предавања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predavanja/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:11:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предавања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/predavanja/ 32 32 Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-vtori-do-sedmi-dekemvri-nedela-na-bah-so-predavana-kontsert-na-pijanistot-dino-imeri-i-rabotilnitsi-za-detsa/ Wed, 27 Nov 2024 11:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=842221

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од втори до седми декември.

Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ја претстават музиката, филозофијата, животот, на најголемиот композитор на сите времиња, Јохан Себастијан Бах, без чие постоење и делување, светот не би бил ист.

Имено, централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „волшебникот на пијаното“, Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19, 19). Рецитален настап, на кој Имери ќе го изведе најпознатото и едно од најкомплексните дела на славниот композитор, неговите „Голдберг варијации“, коешто се смета за споменик во целокупната западна класична музика. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист и со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност.

На 2 декември, пак, кога и официјално ќе започне „Неделата на Бах“, на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13 часот, Дино Имери ќе одржи отворено предавање пред студентите, на кое ќе се осврне претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг варијациите“.

На 6 и на 7декември, за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, Имери и Иванова ќе одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано придружба и нарација на Дино Имери. Овие музички работилници имаат за цел децата да го запознаат Бах и особено неговите „Голдберг варијации“, преку интересна, автентична приказна, како би се насочиле кон понатамошен интерес и истражување за вечната музика на Бах.

Додека, пак, по завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо центарот, заедно со пијанистот Имери, на отвореното предавање за филозофскиот, музичкиот, естетскиот аспект на творештвото на Ј. С. Бах, ќе учествува и музикологот Тина Иванова. Всушност, ова предавање е замислено во вид на интервју, низ кое ќе се откријат повеќе аспекти и за денешното влијание на големиот германски музички автор. Предавањето носи наслов „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да не научи денес?“

The post Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца appeared first on Република.

]]>

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од втори до седми декември. Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ја претстават музиката, филозофијата, животот, на најголемиот композитор на сите времиња, Јохан Себастијан Бах, без чие постоење и делување, светот не би бил ист. Имено, централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „волшебникот на пијаното“, Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19, 19). Рецитален настап, на кој Имери ќе го изведе најпознатото и едно од најкомплексните дела на славниот композитор, неговите „Голдберг варијации“, коешто се смета за споменик во целокупната западна класична музика. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист и со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност. На 2 декември, пак, кога и официјално ќе започне „Неделата на Бах“, на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13 часот, Дино Имери ќе одржи отворено предавање пред студентите, на кое ќе се осврне претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг варијациите“. На 6 и на 7декември, за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, Имери и Иванова ќе одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано придружба и нарација на Дино Имери. Овие музички работилници имаат за цел децата да го запознаат Бах и особено неговите „Голдберг варијации“, преку интересна, автентична приказна, како би се насочиле кон понатамошен интерес и истражување за вечната музика на Бах. Додека, пак, по завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо центарот, заедно со пијанистот Имери, на отвореното предавање за филозофскиот, музичкиот, естетскиот аспект на творештвото на Ј. С. Бах, ќе учествува и музикологот Тина Иванова. Всушност, ова предавање е замислено во вид на интервју, низ кое ќе се откријат повеќе аспекти и за денешното влијание на големиот германски музички автор. Предавањето носи наслов „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да не научи денес?“

The post Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца appeared first on Република.

]]>
Шест предавања на Гордана Алексова за македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shest-predavana-na-gordana-aleksova-za-makedonskiot-jazik-na-univerzitetot-elte-vo-budimpeshta/ Mon, 22 Apr 2024 12:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=769320

Професорката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје Гордана Алексова до 24 април 2024 година ќе одржи шест часа на две теми од областа на македонскиот јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.

Алексова својата работна посета ја остварува преку мрежата Словенска филологија и нејзиниот културен контекст на програмата за мобилност CEEPUS, како гостин предавач на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта.

Како што информира лекторот по македонски јазик на Универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта, Алексова вчера во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија го одржала своето прво предавање на тема: „ДА-конструкција во македонскиот јазик – граматички и стилистички карактеристики“ пред колегите и студентите на Институтот за славистика и балтичка филологија.

На 23 април 2024 година Алексова ќе одржи уште едно предавање на тема: „Интеркултурните компетенции на учебниците по македонски јазик – теоретски и практичен преглед“. По договор со студентите на Лекторатот по македонски јазик ќе одржи и предавање за Видови предмет во македонскиот јазик, тема која им задава потешкотии во совладувањето на македонскиот јазик.

