предвремени избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvremeni-izbori/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 09:42:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предвремени избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvremeni-izbori/ 32 32 Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ako-izgubime-na-lokalni-vednash-svikuvame-predvremeni-ama-ako-izgubi-opozitsijata/ Wed, 20 Nov 2024 09:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=839839

На локалните избори ќе видиме каков ќе биде резултатот на опозицијата и ако биде добар, а ние како Влада бидеме поразени, веднаш ќе побарам распуштање на Парламентот и организирање предвремени парламентарни избори, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во интервјуто за Радио Телевизија Косово, Мицкоски посочи дека разликата во рејтинзите како партии е 5:1, а во однос на личните рејтинзи со лидерот на опозицијата 10:1.

Локалните избори што треба да се одржат догодина за неполни десет месеци, според Мицкоски, се првиот тест.

Не е проблем да одиме на избори, бројките ќе бидат исти, можеби и полоши. Оваа Влада има легитимитет за четири години да го испорача тоа што го ветила кај граѓаните, но ако е потребно да се оди на избори и ако сметаат дека треба да се оди на избори, ние уште утре сме подготвени да одиме на избори. Догодина, за нецели десет месеци имаме локални избори. Тоа е првиот тест. Ако на локалните избори добиеме црвен картон од граѓаните веднаш свикуваме предвремени парламентарни избори, но ако добие опозицијата, конечно нека се реорганизира, вели Мицкоски.

Прашањето за предвремени парламентарни избори се покрена откако лидерот на опозицискиот СДСМ Венко Филипче од собраниската говорница за време на седницата за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да го врати мандатот затоа што не ги исполнил ветувањата.

The post Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата… appeared first on Република.

]]>

На локалните избори ќе видиме каков ќе биде резултатот на опозицијата и ако биде добар, а ние како Влада бидеме поразени, веднаш ќе побарам распуштање на Парламентот и организирање предвремени парламентарни избори, вели премиерот Христијан Мицкоски. Во интервјуто за Радио Телевизија Косово, Мицкоски посочи дека разликата во рејтинзите како партии е 5:1, а во однос на личните рејтинзи со лидерот на опозицијата 10:1. Локалните избори што треба да се одржат догодина за неполни десет месеци, според Мицкоски, се првиот тест.
Не е проблем да одиме на избори, бројките ќе бидат исти, можеби и полоши. Оваа Влада има легитимитет за четири години да го испорача тоа што го ветила кај граѓаните, но ако е потребно да се оди на избори и ако сметаат дека треба да се оди на избори, ние уште утре сме подготвени да одиме на избори. Догодина, за нецели десет месеци имаме локални избори. Тоа е првиот тест. Ако на локалните избори добиеме црвен картон од граѓаните веднаш свикуваме предвремени парламентарни избори, но ако добие опозицијата, конечно нека се реорганизира, вели Мицкоски.
Прашањето за предвремени парламентарни избори се покрена откако лидерот на опозицискиот СДСМ Венко Филипче од собраниската говорница за време на седницата за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да го врати мандатот затоа што не ги исполнил ветувањата.

The post Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата… appeared first on Република.

]]>
Владата на Србија побара распуштање на Собранието и распишување избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-srbija-pobara-raspushtane-na-sobranieto-i-raspishuvane-izbori/ Mon, 30 Oct 2023 21:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=696459

Владата на Србија упати образложен предлог до претседателот на Републиката за распуштање на Народното собрание и распишување избори за пратеници, јави дописникот на МИА од Белград.

Одржувањето нови парламентарни избори во постојните околности би обезбедило повисок степен на демократија, намалување на тензиите создадени помеѓу спротивставените опции во општеството, отфрлање на ексклузивноста и говорот на омраза и афирмирање на правото на слободно изразување мислења и ставови за одредени политички, економски и други прашања, вклучително и натамошна афирмација на европските вредности, се наведува во соопштението на Владата на Србија.

Во предлогот за распуштање на парламентот, меѓу другото, се наведува дека неодамна имало барања од дел од јавноста да се распишат нови, вонредни избори за пратеници, а дека на 11 септември дел од опозициските политички партии вакво барање поднесоа до претседателот на Републиката.

Владата, тргнувајќи пред се од ова барање, зазеде став дека спроведувањето на изборниот процес, како еден од основните постулати на едно демократско општество, ќе биде добра можност да се разгледа политичката сила на аргументите, досегашните резултати и плановите на сите актери на политичката сцена и да им овозможи на граѓаните слободно да ја изразат својата волја во која насока треба да се движи Република Србија, се наведува во соопштението.

Исто така, на седницата членовите на Владата донесоа одлуки за распуштање на Собранието на град Белград и формирање на Привремена управа на град Белград, а исти одлуки беа донесени и за уште 64 градови и локални самоуправи во Србија.

The post Владата на Србија побара распуштање на Собранието и распишување избори appeared first on Република.

]]>

Владата на Србија упати образложен предлог до претседателот на Републиката за распуштање на Народното собрание и распишување избори за пратеници, јави дописникот на МИА од Белград.
Одржувањето нови парламентарни избори во постојните околности би обезбедило повисок степен на демократија, намалување на тензиите создадени помеѓу спротивставените опции во општеството, отфрлање на ексклузивноста и говорот на омраза и афирмирање на правото на слободно изразување мислења и ставови за одредени политички, економски и други прашања, вклучително и натамошна афирмација на европските вредности, се наведува во соопштението на Владата на Србија.
Во предлогот за распуштање на парламентот, меѓу другото, се наведува дека неодамна имало барања од дел од јавноста да се распишат нови, вонредни избори за пратеници, а дека на 11 септември дел од опозициските политички партии вакво барање поднесоа до претседателот на Републиката. Владата, тргнувајќи пред се од ова барање, зазеде став дека спроведувањето на изборниот процес, како еден од основните постулати на едно демократско општество, ќе биде добра можност да се разгледа политичката сила на аргументите, досегашните резултати и плановите на сите актери на политичката сцена и да им овозможи на граѓаните слободно да ја изразат својата волја во која насока треба да се движи Република Србија, се наведува во соопштението. Исто така, на седницата членовите на Владата донесоа одлуки за распуштање на Собранието на град Белград и формирање на Привремена управа на град Белград, а исти одлуки беа донесени и за уште 64 градови и локални самоуправи во Србија.

The post Владата на Србија побара распуштање на Собранието и распишување избори appeared first on Република.

]]>
И Гаши и Касами сметаат дека се потребни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-gashi-i-kasami-smetaat-deka-se-potrebni-izbori/ Sun, 20 Aug 2023 14:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=673916

Се погласни се повиците за предвремени избори. Покрај најголемата опозициска партија, ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводат, предвремени избори се почесто бараат и од албанскиот политички блок. На зеднички прес-конфернеции, интервјуа и изјави, лидерите на малцинските партии не заборават да повторат оти е потребно Собранието да се распуши што поскоро и да се организираат предвремени парламентарни избори.

Откако тоа заедно го соопштија претседателите на Алијанса, Алтернатива и Демократско Движење пред македонското собрание, еден ден пред да почне седницата за уставни измени, лидерот на Алтернатива Африм Гаши го повтори ставот во интервју за Алсат, каде вели дека власта го има истрошено својот политички капацитет при несупешниот обид за измени на уставот, поради што повеќе нема смисла зошто да се на власт.

Ако не поминат уставните измени во оваа фаза, ако не се гласа за потребата за уставни измени, тогаш ќе биде евидентно дека нема двотретинско мнозинство за да се продолжи со процесот. Тогаш нема никаква смисла оваа Влада, ова владино мнозинство и овој состав на Парламентот, не за Владата, туку составот на Парламентот, ние треба да сфатиме дека овој состав на Парламентот не сака да се направат уставните измени. Тоа што треба да го направиме ние е итно да одиме на избори, да имаме нов состав, изјави во интервју за ТВ Алсат, претседателот на партијата Алтернатива, Африм Гаши.

Тој предлага тоа да се случи уште оваа есен и да се даде можност на нов владин состав, во кој нема да учествува ДУИ, да го надмине ќорокакот во кој се најде Македонија по последната собраниска седница.

