празни полици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prazni-polici/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 09:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png празни полици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prazni-polici/ 32 32 И денеска нема да има леб, набавете квасец и брашно и замесете https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-deneska-nema-da-ima-leb-nabavete-kvasets-i-brashno-i-zamesete/ Thu, 02 Mar 2023 09:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=614975

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има.

Како што велат за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.

Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата.

Пекарската индустрија во оваа новонастаната ситуација, очекува поддршка од сите останати индустрии во земјава.

-Нашата одлуката останува во сила. И денеска нема да се ипорачува леб на пазарот. Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова и се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив, потенцира во разговор за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Сопственик на една од поголемите мелници дополнува дека субвенционираната струја ја исполни целта.

-Повторуваме дека не беше потребно да се замрзне цената на лебот зашто веќе самата индустријата ја корегираше на 32 и 35 денари. Такви цени имаше на пазарот, се направи социјална цена за одредена категорија граѓани пред да се замрзне цената на лебот. Стоиме на ставот од понеделникот дека мерката на субвенционираната струја ја исполни целта зашто од нејзиното стапување во сила, цените се намалија. Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде, но имаше леб од 32 и 35 денари зависно од квалитетот и грамажата. Во однос на „поканата“ за средба што ја упати министерот Крешник Бектеши, би му порачал дека пекарската индустрија е секогаш подготвена за разговор, но треба да биде фицијално поканета, со конкретно наведена тема за разговор, а не преку прес-конференција, нагласува мелничарот за МИА.

Денеска втор ден во продавниците не се испорачува бел и полубел леб откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните

The post И денеска нема да има леб, набавете квасец и брашно и замесете appeared first on Република.

]]>

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има. Како што велат за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција. Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата. Пекарската индустрија во оваа новонастаната ситуација, очекува поддршка од сите останати индустрии во земјава.
-Нашата одлуката останува во сила. И денеска нема да се ипорачува леб на пазарот. Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова и се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив, потенцира во разговор за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.
Сопственик на една од поголемите мелници дополнува дека субвенционираната струја ја исполни целта. -Повторуваме дека не беше потребно да се замрзне цената на лебот зашто веќе самата индустријата ја корегираше на 32 и 35 денари. Такви цени имаше на пазарот, се направи социјална цена за одредена категорија граѓани пред да се замрзне цената на лебот. Стоиме на ставот од понеделникот дека мерката на субвенционираната струја ја исполни целта зашто од нејзиното стапување во сила, цените се намалија. Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде, но имаше леб од 32 и 35 денари зависно од квалитетот и грамажата. Во однос на „поканата“ за средба што ја упати министерот Крешник Бектеши, би му порачал дека пекарската индустрија е секогаш подготвена за разговор, но треба да биде фицијално поканета, со конкретно наведена тема за разговор, а не преку прес-конференција, нагласува мелничарот за МИА. Денеска втор ден во продавниците не се испорачува бел и полубел леб откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните

The post И денеска нема да има леб, набавете квасец и брашно и замесете appeared first on Република.

]]>
Втор ден без леб https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vtor-den-bez-leb/ Thu, 02 Mar 2023 07:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=614894

 Дали денеска ќе има леб е прашањето што си го поставуваат голем број граѓани откако вчера се соочија со полупразни полици со леб во продавниците. Во дел од продавниците вчера не можеше да се најде бел и полубел леб, откако пекарите ја реализираа најавата дека нема да произведуваат леб, по одлуката на Владата за укинување на субвенционираната струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за замрзнување на цената на 33 денари за леб од 450 грама.

Претставници од пекарската индустрија во изјава за МИА посочија дека тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите нивни членови ја почитуваа одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора.

- Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Пекарската индустрија во понеделникот се закани дека нема да произведува леб доколку Владата донесе одлука за замрзнување на неговата цена.

- Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави во понеделникот Горан Малишиќ, претседател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Македонија.