Лекторот Златко Панзов најави уште два настани до крајот на семестарот, односно средината на јуни 2024 година. Во рамки на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ младата уметница Јана Борбала Панзов ќе го реализира и претстави проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик“ пред своите врсници од македонската дијаспора во Унгарија. Лекторатот по македонски јазик во соработка со Институтот за унгарски вина, музичкото дуо БудаПесме и винаријата Попов, како главен поддржувач и покровител, во Будимпешта ќе организираат Македонска вечер (вечер на македонско вино и македонска изворна музика).

Во соопштението лекторот Златко Панзов наведува дека преку своите активности не само што го промовира македонскиот јазик, туку активно работи и на промоција на македонската култура преку организација на манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта, која претставува единствена културна манифестација од ваков вид во Унгарија и редовно се одржува од 2019 година.

The post Шест предавања на Гордана Алексова за македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта appeared first on Република.

]]>

Професорката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје Гордана Алексова до 24 април 2024 година ќе одржи шест часа на две теми од областа на македонскиот јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Алексова својата работна посета ја остварува преку мрежата Словенска филологија и нејзиниот културен контекст на програмата за мобилност CEEPUS, како гостин предавач на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта. Како што информира лекторот по македонски јазик на Универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта, Алексова вчера во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија го одржала своето прво предавање на тема: „ДА-конструкција во македонскиот јазик – граматички и стилистички карактеристики“ пред колегите и студентите на Институтот за славистика и балтичка филологија. На 23 април 2024 година Алексова ќе одржи уште едно предавање на тема: „Интеркултурните компетенции на учебниците по македонски јазик – теоретски и практичен преглед“. По договор со студентите на Лекторатот по македонски јазик ќе одржи и предавање за Видови предмет во македонскиот јазик, тема која им задава потешкотии во совладувањето на македонскиот јазик. Лекторот Златко Панзов најави уште два настани до крајот на семестарот, односно средината на јуни 2024 година. Во рамки на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ младата уметница Јана Борбала Панзов ќе го реализира и претстави проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик“ пред своите врсници од македонската дијаспора во Унгарија. Лекторатот по македонски јазик во соработка со Институтот за унгарски вина, музичкото дуо БудаПесме и винаријата Попов, како главен поддржувач и покровител, во Будимпешта ќе организираат Македонска вечер (вечер на македонско вино и македонска изворна музика). Во соопштението лекторот Златко Панзов наведува дека преку своите активности не само што го промовира македонскиот јазик, туку активно работи и на промоција на македонската култура преку организација на манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта, која претставува единствена културна манифестација од ваков вид во Унгарија и редовно се одржува од 2019 година.

The post Шест предавања на Гордана Алексова за македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта appeared first on Република.

]]>
Гордана Алексова ќе одржи предавања за македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта https://arhiva3.republika.mk/vesti/gordana-aleksova-ke-odrzhi-predavana-za-makedonskiot-jazik-na-univerzitetot-elte-vo-budimpeshta/ Fri, 19 Apr 2024 10:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=767963

Професорката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје Гордана Алексова до 24 април 2024 година ќе одржи шест часа на две теми од областа на македонскиот јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.

Алексова својата работна посета ја остварува преку мрежата Словенска филологија и нејзиниот културен контекст на програмата за мобилност CEEPUS, како гостин предавач на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта.

Како што информира лекторот по македонски јазик на Универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта, Алексова вчера во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија го одржала своето прво предавање на тема: „ДА-конструкција во македонскиот јазик – граматички и стилистички карактеристики“ пред колегите и студентите на Институтот за славистика и балтичка филологија.

На 23 април 2024 година Алексова ќе одржи уште едно предавање на тема: „Интеркултурните компетенции на учебниците по македонски јазик – теоретски и практичен преглед“. По договор со студентите на Лекторатот по македонски јазик ќе одржи и предавање за Видови предмет во македонскиот јазик, тема која им задава потешкотии во совладувањето на македонскиот јазик.

Лекторот Златко Панзов најави уште два настани до крајот на семестарот, односно средината на јуни 2024 година. Во рамки на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ младата уметница Јана Борбала Панзов ќе го реализира и претстави проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик“ пред своите врсници од македонската дијаспора во Унгарија. Лекторатот по македонски јазик во соработка со Институтот за унгарски вина, музичкото дуо БудаПесме и винаријата Попов, како главен поддржувач и покровител, во Будимпешта ќе организираат Македонска вечер (вечер на македонско вино и македонска изворна музика).

