предизборен молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predizboren-molk/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 08:22:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предизборен молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predizboren-molk/ 32 32 На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-polnok-nastapuva-molk-pred-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-na-8-maj/ Mon, 06 May 2024 07:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=774636

Последен ден од кампањата за вториот круг од седмите претседателски избори и единаесетите парламентарни избори на 8 мај. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април. На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа.

На парламентарените избори гласачите ќе можат да се определат за една од 17 листи на кандидати. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за некои од изборните единици.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.

Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Утре односно ден пред изборите први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Иако кампањата и подготовките за изборите се совпаднаа со велигденските празници, ДИК навреме го достави недоверливиот и доверливиот материјал до општинските изборни комисии.

Коалициите и партиите денеска ќе ги одржат последните митинзи. Официјално е најавен завршниот митинг на Коалицијата „ВЛЕН“ во Тетово, собирот на Левица во Скопје, митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани, Крушево и Прилеп, како и прес-конференции на ЗНАМ.

The post На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај appeared first on Република.

]]>

Последен ден од кампањата за вториот круг од седмите претседателски избори и единаесетите парламентарни избори на 8 мај. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април. На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот. На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа. На парламентарените избори гласачите ќе можат да се определат за една од 17 листи на кандидати. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за некои од изборните единици. На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати. Утре односно ден пред изборите први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори. Иако кампањата и подготовките за изборите се совпаднаа со велигденските празници, ДИК навреме го достави недоверливиот и доверливиот материјал до општинските изборни комисии. Коалициите и партиите денеска ќе ги одржат последните митинзи. Официјално е најавен завршниот митинг на Коалицијата „ВЛЕН“ во Тетово, собирот на Левица во Скопје, митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани, Крушево и Прилеп, како и прес-конференции на ЗНАМ.

The post На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај appeared first on Република.

]]>
Во Македонија предизборен молк, гласаат изнемоштените и болните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-predizboren-molk-glasaat-iznemoshtenite-i-bolnite/ Tue, 23 Apr 2024 07:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=769518

Во земјава денеска е молк, пред утрешните седми претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места. Годинава поради тоа што се одржуваат двојни избори, за време на молкот за претседателските избори, нема прекин на кампањата за парламентарните избори закажани за 8 мај.

Вообичаено денеска, на ден пред изборите, гласање за претседателските избори се спроведува за болните и изнемоштените, затворениците во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и нашите државјани во странство.

Гласањето за претседател почна со 191 член на избирачките одбори во саботата кои отпатуваа да го спрповедат гласањето во дијаспората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Резултатите од денешното гласање ќе се знае утре, заедно со резултатите од гласањето во земјата.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

The post Во Македонија предизборен молк, гласаат изнемоштените и болните appeared first on Република.

]]>

Во земјава денеска е молк, пред утрешните седми претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места. Годинава поради тоа што се одржуваат двојни избори, за време на молкот за претседателските избори, нема прекин на кампањата за парламентарните избори закажани за 8 мај. Вообичаено денеска, на ден пред изборите, гласање за претседателските избори се спроведува за болните и изнемоштените, затворениците во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и нашите државјани во странство. Гласањето за претседател почна со 191 член на избирачките одбори во саботата кои отпатуваа да го спрповедат гласањето во дијаспората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22. Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи. Резултатите од денешното гласање ќе се знае утре, заедно со резултатите од гласањето во земјата. Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

The post Во Македонија предизборен молк, гласаат изнемоштените и болните appeared first on Република.

]]>
Даштевски: За време на предизборниот молк за претседателските избори ќе мора да прекине кампањата за парламентарните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dashtevski-za-vreme-na-predizborniot-molk-za-pretsedatelskite-izbori-ke-mora-da-prekine-kampanata-za-parlamentarnite/ Fri, 16 Feb 2024 20:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=745002

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вели дека ќе нема проблеми во одвивањето на предизборната кампања поради двојниот изборен процес и преклопувањата, но оти за време на предизборниот молк за претседателските избори кампањата за парламентарните избори ќе мора да прекине 48 часа.

