предлог-буџет 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-budzet-2023/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Dec 2022 07:32:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предлог-буџет 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predlog-budzet-2023/ 32 32 Последен ден од расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/posleden-den-od-raspravata-po-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023/ Fri, 23 Dec 2022 07:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=588974

Собранието денеска се очекува да го донесе Дополнетиот предлог буџет за 2023 година, кој е на дневен ред на 97. пленарна седница. Денеска е петиот, последен ден за дебата за Буџетот за следната година.

Пратениците дебатираат по Дополнетиот предлог буџет за 2023 година во којшто се вградени прифатените амандмани во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Пратениците од опозицијата и за време на вчерашната дебата посочија дека буџетот е преобемен и инфлаторен и со него дополнително ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг. За  власта, буџетот е развоен, насочен кон макроекономско заздравување и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството.

Растот во Предлог-буџетот за 2023 година е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

На дневен ред на 97. седница се и Предлог на закон за задругите и Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот ЅАРЅ-Со\/-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.

The post Последен ден од расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023 appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска се очекува да го донесе Дополнетиот предлог буџет за 2023 година, кој е на дневен ред на 97. пленарна седница. Денеска е петиот, последен ден за дебата за Буџетот за следната година. Пратениците дебатираат по Дополнетиот предлог буџет за 2023 година во којшто се вградени прифатените амандмани во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците од опозицијата и за време на вчерашната дебата посочија дека буџетот е преобемен и инфлаторен и со него дополнително ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг. За  власта, буџетот е развоен, насочен кон макроекономско заздравување и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството. Растот во Предлог-буџетот за 2023 година е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година. На дневен ред на 97. седница се и Предлог на закон за задругите и Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот ЅАРЅ-Со\/-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.

The post Последен ден од расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023 appeared first on Република.

]]>
Собранието утре ќе ја продолжи расправата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-utre-kje-ja-prodolzi-raspravata-za-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023-godina/ Mon, 19 Dec 2022 17:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=587761

Пратениците од опозицијата и во попладневниот дел од расправата за Предлог-буџетот упатија критики за проекциите и планираните приходи и расходи, забележувајќи дека граѓаните се соочуваат со 20-процентна инфлација, нема доволно инвестиции во енергетиката, а се трошат многу пари за увоз на струја.

За пратенците од власта, пак, буџетот за следната година е одговор на последиците од светската економска криза, нуди поддршка за граѓаните и стопанството, ќе овозможи економски пресврт, развоен е и обезбедува стабилност и економски раст.

Здравко Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Предлог-буџетот за 2023 година е инфлаторен и манипулаторен и нема да донесе ништо ново.

Според него, државата влегува во неликвидност, а намалувањето на јавниот долг со кој се пофали Владата доаѓа од 20 – процентната инфлација.

Да се пофалите со инфлација во најмала рака е несериозно, затоа што сите граѓани во државата се посиромашни за најмалку 20 проценти. Намалена е куповната моќ на граѓаните да функционираат, рече Трајановски.

Во овој буџет, дополни, нема ниту политика за подобрување на студентскиот стандард, да важи студентскиот оброк во тек на цела година. Во МАНУ кратите средства, промашена е политиката и во енергетиката, нема средства за хидроцентрали, за поврзување со гасоводот со Грција, за фотоволтаици, но има сериозни пари за купување скапа берзанска струја,  посочи Трајановски.

И Халил Снопче од Алијанса за Албанците се осврна на растот на инфлацијата и зголемените цени на прехранбените производи. -Ова е невидена инфлација која не кореспондира со реалноста. Има енормно зголемување на цените, на јавниот долг, но каде е концепцијата за елиминарање на овие појави, праша Снопче, критикувајќи ја и состојбата во енергетиката, увозот на струјата и потрошените пари за таа намена.

Последната инвестиција во енергетскиот сектор, посочи, е пред 41 година.

Тој упати забелешка дека во буџетот за следната година нема доволно средства за рамномерен регионален развој. Повикувајќи се на извештајот на ЕК дека Владата нема волја да имплементира добра фискална децентрализација, рече дека не гледа оти се презема нешто за да се смени тоа и повторно се продолжува со дискриминација на регионите, односно нема рамномерен развој.

Според Жаклина Лазаревска од СДСМ,  Предлог буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предвизвиците од глобалната економска криза, развоен е и со него на дело се продолжува со грижата за граѓаните и домашната економија.

Се базира, укажа таа, на справување со последиците од кризата и поддршката на најранливите категории граѓани, стабилен економски раст, поддршка и интензивирање на евроинтеграцискиот процес, транспарентност и отчетност.

Во исклучително тешки години, исполнети со здравствени, сигурносни и економско-енергетски предизвици, како владејачко мнозинство вложивме огромни напори и успеавме да ја заштитиме макеоднската економија и животниот стандард, но сега врме е да мислиме и на напредок на државата, бидејќи сметаме дека иданата година ќе биде добра, и ќе биде година на надеж и економска пресвртница која почнува токму со овој буџет, рече Лазаревска.

Таа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за дополнителни мерки за помош на граѓаните, за нов раст на мининалната плата и за пензиите, како и 790 милиони евра за капитални инвестиции, нови улици и патишта, градинки, амбуланти,…. а сетоа тоа, потенцираше, ќе го поттикне генералниот економски раст.

Како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, расправата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година ќе продолжи утре во 11 часот.

