Предлог-закон за игри на среќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-zakon-za-igri-na-sreka/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jan 2024 08:04:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Предлог-закон за игри на среќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-zakon-za-igri-na-sreka/ 32 32 Власта решила пред распуштање на Собранието да го донесе Законот за игри на среќа и да остави неколку илјади граѓани на улица https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-reshila-pred-raspushtane-na-sobranieto-da-go-donese-zakonot-za-igri-na-sreka-i-da-ostavi-nekolku-iljadi-gragani-na-ulitsa/ Wed, 10 Jan 2024 07:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=731331

Во Собранието денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 69. седница. На дневен ред пред членовите на оваа Комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање.

Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Како што стои во Предлог-законот објавен на собраниската веб-страница, со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно исплатните места кај обложувалниците односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, се предлага воведување на ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надоместок за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомт клуб.

-Основни решенија на предложениот Закон се: соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа мора да поседуваат репутација; деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа треба да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта; начинот на мерење на оддалеченоста ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии; се воведува надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа; се зголемува месечниот надоместок за лотариските и електронските игри на среќа; електронските игри на среќа ќе можат да се приредуваат во простории каде што се приредуваат посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии; се воведува нов начин на пресметка и плаќање на посебната давачка кај приредувачите на посебните на среќа (казина, обложувалници и автомат клубови); се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за обложувалница од 105.000 евра на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца. За секое следно уплатно-исплатно место над 25- тото, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра; се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за автомат клуб од 78.750 евра на 100.000 евра. Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб се однесува за три деловни простории и се воведува надоместок во износ од 30.000 евра; се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на препорака та на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет, стои во Предлог-законот.

Претходно, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) побараа итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата со цел носење на нов функционален закон. Потенцираа дека доколку апелите не вродат со плод, подготвени се да организираат масовни протести

-Бараме итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски функционален закон, изјави претходно Васко Илиевски од Асоцијацијата на спортски обложувалници пред Собранието.

Илиевски истакна дека носењето на овој закон ќе предизвика затворање на легалната индустрија и ќе отвори широка врата на сивата економија. Според него, законот е направен без соодветна анализа, истражување, коистење на факти и аргументи со тенденциозно избегнување на дебата и злоупотреба на европското знаменце.

Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) истакна дека членките на АПИС се претставници и на странски компании кои индиректно помагаат меѓу 54 до 100 илјади работни места во земјата, и, како што рече, најмалку што очекуваат е да бидат третирани како и другите странски инвеститори

The post Власта решила пред распуштање на Собранието да го донесе Законот за игри на среќа и да остави неколку илјади граѓани на улица appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 69. седница. На дневен ред пред членовите на оваа Комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање. Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии. Како што стои во Предлог-законот објавен на собраниската веб-страница, со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно исплатните места кај обложувалниците односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, се предлага воведување на ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надоместок за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомт клуб.
-Основни решенија на предложениот Закон се: соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа мора да поседуваат репутација; деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа треба да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта; начинот на мерење на оддалеченоста ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии; се воведува надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа; се зголемува месечниот надоместок за лотариските и електронските игри на среќа; електронските игри на среќа ќе можат да се приредуваат во простории каде што се приредуваат посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии; се воведува нов начин на пресметка и плаќање на посебната давачка кај приредувачите на посебните на среќа (казина, обложувалници и автомат клубови); се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за обложувалница од 105.000 евра на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца. За секое следно уплатно-исплатно место над 25- тото, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра; се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за автомат клуб од 78.750 евра на 100.000 евра. Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб се однесува за три деловни простории и се воведува надоместок во износ од 30.000 евра; се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на препорака та на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет, стои во Предлог-законот.
Претходно, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) побараа итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата со цел носење на нов функционален закон. Потенцираа дека доколку апелите не вродат со плод, подготвени се да организираат масовни протести
-Бараме итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски функционален закон, изјави претходно Васко Илиевски од Асоцијацијата на спортски обложувалници пред Собранието.
Илиевски истакна дека носењето на овој закон ќе предизвика затворање на легалната индустрија и ќе отвори широка врата на сивата економија. Според него, законот е направен без соодветна анализа, истражување, коистење на факти и аргументи со тенденциозно избегнување на дебата и злоупотреба на европското знаменце. Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) истакна дека членките на АПИС се претставници и на странски компании кои индиректно помагаат меѓу 54 до 100 илјади работни места во земјата, и, како што рече, најмалку што очекуваат е да бидат третирани како и другите странски инвеститори

