предлог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 10:42:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предлог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog/ 32 32 Се воведуваат стручна матура и влезен академски испит: Ова се деталите од владиниот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-voveduvaat-struchna-matura-i-vlezen-akademski-ispit-ova-se-detalite-od-vladiniot-predlog/ Wed, 17 Jan 2024 10:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=733926

Владата, на вчерашната седница, утврди текст на нов Предлог на закон за средно образование.

Целта, според предлагачот, Министерството за образование, е да се овозможи унапредување на системот на средното образование, со што директно ќе се влијае на квалитетот на целокупниот систем на образование во државата. Учениците, како што е наведено во Образложението, во процесот на средното образование ќе се стекнат со знаења и вештини, со коишто ќе можат да го продолжат своето натамошно образование, но истовремено ќе ги направи учениците компетитивни на пазарот на трудот и ќе го олесни нивниот пат до вработување или самовработување.

Посебна новина којашто се воведува е во поглавјето „Испити на крајот на средното образование“, односно воведувањето стручна матура и влезен академски испит. По завршувањето на последната година на гимназиското образование, како што е предвидено, учениците полагаат државна матура, или училишна матура. По завршувањето на последната година во Меѓународна програма за средно образование (ИБ програма) учениците полагаат меѓународна матура и/или државна матура.

По завршувањето на последната година на стручното образование со четиригодишно траење, учениците полагаат стручна матура. По завршувањето на последната година на стручното образование со двогодишно, односно со тригодишно траење, учениците полагаат завршен испит. По завршувањето на последната година во средното уметничко образование, учениците полагаат уметничка матура. Концепцијата за испити на крајот на средното образование, ја изготвува Државниот испитен центар, а на предлог на Државниот матурско-академски одбор, ја утврдува министерот.

Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.

The post Се воведуваат стручна матура и влезен академски испит: Ова се деталите од владиниот предлог appeared first on Република.

]]>

Владата, на вчерашната седница, утврди текст на нов Предлог на закон за средно образование. Целта, според предлагачот, Министерството за образование, е да се овозможи унапредување на системот на средното образование, со што директно ќе се влијае на квалитетот на целокупниот систем на образование во државата. Учениците, како што е наведено во Образложението, во процесот на средното образование ќе се стекнат со знаења и вештини, со коишто ќе можат да го продолжат своето натамошно образование, но истовремено ќе ги направи учениците компетитивни на пазарот на трудот и ќе го олесни нивниот пат до вработување или самовработување. Посебна новина којашто се воведува е во поглавјето „Испити на крајот на средното образование“, односно воведувањето стручна матура и влезен академски испит. По завршувањето на последната година на гимназиското образование, како што е предвидено, учениците полагаат државна матура, или училишна матура. По завршувањето на последната година во Меѓународна програма за средно образование (ИБ програма) учениците полагаат меѓународна матура и/или државна матура. По завршувањето на последната година на стручното образование со четиригодишно траење, учениците полагаат стручна матура. По завршувањето на последната година на стручното образование со двогодишно, односно со тригодишно траење, учениците полагаат завршен испит. По завршувањето на последната година во средното уметничко образование, учениците полагаат уметничка матура. Концепцијата за испити на крајот на средното образование, ја изготвува Државниот испитен центар, а на предлог на Државниот матурско-академски одбор, ја утврдува министерот. Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.

The post Се воведуваат стручна матура и влезен академски испит: Ова се деталите од владиниот предлог appeared first on Република.

]]>
Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-predlaga-proglasuvane-na-katalonskiot-baskiskiot-i-galitsiskiot-za-ofitsijalni-jazitsi-na-eu/ Sun, 17 Sep 2023 06:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=682523

Европскиот совет во вторник треба да расправа за усвојување на предлогот на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ.

Иницијативата за официјализирање на ниво на ЕУ на овие три јазици, кои се во службена употреба во некои региони во Шпанија, кон крајот на минатиот месец ја покрена шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

Но, според дипломатски извори во ЕУ, шансите за усвојување на предлогот во вторник се мали, од причина што некои земји членки изразија загриженост поради финансиските и правните последици што ќе ги предизвика ваквата одлука, при што Шведска прва јавно изрази резерви кон иницијативата.

Веруваме дека треба потемелно да се испита какви се правните и финансиските последици од предлогот, соопшти шведската Влада.

Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца.

Според Стокхолм, прифаќањето на ваквиот предлог може да покрене лавина иницијативи за прогласување на регионални или малцински јазици за службени во ЕУ.

Европски дипломат за „Еурактив“ изјави дека ваквата иницијатива треба внимателно да се процени, додавајќи дека е „доста амбициозно“ очекувањето одлуката за ова прашање да се донесе за две недели.

Но, министерката во каталонското Претседателство, Лаура Вилагра и Понс изјави дека загриженоста за зголемени трошоци на некои земји од ЕУ е преувеличени, бидејќи според неа, на преведувачки услуги отпаѓа многу мал дел од буџетот на Унијата.

Подобрените алатки за компјутерско преведување и вештачката интелигенција ќе овозможат значително намалување на трошоците за превод во следните години, изјави Вилагра и Понс во средата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека планира да се сретне со каталонскиот лидер Квим Тора во Барселона првата недела од февруари

Таа додаде дека „одбраната на јазичните права на милиони Европејци не треба да биде предмет на економска дискусија“, нагласувајќи дека Каталонија е подготвена да го зголеми својот придонес со ресурси за таа цел и изрази увереност во посветеноста на шпанската Влада да обезбеди поддршка за ваквата иницијатива.

- Воопшто не ја разгледуваме можноста да не биде одобрен ваквиот официјален статус на Каталонците во Европа, изјави Вилагра и Понс, која доаѓа од редовите на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), која е меѓу партиите што ја поддржуваат каталонската независност.

На иницијативата на Шпанија се гледа и како на обид на актуелната левичарска Влада на социјалистот Педро Санчез да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање нов коалициски кабинет со поддршка на регионалните каталонски, баскиски и галициски партии, што донекаде и и успеа со изборот на Франсина Арменгол од Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) за претседателка на Долниот дом во шпанскиот Парламент.

На Санчез особено му е неопходна поддршката на ЕРЦ и на партијата Заедно за Каталонија, чиј основач е поранешниот претседател на каталонската регионална Влада и актуелен европратеник Карлес Пуџдемон.

Белгиски судија кој покрена постапка за екстрадиција на Карлес Пуџдемон во Шпанија оцени дека поранешниот каталонски лидер има пратенички имунитет и одлучи да ја стопира постапката

Пуџдемон изјави дека прогласувањето на каталонскиот за официјален јазик во ЕУ би бил „првиот чекор за градење доверба“ за понатамошни преговори со шпанската Влада.

Ако Шпанија сака, може да го стори тоа, изјави Пуџдемон, мислејќи на протуркувањето на иницијативата за прогласување на каталонскиот за официјален јазик на ниво на ЕУ, кој е еден од условите на каталонските сепаратисти, заедно со усвојувањето законот за амнестија, распишување референдум за статусот на Каталонија и зголемени даночни надлежности на Барселона, за поддршка на идната влада на Санчез.

Во рамките на преговорите за новата влада, ПСОЕ на Санчез и нејзиниот коалициски партнер, левичарскиот блок Здружени (Сумар), се согласија да поддржат употреба на каталонскиот, баскискиот, галицискиот и останатите регионални јазици во шпанскиот Парламент.

Каталонскиот јазик е во службена употреба во регионите Каталонија, Валенсија и Балеарски Острови, баскискиот во Баскија и делови од Навара, а галицискиот во регионот Галиција.

The post Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот совет во вторник треба да расправа за усвојување на предлогот на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ. Иницијативата за официјализирање на ниво на ЕУ на овие три јазици, кои се во службена употреба во некои региони во Шпанија, кон крајот на минатиот месец ја покрена шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. Но, според дипломатски извори во ЕУ, шансите за усвојување на предлогот во вторник се мали, од причина што некои земји членки изразија загриженост поради финансиските и правните последици што ќе ги предизвика ваквата одлука, при што Шведска прва јавно изрази резерви кон иницијативата. Веруваме дека треба потемелно да се испита какви се правните и финансиските последици од предлогот, соопшти шведската Влада. Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца. Според Стокхолм, прифаќањето на ваквиот предлог може да покрене лавина иницијативи за прогласување на регионални или малцински јазици за службени во ЕУ. Европски дипломат за „Еурактив“ изјави дека ваквата иницијатива треба внимателно да се процени, додавајќи дека е „доста амбициозно“ очекувањето одлуката за ова прашање да се донесе за две недели. Но, министерката во каталонското Претседателство, Лаура Вилагра и Понс изјави дека загриженоста за зголемени трошоци на некои земји од ЕУ е преувеличени, бидејќи според неа, на преведувачки услуги отпаѓа многу мал дел од буџетот на Унијата. Подобрените алатки за компјутерско преведување и вештачката интелигенција ќе овозможат значително намалување на трошоците за превод во следните години, изјави Вилагра и Понс во средата. Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека планира да се сретне со каталонскиот лидер Квим Тора во Барселона првата недела од февруари Таа додаде дека „одбраната на јазичните права на милиони Европејци не треба да биде предмет на економска дискусија“, нагласувајќи дека Каталонија е подготвена да го зголеми својот придонес со ресурси за таа цел и изрази увереност во посветеноста на шпанската Влада да обезбеди поддршка за ваквата иницијатива. - Воопшто не ја разгледуваме можноста да не биде одобрен ваквиот официјален статус на Каталонците во Европа, изјави Вилагра и Понс, која доаѓа од редовите на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), која е меѓу партиите што ја поддржуваат каталонската независност. На иницијативата на Шпанија се гледа и како на обид на актуелната левичарска Влада на социјалистот Педро Санчез да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање нов коалициски кабинет со поддршка на регионалните каталонски, баскиски и галициски партии, што донекаде и и успеа со изборот на Франсина Арменгол од Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) за претседателка на Долниот дом во шпанскиот Парламент. На Санчез особено му е неопходна поддршката на ЕРЦ и на партијата Заедно за Каталонија, чиј основач е поранешниот претседател на каталонската регионална Влада и актуелен европратеник Карлес Пуџдемон. Белгиски судија кој покрена постапка за екстрадиција на Карлес Пуџдемон во Шпанија оцени дека поранешниот каталонски лидер има пратенички имунитет и одлучи да ја стопира постапката Пуџдемон изјави дека прогласувањето на каталонскиот за официјален јазик во ЕУ би бил „првиот чекор за градење доверба“ за понатамошни преговори со шпанската Влада. Ако Шпанија сака, може да го стори тоа, изјави Пуџдемон, мислејќи на протуркувањето на иницијативата за прогласување на каталонскиот за официјален јазик на ниво на ЕУ, кој е еден од условите на каталонските сепаратисти, заедно со усвојувањето законот за амнестија, распишување референдум за статусот на Каталонија и зголемени даночни надлежности на Барселона, за поддршка на идната влада на Санчез. Во рамките на преговорите за новата влада, ПСОЕ на Санчез и нејзиниот коалициски партнер, левичарскиот блок Здружени (Сумар), се согласија да поддржат употреба на каталонскиот, баскискиот, галицискиот и останатите регионални јазици во шпанскиот Парламент. Каталонскиот јазик е во службена употреба во регионите Каталонија, Валенсија и Балеарски Острови, баскискиот во Баскија и делови од Навара, а галицискиот во регионот Галиција.