The post Собранието утре ќе ја продолжи расправата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Пратениците од опозицијата и во попладневниот дел од расправата за Предлог-буџетот упатија критики за проекциите и планираните приходи и расходи, забележувајќи дека граѓаните се соочуваат со 20-процентна инфлација, нема доволно инвестиции во енергетиката, а се трошат многу пари за увоз на струја. За пратенците од власта, пак, буџетот за следната година е одговор на последиците од светската економска криза, нуди поддршка за граѓаните и стопанството, ќе овозможи економски пресврт, развоен е и обезбедува стабилност и економски раст. Здравко Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Предлог-буџетот за 2023 година е инфлаторен и манипулаторен и нема да донесе ништо ново. Според него, државата влегува во неликвидност, а намалувањето на јавниот долг со кој се пофали Владата доаѓа од 20 – процентната инфлација.
Да се пофалите со инфлација во најмала рака е несериозно, затоа што сите граѓани во државата се посиромашни за најмалку 20 проценти. Намалена е куповната моќ на граѓаните да функционираат, рече Трајановски.
Во овој буџет, дополни, нема ниту политика за подобрување на студентскиот стандард, да важи студентскиот оброк во тек на цела година. Во МАНУ кратите средства, промашена е политиката и во енергетиката, нема средства за хидроцентрали, за поврзување со гасоводот со Грција, за фотоволтаици, но има сериозни пари за купување скапа берзанска струја,  посочи Трајановски. И Халил Снопче од Алијанса за Албанците се осврна на растот на инфлацијата и зголемените цени на прехранбените производи. -Ова е невидена инфлација која не кореспондира со реалноста. Има енормно зголемување на цените, на јавниот долг, но каде е концепцијата за елиминарање на овие појави, праша Снопче, критикувајќи ја и состојбата во енергетиката, увозот на струјата и потрошените пари за таа намена. Последната инвестиција во енергетскиот сектор, посочи, е пред 41 година. Тој упати забелешка дека во буџетот за следната година нема доволно средства за рамномерен регионален развој. Повикувајќи се на извештајот на ЕК дека Владата нема волја да имплементира добра фискална децентрализација, рече дека не гледа оти се презема нешто за да се смени тоа и повторно се продолжува со дискриминација на регионите, односно нема рамномерен развој. Според Жаклина Лазаревска од СДСМ,  Предлог буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предвизвиците од глобалната економска криза, развоен е и со него на дело се продолжува со грижата за граѓаните и домашната економија. Се базира, укажа таа, на справување со последиците од кризата и поддршката на најранливите категории граѓани, стабилен економски раст, поддршка и интензивирање на евроинтеграцискиот процес, транспарентност и отчетност.
Во исклучително тешки години, исполнети со здравствени, сигурносни и економско-енергетски предизвици, како владејачко мнозинство вложивме огромни напори и успеавме да ја заштитиме макеоднската економија и животниот стандард, но сега врме е да мислиме и на напредок на државата, бидејќи сметаме дека иданата година ќе биде добра, и ќе биде година на надеж и економска пресвртница која почнува токму со овој буџет, рече Лазаревска.
Таа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за дополнителни мерки за помош на граѓаните, за нов раст на мининалната плата и за пензиите, како и 790 милиони евра за капитални инвестиции, нови улици и патишта, градинки, амбуланти,…. а сетоа тоа, потенцираше, ќе го поттикне генералниот економски раст. Како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, расправата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година ќе продолжи утре во 11 часот.

The post Собранието утре ќе ја продолжи расправата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranieto-prodolzuva-raspravata-za-predlog-budzetot-za-2023/ Mon, 05 Dec 2022 07:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=581834

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година.

Собраниската Комисија за финасирање и буџет во петокот вечерта едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за заштита од дискриминација. Амандманот што во координација со Комисијата го предложи пратеничката од СДСМ Санела Шкриељ го поддржаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Поднесени се 263 амандмани за Предлог-буџетот за 2023 година од сите политички партии, од кои 200 се од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно проекциите во Предлог-буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или на 42,7 милијарди денари, додека вкупните расходи на 324,8 милијарди денари што е за 36,3 милијарди денари повеќе во однос на Буџетот за 2022 година.

The post Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023 appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година. Собраниската Комисија за финасирање и буџет во петокот вечерта едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за заштита од дискриминација. Амандманот што во координација со Комисијата го предложи пратеничката од СДСМ Санела Шкриељ го поддржаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Поднесени се 263 амандмани за Предлог-буџетот за 2023 година од сите политички партии, од кои 200 се од ВМРО-ДПМНЕ. Согласно проекциите во Предлог-буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или на 42,7 милијарди денари, додека вкупните расходи на 324,8 милијарди денари што е за 36,3 милијарди денари повеќе во однос на Буџетот за 2022 година.

The post Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023 appeared first on Република.

]]>
Буџет за одржување на економскиот раст за време на криза и забрзување на среден рок https://arhiva3.republika.mk/kolumni/budzet-za-odrzuvanje-na-ekonomskiot-rast-za-vreme-na-kriza-i-zabrzuvanje-na-sreden-rok-2/ Sun, 20 Nov 2022 18:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=576226

Фатмир Бесими

Следната недела во Собранието започнува дискусијата за Буџетот за 2023 година. Продолжува демократскиот процес на носење на најсеопфатниот план на политики и мерки на Владата во текот на една фискална година. Очекувам интересот за дискусија годинава да биде голем, со оглед на тековниот глобален контекст, но и новите карактеристики на буџетот, поради новиот Закон за буџети.

Добро е да има дискусија. Борбата на мислења е секогаш добредојдена и ќе истакнам - витална во носењето на важни одлуки. Транспаретноста е вториот клучен елемент. Оттаму, во домот на демократијата, тимот на Министерството за финансии и јас како министер, отчетно и транспарентно ќе го образложиме и браниме предлогот пред народните избраници. Ќе истакнам, покрај билансот на приходи и расходи, ќе зборуваме за еден многу поширок концепт на политики, бидејќи неопходно е прво економијата да закрепне, а потоа и да се постават соодветни политики за забрзување на растот и консолидација на јавните финансии на среден рок.

Изминатите три години нашата економија, како и останатите економии во светот, минува низ крупни предизвици. Пандемијата, а понатаму и енергетската криза и ценовните притисоци, засилени со неизвесноста која ја донесе војната во Украина, беа реална причина зошто не се реализираа посакуваните економски резултати. Но, тоа не значи дека по стабилизирање на глобалните движења, поставените стратегии и планираните алатки и мерки нема да ги дадат целните резултати понатаму. Кога зборуваме за економски раст и развој, тоа не е процес кој може и треба да се постигне само за една година, туку долгорочен процес на структурни промени кои ќе дадат одржливи резултати. Среднорочниот карактер на буџетот и неговото поставување врз стратешки документи како Планoт за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, како генерална рамка, е значаен чекор во напорите за постигнување на целите.

Меѓународните институции како пресечна точка за иднината на глобалната економија, особено за помалку развиените и економиите во развој, ја гледаат ковид-19 кризата. И покрај тоа што изгледа дека ефектите од пандемијата се надминати, економските предизвици со кои сега се соочува светската економија, односно високиот ценовен раст и стапките на инфлација, како и предизвиците во обезбедувањето на енергија, имаат поврзаност или се одложени ефекти од ковид-кризата. Во Извештајот за глобален раст 2022 на Светската банка, се истакнува дека економиите во развој по ковид-кризата останаа со ограничен фискален простор и сега се уште поранливи на процесот на нормализација на монетарната политика во развиените економии. Во Извештајот се посочува потребата од рано откривање на скриените финансиски ризици, бидејќи билансите на секторите домаќинства, корпоративниот сектор, финансиските институции и владите се тесно поврзани. Исто така, се укажува на потребата на реструктуирање на долгот, како и обезбедување на пристап до финансии. Г-20 групата како приоритети во пост-ковид периодот ги истакнуваат подготвеноста да се делува во делот на здравството, дигитална трансформација и вклучување на микро, малите и средните претпријатија во дигиталниот екосистем, како и одржлива енергетска транзиција кон почисти извори на енергија.