The post Власта решила пред распуштање на Собранието да го донесе Законот за игри на среќа и да остави неколку илјади граѓани на улица appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ветува тридневна стручна дебата за законот за игри на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vetuva-tridnevna-struchna-debata-za-zakonot-za-igri-na-sreka/ Wed, 29 Mar 2023 16:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=625171

Претседателот Стево Пендаровски упати апел на законското решение за игрите на среќа да не се става европско знаменце, туку, како што порача, да се поведе сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните.

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој денеска е во посета на земјава, изрази уверување дека македонскиот Парламент ќе донесе сериозно решение.

На заедничката прес-конференција на двајцата претседатели австриски новинар упати прашање до Ван дер Белен поврзано со предложеното законско решение за индустријата на игри на среќа и за „автоматите за игри на среќа“ во Македонија имајќи предвид дека во неа со капитал се влезени австриски компании.

– Легитимно е да се размислува за заштитни мерки за граѓаните, станува збор за мошне чувствителна област, но за ова прашање не разговаравме со претседателот Пендаровски. Сепак, верувам дека дека Парламентот со сета сериозност ќе му пристапи на ова прашање – рече Ван дер Белен.

Претседателот Пендаровски се вклучи во одговарање на поставеното прашање:

– Имам барање за средба од луѓе од Здружението за игри на среќа и тоа ќе го сторам. Јас не сум експерт за таа област и е потребна стручна дебата. Затоа апелирам, тој предлог-закон да не оди со европско знаменце туку да се соочат сите аргументи низ стручна дебата и да се дојде до вистинско и балансирано решение бидејќи имаме доста голем број на вработени во таа индустрија, но секако дека треба да се има предвид и интересот на граѓаните. И да нагласам, таквата дебата не треба да трае само три дена – рече Пендаровски.

The post Пендаровски ветува тридневна стручна дебата за законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски упати апел на законското решение за игрите на среќа да не се става европско знаменце, туку, како што порача, да се поведе сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните. Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој денеска е во посета на земјава, изрази уверување дека македонскиот Парламент ќе донесе сериозно решение. На заедничката прес-конференција на двајцата претседатели австриски новинар упати прашање до Ван дер Белен поврзано со предложеното законско решение за индустријата на игри на среќа и за „автоматите за игри на среќа“ во Македонија имајќи предвид дека во неа со капитал се влезени австриски компании.
– Легитимно е да се размислува за заштитни мерки за граѓаните, станува збор за мошне чувствителна област, но за ова прашање не разговаравме со претседателот Пендаровски. Сепак, верувам дека дека Парламентот со сета сериозност ќе му пристапи на ова прашање – рече Ван дер Белен.
Претседателот Пендаровски се вклучи во одговарање на поставеното прашање:
– Имам барање за средба од луѓе од Здружението за игри на среќа и тоа ќе го сторам. Јас не сум експерт за таа област и е потребна стручна дебата. Затоа апелирам, тој предлог-закон да не оди со европско знаменце туку да се соочат сите аргументи низ стручна дебата и да се дојде до вистинско и балансирано решение бидејќи имаме доста голем број на вработени во таа индустрија, но секако дека треба да се има предвид и интересот на граѓаните. И да нагласам, таквата дебата не треба да трае само три дена – рече Пендаровски.

The post Пендаровски ветува тридневна стручна дебата за законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Приредувачите на игри на среќа прашуваат: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prireduvachite-na-igri-na-sreka-prashuvaat-zoshto-makedonija-koja-tezhnee-da-stane-del-od-eu-bi-bila-iskluchok-od-evropskite-zemji-i-zapadnite-tsivilizatsii-kade-ima-legalni-igri-na-sreka/ Mon, 13 Mar 2023 13:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=619174

На барање на двете асоцијации, денес претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) остваривме средба со Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Г-дин Горан Мисовски и Координаторот на Коалицијата „МОЖЕМЕ“, предводена од политичката партија СДСМ, Г-дин Јован Митрески.

