пречек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prechek/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 10:47:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пречек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prechek/ 32 32 Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-ja-precheka-pretsedatelkata-na-ek-ursula-fon-der-lajen/ Thu, 24 Oct 2024 09:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=830463

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.

Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен во Владата.

Според најавите, за време на посетата на Скопје Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.

https://www.youtube.com/live/4NoYZJC__00?si=KvYM2RqRXvxpUjzf

The post Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан. Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации. По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен во Владата. Според најавите, за време на посетата на Скопје Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра. Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот. https://www.youtube.com/live/4NoYZJC__00?si=KvYM2RqRXvxpUjzf

The post Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Терасата „гореше“: Србија ги пречека хероите од Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/terasata-goreshe-srbija-gi-precheka-heroite-od-pariz/ Mon, 12 Aug 2024 18:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=805949

Пред градското собрание во Белград беа пречекани српските олимпијци. Десетина илјади фанови со аплауз и вресоци ги пречекаа бронзените кошаркари на чело со Јокиќ, златните ватерполисти, стрелците и секако Новак Ѓоковиќ.

Погледнете каква беше атмосферата на славната тераса.

[caption id="attachment_805946" align="alignnone" width="640"] foto jkurir.rs[/caption]

[caption id="attachment_805944" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]

[caption id="attachment_805943" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]

[caption id="attachment_805942" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]

 

 

The post Терасата „гореше“: Србија ги пречека хероите од Париз appeared first on Република.

]]>

Пред градското собрание во Белград беа пречекани српските олимпијци. Десетина илјади фанови со аплауз и вресоци ги пречекаа бронзените кошаркари на чело со Јокиќ, златните ватерполисти, стрелците и секако Новак Ѓоковиќ. Погледнете каква беше атмосферата на славната тераса. [caption id="attachment_805946" align="alignnone" width="640"] foto jkurir.rs[/caption] [caption id="attachment_805944" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption] [caption id="attachment_805943" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption] [caption id="attachment_805942" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]    

The post Терасата „гореше“: Србија ги пречека хероите од Париз appeared first on Република.

]]>
„Иџе мајсторе!“: Со факели и знамиња пречекан македонскиот и европски шампион https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-majstore-so-fakeli-i-znamina-prechekan-makedonskiot-i-evropski-shampion/ Tue, 19 Sep 2023 09:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=683100

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех.

Иџе во оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки.

За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.

The post „Иџе мајсторе!“: Со факели и знамиња пречекан македонскиот и европски шампион appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.
Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.
Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех. Иџе во оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки. За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.

The post „Иџе мајсторе!“: Со факели и знамиња пречекан македонскиот и европски шампион appeared first on Република.

]]>
Аплаузи за ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен: Празните флоскули на функционерите на власта не се вредни за внимание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aplauzi-za-vmro-dpmne-na-mechkin-kamen-praznite-floskuli-na-funktsionerite-na-vlasta-ne-se-vredni-za-vnimanie/ Wed, 02 Aug 2023 11:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=667894

Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За жал денес тука на Мечкин Камен ќе чуете празни зборови од страна на функционери на оваа власт кои лицемерно чествуваат а под маса распродаваат идеали на илјадници синови и ќерки на Македонија кои своите животи ги положиле за Македонија. Затоа имињата на овие функционери народот нема да ги памети, а вечно ќе се сеќава на храброста и самопрегорот на оние кои ја граделе Македонија и нејзината државност.

Оттука празните флоскули на функционерите на власта не се вредни ниту за внимание ниту за коментар. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ , предводена од Претседателот Христијан Мицкоски после положувањето на свежо цвеќе На Мечкин Камен и оддавањето почит на хероите , продолжува во селото Ташмаруништа каде што ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндени, 1903 и 1944 затоа што и двата датуми се дела на кои треба простум да им се поклониме, стои во партиското соопштение.

The post Аплаузи за ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен: Празните флоскули на функционерите на власта не се вредни за внимание appeared first on Република.