The post Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Курти обелодени детали: Еве каков предлог има на масата пред Србија и Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-obelodeni-detali-eve-kakov-predlog-ima-na-masata-pred-srbija-i-kosovo/ Thu, 14 Sep 2023 20:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=682029

Косовскиот премиер Албин Курти денеска го соопшти својот предлог-план за редоследот на имплементација на Основниот договор и додаде дека тоа е единствениот план што бил презентиран и предложен денеска во Брисел на средбата со посредниците на ЕУ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На социјалната мрежа Х, Курти презентираше комплетен предлог кој започнува со имплементација на член 7 од Бриселскиот договор, кој повлекува презентација на нацрт-статутот од менаџерскиот тим (пополнет од Косово).

Во вториот член од предлогот, Курти предлага „Високиот претставник на ЕУ го презентира договорот за нормализацијата меѓу Косово и Србија и анексот за имплементација со генералниот секретар на ОН и го информира Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание на ОН дека и двете страните се согласија со принципите утврдени во Повелбата на ОН, дека територијалниот интегритет се почитува, а другата страна се третира како рамноправен член на меѓународната заедница, што ја заменува потребата да се користи фуснота и УНМИК на регионалните форуми“.

„Двете страни се однесуваат, се однесуваат и јавно изјавуваат дека меѓусебно ги развиваат меѓународните односи врз основа на принципите предвидени во Повелбата на ОН и ја третираат другата страна како рамноправна членка на меѓународната заедница“, се додава во текстот.

Курти предлага следната точка, односно конкретен чекор, да биде „признавање на соодветни документи и национални симболи. Внатрешна правна процедура за спроведување на признавање на соодветни документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, таблички на возила и царински печати издадена во рамките на признатата надлежност“.

Следно, косовскиот премиер предлага да започне преговарачки процес за Статутот на Инструментот за самоуправа на косовските Срби и продолжува дека страните ќе се воздржат од каква било закана или употреба на сила или ќе се вклучат во каква било практика на употреба на сила против секој друго, во согласност со Повелбата на ОН.

„Страните се воздржуваат од мешање во внатрешните работи и меѓусебно ја признаваат јурисдикцијата над нивните територии. Договорот го формализираше откажувањето на Србија од сите територијални претензии на територијата и границите на Косово, а страните се согласуваат дека обележувањето на границите треба да се направи во рок од два години“.

Според него, следниот чекор би бил преземање суштински чекори во однос на членството и статусот на земјата кандидат на Косово во ЕУ, за членство во Советот на Европа, за потпишување на програмата Партнерство за мир со НАТО и за преостанатите признавања.

„Во официјалната комуникација со сите меѓународни организации, Србија нема да поставува пречки за членство на Косово во која било меѓународна организација, вклучително и гласање против, како и јавно, директно, индиректно или доверливо лобирање, вклучително и преку трети страни во оваа насока“.

„Шефот на ЕУ Борел ќе потпише писмо со сведочење со кое ќе потврди дека Косово и Србија немаат пречки за нивните процеси за прием во ЕУ. Земјите-членки на ЕУ ќе бидат информирани за таквите правно обврзувачки документи“, се додава во предлогот.

Следниот чекор е завршување на преговорите за Статутот на Инструментот за самоуправа за косовските Срби.

Косово и Србија спроведуваат „нормална и добрососедска соработка и се вклучуваат во редовна комуникација меѓу владите со цел да се постигнат пријателски билатерални односи“.

„Двете страни се согласуваат на соодветно меѓудржавно однесување и вокабуларот на јавните службеници треба да ги одразува словото и духот на Основниот договор, вклучително и амандманот кој се однесува на Косово и Србија и да престане да ги споменува Приштина и Белград или под кое било друго име“.

Двете страни „заземаат пријателски став и ги запираат сите нарушувачки или штетни напори на другата страна на сите полиња, вклучително и бојкот на меѓународни настани. Крај на употребата на асиметријата на билатерално и мултилатерално ниво – крај на употребата на фусноти”

Во меѓувреме ќе се обезбеди правна стабилност на Статутот и ќе се обезбеди усвојување на релевантни прописи и други документи кои ќе ги разгледува Уставниот суд на Косово.

„Ќе се укинат ги сите нелегални структури финансирани од Србија и кои работат на територијата на Косово. Услугите што претставуваат општинска одговорност ќе бидат префрлени на косовските општини во согласност со косовскиот закон, доколку е соодветно и легално. Општините потоа можат да почнат да соработуваат преку партнерство во заедничката одредба на оние служби кои ги сметаат за релевантни во согласност со правото на Косово и конвенциите на Советот на Европа“, се додава во предлогот.

Во согласност со член 10 од основниот договор од Брисел, редоследот на спроведување на релевантните обврски кои произлегуваат од претходните договори од Дијалогот останува валиден и обврзувачки.

Потоа се создаваат практични аранжмани за размена на постојани дипломатски претставништва и формирање претставништва.

Понатаму, се предлага да се формализира статусот на Српската православна црква на Косово и да се обезбеди силно ниво на заштита на предметите од српското верско и културно наследство, во согласност со постоечките европски модели.

Се предлага формирање посебни работни групи предводени од ЕУ и Акт изготвување рамки за преговори за билатерални договори од член 6 (б) од Договорот и склучување приоритетни договори за билатерална соработка за (а) отстранување на економските бариери, (б) обновување на железничкиот сообраќај меѓу Косово и Србија и (в) директна соработка помеѓу органите на прогонот и продолжување на склучувањето договори во сите други области предвидени со нив.

Следниот чекор е организирање на донаторска конференција, подготовка на заеднички проект од двете страни, по што, како што предлага Курти, усвојување на рамки и принципи и започнување на формален процес на дијалог кон правно обврзувачки сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

The post Курти обелодени детали: Еве каков предлог има на масата пред Србија и Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска го соопшти својот предлог-план за редоследот на имплементација на Основниот договор и додаде дека тоа е единствениот план што бил презентиран и предложен денеска во Брисел на средбата со посредниците на ЕУ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На социјалната мрежа Х, Курти презентираше комплетен предлог кој започнува со имплементација на член 7 од Бриселскиот договор, кој повлекува презентација на нацрт-статутот од менаџерскиот тим (пополнет од Косово). Во вториот член од предлогот, Курти предлага „Високиот претставник на ЕУ го презентира договорот за нормализацијата меѓу Косово и Србија и анексот за имплементација со генералниот секретар на ОН и го информира Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание на ОН дека и двете страните се согласија со принципите утврдени во Повелбата на ОН, дека територијалниот интегритет се почитува, а другата страна се третира како рамноправен член на меѓународната заедница, што ја заменува потребата да се користи фуснота и УНМИК на регионалните форуми“. „Двете страни се однесуваат, се однесуваат и јавно изјавуваат дека меѓусебно ги развиваат меѓународните односи врз основа на принципите предвидени во Повелбата на ОН и ја третираат другата страна како рамноправна членка на меѓународната заедница“, се додава во текстот. Курти предлага следната точка, односно конкретен чекор, да биде „признавање на соодветни документи и национални симболи. Внатрешна правна процедура за спроведување на признавање на соодветни документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, таблички на возила и царински печати издадена во рамките на признатата надлежност“. Следно, косовскиот премиер предлага да започне преговарачки процес за Статутот на Инструментот за самоуправа на косовските Срби и продолжува дека страните ќе се воздржат од каква било закана или употреба на сила или ќе се вклучат во каква било практика на употреба на сила против секој друго, во согласност со Повелбата на ОН. „Страните се воздржуваат од мешање во внатрешните работи и меѓусебно ја признаваат јурисдикцијата над нивните територии. Договорот го формализираше откажувањето на Србија од сите територијални претензии на територијата и границите на Косово, а страните се согласуваат дека обележувањето на границите треба да се направи во рок од два години“. Според него, следниот чекор би бил преземање суштински чекори во однос на членството и статусот на земјата кандидат на Косово во ЕУ, за членство во Советот на Европа, за потпишување на програмата Партнерство за мир со НАТО и за преостанатите признавања. „Во официјалната комуникација со сите меѓународни организации, Србија нема да поставува пречки за членство на Косово во која било меѓународна организација, вклучително и гласање против, како и јавно, директно, индиректно или доверливо лобирање, вклучително и преку трети страни во оваа насока“. „Шефот на ЕУ Борел ќе потпише писмо со сведочење со кое ќе потврди дека Косово и Србија немаат пречки за нивните процеси за прием во ЕУ. Земјите-членки на ЕУ ќе бидат информирани за таквите правно обврзувачки документи“, се додава во предлогот. Следниот чекор е завршување на преговорите за Статутот на Инструментот за самоуправа за косовските Срби. Косово и Србија спроведуваат „нормална и добрососедска соработка и се вклучуваат во редовна комуникација меѓу владите со цел да се постигнат пријателски билатерални односи“. „Двете страни се согласуваат на соодветно меѓудржавно однесување и вокабуларот на јавните службеници треба да ги одразува словото и духот на Основниот договор, вклучително и амандманот кој се однесува на Косово и Србија и да престане да ги споменува Приштина и Белград или под кое било друго име“. Двете страни „заземаат пријателски став и ги запираат сите нарушувачки или штетни напори на другата страна на сите полиња, вклучително и бојкот на меѓународни настани. Крај на употребата на асиметријата на билатерално и мултилатерално ниво – крај на употребата на фусноти” Во меѓувреме ќе се обезбеди правна стабилност на Статутот и ќе се обезбеди усвојување на релевантни прописи и други документи кои ќе ги разгледува Уставниот суд на Косово. „Ќе се укинат ги сите нелегални структури финансирани од Србија и кои работат на територијата на Косово. Услугите што претставуваат општинска одговорност ќе бидат префрлени на косовските општини во согласност со косовскиот закон, доколку е соодветно и легално. Општините потоа можат да почнат да соработуваат преку партнерство во заедничката одредба на оние служби кои ги сметаат за релевантни во согласност со правото на Косово и конвенциите на Советот на Европа“, се додава во предлогот. Во согласност со член 10 од основниот договор од Брисел, редоследот на спроведување на релевантните обврски кои произлегуваат од претходните договори од Дијалогот останува валиден и обврзувачки. Потоа се создаваат практични аранжмани за размена на постојани дипломатски претставништва и формирање претставништва. Понатаму, се предлага да се формализира статусот на Српската православна црква на Косово и да се обезбеди силно ниво на заштита на предметите од српското верско и културно наследство, во согласност со постоечките европски модели. Се предлага формирање посебни работни групи предводени од ЕУ и Акт изготвување рамки за преговори за билатерални договори од член 6 (б) од Договорот и склучување приоритетни договори за билатерална соработка за (а) отстранување на економските бариери, (б) обновување на железничкиот сообраќај меѓу Косово и Србија и (в) директна соработка помеѓу органите на прогонот и продолжување на склучувањето договори во сите други области предвидени со нив. Следниот чекор е организирање на донаторска конференција, подготовка на заеднички проект од двете страни, по што, како што предлага Курти, усвојување на рамки и принципи и започнување на формален процес на дијалог кон правно обврзувачки сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

