Предлог-закон за амнестија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-zakon-za-amnestija/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jul 2023 19:07:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Предлог-закон за амнестија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-zakon-za-amnestija/ 32 32 Мицевски: Никој не нѐ консултираше за законот за амнестија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-nikoj-ne-n-konsultirashe-za-zakonot-za-amnestija/ Sun, 16 Jul 2023 19:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=662040

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов. Министерството за правда на социјалните мрежи се пофали дека имаат закон и истиот деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание.

Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава, беше објавено попладнево на официјалната Фејсбук страница на министерството за правда - објави Правда.

Но од ВМРО-ДПМНЕ негираат дека законот начелно е прифатен од нивна страна. Во подготвителната фаза никој не ги консултирал, ниту побарал мислење од нив.

-Не го знаеме законот.Не сме консултирани, а слушнавме дека нешто подготвуваат. Да го видиме прво па ќе донесеме одлука дали истиот ќе го поддржиме - вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во изјава за Република.

Од Правда пак целат дека од овој закон корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација.

„Предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на Ковид пандемијата. Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници“, стои во објавата на министерството за правда.

The post Мицевски: Никој не нѐ консултираше за законот за амнестија appeared first on Република.

]]>

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов. Министерството за правда на социјалните мрежи се пофали дека имаат закон и истиот деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание. Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава, беше објавено попладнево на официјалната Фејсбук страница на министерството за правда - објави Правда. Но од ВМРО-ДПМНЕ негираат дека законот начелно е прифатен од нивна страна. Во подготвителната фаза никој не ги консултирал, ниту побарал мислење од нив.