Идејата е на есен да има избори и на крајот на есента да имаме нов состав на Парламентот и да продолжат со процесот таму кај што е застанат, да гласаме за потребата за уставни измени за веднаш потоа да се отворат поглавјата и да продолжи процесот за што поскора интеграција на земјата во ЕУ, додаде Гаши.

На иста линија е и претседателот на Беса, Биљал Касами, кој вели дека го исполниле условот на ДУИ за предвремени избори, од каде бараа окрупнување на албнскиот опозициски блок.

Се надеваме и работиме да бидат вонредни парламентарни и сите полтички актери кои реагираа и реагираат во тој дел, увидувајќи дека опозицијата албанска се окрупнува, тоа што посотјано беше повик на самиот Али Ахмети, кој викаше дајте окрупнете, па да излеземе на избори. Ние сме тука, се окрупнуваме и бујрум на избори, рече Касами.

За да се оддржат избори оваа есен, како што бараат опозициските партии, собранието ќе мора да се распушти во најскоро време, имајќи ги предвид роковите за 100 дена техничка влада, како и времето предвидено за пред-изборната кампања. Воедно, на парламентарните избори кои следат, без разлика дали ќе се редовни или предвремени, многу е веројатно, дека, иако технички, Македонија за прв пат ќе добие премиер Албанец, имајќи го во предвид коалициниот договор помеѓу Заев и Ахмети, за кој премиерот Ковачевски во неколку наврати повтори оти планира да го испочитува.

The post И Гаши и Касами сметаат дека се потребни избори appeared first on Република.

]]>

Се погласни се повиците за предвремени избори. Покрај најголемата опозициска партија, ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводат, предвремени избори се почесто бараат и од албанскиот политички блок. На зеднички прес-конфернеции, интервјуа и изјави, лидерите на малцинските партии не заборават да повторат оти е потребно Собранието да се распуши што поскоро и да се организираат предвремени парламентарни избори. Откако тоа заедно го соопштија претседателите на Алијанса, Алтернатива и Демократско Движење пред македонското собрание, еден ден пред да почне седницата за уставни измени, лидерот на Алтернатива Африм Гаши го повтори ставот во интервју за Алсат, каде вели дека власта го има истрошено својот политички капацитет при несупешниот обид за измени на уставот, поради што повеќе нема смисла зошто да се на власт.
Ако не поминат уставните измени во оваа фаза, ако не се гласа за потребата за уставни измени, тогаш ќе биде евидентно дека нема двотретинско мнозинство за да се продолжи со процесот. Тогаш нема никаква смисла оваа Влада, ова владино мнозинство и овој состав на Парламентот, не за Владата, туку составот на Парламентот, ние треба да сфатиме дека овој состав на Парламентот не сака да се направат уставните измени. Тоа што треба да го направиме ние е итно да одиме на избори, да имаме нов состав, изјави во интервју за ТВ Алсат, претседателот на партијата Алтернатива, Африм Гаши.
Тој предлага тоа да се случи уште оваа есен и да се даде можност на нов владин состав, во кој нема да учествува ДУИ, да го надмине ќорокакот во кој се најде Македонија по последната собраниска седница.
Идејата е на есен да има избори и на крајот на есента да имаме нов состав на Парламентот и да продолжат со процесот таму кај што е застанат, да гласаме за потребата за уставни измени за веднаш потоа да се отворат поглавјата и да продолжи процесот за што поскора интеграција на земјата во ЕУ, додаде Гаши.
На иста линија е и претседателот на Беса, Биљал Касами, кој вели дека го исполниле условот на ДУИ за предвремени избори, од каде бараа окрупнување на албнскиот опозициски блок.
Се надеваме и работиме да бидат вонредни парламентарни и сите полтички актери кои реагираа и реагираат во тој дел, увидувајќи дека опозицијата албанска се окрупнува, тоа што посотјано беше повик на самиот Али Ахмети, кој викаше дајте окрупнете, па да излеземе на избори. Ние сме тука, се окрупнуваме и бујрум на избори, рече Касами.
За да се оддржат избори оваа есен, како што бараат опозициските партии, собранието ќе мора да се распушти во најскоро време, имајќи ги предвид роковите за 100 дена техничка влада, како и времето предвидено за пред-изборната кампања. Воедно, на парламентарните избори кои следат, без разлика дали ќе се редовни или предвремени, многу е веројатно, дека, иако технички, Македонија за прв пат ќе добие премиер Албанец, имајќи го во предвид коалициниот договор помеѓу Заев и Ахмети, за кој премиерот Ковачевски во неколку наврати повтори оти планира да го испочитува.

The post И Гаши и Касами сметаат дека се потребни избори appeared first on Република.

]]>
Трајанов побарал од Фон дер Лајен да ја обврзе Бугарија, повика на распуштање на Парламентот и предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-pobaral-od-fon-der-lajen-da-ja-obvrze-bugarija-povika-na-raspushtane-na-parlamentot-i-predvremeni-izbori/ Sun, 20 Aug 2023 14:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=673908

За уставните промени нема граѓански и политички консензус, бидејќи тие се резултат на бугарските непринципиелни барања и надвор од Копенхашките критериуми, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз. Тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори затоа што, како што рече, „повеќе од јасно е дека нема доволна поддршка за уставни промени“.

Нагласувајќи дека Демократскиот сојуз е цврство определен државава да биде полноправна членка на Европската Унија, Трајанов соопшти дека до ЕУ и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упатил барање - Советот на Европската Унија да донесе одлука со која ќе ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија за негување на нивните идентитетски, јазични, културни и други особености, со што ќе се обезбеди реципроцитет.

Второ, Советот на Европската Унија од Преговарачката рамка да ги изостави билателарните прашања или најмалку да донесе одлука со која ќе се дадат гаранции дека билатералните прашања не можат да бидат основа за блокада на Македонија на патот кон ЕУ. И трето, Советот на ЕУ да донесе одлука за тоа дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик по приемот на Македонија во ЕУ. Очекувам зад овие три клучни барања да застанат сите политички партии, претседателот Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија, истакна Трајанов.

Во однос на уставните измени што се предлагаат од Владата, лидерот на Демократски сојуз посочи дека Владата ја прифатила Преговарачката рамка „без експертска анализа, поширок граѓански и политички консенсуз и рамка во која се вградени билатерални прашања наметнати од Бугарија, прашања со кои се отвораат историски, образовни, јазични, културни и идентитетски дилеми, со кои во суштина се негира историскиот континуитет на македонскиот народ и автентичноста на македонскиот јазик“.

Преку Комисијата за историски и образовни прашања и годишните протоколи, кои се составен дел од Преговарачката рамка, се оспорува македонскиот карактер на историските настани, македонските револуционери, па дури и Охридската архиепископија. Во суштина се „сечат“ корените на македонскиот народ, со што се доведува во прашање и неговата иднина и просперитет, рече Трајанов.

Според него, Ковачевски, Османи и Маричиќ, како и ДУИ и СДСМ, „вршат огромна манипулација дека наводно ЕУ го признава македонскиот јазик“.

Но вистината е дека во ниту еден документ не стои дека по приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален јазик во ЕУ. Во заклучоците на Советот на ЕУ стои само дека преводот на материјали (директиви, одлуки итн.) ќе се врши на макеонски јазик, но и дека Бугарија и Македонија имаат право да дадат свои унилатерални изјави околу јазикот, кои се составен дел на пакетот документи и одлуки на ЕУ поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија, додаде Трајанов на прес-конференцијата.

Поради недоволната поддршка за уставни промени, тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори кои, како што рече, „се наш национален и стратешки интерес“.

-Сакам да упатам кристално чиста порака и повик до СДСМ и ДУИ: Ако сте за стабилност, за модерна и европска Македонија, вие кои ги загрозивте националните интереси и евроинтеграциите на Македонија, излезете на избори, порача Трајанов.

The post Трајанов побарал од Фон дер Лајен да ја обврзе Бугарија, повика на распуштање на Парламентот и предвремени избори appeared first on Република.