Тој информира дека 32 индустриски пекари од цела држава и мали здруженија на пекари констатирале дека во целост се почитувала мерката за субвенционирање на електрична енергија и цените на лебот на пазарот се намалени повеќе од вредноста на субвенцијата што ја примаат пекарите.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера изјави дека одлуката за замрзнување на цената на брашното била донесена на база на сите информации што ги има Министерството за економија, а Државниот пазарен инспекторат ги направил сите пресметки и контроли.

Тој смета дека не може мерки да се носат за некој да се богати, а друг да се осиромашува, додавајќи дека Владата е на и за граѓаните и тие мора да се заштитат.

- Со месеци сите ние плаќаме за голем дел од компаниите да добиваат повластена електрична енергија која во последниот период е со намалена цена, а со намалена цена е и брашното. Се тоа доведе до одлуката која ги штити граѓаните, изјави Николовски.

Државниот пазарен инспекторат вчера изврши 189 инспекциски надзори низ земјава за да утврди дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената, предвидена да трае до крајот на мај.

Дел од граѓаните вчера за МИА изјавија дека почнале да месат леб, додека други „прошетале“ низ повеќе продавници со цел да најдат леб што им се допаѓа. Поединци дури купиле и по неколку леба за да имаат резерва за наредните денови.

Одлуката на Владата за укинување на субвенционираната струја за прехранбената индустрија и за замрзнување на цената на лебот уследи откако, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски во вторникот, било утврдено дека иако прехранбените компании добивале субвенционирана струја, тие воопшто не ги намалиле или незначително ги намалиле цените на нивните производи.

- Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти, појасни Ковачевски.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, компаниите не се оштетени со замрзнатата цена на лебот.

- Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител на леб дали со таа цена на брашното и актуелните трошоци 450 грама леб треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите. Значи, 32 денара со шест денара профитна маржа од страна на пекарите, пет отсто маржа од трговците или во малопродажба и пет отсто ДДВ, истакна Бектеши.

The post Втор ден без леб appeared first on Република.

Наместо да дојдат Гугл и Фејсбук снема леб: Еве како изгледаат празните полици под власта на ДУИ и СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namesto-da-dojdat-gugl-i-fejsbuk-snema-leb-eve-kako-izgledaat-praznite-politsi-pod-vlasta-na-dui-i-sdsm/ Wed, 01 Mar 2023 10:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=614569

Постарите ќе се сетат дека во Македонија кон крајот на осумдесетите години имаше недостик на леб. Се чекаше во редици од раните часови па кој земе земе.

За тие што ќе дојдеа на крајот остануваше само црниот леб. Но, денеска го нема ни тој бидејќи отако Владата ја замрзна цената на белиот и на полубелиот леб рафтовите во продавниците се празни.

Проверете да не останал некој пакуван леб од тие „поскапите“ . Ако не брашното и квасецот и замесете самите.

The post Наместо да дојдат Гугл и Фејсбук снема леб: Еве како изгледаат празните полици под власта на ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>

Постарите ќе се сетат дека во Македонија кон крајот на осумдесетите години имаше недостик на леб. Се чекаше во редици од раните часови па кој земе земе.   За тие што ќе дојдеа на крајот остануваше само црниот леб. Но, денеска го нема ни тој бидејќи отако Владата ја замрзна цената на белиот и на полубелиот леб рафтовите во продавниците се празни. Проверете да не останал некој пакуван леб од тие „поскапите“ . Ако не брашното и квасецот и замесете самите.      

The post Наместо да дојдат Гугл и Фејсбук снема леб: Еве како изгледаат празните полици под власта на ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>
Лебот и зејтинот станаа луксуз: Во ЕУ се плашат од недостиг на брашно и масло, продажбата ограничена на едно шише https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lebot-i-zejtinot-stanaa-luksuz-vo-eu-se-plashat-od-nedostig-na-brashno-i-maslo-prodazbata-ogranichena-na-edno-shishe/ Tue, 22 Mar 2022 14:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=476723

Германските трговци се принудени да ја ограничат продажбата на масло за јадење на едно шише по потрошувач. Во многу земји од Европската унија постои вистинска борба за основните прехранбени производи. Светските медиуми јавуваат дека Европа, две години по недостатокот предизвикан од пандемијата на корона вирусот, повторно е погодена од панични набавки предизвикани од војната во Украина.