Во соопштението лекторот Златко Панзов наведува дека преку своите активности не само што го промовира македонскиот јазик, туку активно работи и на промоција на македонската култура преку организација на манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта, која претставува единствена културна манифестација од ваков вид во Унгарија и редовно се одржува од 2019 година.

The post Гордана Алексова ќе одржи предавања за македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта appeared first on Република.

]]>

Професорката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје Гордана Алексова до 24 април 2024 година ќе одржи шест часа на две теми од областа на македонскиот јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Алексова својата работна посета ја остварува преку мрежата Словенска филологија и нејзиниот културен контекст на програмата за мобилност CEEPUS, како гостин предавач на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта. Како што информира лекторот по македонски јазик на Универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта, Алексова вчера во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија го одржала своето прво предавање на тема: „ДА-конструкција во македонскиот јазик – граматички и стилистички карактеристики“ пред колегите и студентите на Институтот за славистика и балтичка филологија. На 23 април 2024 година Алексова ќе одржи уште едно предавање на тема: „Интеркултурните компетенции на учебниците по македонски јазик – теоретски и практичен преглед“. По договор со студентите на Лекторатот по македонски јазик ќе одржи и предавање за Видови предмет во македонскиот јазик, тема која им задава потешкотии во совладувањето на македонскиот јазик. Лекторот Златко Панзов најави уште два настани до крајот на семестарот, односно средината на јуни 2024 година. Во рамки на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ младата уметница Јана Борбала Панзов ќе го реализира и претстави проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик“ пред своите врсници од македонската дијаспора во Унгарија. Лекторатот по македонски јазик во соработка со Институтот за унгарски вина, музичкото дуо БудаПесме и винаријата Попов, како главен поддржувач и покровител, во Будимпешта ќе организираат Македонска вечер (вечер на македонско вино и македонска изворна музика). Во соопштението лекторот Златко Панзов наведува дека преку своите активности не само што го промовира македонскиот јазик, туку активно работи и на промоција на македонската култура преку организација на манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта, која претставува единствена културна манифестација од ваков вид во Унгарија и редовно се одржува од 2019 година.

The post Гордана Алексова ќе одржи предавања за македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта appeared first on Република.

]]>
Изложба со предавања како дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941 “ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-so-predavana-kako-del-od-proektot-na-izvorishteto-na-makedonskiot-institutsionalen-teatar-makedonski-naroden-teatar-1913-1941/ Wed, 25 Oct 2023 08:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=694741

Изложбата проследена со предавања кои се дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941 “ ќе биде презентирана на 25 октомври во малата сала на Факултетот за музичка уметност со почеток во 17.00 часот.

Истата ќе биде повторена на 7 ноември на Факултетот за драмски уметности со почеток во 13.00. Врз основа на анализата на истражениот материјал од архивите ќе се одржи предавање од страна на Соња Здравкова-Џепароска, Ана Стојаноска и Христина Цветаноска.

Изложбата содржи материјали од првите години на постоење на театарот на македонско тло со детален попис на претставите кои се изведувани, гостувањата и дел од фото материјалите од овој период.

The post Изложба со предавања како дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941 “ appeared first on Република.

]]>

Изложбата проследена со предавања кои се дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941 “ ќе биде презентирана на 25 октомври во малата сала на Факултетот за музичка уметност со почеток во 17.00 часот. Истата ќе биде повторена на 7 ноември на Факултетот за драмски уметности со почеток во 13.00. Врз основа на анализата на истражениот материјал од архивите ќе се одржи предавање од страна на Соња Здравкова-Џепароска, Ана Стојаноска и Христина Цветаноска. Изложбата содржи материјали од првите години на постоење на театарот на македонско тло со детален попис на претставите кои се изведувани, гостувањата и дел од фото материјалите од овој период.

The post Изложба со предавања како дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941 “ appeared first on Република.

]]>
Kореографката Искра Шукарова на уметничка резиденција во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koreografkata-iskra-shukarova-na-umetnichka-rezidentsija-vo-nujork/ Thu, 03 Aug 2023 08:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=668152

Кореографката проф. д-р Искра Шукарова од 27 јули до 7 август е поканета на уметничка резиденција во Њујорк и Вајлд Харт во САД.