The post Курти обелодени детали: Еве каков предлог има на масата пред Србија и Косово appeared first on Република.

]]>
Што содржи Предлогот за пристапување кон измена на Уставот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-sodrzhi-predlogot-za-pristapuvane-kon-izmena-na-ustavot/ Fri, 18 Aug 2023 11:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=673379

Собранието денеска ја одржува 123 седница со единствена точка на на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во преамбулата на Уставот.

По усвојувањето на дневниот ред треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени, за чие усвојување е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот.

Предлагач на уставните измени е Владата. Предлогот го подготви работната група на Министерството за правда составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата, како и претставници на политички партии.

Во продолжение е интегралниот текст на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот

Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 18 јули 2023 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесе ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО НАСОКИ ЗА
ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

I. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија заменета со Амандманот IV, а Амандманот IV изменет со Амандманот XXXIV, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

II. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XXXVI СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 49 И АМАНДМАНОТ II

Во Амандманот XXXVI на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

III. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XII СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 78

Во Амандманот XII на Уставот на Република Македонија што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците, во точка 1 се предлага да се измени бројот на членовите и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр.161/22), донесени на седницата одржана на 16.7.2022 година, а во врска со точката 4 од Заклучоците на Советот на Европската Унија, усвоени на седницата одржана на 18.7.2022 година и точката 11 од Заедничкиот став и Воведната изјава на Европската Унија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, одржана на 19.7.2022 година и точка 15 од Изјавата на Македонија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, Владата на Република Македонија на седницата одржана на ..... усвои Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

Во духот на меѓународните стандарди за заштита и почитување на човековите права и слободи, содржани во Универзалната декларација на ОOН, како и во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и во Европската конвенција за човековите права и основните слободи, а имајќи предвид дека Европската Унија се заснова врз вредностите за почитувањето на човековите права, слободата, еднаквоста, демократијата и заштитата од дискриминација, Република Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е решена да ги спроведе обврските преземени во рамките на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19.7.2022.

Во таа насока, во Заедничкиот став на Европската Унија донесен на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија се очекува да се овозможи зајакнување на еднаквите права на заедниците заради усогласување со Копенхашките критериуми. За таа цел, Република Македонија има преземено обврска за релевантни уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во неа и кои се дел од други народи. Свесни дека нашата држава како меѓународен субјект преземала недвосмислени обврски што треба да ги реализира во добра воља и без разлика на легитимните политички разлики меѓу владеачкото мнозинство и опозицијата, уверени сме дека е потребна заедничка одговорност во остварување на стратешките цели, а најважна меѓу нив е полноправното членство во Европската Унија. Во согласност со мулиткултурниот карактер на Република Македонија со цел да се поддржи демократскиот развој, нужно е континуирано јакнење на политичкиот систем во насока на признавањето, негувањето, заштитата, афирмацијата и гарантирањето на културната различност, како и на опстанокот на различните културни групи кои што живеат на територијата на нашата држава, во согласност со веќе воспоставената уставна рамка за нормативно гарантираниот мултикултурализам, а особено низ постоечките институти за гарантираното претставување предвидени со Уставот и во духот на Охридскиот рамковен договор. Овој Предлог за измена и дополнување на Уставот, Владата го предлага поаѓајќи и од уставното начело дека граѓаните на Републиката мора да ја негуваат одговорноста спрема сегашноста и иднината и дека се свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, како и дека се одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и на се што е определено како специфична уставна вредност од Илинденското востание во 1903 година преку Народноослободителната борба од 1941 година до 1944 година заклучно со формирањето на современата независна и суверена македонска држава во 1991 година.

Република Македонија во својата уставно правна традиција им ја гарантира слободата на изразување, негување и развивање на идентитетот и особеностите на своите заедници. Во рамките на таа гаранција, Република Македонија ја афирмира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. Оваа уставно правна традиција е започната уште во државно правните традиции на Крушевската Република, како и со правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, а продолжи со донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и со амандманите на Уставот што произлегоа од Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Оттаму, овие уставни традиции се дел од стремежот на нашата држава за целосна интеграција во европското семејство на државите и народите, како демократска држава на рамноправни граѓани.

Во таа насока, Владата на Република Македонија го усвои Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија и му го поднесува на Собранието на Република Македонија. Во Предлогот се содржани измени и дополнувања на Уставот  на Република Македонија што се однесуваат на вклучување на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ во Преамбулата на Уставот, Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, како и Амандманот XII со кој е заменет членот 78.

Во делот на Преамбулата се предлага покрај македонскиот народ, како и граѓаните на Република Македонија кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ и бошњачкиот народ да се додадат и граѓаните кои се дел од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ, египќанскиот народ. Со Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Во Амандманот XII со кој е заменет членот 78 се предлага да се зголеми бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците од постојните 19 члена на 43 члена со цел да се вклучат и членови, претставници на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Притоа, се зголемува и бројот на членови, претставници на македонскиот народ и на делот од албанскиот народ од постојните 7 члена, претставници на македонскиот народ и 7 члена, претставници на делот од албанскиот народ на 16 члена, претставници на македонскиот народ и 16 члена, претставници на делот од албанскиот народ со цел да се обезбеди гарантирана претставеност и да се задржи воспоставениот паритет утврден со амандманите на Уставот на Република Македонија, донесени во 2001 година, а што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.

The post Што содржи Предлогот за пристапување кон измена на Уставот? appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ја одржува 123 седница со единствена точка на на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во преамбулата на Уставот. По усвојувањето на дневниот ред треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени, за чие усвојување е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот. Предлагач на уставните измени е Владата. Предлогот го подготви работната група на Министерството за правда составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата, како и претставници на политички партии. Во продолжение е интегралниот текст на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 18 јули 2023 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесе ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА I. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија заменета со Амандманот IV, а Амандманот IV изменет со Амандманот XXXIV, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. II. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XXXVI СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 49 И АМАНДМАНОТ II Во Амандманот XXXVI на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. III. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XII СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 78 Во Амандманот XII на Уставот на Република Македонија што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците, во точка 1 се предлага да се измени бројот на членовите и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр.161/22), донесени на седницата одржана на 16.7.2022 година, а во врска со точката 4 од Заклучоците на Советот на Европската Унија, усвоени на седницата одржана на 18.7.2022 година и точката 11 од Заедничкиот став и Воведната изјава на Европската Унија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, одржана на 19.7.2022 година и точка 15 од Изјавата на Македонија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, Владата на Република Македонија на седницата одржана на ..... усвои Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Во духот на меѓународните стандарди за заштита и почитување на човековите права и слободи, содржани во Универзалната декларација на ОOН, како и во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и во Европската конвенција за човековите права и основните слободи, а имајќи предвид дека Европската Унија се заснова врз вредностите за почитувањето на човековите права, слободата, еднаквоста, демократијата и заштитата од дискриминација, Република Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е решена да ги спроведе обврските преземени во рамките на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19.7.2022. Во таа насока, во Заедничкиот став на Европската Унија донесен на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија се очекува да се овозможи зајакнување на еднаквите права на заедниците заради усогласување со Копенхашките критериуми. За таа цел, Република Македонија има преземено обврска за релевантни уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во неа и кои се дел од други народи. Свесни дека нашата држава како меѓународен субјект преземала недвосмислени обврски што треба да ги реализира во добра воља и без разлика на легитимните политички разлики меѓу владеачкото мнозинство и опозицијата, уверени сме дека е потребна заедничка одговорност во остварување на стратешките цели, а најважна меѓу нив е полноправното членство во Европската Унија. Во согласност со мулиткултурниот карактер на Република Македонија со цел да се поддржи демократскиот развој, нужно е континуирано јакнење на политичкиот систем во насока на признавањето, негувањето, заштитата, афирмацијата и гарантирањето на културната различност, како и на опстанокот на различните културни групи кои што живеат на територијата на нашата држава, во согласност со веќе воспоставената уставна рамка за нормативно гарантираниот мултикултурализам, а особено низ постоечките институти за гарантираното претставување предвидени со Уставот и во духот на Охридскиот рамковен договор. Овој Предлог за измена и дополнување на Уставот, Владата го предлага поаѓајќи и од уставното начело дека граѓаните на Републиката мора да ја негуваат одговорноста спрема сегашноста и иднината и дека се свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, како и дека се одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и на се што е определено како специфична уставна вредност од Илинденското востание во 1903 година преку Народноослободителната борба од 1941 година до 1944 година заклучно со формирањето на современата независна и суверена македонска држава во 1991 година. Република Македонија во својата уставно правна традиција им ја гарантира слободата на изразување, негување и развивање на идентитетот и особеностите на своите заедници. Во рамките на таа гаранција, Република Македонија ја афирмира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. Оваа уставно правна традиција е започната уште во државно правните традиции на Крушевската Република, како и со правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, а продолжи со донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и со амандманите на Уставот што произлегоа од Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Оттаму, овие уставни традиции се дел од стремежот на нашата држава за целосна интеграција во европското семејство на државите и народите, како демократска држава на рамноправни граѓани. Во таа насока, Владата на Република Македонија го усвои Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија и му го поднесува на Собранието на Република Македонија. Во Предлогот се содржани измени и дополнувања на Уставот  на Република Македонија што се однесуваат на вклучување на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ во Преамбулата на Уставот, Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, како и Амандманот XII со кој е заменет членот 78. Во делот на Преамбулата се предлага покрај македонскиот народ, како и граѓаните на Република Македонија кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ и бошњачкиот народ да се додадат и граѓаните кои се дел од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ, египќанскиот народ. Со Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Во Амандманот XII со кој е заменет членот 78 се предлага да се зголеми бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците од постојните 19 члена на 43 члена со цел да се вклучат и членови, претставници на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Притоа, се зголемува и бројот на членови, претставници на македонскиот народ и на делот од албанскиот народ од постојните 7 члена, претставници на македонскиот народ и 7 члена, претставници на делот од албанскиот народ на 16 члена, претставници на македонскиот народ и 16 члена, претставници на делот од албанскиот народ со цел да се обезбеди гарантирана претставеност и да се задржи воспоставениот паритет утврден со амандманите на Уставот на Република Македонија, донесени во 2001 година, а што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.

