предвемени избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvemeni-izbori/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 11:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предвемени избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predvemeni-izbori/ 32 32 Мицкоски со нова понуда до Ковачевски: Нека одбере датум помеѓу двата големи празници и да имаме заеднички избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-nova-ponuda-do-kovachevski-neka-odbere-datum-pomegu-dvata-golemi-praznitsi-i-da-imame-zaednichki-izbori/ Thu, 26 Oct 2023 11:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=695214

Ако ВМРО-ДПМНЕ ги иницира тие состаноци, тогаш ќе се јави Талат Џафери и ќе рече дека е претседател на Собранието и логично е тој да ги иницира, па потоа ќе бидеме напаѓани зошто ние  ги инцираме, а зошто тој не. Затоа рековме нека седнат и нека се договорат, јас имам информација дека денеска ќе имаат работен ручек Ковачевски, Ахмети и Груби, нека седнат нека се договорат и нека кажат, тој и тој ден, во толку часот, работните групи ќе се состанат и ќе зборуваат за иднината бидејќи овие два процеси се клучни за иднината на Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешната посета во Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање во однос на работни групи за изборите.

Мицкоски истакна дека дали Талат Џафери е тој кој ќе испрати официјална покана, дали Груби, дали Али Ахмети или ќе му ја дадат таа чест на Ковачевски ВМРО-ДПМНЕ нема проблем, но мора да се договори термин бидејќи треба да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

 – Не е само терминот проблем, бегаме од суштината, зборуваме за дрвото, а не ја гледаме шумата. Имаме сериозни препораки од ОБСЕ/ОДИХР кои треба да се имплементираат во изборниот законик, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР се знаете 6 месеци пред избори не треба да се отвора изборен законик, а ние сме помалку од 6 месеци, и повторно ќе интервенираме затоа што некој е кукавица и не сака да излезе и да се соочи со граѓаните, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека кога тогаш Ковачевски мора да излезе, мора за неколку месеци од денеска да имаме избори.

– Бега од дуели, од дебати, од новинари, бега од предвремени избори, да се биде кукавица е карактер и ги разбирам, не треба да се срамат од тоа, има плашливи луѓе кукавици и тоа е карактер не се менува на 47/8 години. Но мора ова да го направиме ако навистина се грижиме за интересот на граѓаните и за развојот на Македонија како држава. Ме прашавте дали е 5 или 8 мај, јас и во мојот говор кажам, ете му бел лист хартија нека седне нека напише датум. Еве нека напише датум и блиску до тие два големи празници зборувам за Рамазан Бајрам и за Велигден, нека одлучи и ќе прифатиме. Нека одлучи, нека го ослободи општеството, денеска има ручек со Ахмети и Груби нека се консултира, ако треба од нив да добие зелено светло нека го бара, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не треба изборите да бидат одвоени и да се трошат десетици милиони евра од граѓаните кои ги немаме.

The post Мицкоски со нова понуда до Ковачевски: Нека одбере датум помеѓу двата големи празници и да имаме заеднички избори appeared first on Република.

]]>

Ако ВМРО-ДПМНЕ ги иницира тие состаноци, тогаш ќе се јави Талат Џафери и ќе рече дека е претседател на Собранието и логично е тој да ги иницира, па потоа ќе бидеме напаѓани зошто ние  ги инцираме, а зошто тој не. Затоа рековме нека седнат и нека се договорат, јас имам информација дека денеска ќе имаат работен ручек Ковачевски, Ахмети и Груби, нека седнат нека се договорат и нека кажат, тој и тој ден, во толку часот, работните групи ќе се состанат и ќе зборуваат за иднината бидејќи овие два процеси се клучни за иднината на Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешната посета во Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање во однос на работни групи за изборите. Мицкоски истакна дека дали Талат Џафери е тој кој ќе испрати официјална покана, дали Груби, дали Али Ахмети или ќе му ја дадат таа чест на Ковачевски ВМРО-ДПМНЕ нема проблем, но мора да се договори термин бидејќи треба да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
 – Не е само терминот проблем, бегаме од суштината, зборуваме за дрвото, а не ја гледаме шумата. Имаме сериозни препораки од ОБСЕ/ОДИХР кои треба да се имплементираат во изборниот законик, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР се знаете 6 месеци пред избори не треба да се отвора изборен законик, а ние сме помалку од 6 месеци, и повторно ќе интервенираме затоа што некој е кукавица и не сака да излезе и да се соочи со граѓаните, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека кога тогаш Ковачевски мора да излезе, мора за неколку месеци од денеска да имаме избори.
– Бега од дуели, од дебати, од новинари, бега од предвремени избори, да се биде кукавица е карактер и ги разбирам, не треба да се срамат од тоа, има плашливи луѓе кукавици и тоа е карактер не се менува на 47/8 години. Но мора ова да го направиме ако навистина се грижиме за интересот на граѓаните и за развојот на Македонија како држава. Ме прашавте дали е 5 или 8 мај, јас и во мојот говор кажам, ете му бел лист хартија нека седне нека напише датум. Еве нека напише датум и блиску до тие два големи празници зборувам за Рамазан Бајрам и за Велигден, нека одлучи и ќе прифатиме. Нека одлучи, нека го ослободи општеството, денеска има ручек со Ахмети и Груби нека се консултира, ако треба од нив да добие зелено светло нека го бара, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека не треба изборите да бидат одвоени и да се трошат десетици милиони евра од граѓаните кои ги немаме.