]]>

За уставните промени нема граѓански и политички консензус, бидејќи тие се резултат на бугарските непринципиелни барања и надвор од Копенхашките критериуми, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз. Тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори затоа што, како што рече, „повеќе од јасно е дека нема доволна поддршка за уставни промени“. Нагласувајќи дека Демократскиот сојуз е цврство определен државава да биде полноправна членка на Европската Унија, Трајанов соопшти дека до ЕУ и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упатил барање - Советот на Европската Унија да донесе одлука со која ќе ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија за негување на нивните идентитетски, јазични, културни и други особености, со што ќе се обезбеди реципроцитет.
Второ, Советот на Европската Унија од Преговарачката рамка да ги изостави билателарните прашања или најмалку да донесе одлука со која ќе се дадат гаранции дека билатералните прашања не можат да бидат основа за блокада на Македонија на патот кон ЕУ. И трето, Советот на ЕУ да донесе одлука за тоа дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик по приемот на Македонија во ЕУ. Очекувам зад овие три клучни барања да застанат сите политички партии, претседателот Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија, истакна Трајанов.
Во однос на уставните измени што се предлагаат од Владата, лидерот на Демократски сојуз посочи дека Владата ја прифатила Преговарачката рамка „без експертска анализа, поширок граѓански и политички консенсуз и рамка во која се вградени билатерални прашања наметнати од Бугарија, прашања со кои се отвораат историски, образовни, јазични, културни и идентитетски дилеми, со кои во суштина се негира историскиот континуитет на македонскиот народ и автентичноста на македонскиот јазик“.
Преку Комисијата за историски и образовни прашања и годишните протоколи, кои се составен дел од Преговарачката рамка, се оспорува македонскиот карактер на историските настани, македонските револуционери, па дури и Охридската архиепископија. Во суштина се „сечат“ корените на македонскиот народ, со што се доведува во прашање и неговата иднина и просперитет, рече Трајанов.
Според него, Ковачевски, Османи и Маричиќ, како и ДУИ и СДСМ, „вршат огромна манипулација дека наводно ЕУ го признава македонскиот јазик“.
Но вистината е дека во ниту еден документ не стои дека по приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален јазик во ЕУ. Во заклучоците на Советот на ЕУ стои само дека преводот на материјали (директиви, одлуки итн.) ќе се врши на макеонски јазик, но и дека Бугарија и Македонија имаат право да дадат свои унилатерални изјави околу јазикот, кои се составен дел на пакетот документи и одлуки на ЕУ поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија, додаде Трајанов на прес-конференцијата.
Поради недоволната поддршка за уставни промени, тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори кои, како што рече, „се наш национален и стратешки интерес“. -Сакам да упатам кристално чиста порака и повик до СДСМ и ДУИ: Ако сте за стабилност, за модерна и европска Македонија, вие кои ги загрозивте националните интереси и евроинтеграциите на Македонија, излезете на избори, порача Трајанов.

The post Трајанов побарал од Фон дер Лајен да ја обврзе Бугарија, повика на распуштање на Парламентот и предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Африм Гаши бара предвремени избори есенва https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/afrim-gashi-bara-predvremeni-izbori-esenva/ Sat, 19 Aug 2023 14:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=673721

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, бара предвремени избори есенва. Причина е фактот што власта нема мнозинство за уставните промени. Според него, мнозинството сака да остане на власт со одолговлекување на гласањето за потребата од отворање на Уставот. Тој, во интервју за Алсат повтори и оти треба да се замени формулацијата „20%“ во Уставот.

„Ако не поминат уставните измени во оваа фаза, ако не се гласа за потребата за уставни измени, тогаш ќе биде евидентно дека нема двотретинско мнозинство за да се продолжи со процесот. Тогаш нема никаква смисла оваа Влада, ова владино мнозинство и овој состав на Парламентот, не за Владата, туку составот на Парламентот, ние треба да сфатиме дека овој состав на Парламентот не сака да се направат уставните измени. Тоа што треба да го направиме ние е итно да одиме на избори, да имаме нов состав. На избори сите партии ќе се соочат со своите гласачи за уставните измени, сите би добиле согласност да влезат во овој процес и после изборите јас сум убеден дека новиот парламентарен состав ќе ги изгласа уставните измени. Идејата е на есен да има избори и на крајот на есента да имаме нов состав на Парламентот и да продолжат со процесот таму кај што е застанат, да гласаме за потребата за уставни измени за веднаш потоа да се отворат поглавјата и да продолжи процесот за што поскора интеграција на земјата во ЕУ“, вели Гаши.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

The post Африм Гаши бара предвремени избори есенва appeared first on Република.

Мицкоски: Единствена понуда која ја очекуваме од власта е предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-edinstvena-ponuda-koja-ja-ochekuvame-od-vlasta-e-predvremeni-izbori/ Sat, 22 Jul 2023 15:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=664256

Во моментот како ВМРО-ДПМНЕ се концентрирани на изработка на програмата, бидејќи навистина цениме дека состојбата во која се наоѓа Македонија се многу лоша, во сите области. Подготвуваме квалитетна програма и единствената понуда која ја очекувам од владата е час поскоро да биде распуштен парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М.

Мицкоски истакна дека како сконцентриран како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е на програмата, а потоа граѓаните и бројките ќе дадат одговор како ќе изгледа следната влада на Македонија и посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како една од основите задачи ќе биде нула толеранција за криминал и корупција.

Ги цениме позициите на нашите стратешки партнери, вклучително и на амбасадорот Агелер, тоа значи, секоја една изјава од искусни дипломати е добредојдена. Но, ова е наше внатрешно прашање. Корупцијата и криминалот се внатрешно прашање и тоа треба самите да го решиме, не смееме да очекуваме дека некој од надвор ќе дојде и ќе го реши тоа прашање. А дали има криминал и корупција не треба некој од надвор да ни кажува сите сме сведоци, секој ден по некој наш сограѓанин гледа некој кој сведочи а огромното ниво на криминал и корупција, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сите кои имаат одредена политичка заштита, а сториле криминал треба час поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата.

The post Мицкоски: Единствена понуда која ја очекуваме од власта е предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Во моментот како ВМРО-ДПМНЕ се концентрирани на изработка на програмата, бидејќи навистина цениме дека состојбата во која се наоѓа Македонија се многу лоша, во сите области. Подготвуваме квалитетна програма и единствената понуда која ја очекувам од владата е час поскоро да биде распуштен парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М. Мицкоски истакна дека како сконцентриран како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е на програмата, а потоа граѓаните и бројките ќе дадат одговор како ќе изгледа следната влада на Македонија и посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како една од основите задачи ќе биде нула толеранција за криминал и корупција.
Ги цениме позициите на нашите стратешки партнери, вклучително и на амбасадорот Агелер, тоа значи, секоја една изјава од искусни дипломати е добредојдена. Но, ова е наше внатрешно прашање. Корупцијата и криминалот се внатрешно прашање и тоа треба самите да го решиме, не смееме да очекуваме дека некој од надвор ќе дојде и ќе го реши тоа прашање. А дали има криминал и корупција не треба некој од надвор да ни кажува сите сме сведоци, секој ден по некој наш сограѓанин гледа некој кој сведочи а огромното ниво на криминал и корупција, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека сите кои имаат одредена политичка заштита, а сториле криминал треба час поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата.

The post Мицкоски: Единствена понуда која ја очекуваме од власта е предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избoри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-vmro-dpmne-gi-prekina-site-ofitsijalni-bilateralni-sredbi-so-vlasta-mozhe-da-se-razgovara-samo-za-predvremeni-izbori/ Wed, 12 Jul 2023 17:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=660541

Власта тактизира, ги користи уставните измени како тема за која треба да се зборува, а во суштина во државата се случуваат други процеси и граѓаните точно знаат каде се дефектите во државата, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „За или против“ на Алфа и посочи дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ реши прекине сите официјални билатерални средби со власта и дека единствено може да се разговара за избори.

Мицевски посочи дека во моментов ниту пратениците од власта не знаат што содржат предлозите за уставни измени, а власта го одолговлекува процесот оти нема мнозинство.