 

Ако се гледаат заедничките аспекти на економските теории за економски раст - класичната, неокласичната и модерната, кај сите нив развојот на технологијата и иновациите се посочени како двигатели за забрзување на екомскиот раст. Исто така, тука се инвестициите, како во физички така и во човечки капитал. На пример, класичната теорија на Смит и Рикардо, економскиот раст го темели врз акумyлација на капитал, реинвестирање, специјализација и иновација. Неокласичното гледиште е дека економскиот раст е резултат на три фактори - труд, капитал и технологија. Модерната теорија на економски раст гледа на иновациите и науката како движечка сила за поттикнување на економскиот раст. Имено, ендогените теории на економски раст, кои укажуваат дека двигателите на растот се вградени во рамките на системот, односно зголемувањето на иновациите и човечкиот капитал генерираат нов потенцијал за раст и со тоа надминување на опаѓачките приноси на ограничените ресурси како фактори на производство.

Разгледувајќи ги сите овие фактори во современото пост-ковид окружување и осврнувајќи се на специфичните карактеристики на нашата економија, во оваа колумна разработувам неколку поопшти, но суштински размислувања за насоките за повисок економски раст кај нас. Во продолжение, пет клучни чекори за забрзување на економскиот раст.

Постепена, но спроведлива фискална консолидација

За да зборуваме за забрзување на економскиот раст и користење на јавните финансии за стимулација на растот, пред се треба да постоифискален простор. Пандемијата, а потоа и енергетската криза, влијаеа на покачување на нивото на јавниот долг кај најголем дел од земјите во развој (по пандемијата кај земјите од Југоистиочна Европа јавниот долг беше покачен во просек за десетина процентни поени). Со ова фискалниот простор за дејствување се стесни и препораките на меѓународните финансиски институции за овие економии беше фискалниот одговор во енергетската и ценовната криза да биде таргетиран, со цел да се одржи макроекономската стабилност.Заклучуваме дека фискалната консолидација е нешто што неизбежно мора да се случи за да можеме да зборуваме за економски политики кои ќе го стимулираат економскиот раст.

Но, од друга страна, силното фискално затегнување, особено во време кога економскиот раст забавува, може да предизвика контракција на економијата и негативни последици. Оттаму, по надминувањето на првиот и најсилен удар од пандемијата, започнавме со постепено намалување на буџетскиот дефицит. Со новиот предлог-буџет за 2023 година, буџетскиот дефицит се намалува за 0,7 процентни поени во однос на проекцијата за 2022 година. Наша цел е на среден рок тој постепено да се сведе под 3%, односно под Мастрихшкиот критериум.

Повеќе пати имам пишувано за стратегијата како да дојдеме до стеснување на дефицитот, односноразликата помеѓу приходите и расходите, а без притоа да наштетиме на економскиот раст. Сепак, вредно е повторно да спомнеме дека тоа може дасе постигне преку комбинирани мерки. Овие мерки вклучуваат подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку зајакнување на административните капацитети и подобрување на услугите на УЈП и на Царината, мерки за намалување на сивата економија и даночна реформа. Исто така, се оди и кон намалување и реструктурирање на буџетските расходи, намалување на тековните расходи и ревидирање на методологиите за трансфери и субвенции. Во таа насока, веќе е донесен Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст. Дополнително, мерките на расходната страна, покрај штедење, предвидуваат и подобрување на квалитетот на расходите, односно зголемување на уделот на капиталните расходи во вкупните (како што е и во Предлог-буџетот за 2023 година), поголема поддршка на приватниот сектор и поддршка на иновациите и зајакнување на конкурентноста.

Трет дел од мерките за фискална консолидација се однесуваат на промена на изворите за финансирање на буџетскиот дефицит, но и финансирање и реализација на одредени проекти преку јавни-приватни партнерства, Развоен фонд за стратешки инвестиции и мобилизирање финансиски капитал од меѓународни финансиски институции, како и преку приватниот сектор. Добар пример за третиот вид на мерки е овогодинешното менаџирање со должничкото портфолио за финансирањето на дефицитот, во едно исклучително тешко окружување во кое цената на капиталот нагло порасна, поради затегнувањето на монетарната политика од страна на големите централни банки. Имено, со комбинација на досега неприменуван инструмент - обврзници на германскиот пазар на капитал, користење на средства преку Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ (изминатата недела Собранието го усвои Предлог-законот со кој ќе се овозможи да ни се стават на располагање 530 милиони евра во период од две години), како и средства од домашниот пазар на капитал, само по основ на камати, заштедени се неколку десетици милиони евра.

Исто така, во насока на диверзификација на изворите за финансирање, ќе се работи на унапредување на финансискиот пазар на државни хартии од вредност, за што ќе се осврнам подетално понатаму во текстот.

Со новиот реформски Закон за буџети, се поставуваат механизми за контролирање на јавниот долг и дефицитот. Законот овозможува воведување фискални правила за долгот и буџетскиот дефицит, а се поставува и законската основа за формирање на Фискален совет - независно тело кое ќе го контролира спроведувањето на фискалните правила.

Добра стратегија и план зазабрзање на економскиот раст

На претходната порака и насока се надоврзува и следната. За забрзување на растот потребни се финансии, потребни се инвестиции, свеж капитал, за кој треба да се бараат и други извори покрај јавниот сектор. Затоа, потребна е добра стратегија и план за ова.

Стратегијата за закрепнување на економијата, забрзан и одржлив раст (SmartER Growth), на која се засниваПланот за заздравување и забрзан економски раст, се состои од четири столба: (i) економско заздравување, (ii) забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, (iii) зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и (iv) развој на човечките ресурси и еднакви можности. Во рамки на оваа стратегија најважни семерките за одржливост на јавните финансии, инвестиции во човечкиот капитал, инвестиции во физичкиот капитал, односно во инфраструктурата, во дигитализацијата, рамномерен локален и регионален развој, одржлива и здрава животна средина.

Планот за заздравување и забрзан економски раст се базира на принципот на Јункеровиот план, односно покрај јавниот, мобилизирање и на приватниот капитал и негово ставање во функција на економскиот развој. Преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, целта е да се создаде мултипликативен ефект и да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор, покрај инвестициите од јавниот сектор. Развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, еквити фондови, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија, јавно-приватни партнерства, концесии и други инструменти се дел од овој план. Со средствата ќе се подржат проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, животната средина, дигитализацијата, иновациите, човечкиот капитал и општествената инклузивност.

Во насока на диверзификација на изворите за финансирање е и развој на домашниот пазар на капитал, преку воведување на нови видови на финансиски инструменти кои ќе имаат различна примена. Планирано е воведување на „развојни обврзници“ со кои ќе се поттикне финансирањето на развојните проекти во земјата. Граѓаните ќе можат да ги пласираат своите заштеди во овие најсигурни финансиски инструменти, да остварат принос, а со тоа и да се намали готовинското штедење и да се поддржи економскиот раст. Планирано е воведување и на „зелени обврзници“, наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштитата на животната средина. Исто така, планирано е воведување на „проектни обврзници”, кои ќе бидат алтернативен начин за финансирање на проекти поврзани со инфраструктура, наменети за институционалните инвеститори.