]]>

Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За жал денес тука на Мечкин Камен ќе чуете празни зборови од страна на функционери на оваа власт кои лицемерно чествуваат а под маса распродаваат идеали на илјадници синови и ќерки на Македонија кои своите животи ги положиле за Македонија. Затоа имињата на овие функционери народот нема да ги памети, а вечно ќе се сеќава на храброста и самопрегорот на оние кои ја граделе Македонија и нејзината државност. Оттука празните флоскули на функционерите на власта не се вредни ниту за внимание ниту за коментар. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ , предводена од Претседателот Христијан Мицкоски после положувањето на свежо цвеќе На Мечкин Камен и оддавањето почит на хероите , продолжува во селото Ташмаруништа каде што ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндени, 1903 и 1944 затоа што и двата датуми се дела на кои треба простум да им се поклониме, стои во партиското соопштение.

The post Аплаузи за ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен: Празните флоскули на функционерите на власта не се вредни за внимание appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го пречека Рама со највисоки државни и воени почести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-precheka-rama-so-najvisoki-drzavni-i-voeni-pochesti/ Mon, 14 Nov 2022 09:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=573567

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска официјално го пречека претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.

Со највисоки државни и воени почести македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ја пречека албанската владина делегација предводена од премиерот Рама.

Во состав на македонската владина делегација се Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи – заменик на претседателот на Владата за економски прашања, Бојан Маричиќ- заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Славјанка Петровска – министерка за одбрана, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Никола Тупанчески – министер за правда, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Беким Сали – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за образование и наука, Јована Тренчевска – министерка за труд и социјална политика, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура, Благој Бочварски -министер за транспорт и врски, Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање, Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи – министер без ресор за дијаспора, Абдулшуќур Абедини – заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Димовски – генерален секретар на Владата на Република Македонија, Тахир Хани- заменик генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Во состав на албанската делегација се Белинда Балуку – заменичка на претседателот на Владата на Република Албанија и министер за инфраструктура и енергетика, Нико Пелеши – министер за одбрана, Олта Џачка – министер за Европа и надворешни работи, Делина Ибрахимај – министер за финансии и економија, Бледар Чучи – министер за внатрешни работи, Мирела Кумбаро – министер за туризам и животна средина, Елва Маргарити – министер за култура, Бора Мужаќи – државен министер за младите и децата, Едона Билали – државен министер за заштита на претприемништвото, Роналдо Ристо – заменик министер за земјоделство и рурален развој, Улси Мања – министер за правда, Огерта Манастирлиу – министерка за здравство и социјална заштита, Евис Куши – министер за образование и спорт, Милва Економи – државен министер за стандардите на услугите, Елиса Спиропали – државен министер за односите со Собранието, Мајлинда Дука – државен министер и главен преговарач со ЕУ и Фатос Река – амбасадор на Република Албанија во Република  Македонија.

По официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама ќе имаат воведни обраќања, по што ќе следува дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.

Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.

По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.

The post Ковачевски го пречека Рама со највисоки државни и воени почести appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска официјално го пречека претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама. Со највисоки државни и воени почести македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ја пречека албанската владина делегација предводена од премиерот Рама. Во состав на македонската владина делегација се Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи – заменик на претседателот на Владата за економски прашања, Бојан Маричиќ- заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Славјанка Петровска – министерка за одбрана, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Никола Тупанчески – министер за правда, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Беким Сали – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за образование и наука, Јована Тренчевска – министерка за труд и социјална политика, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура, Благој Бочварски -министер за транспорт и врски, Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање, Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи – министер без ресор за дијаспора, Абдулшуќур Абедини – заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Димовски – генерален секретар на Владата на Република Македонија, Тахир Хани- заменик генерален секретар на Владата на Република Македонија. Во состав на албанската делегација се Белинда Балуку – заменичка на претседателот на Владата на Република Албанија и министер за инфраструктура и енергетика, Нико Пелеши – министер за одбрана, Олта Џачка – министер за Европа и надворешни работи, Делина Ибрахимај – министер за финансии и економија, Бледар Чучи – министер за внатрешни работи, Мирела Кумбаро – министер за туризам и животна средина, Елва Маргарити – министер за култура, Бора Мужаќи – државен министер за младите и децата, Едона Билали – државен министер за заштита на претприемништвото, Роналдо Ристо – заменик министер за земјоделство и рурален развој, Улси Мања – министер за правда, Огерта Манастирлиу – министерка за здравство и социјална заштита, Евис Куши – министер за образование и спорт, Милва Економи – државен министер за стандардите на услугите, Елиса Спиропали – државен министер за односите со Собранието, Мајлинда Дука – државен министер и главен преговарач со ЕУ и Фатос Река – амбасадор на Република Албанија во Република  Македонија. По официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама ќе имаат воведни обраќања, по што ќе следува дискусија помеѓу владините делегации на двете држави. Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти. По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.