Овој процес се одолговлекува од минатата година кога го донесоа Францускиот предлог. Владата тогаш најавуваше дека има 80 пратеници и дека брзо ќе влезат уставните измени во собраниска процедура. Потоа се кажа дека ќе се продолжи во декември, па дека ќе одат во февруари, па мај, дојдовме до јули и пак се спомнуваат термини, рече Мицески.

Тој додаде дека згрешен е целиот процес од сам почеток и дека уште на почеток ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше договорот со БУгарија укажуваше каде се проблемите и има замки кои Бугарија успеа да ги искористи

 Бугарија успеа билатерален проблем да го наметне како европски проблем. Укажувавме, имавме забелешки а тие викаа дека тој е патот, дека ќе нема повторно проблеми. Потоа се појавија проблемите и барањата за Бугарите во Уставот и сите тие проблеми кои потоа следуваа и кои се наметнаа, а ги немаше назад 30 години. Викавме дека не е добар процесот без ВМРО-ДПМНЕ, понудивме да имаме работни групи со лица кои ќе помогнат во тој процес и дека ќе исправиме сите неправилни работи и бевме одбиени, изјави Мицевски.

Мицевски истакна дека власта го даваше за пример хрватскиот модел, па кога ВМРО-ДПМНЕ рече може, тие избегаа како што избегаа од двата предлози на претседателот Мицкоски.

Го спомнува хрватскиот модел, кога го прифативме, бевме одбиени, се продолжи со тактизирање да дојдеме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ на маса стави два предлога преодна вада без ДУИ и измени кои ќе стапат на сила по завршување на преговорите со членство на државата и вториот гаранции за идентитетот, економски пакет, заштита на Македонците во Бугарија и спроведување на дел од пресудите од ЕСЧП. Следеше спинување на предлозите. Се тактизираше 3-4 недели, за на крај излеговме со став дека преговори по ова прашање нема и единствена тема за која ќе разговараме следниот период се предвремени избори, изјави Мицевски.

The post Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избoри appeared first on Република.

]]>

Власта тактизира, ги користи уставните измени како тема за која треба да се зборува, а во суштина во државата се случуваат други процеси и граѓаните точно знаат каде се дефектите во државата, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „За или против“ на Алфа и посочи дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ реши прекине сите официјални билатерални средби со власта и дека единствено може да се разговара за избори. Мицевски посочи дека во моментов ниту пратениците од власта не знаат што содржат предлозите за уставни измени, а власта го одолговлекува процесот оти нема мнозинство.
Овој процес се одолговлекува од минатата година кога го донесоа Францускиот предлог. Владата тогаш најавуваше дека има 80 пратеници и дека брзо ќе влезат уставните измени во собраниска процедура. Потоа се кажа дека ќе се продолжи во декември, па дека ќе одат во февруари, па мај, дојдовме до јули и пак се спомнуваат термини, рече Мицески.
Тој додаде дека згрешен е целиот процес од сам почеток и дека уште на почеток ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше договорот со БУгарија укажуваше каде се проблемите и има замки кои Бугарија успеа да ги искористи
 Бугарија успеа билатерален проблем да го наметне како европски проблем. Укажувавме, имавме забелешки а тие викаа дека тој е патот, дека ќе нема повторно проблеми. Потоа се појавија проблемите и барањата за Бугарите во Уставот и сите тие проблеми кои потоа следуваа и кои се наметнаа, а ги немаше назад 30 години. Викавме дека не е добар процесот без ВМРО-ДПМНЕ, понудивме да имаме работни групи со лица кои ќе помогнат во тој процес и дека ќе исправиме сите неправилни работи и бевме одбиени, изјави Мицевски.
Мицевски истакна дека власта го даваше за пример хрватскиот модел, па кога ВМРО-ДПМНЕ рече може, тие избегаа како што избегаа од двата предлози на претседателот Мицкоски.
Го спомнува хрватскиот модел, кога го прифативме, бевме одбиени, се продолжи со тактизирање да дојдеме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ на маса стави два предлога преодна вада без ДУИ и измени кои ќе стапат на сила по завршување на преговорите со членство на државата и вториот гаранции за идентитетот, економски пакет, заштита на Македонците во Бугарија и спроведување на дел од пресудите од ЕСЧП. Следеше спинување на предлозите. Се тактизираше 3-4 недели, за на крај излеговме со став дека преговори по ова прашање нема и единствена тема за која ќе разговараме следниот период се предвремени избори, изјави Мицевски.
 
The post Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избoри appeared first on Република.

]]>
Mицкоски го повика Османи да се охрабри за предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-povika-osmani-da-se-ohrabri-za-predvremeni-izbori/ Fri, 07 Jul 2023 14:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=658997

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повика Бујар Османи од ДУИ да се охрабри за организирање на предвремени парламентарни избори ако толку е убеден дека ја ужива поддршката награѓаните за уставни измени.

Ова следува откако шефот на дипломатијата во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека врз основа на содржината на уставните амандмани, шти ги подготви работната група која работеше во рамки на Министерството за правда, власта спроведува анкета или мерење на јавното мислење.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-otkri-nov-skandal-vlasta-pravi-anketi-so-se-ushte-neobjavenite-ustavni-amandmani/

Нека се охрабри да одиме на предвремени парламентарни избори, да го слушнеме народот што има да каже за политиките на оваа влада и тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди, па потоа можеме да размислуваме за многу други работи. На крај важно е да тој мирно спие, и час поскоро се разбуди од својот сон, но не како министер за надворешни работи, туку на некое друго место после се ова што и го направи на Македонија и на македонскиот народ, јас му посакувам мирен сон, нагласи Мицкоски.

The post Mицкоски го повика Османи да се охрабри за предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повика Бујар Османи од ДУИ да се охрабри за организирање на предвремени парламентарни избори ако толку е убеден дека ја ужива поддршката награѓаните за уставни измени. Ова следува откако шефот на дипломатијата во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека врз основа на содржината на уставните амандмани, шти ги подготви работната група која работеше во рамки на Министерството за правда, власта спроведува анкета или мерење на јавното мислење. https://republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-otkri-nov-skandal-vlasta-pravi-anketi-so-se-ushte-neobjavenite-ustavni-amandmani/
Нека се охрабри да одиме на предвремени парламентарни избори, да го слушнеме народот што има да каже за политиките на оваа влада и тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди, па потоа можеме да размислуваме за многу други работи. На крај важно е да тој мирно спие, и час поскоро се разбуди од својот сон, но не како министер за надворешни работи, туку на некое друго место после се ова што и го направи на Македонија и на македонскиот народ, јас му посакувам мирен сон, нагласи Мицкоски.

The post Mицкоски го повика Османи да се охрабри за предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ајде на предвремени парламентарни избори, да не се држи државата во грч https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ajde-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-da-ne-se-drzhi-drzhavata-vo-grch/ Thu, 16 Mar 2023 12:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=620327

Ние јавно подадовме рака за предвремени парламентарни избори, дури и рековме ако е услов 100 дена техничка влада, јавно се откажуваме и ја фрламе раквицата дека не треба да има 100 дена техничка влада и дури не треба воопшто да ја има и веднаш да го смениме законот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата во Битола одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Артан Груби за Албанец премиер и молкот од СДСМ за тоа.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да оди на предвремени парламентарни избори и без техничка влада дури и до истите да остане Спасовски министер за внатрешни работи до избори да ги прави оние дејства што ги прави изминативе 7 години, па дури и министерката за култура да остане и да понижува на отворена сцена.

Нема потреба од техничка влада, нема потреба од тие 100 дена туку веднаш да одиме на избори. Тоа е мислам разумно. Ако зборуваме за есенски избори, тогаш овие луѓе ако ги прашате дали да има парламентарни избори па претседателски избори следната година, односно државата и бизнисот да бидат во грч повеќе од 10 месеци, сигурно ќе ви речат, не. Односно или сега предвремени избори или заедно во еден трошок претседателски и парламентарни избори, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека е свесен дека некој ќе го критикува за ваква изјава, но ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сака и бизнисот да биде поуспешен за да отвора што повеќе работни места и да имаат вработените подобри примања.