На претставниците на владејачкото мнозинство им понудивме аргументи дека постоечката регулатива во Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Наведовме дека не постои записник на надлежните државни органи каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите и казината кои се под надлежност на Групацијата Новоматик и Апекс Македонија, што е потврда дека станува збор за исклучителни професионалци, општествено одговорни компании кои максимално го штитат јавниот интерес и неселективно ги спроведуваат законските норми.

Изразивме загриженост што нема никакво издржано објаснување зошто е одлучено токму на овие законски измени да им се стави Европско знаме, што никогаш претходно не било законодавна пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации. Особено што во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот.

Ја искористивме приликата да упатиме генерален апел до сите пратеници, без разлика на нивната политичката и етничка припадност, пред да се изјаснуваат за овој Предлог на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри да си го постават следното прашање: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа?

Повикавме да не се потпаѓа под влијание на црната кампања на оние критичари на игрите на среќа кои никогаш не одговорија за чии бизнис интереси одработуваат. Треба да се земе предвид дека токму тие никогаш нема да преземат одговорност за штетните последици кои ќе следат доколку овие законските измени стапат на сила. Трагично е што прават притисок врз политичките партии и суптилно се обидуваат да ги инволвираат и верските заедници. Ова е недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа. Искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата. Никој во Европа не ја прифаќа тезата дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со затворање на казината, автомат клубовите и обложувалниците, како што ни потенцијалната зависност од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците на алкохол. Подигнувањето на општествената свест се прави со јавни кампањи и организиран пристап за насочување на младите генерации кон наука, култура и спорт.

Предупредивме дека доколку овие законски измени не се повлечат и низ една широка општествена, јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни не се пристапи кон изработка на одржливо законско решение кое ќе ги следи сите светски стандарди за игри на среќа, ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести. Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Доколку надлежните институции не сакаат да ги прифатат нашите аргументи ќе немаме друг избор. Наша должност е да ги заштитиме вработените и огромните инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија напред. Станува збор за 10 илјади семејства кои доколку се изгласаат овие законски измени ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, членки на ЕУ, каде повторно ќе работат во истата економска дејност.

The post Приредувачите на игри на среќа прашуваат: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа? appeared first on Република.

]]>

На барање на двете асоцијации, денес претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) остваривме средба со Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Г-дин Горан Мисовски и Координаторот на Коалицијата „МОЖЕМЕ“, предводена од политичката партија СДСМ, Г-дин Јован Митрески.
На претставниците на владејачкото мнозинство им понудивме аргументи дека постоечката регулатива во Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Наведовме дека не постои записник на надлежните државни органи каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите и казината кои се под надлежност на Групацијата Новоматик и Апекс Македонија, што е потврда дека станува збор за исклучителни професионалци, општествено одговорни компании кои максимално го штитат јавниот интерес и неселективно ги спроведуваат законските норми.
Изразивме загриженост што нема никакво издржано објаснување зошто е одлучено токму на овие законски измени да им се стави Европско знаме, што никогаш претходно не било законодавна пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации. Особено што во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот. Ја искористивме приликата да упатиме генерален апел до сите пратеници, без разлика на нивната политичката и етничка припадност, пред да се изјаснуваат за овој Предлог на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри да си го постават следното прашање: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа?
Повикавме да не се потпаѓа под влијание на црната кампања на оние критичари на игрите на среќа кои никогаш не одговорија за чии бизнис интереси одработуваат. Треба да се земе предвид дека токму тие никогаш нема да преземат одговорност за штетните последици кои ќе следат доколку овие законските измени стапат на сила. Трагично е што прават притисок врз политичките партии и суптилно се обидуваат да ги инволвираат и верските заедници. Ова е недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа. Искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата. Никој во Европа не ја прифаќа тезата дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со затворање на казината, автомат клубовите и обложувалниците, како што ни потенцијалната зависност од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците на алкохол. Подигнувањето на општествената свест се прави со јавни кампањи и организиран пристап за насочување на младите генерации кон наука, култура и спорт.
Предупредивме дека доколку овие законски измени не се повлечат и низ една широка општествена, јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни не се пристапи кон изработка на одржливо законско решение кое ќе ги следи сите светски стандарди за игри на среќа, ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести. Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Доколку надлежните институции не сакаат да ги прифатат нашите аргументи ќе немаме друг избор. Наша должност е да ги заштитиме вработените и огромните инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија напред. Станува збор за 10 илјади семејства кои доколку се изгласаат овие законски измени ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, членки на ЕУ, каде повторно ќе работат во истата економска дејност.

