предупредување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predupreduvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 12:45:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предупредување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predupreduvanje/ 32 32 Песков: Русија испрати автоматско предупредување до САД за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-isprati-avtomatsko-predupreduvane-do-sad-za-lansiraneto-na-orevokrshachka-30-minuti-porano/ Fri, 22 Nov 2024 12:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=840827

Русија испрати автоматско предупредување до Соединетите Американски Држави за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано, бидејќи се работи за балистичка ракета, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Постои руски национален центар за намалување на нуклеарните закани, кој работи во автоматски режим и е во постојана врска со истиот систем што постои во САД. Врз основа на тоа, 30 минути порано е испратено предупредување за лансирање преку овој систем, бидејќи се работи за проектил со краток и среден дострел - објасни Песков.

Тој додаде дека предупредувањето за неговото лансирање не е задолжително, бидејќи не е интерконтинентално, но сепак е балистичко и дека во тие случаи центарот работи во автоматски режим.

Портпаролот, исто така, нагласи дека Русија не е обврзана да испрати известување за такво лансирање.

Дополнително, Песков нагласи дека тестирањето на најновата руска суперсонична ракета ја покажа способноста на Москва да му одговори на Западот доколку продолжи да ја игнорира нејзината загриженост.

The post Песков: Русија испрати автоматско предупредување до САД за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано appeared first on Република.

]]>

Русија испрати автоматско предупредување до Соединетите Американски Држави за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано, бидејќи се работи за балистичка ракета, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Постои руски национален центар за намалување на нуклеарните закани, кој работи во автоматски режим и е во постојана врска со истиот систем што постои во САД. Врз основа на тоа, 30 минути порано е испратено предупредување за лансирање преку овој систем, бидејќи се работи за проектил со краток и среден дострел - објасни Песков. Тој додаде дека предупредувањето за неговото лансирање не е задолжително, бидејќи не е интерконтинентално, но сепак е балистичко и дека во тие случаи центарот работи во автоматски режим. Портпаролот, исто така, нагласи дека Русија не е обврзана да испрати известување за такво лансирање. Дополнително, Песков нагласи дека тестирањето на најновата руска суперсонична ракета ја покажа способноста на Москва да му одговори на Западот доколку продолжи да ја игнорира нејзината загриженост.

The post Песков: Русија испрати автоматско предупредување до САД за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано appeared first on Република.

]]>
СВР Тетово предупредува – казните се и до пет години затвор, затоа внимавајте! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svr-tetovo-predupreduva-kaznite-se-i-do-pet-godini-zatvor-zatoa-vnimavajte/ Thu, 07 Nov 2024 16:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=834670

Последните неколку дена, особено во утринските и доцните вечерни часови, во тетовско-гостиварскиот регион има релативно ниски температури, кои ја интензивираа грејната сезона, не само во домовите, туку и во стопанските, јавните и други објекти. Поради ова, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќите или станбените згради, потсетуваат од Секторот зa внатрешни работи-Тетово.

Повторно апелираме до граѓаните на максимална внимателност, поточно да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се дома или во работните простории, а особено не греалки, клима уреди или печки на дрва. Затоа што е потребна само мала искра за да се запали голем пожар со сериозни материјални и други последици. Ова особено се однесува на станбените згради, каде локализирањето на пожарите е многу потешко, поради недостиг на потребна опрема во многу од нив и отежнатиот пристап до зградите, главно поради градежни или други причини, велат од СВР Тетово.

На сопствениците и станарите во зградите им се препорачува да ги проверуваат и чистат оџаците најмалку двапати годишно, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на неколку електрични апарати одеднаш.

Според член 288 од Кривичниот законик, предизвикување јавна опасност е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години, а ако е сторено од небрежност, казната е до три години. Затоа, се молат граѓаните да продолжат да ги почитуваат овие апели и упатства, да спречат евентуални пожари и да спречат посериозни последици по нивниот живот и имот, велат од СВР Тетово.

The post СВР Тетово предупредува – казните се и до пет години затвор, затоа внимавајте! appeared first on Република.

Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-meteoroloshka-sluzhba-izdade-predupreduvana-za-novi-vrnezhi-vo-valensija-i-kastelon/ Fri, 01 Nov 2024 11:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=833056

Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон – области погодени од разорни поплави во последните неколку дена во кои загинаа најмалку 161 лице.

Иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, најавениот дожд претставува нов проблем за жителите зашто натамошните врнежи може да предизвикаат дополнителни поплави.

Надлежните апелираат до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно.

Во разорните поплави што погодија региони во источна Шпанија, досега, според последниот биланс, загинаа најмалку 161 лице. Спасувачките екипи сè уште трагаат по исчезнатите, а во потрагата од денеска се вклучуваат уште 500 припадници на шпанската армија.

The post Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон appeared first on Република.

Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-predupredi-na-tselosno-unishtuvane-na-neprijatelot-vo-sluchaj-na-vojna/ Sun, 28 Jul 2024 14:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=801057

Северна Кореја се обврза на „тотално уништување“ на своите непријатели во случај на војна кога лидерот на земјата Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Високи воени функционери, вклучително и полковникот Ри Ун-рионг и командантот на морнарицата Јо Кјонг-сон, ги дадоа изјавите поради, како што наведува државната агенција на Северна Кореја, „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја на состанокот на кој присуствуваше и Ким по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна.

Северна Кореја и САД немаат дипломатски односи, а преговорите за намалување на тензиите и денуклеаризација на Северна Кореја се во застој од 2019 година.

Државните севернокорејски медиуми неодамна посочија дека тоа не се очекува да се промени без оглед на тоа кој ќе биде избран за шеф на Белата куќа.

Иако Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се решени да предизвикаат нуклеарна војна по секоја цена, севернокорејските воени претставници ветија дека ќе ја зајакнат воената ефикасност за да извршат „сеопфатен напад врз непријателот во секое време и без одлагање“ за целосно да го уништат кога лидерот Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба.

Северна Кореја потпиша договор за примирје со САД и Кина на 27 јули 1953 година, со што заврши тригодишната војна.

The post Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја се обврза на „тотално уништување“ на своите непријатели во случај на војна кога лидерот на земјата Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба, јави денеска државната новинска агенција КЦНА. Високи воени функционери, вклучително и полковникот Ри Ун-рионг и командантот на морнарицата Јо Кјонг-сон, ги дадоа изјавите поради, како што наведува државната агенција на Северна Кореја, „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја на состанокот на кој присуствуваше и Ким по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна. Северна Кореја и САД немаат дипломатски односи, а преговорите за намалување на тензиите и денуклеаризација на Северна Кореја се во застој од 2019 година. Државните севернокорејски медиуми неодамна посочија дека тоа не се очекува да се промени без оглед на тоа кој ќе биде избран за шеф на Белата куќа. Иако Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се решени да предизвикаат нуклеарна војна по секоја цена, севернокорејските воени претставници ветија дека ќе ја зајакнат воената ефикасност за да извршат „сеопфатен напад врз непријателот во секое време и без одлагање“ за целосно да го уништат кога лидерот Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба. Северна Кореја потпиша договор за примирје со САД и Кина на 27 јули 1953 година, со што заврши тригодишната војна.

The post Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна appeared first on Република.

]]>
Стигна предупредување до сите кои летуваат на Халкидики, Тасос, Солунско, Олимписка ривиера… https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stigna-predupreduvane-do-site-koi-letuvaat-na-halkidiki-tasos-solunsko-olimpiska-riviera/ Wed, 03 Jul 2024 16:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=793165

Предупредување за влошување на временските услови им стигна на сите кои во моментот се во северна Грција. Метеоролозите алармираат дека во текот на утрешниот ден од раните утрински часови се очекуваат неповолни временски услови, пороен дожд, невреме, грмежи...

Се советува да не излегувате надвор освен ако не е е апсолутно неопходно.

Ве советуваме да не ги паркирате автомобилите на угорници, бидејќи ваквите улици најчесто се претвораат во порои кои носат се пред себе директно во морето. Паркирајте ги автомобилите на попречни улици. Се очекува невремето да трае до пладне, а веќе од петок температурите повторно да бидат високи, а времето да биде сончево.

The post Стигна предупредување до сите кои летуваат на Халкидики, Тасос, Солунско, Олимписка ривиера… appeared first on Република.