The post Што содржи Предлогот за пристапување кон измена на Уставот? appeared first on Република.

]]>
Интегрален текст на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/integralen-tekst-na-predlogot-za-pristapuvane-kon-izmena-na-ustavot-na-republika-makedonija/ Tue, 18 Jul 2023 18:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=662860

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Македонија. Предлогот го подготви работната група на Министерството за правда составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата, како и претставници на политички партии.

Во продолжение е интегралниот текст на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот:

Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република  Македонија, на седницата, одржана на 18 јули 2023 година одлучи на Собранието на Република  Македонија да му поднесе ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА  МАКЕДОНИЈА СО НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија заменета со Амандманот IV, а Амандманот IV изменет со Амандманот XXXIV, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

II. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XXXVI СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 49 И АМАНДМАНОТ II

Во Амандманот XXXVI на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

III. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XII СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 78

Во Амандманот XII на Уставот на Република  Македонија што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците, во точка 1 се предлага да се измени бројот на членовите и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Македонија (,,Службен весник на Република  Македонија‘‘ бр.161/22), донесени на седницата одржана на 16.7.2022 година, а во врска со точката 4 од Заклучоците на Советот на Европската Унија, усвоени на седницата одржана на 18.7.2022 година и точката 11 од Заедничкиот став и Воведната изјава на Европската Унија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, одржана на 19.7.2022 година и точка 15 од Изјавата на  Македонија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, Владата на Република  Македонија на седницата одржана на ….. усвои Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република  Македонија.

Во духот на меѓународните стандарди за заштита и почитување на човековите права и слободи, содржани во Универзалната декларација на ОOН, како и во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и во Европската конвенција за човековите права и основните слободи, а имајќи предвид дека Европската Унија се заснова врз вредностите за почитувањето на човековите права, слободата, еднаквоста, демократијата и заштитата од дискриминација, Република Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е решена да ги спроведе обврските преземени во рамките на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19.7.2022.

Во таа насока, во Заедничкиот став на Европската Унија донесен на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република  Македонија во Европската Унија се очекува да се овозможи зајакнување на еднаквите права на заедниците заради усогласување со Копенхашките критериуми. За таа цел, Република Македонија има преземено обврска за релевантни уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во неа и кои се дел од други народи. Свесни дека нашата држава како меѓународен субјект преземала недвосмислени обврски што треба да ги реализира во добра волја и без разлика на легитимните политички разлики меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, уверени сме дека е потребна заедничка одговорност во остварување на стратешките цели, а најважна меѓу нив е полноправното членство во Европската Унија. Во согласност со мулиткултурниот карактер на Република Македонија со цел да се поддржи демократскиот развој, нужно е континуирано јакнење на политичкиот систем во насока на признавањето, негувањето, заштитата, афирмацијата и гарантирањето на културната различност, како и на опстанокот на различните културни групи кои што живеат на територијата на нашата држава, во согласност со веќе воспоставената уставна рамка за нормативно гарантираниот мултикултурализам, а особено низ постоечките институти за гарантираното претставување предвидени со Уставот и во духот на Охридскиот рамковен договор. Овој Предлог за измена и дополнување на Уставот, Владата го предлага поаѓајќи и од уставното начело дека граѓаните на Републиката мора да ја негуваат одговорноста спрема сегашноста и иднината и дека се свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, како и дека се одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и на се што е определено како специфична уставна вредност од Илинденското востание во 1903 година преку Народноослободителната борба од 1941 година до 1944 година заклучно со формирањето на современата независна и суверена македонска држава во 1991 година.

Република  Македонија во својата уставно правна традиција им ја гарантира слободата на изразување, негување и развивање на идентитетот и особеностите на своите заедници. Во рамките на таа гаранција, Република  Македонија ја афирмира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. Оваа уставно правна традиција е започната уште во државно правните традиции на Крушевската Република, како и со правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, а продолжи со донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и со амандманите на Уставот што произлегоа од Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Оттаму, овие уставни традиции се дел од стремежот на нашата држава за целосна интеграција во европското семејство на државите и народите, како демократска држава на рамноправни граѓани.

Во таа насока, Владата на Република  Македонија го усвои Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република  Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија и му го поднесува на Собранието на Република  Македонија. Во Предлогот се содржани измени и дополнувања на Уставот на Република  Македонија што се однесуваат на вклучување на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ во Преамбулата на Уставот, Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, како и Амандманот XII со кој е заменет членот 78.
Во делот на Преамбулата се предлага покрај македонскиот народ, како и граѓаните на Република  Македонија кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ и бошњачкиот народ да се додадат и граѓаните кои се дел од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ, египќанскиот народ. Со Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Во Амандманот XII со кој е заменет членот 78 се предлага да се зголеми бројот на
членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците од постојните 19 члена на 43 члена со цел да се вклучат и членови, претставници на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Притоа, се зголемува и бројот на членови, претставници на македонскиот народ и на делот од албанскиот народ од постојните 7 члена, претставници на македонскиот народ и 7 члена, претставници на делот од албанскиот народ на 16 члена, претставници на македонскиот народ и 16 члена, претставници на делот од албанскиот народ со цел да се обезбеди гарантирана претставеност и да се задржи воспоставениот паритет утврден со амандманите на Уставот на Република Македонија, донесени во 2001 година, а што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.

The post Интегрален текст на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Македонија. Предлогот го подготви работната група на Министерството за правда составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата, како и претставници на политички партии. Во продолжение е интегралниот текст на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот: Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република  Македонија, на седницата, одржана на 18 јули 2023 година одлучи на Собранието на Република  Македонија да му поднесе ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА  МАКЕДОНИЈА СО НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија заменета со Амандманот IV, а Амандманот IV изменет со Амандманот XXXIV, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. II. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XXXVI СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 49 И АМАНДМАНОТ II Во Амандманот XXXVI на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, после делот од бошњачкиот народ се предлага да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. III. ИЗМЕНИ ВО АМАНДМАНОТ XII СО КОЈ Е ЗАМЕНЕТ ЧЛЕНОТ 78 Во Амандманот XII на Уставот на Република  Македонија што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците, во точка 1 се предлага да се измени бројот на членовите и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Македонија (,,Службен весник на Република  Македонија‘‘ бр.161/22), донесени на седницата одржана на 16.7.2022 година, а во врска со точката 4 од Заклучоците на Советот на Европската Унија, усвоени на седницата одржана на 18.7.2022 година и точката 11 од Заедничкиот став и Воведната изјава на Европската Унија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, одржана на 19.7.2022 година и точка 15 од Изјавата на  Македонија на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, Владата на Република  Македонија на седницата одржана на ….. усвои Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република  Македонија. Во духот на меѓународните стандарди за заштита и почитување на човековите права и слободи, содржани во Универзалната декларација на ОOН, како и во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и во Европската конвенција за човековите права и основните слободи, а имајќи предвид дека Европската Унија се заснова врз вредностите за почитувањето на човековите права, слободата, еднаквоста, демократијата и заштитата од дискриминација, Република Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е решена да ги спроведе обврските преземени во рамките на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19.7.2022. Во таа насока, во Заедничкиот став на Европската Унија донесен на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Република  Македонија во Европската Унија се очекува да се овозможи зајакнување на еднаквите права на заедниците заради усогласување со Копенхашките критериуми. За таа цел, Република Македонија има преземено обврска за релевантни уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во неа и кои се дел од други народи. Свесни дека нашата држава како меѓународен субјект преземала недвосмислени обврски што треба да ги реализира во добра волја и без разлика на легитимните политички разлики меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, уверени сме дека е потребна заедничка одговорност во остварување на стратешките цели, а најважна меѓу нив е полноправното членство во Европската Унија. Во согласност со мулиткултурниот карактер на Република Македонија со цел да се поддржи демократскиот развој, нужно е континуирано јакнење на политичкиот систем во насока на признавањето, негувањето, заштитата, афирмацијата и гарантирањето на културната различност, како и на опстанокот на различните културни групи кои што живеат на територијата на нашата држава, во согласност со веќе воспоставената уставна рамка за нормативно гарантираниот мултикултурализам, а особено низ постоечките институти за гарантираното претставување предвидени со Уставот и во духот на Охридскиот рамковен договор. Овој Предлог за измена и дополнување на Уставот, Владата го предлага поаѓајќи и од уставното начело дека граѓаните на Републиката мора да ја негуваат одговорноста спрема сегашноста и иднината и дека се свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, како и дека се одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и на се што е определено како специфична уставна вредност од Илинденското востание во 1903 година преку Народноослободителната борба од 1941 година до 1944 година заклучно со формирањето на современата независна и суверена македонска држава во 1991 година. Република  Македонија во својата уставно правна традиција им ја гарантира слободата на изразување, негување и развивање на идентитетот и особеностите на своите заедници. Во рамките на таа гаранција, Република  Македонија ја афирмира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. Оваа уставно правна традиција е започната уште во државно правните традиции на Крушевската Република, како и со правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, а продолжи со донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и со амандманите на Уставот што произлегоа од Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Оттаму, овие уставни традиции се дел од стремежот на нашата држава за целосна интеграција во европското семејство на државите и народите, како демократска држава на рамноправни граѓани. Во таа насока, Владата на Република  Македонија го усвои Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република  Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија и му го поднесува на Собранието на Република  Македонија. Во Предлогот се содржани измени и дополнувања на Уставот на Република  Македонија што се однесуваат на вклучување на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ во Преамбулата на Уставот, Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, како и Амандманот XII со кој е заменет членот 78. Во делот на Преамбулата се предлага покрај македонскиот народ, како и граѓаните на Република  Македонија кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ и бошњачкиот народ да се додадат и граѓаните кои се дел од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ, египќанскиот народ. Со Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Во Амандманот XII со кој е заменет членот 78 се предлага да се зголеми бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците од постојните 19 члена на 43 члена со цел да се вклучат и членови, претставници на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Притоа, се зголемува и бројот на членови, претставници на македонскиот народ и на делот од албанскиот народ од постојните 7 члена, претставници на македонскиот народ и 7 члена, претставници на делот од албанскиот народ на 16 члена, претставници на македонскиот народ и 16 члена, претставници на делот од албанскиот народ со цел да се обезбеди гарантирана претставеност и да се задржи воспоставениот паритет утврден со амандманите на Уставот на Република Македонија, донесени во 2001 година, а што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.

