предновогодишна забава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prednovogodishna-zabava/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 10:08:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предновогодишна забава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prednovogodishna-zabava/ 32 32 На лето базен, на зима забава и музика во живо за затворениците од тетовскиот затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-leto-bazen-na-zima-zabava-i-muzika-vo-zhivo-za-zatvorenitsite-od-tetovskiot-zatvor/ Mon, 25 Dec 2023 10:08:54 +0000 https://republika.mk/?p=726427

На лето базен за разладување, за празниците украси, благодарници и новогодишна забава имаат затворениците во затворот во Тетово. За тоа каква беше атмосферата во дворот на затворот на социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа пејач со микрофон, трпеза со пијалаци, веселење.

Фотографии од забавата објави и управителот на затворот Ќефали Хавзиу.

Успешно реализирана културно-уметничката програма во Затворот Тетово посветена за крајот на успешната година, особено им се заблагодаруваме на секторот за ресоцијализација и обезбедување, ресторанот ВИТААБИ-Гостивар, познатата етно група од Тетово со изведувачите Џемал, Дашмир и Бесарт, тапаните од Тетова како и почит кон осудените лица за нивното примерно однесување , напиша Хавзиу на сите Фејсбук постови од денешната атмосфера.

Тој на дел од затворениците им додели и благодарници на кои пишува дека се за особен придонес во затворот.

Пред неколку дена тој објавил и од новогодишните украси кои се поставени во дворот на затворот.

The post На лето базен, на зима забава и музика во живо за затворениците од тетовскиот затвор appeared first on Република.

]]>

На лето базен за разладување, за празниците украси, благодарници и новогодишна забава имаат затворениците во затворот во Тетово. За тоа каква беше атмосферата во дворот на затворот на социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа пејач со микрофон, трпеза со пијалаци, веселење. Фотографии од забавата објави и управителот на затворот Ќефали Хавзиу.
Успешно реализирана културно-уметничката програма во Затворот Тетово посветена за крајот на успешната година, особено им се заблагодаруваме на секторот за ресоцијализација и обезбедување, ресторанот ВИТААБИ-Гостивар, познатата етно група од Тетово со изведувачите Џемал, Дашмир и Бесарт, тапаните од Тетова како и почит кон осудените лица за нивното примерно однесување , напиша Хавзиу на сите Фејсбук постови од денешната атмосфера.
Тој на дел од затворениците им додели и благодарници на кои пишува дека се за особен придонес во затворот. Пред неколку дена тој објавил и од новогодишните украси кои се поставени во дворот на затворот.

The post На лето базен, на зима забава и музика во живо за затворениците од тетовскиот затвор appeared first on Република.

]]>
Не, не подарувајте му чорапи со снешко на шефот – реални предлози за Сикрет Санта подароци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-ne-podaruvajte-mu-chorapi-so-sneshko-na-shefot-realni-predlozi-za-sikret-santa-podarotsi/ Sun, 24 Dec 2023 16:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=725406

Во тек се предновогодишните забави кои се организираат од фирмите, а во голем дел од нив колегите се договараат да се изненадат со подароци преку новогодишна лотарија или Сикрет Санта. Бидејќи предлозите за подароци на кои наидовме не беа најсоодветни за ваквите прилики (зошто, сепак, малку е глупаво да му подарите чорапи со Дедо Мраз на газдата или баде мантил на колешката) ви нудиме неколку реални предлози за унисекс подароци, кои не чинат повеќе од 1.000 денари.

Не може да погрешите со пијалок. Но, наместо вино, кое се купува во скоро секоја прилика, овојпат одберете ракија. Има доста нови, но и проверени дестилерии низ Македонија кои почнаа да прават премиум ракија. Добивате елегантно шише и врвен пијалок, за кој ќе потрошите дупло помалку отколку за шише виски.

[caption id="attachment_725408" align="aligncenter" width="556"] (фото: илустрација)[/caption]

Исто така, во неколку продавници за подароци може да се најдат и персонализирани чашки за ракија, со убава порака и дезен, кои може да ги комбинирате и со шише или чоканче.