Нема да има, затоа како двојни избори се предвидени средства кои ќе ги добијат како за два избори медиумите за платено политичко рекламирање. Тука ќе има само една работа. За време на предизборниот молк за претседателските избори ќе мора да прекине кампањата 48 часа. Еден-два дена ќе мора да се прекине кампањата бидејќи би можела да се злоупотреби. За да не дојде до тоа тие два дена не, а другото се ќе биде исто и ќе биде после заеднички за двата, за да може да продолжат кандидатите кои ќе влезат во вториот круг и оние што ќе се определат за влез за пратеници, рече Даштевски вечерва во гостување на ТВ Сител.

Во однос на најавената постапка за усогласување на системот за да има можност кога ќе стигнат граѓаните на гласачкото место да се одлучат дали ќе гласаат само за претседател или само на парламентарните избори, Даштевски наведе дека тоа се промени во софтвер за кои е потребно време, но оти ќе биде испочитувано правото на граѓаните.

Не може веднаш. Јас и тогаш мислам дека спомнав, ми кажаа партнерите дека се потребни 60 дена, односно два месеци. Така што од тогаш не се поминати ни месец дена. Тие работат на тоа решение и кога ќе биде готов, ќе дојдат ќе ни го презентираат и тоа ќе биде завршено. Јас тогаш реков дека има решение и дека е едноставно решение. Така што, нема да биде проблем, а тоа е многу важно за членовите на избирачки одбори и општинските изборни комисии кои ќе имаат обуки како да се спроведува тоа. Меѓутоа, лесна е постапката. Не можам да ја кажам затоа што се уште не е направена и можеби кога ќе дојдат тие да понудат сосема некое друго решение, за да не прејудицираме, кога ќе дојде време и ќе известиме и ако треба ќе се објасни. Лесно е тоа, апликација се прави на која ќе излегува, наведе Даштевски.

Тој се надева дека ќе се комплетира составот на ДИК, а како што оцени, досегашните предизборни дејствија биле добри и важно е таа атмосфера да продолжи.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април, а завршува на 22 април. За парламентарните избори, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.

The post Даштевски: За време на предизборниот молк за претседателските избори ќе мора да прекине кампањата за парламентарните appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вели дека ќе нема проблеми во одвивањето на предизборната кампања поради двојниот изборен процес и преклопувањата, но оти за време на предизборниот молк за претседателските избори кампањата за парламентарните избори ќе мора да прекине 48 часа.
Нема да има, затоа како двојни избори се предвидени средства кои ќе ги добијат како за два избори медиумите за платено политичко рекламирање. Тука ќе има само една работа. За време на предизборниот молк за претседателските избори ќе мора да прекине кампањата 48 часа. Еден-два дена ќе мора да се прекине кампањата бидејќи би можела да се злоупотреби. За да не дојде до тоа тие два дена не, а другото се ќе биде исто и ќе биде после заеднички за двата, за да може да продолжат кандидатите кои ќе влезат во вториот круг и оние што ќе се определат за влез за пратеници, рече Даштевски вечерва во гостување на ТВ Сител.
Во однос на најавената постапка за усогласување на системот за да има можност кога ќе стигнат граѓаните на гласачкото место да се одлучат дали ќе гласаат само за претседател или само на парламентарните избори, Даштевски наведе дека тоа се промени во софтвер за кои е потребно време, но оти ќе биде испочитувано правото на граѓаните.
Не може веднаш. Јас и тогаш мислам дека спомнав, ми кажаа партнерите дека се потребни 60 дена, односно два месеци. Така што од тогаш не се поминати ни месец дена. Тие работат на тоа решение и кога ќе биде готов, ќе дојдат ќе ни го презентираат и тоа ќе биде завршено. Јас тогаш реков дека има решение и дека е едноставно решение. Така што, нема да биде проблем, а тоа е многу важно за членовите на избирачки одбори и општинските изборни комисии кои ќе имаат обуки како да се спроведува тоа. Меѓутоа, лесна е постапката. Не можам да ја кажам затоа што се уште не е направена и можеби кога ќе дојдат тие да понудат сосема некое друго решение, за да не прејудицираме, кога ќе дојде време и ќе известиме и ако треба ќе се објасни. Лесно е тоа, апликација се прави на која ќе излегува, наведе Даштевски.
Тој се надева дека ќе се комплетира составот на ДИК, а како што оцени, досегашните предизборни дејствија биле добри и важно е таа атмосфера да продолжи. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април, а завршува на 22 април. За парламентарните избори, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.

