предавство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predavstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jan 2024 07:49:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предавство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predavstvo/ 32 32 Поранешниот претседател на Сиера Леоне обвинет за предавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-pretsedatel-na-siera-leone-obvinet-za-predavstvo/ Thu, 04 Jan 2024 07:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=729459

Поранешниот претседател на Сиера Леоне, Ернест Баи Корома, е обвинет за четири кривични дела, меѓу кои и за предавство.

Тој е обвинет за неговата наводна улога во неуспешниот воен удар чија цел беше соборување на владата на оваа западноафриканска земја во ноември, соопшти денеска судот во главниот град Фритаун.

Британските медиуми потсетуваат дека актуелниот претседател на земјата, Џулиус Мада Био, на изборите во јуни минатата година го освои вториот претседателски мандат, додека резултатите од тие избори беа доведени во прашање од САД и Европската унија.

Вооружени напаѓачи на 26 ноември нападнаа воени касарни, затвор и други локации во земјата, ослободувајќи околу 2.200 затвореници и убивајќи повеќе од 20 лица. Владата подоцна соопшти дека бил спречен државен удар планиран од поранешниот претседател Корома и спроведен од неговите телохранители.

Вишиот суд во земјата на Комора му одобри кауција и тој во моментов се наоѓа во домашен притвор во Фритаун, додека судењето е закажано за 17 јануари.

Доколку биде прогласен за виновен Ернест Баи Корома се соочува со доживотен затвор, наведуваат британските медиуми.

The post Поранешниот претседател на Сиера Леоне обвинет за предавство appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Сиера Леоне, Ернест Баи Корома, е обвинет за четири кривични дела, меѓу кои и за предавство. Тој е обвинет за неговата наводна улога во неуспешниот воен удар чија цел беше соборување на владата на оваа западноафриканска земја во ноември, соопшти денеска судот во главниот град Фритаун. Британските медиуми потсетуваат дека актуелниот претседател на земјата, Џулиус Мада Био, на изборите во јуни минатата година го освои вториот претседателски мандат, додека резултатите од тие избори беа доведени во прашање од САД и Европската унија. Вооружени напаѓачи на 26 ноември нападнаа воени касарни, затвор и други локации во земјата, ослободувајќи околу 2.200 затвореници и убивајќи повеќе од 20 лица. Владата подоцна соопшти дека бил спречен државен удар планиран од поранешниот претседател Корома и спроведен од неговите телохранители. Вишиот суд во земјата на Комора му одобри кауција и тој во моментов се наоѓа во домашен притвор во Фритаун, додека судењето е закажано за 17 јануари. Доколку биде прогласен за виновен Ернест Баи Корома се соочува со доживотен затвор, наведуваат британските медиуми.

The post Поранешниот претседател на Сиера Леоне обвинет за предавство appeared first on Република.

]]>
Вонредно обраќање на Путин: Ова е предавство и забивање нож в грб, одговорот ќе биде жесток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vonredno-obrakane-na-putin-ova-e-predavstvo-i-zabivane-nozh-v-grb-odgovorot-ke-bide-zhestok/ Sat, 24 Jun 2023 08:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=654615

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска, во вонредното обраќање до руската јавност, откако војниците на групата „Вагнер“ синоќа влегоа во Ростов на Дон, изјави дека чинот е „предавство и забивање нож во грб“.

Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани, рече рускиот претседателот Путин на почетокот на своето обраќање, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.

„Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин.

Како што рече, секој конфликт мора да биде отфрлен за време на специјална воена операција.

Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме се за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт, рече рускиот претседател.

Тој јасно кажа дека е издадена наредба за неутрализирање на сите кои го организирале овој бунт, јави ДПА.

Ќе се спротивставиме на искушенијата и предизвиците. Ќе бидеме посилни од порано, рече претседателот на Русија.

Путин порача дека оние кои ја делат Русија и нејзините граѓани неизбежно ќе бидат казнети, пренесе ДПА.

Тој додаде дека во Москва и во неколку соседни региони се во сила антитерористички мерки, но, исто така, нагласи дека мора да се избегне каков било конфликт за време на специјална воена операција.

Во обраќањето до нацијата тој кажа дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“.

Путин обраќањето го одржа откако е покренат степенот на безбедност низ целата земја поради бунтот на војниците на групата „Вагнер“, под контрола на Евгениј Пригожин, кои влегоа и го зазедоа градот и сите воени објекти во Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци.