Стоиме на располагање, не мора техничка влада, со истиве министри до избори да одиме веднаш на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Ајде на предвремени парламентарни избори, да не се држи државата во грч appeared first on Република.

]]>

Ние јавно подадовме рака за предвремени парламентарни избори, дури и рековме ако е услов 100 дена техничка влада, јавно се откажуваме и ја фрламе раквицата дека не треба да има 100 дена техничка влада и дури не треба воопшто да ја има и веднаш да го смениме законот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата во Битола одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Артан Груби за Албанец премиер и молкот од СДСМ за тоа. Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да оди на предвремени парламентарни избори и без техничка влада дури и до истите да остане Спасовски министер за внатрешни работи до избори да ги прави оние дејства што ги прави изминативе 7 години, па дури и министерката за култура да остане и да понижува на отворена сцена.
Нема потреба од техничка влада, нема потреба од тие 100 дена туку веднаш да одиме на избори. Тоа е мислам разумно. Ако зборуваме за есенски избори, тогаш овие луѓе ако ги прашате дали да има парламентарни избори па претседателски избори следната година, односно државата и бизнисот да бидат во грч повеќе од 10 месеци, сигурно ќе ви речат, не. Односно или сега предвремени избори или заедно во еден трошок претседателски и парламентарни избори, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека е свесен дека некој ќе го критикува за ваква изјава, но ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сака и бизнисот да биде поуспешен за да отвора што повеќе работни места и да имаат вработените подобри примања.
Стоиме на располагање, не мора техничка влада, со истиве министри до избори да одиме веднаш на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Ајде на предвремени парламентарни избори, да не се држи државата во грч appeared first on Република.

]]>
Таравари: Доколку АА не влезе во Влада ќе се оди на предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-dokolku-aa-ne-vleze-vo-vlada-ke-se-odi-na-predvremeni-izbori/ Sat, 28 Jan 2023 19:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=602084

Алијанса за Албанците чека да види дали владејачките партии ќе ги исполнат нејзините барања за влез во владиното мнозинство. Доколку тоа не се случи, претседателот на партијата, Арбен Таравари, вели дека најверојатно ќе се оди на избори.

– Доколку АА не влезе во Влада, тогаш 100% нема да бидат обезбедени 80 пратеници и најверојатно ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Доколку влеземе во Влада, тогаш ќе дадеме шанса да се обезбеди бројката од 80, но дали тоа ќе се случи не зависи од нас – рече Таравари, пренесе ТВ21

Тој вели дека нивните барања не се кадровски, туку повеќе програмски.

– Нема веќе Министерство за бурек. Вие знаете дека не прифаќаме такви министерства – изјави Таравари.

Како што се зборува во политичките кругови, мета на Таравари е Министерството за здравство, но Алтернатива, чиј кадар раководи со ова министерство, не попушта.

The post Таравари: Доколку АА не влезе во Влада ќе се оди на предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците чека да види дали владејачките партии ќе ги исполнат нејзините барања за влез во владиното мнозинство. Доколку тоа не се случи, претседателот на партијата, Арбен Таравари, вели дека најверојатно ќе се оди на избори. – Доколку АА не влезе во Влада, тогаш 100% нема да бидат обезбедени 80 пратеници и најверојатно ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Доколку влеземе во Влада, тогаш ќе дадеме шанса да се обезбеди бројката од 80, но дали тоа ќе се случи не зависи од нас – рече Таравари, пренесе ТВ21 Тој вели дека нивните барања не се кадровски, туку повеќе програмски. – Нема веќе Министерство за бурек. Вие знаете дека не прифаќаме такви министерства – изјави Таравари. Како што се зборува во политичките кругови, мета на Таравари е Министерството за здравство, но Алтернатива, чиј кадар раководи со ова министерство, не попушта.

The post Таравари: Доколку АА не влезе во Влада ќе се оди на предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Политичката криза во Бугарија продолжува: Радев најави нови избори за 2 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/politichkata-kriza-vo-bugarija-prodolzhuva-radev-najavi-novi-izbori-za-2-april/ Tue, 24 Jan 2023 20:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=600627

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, најави дека датумот на предвремените парламентарни избори ќе биде 2 април.

Шефот на бугарската држава претходно го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што тој експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).

Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните, истакна претседателот Радев на средбата во ЦИК.

Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова, пред пратениците во Народното собрание кажа дека ЦИК е подготвена да ги организира изборите на 2 април.

The post Политичката криза во Бугарија продолжува: Радев најави нови избори за 2 април appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, најави дека датумот на предвремените парламентарни избори ќе биде 2 април. Шефот на бугарската држава претходно го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што тој експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).
Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните, истакна претседателот Радев на средбата во ЦИК.
Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова, пред пратениците во Народното собрание кажа дека ЦИК е подготвена да ги организира изборите на 2 април.

The post Политичката криза во Бугарија продолжува: Радев најави нови избори за 2 април appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Криминални групи под контрола на раководството на СДСМ и ДУИ вршат притисоци врз пратеници за да нема предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kriminalni-grupi-pod-kontrola-na-rakovodstvoto-na-sdsm-i-dui-vrshat-pritisotsi-vrz-pratenitsi-za-da-nema-predvremeni-izbori/ Thu, 19 Jan 2023 10:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=598617

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека групи под контрола на високото раководство на СДСМ и ДУИ, кои се дел од подземјето, вршат притисок врз пратеници од Собранието, за да нема предвремени избори.

Нема рационален човек во Парламентот, барем не што и сака добро на државата, кој не посакува предвремени избори, но полукриминални групи под контрола на високото раководство на СДСМ и ДУИ, кои се дел од подземјото, вршат притисок врз тие пратеници. Сепак, јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, затоа што борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за своите постапки, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваше на положувањето на светиот крст во водите не Охридското Езеро, при што испрати честитка до сите верници, но и граѓани на Македонија, со желби за здравје, успех и духовен мир.

Честитка за овој голем православен празник. Им посакувам здравје, успех и мир, на сите православни верници, но и на сите граѓани на оваа наша македонија. Да бидеме спокојни и мирни во душата, порача Мицкоски, истовремено испраќајќи посебна честитка на среќниот фаќач на крстот.

The post Мицкоски: Криминални групи под контрола на раководството на СДСМ и ДУИ вршат притисоци врз пратеници за да нема предвремени избори appeared first on Република.

Мицкоски: Би било неодговорно на есен да има предвремени избори, февруари е последната можност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-bi-bilo-neodgovorno-na-esen-da-ima-predvremeni-izbori-fevruari-e-poslednata-mozhnost/ Thu, 29 Dec 2022 14:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=591530

Втората половина на јануари и првата половина на февруари е последната можност за предвремени избори, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, посочувајќи дека би било неодговорно на есен да има предвремени избори, да се трошат десетина милиони евра во услови на криза, за потоа да има претседателски избори во март и во април.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-2023-ke-bide-izborna-godina/

– Би било неодговорно така да се постапува. Затоа ценам дека ова е последниот момент, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во општина Кисела Вода.

Според Мицкоски, неодговорно е повеќе оваа Влада да продолжи да функционира.

– Се погласно е незадоволството во рамките на пратеничките групи на партиите коишто ја поддржуваат оваа Влада. Тука пред се мислам на ДУИ и на СДСМ бидејќи гледаат како државата тоне, назадува, нема реформи, нема резултати, неспособни криминални политичари ја водат таа Влада и охрабрен од тие сигнали што ги добивам од пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, мислам дека оваа година ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат овој Парламент, рече Мицкоски.

Ќе одиме на предвремени парламентарни избори, нагласи тој.

The post Мицкоски: Би било неодговорно на есен да има предвремени избори, февруари е последната можност appeared first on Република.