The post Мицкоски со нова понуда до Ковачевски: Нека одбере датум помеѓу двата големи празници и да имаме заеднички избори appeared first on Република.

]]>
Сите анкети покaжуваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, ете затоа се потребни брзи избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/site-anketi-pokazhuvaat-dvojna-prednost-na-vmro-dpmne-vo-odnos-na-sdsm-ete-zatoa-se-potrebni-brzi-izbori/ Tue, 22 Aug 2023 09:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=674506

Сите анкети кои се направени во последните неколку месеци покажуваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ. Резултатите од овие истражувања ги имаат и власта и опозицијата, но и неколку значајни амбасади.

Конкретно во една анкета ВМРО-ДПМНЕ има 24 отсто поддршка додека СДСМ 11, а во телефонско истражување разликата е 21-12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму поради овие бројки ВМРО-ДПМНЕ бара брзи пармаментарни избори во текот на есента, а на таков став полека е и меѓународната заедница. „Странците“ навиваат за избори откако видоа дека власта не може да испорача уставни измени и особено што влегоа во процесот без обезбедено парламентарно мнозинство.

Релевантните амбасади биле изненадени од бројката и од компактноста на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше против отворање на Уставот.

Во таква ситуација, најлогичното решение е изброри на кои победникот е веќе познат.Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се дојде до решение кое ќе ги штити македонските национални интереси и кое нема да биде „сто-нула“ во корист на Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ako-se-odi-na-brzi-izbori-se-otkazhuvame-od-tehnichkata-vlada/

The post Сите анкети покaжуваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, ете затоа се потребни брзи избори appeared first on Република.

]]>

Сите анкети кои се направени во последните неколку месеци покажуваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ. Резултатите од овие истражувања ги имаат и власта и опозицијата, но и неколку значајни амбасади. Конкретно во една анкета ВМРО-ДПМНЕ има 24 отсто поддршка додека СДСМ 11, а во телефонско истражување разликата е 21-12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради овие бројки ВМРО-ДПМНЕ бара брзи пармаментарни избори во текот на есента, а на таков став полека е и меѓународната заедница. „Странците“ навиваат за избори откако видоа дека власта не може да испорача уставни измени и особено што влегоа во процесот без обезбедено парламентарно мнозинство. Релевантните амбасади биле изненадени од бројката и од компактноста на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше против отворање на Уставот. Во таква ситуација, најлогичното решение е изброри на кои победникот е веќе познат.Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се дојде до решение кое ќе ги штити македонските национални интереси и кое нема да биде „сто-нула“ во корист на Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ako-se-odi-na-brzi-izbori-se-otkazhuvame-od-tehnichkata-vlada/

The post Сите анкети покaжуваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, ете затоа се потребни брзи избори appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Ако Ковачевски не сака да го разреши Спасовски, тогаш многу скоро тие ќе бидат разрешени од народот на предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-ako-kovachevski-ne-saka-da-go-razreshi-spasovski-togash-mnogu-skoro-tie-ke-bidat-razresheni-od-narodot-na-predvremeni-izbori/ Tue, 27 Dec 2022 19:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=590698

Ќе ги искористиме сите алатки и нема да застанеме тука во делот на она што можеме како опозиција да го направиме. Сепак да бидеме свесни ние не сме носители на јавните функции туку носители се СДСМ и ДУИ и тие се најповикани за ова што го прават. Безбедносниот сектор е една црна дупка која не дозволува никако информациите да излезат во јавност. Зошто е тоа така ? Затоа што не сакаат да се соочат со одговорноста за нивната неспособност и неодговорно постапување во сите случаи, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во вечерашното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“.

Она што е интерес за граѓаните е тоа сите недостатоци кои се констатирани, а се констатирани и во случајот со Онишченко да бидат навремено корегирани, да има одговорност на носителите на државни функции зошто се дозволиле такви пропусти, затоа што еден пропуст може да биде свесен и да знаат тие носители на јавни функции дека има одреден пропуст кој ќе можат на вакви лица како Онишенко да му дадат пасош, а можеби за тоа може и да добијат некаква финансиска награда. Така што јас не можам да верувам дека случаен е пропустот за една таква активност, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека во случајот со Онишченко нема одговорност. Директорот Димовски не поднесе одговорност, него му заврши мандатот и не прифати никаква одговорност и во самата негова изјава. Веќе го предложија и за амбасадор во Франција, каде тој дури и награда доби за тоа што има системски пропуст во неговата функција.

Ние мора овој трул систем да го ресетираме, да ги ставиме вистинските луѓе на вистинските места. Да ги направиме процедурите да бидат во интерес на граѓаните, во интерес на државата, а не во интерес на властодржците кои таквите процедури ќе ги злоупотребуваат за да можат да избегнат одговорност како што е случајот со денешните собраниски актуелни комисии кои се задскриваат од јавноста доставувајќи класифицирани информации, кажа Петрушевски.

Тој рече “зарем една грешка треба да ја скриваме со нова грешка“.

Време е на Македонија да и се случи еден рестарт во овој безбедносен дел, но и генерално. Нас ни е неопходно конечно да имаме растарт на системот кој ќе се случи на предвремени парламентарни избори. Доколку Ковачевски не сака да го разреши Спасовски за сите скандали кои изминатиот период протекуваат од МВР многу скоро Спасовски и Ковачевски ќе ги разреши народот на предвремени парламентарни избори, дециден е Петрушевски.

The post Петрушевски: Ако Ковачевски не сака да го разреши Спасовски, тогаш многу скоро тие ќе бидат разрешени од народот на предвремени избори appeared first on Република.