предизборен поткуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predizboren-potkup/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 21:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предизборен поткуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predizboren-potkup/ 32 32 Мицкоски: Банди на ДУИ ќе ви нудат пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/__trashed-7/ Fri, 26 Apr 2024 21:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=771571

Владата е делегитимирана и треба да оди во опозиција и СДСМ и ДУИ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино. Мицкоски посочи дека СДСМ денес се претвори во обичен измеќар на ДУИ, затоа ова што им се случува не е случајност.

-ДУИ и СДСМ мора да одат во опозиција. Мора да престане праксата ДУИ ќе биде малку со ВМРО-ДПМНЕ, па со СДСМ. ДУИ сака да го понижи македонскиот народ и да ја клекне на колена Македонија. Ми пречи криминалот на ДУИ. Тие повеќе од 20 години крадат од сите вас. Тие повеќе од 20 години ја урнисуваат Македонија. СДСМ мислеа дека противник им е ВМРО-ДПМНЕ, а не гледаа што прават од ДУИ – рече Мицкоски.

Тој додаде дека има информации дека банди од ДУИ ги обиколуваат граѓаните.

-Ќе се обидат да го купат гласот, ќе се обидат ДУИ да има пратеник во изборните единици 3 и 4. Секој бандит кој ќе нуди пари, практично ви нуди ваши пари, украдени од вас. Предупредувам да не биде дека не сум кажал. Мои браќа и сестри се сите граѓани, но нема простор за криминалците. Тие знаат што ги чека. Јас нема да правам пакт со криминалот, туку ќе го истребам. Мора да има одговорност за криминалот – вели Мицкоски.

Тој повторно повика на обединување.

-Ги повикувам сите, поддржувачи на СДСМ, оние кои останаа дома, сите да излеземе против оваа власт. Вашата доверба нема да ја изневериме потребна е поддршка за Македонија – рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Банди на ДУИ ќе ви нудат пари appeared first on Република.

]]>

Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-tsela-makedonija-svedochi-za-masovniot-predizboren-potkup-so-iljadnitsi-vrabotuvana/ Wed, 27 Mar 2024 11:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=759324

„Имаме 2700 нови вработувања. Стотици институции на 2 месеци пред избори, одеднаш увидоа потреба, да распишат огласи за нови вработувања кои претставуваат 2% од јавниот сектор. Бројот на огласи расте за над 60% во споредба со годините кога нема избори. Обемот на работа делумно се намалува во предизборниот период и логично би било институциите да распишуваат огласи по избори, а не пред нив. Но одамна никој не бара логика во чекорите на владата.“, истакна Андоновски на денешната панел дискусија, организирана од страна на “Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид“.

Во својот говор, Андоновски напомена дека за дел од оние кандидати за вработување, чии постапки не се завршени, има неофицијални информации дека дел од нив трпат притисоци за организирање лица за гласање на изборите.

„Се стремиме да станеме земја-членка на ЕУ, а за да бидеме таму мора да станеме држава што ќе има придонес кон економскиот развој, а не товар кој тие треба да го носат. Навистина е срамно да во нацртот на реформската агенда, ЕУ да ни обезбедува програмски средства и финансии за вработените да започнат да се појавуваат на работа, додека државата пред избори да распишува огласи за 2700 нови вработувања.“ , објасни Андоновски.

Андоновски го коментираше и недостатокот на институциите кои имаат надлежност да се борат со корупцијата.

„Кај нас, последни за криминалот и злоупотребите, дознаваат надлежните институции кои треба да ги превенираат истите. Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања, само надлежните институции не го гледаат тоа.

Министерството за информатичко општество и администрација, дури и се обрати до комисијата за регулирање на систематизации и годишните планови, при што од таму се прогласија за ненадлежни.“ , дополни Андоновски.

Андоновски се осврна и за незаконското доделување бонуси за зголемен обем на работа на вработените неколку месеци однапред, иако воопшто не се знае дали тие ќе одат на работа или не.

The post Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања appeared first on Република.