]]>

Втората половина на јануари и првата половина на февруари е последната можност за предвремени избори, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, посочувајќи дека би било неодговорно на есен да има предвремени избори, да се трошат десетина милиони евра во услови на криза, за потоа да има претседателски избори во март и во април. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-2023-ke-bide-izborna-godina/
– Би било неодговорно така да се постапува. Затоа ценам дека ова е последниот момент, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во општина Кисела Вода.
Според Мицкоски, неодговорно е повеќе оваа Влада да продолжи да функционира.
– Се погласно е незадоволството во рамките на пратеничките групи на партиите коишто ја поддржуваат оваа Влада. Тука пред се мислам на ДУИ и на СДСМ бидејќи гледаат како државата тоне, назадува, нема реформи, нема резултати, неспособни криминални политичари ја водат таа Влада и охрабрен од тие сигнали што ги добивам од пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, мислам дека оваа година ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат овој Парламент, рече Мицкоски.
Ќе одиме на предвремени парламентарни избори, нагласи тој.

The post Мицкоски: Би било неодговорно на есен да има предвремени избори, февруари е последната можност appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Очекувам предвремени избори на 14 или 21 мај следната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ochekuvam-predvremeni-izbori-na-14-ili-21-maj-slednata-godina/ Wed, 28 Dec 2022 11:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=590922

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на брифинг со новинарите, изјави дека очекува следната година да има предвремени избори.

Мицкоски дури и посочи конкретни датуми - 14 или 21 мај, а според него, кампањата би почнала кон крајот на април.

Состојбата во државата е неподнослива, но така е и внатре во владејачките партии, пред се коалицијата СДСМ-ДУИ и Алтернатива. Потребно е рестирање на системот. Нераелно е она што говори Ковачевски за избори во 2024 година и тоа прво претседателските, а потоа парламентарните - вели Мицкоски.

Во таков случај Мицкоски очекува претседателските избори да бидат неуспешни и фунцкијата да ја извршува претседателот на Собранието. На тој начин ДУИ покрај функцијата претседател ќе има и технички премиер сосгласно договорот што го имаат со СДСМ.

The post Мицкоски: Очекувам предвремени избори на 14 или 21 мај следната година appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на брифинг со новинарите, изјави дека очекува следната година да има предвремени избори. Мицкоски дури и посочи конкретни датуми - 14 или 21 мај, а според него, кампањата би почнала кон крајот на април.
Состојбата во државата е неподнослива, но така е и внатре во владејачките партии, пред се коалицијата СДСМ-ДУИ и Алтернатива. Потребно е рестирање на системот. Нераелно е она што говори Ковачевски за избори во 2024 година и тоа прво претседателските, а потоа парламентарните - вели Мицкоски.
Во таков случај Мицкоски очекува претседателските избори да бидат неуспешни и фунцкијата да ја извршува претседателот на Собранието. На тој начин ДУИ покрај функцијата претседател ќе има и технички премиер сосгласно договорот што го имаат со СДСМ.

The post Мицкоски: Очекувам предвремени избори на 14 или 21 мај следната година appeared first on Република.

]]>
Албанските партии спремни за протест: Касами бара предвремени избори до пролет за да гласаат за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albanskite-partii-spremni-za-protest-kasami-bara-predvremeni-izbori-do-prolet-za-da-glasaat-za-ustavni-izmeni/ Sun, 25 Dec 2022 15:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=589753

Лидерот на БЕСА, Билал Касами денеска на прес конференција побара предвремени парламентарни избори како компромис за поддршка за уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори, рече Касами.

Доколку власта не го прифати нивното барање за избори, Касами најави радикализација.

Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори, ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на организирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори, рече Касами.

The post Албанските партии спремни за протест: Касами бара предвремени избори до пролет за да гласаат за уставни измени appeared first on Република.

Oпозицијата бара брзи избори напролет, власта сака по секоја цена да го истурка мандатот до крај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opozicijata-bara-brzi-izbori-naprolet-vlasta-saka-po-sekoja-cena-da-go-isturka-mandatot-do-kraj/ Tue, 29 Nov 2022 07:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=579400

Владејачките СДСМ и ДУИ и натаму се спротиставуваат на барањето на опозицијата за брзи избори на пролет и нова Влада што ќе се зафати со решавање на економската и енергетската криза.

Премиерот Димитар Ковачевски на прашање за одржување предвремени избори ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, повторувајќи дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и дека никој не се плаши од избори.

Ковачевски, кој беше во посета на Тутунскиот комбинат во Прилеп, истакна дека катастрофата што и се случуваше на земјава 11 години, сега му се случува на Скопје, потенцирајќи дека во 2015 година тогашната Влада оставила неисплатени субвенции, а изградила 36 споменици во главниот град.

– Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи…, јас би им порачал власта која што имаат во Скопје да земат да ја практикуваат затоа што од Скопје денес едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа бесплатен автобус, ветуваа брда и долини… Во моментов, Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има какво било поместување на кој било капитален проект, кој им го остави минатата власт, рече Ковачевски.

Според него, не може на ВМРО ДПМНЕ да му биде изговор дека се скарале со градоначалничката, која што е нивен кандидат, бидејќи тие ја промовираа за Скопје.

– Не може, сега знаете, се скаравме и за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за Општина Прилеп, рече Ковачевски.

Премиерот повтори дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и тие ќе бидат редовни.

– Помина времето кога во државата се правеа избори секоја година само затоа што некој сака да спроведува само своја лична политичка агенда. Никој не се плаши од избори, додаде Ковачевски.

Тој е убеден дека СДСМ и коалицијата ќе победи и на претседателските и на следните парламентарни избори.

Во однос на барањето за предвремени избори, Ковачевски вели дека опозицијата нема конзистентен став.

За лидерот на владејачката партија кај Албанците ДУИ, Али Ахмети не се решение предвремени избори.

-Мислам дека изборите не се решение за сегашната ситуација, бидејќи пред нас има многу поважни задачи, рече Ахмети во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.

Според него, треба да се реализира скринингот и да продолжат преговорите со Европската унија. Во овој процес треба да има етничко и меѓуетничо единство, затоа што станува збор за иднината на државата, за иднината на генерациите. -И сите треба да инвестираме во таа иднина, изјави Ахмети по Свечената академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.

Во врска со најавите за влез на Алијансата на Албанците во владината коалиција, Ахмети истакна дека целта на таквата идеја е обезбедување на „концентрација во европските интеграции“.

ВМРО-ДПМНЕ постојано го повторува барањето за брзи предвремени избори напролет.

-Барањето за предвремени избори е потребно од причина што прво оваа влада има спорен легитимитет од самиот почеток. Се работи за еден збир од многу политички партии, помали и поголеми кои што ја држат оваа влада, а дополнително многу побитно од композицијата на владата е тоа што не испорачала во две клучни области, прво е животниот стандард за што се најзаинтересирани граѓаните, и второто е битката со организираниот криминал и корупција. Во двата сектори има сериозно уназадување а тоа го чувствуваат граѓаните на своја кожа и тоа е причината зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата 360 Степени.

Николоски потенцираше дека брзи предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро бидејќи и економската и енергетската криза се толку силни што не смее да се губи време, додавајќи дека ако зимата 2022 година е лоша, зимата 2023 година ќе биде уште полоша. Се трошат резервите на гас и електрична енергија, а според него Владата на СДСМ не знае да го организира домашното производство.

The post Oпозицијата бара брзи избори напролет, власта сака по секоја цена да го истурка мандатот до крај appeared first on Република.

