Пречиста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prechista/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 10:13:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пречиста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prechista/ 32 32 Во манастирот Пречиста во Кичево ќе се одржи Чествувања за празникот Воведение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-manastirot-prechista-vo-kichevo-ke-se-odrzhi-chestvuvana-za-praznikot-vovedenie-na-presveta-bogoroditsa/ Sat, 02 Dec 2023 10:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=718607

Големиот празник Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, кој се смета за  еден од дванаесетте големи христијански празници, достојно ќе биде одбележан во манастирот Пречиста Кичевска.

Со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот Пречиста Кичевска, по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, што ќе започне во недела, на 3 декември, во 21 часот, информираат од Бигорскиот манастир.

На бдението молитвено ќе претстои Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, кој ќе чинодејствува со Божествената Литургија на крајот од бдението.

Оваа година голема чест и благослов за нас ќе биде и присуството и молитвеното учество на Старецот на ќелијата на Света Ана во Кареја на Света Гора, сепреподобниот јеромонах Антипа, кој е мошне познат духовник и проповедник, одличен познавач на православната теологија и еклисиологија. Тој ќе допатува со браќа монаси, коишто со своите светогорски напеви ќе го збогатат празничното бдение, додаваат од манастирот.

Отец Антипа во недела, со почеток во 8:30 ч. ќе богослужи Света Литургија, на која молитвено ќе присуствува и Преосветениот Епископ г. Партениј.

Манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево или Пречиста Кичевска е женски манастир, се наоѓа јужно од градот, во општина Другово на падините на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри.

Манастирот е познат и како Крнински манастир кој името го добил според селото Крнино, кое денес не постои. Според преданијата самиот Бог, го одредил местото за градба на манастирски комплекс. Локалните жители одлучиле да градат, па оставале икона да преноќи. Но утрото иконата ја немало, Бог ја преместувал над изворот, местото каде денес е лоциран манастирот, кој се градел четири години од 1316-та година до 1320-та година.

Низ историјата манастирот бил опожаруван трипати и повторно обновен. Денешниот велелепен храм изграден од камен, во прекрасната живописна природа, датира од 1848 година, а за неговото возобновување најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села. Монашкиот живот се возобновен во 2016 година.

По традиција се очекува големо присуство на верници од поширокиот регион и други градови од државава.

The post Во манастирот Пречиста во Кичево ќе се одржи Чествувања за празникот Воведение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Големиот празник Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, кој се смета за  еден од дванаесетте големи христијански празници, достојно ќе биде одбележан во манастирот Пречиста Кичевска.
Со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот Пречиста Кичевска, по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, што ќе започне во недела, на 3 декември, во 21 часот, информираат од Бигорскиот манастир.
На бдението молитвено ќе претстои Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, кој ќе чинодејствува со Божествената Литургија на крајот од бдението.
Оваа година голема чест и благослов за нас ќе биде и присуството и молитвеното учество на Старецот на ќелијата на Света Ана во Кареја на Света Гора, сепреподобниот јеромонах Антипа, кој е мошне познат духовник и проповедник, одличен познавач на православната теологија и еклисиологија. Тој ќе допатува со браќа монаси, коишто со своите светогорски напеви ќе го збогатат празничното бдение, додаваат од манастирот.
Отец Антипа во недела, со почеток во 8:30 ч. ќе богослужи Света Литургија, на која молитвено ќе присуствува и Преосветениот Епископ г. Партениј. Манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево или Пречиста Кичевска е женски манастир, се наоѓа јужно од градот, во општина Другово на падините на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Манастирот е познат и како Крнински манастир кој името го добил според селото Крнино, кое денес не постои. Според преданијата самиот Бог, го одредил местото за градба на манастирски комплекс. Локалните жители одлучиле да градат, па оставале икона да преноќи. Но утрото иконата ја немало, Бог ја преместувал над изворот, местото каде денес е лоциран манастирот, кој се градел четири години од 1316-та година до 1320-та година. Низ историјата манастирот бил опожаруван трипати и повторно обновен. Денешниот велелепен храм изграден од камен, во прекрасната живописна природа, датира од 1848 година, а за неговото возобновување најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села. Монашкиот живот се возобновен во 2016 година. По традиција се очекува големо присуство на верници од поширокиот регион и други градови од државава.