]]>

„Имаме 2700 нови вработувања. Стотици институции на 2 месеци пред избори, одеднаш увидоа потреба, да распишат огласи за нови вработувања кои претставуваат 2% од јавниот сектор. Бројот на огласи расте за над 60% во споредба со годините кога нема избори. Обемот на работа делумно се намалува во предизборниот период и логично би било институциите да распишуваат огласи по избори, а не пред нив. Но одамна никој не бара логика во чекорите на владата.“, истакна Андоновски на денешната панел дискусија, организирана од страна на “Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид“.
Во својот говор, Андоновски напомена дека за дел од оние кандидати за вработување, чии постапки не се завршени, има неофицијални информации дека дел од нив трпат притисоци за организирање лица за гласање на изборите.
„Се стремиме да станеме земја-членка на ЕУ, а за да бидеме таму мора да станеме држава што ќе има придонес кон економскиот развој, а не товар кој тие треба да го носат. Навистина е срамно да во нацртот на реформската агенда, ЕУ да ни обезбедува програмски средства и финансии за вработените да започнат да се појавуваат на работа, додека државата пред избори да распишува огласи за 2700 нови вработувања.“ , објасни Андоновски. Андоновски го коментираше и недостатокот на институциите кои имаат надлежност да се борат со корупцијата. „Кај нас, последни за криминалот и злоупотребите, дознаваат надлежните институции кои треба да ги превенираат истите. Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања, само надлежните институции не го гледаат тоа. Министерството за информатичко општество и администрација, дури и се обрати до комисијата за регулирање на систематизации и годишните планови, при што од таму се прогласија за ненадлежни.“ , дополни Андоновски. Андоновски се осврна и за незаконското доделување бонуси за зголемен обем на работа на вработените неколку месеци однапред, иако воопшто не се знае дали тие ќе одат на работа или не.

The post Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања appeared first on Република.

]]>
Велковски: Ќе спречиме секаков предизборен поткуп и делење пакети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-ke-sprechime-sekakov-predizboren-potkup-i-delene-paketi/ Sat, 09 Mar 2024 07:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=752698

Министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски ветува дека ќе спречат секаков вид на предизборен поткуп кој беше карактеристичен на минатите избори.

Во 2020 година СДСМ во време на корона и карантин делеше пакети со логото на партијата во речиси сите градови, посебно кај онаа ранлива категорија граѓани.

Сега нема да биде така, вели министерот за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U

За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон-вели министерот за „Република“.

The post Велковски: Ќе спречиме секаков предизборен поткуп и делење пакети appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски ветува дека ќе спречат секаков вид на предизборен поткуп кој беше карактеристичен на минатите избори. Во 2020 година СДСМ во време на корона и карантин делеше пакети со логото на партијата во речиси сите градови, посебно кај онаа ранлива категорија граѓани. Сега нема да биде така, вели министерот за „Република“. https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U
За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон-вели министерот за „Република“.
 
The post Велковски: Ќе спречиме секаков предизборен поткуп и делење пакети appeared first on Република.

]]>
Предизборен поткуп по книга: Бектеши ќе дели ваучери од 300 евра за туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predizboren-potkup-po-kniga-bekteshi-ke-deli-vaucheri-od-300-evra-za-turizam/ Fri, 09 Feb 2024 12:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=742205

Министерството за економија годинава ќе додели 3.555 ваучери во вредност од по 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети за работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари.

Јавниот повик, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе биде објавен в понеделник на 12 февруари, а право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. За оваа мерка, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, односно ќе се издадат вкупно 3.555 ваучери.

Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија. Потврдата ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година, истакна Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес, додаде, е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи. Денеска е краен рок за аплицирање за хотелите кои сакаат да примаат гости со ваучери за одмор. Тие што не аплицирале досега можат тоа да го направат преку пошта или во Архивата на Министерството за економија, прецизира потенцира Бектеши.

За учество на јавниот повик, како што кажа, барателите до Министерството за економија треба да достават барање кое ќе може да го најдат на веб страницата или во Архивата на Министерството; потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство; потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени; за членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа. Покрај тоа барателот треба да достави и фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството; доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството); изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар.

Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, на ул. „Јуриј Гагарин“15, Скопје најкасно до 29 февруари 2024 година.

The post Предизборен поткуп по книга: Бектеши ќе дели ваучери од 300 евра за туризам appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија годинава ќе додели 3.555 ваучери во вредност од по 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети за работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. Јавниот повик, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе биде објавен в понеделник на 12 февруари, а право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. За оваа мерка, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, односно ќе се издадат вкупно 3.555 ваучери.
Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија. Потврдата ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година, истакна Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес, додаде, е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.
Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи. Денеска е краен рок за аплицирање за хотелите кои сакаат да примаат гости со ваучери за одмор. Тие што не аплицирале досега можат тоа да го направат преку пошта или во Архивата на Министерството за економија, прецизира потенцира Бектеши.
За учество на јавниот повик, како што кажа, барателите до Министерството за економија треба да достават барање кое ќе може да го најдат на веб страницата или во Архивата на Министерството; потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство; потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени; за членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа. Покрај тоа барателот треба да достави и фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството; доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството); изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар. Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, на ул. „Јуриј Гагарин“15, Скопје најкасно до 29 февруари 2024 година.