Доколку, пак, сте убедени дека личноста за која купувате е вистински еноман, тогаш изненадете ја со убава дрвена или камена даска за сервирање или, пак ножиња за сирење во комбинација со некое пакување убав кашкавал или тврдо сирење.

[caption id="attachment_725409" align="aligncenter" width="1024"] (фото: илустрација)[/caption]

За љубителите на пиво, пак, одберете две кригли кои ќе ги наполните со различни апетисани. Moже да ги комбинирате и со крафт пива, странски или домашни, сега веќе навистина имаме голем избор.

[caption id="attachment_725410" align="aligncenter" width="1280"] (фото: илустрација)[/caption]

Aко личноста за која одбирате подарок не е по алкохолот, тогаш може да му одберете убави стаклени филџани за еспресо со дупло дно, кои може да ги најдете низ продавниците со предмети за домот, кои обично имаат добри попусти пред празниците.

[caption id="attachment_725411" align="aligncenter" width="894"] (фото: илустрација)[/caption]

Нив, пак, може да ги комбинирате со некое добро кафе или капсули, доколку знаете дека колегата/колешката има таква машина. Но, уште подобро, може да одберете и специјално ѓезве за подготвување на еспресо, кое исто така може да се најде по доста пристојни цени и во Македонија.

[caption id="attachment_725412" align="aligncenter" width="1200"] (фото: илустрација)[/caption]

Нема да погрешите ни со комбинација на убава шолја со неколку видови на чаеви, подарок кој ако е убаво спакуван може да биде вистински хит, а да ве чини доста евтино.

Подарок кој може да го дадете секому и нема да погрешите, колку и да звучи чудно - е медот. Во тек се неколку базари низ трговските центри каде може да најдете штандови од македонските прозиводители на мед и медени производи. Во време кога цените на овој здрав прозивод се доста поскапени, тегла мед од органско производство или негови варијации - со ореви, пита саќе, полен и слично, е одличен подарок.

Кога сме кај здравјето, доколку личноста за која купувате се труди да се храни здраво, дури и во македонските продавници веќе може да се најде преносниот блендер, шише со моторче во кое може секаде да си направите смути или милкшејк, а кое го промовираа доста познати личности.

[caption id="attachment_725418" align="aligncenter" width="800"] (фото: илустрација)[/caption]

Да не ги заборавиме ни лимените кутии со колачиња, кои подоцна може да се користат за чување на многу работи, најчесто, се разбира, за чување на приборот за шиење.

Низ слаткарниците може да се најдат и празнични колачиња или чоколадни бомбони, доколку колегата или колешката која ви се паднала е љубител на блакце.

За крај, избегнувајте да купувате прозиводи за лична хигиена или козметика, но доколку сметате дека личноста за која купувате би се израдувала на нешто такво, тогаш најдобро е да земете ваучер, кој сега го нудат повеќето продавници за козметика.

Исто така, ваучерот од книжарница е одличен подарок со кој може да израдувате страствен читател, затоа што така нема да погрешите со изборот на жанр или писател.

Колегите кои чуваат миленици нема да ви се налутат ако наместо за нив, одберете играчка за нивниот крзнен пријател.

Кога сме кај играчките, ако купувате за колега или колешка кои многу сакаат да се дружат, одберете друштвена игра која може да се најде во неколку специјалнизирани продавници, но и книжарници низ Македонија. Ако сметате дека е љубител на тоа, и сложувалка е одличен подарок.

За шегобијците од канцеларијата, може да одберете специјален постер од насловна страница на магазин во која тој/таа е прогласена за личност на годината или најсекси маж/жена за 2023 година.

The post Не, не подарувајте му чорапи со снешко на шефот – реални предлози за Сикрет Санта подароци appeared first on Република.