-Уметничката резиденција започнува во Њујорк за потоа да продолжи со престојот во прекрасната природа во Вајлд Харт (Њујорк) каде ќе се испитуваат теми поврзани со екологијата, движењето и природата. Темите кои ќе се обработуваат како дел од истражувачкиот процес допираат длабоко во суштината за тоа како се однесуваме и соработуваме со природата, истакнува Шукарова.

Таа, исто така, ќе им предава на студенти за нови пристапи во современиот танц, а во рамки на престојот, на 4 и 5 август, во Њујорк во Movement Research NYC Шукарова ќе одржи предавање за современи танчари.

Резиденцијата е организирана од Петер Шишиоли, нејзин колега и асистент на Меридит Монк. Престојот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing како дел од Movement Research NYC и фондот Trust for Mutual Understanding. Шукарова е дел од две релевантни танцови мрежи од САД – IIAC и Global Practice Network.

The post Kореографката Искра Шукарова на уметничка резиденција во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Кореографката проф. д-р Искра Шукарова од 27 јули до 7 август е поканета на уметничка резиденција во Њујорк и Вајлд Харт во САД. -Уметничката резиденција започнува во Њујорк за потоа да продолжи со престојот во прекрасната природа во Вајлд Харт (Њујорк) каде ќе се испитуваат теми поврзани со екологијата, движењето и природата. Темите кои ќе се обработуваат како дел од истражувачкиот процес допираат длабоко во суштината за тоа како се однесуваме и соработуваме со природата, истакнува Шукарова. Таа, исто така, ќе им предава на студенти за нови пристапи во современиот танц, а во рамки на престојот, на 4 и 5 август, во Њујорк во Movement Research NYC Шукарова ќе одржи предавање за современи танчари. Резиденцијата е организирана од Петер Шишиоли, нејзин колега и асистент на Меридит Монк. Престојот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing како дел од Movement Research NYC и фондот Trust for Mutual Understanding. Шукарова е дел од две релевантни танцови мрежи од САД – IIAC и Global Practice Network.

The post Kореографката Искра Шукарова на уметничка резиденција во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Предавања по повод Меѓународниот ден на културното наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predavana-po-povod-megunarodniot-den-na-kulturnoto-nasledstvo/ Mon, 17 Apr 2023 14:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=631470

Во вторник (18.04.2023) на предавања по повод Меѓународниот ден на културното наследство. По предавањето ќе следува посета на Археолошкиот музеј при Филозофскиот факултет, информираат организаторите.

Предавања ќе одржат проф. д-р Антонио Јакимовски, проф. д-р Марјан Јованов, проф. д-р Виктор Лилчиќ, проф. д-р Драги Митревски и проф. д-р Ирена Теодора Васевска.

Настанот ќе започне во 11 часот во Слушална 2.

The post Предавања по повод Меѓународниот ден на културното наследство appeared first on Република.

Духот од електронската ламбa- предавање и мултимедијална изложба на проф. д-р Анис Сефиданис во Прличевата одаја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/duhot-od-elektronskata-lamba-predavanje-i-multimedijalna-izlozba-na-prof-d-r-anis-sefidanis-vo-prlichevata-odaja/ Mon, 30 May 2022 17:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=508949

Од вакуумски цевки до дигитална свест: развојот на компјутерските процесори и раѓањето на вештачката интелигенција.

Интерактивно предавање и мултимедијална изложба со помош на проширена реалност

Предавањата започнуваат во 12 чaсот, секој ден во рамките на изложбата, а за интерактивната АР апликација доволен е мобилен уред со интернет врска, прелистувач и камера

Теми на изложбата ќе бидат:

  • Законот на Мур

Приказната за компјутерскиот процесор е кратка но експоненцијална. Во средината на минатиот век претседателот на Интел, Гордон Мур, предвидува дека моќта на компјутерите и сложеноста на интегрираните кола, а со тоа и алгоритмите, ќе се удвојуваат на секои две години. Овој феномен се потврдил и денес е познат како “Законот на Мур”

  • Тестот на Тјуринг

Тестот на Тјуринг има цел да ја докаже способноста на машините да демонстрираат интелигенција еднаква на нашата. Експериментот се состои од интеракција помеѓу човек-човек и човек-компјутер. Доколку човекот не е во можност да разликува дали разговара со човек или пак машина, вештачката интелигенција го положила тестот на Тјуринг

Интерактивно предавање

Се наоѓаме во предвечерието на четвртата индустриска револуција, каде што вештачката интелигенција се очекува да го трансформира секој сегмент од нашиот живот, на еднаков или сличен начин како што тоа го направи електричната енергија.