]]>

Предупредување за влошување на временските услови им стигна на сите кои во моментот се во северна Грција. Метеоролозите алармираат дека во текот на утрешниот ден од раните утрински часови се очекуваат неповолни временски услови, пороен дожд, невреме, грмежи... Се советува да не излегувате надвор освен ако не е е апсолутно неопходно. Ве советуваме да не ги паркирате автомобилите на угорници, бидејќи ваквите улици најчесто се претвораат во порои кои носат се пред себе директно во морето. Паркирајте ги автомобилите на попречни улици. Се очекува невремето да трае до пладне, а веќе од петок температурите повторно да бидат високи, а времето да биде сончево.

The post Стигна предупредување до сите кои летуваат на Халкидики, Тасос, Солунско, Олимписка ривиера… appeared first on Република.

]]>
На ултра-процесираната храна треба да стои предупредување како на цигарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-ultra-protsesiranata-hrana-treba-da-stoi-predupreduvane-kako-na-tsigarite/ Thu, 27 Jun 2024 12:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=791289

Ултра-процесираната храна (Ultra-processed foods – UPF), треба да се продава со предупредувања во истиот стил како оние на тутунот, но и да подлежи на потешко оданочување поради влијанието врз здравјето и смртноста, смета професорот Карлос Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло.

Овие намирници ја поттикнуваат пандемијата на дебелина и други хронични болести поврзани со исхраната, како што е дијабетесот, вели тој.

Острото предупредување доаѓа во услови на брзо растечка глобална потрошувачка на УПФ, како што се житарици, протеински барови, газирани пијалаци, готови оброци и брза храна.

Ултра преработената храна е директно поврзана со 32 штетни ефекти по здравјето, вклучително и поголем ризик од срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2, лошо ментално здравје и рана смрт.

The post На ултра-процесираната храна треба да стои предупредување како на цигарите appeared first on Република.

]]>

Ултра-процесираната храна (Ultra-processed foods – UPF), треба да се продава со предупредувања во истиот стил како оние на тутунот, но и да подлежи на потешко оданочување поради влијанието врз здравјето и смртноста, смета професорот Карлос Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло.
Овие намирници ја поттикнуваат пандемијата на дебелина и други хронични болести поврзани со исхраната, како што е дијабетесот, вели тој.
Острото предупредување доаѓа во услови на брзо растечка глобална потрошувачка на УПФ, како што се житарици, протеински барови, газирани пијалаци, готови оброци и брза храна. Ултра преработената храна е директно поврзана со 32 штетни ефекти по здравјето, вклучително и поголем ризик од срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2, лошо ментално здравје и рана смрт.

The post На ултра-процесираната храна треба да стои предупредување како на цигарите appeared first on Република.

]]>
Издадено предупредување за оркански ветрови и бура во Србија, Хрватска и Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izdadeno-predupreduvane-za-orkanski-vetrovi-i-bura-vo-srbija-hrvatska-i-slovenija/ Sat, 22 Jul 2023 11:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=664196

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде ново предупредување за денеска, во кое пишува дека се очекува силна активност со грмотевици, ветер и дожд.

Развојот локално ќе биде многу силен и брз (ќе се движи од запад-северозапад кон исток) со понекогаш голем град, краткотрајни силни налети на ветрови и изолирани налети на ветер слични на урагани. Тешко е однапред да се одреди точната локација на почетокот, движењето и сериозноста на непогодите, но поголема е веројатноста за појава во доцните попладневни и вечерни часови во северниот, западниот, централниот и источниот дел на Србија, објавено е на веб-страницата на РХМЗ.

И Хрватскиот хидрометеролошки завод утрово издаде портокалово предупредување за невреме со грмотевици за речиси цела држава. Исклучок се Книнскиот и Дубровничкиот регион, за кои поради топлотниот бран е издадено портокалово предупредување. ДХМЗ објави дека попладнево и приквечер можна е локална појава на грмежи пропратена со силен ветер и обилни врнежи. Најголема веројатност за грмежи ќе има во подрачјето на Осиек.

Словенечката агенција за животна средина (Арсо) денеска издаде портокалово предупредување за невреме во цела Словенија, во периодот од 14 до 23 часот. Според Арсо, можна е силна бура, со град и налети на ветер и грмотевици.

The post Издадено предупредување за оркански ветрови и бура во Србија, Хрватска и Словенија appeared first on Република.