The post Во манастирот Пречиста во Кичево ќе се одржи Чествувања за празникот Воведение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста: Денеска треба да направите една работа за среќа и здравје на децата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vovedenie-na-presveta-bogorodica-prechista-deneska-treba-da-napravite-edna-rabota-za-srekja-i-zdravje-na-decata/ Sun, 04 Dec 2022 08:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=581559

Православните верници денеска го празнуваат Воведение на Пресвета Богородица.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.

Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

На овој ден особено е важна чудотворната литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска.

Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан. Таа интервенција ја има направено големиот иконописец Дичо Зограф.

[caption id="attachment_434257" align="aligncenter" width="640"] Манастир Пресвета Богородица Пречиста[/caption]

Ова е накратко нејзината историја:

– 1642 год. – иконата е иконописана од засега непознат иконописец. Таа е двострана – на едната страна е Св. Богородица со дете а од другата Исус Христос. Сликана е во два слоја.

– 1868 год. – Дичо Зограф ја реставрира и ја пресликува зашто била доста оштетена. Ја слика според стариот урнек како што самиот запишал под неа.

– Според народното предание оваа икона прелетала од испустениот Кнежински манастир „Св. Ѓорѓи“ и застанала на дрвото над светата вода кај старата црква на манастирот „Пречиста Кичевска“.

– По обновата на црквата во 1848 год. кога и изворот е обграден во самиот манастир на северозападниот дел од храмот, иконата е поставена на еден камен проскинитар до самиот извор.

– Чудесната моќ на оваа икона е пренесена преку чудотворните солзи кои се толкувале како одраз на љубовта на Богородица кон грешниот човечки род. Богородица е помошничка на сите верници и нивна застапничка, која лечи духовни и телесни болки.

– Деловите на иконата околу рацете и ореолот на Св. Богородица, се опковани во сребро и токму тие со векови на верниците Македонци и други православни од Кичевско, им служеле како своевидно поштенско сандаче за пораки до „другата“ и возвишена страна. Имено токму под раката и ореолот т.е опкованите со сребро делови, во испакнатините, верниците ставале пишани пораки со молитви и желби до Св. Богородица.

Верувањата се дека на овој ден жените без пород треба да појдат во манастир посветен на Богородица, а оние кои имаат деца да оставаат дар на иконата на Дева Марија. Најважно е од срце да се помолите!

The post Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста: Денеска треба да направите една работа за среќа и здравје на децата appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го празнуваат Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста. На овој ден особено е важна чудотворната литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска. Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан. Таа интервенција ја има направено големиот иконописец Дичо Зограф. [caption id="attachment_434257" align="aligncenter" width="640"] Манастир Пресвета Богородица Пречиста[/caption] Ова е накратко нејзината историја: – 1642 год. – иконата е иконописана од засега непознат иконописец. Таа е двострана – на едната страна е Св. Богородица со дете а од другата Исус Христос. Сликана е во два слоја. – 1868 год. – Дичо Зограф ја реставрира и ја пресликува зашто била доста оштетена. Ја слика според стариот урнек како што самиот запишал под неа. – Според народното предание оваа икона прелетала од испустениот Кнежински манастир „Св. Ѓорѓи“ и застанала на дрвото над светата вода кај старата црква на манастирот „Пречиста Кичевска“. – По обновата на црквата во 1848 год. кога и изворот е обграден во самиот манастир на северозападниот дел од храмот, иконата е поставена на еден камен проскинитар до самиот извор. – Чудесната моќ на оваа икона е пренесена преку чудотворните солзи кои се толкувале како одраз на љубовта на Богородица кон грешниот човечки род. Богородица е помошничка на сите верници и нивна застапничка, која лечи духовни и телесни болки. – Деловите на иконата околу рацете и ореолот на Св. Богородица, се опковани во сребро и токму тие со векови на верниците Македонци и други православни од Кичевско, им служеле како своевидно поштенско сандаче за пораки до „другата“ и возвишена страна. Имено токму под раката и ореолот т.е опкованите со сребро делови, во испакнатините, верниците ставале пишани пораки со молитви и желби до Св. Богородица. Верувањата се дека на овој ден жените без пород треба да појдат во манастир посветен на Богородица, а оние кои имаат деца да оставаат дар на иконата на Дева Марија. Најважно е од срце да се помолите!

The post Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста: Денеска треба да направите една работа за среќа и здравје на децата appeared first on Република.

]]>
Денеска е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-vovedenie-na-presveta-bogorodica-prechista/ Sun, 04 Dec 2022 07:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=581554

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

The post Денеска е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста appeared first on Република.

]]>

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

The post Денеска е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста appeared first on Република.

]]>