предлог закон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-zakon/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 17:14:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предлог закон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-zakon/ 32 32 Предлог законот за нефер трговски практики утре е на комисиска расправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-utre-e-na-komisiska-rasprava/ Mon, 04 Mar 2024 19:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=751199

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики е ставен на дневен ред на утрешната седница на Комисијата за европски прашања закажана за 13 часот.

Овој Предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница.

Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот на снабдување со земјоделство и храна. Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Министерството за економија токму поради тоа не ја продолжи одлуката за гарантирани цени која важеше до 29 февруари.

Голем број прехранбени производи со ознаката „гарантирана цена“ од 20 септември лани се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август 2023 година, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност заврши на 1 март.

Директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски во петокот на прес-конференција рече дека нивните првични информации покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, но дел ги имаат. Посочи дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираше на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало. Рече дека не можат да влијаат на цените, но оти верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.

The post Предлог законот за нефер трговски практики утре е на комисиска расправа appeared first on Република.

]]>

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики е ставен на дневен ред на утрешната седница на Комисијата за европски прашања закажана за 13 часот. Овој Предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница. Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот на снабдување со земјоделство и храна. Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. Министерството за економија токму поради тоа не ја продолжи одлуката за гарантирани цени која важеше до 29 февруари. Голем број прехранбени производи со ознаката „гарантирана цена“ од 20 септември лани се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август 2023 година, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност заврши на 1 март. Директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски во петокот на прес-конференција рече дека нивните првични информации покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, но дел ги имаат. Посочи дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираше на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало. Рече дека не можат да влијаат на цените, но оти верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.

The post Предлог законот за нефер трговски практики утре е на комисиска расправа appeared first on Република.

]]>
Левица поднесе предлог-закон за намалување на договорите на определено време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-podnese-predlog-zakon-za-namaluvanje-na-dogovorite-na-opredeleno-vreme/ Thu, 14 Apr 2022 17:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=488603

Политичката партија Левица поднесе предлог-закон за намалување на договорите на определено време.

Откако пратениците од делегитимираната коалиција, СДСМ и ДУИ, гласаа против предлог-законот на Левица за изменување на Законот за работни односи да се стави на дневен ред во скратена постапка, денес пратениците од Левица го поднесоа предлогот во редовна постапка.

Со ваквиот предлог, предвидуваме намалување на горната граница на договорите на определено време од пет (5) години на шест (6) месеци. Моменталното законско решение значително отстапува од намерата за обезбедување на сигурност на работниот однос, бидејќи предвидува долг период од 5 години.

Ваквата ситуација се покажа во пракса дека е подложна на манипулативно однесување од страна на сопствениците на капиталот, кои еднострано ги штитат своите интереси, за сметка на интересите на работниците, кои речиси и да не можат да обезбедат трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време“, се вели во соопштението испратено до медиумите.

За нужноста од итно усвојување на предложените измени, говори и поддршката од Сојузот на синдикати, кои јавно побараа сите пратеници да го поддржат предлогот на Левица. Токму ваквите договори на определено време, за време на кризата, беа најмногу користени за губење на работните места, без утврдување реални причини за отказ, поради што работникот е принуден постојано да стравува за својата егзистенција.

Единствени кои реагираа дека се загрозени од овој закон се субјектите кои се богатат врз неплатениот труд на работниците, како Стопанската Комора и Организацијата на работодавачи. Овие организации, кои постојано уживаат заштита од владејачкиот естаблишмент и кои, преку нивната економска моќ, изнудуваат законски решенија во своја корист, покажаа повторно дека бескруполозно ја експлоатираат маката на обичниот човек.

Левица, како единствена парламентарна партија, која го претставува гласот на обесправените и сиромашните, ќе продолжи да е репрезент на работникот и земјоделецот, после 30-годишен монопол на волјата на олигархијата во законодавниот дом, додаваат од партијата.

The post Левица поднесе предлог-закон за намалување на договорите на определено време appeared first on Република.

]]>

Политичката партија Левица поднесе предлог-закон за намалување на договорите на определено време. Откако пратениците од делегитимираната коалиција, СДСМ и ДУИ, гласаа против предлог-законот на Левица за изменување на Законот за работни односи да се стави на дневен ред во скратена постапка, денес пратениците од Левица го поднесоа предлогот во редовна постапка. Со ваквиот предлог, предвидуваме намалување на горната граница на договорите на определено време од пет (5) години на шест (6) месеци. Моменталното законско решение значително отстапува од намерата за обезбедување на сигурност на работниот однос, бидејќи предвидува долг период од 5 години. Ваквата ситуација се покажа во пракса дека е подложна на манипулативно однесување од страна на сопствениците на капиталот, кои еднострано ги штитат своите интереси, за сметка на интересите на работниците, кои речиси и да не можат да обезбедат трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време“, се вели во соопштението испратено до медиумите. За нужноста од итно усвојување на предложените измени, говори и поддршката од Сојузот на синдикати, кои јавно побараа сите пратеници да го поддржат предлогот на Левица. Токму ваквите договори на определено време, за време на кризата, беа најмногу користени за губење на работните места, без утврдување реални причини за отказ, поради што работникот е принуден постојано да стравува за својата егзистенција. Единствени кои реагираа дека се загрозени од овој закон се субјектите кои се богатат врз неплатениот труд на работниците, како Стопанската Комора и Организацијата на работодавачи. Овие организации, кои постојано уживаат заштита од владејачкиот естаблишмент и кои, преку нивната економска моќ, изнудуваат законски решенија во своја корист, покажаа повторно дека бескруполозно ја експлоатираат маката на обичниот човек. Левица, како единствена парламентарна партија, која го претставува гласот на обесправените и сиромашните, ќе продолжи да е репрезент на работникот и земјоделецот, после 30-годишен монопол на волјата на олигархијата во законодавниот дом, додаваат од партијата.

The post Левица поднесе предлог-закон за намалување на договорите на определено време appeared first on Република.

]]>