]]>

Владејачките СДСМ и ДУИ и натаму се спротиставуваат на барањето на опозицијата за брзи избори на пролет и нова Влада што ќе се зафати со решавање на економската и енергетската криза. Премиерот Димитар Ковачевски на прашање за одржување предвремени избори ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, повторувајќи дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и дека никој не се плаши од избори. Ковачевски, кој беше во посета на Тутунскиот комбинат во Прилеп, истакна дека катастрофата што и се случуваше на земјава 11 години, сега му се случува на Скопје, потенцирајќи дека во 2015 година тогашната Влада оставила неисплатени субвенции, а изградила 36 споменици во главниот град. – Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи…, јас би им порачал власта која што имаат во Скопје да земат да ја практикуваат затоа што од Скопје денес едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа бесплатен автобус, ветуваа брда и долини… Во моментов, Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има какво било поместување на кој било капитален проект, кој им го остави минатата власт, рече Ковачевски. Според него, не може на ВМРО ДПМНЕ да му биде изговор дека се скарале со градоначалничката, која што е нивен кандидат, бидејќи тие ја промовираа за Скопје.
– Не може, сега знаете, се скаравме и за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за Општина Прилеп, рече Ковачевски.
Премиерот повтори дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и тие ќе бидат редовни. – Помина времето кога во државата се правеа избори секоја година само затоа што некој сака да спроведува само своја лична политичка агенда. Никој не се плаши од избори, додаде Ковачевски. Тој е убеден дека СДСМ и коалицијата ќе победи и на претседателските и на следните парламентарни избори. Во однос на барањето за предвремени избори, Ковачевски вели дека опозицијата нема конзистентен став. За лидерот на владејачката партија кај Албанците ДУИ, Али Ахмети не се решение предвремени избори. -Мислам дека изборите не се решение за сегашната ситуација, бидејќи пред нас има многу поважни задачи, рече Ахмети во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.
Според него, треба да се реализира скринингот и да продолжат преговорите со Европската унија. Во овој процес треба да има етничко и меѓуетничо единство, затоа што станува збор за иднината на државата, за иднината на генерациите. -И сите треба да инвестираме во таа иднина, изјави Ахмети по Свечената академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.
Во врска со најавите за влез на Алијансата на Албанците во владината коалиција, Ахмети истакна дека целта на таквата идеја е обезбедување на „концентрација во европските интеграции“. ВМРО-ДПМНЕ постојано го повторува барањето за брзи предвремени избори напролет.
-Барањето за предвремени избори е потребно од причина што прво оваа влада има спорен легитимитет од самиот почеток. Се работи за еден збир од многу политички партии, помали и поголеми кои што ја држат оваа влада, а дополнително многу побитно од композицијата на владата е тоа што не испорачала во две клучни области, прво е животниот стандард за што се најзаинтересирани граѓаните, и второто е битката со организираниот криминал и корупција. Во двата сектори има сериозно уназадување а тоа го чувствуваат граѓаните на своја кожа и тоа е причината зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата 360 Степени.
Николоски потенцираше дека брзи предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро бидејќи и економската и енергетската криза се толку силни што не смее да се губи време, додавајќи дека ако зимата 2022 година е лоша, зимата 2023 година ќе биде уште полоша. Се трошат резервите на гас и електрична енергија, а според него Владата на СДСМ не знае да го организира домашното производство.

The post Oпозицијата бара брзи избори напролет, власта сака по секоја цена да го истурка мандатот до крај appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, избори ќе има во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachevski-vmro-dpmne-da-se-zafati-so-rabota-vo-skopje-izbori-kje-ima-vo-2024-godina/ Mon, 28 Nov 2022 13:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=579186

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, повторувајќи дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и оти никој не се плаши од избори. Ковачевски, кој беше во посета на Тутунскиот комбинат во Прилеп, истакна дека катастрофата што и се случуваше на земјава 11 години, сега му се случува на Скопје, потенцирајќи дека во 2015 година тогашната Влада оставила неисплатени субвенции, а изградила 36 споменици во главниот град.

Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи…, јас би им порачал власта која што имаат во Скопје да земат да ја практикуваат затоа што од Скопје денес едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа бесплатен автобус, ветуваа брда и долини… Во моментов Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има какво било поместување на кој било капитален проект, кој им го остави минатата власт, рече Ковачевски.

Според него, не може на ВМРО ДПМНЕ да му биде изговор дека се скарале со градоначалничката, која што е нивен кандидат, бидејќи тие ја промовираа по Скопје.

Не може, сега знаете, се скаравме и за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за Општина Прилеп, рече Ковачевски.

Тој истакна дека пред точно една година ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои 50 општини во државата.

Тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа, рече премиерот.

Ковачевски повтори дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и тие ќе бидат редовни, бидејќи тоа е редовен термин.

Помина времето кога во државата се правеа избори секоја година само затоа што некој сака да спроведува само своја лична политичка агенда. Никој не се плаши од избори, додаде Ковачевски.

Тој е убеден дека СДСМ и коалицијата ќе победи и на претседателските и на следните парламентарни избори.

Во однос на барањето за предвремени избори, Ковачевски вели дека опозицијата нема конзистентен став.

Опозицијата имаше избори во август оваа година. Тоа беа локални избори во општините Маврово – Ростуше, Центар Жупа и во Тетово. И таму се потврди дека тоа што го прават дека водат на анкетите е само за себе и за своето членство. Се потврди дека доживеаја најголем пораз, дека во Центар Жупа и покрај тоа што сакаа да направат бојкот уште еднаш не успеаја и во Општина Тетово каде што велеа дека ќе победеле 6:0, имаа послаб резултат од тоа што го имаа на последните локални избори, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, избори ќе има во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, повторувајќи дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и оти никој не се плаши од избори. Ковачевски, кој беше во посета на Тутунскиот комбинат во Прилеп, истакна дека катастрофата што и се случуваше на земјава 11 години, сега му се случува на Скопје, потенцирајќи дека во 2015 година тогашната Влада оставила неисплатени субвенции, а изградила 36 споменици во главниот град.
Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи…, јас би им порачал власта која што имаат во Скопје да земат да ја практикуваат затоа што од Скопје денес едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа бесплатен автобус, ветуваа брда и долини… Во моментов Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има какво било поместување на кој било капитален проект, кој им го остави минатата власт, рече Ковачевски.
Според него, не може на ВМРО ДПМНЕ да му биде изговор дека се скарале со градоначалничката, која што е нивен кандидат, бидејќи тие ја промовираа по Скопје.
Не може, сега знаете, се скаравме и за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за Општина Прилеп, рече Ковачевски.
Тој истакна дека пред точно една година ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои 50 општини во државата.
Тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа, рече премиерот.
Ковачевски повтори дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и тие ќе бидат редовни, бидејќи тоа е редовен термин.
Помина времето кога во државата се правеа избори секоја година само затоа што некој сака да спроведува само своја лична политичка агенда. Никој не се плаши од избори, додаде Ковачевски.
Тој е убеден дека СДСМ и коалицијата ќе победи и на претседателските и на следните парламентарни избори. Во однос на барањето за предвремени избори, Ковачевски вели дека опозицијата нема конзистентен став.
Опозицијата имаше избори во август оваа година. Тоа беа локални избори во општините Маврово – Ростуше, Центар Жупа и во Тетово. И таму се потврди дека тоа што го прават дека водат на анкетите е само за себе и за своето членство. Се потврди дека доживеаја најголем пораз, дека во Центар Жупа и покрај тоа што сакаа да направат бојкот уште еднаш не успеаја и во Општина Тетово каде што велеа дека ќе победеле 6:0, имаа послаб резултат од тоа што го имаа на последните локални избори, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, избори ќе има во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нема промена на Уставот, да се формира техничка влада и да се распишат предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nema-promena-na-ustavot-da-se-formira-tehnichka-vlada-i-da-se-raspishat-predvremeni-izbori/ Sun, 20 Nov 2022 16:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=576184

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот и бара час поскоро да се формира техничка Влада и да се одржат предвремени парламентрани избори, порача лидерот на партијата Христијан Мицкоски во обраќањето на 31. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“.

Мицкоски ги обвини партиите од власта СДСМ и ДУИ и нивните лидери Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека ја злоупотребуваат европската иднина за да си „обезбедат дополнителни привилегии, да останат што е можно повеќе на функциите и да ја пљачкаат Македонија, сакаат да зборуваат за промените во Уставот и вклучување на мал минимален дел на наши сограѓани коишто за себе велат дека се дел од бугарскиот народ во Преамбулата“.

Јасно и гласно сме кажале, јасно и гласно сме повториле – нема хотел пратеници како што тоа го кажа пред некој ден Пендаровски, коишто биле убедувани во еден хотел недалеку од овде. Сега имаме пратеници коишто цврсто стојат на својот став, и тие нема да дозволат промена на Уставот. И да ја затвориме таа тема. И ајде од утре да зборуваме за темата за која јас сакам да зборувам, а тоа е час поскоро формирање техничка Влада и најдоцна до пролет да одиме на предвремени парламентарни избори. Не треба да се плашите, ако народот ви верува во ова што го работите, ако народот ви верува, тогаш нема зошто да се плашите. Охрабрете се, излезете на предвремени парламентарни избори, па народот нека каже кој треба да ја води Македонија и чија политика ќе ја победи другата политика, истакна Мицкоски.

