предистражна постапка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predistrazna-postapka/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Aug 2022 14:46:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предистражна постапка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predistrazna-postapka/ 32 32 Осум месеци по несреќата предистрагата за „Беса транс“ уште е далеку од завршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osum-meseci-po-nesrekjata-predistragata-za-besa-trans-ushte-e-daleku-od-zavrshena/ Sun, 07 Aug 2022 14:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=537693

Предистрагата на Јавното обвинителство и Обвнителството за гонење на организиран криминал за несреќата во која во Бугарија на 23 ноември 2021 година загинаа 45 патници во автобусот на „Беса транс“ и натаму трае. Се истражува како овој автобус десетина пати ја поминувал државната граница без соодветна документација. Во предистрага е и тоа дека станицата за технички преглед „Виа комерц“ во Сарај, каде автобусот на „Беса транс“ поминал технички преглед, работела со низа нерегуларности.

Од октомври 2020 до 23 ноември 2021 година автобусот на „Беса транс“ повеќе од 120 пати излегол од државата преку неколку гранични премини со фалсификувани документи.

Од Јавното обвинителство за овој случај постојано одговараат дека по проверка на сите факти и околности ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Во мај годинава Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска отвори предистражна постапка во врска со постапувањето на Министерството за внатрешни работи за решението со техничкиот преглед на станицата „Виа комерц” каде бил сервисиран автобусот на „Беса транс” кој изгоре во Бугарија. Од обвинителството испитуваат зошто во МВР со месеци се чувало во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц”, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс”.

Станицата „Виа комерц” била затворена веднаш по трагедијата во Бугарија, иако пропустите во работата биле откриени повеќе од три месеци претходно. Решението за забрана за работа е потпишано од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 26 ноември 2021 година, три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс” во Бугарија. „Виа комерц“ во меѓувреме и натаму функционира, ама под друго име.

Предметот е во предистражна постапка – ова е засега единствената официјална информација од ЈО.

The post Осум месеци по несреќата предистрагата за „Беса транс“ уште е далеку од завршена appeared first on Република.

]]>

Предистрагата на Јавното обвинителство и Обвнителството за гонење на организиран криминал за несреќата во која во Бугарија на 23 ноември 2021 година загинаа 45 патници во автобусот на „Беса транс“ и натаму трае. Се истражува како овој автобус десетина пати ја поминувал државната граница без соодветна документација. Во предистрага е и тоа дека станицата за технички преглед „Виа комерц“ во Сарај, каде автобусот на „Беса транс“ поминал технички преглед, работела со низа нерегуларности. Од октомври 2020 до 23 ноември 2021 година автобусот на „Беса транс“ повеќе од 120 пати излегол од државата преку неколку гранични премини со фалсификувани документи. Од Јавното обвинителство за овој случај постојано одговараат дека по проверка на сите факти и околности ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во мај годинава Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска отвори предистражна постапка во врска со постапувањето на Министерството за внатрешни работи за решението со техничкиот преглед на станицата „Виа комерц” каде бил сервисиран автобусот на „Беса транс” кој изгоре во Бугарија. Од обвинителството испитуваат зошто во МВР со месеци се чувало во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц”, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс”. Станицата „Виа комерц” била затворена веднаш по трагедијата во Бугарија, иако пропустите во работата биле откриени повеќе од три месеци претходно. Решението за забрана за работа е потпишано од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 26 ноември 2021 година, три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс” во Бугарија. „Виа комерц“ во меѓувреме и натаму функционира, ама под друго име. Предметот е во предистражна постапка – ова е засега единствената официјална информација од ЈО.

The post Осум месеци по несреќата предистрагата за „Беса транс“ уште е далеку од завршена appeared first on Република.

]]>
Русковска: Отворена е предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-otvorena-e-predistrazna-postapka-za-smetkite-na-jordanov-mehandziski-i-kling/ Thu, 24 Feb 2022 07:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=462764

Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави на ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе отвори предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг, пишува ИРЛ.

По објавениот документарен филм како и истражувачките текстови во кои се содржани детали според кои двајца македонски бизнисмени поседувале приватни сметки во Швајцарија, а на кои сметки наводно се извршувале повеќемилионски трансакции, Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги проучи наводите и согласно своите надлежности отвора предистражна постапка по допрен глас , велат од обвинителството.

Случајот привлече внимание. Го гледавме филмот и очекуваме со нас ИРЛ да ги сподели своите информации, а во моментов обвинители веќе имаат отворено предистражна постапка и ги разгледуваат досега расположливите наоди , вели Русковска за ИРЛ.

The post Русковска: Отворена е предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг appeared first on Република.

]]>

Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави на ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе отвори предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг, пишува ИРЛ.
По објавениот документарен филм како и истражувачките текстови во кои се содржани детали според кои двајца македонски бизнисмени поседувале приватни сметки во Швајцарија, а на кои сметки наводно се извршувале повеќемилионски трансакции, Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги проучи наводите и согласно своите надлежности отвора предистражна постапка по допрен глас , велат од обвинителството. Случајот привлече внимание. Го гледавме филмот и очекуваме со нас ИРЛ да ги сподели своите информации, а во моментов обвинители веќе имаат отворено предистражна постапка и ги разгледуваат досега расположливите наоди , вели Русковска за ИРЛ.

The post Русковска: Отворена е предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг appeared first on Република.

]]>