]]>

Во тек се предновогодишните забави кои се организираат од фирмите, а во голем дел од нив колегите се договараат да се изненадат со подароци преку новогодишна лотарија или Сикрет Санта. Бидејќи предлозите за подароци на кои наидовме не беа најсоодветни за ваквите прилики (зошто, сепак, малку е глупаво да му подарите чорапи со Дедо Мраз на газдата или баде мантил на колешката) ви нудиме неколку реални предлози за унисекс подароци, кои не чинат повеќе од 1.000 денари. Не може да погрешите со пијалок. Но, наместо вино, кое се купува во скоро секоја прилика, овојпат одберете ракија. Има доста нови, но и проверени дестилерии низ Македонија кои почнаа да прават премиум ракија. Добивате елегантно шише и врвен пијалок, за кој ќе потрошите дупло помалку отколку за шише виски. [caption id="attachment_725408" align="aligncenter" width="556"] (фото: илустрација)[/caption] Исто така, во неколку продавници за подароци може да се најдат и персонализирани чашки за ракија, со убава порака и дезен, кои може да ги комбинирате и со шише или чоканче. Доколку, пак, сте убедени дека личноста за која купувате е вистински еноман, тогаш изненадете ја со убава дрвена или камена даска за сервирање или, пак ножиња за сирење во комбинација со некое пакување убав кашкавал или тврдо сирење. [caption id="attachment_725409" align="aligncenter" width="1024"] (фото: илустрација)[/caption] За љубителите на пиво, пак, одберете две кригли кои ќе ги наполните со различни апетисани. Moже да ги комбинирате и со крафт пива, странски или домашни, сега веќе навистина имаме голем избор. [caption id="attachment_725410" align="aligncenter" width="1280"] (фото: илустрација)[/caption] Aко личноста за која одбирате подарок не е по алкохолот, тогаш може да му одберете убави стаклени филџани за еспресо со дупло дно, кои може да ги најдете низ продавниците со предмети за домот, кои обично имаат добри попусти пред празниците. [caption id="attachment_725411" align="aligncenter" width="894"] (фото: илустрација)[/caption] Нив, пак, може да ги комбинирате со некое добро кафе или капсули, доколку знаете дека колегата/колешката има таква машина. Но, уште подобро, може да одберете и специјално ѓезве за подготвување на еспресо, кое исто така може да се најде по доста пристојни цени и во Македонија. [caption id="attachment_725412" align="aligncenter" width="1200"] (фото: илустрација)[/caption] Нема да погрешите ни со комбинација на убава шолја со неколку видови на чаеви, подарок кој ако е убаво спакуван може да биде вистински хит, а да ве чини доста евтино. Подарок кој може да го дадете секому и нема да погрешите, колку и да звучи чудно - е медот. Во тек се неколку базари низ трговските центри каде може да најдете штандови од македонските прозиводители на мед и медени производи. Во време кога цените на овој здрав прозивод се доста поскапени, тегла мед од органско производство или негови варијации - со ореви, пита саќе, полен и слично, е одличен подарок. Кога сме кај здравјето, доколку личноста за која купувате се труди да се храни здраво, дури и во македонските продавници веќе може да се најде преносниот блендер, шише со моторче во кое може секаде да си направите смути или милкшејк, а кое го промовираа доста познати личности. [caption id="attachment_725418" align="aligncenter" width="800"] (фото: илустрација)[/caption] Да не ги заборавиме ни лимените кутии со колачиња, кои подоцна може да се користат за чување на многу работи, најчесто, се разбира, за чување на приборот за шиење. Низ слаткарниците може да се најдат и празнични колачиња или чоколадни бомбони, доколку колегата или колешката која ви се паднала е љубител на блакце. За крај, избегнувајте да купувате прозиводи за лична хигиена или козметика, но доколку сметате дека личноста за која купувате би се израдувала на нешто такво, тогаш најдобро е да земете ваучер, кој сега го нудат повеќето продавници за козметика. Исто така, ваучерот од книжарница е одличен подарок со кој може да израдувате страствен читател, затоа што така нема да погрешите со изборот на жанр или писател. Колегите кои чуваат миленици нема да ви се налутат ако наместо за нив, одберете играчка за нивниот крзнен пријател. Кога сме кај играчките, ако купувате за колега или колешка кои многу сакаат да се дружат, одберете друштвена игра која може да се најде во неколку специјалнизирани продавници, но и книжарници низ Македонија. Ако сметате дека е љубител на тоа, и сложувалка е одличен подарок. За шегобијците од канцеларијата, може да одберете специјален постер од насловна страница на магазин во која тој/таа е прогласена за личност на годината или најсекси маж/жена за 2023 година.