The post Приредувачите на игри на среќа прашуваат: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа? appeared first on Република.

]]>
Стопанска комора бара да се повлече новиот Закон за игри на среќа: Ова ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stopanska-komora-bara-da-se-povleche-noviot-zakon-za-igri-na-sreka-ova-ke-gi-zatvori-kompaniite-i-ke-pottikne-siva-ekonomija/ Wed, 08 Mar 2023 11:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=617296

Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи.

Тие бараат од Предлог-законот да биде тргнато европското знаме и текстот целосно да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира своите ставови, со цел носење ефикасен и европски закон.

Од компаниите-членки на Групацијата директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54 000 луѓе. Укажувањата се дека ако се изгласа законот како што е предложен, ќе се стави клуч на врата на легалните приредувачи на игри на среќа, но играњето нема да запре, играчите ќе бараат алтернатива и ќе се префрлат на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.

-Прво, на новиот Закон за игри на среќа се става европско знаме иако во Европската Унија не постои посебна Директива која ги уредува игрите на среќа, туку е оставено секоја земја поединечно да го регулира законското работење. Европското знаме на овој нов предлог закон се става само со повикување на Препораката од ЕУ – CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Оваа препорака не е обврзувачка ниту за членките на ЕУ а уште помалку за пристапните земји членки. Преку ставање на ЕУ знаме на Законот, истиот наместо во матичната комисија за финансирање и буџет, ќе биде ставен на разгледување во Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ, а со тоа се оневозможува да се отвори јавна расправа по предлог законот. Второ, иако образложението е дека новиот Предлог-закон се носи со цел да се унапреди дејноста, всушност измените ќе значат тотално гаснење на индустријата на игри на среќа и ќе поттикне сива економија во дејноста, која сега со постојната законска регулатива е на исклучително високо ниво регулирана и усогласена со европските закони, наведува Комората.

Комората укажува и дека Предлог-законот не се носи во транспарентна процедура со што, како што подвлекува, се заобиколува правната сигурност во дејноста во која за своето работење сите компании имаат важечки лиценци за работа со кои се обврзуваат и гарантираат почитување на пропишаните законски прописи, регулативи и норми.

-Во Предлог-законот и овој пат е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат онлајн игри на среќа како во сите европски земји. Приредувачите на игри на среќа како општествено одговорни компании продолжуваат и со активни едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, поради што постои верување дека укажувањата на бизнисот ќе бидат земени во предвид и во Собранието нема да се изгласа закон чии штетни последици ќе бидат повеќекратни, истакнува Стопанската комора.

The post Стопанска комора бара да се повлече новиот Закон за игри на среќа: Ова ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија appeared first on Република.