Инвестиции во човечкиоти физичкиот капитал

 Инвестициите, јавни и приватни - се моторот на економскиот раст и развој. Инвестирањето, како во човечкиот, така и во физичкиот капитал, е оној мултипликативен дел од равенката за бруто-домашниот производ. Оттаму, фокусот го ставаме на инвестициите, вклучително и со новиот предлог-буџет.

Инвестициите во човечкиот капитал се издвоени како еден од петте клучни приоритети на Владата. Ќе посочам дека со техничка помош од Светска банка, работиме на Стратегија за развој на човечкиот капитал, со што земјава се издвојува како прва во регионот која ќе добие ваков стратешки документ.

Во однос на инвестициите во развој на инфраструктурата, нашата заложба е со секој буџет тие да бидат повисоки. Структурата на буџетот се менува во интерес на развојната компонента. Инвестициите со секој следен буџет се зголемуваат. Иако во јавноста на повеќе наврати се истакнува реализацијата на инвестициите, мора да се истакне дека и со планирањето на повисока сума, се поттикнува повисока реализација. Исто така, имплементирани се механизми, како КАПЕФ, кои имаат за цел да ја поттикнат реализацијата како процент од планираната сума.

Следната година имаме планирано за околу 50% повеќе капитални расходи во однос на тековната година. Конципирајќи го овој буџет се водевме од „златното правило“ во јавните финансии - задолжување, односно дефицит, само во функција на поддршка на нови инвестиции.

Дигитализација

Дополнително стимулирање на економскиот раст може да се постигне преку дигитализацијата. Дигитализацијата е препознаена како движечка сила на економскиот раст во современите услови, како во развиените, така и во економиите во развој. Таа е катализатор на растот на продуктивноста на трудот и капиталот, како и начин да се добијат производи и услуги по пониска цена. Дигитализацијата во јавниот сектор ќе ги подобри услугите кон приватниот сектор и ќе ги поедностави процедурите, додека во приватниот сектор ќе ја поттикне иновативноста и конкурентноста.

Во оваа прилика ќе се осврнам на дигитализацијата во јавните финансии, конкретно на интегрираниот информациски систем-ИФМИС, кој се уредува со новиот Закон за буџети. Овој систем треба да ја подобри ефикасноста и транспарентноста на операциите на управувањето со јавните финансии преку транзиција од постоечките фрагментирани и исклучени системи на централизирана заедничка платформа базирана на веб. ИФМИС се очекува да ја поддржи измената на правната и институционалната буџетска рамка и да одговори на постојните предизвици преку проширување на опфатот на следење на извршувањето на буџетот и фискалното известување, опфаќајќи ги сите фази од циклусот на расходите (од набавка до плаќање), како и навремено добивање на консолидирана слика за јавните расходи. ИФМИС ќе овозможи, меѓу другото, воспоставување на повеќегодишна буџетска рамка, воведување на функција за управување со јавните инвестиции поврзана со идниот систем за јавно-приватни инвестиции, автоматизиран систем за надзор над обврските, вклучувајќи повеќегодишни обврски и централизирани податоци за преземените обврски, управувањето со основните средства и управувањето со долгот.

Понатаму, неговото интегрирање ќе овозможи сеопфатна и навремена достапност до податоците за јавните финансии, што ќе придонесе кон зголемена ефикасност во проeктирањето на ликвидноста и управувањето со финансиските текови во однос на буџетот. Во Собранието изминатата недела беше усвоен закон со кој ќе се оствари соработка со Светската банка за реализација на овој проект.

Одржливост

Од почетокот на последната криза, клучниот збор е секако „одржливост“. Одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии се актулените теми кај носителите на економските политики. Одржливоста е сплет на паметни и прилагодливи политики кои би дале резултат на подолг период. Оттаму, дискусијата и спроведувањето на овие политики се од ислучитечно значење за постигнувањето на посакуваниот забрзан и одржлив раст. Во рамки на инвестициската агенда, секако го земаме и овој аспект, додека кај финансиите покрај фискалната консолидација, се и развојните буџетски политики и фискалната децентрализација.

Отпорност во криза и забрзан раст потоа

Забрзувањето на економскиот раст секако нема единствена формула, но чекорите кои ги обработувам имаат важна улога во неговото постигнување. Доследноста на реализацијата на политиките, исто така е клучна во целокупниот резултат. Важно е да се делува, чекор по чекор, а понатаму и да се забрза реализацијата. Тоа е патот до економскиот развој и подобар животен стандард за сите нас граѓаните.

Конзистентноста, посветеноста и истрајноста се клучни за успехот. Тоа е слично како и човечкиот организам особено карактеристично за спортистие. Тие мора постојано да се подготват за да го одржат организмот во одлична физичка кондиција за да може да го издржи напорот и успешно да ја постигнат целта со подобар резултат! Така и во економијата, постојано работиме на реформи и политики кои ни овозможуваат да го одржиме растот во време на криза и да го забрзаме истиот на среден и долг рок.

The post Буџет за одржување на економскиот раст за време на криза и забрзување на среден рок appeared first on Република.