The post Не, не подарувајте му чорапи со снешко на шефот – реални предлози за Сикрет Санта подароци appeared first on Република.

]]>
Предновогодишна програма во Дајмонд мол наменета за сите возрасти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prednovogodishna-programa-vo-dajmond-mol-nameneta-za-site-vozrasti/ Sat, 16 Dec 2023 07:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=723507

Во пресрет на новата година, Дајмонд мол подготви богата новогодишна програма за посетителите од сите возрасти која ќе се реализира за време на деновите од следните три викенди и ќе содржи најразличен вид настани, бројни музички концерти и забавни активности.

Програмата почнува денеска со неколку активности за најмладите кои ќе се случуваат во „Зоната на соништата“ каде децата ќе имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да добијат подароци, да бидат дел од едукативна тура и да учествуваат во караоке забава со пињата. Вечерните часови се резервирани за концертот на музичката ѕвезда Лозано, кој од 21 до 22 часот ќе ги испее своите најголеми хитови.

Утре најмладите ќе имаат можност да се радуваат на изведбата на нивните омилени песни од фестивалот „Поточиња“, по што ќе следува двочасовно шоу со маскоти, додека во „Зоната на соништата“ повторно ќе се организира Среќно тркало со подароци и караоке забава со пињата. Во попладневните часови, со почеток во 18:00 часот, квартетот „Авис“ ќе одржи празничен концерт.

Новогодишната програма продолжува и следниот викенд. Во саботата, на 23 декември посетителите во „Зоната на соништата“ ќе ги забавува магионичар, а ѕвездите на „Тин камп“ ќе се дружат и ќе пеат со своите обожаватели. Во неделата, на 24 декември напладне предвиден е концерт на „Златно славејче“, а од 13 часот и концерт со најдоброто од групата „ДНК“, по што следува и магионичарско шоу во популарната „Зона на соништата“.

Новогодишната програма ќе заврши на 30 декември, со новогодишна музичка претстава на „Дајте музика“ што ќе почне на пладне, како и вечерен концерт на популарното дуо Пајак и Лара, кое ја одбележа годината што изминува.

The post Предновогодишна програма во Дајмонд мол наменета за сите возрасти appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на новата година, Дајмонд мол подготви богата новогодишна програма за посетителите од сите возрасти која ќе се реализира за време на деновите од следните три викенди и ќе содржи најразличен вид настани, бројни музички концерти и забавни активности. Програмата почнува денеска со неколку активности за најмладите кои ќе се случуваат во „Зоната на соништата“ каде децата ќе имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да добијат подароци, да бидат дел од едукативна тура и да учествуваат во караоке забава со пињата. Вечерните часови се резервирани за концертот на музичката ѕвезда Лозано, кој од 21 до 22 часот ќе ги испее своите најголеми хитови. Утре најмладите ќе имаат можност да се радуваат на изведбата на нивните омилени песни од фестивалот „Поточиња“, по што ќе следува двочасовно шоу со маскоти, додека во „Зоната на соништата“ повторно ќе се организира Среќно тркало со подароци и караоке забава со пињата. Во попладневните часови, со почеток во 18:00 часот, квартетот „Авис“ ќе одржи празничен концерт. Новогодишната програма продолжува и следниот викенд. Во саботата, на 23 декември посетителите во „Зоната на соништата“ ќе ги забавува магионичар, а ѕвездите на „Тин камп“ ќе се дружат и ќе пеат со своите обожаватели. Во неделата, на 24 декември напладне предвиден е концерт на „Златно славејче“, а од 13 часот и концерт со најдоброто од групата „ДНК“, по што следува и магионичарско шоу во популарната „Зона на соништата“. Новогодишната програма ќе заврши на 30 декември, со новогодишна музичка претстава на „Дајте музика“ што ќе почне на пладне, како и вечерен концерт на популарното дуо Пајак и Лара, кое ја одбележа годината што изминува.

The post Предновогодишна програма во Дајмонд мол наменета за сите возрасти appeared first on Република.

]]>