Присутните ќе имаат можност да ги истражат можностите како и предизвиците на вештачката интелигенција. Заинтересираните можат исто така да го посетат Институтот за експоненцијални технологии “Сефиданис”, каде се наоѓа првиот суперкомпјутер на американската компанија НВИДИА.

Уникатната колекција на Проф. д-р Анис Сефиданис нуди оригинални примероци од најраните претставници на електронските ламби на ИБМ до последната генерација на современите процесори на повеќе хетерогени јадра, кои оперираат со висока фреквенција и паралелност.

Со помош на мобилна апликација која користи проширена реалност, посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата, архитектурата и примената на секој изложен артефакт.

1-3 јуни НУ Библиотека „Григор Прличев“

6-7 јуни Центар за култура „Григор Прличев“

8-10 јуни Универзитет „Св. Апостол Павле“

д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Претходно раководел со функцијата декан на Факултетот за информатика на Европски Универзитет во Скопје, а предавал и како визитинг професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. д-р Анис Сефиданис е автор на повеќе книги од областа на информатиката, меѓу кои и “Препознавање на облици со помош на машинско учење” и е основач на Институтот за експоненцијални технологии.

Анис е роден во Охрид, 6-ти февруари 1983 година. Средното образование го завршил во Охридската Гимназија, а студиите ги продолжува на Природно - математичкиот факултет при државниот Универзитет во Удине, Италија.

The post Духот од електронската ламбa- предавање и мултимедијална изложба на проф. д-р Анис Сефиданис во Прличевата одаја appeared first on Република.

]]>

Од вакуумски цевки до дигитална свест: развојот на компјутерските процесори и раѓањето на вештачката интелигенција. Интерактивно предавање и мултимедијална изложба со помош на проширена реалност Предавањата започнуваат во 12 чaсот, секој ден во рамките на изложбата, а за интерактивната АР апликација доволен е мобилен уред со интернет врска, прелистувач и камера Теми на изложбата ќе бидат:
  • Законот на Мур
Приказната за компјутерскиот процесор е кратка но експоненцијална. Во средината на минатиот век претседателот на Интел, Гордон Мур, предвидува дека моќта на компјутерите и сложеноста на интегрираните кола, а со тоа и алгоритмите, ќе се удвојуваат на секои две години. Овој феномен се потврдил и денес е познат како “Законот на Мур”  
  • Тестот на Тјуринг
Тестот на Тјуринг има цел да ја докаже способноста на машините да демонстрираат интелигенција еднаква на нашата. Експериментот се состои од интеракција помеѓу човек-човек и човек-компјутер. Доколку човекот не е во можност да разликува дали разговара со човек или пак машина, вештачката интелигенција го положила тестот на Тјуринг   Интерактивно предавање Се наоѓаме во предвечерието на четвртата индустриска револуција, каде што вештачката интелигенција се очекува да го трансформира секој сегмент од нашиот живот, на еднаков или сличен начин како што тоа го направи електричната енергија. Присутните ќе имаат можност да ги истражат можностите како и предизвиците на вештачката интелигенција. Заинтересираните можат исто така да го посетат Институтот за експоненцијални технологии “Сефиданис”, каде се наоѓа првиот суперкомпјутер на американската компанија НВИДИА. Уникатната колекција на Проф. д-р Анис Сефиданис нуди оригинални примероци од најраните претставници на електронските ламби на ИБМ до последната генерација на современите процесори на повеќе хетерогени јадра, кои оперираат со висока фреквенција и паралелност. Со помош на мобилна апликација која користи проширена реалност, посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата, архитектурата и примената на секој изложен артефакт. 1-3 јуни НУ Библиотека „Григор Прличев“ 6-7 јуни Центар за култура „Григор Прличев“ 8-10 јуни Универзитет „Св. Апостол Павле“   д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Претходно раководел со функцијата декан на Факултетот за информатика на Европски Универзитет во Скопје, а предавал и како визитинг професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. д-р Анис Сефиданис е автор на повеќе книги од областа на информатиката, меѓу кои и “Препознавање на облици со помош на машинско учење” и е основач на Институтот за експоненцијални технологии. Анис е роден во Охрид, 6-ти февруари 1983 година. Средното образование го завршил во Охридската Гимназија, а студиите ги продолжува на Природно - математичкиот факултет при државниот Универзитет во Удине, Италија.