The post Интегрален текст на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/predlogot-na-rama-za-formirane-zso-na-kosovo-stigna-do-germanskata-vlada/ Fri, 09 Jun 2023 09:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=649516

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“.

Владата во Берлин, сепак, не сакаше да ја коментира самата содржина на тој предлог.

Можеме да го потврдиме приемот на таков документ. Бараме разбирање дека не сакаме да коментираме за доверливата содржина, изјави портпаролот на германската влада за „Косово онлајн“.

Рама вчера објави дека на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им испратил нацрт-предлог за Статутот на Заедницата на српските општини, додавајќи дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот, што зазема размери на политичка трагедија за Косово.

Инаку, Менаџерскиот тим за ЗСО, кој е овластен со Бриселскиот договор да го подготви Статутот на ЗСО, го претстави својот предлог за време на последната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел.

Тој предлог, сепак, не беше одобрен од косовската влада и премиерот Албин Курти, кој само еден ден подоцна го распушти Менаџерскиот тим.

The post Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада appeared first on Република.

]]>

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“. Владата во Берлин, сепак, не сакаше да ја коментира самата содржина на тој предлог. Можеме да го потврдиме приемот на таков документ. Бараме разбирање дека не сакаме да коментираме за доверливата содржина, изјави портпаролот на германската влада за „Косово онлајн“. Рама вчера објави дека на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им испратил нацрт-предлог за Статутот на Заедницата на српските општини, додавајќи дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот, што зазема размери на политичка трагедија за Косово. Инаку, Менаџерскиот тим за ЗСО, кој е овластен со Бриселскиот договор да го подготви Статутот на ЗСО, го претстави својот предлог за време на последната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел. Тој предлог, сепак, не беше одобрен од косовската влада и премиерот Албин Курти, кој само еден ден подоцна го распушти Менаџерскиот тим.

The post Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада appeared first on Република.

]]>
Деструктивна и неприфатлива е идејата на Алтернатива – предлогот „заедница на албанските општини“ е ризичен, сметаат партиите на власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/destruktivna-i-neprifatliva-e-idejata-na-alternativa-predlogot-zaednitsa-na-albanskite-opshtini-e-rizichen-smetaat-partiite-na-vlast/ Sun, 26 Feb 2023 16:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=613410

Заедницата на албански општини, нема зошто да предизвика меѓуетнички тензии, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, чија партија предложи ваква иницијатива, додавајќи дека предлогот ќе помогне во развојот на општините со Албанското мнозинство и унапредувањето на општите права.

„Една Асоцијација на албанските општини само би помогнало во развојот на албанските општини. Знаеме дека има многу албански општини кои се скоро без развојни ресурси како што се Липково, Арачиново, Студеничани и други кои едвај успеваат да опстанат“, вели Зеќирија Ибрахими.

Прашан зошто ваквиот предлог доаѓа по излегувањето на Алтернатива од Влада, според Ибрахими важно е тоа што ова прашање е во прилог на Албанците и дека не е важно кој и кога предлага.

„Што е важно, значи ние тоа да го направивме и додека бевме дел од Владата или сега, дали е важно времето кога таа се создава и кој ја создава или тоа што треба да се направи“, додава Зеќирија Ибрахими.

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека овој предлог освен што е деструктивен за земјата, исто така оди на  штета на Косово.

„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок во политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно однесување“, вели Арбер Адеми.

За СДСМ, неприфатливо е барањето на партијата на Африм Гаши, и целта е да се добијат политички поени.

Од друга страна, поранешниот сопартиец на Ибрахими, Скендер Реџепи – Зејди преку Фејсбук го коментираше предлогот за Асоцијацијата, оценувајќи го како обид за дестабилизација на безбедноста на државата, но Ибраими не сакаше да ги коментира овие изјави, кои  ги нарекува, апсурдни.

ТВ21 побара став и од Алијансата за Албанците, но тие не одговорија, а од Беса велат дека ќе се изјаснат наредните денови.

Предлогот на Алтернатива вчера го коментираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги предупреди политичарите да не предизвикуваат меѓуетнички тензии, туку да се однесуваат мудро.

https://www.youtube.com/watch?v=ZFLlsPgsbWM

The post Деструктивна и неприфатлива е идејата на Алтернатива – предлогот „заедница на албанските општини“ е ризичен, сметаат партиите на власт appeared first on Република.

]]>

Заедницата на албански општини, нема зошто да предизвика меѓуетнички тензии, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, чија партија предложи ваква иницијатива, додавајќи дека предлогот ќе помогне во развојот на општините со Албанското мнозинство и унапредувањето на општите права.
„Една Асоцијација на албанските општини само би помогнало во развојот на албанските општини. Знаеме дека има многу албански општини кои се скоро без развојни ресурси како што се Липково, Арачиново, Студеничани и други кои едвај успеваат да опстанат“, вели Зеќирија Ибрахими.
Прашан зошто ваквиот предлог доаѓа по излегувањето на Алтернатива од Влада, според Ибрахими важно е тоа што ова прашање е во прилог на Албанците и дека не е важно кој и кога предлага.
„Што е важно, значи ние тоа да го направивме и додека бевме дел од Владата или сега, дали е важно времето кога таа се создава и кој ја создава или тоа што треба да се направи“, додава Зеќирија Ибрахими.
Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека овој предлог освен што е деструктивен за земјата, исто така оди на  штета на Косово.
„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок во политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно однесување“, вели Арбер Адеми.
За СДСМ, неприфатливо е барањето на партијата на Африм Гаши, и целта е да се добијат политички поени. Од друга страна, поранешниот сопартиец на Ибрахими, Скендер Реџепи – Зејди преку Фејсбук го коментираше предлогот за Асоцијацијата, оценувајќи го како обид за дестабилизација на безбедноста на државата, но Ибраими не сакаше да ги коментира овие изјави, кои  ги нарекува, апсурдни. ТВ21 побара став и од Алијансата за Албанците, но тие не одговорија, а од Беса велат дека ќе се изјаснат наредните денови. Предлогот на Алтернатива вчера го коментираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги предупреди политичарите да не предизвикуваат меѓуетнички тензии, туку да се однесуваат мудро. https://www.youtube.com/watch?v=ZFLlsPgsbWM

The post Деструктивна и неприфатлива е идејата на Алтернатива – предлогот „заедница на албанските општини“ е ризичен, сметаат партиите на власт appeared first on Република.

]]>
Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-se-ushte-nema-konkreten-predlog-za-nivnite-pozitsii-vo-vladata-2/ Wed, 08 Feb 2023 16:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=606397

Уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала, рече денеска министерот за здравство Беким Сали од Алтернатива одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, „не можам да коментирам кои се нашите позиции“.

Инаку, на почетокот на февруари извори од Алијанса за Албанците (АА) за МИА информираа дека Министерството за правда заедно со Министерството за здравство остануваат едни од ресорите што целат да ги раководат.

Преговорите за влез АА во владината коалиција се при крај и најверојатно, како што најави вчера лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари ќе завршат до денеска.

The post Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата appeared first on Република.

]]>

Уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала, рече денеска министерот за здравство Беким Сали од Алтернатива одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, „не можам да коментирам кои се нашите позиции“. Инаку, на почетокот на февруари извори од Алијанса за Албанците (АА) за МИА информираа дека Министерството за правда заедно со Министерството за здравство остануваат едни од ресорите што целат да ги раководат. Преговорите за влез АА во владината коалиција се при крај и најверојатно, како што најави вчера лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари ќе завршат до денеска.

The post Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата appeared first on Република.

]]>
Стаменкоска Трајкоска: МОН нема предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stamenkoska-trajkoska-mon-nema-predlog-kako-da-se-nadmine-problemot-so-izgubenite-chasovi-zaradi-dojavite-za-bombi/ Thu, 15 Dec 2022 21:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=586225

„Ова што сега се случува, првенствено за учениците и наставниците, но да не заборавиме психолошки терор имаат и родителите со сите овие дојави за бомби и ова секојдневие кое нам ни се случува кое е многу страшно. Сите сме во исчекување на решавање на проблемот и надминување на истиот. Еве и денес со најголем број на дојави, немаме на повидок можно решение, или некоја форма и предлог од МОН за овие проблеми да бидат надминати“, изјави за „Аргумент плус“ на ТВ 24 пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа истакна и дека одговори и решенија за целата ситуација и надополнување на наставата треба да има и таквите треба да се добијат од МОН кое раководи со образованието.

Кога се зборува за онлајн настава, тоа ни е познато, но имавме две години пропаднати со таков тип на настава. Мораме да размислуваме за последиците, колку има позитивни и негативни страни, но тогаш бевме принудени. Сега имаме друга ситуација, сега треба да се искористат сите други алатки кои можат, да не се оди одма со онлајн настава, може да се организира добар протокол, рече таа.

Стаменкоска Трајкоска посочи дека кога има дојави учениците се пуштаат без да им се дадат задачи, а кога нема дојави не се надополнува загубеното.

Кога има дојава училиштата ги пуштаат учениците, но дали учениците треба да останат дома неаминирани, доколку би имало протокол би можело да се продолжи денот на пример со онлајн настава или ден кога нема дојави со физичко присуство да се надополни, истакна таа.

Во врска со тоа што се презема на ниво на Скопје каде се најчести дојавите таа истакна дека се поставуваат и прашања и има реакции во Советот на Град Скопје, но одговор од градоначалничката и реакција нема.