]]>

Фатмир Бесими

Следната недела во Собранието започнува дискусијата за Буџетот за 2023 година. Продолжува демократскиот процес на носење на најсеопфатниот план на политики и мерки на Владата во текот на една фискална година. Очекувам интересот за дискусија годинава да биде голем, со оглед на тековниот глобален контекст, но и новите карактеристики на буџетот, поради новиот Закон за буџети. Добро е да има дискусија. Борбата на мислења е секогаш добредојдена и ќе истакнам - витална во носењето на важни одлуки. Транспаретноста е вториот клучен елемент. Оттаму, во домот на демократијата, тимот на Министерството за финансии и јас како министер, отчетно и транспарентно ќе го образложиме и браниме предлогот пред народните избраници. Ќе истакнам, покрај билансот на приходи и расходи, ќе зборуваме за еден многу поширок концепт на политики, бидејќи неопходно е прво економијата да закрепне, а потоа и да се постават соодветни политики за забрзување на растот и консолидација на јавните финансии на среден рок. Изминатите три години нашата економија, како и останатите економии во светот, минува низ крупни предизвици. Пандемијата, а понатаму и енергетската криза и ценовните притисоци, засилени со неизвесноста која ја донесе војната во Украина, беа реална причина зошто не се реализираа посакуваните економски резултати. Но, тоа не значи дека по стабилизирање на глобалните движења, поставените стратегии и планираните алатки и мерки нема да ги дадат целните резултати понатаму. Кога зборуваме за економски раст и развој, тоа не е процес кој може и треба да се постигне само за една година, туку долгорочен процес на структурни промени кои ќе дадат одржливи резултати. Среднорочниот карактер на буџетот и неговото поставување врз стратешки документи како Планoт за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, како генерална рамка, е значаен чекор во напорите за постигнување на целите. Меѓународните институции како пресечна точка за иднината на глобалната економија, особено за помалку развиените и економиите во развој, ја гледаат ковид-19 кризата. И покрај тоа што изгледа дека ефектите од пандемијата се надминати, економските предизвици со кои сега се соочува светската економија, односно високиот ценовен раст и стапките на инфлација, како и предизвиците во обезбедувањето на енергија, имаат поврзаност или се одложени ефекти од ковид-кризата. Во Извештајот за глобален раст 2022 на Светската банка, се истакнува дека економиите во развој по ковид-кризата останаа со ограничен фискален простор и сега се уште поранливи на процесот на нормализација на монетарната политика во развиените економии. Во Извештајот се посочува потребата од рано откривање на скриените финансиски ризици, бидејќи билансите на секторите домаќинства, корпоративниот сектор, финансиските институции и владите се тесно поврзани. Исто така, се укажува на потребата на реструктуирање на долгот, како и обезбедување на пристап до финансии. Г-20 групата како приоритети во пост-ковид периодот ги истакнуваат подготвеноста да се делува во делот на здравството, дигитална трансформација и вклучување на микро, малите и средните претпријатија во дигиталниот екосистем, како и одржлива енергетска транзиција кон почисти извори на енергија.   Ако се гледаат заедничките аспекти на економските теории за економски раст - класичната, неокласичната и модерната, кај сите нив развојот на технологијата и иновациите се посочени како двигатели за забрзување на екомскиот раст. Исто така, тука се инвестициите, како во физички така и во човечки капитал. На пример, класичната теорија на Смит и Рикардо, економскиот раст го темели врз акумyлација на капитал, реинвестирање, специјализација и иновација. Неокласичното гледиште е дека економскиот раст е резултат на три фактори - труд, капитал и технологија. Модерната теорија на економски раст гледа на иновациите и науката како движечка сила за поттикнување на економскиот раст. Имено, ендогените теории на економски раст, кои укажуваат дека двигателите на растот се вградени во рамките на системот, односно зголемувањето на иновациите и човечкиот капитал генерираат нов потенцијал за раст и со тоа надминување на опаѓачките приноси на ограничените ресурси како фактори на производство. Разгледувајќи ги сите овие фактори во современото пост-ковид окружување и осврнувајќи се на специфичните карактеристики на нашата економија, во оваа колумна разработувам неколку поопшти, но суштински размислувања за насоките за повисок економски раст кај нас. Во продолжение, пет клучни чекори за забрзување на економскиот раст. Постепена, но спроведлива фискална консолидација За да зборуваме за забрзување на економскиот раст и користење на јавните финансии за стимулација на растот, пред се треба да постоифискален простор. Пандемијата, а потоа и енергетската криза, влијаеа на покачување на нивото на јавниот долг кај најголем дел од земјите во развој (по пандемијата кај земјите од Југоистиочна Европа јавниот долг беше покачен во просек за десетина процентни поени). Со ова фискалниот простор за дејствување се стесни и препораките на меѓународните финансиски институции за овие економии беше фискалниот одговор во енергетската и ценовната криза да биде таргетиран, со цел да се одржи макроекономската стабилност.Заклучуваме дека фискалната консолидација е нешто што неизбежно мора да се случи за да можеме да зборуваме за економски политики кои ќе го стимулираат економскиот раст. Но, од друга страна, силното фискално затегнување, особено во време кога економскиот раст забавува, може да предизвика контракција на економијата и негативни последици. Оттаму, по надминувањето на првиот и најсилен удар од пандемијата, започнавме со постепено намалување на буџетскиот дефицит. Со новиот предлог-буџет за 2023 година, буџетскиот дефицит се намалува за 0,7 процентни поени во однос на проекцијата за 2022 година. Наша цел е на среден рок тој постепено да се сведе под 3%, односно под Мастрихшкиот критериум. Повеќе пати имам пишувано за стратегијата како да дојдеме до стеснување на дефицитот, односноразликата помеѓу приходите и расходите, а без притоа да наштетиме на економскиот раст. Сепак, вредно е повторно да спомнеме дека тоа може дасе постигне преку комбинирани мерки. Овие мерки вклучуваат подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку зајакнување на административните капацитети и подобрување на услугите на УЈП и на Царината, мерки за намалување на сивата економија и даночна реформа. Исто така, се оди и кон намалување и реструктурирање на буџетските расходи, намалување на тековните расходи и ревидирање на методологиите за трансфери и субвенции. Во таа насока, веќе е донесен Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст. Дополнително, мерките на расходната страна, покрај штедење, предвидуваат и подобрување на квалитетот на расходите, односно зголемување на уделот на капиталните расходи во вкупните (како што е и во Предлог-буџетот за 2023 година), поголема поддршка на приватниот сектор и поддршка на иновациите и зајакнување на конкурентноста. Трет дел од мерките за фискална консолидација се однесуваат на промена на изворите за финансирање на буџетскиот дефицит, но и финансирање и реализација на одредени проекти преку јавни-приватни партнерства, Развоен фонд за стратешки инвестиции и мобилизирање финансиски капитал од меѓународни финансиски институции, како и преку приватниот сектор. Добар пример за третиот вид на мерки е овогодинешното менаџирање со должничкото портфолио за финансирањето на дефицитот, во едно исклучително тешко окружување во кое цената на капиталот нагло порасна, поради затегнувањето на монетарната политика од страна на големите централни банки. Имено, со комбинација на досега неприменуван инструмент - обврзници на германскиот пазар на капитал, користење на средства преку Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ (изминатата недела Собранието го усвои Предлог-законот со кој ќе се овозможи да ни се стават на располагање 530 милиони евра во период од две години), како и средства од домашниот пазар на капитал, само по основ на камати, заштедени се неколку десетици милиони евра. Исто така, во насока на диверзификација на изворите за финансирање, ќе се работи на унапредување на финансискиот пазар на државни хартии од вредност, за што ќе се осврнам подетално понатаму во текстот. Со новиот реформски Закон за буџети, се поставуваат механизми за контролирање на јавниот долг и дефицитот. Законот овозможува воведување фискални правила за долгот и буџетскиот дефицит, а се поставува и законската основа за формирање на Фискален совет - независно тело кое ќе го контролира спроведувањето на фискалните правила.