]]>

Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи. Тие бараат од Предлог-законот да биде тргнато европското знаме и текстот целосно да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира своите ставови, со цел носење ефикасен и европски закон. Од компаниите-членки на Групацијата директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54 000 луѓе. Укажувањата се дека ако се изгласа законот како што е предложен, ќе се стави клуч на врата на легалните приредувачи на игри на среќа, но играњето нема да запре, играчите ќе бараат алтернатива и ќе се префрлат на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.
-Прво, на новиот Закон за игри на среќа се става европско знаме иако во Европската Унија не постои посебна Директива која ги уредува игрите на среќа, туку е оставено секоја земја поединечно да го регулира законското работење. Европското знаме на овој нов предлог закон се става само со повикување на Препораката од ЕУ – CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Оваа препорака не е обврзувачка ниту за членките на ЕУ а уште помалку за пристапните земји членки. Преку ставање на ЕУ знаме на Законот, истиот наместо во матичната комисија за финансирање и буџет, ќе биде ставен на разгледување во Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ, а со тоа се оневозможува да се отвори јавна расправа по предлог законот. Второ, иако образложението е дека новиот Предлог-закон се носи со цел да се унапреди дејноста, всушност измените ќе значат тотално гаснење на индустријата на игри на среќа и ќе поттикне сива економија во дејноста, која сега со постојната законска регулатива е на исклучително високо ниво регулирана и усогласена со европските закони, наведува Комората.
Комората укажува и дека Предлог-законот не се носи во транспарентна процедура со што, како што подвлекува, се заобиколува правната сигурност во дејноста во која за своето работење сите компании имаат важечки лиценци за работа со кои се обврзуваат и гарантираат почитување на пропишаните законски прописи, регулативи и норми.
-Во Предлог-законот и овој пат е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат онлајн игри на среќа како во сите европски земји. Приредувачите на игри на среќа како општествено одговорни компании продолжуваат и со активни едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, поради што постои верување дека укажувањата на бизнисот ќе бидат земени во предвид и во Собранието нема да се изгласа закон чии штетни последици ќе бидат повеќекратни, истакнува Стопанската комора.

The post Стопанска комора бара да се повлече новиот Закон за игри на среќа: Ова ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија appeared first on Република.

]]>
Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-noviot-zakon-za-igri-na-sreka-e-neustaven-alarmira-avstriskiot-ambasador/ Tue, 28 Feb 2023 09:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=614080

Пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради негова неуставност, реагира австрискиот амбасадор Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигнаа во законодавниот дом. Амбасадорот реагира дека Владата го злоупотребува и европското знаменце за да избегне јавна дебата за контроверзниот закон.

Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, пишува во писмото амбасадорот на Австрија во земјава.

Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кој е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:

На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивка. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.

Австрискиот амбасадор бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог-законот, да не го разгледуваат поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност.

Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом.

Пратениците и Владата го добиле писмото од австрискиот амбасадор и за дел од медиумите информирале дека забелешките сериозно ќе ги разгледаат.

 

The post Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради негова неуставност, реагира австрискиот амбасадор Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигнаа во законодавниот дом. Амбасадорот реагира дека Владата го злоупотребува и европското знаменце за да избегне јавна дебата за контроверзниот закон.
Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, пишува во писмото амбасадорот на Австрија во земјава.
Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кој е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:
На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивка. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
Австрискиот амбасадор бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог-законот, да не го разгледуваат поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност. Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом. Пратениците и Владата го добиле писмото од австрискиот амбасадор и за дел од медиумите информирале дека забелешките сериозно ќе ги разгледаат.  

The post Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Со новиот Предлог-закон за игри на среќа државата губи 30 болници годишно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-noviot-predlog-zakon-za-igri-na-sreka-drzhavata-gubi-30-bolnitsi-godishno/ Thu, 09 Feb 2023 15:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=606994

Измените на Законот за игри на среќа кои беа усвоени на седница на Владата, а со кои се предвидува минимално растојание од 500 метри меѓу објектите каде што се приредуваат игрите на среќа и образовните установи, ќе доведат до повеќекратни штетни последици не само за вработените во оваа индустријата, но и за државниот буџет, кој со оваа одлука би се намалил за 280 милиони евра годишно, колку што приредувачите на игри на среќа уплаќаат во државниот и буџетот на локалните самоуправи. Од овие пари годишно би можеле да се изградат 30 болници или 300 градинки или 200 училишта.

Доколку новиот предлог-закон стапи на сила, покрај загубата во државниот буџет, повеќе од 10.000 лица директно и 54.000 лица индиректно ќе останат без работа. Новиот закон за игри на среќа неминовно би довел до процветување на црниот пазар, каде што нема можност за заштита на играчи или малолетници. Под изговор за заштита на интересите на лицата помлади од 18 години, со воведување на задолжително растојание од 500 метри меѓу овие објекти и образовните установи, всушност децата индиректно се туркаат на незаконски обложувања кои не би биле регулирани, а со тоа и достапни за нив.