Ние како пратеничка група денес доставивме една иницијатива до Комисијата за одбрана и безбедноста каде што го повикавме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да даде една своевидна информација за до каде и каква е актуелната состојба со дојавите за бомбите. Пред да разговараме со некого требаме првин да се запознаеме со проблемот бидејќи постојано секојдневно сме сведоци на само што не се решил проблемот. Нели министерот Спасовски постојано излегува на телевизија и ни кажува само што не се решил проблемот. Но, ова очигледно е друго кога ќе биде кажано во Парламентот, во Собранието, кога ќе биде официјално, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска додаде дека јавноста гледа како министерот за внатрешни работи ја менаџира работата.

Ова што се случува е психолошки терор. Буквално така би сакала да го објаснам сето ова што се случува секојдневно. Првенствено да се намали сета оваа стресна ситуација која се случува, лично сметам дека треба позголемено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи околу училиштата. Друго е кога учениците ќе гледаат од една страна нивно присуство. Моментално сметам дека во оваа ситуација би влевало одредена сигурност дека некој се грижи за нив, рече пратеничката.

Таа посочи дека потребно е протокол, потребно е анализа за вакви ситуации.

 

The post Стаменкоска Трајкоска: МОН нема предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>

„Ова што сега се случува, првенствено за учениците и наставниците, но да не заборавиме психолошки терор имаат и родителите со сите овие дојави за бомби и ова секојдневие кое нам ни се случува кое е многу страшно. Сите сме во исчекување на решавање на проблемот и надминување на истиот. Еве и денес со најголем број на дојави, немаме на повидок можно решение, или некоја форма и предлог од МОН за овие проблеми да бидат надминати“, изјави за „Аргумент плус“ на ТВ 24 пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска. Таа истакна и дека одговори и решенија за целата ситуација и надополнување на наставата треба да има и таквите треба да се добијат од МОН кое раководи со образованието.
Кога се зборува за онлајн настава, тоа ни е познато, но имавме две години пропаднати со таков тип на настава. Мораме да размислуваме за последиците, колку има позитивни и негативни страни, но тогаш бевме принудени. Сега имаме друга ситуација, сега треба да се искористат сите други алатки кои можат, да не се оди одма со онлајн настава, може да се организира добар протокол, рече таа.
Стаменкоска Трајкоска посочи дека кога има дојави учениците се пуштаат без да им се дадат задачи, а кога нема дојави не се надополнува загубеното.
Кога има дојава училиштата ги пуштаат учениците, но дали учениците треба да останат дома неаминирани, доколку би имало протокол би можело да се продолжи денот на пример со онлајн настава или ден кога нема дојави со физичко присуство да се надополни, истакна таа.
Во врска со тоа што се презема на ниво на Скопје каде се најчести дојавите таа истакна дека се поставуваат и прашања и има реакции во Советот на Град Скопје, но одговор од градоначалничката и реакција нема.
Ние како пратеничка група денес доставивме една иницијатива до Комисијата за одбрана и безбедноста каде што го повикавме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да даде една своевидна информација за до каде и каква е актуелната состојба со дојавите за бомбите. Пред да разговараме со некого требаме првин да се запознаеме со проблемот бидејќи постојано секојдневно сме сведоци на само што не се решил проблемот. Нели министерот Спасовски постојано излегува на телевизија и ни кажува само што не се решил проблемот. Но, ова очигледно е друго кога ќе биде кажано во Парламентот, во Собранието, кога ќе биде официјално, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска додаде дека јавноста гледа како министерот за внатрешни работи ја менаџира работата.
Ова што се случува е психолошки терор. Буквално така би сакала да го објаснам сето ова што се случува секојдневно. Првенствено да се намали сета оваа стресна ситуација која се случува, лично сметам дека треба позголемено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи околу училиштата. Друго е кога учениците ќе гледаат од една страна нивно присуство. Моментално сметам дека во оваа ситуација би влевало одредена сигурност дека некој се грижи за нив, рече пратеничката.
Таа посочи дека потребно е протокол, потребно е анализа за вакви ситуации.  

The post Стаменкоска Трајкоска: МОН нема предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>
По предлог на ВМРО – ДПМНЕ: Градот Скопје одобри 15 милиони денари за помош на ФК Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-predlog-na-vmro-dpmne-gradot-skopje-odobri-15-milioni-denari-za-pomosh-na-fk-vardar/ Mon, 14 Nov 2022 15:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=573773

Советот на Град Скопје со 19 гласови „за“, пет „против“ и четири „воздржани“ денеска усвои амандман поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за доделување финансиска помош од 15 милиони денари на ФК „Вардар“. Градоначалничката Данела Арсовска оцени дека со оваа помош „ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите“ и ја повика Финансиската полиција да изврши контрола во клубот.

Таа истакна дека е потреба сериозна анализа и изнаоѓање на соодветно трајно решение за овој проблем, барајќи клубот да се врати под ингеренции на Град Скопје.

Од 2021 година клубот го има превземано фирма којашто го однела во втора лига. Таа фирма нема исполнето ниту една од обврските согласно договорот за купо-продажба, односно исплата на обврските од над два милиона евра којашто ги презела за да може да го води ФК „Вардар“, истакна Арсовска.

Таа додаде дека Градот Скопје нема никакво влијание и контрола на одлуките на оваа фирма, и дека со одлуката за помош наместо да се реши целиот проблем, ќе се доделат 250 илјади евра на приватни фирми коишто го имаат донесено ФК „Вардар“ во оваа состојба, а притоа Градот нема да има никаков удел ниту во контролата, ниту во тоа што се случува таму.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, изјави дека фудбалерите веќе четири месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова.

ФК „Вардар“ е во многу големи проблеми и да не е во сопственост на градот, но за состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на Градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во Втора лига со милионски долгови, посочи Нелоски.

Претходно, едногласно беше прифатен и амандманот на советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска за субвенционирање на енергетската сиромаштија со коешто ќе се помогне на социјално ранливите категории на граѓани.

 

The post По предлог на ВМРО – ДПМНЕ: Градот Скопје одобри 15 милиони денари за помош на ФК Вардар appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје со 19 гласови „за“, пет „против“ и четири „воздржани“ денеска усвои амандман поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за доделување финансиска помош од 15 милиони денари на ФК „Вардар“. Градоначалничката Данела Арсовска оцени дека со оваа помош „ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите“ и ја повика Финансиската полиција да изврши контрола во клубот. Таа истакна дека е потреба сериозна анализа и изнаоѓање на соодветно трајно решение за овој проблем, барајќи клубот да се врати под ингеренции на Град Скопје.
Од 2021 година клубот го има превземано фирма којашто го однела во втора лига. Таа фирма нема исполнето ниту една од обврските согласно договорот за купо-продажба, односно исплата на обврските од над два милиона евра којашто ги презела за да може да го води ФК „Вардар“, истакна Арсовска.
Таа додаде дека Градот Скопје нема никакво влијание и контрола на одлуките на оваа фирма, и дека со одлуката за помош наместо да се реши целиот проблем, ќе се доделат 250 илјади евра на приватни фирми коишто го имаат донесено ФК „Вардар“ во оваа состојба, а притоа Градот нема да има никаков удел ниту во контролата, ниту во тоа што се случува таму. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, изјави дека фудбалерите веќе четири месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова.
ФК „Вардар“ е во многу големи проблеми и да не е во сопственост на градот, но за состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на Градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во Втора лига со милионски долгови, посочи Нелоски.
Претходно, едногласно беше прифатен и амандманот на советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска за субвенционирање на енергетската сиромаштија со коешто ќе се помогне на социјално ранливите категории на граѓани.  

The post По предлог на ВМРО – ДПМНЕ: Градот Скопје одобри 15 милиони денари за помош на ФК Вардар appeared first on Република.

]]>
Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/odbieno-baranjeto-za-iskluchuvanje-na-shreder-od-spd/ Mon, 08 Aug 2022 18:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=538106

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи  поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин.

Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер.

Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски сектор и одби целосно да се дистанцира од Путин, откако Русија изврши инвазија на Украина. Меѓутоа, одборот на СПД утврди дека неговите постапки не претставуваат кршење на правилата на партијата.

Можноста Шредер да биде исклучен од партијата на канцеларот Олаф Шолц не беше голема затоа што во Германија исклучување на член од политички партии е сложен, напорен и често долг процес, а неретко по него нема исклучување.

Но, можна е жалба на денешната одлука.

Шредер беше канцелар на Германија од 1998 до 2005, а лидер на СПД од 1999 до 2004 година

The post Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД appeared first on Република.

]]>

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи  поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин. Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер. Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски сектор и одби целосно да се дистанцира од Путин, откако Русија изврши инвазија на Украина. Меѓутоа, одборот на СПД утврди дека неговите постапки не претставуваат кршење на правилата на партијата. Можноста Шредер да биде исклучен од партијата на канцеларот Олаф Шолц не беше голема затоа што во Германија исклучување на член од политички партии е сложен, напорен и често долг процес, а неретко по него нема исклучување. Но, можна е жалба на денешната одлука. Шредер беше канцелар на Германија од 1998 до 2005, а лидер на СПД од 1999 до 2004 година

The post Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД appeared first on Република.

]]>
СДСМ го прифати францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-go-prifati-francuskiot-predlog/ Tue, 12 Jul 2022 07:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=527358

Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржува процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство.

Водејќи се од државните и национални интереси, највисоките стратешки цели за членство во ЕУ како и интересите на сите граѓани, Централниот одбор на СДСМ на седница едногласно донесе Одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ, се наведува во партиското соопштенија.

Во текстот се посочува дека СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности.

Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури, посочуваат од најголемата владејачка партија.

Според СДСМ, во преговарачкиот процес, Владата, заедно со сите институции, и понатаму треба доследно да се придржуваат до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од македонското Собрание.

Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварување на уште една стратешка цел, отворање на преговорите со Европската унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во ЕУ. Toa значи конечно затворање на сите идентитетски прашања. Имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. Сите политички партии треба да пристапат одговорно, државнички и рационално и заедно да ја донесеме долгоочекуваната државна одлука за продолжување на евроинтегративниот пат на земјата, се додава во соопштението на Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

The post СДСМ го прифати францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржува процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство. Водејќи се од државните и национални интереси, највисоките стратешки цели за членство во ЕУ како и интересите на сите граѓани, Централниот одбор на СДСМ на седница едногласно донесе Одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ, се наведува во партиското соопштенија. Во текстот се посочува дека СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности. Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури, посочуваат од најголемата владејачка партија. Според СДСМ, во преговарачкиот процес, Владата, заедно со сите институции, и понатаму треба доследно да се придржуваат до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од македонското Собрание. Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварување на уште една стратешка цел, отворање на преговорите со Европската унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во ЕУ. Toa значи конечно затворање на сите идентитетски прашања. Имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. Сите политички партии треба да пристапат одговорно, државнички и рационално и заедно да ја донесеме долгоочекуваната државна одлука за продолжување на евроинтегративниот пат на земјата, се додава во соопштението на Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

The post СДСМ го прифати францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев: Ваквите штетни предлози за Македонија се резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во последните 5 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorchev-vakvite-shtetni-predlozi-za-makedonija-se-rezultat-na-politikite-na-svitkana-kichma-koi-se-vodat-vo-poslednite-5-godini/ Sat, 02 Jul 2022 16:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=522721

Затоа што се работи за бугарски предлог, затоа што се работи за предлог кој што неразбраните трговци тука што изиграваат власт без народ, го имаат веќе прифатено. Затоа што овој предлог пред три дена, внимавајте пред три дена го отфрлија дури и Ковачевски и Пендаровски и еден куп првенци владини кои што ни велат сега дека истиот предлог три дена потоа е прифатлив, вака одговори членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вклучување во вестите на Алфа ТВ на прашање зошто треба да се каже не за францускиот предлог кој што стигна до Владата.

Ѓорчев истакна дека ваквите предлози на штета на Македонија доаѓаат како резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во Македонија во последните пет години.

Мислам дека се работи за последица на тоа што во Македонија се води како политика последниве пет години. Тоа е политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, тоа е политиката на изјави на Зоран Заев каде што вели две држави еден народ. Стево пендаровски кажа дека Гоце Делчев е Бугарски револуционер, дека е тој Бугарин и едноставно оние кои што ги подготвуваат предлозите дошле до едноставен заклучок, а тоа е дека нема нешто што оваа актуелна гарнитура нема да го поддржи, нема нешто што нема да проголтаат, нема нешто за кое нема да избришат патос со македонскиот народ и во оваа гарнитура на Ковачевски, Зоран Заев и целата таа дружина за жал нема никакви црвени линии, а особено не македонски, потенцираше Ѓорчев.

За тоа што треба Владата да направи Ѓорчев истакна дека за жал СДСМ не е таа партија која што некогаш била и дека сега е збир на кариеристи кои што никој не ги гласал како што е случај со премиерот Димитар Ковачевски кој што е избран само од Зоран Заев, па затоа имаме на власт неразбрани трговци кои ги рушат македонските позиции.

Значи не сме ние против било кого, сакаме Македонија да биде членка на Европската Унија, Македонија е членка на НАТО, Македонија има право на свои човечки правдини, Македонија има право на свое достоинство, Македонија има право на своја слобода и самоопределување, додаде Ѓорчев.

The post Ѓорчев: Ваквите штетни предлози за Македонија се резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во последните 5 години appeared first on Република.

]]>

Затоа што се работи за бугарски предлог, затоа што се работи за предлог кој што неразбраните трговци тука што изиграваат власт без народ, го имаат веќе прифатено. Затоа што овој предлог пред три дена, внимавајте пред три дена го отфрлија дури и Ковачевски и Пендаровски и еден куп првенци владини кои што ни велат сега дека истиот предлог три дена потоа е прифатлив, вака одговори членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вклучување во вестите на Алфа ТВ на прашање зошто треба да се каже не за францускиот предлог кој што стигна до Владата.
Ѓорчев истакна дека ваквите предлози на штета на Македонија доаѓаат како резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во Македонија во последните пет години.
Мислам дека се работи за последица на тоа што во Македонија се води како политика последниве пет години. Тоа е политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, тоа е политиката на изјави на Зоран Заев каде што вели две држави еден народ. Стево пендаровски кажа дека Гоце Делчев е Бугарски револуционер, дека е тој Бугарин и едноставно оние кои што ги подготвуваат предлозите дошле до едноставен заклучок, а тоа е дека нема нешто што оваа актуелна гарнитура нема да го поддржи, нема нешто што нема да проголтаат, нема нешто за кое нема да избришат патос со македонскиот народ и во оваа гарнитура на Ковачевски, Зоран Заев и целата таа дружина за жал нема никакви црвени линии, а особено не македонски, потенцираше Ѓорчев.
За тоа што треба Владата да направи Ѓорчев истакна дека за жал СДСМ не е таа партија која што некогаш била и дека сега е збир на кариеристи кои што никој не ги гласал како што е случај со премиерот Димитар Ковачевски кој што е избран само од Зоран Заев, па затоа имаме на власт неразбрани трговци кои ги рушат македонските позиции.
Значи не сме ние против било кого, сакаме Македонија да биде членка на Европската Унија, Македонија е членка на НАТО, Македонија има право на свои човечки правдини, Македонија има право на свое достоинство, Македонија има право на своја слобода и самоопределување, додаде Ѓорчев.

The post Ѓорчев: Ваквите штетни предлози за Македонија се резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во последните 5 години appeared first on Република.

]]>
Османи: Предлогот не е идеален, но со него го фаќаме последниот воз за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-predlogot-ne-e-idealen-no-so-nego-go-fakjame-posledniot-voz-za-eu/ Fri, 01 Jul 2022 18:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=522317

Министерството за надворешни работи официјално и препорача на Владата дека треба да се прифати предлогот на Европската Унија, вклучувајќи го ставот на експертите, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Мислам дека разговорите денеска беа отворени и транспарентни, се надеваме дека ќе го заокружиме брзо овој процес, рече Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Тој додаде дека не смета оти овој предлог е идеален, но, како што рече, ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ.

Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни. И за овој предлог мислам дека не е идеален, но дека ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ – рече Османи.

Министерот потсети оти бугарските позиции беа дека не треба да има македонски јазик во ЕУ и дека треба да има поглавје 35 во кое сите барања на Бугарија ќе бидат таму.

Ние сега имаме рамка во која има чист македонски јазик кој станува официјален јазик на ЕУ без никакви додавки, квалификации. И со тоа после децении се завршува прашањето на македонскиот јазик. Мислам тоа е најголемата добивка, најголемиот успех. Најголемата победа на овој предлог е што засекогаш се затвори меѓународното оспорување на јазикот – рече Османи, додавајќи дека ова е можеби последниот воз за членство во ЕУ.

Османи посочи дека во делот на фундаменталните прашања во последниот предлог, каде се патоказите по кои мора да одиме, единствено имало акциски план за човекови права кој, според него, апсолутно не е спорен и во кој Македонија ќе дозволи почитување човекови права на сите етнички заедници, не само Бугарите.

Нема ништо спорно во тој дел – рече Османи.

The post Османи: Предлогот не е идеален, но со него го фаќаме последниот воз за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи официјално и препорача на Владата дека треба да се прифати предлогот на Европската Унија, вклучувајќи го ставот на експертите, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Мислам дека разговорите денеска беа отворени и транспарентни, се надеваме дека ќе го заокружиме брзо овој процес, рече Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
Тој додаде дека не смета оти овој предлог е идеален, но, како што рече, ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ.
Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни. И за овој предлог мислам дека не е идеален, но дека ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ – рече Османи.
Министерот потсети оти бугарските позиции беа дека не треба да има македонски јазик во ЕУ и дека треба да има поглавје 35 во кое сите барања на Бугарија ќе бидат таму.
Ние сега имаме рамка во која има чист македонски јазик кој станува официјален јазик на ЕУ без никакви додавки, квалификации. И со тоа после децении се завршува прашањето на македонскиот јазик. Мислам тоа е најголемата добивка, најголемиот успех. Најголемата победа на овој предлог е што засекогаш се затвори меѓународното оспорување на јазикот – рече Османи, додавајќи дека ова е можеби последниот воз за членство во ЕУ.
Османи посочи дека во делот на фундаменталните прашања во последниот предлог, каде се патоказите по кои мора да одиме, единствено имало акциски план за човекови права кој, според него, апсолутно не е спорен и во кој Македонија ќе дозволи почитување човекови права на сите етнички заедници, не само Бугарите.
Нема ништо спорно во тој дел – рече Османи.

The post Османи: Предлогот не е идеален, но со него го фаќаме последниот воз за ЕУ appeared first on Република.

]]>
МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати Францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-kje-predlozi-na-vladata-da-go-prifati-francuskiot-predlog/ Fri, 01 Jul 2022 17:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=522283

Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Бројните денешни консултации, според министерот, минуваат во позитивна атмосфера, во кој, како што посочува, Францускиот предлог детално се анализира.

Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка; протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка; oдобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!, пишува Османи на неговиот фејсбук-профил.

Процесот на консултации, додава, продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука.

The post МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати Францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. Бројните денешни консултации, според министерот, минуваат во позитивна атмосфера, во кој, како што посочува, Францускиот предлог детално се анализира.
Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка; протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка; oдобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!, пишува Османи на неговиот фејсбук-профил.
Процесот на консултации, додава, продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука.

The post МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати Францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
ЕУ: На маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-na-masa-e-finalen-kompromis-koj-treba-da-bide-prifaten-od-dvete-strani/ Thu, 30 Jun 2022 15:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=521677

По најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека е уверен оти е постигнат добар компромисен договор за Бугарија и Македонија, од Советот во ЕУ ги поздравија неговите напори, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што објаснуваат високи дипломатски извори за новинарите во Брисел попладнево на маса е сега ставен „финален компромис кој одговара на преокупациите што ги изразија Бугарија и Македонија“.

Ако предлогот биде прифатен ова ќе овозможи исчекор за кој ЕУ работи веќе две години, изјави висок дипломатски извор за новинарите во Брисел.

Тој рече дека ЕУ го поздравува ангажманот на француското претседателство да се постигне заеднички прифатливо решение за отворањето на преговорите со Македонија.

Доколку двете страни го прифатат предлогот веднаш ќе може да се усвои преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ за Македонија, но и за Албанија, по што ќе може и да се свикаат првите меѓувладини конференции.

Од ЕУ потсетуваат дека ставот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, е дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ.

Овој предлог е резултат на активен ангажман за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение и одговарање на преокупациите на двете страни, велат дипломатите.

The post ЕУ: На маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни appeared first on Република.