The post Даштевски: За време на предизборниот молк за претседателските избори ќе мора да прекине кампањата за парламентарните appeared first on Република.

]]>
Предизборен молк во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/predizboren-molk-vo-srbija/ Fri, 15 Dec 2023 08:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=723156

Во Србија на полноќ почна изборниот молк во пресрет на републичките, покраинските, белградските и локалните избори, а ќе трае до затворање на гласачките места в недела на 17 декември во 20 часот.

Изборниот молк е период во кој е забрането објавување оценки на изборните резултати во медиумите и на јавни собири, јавно презентирање на кандидатите на изборите и нивните изборни програми и поканување на гласачите да гласаат или да не гласаат за одредени изборни листи или кандидати.

На гласачкото место и на 50 метри од избирачкото место, забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал.

На 8.273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6.500.165 запишани избирачи.

Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1.669.734 граѓани, а на белградските 1.613.190 гласачи.

На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2.817 предложени кандидати за 250 пратенички места.

Утврдени се 13 изборни листи за покраински избори, 14 за избори за градско собрание на Белград, а локални избори ќе се организираат во вкупно 65 градови и општини.

Очекуваниот одѕив на гласачите е 56,4 отсто, покажува анкетата објавена синоќа, спроведена од агенцијата ИПСОС. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија (СПП) на претседателот Александар Вучиќ има поддршка од 44,6 отсто од анкетираните. По неа следи проевропската опозициска коалиција „Србија против насилството“ со 23,6 отсто поддршка, додека листата Ивица Дачиќ – Прмеиер на Србија се очекува да освои 8,7 отсто од гласовите.

The post Предизборен молк во Србија appeared first on Република.

]]>

Во Србија на полноќ почна изборниот молк во пресрет на републичките, покраинските, белградските и локалните избори, а ќе трае до затворање на гласачките места в недела на 17 декември во 20 часот. Изборниот молк е период во кој е забрането објавување оценки на изборните резултати во медиумите и на јавни собири, јавно презентирање на кандидатите на изборите и нивните изборни програми и поканување на гласачите да гласаат или да не гласаат за одредени изборни листи или кандидати. На гласачкото место и на 50 метри од избирачкото место, забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал. На 8.273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6.500.165 запишани избирачи. Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1.669.734 граѓани, а на белградските 1.613.190 гласачи. На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2.817 предложени кандидати за 250 пратенички места. Утврдени се 13 изборни листи за покраински избори, 14 за избори за градско собрание на Белград, а локални избори ќе се организираат во вкупно 65 градови и општини. Очекуваниот одѕив на гласачите е 56,4 отсто, покажува анкетата објавена синоќа, спроведена од агенцијата ИПСОС. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија (СПП) на претседателот Александар Вучиќ има поддршка од 44,6 отсто од анкетираните. По неа следи проевропската опозициска коалиција „Србија против насилството“ со 23,6 отсто поддршка, додека листата Ивица Дачиќ – Прмеиер на Србија се очекува да освои 8,7 отсто од гласовите.

The post Предизборен молк во Србија appeared first on Република.

]]>