The post Вонредно обраќање на Путин: Ова е предавство и забивање нож в грб, одговорот ќе биде жесток appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска, во вонредното обраќање до руската јавност, откако војниците на групата „Вагнер“ синоќа влегоа во Ростов на Дон, изјави дека чинот е „предавство и забивање нож во грб“.
Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани, рече рускиот претседателот Путин на почетокот на своето обраќање, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата. „Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин.
Како што рече, секој конфликт мора да биде отфрлен за време на специјална воена операција.
Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме се за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт, рече рускиот претседател.
Тој јасно кажа дека е издадена наредба за неутрализирање на сите кои го организирале овој бунт, јави ДПА.
Ќе се спротивставиме на искушенијата и предизвиците. Ќе бидеме посилни од порано, рече претседателот на Русија.
Путин порача дека оние кои ја делат Русија и нејзините граѓани неизбежно ќе бидат казнети, пренесе ДПА. Тој додаде дека во Москва и во неколку соседни региони се во сила антитерористички мерки, но, исто така, нагласи дека мора да се избегне каков било конфликт за време на специјална воена операција. Во обраќањето до нацијата тој кажа дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“. Путин обраќањето го одржа откако е покренат степенот на безбедност низ целата земја поради бунтот на војниците на групата „Вагнер“, под контрола на Евгениј Пригожин, кои влегоа и го зазедоа градот и сите воени објекти во Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци.

The post Вонредно обраќање на Путин: Ова е предавство и забивање нож в грб, одговорот ќе биде жесток appeared first on Република.

]]>
„Предавството не се простува“ – транспарент за пречек на премиерот Ковачевски во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predavstvoto-ne-se-prostuva-transparent-za-prechek-na-premierot-kovachevski-vo-tetovo/ Sun, 31 Jul 2022 10:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=535309

На еден од надвозниците на патот за Тетово претпладнево беше поставен транспарент со порака „Предавството не се простува“. Денеска премиерот Димитар Ковачевски, како претседател на СДСМ планирано е да има средби со граѓаните на Тетово.

The post „Предавството не се простува“ – транспарент за пречек на премиерот Ковачевски во Тетово appeared first on Република.

]]>

На еден од надвозниците на патот за Тетово претпладнево беше поставен транспарент со порака „Предавството не се простува“. Денеска премиерот Димитар Ковачевски, како претседател на СДСМ планирано е да има средби со граѓаните на Тетово.

The post „Предавството не се простува“ – транспарент за пречек на премиерот Ковачевски во Тетово appeared first on Република.

]]>
Зеленски потпиша закон кој предвидува доживотен закон за предавство на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-potpisha-zakon-koj-predviduva-dozivoten-zakon-za-predavstvo-na-ukraina/ Wed, 09 Mar 2022 14:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=470174

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша нов, построг закон според кој за предавство се предвидува казна од 15 години до доживотен затвор.

Како што се наведува на интернет страницата на украинската Рада, донесена е и измена на законот за враќање на огнено оружје имуниција на цивилите заради заштита на земјата во текот на војна и со кој се пропишува дека цивилите не може да одговараат за употреба на огнено оружје против лица кои вршат оружена агресија на Украина.

Покрај тоа, граѓаните на Украина имаат можност да учествуваат и во одбивање и одвраќање на оружената агресија на Руската Федерација и/или други држави, употребувајќи сопствено спортско оружје (пиштоли, револвери, пушки, пушки со тенка цевка), ловечки пушки и други видови залихи на оружје.

Законот ги зголемува и казните за отуѓивање на туѓ имот на бојното поле или користење на трагични околности или борба за сопствена корист со ограбување луѓе, вклучувајќи ги мртвите или ранетите.

The post Зеленски потпиша закон кој предвидува доживотен закон за предавство на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша нов, построг закон според кој за предавство се предвидува казна од 15 години до доживотен затвор. Како што се наведува на интернет страницата на украинската Рада, донесена е и измена на законот за враќање на огнено оружје имуниција на цивилите заради заштита на земјата во текот на војна и со кој се пропишува дека цивилите не може да одговараат за употреба на огнено оружје против лица кои вршат оружена агресија на Украина. Покрај тоа, граѓаните на Украина имаат можност да учествуваат и во одбивање и одвраќање на оружената агресија на Руската Федерација и/или други држави, употребувајќи сопствено спортско оружје (пиштоли, револвери, пушки, пушки со тенка цевка), ловечки пушки и други видови залихи на оружје. Законот ги зголемува и казните за отуѓивање на туѓ имот на бојното поле или користење на трагични околности или борба за сопствена корист со ограбување луѓе, вклучувајќи ги мртвите или ранетите.

The post Зеленски потпиша закон кој предвидува доживотен закон за предавство на Украина appeared first on Република.

]]>