Пречистителната станица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prechistitelnata-stanica/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 13:48:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пречистителната станица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prechistitelnata-stanica/ 32 32 Павлова ни укажа дека имаме една од најчистите води за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pavlova-ni-ukazha-deka-imame-edna-od-najchistite-vodi-za-piene/ Wed, 22 Mar 2023 13:48:14 +0000 https://republika.mk/?p=622462

Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување до 70 отсто, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје што ќе се гради со грант од ЕУ, вреден 70 милиони евра. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 илјади луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“.

По денешното заокружување на финансиската рамка, останува да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-планската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“.

„Овој проект е над сите политички интереси во земјава и императив ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, но и уште една потврда за конкретната поддршка што и ја дава ЕУ на земјава“, беше истакнато пред потпишувањето на Договорот.

Заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова потсети дека овој проект досега доби голема техничка помош и поддршка, а во претстојните денови треба да се потпишат договорите за изградба и надзор од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

„Мора да ги чуваме водените природни ресурси и внимателно да ги користиме. Овој проект е од витална важност за скопјани, но и за Македонија воопшто. Се работи за најголем инвестициски грант за Македонија во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан, рече Павлова.

Осврнувајќи се на статистиките, таа укажа дека до 2025 година, 800 милиони луѓе во светот ќе се соочат со недостиг на вода.

„Тука има богатство на вода и треба добро да ја чуваме, но и да се осигураме дека нејзиниот квалитет за пиење е на најдобро можно ниво“, подвлече Павлова.

„Токму денес, на Светскиот ден на водата, се обврзуваме да бидеме дел од промената која подразбира одговорен однос и заштита на водите. Конечно скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за натамошниот развој на земјата, а дека членството во ЕУ не значи само исполнување на критериумите и усогласување со законодатството, туку и конкретна помош за државата и конкретни придобивки за граѓаните. Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан“, потенцира вицепремиерот Маричиќ.

договор-пречистителна

Како што рече министерот Бесими, грантот доаѓа во време кога финансиските пазари се значително скапи.

„За овие средства ниту треба да се задолжиме, ниту да платиме камата, а не треба ни да ги вратиме. Ова се пари за нашите граѓани, за 500 илјади жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес, туку значат вистинско подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и се јасен сигнал за поддршката што ни ја дава ЕУ“, подвлече Бесими.

Министерката Шукова рече дека со изградбата на пречистителната станица, ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отапдни води.

„Договорот е во духот на мотото на Светскиот ден на водите - „Да се забрза промената“, а Владата работи токму во таа насока. Пречистетлната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела“, рече Шукова.

И евроамбасадорот Гир потврди дека грантот е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за Македонија.

„Откако ќе биде пуштена во функција, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540 илјади жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена“, посочи Гир.

The post Павлова ни укажа дека имаме една од најчистите води за пиење appeared first on Република.