The post Ковачевски го пречека Рама со највисоки државни и воени почести appeared first on Република.

]]>
Ковид протоколот на УЕФА забрани цела репрезентација да дојде на плоштадот, неколкумина одбрани ги поздравија собраните граѓани https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kovid-protokolot-na-uefa-zabrani-cela-reprezentacija-da-dojde-na-ploshtadot-nekolkumina-odbrani-gi-pozdravija-sobranite-gragjani/ Fri, 25 Mar 2022 18:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=478577

Ковид-протоколите на УЕФА беа причина што македонската фудбалска репрезентација имаше скромен дочек на плоштадот „Македонија“ по победата на гостински терен против Италија во баражот за СП 2022.

УЕФА не дозволува групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, па собраните граѓани беа поздравени само од селекторот, Благоја Милевски, како и неколкумина фудбалери меѓу кои стрелецот на победничкиот гол, Александар Трајковски, и капитенот, Стефан Ристовски.

Тие, непосредно пред Триумфалната капија, им се обратија на присутните и им се заблагодарија за целата поддршка што ја добиле пред и по натпреварот со Италија.

Истовремено, присутните илјадници граѓани добија ветување дека фудбалерите ќе го остават и последниот атом на терен против Португалија, со цел Македонија да се израдува на историски настап на Мундијалот во Катар.

Натпреварот протв Португалија се игра во вторник во Порто, со почеток од 20:45 часот

The post Ковид протоколот на УЕФА забрани цела репрезентација да дојде на плоштадот, неколкумина одбрани ги поздравија собраните граѓани appeared first on Република.

]]>

Ковид-протоколите на УЕФА беа причина што македонската фудбалска репрезентација имаше скромен дочек на плоштадот „Македонија“ по победата на гостински терен против Италија во баражот за СП 2022. УЕФА не дозволува групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, па собраните граѓани беа поздравени само од селекторот, Благоја Милевски, како и неколкумина фудбалери меѓу кои стрелецот на победничкиот гол, Александар Трајковски, и капитенот, Стефан Ристовски. Тие, непосредно пред Триумфалната капија, им се обратија на присутните и им се заблагодарија за целата поддршка што ја добиле пред и по натпреварот со Италија. Истовремено, присутните илјадници граѓани добија ветување дека фудбалерите ќе го остават и последниот атом на терен против Португалија, со цел Македонија да се израдува на историски настап на Мундијалот во Катар. Натпреварот протв Португалија се игра во вторник во Порто, со почеток од 20:45 часот

The post Ковид протоколот на УЕФА забрани цела репрезентација да дојде на плоштадот, неколкумина одбрани ги поздравија собраните граѓани appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Пречек на фудбалерите на плоштадот „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sledete-vo-zivo-prechek-na-fudbalerite-na-ploshtadot-makedonija/ Fri, 25 Mar 2022 17:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=478560

The post Следете во живо: Пречек на фудбалерите на плоштадот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

The post Следете во живо: Пречек на фудбалерите на плоштадот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>