го допрат инкубаторот каде се наоѓа нивното чедо. Па затоа наместо со бактерии од мајката, кај нас се насадуваат со болнички бактерии па се малтене скоро сите септични и колку помали покревки толку помала шанса имаат да се изборат со сепса.

Целиот текст на Ина Многуфина

The post „Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – задолжително четиво за родителите на предвремено родените деца од Ина Многуфина appeared first on Република.

]]>

Како да не е доволен стресот од самото породување кое започнало месец два порано и борбата која што ги чека, наместо да бидат подготвени за тоа, мајките за почеток се соочуваат со недостаток на емпатија од болничкиот персонал (секоја чест на исклучоците). Вака во текстот посветен на децата борци и родителите херои активистката Ина Многуфина на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предвремено родените бебиња раскажува со што сѐ се соочуваат родителите на овие бебиња и прашува - дали Македонија може подобро? „Зошто плачеш, знаеш дека те осеќа?“ – Фино да ѝ се набие грижа на совест на мајката зошто е исплашена и дека сега со плачењето уште повеќе си го стресира бебето…права немајка, место да стисне заби седнала плаче. „Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – Како да можеш навистина да се спремиш дека детето ќе ти почине и да кажеш ок тоа е сеа ајде идеме даље, дајте ново дете ова не го бива. „Тууу како не издржа уште малку“ – Пошто така ти текнало да го родиш порано, а не дека дошло до компликација во бременост. „Чекај да го видиме глушецот каде е“ – додека те ставаат на ЦТГ за да се видат тоновите на бебето и еден куп слични примери секако нема да ја окуражат мајката и да ѝ пружат утеха во моментите кога има илјада и едно прашање во глава, кога си го преиспитува буквално секој момент од бременоста да не случајно таа придонела до предвремено породување и додека си ја јаде душата зошто не издржав бар уште една недела…уште 10 дена. Потоа следи безнадежниот поглед на докторите кои проаѓаат на визита или кога си предаваат смена, а кој говори погласно од зборови дека за да ти преживее бебето родено во Македонија во 26, 27, 28, 29 недела е рамно на чудо. Најверојатно затоа што знаат со какви капацитети на опрема и персонал располага државата и колкав е степенот на смртност на овие бебиња кај нас. Ако во западните земји скоро сите овие бебиња преживуваат, Македонија мака мачи со намалување на процентите на смртност. Е сега ако мислите дека агонијата завршила со раѓањето на бебето и неговото згрижување на Интензивна нега, сте се излажале. Тука, баш тука сагата на родителите почнува да се развива пред да ја достигне својата кулминација со одењето дома без бебе. Додека во светот се инсистира мајката да е со бебето до инкубатор, таа да се грижи за него, да се практицира кенгуринг за бебенцето да се „насади“ со нејзини бактерии, во Македонија овие мајки не ни можат да ги видат своите деца. Имаат само 5 минути да ги ѕирнат додека лежат во болница АМА само од страна без никако да го допрат инкубаторот каде се наоѓа нивното чедо. Па затоа наместо со бактерии од мајката, кај нас се насадуваат со болнички бактерии па се малтене скоро сите септични и колку помали покревки толку помала шанса имаат да се изборат со сепса. Целиот текст на Ина Многуфина

The post „Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – задолжително четиво за родителите на предвремено родените деца од Ина Многуфина appeared first on Република.

]]>