The post Предизборен поткуп по книга: Бектеши ќе дели ваучери од 300 евра за туризам appeared first on Република.

]]>
Европски вредности од гепек: Владини функционери предизборно делат брашно, шеќер, кафе, сол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropski-vrednosti-od-gepek-vladini-funktsioneri-predizborno-delat-brashno-sheker-kafe-sol/ Sun, 24 Dec 2023 13:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=726166

Функционери и оперативци на СДСМ, предводени од директорот на Царина, Стефан Богоев вршат „европска обиколка“ низ Центар и делат пакети со шеќер, кафе, сол, брашно и други производи, објави порталот Оффнет.

Фотографиите што ги објави Оффнет се испратени од читател, кој бил сведок дека кампањата „За европска Македонија“ почнува да се реализира од врата на врата во Капиштец, на улицата „Васил Ѓоргов“.

На фотографиите објавени на Оффнет може да се забележи уште еден партиски оперативец, кој воедно е државен функционер, а тоа е секретарот за јавни политики Васко Кичевски.

Повеќе фотографии ТУКА

The post Европски вредности од гепек: Владини функционери предизборно делат брашно, шеќер, кафе, сол appeared first on Република.

]]>

Функционери и оперативци на СДСМ, предводени од директорот на Царина, Стефан Богоев вршат „европска обиколка“ низ Центар и делат пакети со шеќер, кафе, сол, брашно и други производи, објави порталот Оффнет. Фотографиите што ги објави Оффнет се испратени од читател, кој бил сведок дека кампањата „За европска Македонија“ почнува да се реализира од врата на врата во Капиштец, на улицата „Васил Ѓоргов“. На фотографиите објавени на Оффнет може да се забележи уште еден партиски оперативец, кој воедно е државен функционер, а тоа е секретарот за јавни политики Васко Кичевски.
Повеќе фотографии ТУКА

The post Европски вредности од гепек: Владини функционери предизборно делат брашно, шеќер, кафе, сол appeared first on Република.

]]>
Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paketi-od-fondatsija-zaev-predizborno-se-delat-od-ministerkata-trenchevska/ Wed, 20 Dec 2023 20:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=725042

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца. Како што се вели во соопштението, овие активности се во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година.

Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства.

Министерката од СДСМ за време на посетите информирала граѓаните и за финансиската помош која ја доделува Владата, а како што велат од МТСП, особено ги поттикнувала за користење за мерките наменети за средношколците и основците. Исто така, ги поттикнувала семејствата приматели на Гарантирана минимална помош да се пријават за користење на мерките, истакнувајќи им дека истите се креирани за да се олесни животот на граѓаните.

Целта на активностите под името „Среќата се споделува“ е да се негува култура на споделување точно во времето пред новогодишните и Божиќните празници, велат од МТСП.

Од таму велат дека споделувањето на пакети со храна и новогодишни пакетчиња за деца е поддржано од Фондација „ЗАЕВ“ и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

Соопштението дојде со наслов „Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите“, инаку слоган на новите партиски трибини од СДСМ.

The post Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца. Како што се вели во соопштението, овие активности се во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година. Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства. Министерката од СДСМ за време на посетите информирала граѓаните и за финансиската помош која ја доделува Владата, а како што велат од МТСП, особено ги поттикнувала за користење за мерките наменети за средношколците и основците. Исто така, ги поттикнувала семејствата приматели на Гарантирана минимална помош да се пријават за користење на мерките, истакнувајќи им дека истите се креирани за да се олесни животот на граѓаните.
Целта на активностите под името „Среќата се споделува“ е да се негува култура на споделување точно во времето пред новогодишните и Божиќните празници, велат од МТСП.
Од таму велат дека споделувањето на пакети со храна и новогодишни пакетчиња за деца е поддржано од Фондација „ЗАЕВ“ и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп. Соопштението дојде со наслов „Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите“, инаку слоган на новите партиски трибини од СДСМ.

The post Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Авансите за коридорите 8 и 10д се префрлаат за со нив да се врши предизборен поткуп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-avansite-za-koridorite-8-i-10d-se-prefrlaat-za-so-niv-da-se-vrshi-predizboren-potkup/ Fri, 26 May 2023 11:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=644891

Специјалистите за надзор на автопатиштата месечно ќе земаат 40 пати повисока плата од универзитетски професор. Тоа би значело дека се значи дека се очекува да бидат за најмалку 40 пати поквалитетни од просекот во Македонија или дека дел од нивните плати ќе завршат во други џебови.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сликовито го објасни случајот земајќи се себеси за пример. Како редовен универзитетски професор Мицкоски рече дека зема околу 900 евра месечна плата, а себеси се смета за барем просечно квалитетен професор.