Добра стратегија и план зазабрзање на економскиот раст

На претходната порака и насока се надоврзува и следната. За забрзување на растот потребни се финансии, потребни се инвестиции, свеж капитал, за кој треба да се бараат и други извори покрај јавниот сектор. Затоа, потребна е добра стратегија и план за ова. Стратегијата за закрепнување на економијата, забрзан и одржлив раст (SmartER Growth), на која се засниваПланот за заздравување и забрзан економски раст, се состои од четири столба: (i) економско заздравување, (ii) забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, (iii) зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и (iv) развој на човечките ресурси и еднакви можности. Во рамки на оваа стратегија најважни семерките за одржливост на јавните финансии, инвестиции во човечкиот капитал, инвестиции во физичкиот капитал, односно во инфраструктурата, во дигитализацијата, рамномерен локален и регионален развој, одржлива и здрава животна средина. Планот за заздравување и забрзан економски раст се базира на принципот на Јункеровиот план, односно покрај јавниот, мобилизирање и на приватниот капитал и негово ставање во функција на економскиот развој. Преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, целта е да се создаде мултипликативен ефект и да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор, покрај инвестициите од јавниот сектор. Развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, еквити фондови, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија, јавно-приватни партнерства, концесии и други инструменти се дел од овој план. Со средствата ќе се подржат проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, животната средина, дигитализацијата, иновациите, човечкиот капитал и општествената инклузивност. Во насока на диверзификација на изворите за финансирање е и развој на домашниот пазар на капитал, преку воведување на нови видови на финансиски инструменти кои ќе имаат различна примена. Планирано е воведување на „развојни обврзници“ со кои ќе се поттикне финансирањето на развојните проекти во земјата. Граѓаните ќе можат да ги пласираат своите заштеди во овие најсигурни финансиски инструменти, да остварат принос, а со тоа и да се намали готовинското штедење и да се поддржи економскиот раст. Планирано е воведување и на „зелени обврзници“, наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштитата на животната средина. Исто така, планирано е воведување на „проектни обврзници”, кои ќе бидат алтернативен начин за финансирање на проекти поврзани со инфраструктура, наменети за институционалните инвеститори.

Инвестиции во човечкиоти физичкиот капитал

 Инвестициите, јавни и приватни - се моторот на економскиот раст и развој. Инвестирањето, како во човечкиот, така и во физичкиот капитал, е оној мултипликативен дел од равенката за бруто-домашниот производ. Оттаму, фокусот го ставаме на инвестициите, вклучително и со новиот предлог-буџет. Инвестициите во човечкиот капитал се издвоени како еден од петте клучни приоритети на Владата. Ќе посочам дека со техничка помош од Светска банка, работиме на Стратегија за развој на човечкиот капитал, со што земјава се издвојува како прва во регионот која ќе добие ваков стратешки документ. Во однос на инвестициите во развој на инфраструктурата, нашата заложба е со секој буџет тие да бидат повисоки. Структурата на буџетот се менува во интерес на развојната компонента. Инвестициите со секој следен буџет се зголемуваат. Иако во јавноста на повеќе наврати се истакнува реализацијата на инвестициите, мора да се истакне дека и со планирањето на повисока сума, се поттикнува повисока реализација. Исто така, имплементирани се механизми, како КАПЕФ, кои имаат за цел да ја поттикнат реализацијата како процент од планираната сума. Следната година имаме планирано за околу 50% повеќе капитални расходи во однос на тековната година. Конципирајќи го овој буџет се водевме од „златното правило“ во јавните финансии - задолжување, односно дефицит, само во функција на поддршка на нови инвестиции.

Дигитализација

Дополнително стимулирање на економскиот раст може да се постигне преку дигитализацијата. Дигитализацијата е препознаена како движечка сила на економскиот раст во современите услови, како во развиените, така и во економиите во развој. Таа е катализатор на растот на продуктивноста на трудот и капиталот, како и начин да се добијат производи и услуги по пониска цена. Дигитализацијата во јавниот сектор ќе ги подобри услугите кон приватниот сектор и ќе ги поедностави процедурите, додека во приватниот сектор ќе ја поттикне иновативноста и конкурентноста. Во оваа прилика ќе се осврнам на дигитализацијата во јавните финансии, конкретно на интегрираниот информациски систем-ИФМИС, кој се уредува со новиот Закон за буџети. Овој систем треба да ја подобри ефикасноста и транспарентноста на операциите на управувањето со јавните финансии преку транзиција од постоечките фрагментирани и исклучени системи на централизирана заедничка платформа базирана на веб. ИФМИС се очекува да ја поддржи измената на правната и институционалната буџетска рамка и да одговори на постојните предизвици преку проширување на опфатот на следење на извршувањето на буџетот и фискалното известување, опфаќајќи ги сите фази од циклусот на расходите (од набавка до плаќање), како и навремено добивање на консолидирана слика за јавните расходи. ИФМИС ќе овозможи, меѓу другото, воспоставување на повеќегодишна буџетска рамка, воведување на функција за управување со јавните инвестиции поврзана со идниот систем за јавно-приватни инвестиции, автоматизиран систем за надзор над обврските, вклучувајќи повеќегодишни обврски и централизирани податоци за преземените обврски, управувањето со основните средства и управувањето со долгот. Понатаму, неговото интегрирање ќе овозможи сеопфатна и навремена достапност до податоците за јавните финансии, што ќе придонесе кон зголемена ефикасност во проeктирањето на ликвидноста и управувањето со финансиските текови во однос на буџетот. Во Собранието изминатата недела беше усвоен закон со кој ќе се оствари соработка со Светската банка за реализација на овој проект.

Одржливост

Од почетокот на последната криза, клучниот збор е секако „одржливост“. Одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии се актулените теми кај носителите на економските политики. Одржливоста е сплет на паметни и прилагодливи политики кои би дале резултат на подолг период. Оттаму, дискусијата и спроведувањето на овие политики се од ислучитечно значење за постигнувањето на посакуваниот забрзан и одржлив раст. Во рамки на инвестициската агенда, секако го земаме и овој аспект, додека кај финансиите покрај фискалната консолидација, се и развојните буџетски политики и фискалната децентрализација.

Отпорност во криза и забрзан раст потоа

Забрзувањето на економскиот раст секако нема единствена формула, но чекорите кои ги обработувам имаат важна улога во неговото постигнување. Доследноста на реализацијата на политиките, исто така е клучна во целокупниот резултат. Важно е да се делува, чекор по чекор, а понатаму и да се забрза реализацијата. Тоа е патот до економскиот развој и подобар животен стандард за сите нас граѓаните. Конзистентноста, посветеноста и истрајноста се клучни за успехот. Тоа е слично како и човечкиот организам особено карактеристично за спортистие. Тие мора постојано да се подготват за да го одржат организмот во одлична физичка кондиција за да може да го издржи напорот и успешно да ја постигнат целта со подобар резултат! Така и во економијата, постојано работиме на реформи и политики кои ни овозможуваат да го одржиме растот во време на криза и да го забрзаме истиот на среден и долг рок.

The post Буџет за одржување на економскиот раст за време на криза и забрзување на среден рок appeared first on Република.