]]>

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде ново предупредување за денеска, во кое пишува дека се очекува силна активност со грмотевици, ветер и дожд.
Развојот локално ќе биде многу силен и брз (ќе се движи од запад-северозапад кон исток) со понекогаш голем град, краткотрајни силни налети на ветрови и изолирани налети на ветер слични на урагани. Тешко е однапред да се одреди точната локација на почетокот, движењето и сериозноста на непогодите, но поголема е веројатноста за појава во доцните попладневни и вечерни часови во северниот, западниот, централниот и источниот дел на Србија, објавено е на веб-страницата на РХМЗ.
И Хрватскиот хидрометеролошки завод утрово издаде портокалово предупредување за невреме со грмотевици за речиси цела држава. Исклучок се Книнскиот и Дубровничкиот регион, за кои поради топлотниот бран е издадено портокалово предупредување. ДХМЗ објави дека попладнево и приквечер можна е локална појава на грмежи пропратена со силен ветер и обилни врнежи. Најголема веројатност за грмежи ќе има во подрачјето на Осиек. Словенечката агенција за животна средина (Арсо) денеска издаде портокалово предупредување за невреме во цела Словенија, во периодот од 14 до 23 часот. Според Арсо, можна е силна бура, со град и налети на ветер и грмотевици.

The post Издадено предупредување за оркански ветрови и бура во Србија, Хрватска и Словенија appeared first on Република.

]]>
Предупредување од МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predupreduvane-od-mvr-ne-nasednuvajte-na-lazhni-elektronski-poraki-vo-ime-na-direktorot-na-bjb/ Tue, 11 Apr 2023 09:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=629731

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на некакво барање за судско појаснување, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, велат од МВР.

The post Предупредување од МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на некакво барање за судско појаснување, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот. МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер. Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, велат од МВР.

The post Предупредување од МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>
Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vi-prakjaat-link-so-vetuvanje-za-lesna-zarabotka-mvr-predupreduva-za-izmami-preku-kriptovaluti/ Sat, 23 Jul 2022 08:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=532360

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација.

Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.

Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин, појаснуваат од МВР.

Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.

Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции, се наведува во соопштението

За тоа што можат да направат граѓаните се препорачува:

-Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства;

-Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање;

-Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит;

-Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и

-Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути appeared first on Република.

]]>

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.
Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин, појаснуваат од МВР.
Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.
Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции, се наведува во соопштението
За тоа што можат да направат граѓаните се препорачува:
-Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства; -Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање; -Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит; -Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и -Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути appeared first on Република.

]]>
Словенија го презема првиот чекор пред прогласување криза поради намалено снабдување со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-go-prezema-prviot-chekor-pred-proglasuvanje-kriza-poradi-namaleno-snabduvanje-so-gas/ Mon, 11 Jul 2022 16:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=527104

Словенечката Регулаторна агенција за енергетика објави прво ниво (од четирите) на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор.

Министерот за инфраструктура, Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува премиерот Роберт Голоб на неговата посета на Берлин, каде енергетската ситуација во Европа ќе биде една од темите на разговор со германските домаќини, на прес-конференција во Љубљана изјави дека прогласувањето на првото ниво на предупредување од страна на регулаторот, меѓу другото, е последица од прекините во набавката на руски гас преку гасоводот „Северен поток“.

Станува збор за навремена подготовка за грејната сезона и можните алтернативи - изјави Кумер, додавајќи дека повеќето членки на ЕУ веќе издале слични или поостри предупредувања, но дека снабдувањето со природен гас во Словенија сè уште не е загрозено.

Агенцијата за енергетика, како надлежно регулаторно тело, соопшти дека ги предупредува потрошувачите на природен гас дека во иднина, во случај на послаб проток на природен гас од Русија, „во некои прилики може да се бара прогласување на повисоки степени на криза“ и „прекинување на испораките или потребата да се префрлат на алтернативни извори на енергија“.

Министерот за енергетика потврди дека деновиве Владата усвоила мерки и препораки за заштеда на енергија и нејзина рационална потрошувачка во државната администрација и поширокиот јавен сектор, со што би можело да заштеди околу десет отсто од вкупната потрошувачка за таа намена, за ладење на просториите во лето и нивно загревање во зима, односно околу 10 милиони евра.