Тој специјалист кој ќе зема 36.500 евра значи дека тоа е некаде околу 40 пати поквалитетен од мене. Овој 40 пати треба да е поквалитетен од просекот или дел од тие пари ќе завршуваат во некои приватни џебови. Помножете го тоа со пет, бидејќи им требаат пет такви специјалисти, рече Мицкоски.

Затоа, додава Мицкоски, кога станува збор за епски проект, треба да кажеме дека станува збор за епски криминал, при што изрази убедување дека владата не само што не е способна да го заврши проектот за коридорите, туку и дека авансите што се префрлаат, се обид предизборно да завршат во приватни џебови со кои би се вршел поткуп на претстојните и претседателски, и парламентарни избори.

Дел од авансите кои се префрлаат пред избори се обид да завршат во приватни џебови, а потоа од таму да се влијае со поткуп врз гласачите за време на изборите. И повторно прават грешка, го потценуваат народот. Народот, и покрај тоа што ќе се обидат со насилство, со поткупи, со притисоци ќе излезе и така силно ќе ги порази заедно со ВМРО-ДПМНЕ, што потоа ќе мора пред истиот тој народ да поднесат сметка и да одговараат за сиот криминал што го прават изминатите шест години, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Авансите за коридорите 8 и 10д се префрлаат за со нив да се врши предизборен поткуп appeared first on Република.

]]>

Специјалистите за надзор на автопатиштата месечно ќе земаат 40 пати повисока плата од универзитетски професор. Тоа би значело дека се значи дека се очекува да бидат за најмалку 40 пати поквалитетни од просекот во Македонија или дека дел од нивните плати ќе завршат во други џебови. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сликовито го објасни случајот земајќи се себеси за пример. Како редовен универзитетски професор Мицкоски рече дека зема околу 900 евра месечна плата, а себеси се смета за барем просечно квалитетен професор.
Тој специјалист кој ќе зема 36.500 евра значи дека тоа е некаде околу 40 пати поквалитетен од мене. Овој 40 пати треба да е поквалитетен од просекот или дел од тие пари ќе завршуваат во некои приватни џебови. Помножете го тоа со пет, бидејќи им требаат пет такви специјалисти, рече Мицкоски.
Затоа, додава Мицкоски, кога станува збор за епски проект, треба да кажеме дека станува збор за епски криминал, при што изрази убедување дека владата не само што не е способна да го заврши проектот за коридорите, туку и дека авансите што се префрлаат, се обид предизборно да завршат во приватни џебови со кои би се вршел поткуп на претстојните и претседателски, и парламентарни избори.
Дел од авансите кои се префрлаат пред избори се обид да завршат во приватни џебови, а потоа од таму да се влијае со поткуп врз гласачите за време на изборите. И повторно прават грешка, го потценуваат народот. Народот, и покрај тоа што ќе се обидат со насилство, со поткупи, со притисоци ќе излезе и така силно ќе ги порази заедно со ВМРО-ДПМНЕ, што потоа ќе мора пред истиот тој народ да поднесат сметка и да одговараат за сиот криминал што го прават изминатите шест години, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Авансите за коридорите 8 и 10д се префрлаат за со нив да се врши предизборен поткуп appeared first on Република.

]]>
Лицето со молотов коктел за кое зборува Пендаровски е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liceto-so-molotov-koktel-za-koe-zboruva-pendarovski-e-sin-na-aktivist-na-sdsm-koj-vrshel-potkup-na-glasovi/ Sun, 10 Jul 2022 16:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=526601

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку статус на Фејсбук прашува „дали СДСМ крие дека лицето за кое Пендаровски зборува дека било со молотов коктел е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови“?

„Одговор за обвинувањата од СДСМ за насилството на протестите:

1. Не се обидувајте да ја префрлите вината на друг. Тоа што вашиот Стево Пендаровски кажува дека се знае идентитетот на лицето што требало да употреби молотов коктел ама не сакате да одите со него во јавност, еве да ви помогнам:

Дали станува збор за лице Ј.С. од Гази Баба, син на ваш активист-што делел пари и вршел поткуп за СДСМ на последните избори?

2. Уапсени ли се тие 5 (пет)

лица кои носеа оружје, а еден пукаше во народот? Зошто не се?

