прдизборен молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prdizboren-molk/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 07:53:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прдизборен молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prdizboren-molk/ 32 32 МВР: Во предизборниот молк се нуделе бонови за точење гориво, а има и оштетени банери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-vo-predizborniot-molk-se-nudele-bonovi-za-tochene-gorivo-a-ima-i-oshteteni-baneri/ Wed, 08 May 2024 09:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=775267

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на избирачите, делење на бонови… Во сите наведени случаи се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.

На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.

На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2024 во 18,25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2024 во 22,10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20,17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки.

Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети.

Од МВР информираат дека во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени.

 

The post МВР: Во предизборниот молк се нуделе бонови за точење гориво, а има и оштетени банери appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на избирачите, делење на бонови… Во сите наведени случаи се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници. На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот. На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.05.2024 во 18,25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.05.2024 во 22,10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20,17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки. Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети. Од МВР информираат дека во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени.  

The post МВР: Во предизборниот молк се нуделе бонови за точење гориво, а има и оштетени банери appeared first on Република.

]]>