предупредувачки протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predupreduvachki-protest/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 13:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предупредувачки протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predupreduvachki-protest/ 32 32 Власта на СДСМ и ДУИ докажа дека не ја почитува медиумската слобода, поддршка за предупредувачкиот протест на МИА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-na-sdsm-i-dui-dokazha-deka-ne-ja-pochituva-mediumskata-sloboda-poddrshka-za-predupreduvachkiot-protest-na-mia/ Thu, 27 Jul 2023 13:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=665935

Го поддржуваме предупредувачкиот протест на Македонската информативна агенција која денес својот револт кон владата го изрази на овој начин, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој чин се случува за прв пат после 25 години и го покажува начинот на кој Владата ги третира медиумските работници. Власта на СДС и ДУИ во континуитет ги лаже сите граѓани и купува специјален мир со секакви ветувања кои на крајот не се реализираат. Иако ветуваа дека покачувањето на платите на вработените во МИА е предвидено во финансискиот план за 2023 година, повторно ова остана уште едно празно ветување на власта.

Како политичка партија која ги почитува и вреднува медиумските работници и се залага за подобрување на нивните економски состојби кои ќе резултираат со достоинствена, професионална и слободна средина за работа секогаш ќе се залагаме за задоволување на барањата на медиумските работници.

Власта на СДС и ДУИ уште еднаш докажа дека не ја почитуваат медиумската слобода, потполната независност и овозможување на раст на платите во новинарството, велат од партијата.

Вработените во МИА денеска излегоа на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.

Првпат во 25-годишното постоење на МИА вработените се принудени преку протест да бараат остварувања на нивните права. Денешниот предупредувачки протест е поради игнорантскиот однос на Владата кон барањата за зголемување на платите согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, изјави Марина Илиевска, вработена во МИА и член на ИО на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Таа информираше дека МИА повеќе месеци чека барањето за зголемување на платите да биде ставено на дневен ред на седница на Влада.

Зголемувањето на платите во МИА е предвидено во планираните расходи за плати утврдени во Финансискиот план за 2023 година односно за тоа не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот, дополни таа.

Илиевска посочи дека поради потпросечните плати и неодобрувањето на нови вработувања, МИА веќе се соочува со одлив и недостаток на кадар.

The post Власта на СДСМ и ДУИ докажа дека не ја почитува медиумската слобода, поддршка за предупредувачкиот протест на МИА appeared first on Република.

]]>

Го поддржуваме предупредувачкиот протест на Македонската информативна агенција која денес својот револт кон владата го изрази на овој начин, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој чин се случува за прв пат после 25 години и го покажува начинот на кој Владата ги третира медиумските работници. Власта на СДС и ДУИ во континуитет ги лаже сите граѓани и купува специјален мир со секакви ветувања кои на крајот не се реализираат. Иако ветуваа дека покачувањето на платите на вработените во МИА е предвидено во финансискиот план за 2023 година, повторно ова остана уште едно празно ветување на власта. Како политичка партија која ги почитува и вреднува медиумските работници и се залага за подобрување на нивните економски состојби кои ќе резултираат со достоинствена, професионална и слободна средина за работа секогаш ќе се залагаме за задоволување на барањата на медиумските работници. Власта на СДС и ДУИ уште еднаш докажа дека не ја почитуваат медиумската слобода, потполната независност и овозможување на раст на платите во новинарството, велат од партијата.
Вработените во МИА денеска излегоа на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.
Првпат во 25-годишното постоење на МИА вработените се принудени преку протест да бараат остварувања на нивните права. Денешниот предупредувачки протест е поради игнорантскиот однос на Владата кон барањата за зголемување на платите согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, изјави Марина Илиевска, вработена во МИА и член на ИО на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
Таа информираше дека МИА повеќе месеци чека барањето за зголемување на платите да биде ставено на дневен ред на седница на Влада.
Зголемувањето на платите во МИА е предвидено во планираните расходи за плати утврдени во Финансискиот план за 2023 година односно за тоа не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот, дополни таа.
Илиевска посочи дека поради потпросечните плати и неодобрувањето на нови вработувања, МИА веќе се соочува со одлив и недостаток на кадар.

The post Власта на СДСМ и ДУИ докажа дека не ја почитува медиумската слобода, поддршка за предупредувачкиот протест на МИА appeared first on Република.

]]>
КСС денеска излегува на предупредувачки протест пред Собранието и Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kss-deneska-izleguva-na-predupreduvachki-protest-pred-sobranieto-i-vladata/ Wed, 30 Mar 2022 07:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=480670

Од КСС подолг период бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста плата. Бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени. Доколку не се исполни ова нивно барање, раководството на синдикатот најави генерален штрајк.

Протестот ќе почне пред Собранието од 15:30 часот до 16:30 часот по што ќе продолжи пред Владата.

Засега, како што изјави претседателот на КСС Благоја Ралповски за МИА, нема најава за средба во Владата.

Минатата среда во Владата во рамки на Економско-социјалниот совет беше разговарано за ова прашање, но не се постигна конкретен договор по што КСС најави дека останува на ставот да се одржи предупредувачкиот протест. Од Владата, пак, порачаа да продолжи социјалниот дијалог и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платите.

Поддршка за протестот, КСС доби од повеќе грански синдикати, меѓу кои и од најбројниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

The post КСС денеска излегува на предупредувачки протест пред Собранието и Владата appeared first on Република.

]]>

Од КСС подолг период бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста плата. Бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени. Доколку не се исполни ова нивно барање, раководството на синдикатот најави генерален штрајк. Протестот ќе почне пред Собранието од 15:30 часот до 16:30 часот по што ќе продолжи пред Владата. Засега, како што изјави претседателот на КСС Благоја Ралповски за МИА, нема најава за средба во Владата.
Минатата среда во Владата во рамки на Економско-социјалниот совет беше разговарано за ова прашање, но не се постигна конкретен договор по што КСС најави дека останува на ставот да се одржи предупредувачкиот протест. Од Владата, пак, порачаа да продолжи социјалниот дијалог и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платите. Поддршка за протестот, КСС доби од повеќе грански синдикати, меѓу кои и од најбројниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

The post КСС денеска излегува на предупредувачки протест пред Собранието и Владата appeared first on Република.

]]>