Со донесувањето на новиот закон, компаниите од оваа стопанска гранка би исчезнале од картата на Cеверна Македонија, дури 92 проценти од објектите ќе останат затворени, што би оставило несогледливи последици за целата држава и општество. Ограничувањето на правото на работа преку налудничави законски одредби би довело до повреда на регулативата за заштита на странскиот капитал и правата на инвеститорите и директна штета на државата Македонија, која би требало да плати отштета од неколку стотици милиони евра.

Со спречување на легално спортско обложување, тоа би ги пренасочило играчите да бараат алтернатива, така што индустријата би се префрлила на нелегални локации, па државата нема да има контрола врз приливот на пари, како и врз безбедноста на играчите. Пример за тоа е Албанија, која пред четири години го забрани спортското обложување, што доведе само до чести апсења за нелегално обложување. Поучени од негативното искуство, албанските власти најавија релегализација на приредувањето на игрите на среќа во првиот квартал од 2023 година. Ниту една европска земја нема таков закон затоа што во пракса е докажано дека не функционира и дека таквите ограничувања имаат спротивен ефект и отвораат простор за нелегален профит и ризик за играчите.

Исто така, во новиот предлог Закон за игрите на среќа повторно е изоставен делот со кој на приредувачите на игри на среќа им се овозможува да приредуваат онлајн обложување, кое е достапно во сите европски земји.


Комерцијална објава

The post Со новиот Предлог-закон за игри на среќа државата губи 30 болници годишно appeared first on Република.

]]>

Измените на Законот за игри на среќа кои беа усвоени на седница на Владата, а со кои се предвидува минимално растојание од 500 метри меѓу објектите каде што се приредуваат игрите на среќа и образовните установи, ќе доведат до повеќекратни штетни последици не само за вработените во оваа индустријата, но и за државниот буџет, кој со оваа одлука би се намалил за 280 милиони евра годишно, колку што приредувачите на игри на среќа уплаќаат во државниот и буџетот на локалните самоуправи. Од овие пари годишно би можеле да се изградат 30 болници или 300 градинки или 200 училишта. Доколку новиот предлог-закон стапи на сила, покрај загубата во државниот буџет, повеќе од 10.000 лица директно и 54.000 лица индиректно ќе останат без работа. Новиот закон за игри на среќа неминовно би довел до процветување на црниот пазар, каде што нема можност за заштита на играчи или малолетници. Под изговор за заштита на интересите на лицата помлади од 18 години, со воведување на задолжително растојание од 500 метри меѓу овие објекти и образовните установи, всушност децата индиректно се туркаат на незаконски обложувања кои не би биле регулирани, а со тоа и достапни за нив. Со донесувањето на новиот закон, компаниите од оваа стопанска гранка би исчезнале од картата на Cеверна Македонија, дури 92 проценти од објектите ќе останат затворени, што би оставило несогледливи последици за целата држава и општество. Ограничувањето на правото на работа преку налудничави законски одредби би довело до повреда на регулативата за заштита на странскиот капитал и правата на инвеститорите и директна штета на државата Македонија, која би требало да плати отштета од неколку стотици милиони евра. Со спречување на легално спортско обложување, тоа би ги пренасочило играчите да бараат алтернатива, така што индустријата би се префрлила на нелегални локации, па државата нема да има контрола врз приливот на пари, како и врз безбедноста на играчите. Пример за тоа е Албанија, која пред четири години го забрани спортското обложување, што доведе само до чести апсења за нелегално обложување. Поучени од негативното искуство, албанските власти најавија релегализација на приредувањето на игрите на среќа во првиот квартал од 2023 година. Ниту една европска земја нема таков закон затоа што во пракса е докажано дека не функционира и дека таквите ограничувања имаат спротивен ефект и отвораат простор за нелегален профит и ризик за играчите. Исто така, во новиот предлог Закон за игрите на среќа повторно е изоставен делот со кој на приредувачите на игри на среќа им се овозможува да приредуваат онлајн обложување, кое е достапно во сите европски земји.
Комерцијална објава

The post Со новиот Предлог-закон за игри на среќа државата губи 30 болници годишно appeared first on Република.

]]>