Тој рече дека живееме во огромна криза, земјава е рекордер по инфлација и по индексот на мизерија, луѓето не можат да ги платат сметките, цените по продавниците растат, а големи проблеми имаат и бизнисмените.

Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека следната година ќе биде подобра, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека таа реченица ја слуша веќе пет години, а секоја година е само полоша од претходната.

Македонија, наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат одлуки туку само се парадира, додека зад завесите се продолжува со истите погубни политики кои земјава ја тонат уште подлабоко и со уште поголема брзина.

Единствената лидерска средба на Македонија која ѝ е потребна и за која со задоволство ќе придонесам е лидерска средба на која би седнале сите општествени чинители и би разговарале за платформа за Македонија и нејзиното стратешко позиционирање во однос на отворени прашања. Ни треба средба на која ќе седнат сите општествени авторитети, академици, професори, претставници на универзитети, новинари, писатели, младински лидери, на која ќе се разговара за платформа, за позиции и прашања за стратешкото позиционирање на Македонија наспроти сите предизвици, во однос на европската иднина, во однос на бугарското прашање, во однос на националниот консензус за значајните прашања што го немаме, за економскиот стандард и живот. Една платформа што ќе ги обедини сите, а целта ќе биде една и заедничка Македонија, во која има промени, пристоен живот и иднина, рече Мицкоски.

Тој на годишната конференција на УМС упати и порака до младите да бидат храбри и да не се откажуваат.

Кога ќе сакаат да наведнете глава, вие кренете ја гордо високо. Кога ќе сакаат да молчите, вие зборувајте гласно, кога тие ќе притискаат – вие бидете храбри. Кога тие ќе сакаат да се откажете, вие бидете уште порешителни. Затоа што има борби во животот што вредат нешто, но има и борба што е повредна од сè друго. Се работи за Македонија, за нашата иднина, за заедничката надеж, рече Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Нема промена на Уставот, да се формира техничка влада и да се распишат предвремени избори appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот и бара час поскоро да се формира техничка Влада и да се одржат предвремени парламентрани избори, порача лидерот на партијата Христијан Мицкоски во обраќањето на 31. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“. Мицкоски ги обвини партиите од власта СДСМ и ДУИ и нивните лидери Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека ја злоупотребуваат европската иднина за да си „обезбедат дополнителни привилегии, да останат што е можно повеќе на функциите и да ја пљачкаат Македонија, сакаат да зборуваат за промените во Уставот и вклучување на мал минимален дел на наши сограѓани коишто за себе велат дека се дел од бугарскиот народ во Преамбулата“.
Јасно и гласно сме кажале, јасно и гласно сме повториле – нема хотел пратеници како што тоа го кажа пред некој ден Пендаровски, коишто биле убедувани во еден хотел недалеку од овде. Сега имаме пратеници коишто цврсто стојат на својот став, и тие нема да дозволат промена на Уставот. И да ја затвориме таа тема. И ајде од утре да зборуваме за темата за која јас сакам да зборувам, а тоа е час поскоро формирање техничка Влада и најдоцна до пролет да одиме на предвремени парламентарни избори. Не треба да се плашите, ако народот ви верува во ова што го работите, ако народот ви верува, тогаш нема зошто да се плашите. Охрабрете се, излезете на предвремени парламентарни избори, па народот нека каже кој треба да ја води Македонија и чија политика ќе ја победи другата политика, истакна Мицкоски.
Тој рече дека живееме во огромна криза, земјава е рекордер по инфлација и по индексот на мизерија, луѓето не можат да ги платат сметките, цените по продавниците растат, а големи проблеми имаат и бизнисмените. Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека следната година ќе биде подобра, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека таа реченица ја слуша веќе пет години, а секоја година е само полоша од претходната. Македонија, наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат одлуки туку само се парадира, додека зад завесите се продолжува со истите погубни политики кои земјава ја тонат уште подлабоко и со уште поголема брзина.
Единствената лидерска средба на Македонија која ѝ е потребна и за која со задоволство ќе придонесам е лидерска средба на која би седнале сите општествени чинители и би разговарале за платформа за Македонија и нејзиното стратешко позиционирање во однос на отворени прашања. Ни треба средба на која ќе седнат сите општествени авторитети, академици, професори, претставници на универзитети, новинари, писатели, младински лидери, на која ќе се разговара за платформа, за позиции и прашања за стратешкото позиционирање на Македонија наспроти сите предизвици, во однос на европската иднина, во однос на бугарското прашање, во однос на националниот консензус за значајните прашања што го немаме, за економскиот стандард и живот. Една платформа што ќе ги обедини сите, а целта ќе биде една и заедничка Македонија, во која има промени, пристоен живот и иднина, рече Мицкоски.
Тој на годишната конференција на УМС упати и порака до младите да бидат храбри и да не се откажуваат.
Кога ќе сакаат да наведнете глава, вие кренете ја гордо високо. Кога ќе сакаат да молчите, вие зборувајте гласно, кога тие ќе притискаат – вие бидете храбри. Кога тие ќе сакаат да се откажете, вие бидете уште порешителни. Затоа што има борби во животот што вредат нешто, но има и борба што е повредна од сè друго. Се работи за Македонија, за нашата иднина, за заедничката надеж, рече Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Нема промена на Уставот, да се формира техничка влада и да се распишат предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори за да се стави крај на криминалот, корупцијата, високата инфлација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-potrebni-se-predvremeni-parlamentarni-izbori-za-da-se-stavi-kraj-na-kriminalot-korupcijata-visokata-inflacija/ Wed, 09 Nov 2022 13:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=571965

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната негова посета во Зелениково укажа дека се потребни што побрзо предвремени парламентарни избори во држава  затоа што секое друго решение ќе значи продолжување на агонијата, повеќе криминал и корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација од страна владејачката коалиција.

-Па затоа што секое друго решение значи продолжување на агонијата, затоа што секое друго решение значи дека немаме план, затоа што секое друго решение значи повеќе криминал, повеќе корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација и затоа ние велиме потребни се предвремени избори за да престане Македонија и граѓаните да губат, за да може Македонија и граѓаните да почнат да добиваат. И затоа велиме ајде на брзи предвремени парламентарни избори да ја спасиме од агонија нашата Македонија. Тоа е суштината, затоа бараме предвремени парламентарни избори, не постои ниту една друга причина оваа влада, оваа коалиција да остане бидејќи гледаме дека сме најлоши во Европа. Најлоши сме во Европа имајќи предвид дека сме најлоши, јас само можам да кажам дека ако тие продолжат и понатаму  го поминат секој ден повеќе во просториите каде што се наоѓаат толку полошо ќе биде и за граѓаните и за цела држава, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори за да се стави крај на криминалот, корупцијата, високата инфлација appeared first on Република.

За Ковачевски изборите во овој момент не биле приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-kovachevski-izborite-vo-ovoj-moment-ne-bile-prioritet/ Mon, 31 Oct 2022 13:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=567826

Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање да ја искоментира изјавата на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов дека е за предвремени избори во април или мај догодина, повтори дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 и дека приоритет треба да се даде на справување со економската и енергетската криза.

-Повеќепати имам кажано дека изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година. Во овој момент државата е исправена пред огромна економска и енергетска криза, меѓутоа пред нас е и процесот на скрининг со ЕУ така што сите ресурси на државата и сите капацитети, во Собранието, во Владата, меѓутоа и надвор од нив, академијата, невладините организации, сите треба да бидеме фокусирани и да ја насочиме енергијата кон што побрзо завршување на скрининг фазата и кон што подобро справување со енергетската и економската криза во интерес на граѓаните. Така што во овој момент избори не се приоритет, рече Ковачевски.

The post За Ковачевски изборите во овој момент не биле приоритет appeared first on Република.