The post Духот од електронската ламбa- предавање и мултимедијална изложба на проф. д-р Анис Сефиданис во Прличевата одаја appeared first on Република.

]]>
Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-i-predavanje-na-tema-sovremen-makedonski-roman-vo-moskva-po-povod-chestvuvanjeto-na-seslovenskite-prosvetiteli/ Sun, 15 May 2022 13:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=502530

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина до крајот на месецов ќе организира серија литературни настани во Москва.

Одбележувањето на големиот празник посветен на Солунските браќа, започнува денеска во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во 16 часот каде Панкина ќе одржи предавање на тема „Современ македонски роман“, а ќе биде отворена и книжната изложба „20 македонски романи на руски“.

Над 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земjа, благодарение на значајната мисиjа на Солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите, на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела, порачува Панкина.

Во рамки на прогрмата, на 18 мај во Московскиот дом на националностите во 17 часот предвидено е да се одржи тркалезна маса „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“ на која Панкина ќе говори за македонската книжевност.

Во Библиотеката за странска литература на 28 маj во 12 часот ќе се одржи литературна средба „Сто словенски романи“ во рамки на која Панкина ќе ги претстави македонски романи застапени во едициjата: „Вежби за Ибн Паjко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, „Дива лига“ на Влада Урошевиќ, „Недела“ на Ермис Лафазановски, кои се преведените на руски јазик.

Истиот ден, ќе има јавни читања по повод 130-годишнината на Марина Цветаева, а песни во препев на македонски јазик ќе рецитира Олга Панкина. Во рамките на проектот на Панкина насловен „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи литературна вечер „Нови имиња. Литература на младите“.

Активностите во чест на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе финишираат на 29 маj во московската библиотека „Пабло Неруда“ во 17 часот со промоција на книгата „Господарот на перото. Поезиjа“ на Радован Павловски. Книгата ќе jа промовираат Панкина, која е инициjатор на проектот, составувач и преведувач и Александар Белугин, илустратор на книгата.

The post Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина до крајот на месецов ќе организира серија литературни настани во Москва. Одбележувањето на големиот празник посветен на Солунските браќа, започнува денеска во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во 16 часот каде Панкина ќе одржи предавање на тема „Современ македонски роман“, а ќе биде отворена и книжната изложба „20 македонски романи на руски“.
Над 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земjа, благодарение на значајната мисиjа на Солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите, на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела, порачува Панкина.
Во рамки на прогрмата, на 18 мај во Московскиот дом на националностите во 17 часот предвидено е да се одржи тркалезна маса „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“ на која Панкина ќе говори за македонската книжевност. Во Библиотеката за странска литература на 28 маj во 12 часот ќе се одржи литературна средба „Сто словенски романи“ во рамки на која Панкина ќе ги претстави македонски романи застапени во едициjата: „Вежби за Ибн Паjко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, „Дива лига“ на Влада Урошевиќ, „Недела“ на Ермис Лафазановски, кои се преведените на руски јазик. Истиот ден, ќе има јавни читања по повод 130-годишнината на Марина Цветаева, а песни во препев на македонски јазик ќе рецитира Олга Панкина. Во рамките на проектот на Панкина насловен „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи литературна вечер „Нови имиња. Литература на младите“. Активностите во чест на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе финишираат на 29 маj во московската библиотека „Пабло Неруда“ во 17 часот со промоција на книгата „Господарот на перото. Поезиjа“ на Радован Павловски. Книгата ќе jа промовираат Панкина, која е инициjатор на проектот, составувач и преведувач и Александар Белугин, илустратор на книгата.

The post Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>
Предавање на Немања Цвијановиќ в петок во МСУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predavanje-na-nemanja-cvijanovikj-v-petok-vo-msu/ Wed, 11 May 2022 09:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=500947

Во рамки на Интердисциплинарната програма „Без/редие во светот на уметноста“, во петок, 13 Мај, во 19 часот со физичко присуство предавање ќе одржи уметникот Немања Цвијановиќ.

Презентацијата „АНТИФАШИЗМОТ КАКО САМООДБРАНБЕН СПОМЕНИК“ се осредоточува на реализираната интервенција на Цвијановиќ „Споменикот на Црвената Риека – споменикот на самоодбрана“ реализирана во 2020 година во Риека, Хрватска.

The post Предавање на Немања Цвијановиќ в петок во МСУ appeared first on Република.