The post Словенија го презема првиот чекор пред прогласување криза поради намалено снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Словенечката Регулаторна агенција за енергетика објави прво ниво (од четирите) на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор. Министерот за инфраструктура, Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува премиерот Роберт Голоб на неговата посета на Берлин, каде енергетската ситуација во Европа ќе биде една од темите на разговор со германските домаќини, на прес-конференција во Љубљана изјави дека прогласувањето на првото ниво на предупредување од страна на регулаторот, меѓу другото, е последица од прекините во набавката на руски гас преку гасоводот „Северен поток“.
Станува збор за навремена подготовка за грејната сезона и можните алтернативи - изјави Кумер, додавајќи дека повеќето членки на ЕУ веќе издале слични или поостри предупредувања, но дека снабдувањето со природен гас во Словенија сè уште не е загрозено.
Агенцијата за енергетика, како надлежно регулаторно тело, соопшти дека ги предупредува потрошувачите на природен гас дека во иднина, во случај на послаб проток на природен гас од Русија, „во некои прилики може да се бара прогласување на повисоки степени на криза“ и „прекинување на испораките или потребата да се префрлат на алтернативни извори на енергија“. Министерот за енергетика потврди дека деновиве Владата усвоила мерки и препораки за заштеда на енергија и нејзина рационална потрошувачка во државната администрација и поширокиот јавен сектор, со што би можело да заштеди околу десет отсто од вкупната потрошувачка за таа намена, за ладење на просториите во лето и нивно загревање во зима, односно околу 10 милиони евра.

The post Словенија го презема првиот чекор пред прогласување криза поради намалено снабдување со гас appeared first on Република.

]]>
Црногорците добиле предупредување на телефоните https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crnogorcite-dobile-predupreduvanje-na-telefonite/ Sat, 23 Apr 2022 07:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=492511

Бројни граѓани на Црна Гора синоќа, неколку секунди пред да го почувствуваат земјотресот, од системот Андроид добиле известување дека е можен земјотрес, како и упатства што да прават.

Овој начин на известување досега не е забележан на мобилните телефони со Android и поддршка од сервисите на Google, а пет до десет секунди, колку што известувањето пристигнало порано, за многумина било изненадување.

The post Црногорците добиле предупредување на телефоните appeared first on Република.

]]>

Бројни граѓани на Црна Гора синоќа, неколку секунди пред да го почувствуваат земјотресот, од системот Андроид добиле известување дека е можен земјотрес, како и упатства што да прават. Овој начин на известување досега не е забележан на мобилните телефони со Android и поддршка од сервисите на Google, а пет до десет секунди, колку што известувањето пристигнало порано, за многумина било изненадување.

The post Црногорците добиле предупредување на телефоните appeared first on Република.

]]>
Славчо Попоски предупредува: Не ги оставајте автомобилите под дрвја, ќе дува ветер со брзина над 80 км/час https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/slavcho-poposki-predupreduva-ne-gi-ostavajte-avtomobilite-pod-drvja-kje-duva-veter-so-brzina-nad-80-km-chas/ Wed, 30 Mar 2022 19:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=481051

Метерологот Славчо Попоски упати предупредување до граѓаните да бидат крајно претпазливи и да не ги оставаат своите автомобили под дрвја, поради силниот ветер од јужен правец кој утре се очекува да дува низ Македонија. Ветерот на некои места ќе достигнува брзина од дури над 80 км/час, пишува тој.

Вели дека сево ова е поради моќиот циклонски систем кој ќе биде со центар над Џеновскиот залив и истиот ќе влијае на времето кај нас во Македонија, но и во регионот.

Од утре па натаму следува и период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат поинтензивни. Локално ќе има развој и на нестабилна облачност, проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град. Локално овие процеси би можеле да бидат застапени и во форма на невреме. За време на викендот пак на планинските места на запад ќе има услови и за врнежи од снег. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 20 степени, вели Попоски.

Попоски додава дека од денес па во следните денови поради изразеното југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се шири прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој се очекува ќе биде помешан со истата.

The post Славчо Попоски предупредува: Не ги оставајте автомобилите под дрвја, ќе дува ветер со брзина над 80 км/час appeared first on Република.

]]>

Метерологот Славчо Попоски упати предупредување до граѓаните да бидат крајно претпазливи и да не ги оставаат своите автомобили под дрвја, поради силниот ветер од јужен правец кој утре се очекува да дува низ Македонија. Ветерот на некои места ќе достигнува брзина од дури над 80 км/час, пишува тој. Вели дека сево ова е поради моќиот циклонски систем кој ќе биде со центар над Џеновскиот залив и истиот ќе влијае на времето кај нас во Македонија, но и во регионот.