]]>

По најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека е уверен оти е постигнат добар компромисен договор за Бугарија и Македонија, од Советот во ЕУ ги поздравија неговите напори, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што објаснуваат високи дипломатски извори за новинарите во Брисел попладнево на маса е сега ставен „финален компромис кој одговара на преокупациите што ги изразија Бугарија и Македонија“.
Ако предлогот биде прифатен ова ќе овозможи исчекор за кој ЕУ работи веќе две години, изјави висок дипломатски извор за новинарите во Брисел.
Тој рече дека ЕУ го поздравува ангажманот на француското претседателство да се постигне заеднички прифатливо решение за отворањето на преговорите со Македонија. Доколку двете страни го прифатат предлогот веднаш ќе може да се усвои преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ за Македонија, но и за Албанија, по што ќе може и да се свикаат првите меѓувладини конференции. Од ЕУ потсетуваат дека ставот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, е дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ.
Овој предлог е резултат на активен ангажман за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение и одговарање на преокупациите на двете страни, велат дипломатите.

The post ЕУ: На маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни appeared first on Република.

]]>
БГНЕС: Со последниот предлог на Макрон прифатени се сите барања на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bgnes-so-posledniot-predlog-na-makron-prifateni-se-site-baranja-na-bugarija/ Thu, 30 Jun 2022 14:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=521691

Додека Владата на ДУИ И СДСМ коментирајќи ја објавата на претседателот Макрон дека е постигнат компромис за спорот меѓу Бугарија и Македонија вели дека се само „предлог идеи“ а не решение, агенцијата БГНЕС објави детали од решението кое е веќе финално.

– Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот  во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи;

– Подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на  во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на „македонски јазик“;

– Да се ​​обезбеди добрососедството да остане хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција;

– Вклучување на повикување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од овој Договор во преговарачката рамка во врска со одобрувањето од страна на Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции на ЕУ-МК..

The post БГНЕС: Со последниот предлог на Макрон прифатени се сите барања на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Додека Владата на ДУИ И СДСМ коментирајќи ја објавата на претседателот Макрон дека е постигнат компромис за спорот меѓу Бугарија и Македонија вели дека се само „предлог идеи“ а не решение, агенцијата БГНЕС објави детали од решението кое е веќе финално.
– Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот  во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи; – Подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на  во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на „македонски јазик“; – Да се ​​обезбеди добрососедството да остане хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција; – Вклучување на повикување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од овој Договор во преговарачката рамка во врска со одобрувањето од страна на Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции на ЕУ-МК..

The post БГНЕС: Со последниот предлог на Макрон прифатени се сите барања на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Мишел: Имаме решение за старт на преговорите со Македонија, сега е време да се каже да https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mishel-imame-reshenie-za-start-na-pregovorite-so-severna-makedonija-sega-e-vreme-da-se-kaze-da/ Thu, 30 Jun 2022 14:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=521667

Го поздравувам решението на француското претседателство со ЕУ за договор што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Македонија, објави попладнево на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Решението се однесува на изразените загрижености. Најблиску сме од кога и да сме биле досега: Сега е време да се каже да, додава Мишел во твитот.

Владата попладнево соопшти дека преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.

Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата, се наведува во соопштението владината Прес-служба.

Претходно на прес-конференција на Самитот на НАТО во Мадрид, и францускиот претседателот Емануел Макрон изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија за отворање на првите поглавја од преговорите со Македонија и Албанија.

The post Мишел: Имаме решение за старт на преговорите со Македонија, сега е време да се каже да appeared first on Република.

]]>

Го поздравувам решението на француското претседателство со ЕУ за договор што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Македонија, објави попладнево на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Решението се однесува на изразените загрижености. Најблиску сме од кога и да сме биле досега: Сега е време да се каже да, додава Мишел во твитот.
Владата попладнево соопшти дека преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.
Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата, се наведува во соопштението владината Прес-служба.
Претходно на прес-конференција на Самитот на НАТО во Мадрид, и францускиот претседателот Емануел Макрон изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија за отворање на првите поглавја од преговорите со Македонија и Албанија.

The post Мишел: Имаме решение за старт на преговорите со Македонија, сега е време да се каже да appeared first on Република.

]]>
Објавен целиот нацрт текст на протоколот, спорот помеѓу Скопје и Софија станува дел од преговарачкиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-celiot-nacrt-tekst-na-protokolot-sporot-pomegju-skopje-i-sofija-stanuva-del-od-pregovarachkiot-proces/ Wed, 22 Jun 2022 16:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=518575

Францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Р Македонија се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали РМ е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ, пишува БГНЕС.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, кажува дека билатералниот однос Скопје-Софија ќе биде дел од преговарачкиот процес.

Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни како возврат да го укинаме ветото.

Според она што го објави БГНЕС, Македонија ќе мора да се обврзе да ги внесе во Уставот Бугарите, а од друга страна да се обврзе дека нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија, односно да се откаже од македонското малцинство во оваа земја.

Билатералниот протокол ја воведува историјата како услов во преговарачкиот процес. Пред свикувањето на Првата меѓувладина конференција, Скопје се обврзува да ја усвои веќе усвоената формулација од Заедничката историска комисија во врска со Цар Самуил како бугарски крал, веднаш менувајќи ги знаците и натписите на неговите споменици во земјата и на Самуиловата тврдина во Охрид, пишува БГНЕС.

Предвидено е и веднаш да се смени текстот за цар Самуил во учебникот за VII одделение, како и да се претстави примерок од лекцијата што ќе ја одрази новата формулација во согласност со постигнатиот компромис. Билатералниот протокол предвидува на сличен начин да се решаваат и други спорни историски теми, со што ќе се интензивира работата на историската комисија.

Досега овој Протокол не е потпишан и најверојатно ќе има дополнувања и појаснувања кои треба трајно да ги отстранат сите спорови меѓу двете земји кои се однесуваат на периодот од почетокот на 20 век до средината на минатиот век.

The post Објавен целиот нацрт текст на протоколот, спорот помеѓу Скопје и Софија станува дел од преговарачкиот процес appeared first on Република.

]]>

Францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Р Македонија се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали РМ е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ, пишува БГНЕС. Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, кажува дека билатералниот однос Скопје-Софија ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни како возврат да го укинаме ветото. Според она што го објави БГНЕС, Македонија ќе мора да се обврзе да ги внесе во Уставот Бугарите, а од друга страна да се обврзе дека нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија, односно да се откаже од македонското малцинство во оваа земја. Билатералниот протокол ја воведува историјата како услов во преговарачкиот процес. Пред свикувањето на Првата меѓувладина конференција, Скопје се обврзува да ја усвои веќе усвоената формулација од Заедничката историска комисија во врска со Цар Самуил како бугарски крал, веднаш менувајќи ги знаците и натписите на неговите споменици во земјата и на Самуиловата тврдина во Охрид, пишува БГНЕС. Предвидено е и веднаш да се смени текстот за цар Самуил во учебникот за VII одделение, како и да се претстави примерок од лекцијата што ќе ја одрази новата формулација во согласност со постигнатиот компромис. Билатералниот протокол предвидува на сличен начин да се решаваат и други спорни историски теми, со што ќе се интензивира работата на историската комисија. Досега овој Протокол не е потпишан и најверојатно ќе има дополнувања и појаснувања кои треба трајно да ги отстранат сите спорови меѓу двете земји кои се однесуваат на периодот од почетокот на 20 век до средината на минатиот век.

The post Објавен целиот нацрт текст на протоколот, спорот помеѓу Скопје и Софија станува дел од преговарачкиот процес appeared first on Република.

]]>
Захариева кажа стоп: Одложена седницата во бугарското Собрание за „францускиот предлог“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/odlozena-sednicata-vo-bugarskoto-sobranie-za-francuskiot-predlog/ Wed, 22 Jun 2022 14:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=518531

Членовите во Комисија за надворешни работи на бугарското Народно собрание денеска ја одложија седницата на која требаше да биде разгледан предлогот на француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Образложувајќи ја ваквата одлука, поранешната бугарска министерка за надворешни работи и пратеничка на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Екатерина Захариева, изјави дека бугарската Влада е органот што мора да се произнесе по предлогот, пред тој да се најде пред Народното собрание.

Одлуката за одлагање на седницата на собраниската Комисија беше донесена со 9 гласа „за“ на пратениците од редовите на ГЕРБ, Движењето за права и слободи, Има таков народ и Преродба, додека 8 народни избраници од редовите на владејачките партии Продолжуваме со промената, Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија гласаа „против“.

Претходно денеска, лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов побара одлуката за прифаќање на „францускиот предлог“ и со тоа за деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава, да ја донесе Владата на Бугарија и потоа да ја достави до Собранието на одобрување, ветувајќи дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат предлогот на пленарната седница.

Меѓутоа, шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова во изјава за софиски „Дневник“, го отфрли ваквото барање, истакнувајќи дека Владата нема да отстапи од повеќепати најавуваната формула – одлуката по „францускиот предлог“ прво да биде донесена на собраниската Комисија за надворешна политика, потоа на пленарна седница на Собранието и на крај да се најде пред владиниот Кабинет.

The post Захариева кажа стоп: Одложена седницата во бугарското Собрание за „францускиот предлог“ appeared first on Република.

]]>

Членовите во Комисија за надворешни работи на бугарското Народно собрание денеска ја одложија седницата на која требаше да биде разгледан предлогот на француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија. Образложувајќи ја ваквата одлука, поранешната бугарска министерка за надворешни работи и пратеничка на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Екатерина Захариева, изјави дека бугарската Влада е органот што мора да се произнесе по предлогот, пред тој да се најде пред Народното собрание. Одлуката за одлагање на седницата на собраниската Комисија беше донесена со 9 гласа „за“ на пратениците од редовите на ГЕРБ, Движењето за права и слободи, Има таков народ и Преродба, додека 8 народни избраници од редовите на владејачките партии Продолжуваме со промената, Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија гласаа „против“. Претходно денеска, лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов побара одлуката за прифаќање на „францускиот предлог“ и со тоа за деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава, да ја донесе Владата на Бугарија и потоа да ја достави до Собранието на одобрување, ветувајќи дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат предлогот на пленарната седница. Меѓутоа, шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова во изјава за софиски „Дневник“, го отфрли ваквото барање, истакнувајќи дека Владата нема да отстапи од повеќепати најавуваната формула – одлуката по „францускиот предлог“ прво да биде донесена на собраниската Комисија за надворешна политика, потоа на пленарна седница на Собранието и на крај да се најде пред владиниот Кабинет.

The post Захариева кажа стоп: Одложена седницата во бугарското Собрание за „францускиот предлог“ appeared first on Република.

]]>