3. Уапсено ли е лицето што фрли палета од мостот врз народот што мирно и достоинствено протестираше?

4. Зошто не беше обезбедена трасата на движење?

5. Што бараат полицајци во цивил во друштво на пиштолџиите?

6. Колку време треба да чекаме одговор за тоа кој им даде шок-бомби на младите момчиња за да ги фрлаат пред Собрание и од чиј магацин во Охрид беа украдени тие шок бомби?

7. Зошто ја вовлекувате Армијата и армиски единици во приказната?

Треба да имате почит кон тие момци и девојки што професионално си ги вршат должностите, за разлика од вас, коишто ја злоупотребувате партиската говорница за да останете ден плус на власт.

Нели ви е срам да плукате по единицата која ја бранеше Македонија додека вашите родители ве криеја и уживавте на Халкидики?

Бандо предавничка, не се обидувајте да фрлите дамка на протестите и чистата и искрена емоција преку ваши црни сценарија.

ВМРО-ДПМНЕ зборува од името на целиот народ, со силата на аргументите, а вие зборувате со аргументот на силата.

Каде ви е Протоколот што го прифативте на невидено?

Свесно ја поларизирате состојбата и намерно сакате да предизвикате инциденти за да ја уништите енергијата кај народот кој јасно кажува НЕ и не ви се плаши и покрај казните, притисоците и заканите.

Народот е сплотен ПРОТИВ вашето предавство.

Уште еден совет за пратеникот што држеше прес:

Веднаш излези со докази за тоа што го тврдиш!!! Срам да ти е.

Спасовски и Зечевиќ те злоупотребуваат и те пуштаат низ вода.

Со лаги и конструкции одработуваш против својот народ.

Заради тебе и таквите како тебе треба да се врати задолжителниот воен рок во државата.

#Однародени

#ЌеПаднетеИНемаДаСтанете“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Лицето со молотов коктел за кое зборува Пендаровски е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови? appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку статус на Фејсбук прашува „дали СДСМ крие дека лицето за кое Пендаровски зборува дека било со молотов коктел е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови“? „Одговор за обвинувањата од СДСМ за насилството на протестите: 1. Не се обидувајте да ја префрлите вината на друг. Тоа што вашиот Стево Пендаровски кажува дека се знае идентитетот на лицето што требало да употреби молотов коктел ама не сакате да одите со него во јавност, еве да ви помогнам: Дали станува збор за лице Ј.С. од Гази Баба, син на ваш активист-што делел пари и вршел поткуп за СДСМ на последните избори? 2. Уапсени ли се тие 5 (пет) лица кои носеа оружје, а еден пукаше во народот? Зошто не се? 3. Уапсено ли е лицето што фрли палета од мостот врз народот што мирно и достоинствено протестираше? 4. Зошто не беше обезбедена трасата на движење? 5. Што бараат полицајци во цивил во друштво на пиштолџиите? 6. Колку време треба да чекаме одговор за тоа кој им даде шок-бомби на младите момчиња за да ги фрлаат пред Собрание и од чиј магацин во Охрид беа украдени тие шок бомби? 7. Зошто ја вовлекувате Армијата и армиски единици во приказната? Треба да имате почит кон тие момци и девојки што професионално си ги вршат должностите, за разлика од вас, коишто ја злоупотребувате партиската говорница за да останете ден плус на власт. Нели ви е срам да плукате по единицата која ја бранеше Македонија додека вашите родители ве криеја и уживавте на Халкидики? Бандо предавничка, не се обидувајте да фрлите дамка на протестите и чистата и искрена емоција преку ваши црни сценарија. ВМРО-ДПМНЕ зборува од името на целиот народ, со силата на аргументите, а вие зборувате со аргументот на силата. Каде ви е Протоколот што го прифативте на невидено? Свесно ја поларизирате состојбата и намерно сакате да предизвикате инциденти за да ја уништите енергијата кај народот кој јасно кажува НЕ и не ви се плаши и покрај казните, притисоците и заканите. Народот е сплотен ПРОТИВ вашето предавство. Уште еден совет за пратеникот што држеше прес: Веднаш излези со докази за тоа што го тврдиш!!! Срам да ти е. Спасовски и Зечевиќ те злоупотребуваат и те пуштаат низ вода. Со лаги и конструкции одработуваш против својот народ. Заради тебе и таквите како тебе треба да се врати задолжителниот воен рок во државата. #Однародени #ЌеПаднетеИНемаДаСтанете“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Лицето со молотов коктел за кое зборува Пендаровски е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови? appeared first on Република.

]]>