]]>

Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување до 70 отсто, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје што ќе се гради со грант од ЕУ, вреден 70 милиони евра. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 илјади луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“. По денешното заокружување на финансиската рамка, останува да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-планската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“. „Овој проект е над сите политички интереси во земјава и императив ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, но и уште една потврда за конкретната поддршка што и ја дава ЕУ на земјава“, беше истакнато пред потпишувањето на Договорот. Заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова потсети дека овој проект досега доби голема техничка помош и поддршка, а во претстојните денови треба да се потпишат договорите за изградба и надзор од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“. „Мора да ги чуваме водените природни ресурси и внимателно да ги користиме. Овој проект е од витална важност за скопјани, но и за Македонија воопшто. Се работи за најголем инвестициски грант за Македонија во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан, рече Павлова. Осврнувајќи се на статистиките, таа укажа дека до 2025 година, 800 милиони луѓе во светот ќе се соочат со недостиг на вода.
„Тука има богатство на вода и треба добро да ја чуваме, но и да се осигураме дека нејзиниот квалитет за пиење е на најдобро можно ниво“, подвлече Павлова.
„Токму денес, на Светскиот ден на водата, се обврзуваме да бидеме дел од промената која подразбира одговорен однос и заштита на водите. Конечно скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за натамошниот развој на земјата, а дека членството во ЕУ не значи само исполнување на критериумите и усогласување со законодатството, туку и конкретна помош за државата и конкретни придобивки за граѓаните. Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан“, потенцира вицепремиерот Маричиќ. договор-пречистителна Како што рече министерот Бесими, грантот доаѓа во време кога финансиските пазари се значително скапи. „За овие средства ниту треба да се задолжиме, ниту да платиме камата, а не треба ни да ги вратиме. Ова се пари за нашите граѓани, за 500 илјади жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес, туку значат вистинско подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и се јасен сигнал за поддршката што ни ја дава ЕУ“, подвлече Бесими. Министерката Шукова рече дека со изградбата на пречистителната станица, ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отапдни води.
„Договорот е во духот на мотото на Светскиот ден на водите - „Да се забрза промената“, а Владата работи токму во таа насока. Пречистетлната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела“, рече Шукова.
И евроамбасадорот Гир потврди дека грантот е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за Македонија.
„Откако ќе биде пуштена во функција, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540 илјади жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена“, посочи Гир.

The post Павлова ни укажа дека имаме една од најчистите води за пиење appeared first on Република.

]]>
Главниот финансиер за пречистителна станица, со ист став со разрешениот Перински и контра Арсовска: Процесот е чист и воден беспрекорно https://arhiva3.republika.mk/vesti/glavniot-finansier-za-prechistitelna-stanitsa-so-ist-stav-so-razresheniot-perinski-i-kontra-arsovska-protsesot-e-chist-i-voden-besprekorno/ Wed, 22 Mar 2023 13:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=622454

Потпретседател на Европска Инвестициона банка Лилјана Павлова на денешната прес конференција во Клубот на пратеници ги демантираше обвинувањата од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека поранешниот директор на ЈП Водовод и канализации Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица.

Имено одговарајќи на новинарско прашање кој е нејзиниот став бидејќи поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје беше обвинет дека не го водел процесот за изградба на пречистителната станица како што треба и поради тоа бил разрешен од градоначалничката на Град Скопје Арсовска, потпретседателката на ЕИБ Павлова рече дека проектот е кристално чист и без никакви проблеми, укажувајќи дека Европската Инвестициона Банка не утврдила никакви отстапки од она што е воспоставено како правила и процедури од нивна страна.

Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата - изјави Павлова, потпретседателка на ЕИБ.

За потсетување на јавноста, ЕИБ и Европска банка за обнова и развој кои што се главните финансиери на овој голем проект уште тогаш преку соопштение ја демантираа Арсовска дека од самиот почеток на проктот се почитуваат условите и преземаните обврски за исплата на средствата и немаат никакви забелешки како се води целиот процес од страна на Златко Перински, тогашен директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

The post Главниот финансиер за пречистителна станица, со ист став со разрешениот Перински и контра Арсовска: Процесот е чист и воден беспрекорно appeared first on Република.

]]>

Потпретседател на Европска Инвестициона банка Лилјана Павлова на денешната прес конференција во Клубот на пратеници ги демантираше обвинувањата од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека поранешниот директор на ЈП Водовод и канализации Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица. Имено одговарајќи на новинарско прашање кој е нејзиниот став бидејќи поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје беше обвинет дека не го водел процесот за изградба на пречистителната станица како што треба и поради тоа бил разрешен од градоначалничката на Град Скопје Арсовска, потпретседателката на ЕИБ Павлова рече дека проектот е кристално чист и без никакви проблеми, укажувајќи дека Европската Инвестициона Банка не утврдила никакви отстапки од она што е воспоставено како правила и процедури од нивна страна.