Пред будење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pred-budene/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 08:59:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пред будење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pred-budene/ 32 32 Во Центар „Јадро“ вечерва се отвора самостојна изложба на Јулија Манојлоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-tsentar-jadro-vecherva-se-otvora-samostojna-izlozhba-na-julija-manojloska/ Tue, 10 Sep 2024 08:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=814850

Вечер, во 20 часот во Центар Јадро се отвора четвртата самостојна изложба на Јулија Манојлоска, насловена "Пред будење"

Јулија Манојлоска е млада уметница која во својата инсталација „Пред будење“ преку формата, бојата, поставеноста и структурата третира општествени и социјални проблеми од денешницата. Делото за прв пат беше изложено како објект на на ХIV Меѓународно Биенале на млади уметници, со тема „Будења“ во НУ Музејот на современата уметност-Скопје, во 2023 година.
Секој сегмент на просторната инсталација насловена, претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. Ако секаде наоколу постојат различни идентитети и ако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ставаат уметникот во улога на лутање по есенција. Секоја црна пластична топка е геополитичка, социјална и културна криза која лебди во целосен комфор. Ако идентитетот како синоним значи еднаквост или истост, тогаш „кругот“ е кршлив. Делото „Пред будење“ го претставува изминатиот периодот на колективното „спиење“. И така една црна линија која нацрта една овца еднаш кажа „Пролет е, преживеавме“.

На оваа самостојна изложба, делото и понатака го претставува изминатиот период, како период пред будење, период на лебдење на идентитетите, но овој пат во просторот на движење, каде нивното присуство почнува да и смета на публиката. Повторно го истражува волуменот, формата и бојата како обоеност и шаренило. Инсталацијата, односно објектот е просекот на наталожените емоции, црното индиго на идентитети над нашите глави и некритичкиот поглед кон наметнатото.

The post Во Центар „Јадро“ вечерва се отвора самостојна изложба на Јулија Манојлоска appeared first on Република.

]]>

Вечер, во 20 часот во Центар Јадро се отвора четвртата самостојна изложба на Јулија Манојлоска, насловена "Пред будење" Јулија Манојлоска е млада уметница која во својата инсталација „Пред будење“ преку формата, бојата, поставеноста и структурата третира општествени и социјални проблеми од денешницата. Делото за прв пат беше изложено како објект на на ХIV Меѓународно Биенале на млади уметници, со тема „Будења“ во НУ Музејот на современата уметност-Скопје, во 2023 година. Секој сегмент на просторната инсталација насловена, претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. Ако секаде наоколу постојат различни идентитети и ако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ставаат уметникот во улога на лутање по есенција. Секоја црна пластична топка е геополитичка, социјална и културна криза која лебди во целосен комфор. Ако идентитетот како синоним значи еднаквост или истост, тогаш „кругот“ е кршлив. Делото „Пред будење“ го претставува изминатиот периодот на колективното „спиење“. И така една црна линија која нацрта една овца еднаш кажа „Пролет е, преживеавме“. На оваа самостојна изложба, делото и понатака го претставува изминатиот период, како период пред будење, период на лебдење на идентитетите, но овој пат во просторот на движење, каде нивното присуство почнува да и смета на публиката. Повторно го истражува волуменот, формата и бојата како обоеност и шаренило. Инсталацијата, односно објектот е просекот на наталожените емоции, црното индиго на идентитети над нашите глави и некритичкиот поглед кон наметнатото.

The post Во Центар „Јадро“ вечерва се отвора самостојна изложба на Јулија Манојлоска appeared first on Република.

]]>