]]>
Предлог Буџетот од 5.3 милијарди евра е економски колапс за Македонија, смета ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budzetot-od-5-3-milijardi-evra-e-ekonomski-kolaps-za-makedonija-smeta-vmro-dpmne/ Wed, 02 Nov 2022 15:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=568888

Ковачевски го проектира најгломазниот буџет и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост со вакви лоши економски показатели, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција откако Владата го усвои Предлог-буџетот за следната година.

Дополнително дефицитот кој е проектиран на скоро 5% од БДП е опасност за економијата и одржливоста на системот. И сето тоа во услови кога растот на економијата е само 2.9%.

Овој најголем до сега дефицит ќе треба да се покрива со нови задолжувања кои во услови на светска криза ќе бидат по се поголеми камати.

Предлог Буџетот како што е преставен во јавноста повторно алудира дека власта ќе троши неконтролирано, без да се почитуваат принципите за фискална консолидација, што е можност за корупција и криминал.

Власта нема ниту план како да се справува со инфлацијата која е помеѓу најголемите во Европа.

Се на се, без план, со една цел, трошење што повеќе пари на несуштински работи, кои не носат развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Предлог Буџетот од 5.3 милијарди евра е економски колапс за Македонија, смета ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Ковачевски го проектира најгломазниот буџет и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост со вакви лоши економски показатели, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција откако Владата го усвои Предлог-буџетот за следната година.
Дополнително дефицитот кој е проектиран на скоро 5% од БДП е опасност за економијата и одржливоста на системот. И сето тоа во услови кога растот на економијата е само 2.9%. Овој најголем до сега дефицит ќе треба да се покрива со нови задолжувања кои во услови на светска криза ќе бидат по се поголеми камати. Предлог Буџетот како што е преставен во јавноста повторно алудира дека власта ќе троши неконтролирано, без да се почитуваат принципите за фискална консолидација, што е можност за корупција и криминал. Власта нема ниту план како да се справува со инфлацијата која е помеѓу најголемите во Европа. Се на се, без план, со една цел, трошење што повеќе пари на несуштински работи, кои не носат развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Предлог Буџетот од 5.3 милијарди евра е економски колапс за Македонија, смета ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Бесими: Развоен Буџет за одговор на кризата и среднорочни проекции за економски раст https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-razvoen-budzet-za-odgovor-na-krizata-i-srednorochni-proekcii-za-ekonomski-rast/ Wed, 02 Nov 2022 15:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=568880

Владата го усвои првиот среднорочен буџет, кој го предложи Министерството за финансии, согласно новоусвоениот реформски Закон за буџети. Предлог-буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, за што се издвоени 250 милиони евра во буџетот. Но со буџетот се поставува и основа за забрзан раст на среден рок. Во него се издвоени средства за покачување на пензиите, поддршка на фирмите и земјоделците, за трансфери до единиците за локална самоуправа, но и 795 милиони евра за капитални инвестиции, или за 52,3% повеќе во однос на 2022 година. Ова е буџет кој се води според „златното правило“ во економијата, односно капиталните инвестиции да се повисоки од дефицитот.

Со Предлог-буџетот за 2023 година, Владата останува доследна на заложбата за постепена фискална консолидација на буџетот, со проектиран дефицит од 4,6% од БДП, додека на среден рок истиот ќе се сведе и под Мастрихшките правила, односно 3% дефицит.

„Она што е особено значајно е тоа што Буџетот за 2023 година се заснова на златното правило во економијата. Златното правило значи да се позајмува само за да се финансираат инвестиции, капитални проекти, проекти кои ќе дадат додадена вредност во економијата, ќе го забрзаат растот и ќе придонесат за подобрување на животот на нашите граѓани. Овој буџет ќе се раководи според принципот вредност за вложените пари (“value for money”), при што ќе се внимава парите на граѓаните да се искористат таму каде што тие даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими образложувајќи го Предлог-буџетот за 2023 година.

Министерот истакна дека овој буџет се базира на стратешките цели, односно фискална консолидација, воспоставување на систем на индикатори за мерливост на успешноста на политиките, раст на инвестициите, унапредување на фискалната децентрализација, постојано унапредување на фискалната транспарентност и забрзување на економскиот раст на 5% годишно.

„Економскиот раст во 2023 година е проектиран на 2,9%. Инфлацијата ќе почне да се намалува следната година, но со се уште присутни повисоки цени на енергентите и храната на меѓународните пазари таа е проектирана на ниво од 7,1%. На среден рок проекциите се поинакви. Се очекува нормализација на глобалните движења, стабилизирање на глобалните синџири на снабдување и раст на економската активност кај нашите главни трговски партнери. Економските политики и мерки преточени во Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, ќе дадат цврста основа за удвојување на економскиот раст во однос на просекот во изминатата деценија. Просечниот раст на економската активност во периодот 2023-2027 година ќе достигне 4,6% при што од 2025 година растот ќе достигне стапка од 5%“, истакна министерот за финансии.

Кај среднорочните проекции, Бесими ги спомена инвестициите за кои се очекува да забележат просечен годишен раст од околу 8%. Во периодот 2024-2027 година, растот на вработеноста ќе забрза на просечен годишен пораст од 3,2%. Ова ќе придонесе стапката на невработеност во 2027 година да се намали на 9,4%. Просечната нето-плата во овој период се очекува номинално да расте за 6,1% на годишно ниво. Стапката на инфлација постепено ќе се стабилизира и е проектирана на 7,1% во 2023 година и 2,5% во 2024, додека среднорочно ќе се сведе на 2%.

Приходите во Предлог-буџетот за 2023 се планирани на ниво од 282 милијарди денари и истите се за 14,8% повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година, односно продолжува постепена фискална консолидација со буџетски дефицит, понизок во однос на претходната година, на ниво од 4,6% од планираниот БДП.

Министерот нагласи и дека се буџетирани 75 милијарди денари за исплата на пензии или за околу 10% повеќе во однос на годинава. Тука е земена предвид новата методологија за пресметка на пензиите, според која усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и пораст на просечно исплатена плата за сите вработени во висина од 50%, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите.

Кај трансферите до единиците за локална самоуправа се планира зголемувањето на процентот на приходи од ДДВ кои се распределуваат на општините од 4,5% на 5,5%, а обезбеден е и дополнителен пораст на општата дотација кон општините за 1,2 милијарди денари, со цел зголемување на фискалниот капацитет на општините. Дополнителното зголемување од 2 милијарди денари е наменето за финансирање на зголемените плати за 15% во основно и средно образование на локално ниво и 15% за воспитувачи и негователки во детските градинки, како и за финансирање на зголемените трошоци за транспорт и електрична енергија.

Во однос на финансирањето на буџетот, односно проектираниот дефицит и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, по основ на стари доспеани обврски, од кои скоро половина е еврообврзницата од 2016 година, ќе се изврши од домашни и надворешни извори.

Домашното задолжување ќе се реализира преку државни хартии од вредност или домашен заем, додека во странство преку издавање на должнички хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал, повлекување на транша од Линијата за претпазливост и ликвидност од ММФ и поволни средства од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти и буџетски дефицит. Изборот на извор за финансирање ќе се темели на поволните тековни состојби на меѓународните пазари на капитал. Со цел да се управува прудентно со јавните финансии, Министерството за финансии ќе ја разгледа можноста за активно управување со должничкото портфолио преку операции на предвремен откуп на долг.

The post Бесими: Развоен Буџет за одговор на кризата и среднорочни проекции за економски раст appeared first on Република.

]]>

Владата го усвои првиот среднорочен буџет, кој го предложи Министерството за финансии, согласно новоусвоениот реформски Закон за буџети. Предлог-буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, за што се издвоени 250 милиони евра во буџетот. Но со буџетот се поставува и основа за забрзан раст на среден рок. Во него се издвоени средства за покачување на пензиите, поддршка на фирмите и земјоделците, за трансфери до единиците за локална самоуправа, но и 795 милиони евра за капитални инвестиции, или за 52,3% повеќе во однос на 2022 година. Ова е буџет кој се води според „златното правило“ во економијата, односно капиталните инвестиции да се повисоки од дефицитот. Со Предлог-буџетот за 2023 година, Владата останува доследна на заложбата за постепена фискална консолидација на буџетот, со проектиран дефицит од 4,6% од БДП, додека на среден рок истиот ќе се сведе и под Мастрихшките правила, односно 3% дефицит.
„Она што е особено значајно е тоа што Буџетот за 2023 година се заснова на златното правило во економијата. Златното правило значи да се позајмува само за да се финансираат инвестиции, капитални проекти, проекти кои ќе дадат додадена вредност во економијата, ќе го забрзаат растот и ќе придонесат за подобрување на животот на нашите граѓани. Овој буџет ќе се раководи според принципот вредност за вложените пари (“value for money”), при што ќе се внимава парите на граѓаните да се искористат таму каде што тие даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими образложувајќи го Предлог-буџетот за 2023 година.
Министерот истакна дека овој буџет се базира на стратешките цели, односно фискална консолидација, воспоставување на систем на индикатори за мерливост на успешноста на политиките, раст на инвестициите, унапредување на фискалната децентрализација, постојано унапредување на фискалната транспарентност и забрзување на економскиот раст на 5% годишно.
„Економскиот раст во 2023 година е проектиран на 2,9%. Инфлацијата ќе почне да се намалува следната година, но со се уште присутни повисоки цени на енергентите и храната на меѓународните пазари таа е проектирана на ниво од 7,1%. На среден рок проекциите се поинакви. Се очекува нормализација на глобалните движења, стабилизирање на глобалните синџири на снабдување и раст на економската активност кај нашите главни трговски партнери. Економските политики и мерки преточени во Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, ќе дадат цврста основа за удвојување на економскиот раст во однос на просекот во изминатата деценија. Просечниот раст на економската активност во периодот 2023-2027 година ќе достигне 4,6% при што од 2025 година растот ќе достигне стапка од 5%“, истакна министерот за финансии.
Кај среднорочните проекции, Бесими ги спомена инвестициите за кои се очекува да забележат просечен годишен раст од околу 8%. Во периодот 2024-2027 година, растот на вработеноста ќе забрза на просечен годишен пораст од 3,2%. Ова ќе придонесе стапката на невработеност во 2027 година да се намали на 9,4%. Просечната нето-плата во овој период се очекува номинално да расте за 6,1% на годишно ниво. Стапката на инфлација постепено ќе се стабилизира и е проектирана на 7,1% во 2023 година и 2,5% во 2024, додека среднорочно ќе се сведе на 2%. Приходите во Предлог-буџетот за 2023 се планирани на ниво од 282 милијарди денари и истите се за 14,8% повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година, односно продолжува постепена фискална консолидација со буџетски дефицит, понизок во однос на претходната година, на ниво од 4,6% од планираниот БДП. Министерот нагласи и дека се буџетирани 75 милијарди денари за исплата на пензии или за околу 10% повеќе во однос на годинава. Тука е земена предвид новата методологија за пресметка на пензиите, според која усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и пораст на просечно исплатена плата за сите вработени во висина од 50%, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите. Кај трансферите до единиците за локална самоуправа се планира зголемувањето на процентот на приходи од ДДВ кои се распределуваат на општините од 4,5% на 5,5%, а обезбеден е и дополнителен пораст на општата дотација кон општините за 1,2 милијарди денари, со цел зголемување на фискалниот капацитет на општините. Дополнителното зголемување од 2 милијарди денари е наменето за финансирање на зголемените плати за 15% во основно и средно образование на локално ниво и 15% за воспитувачи и негователки во детските градинки, како и за финансирање на зголемените трошоци за транспорт и електрична енергија. Во однос на финансирањето на буџетот, односно проектираниот дефицит и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, по основ на стари доспеани обврски, од кои скоро половина е еврообврзницата од 2016 година, ќе се изврши од домашни и надворешни извори. Домашното задолжување ќе се реализира преку државни хартии од вредност или домашен заем, додека во странство преку издавање на должнички хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал, повлекување на транша од Линијата за претпазливост и ликвидност од ММФ и поволни средства од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти и буџетски дефицит. Изборот на извор за финансирање ќе се темели на поволните тековни состојби на меѓународните пазари на капитал. Со цел да се управува прудентно со јавните финансии, Министерството за финансии ќе ја разгледа можноста за активно управување со должничкото портфолио преку операции на предвремен откуп на долг.

The post Бесими: Развоен Буџет за одговор на кризата и среднорочни проекции за економски раст appeared first on Република.

]]>
Владата го усвои Предлог-буџетот за 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-go-usvoi-predlog-budzetot-za-2023/ Wed, 02 Nov 2022 12:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=568763

Во Предлог-буџетот за 2023 година, што Владата денеска го усвои на седница, приходите се проектирани на 282,05 милијарди денари, а расходите на 324,8 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проценет на 42,75 милијарди денари.

Повеќе детали за Предлог-буџетот за 2023 година ќе презентира министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција закажана за 14 часот.

На владината седница, како што информира владината прес-служба, усвоен е и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2023 година.

 

The post Владата го усвои Предлог-буџетот за 2023 appeared first on Република.

]]>

Во Предлог-буџетот за 2023 година, што Владата денеска го усвои на седница, приходите се проектирани на 282,05 милијарди денари, а расходите на 324,8 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проценет на 42,75 милијарди денари. Повеќе детали за Предлог-буџетот за 2023 година ќе презентира министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција закажана за 14 часот. На владината седница, како што информира владината прес-служба, усвоен е и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2023 година.  

The post Владата го усвои Предлог-буџетот за 2023 appeared first on Република.

]]>