Војната во Источна Европа ги зголеми цените на храната на глобално ниво бидејќи Русија и Украина произведуваат огромен дел од светските земјоделски залихи.

„Фајненшл тајмс“ се повикува на податоци од Здружението на индустријата за преработка на маслодајни семиња во Германија, според кои речиси 90 отсто од лененото семе преработено во ЕУ се увезува. Здружението проценува дека војната во Украина најверојатно ќе предизвика недостиг на масло за јадење и сточна храна, што ќе биде многу тешко да се замени на краток рок.

Новиот бран на акумулација на храна забрзано ги празни полиците на продавниците во Германија, а на удар се брашното и сончогледовото масло. Во некои продавници нема тестенини.

Германските трговци беа принудени да ја намалат продажбата на масло за јадење во обид да спречат уште еден круг складирање залихи. Инаку, добро снабдените маркети имаат „голи полици“, каде најчесто се чува брашно и масла за јадење.

Германските потрошувачи се жалат дека им било дозволено да купат само едно шише сончогледово масло.

Ве молиме покажете солидарност, мислете на соседите и воздржете се од непотребни набавки, напишаа трговците пред супермаркетот „Пени“ во Франкфурт.

За разлика од почетокот на пандемијата, кога Германците побрзаа да купат тоалетна хартија, поради војната во Украина, сега тие ги пустошат полиците со сончогледово масло и пченично брашно.

Русија и Украина се најголемите житници во Европа, а со тоа и најголемите извозници, па Германците веднаш почнаа да прават домашни залихи на брашно.

Германците се особено погодени од поскапувањето на горивата. Цената на бензините се стабилизира и моментално изнесува нешто повеќе од две евра за литар.

Германската влада во моментов се спротивставува на притисокот да се согласи на европско ембарго за увоз на нафта и гас од Русија, бидејќи е премногу зависна од руската нафта.

Прашањето за ембаргото за нафта не е прашање дали го сакаме или не, туку прашањето колку зависиме од нафтата, изјави синоќа пред новинарите германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Цените на лебот, тестенините и месото веќе растат во Италија, која увезува голем дел од пченицата од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка што се користи за добиточна храна.

Во Милано лепчињата моментално чинат и до осум евра за килограм, а во ноември за тоа требаше да се издвојат во просек по 4,25 евра.

Италијанците се жалат дека лебот, кој отсекогаш бил храна за сиромашните, станал „луксузна стока“. Тоа е причината што граѓаните одлучуваат да направат залихи на брашно за да можат сами да го испечат и да заштедат пари.

И покрај тоа што сум вегетаријанец, нема да проповедам дека секој треба да биде. Но, да го кажеме ова, јадењето помалку месо би било придонес во борбата против Путин“, изјави германскиот министер за земјоделство Џам Оздемир.

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Џосеп Борел, неодамна ги повика Европејците помалку да го користат системот за греење, за да ја пресечат како што рече „папочната врвца со Русија“.

Австрија се обидува да го надмине ефектот на бумеранг од западните санкции против Русија, меѓу другото, правејќи леб од конзерва. Рокот на траење на овој леб, кој е мешавина од повеќе видови житарки, е најмалку десет години.

The post Лебот и зејтинот станаа луксуз: Во ЕУ се плашат од недостиг на брашно и масло, продажбата ограничена на едно шише appeared first on Република.

]]>

Германските трговци се принудени да ја ограничат продажбата на масло за јадење на едно шише по потрошувач. Во многу земји од Европската унија постои вистинска борба за основните прехранбени производи. Светските медиуми јавуваат дека Европа, две години по недостатокот предизвикан од пандемијата на корона вирусот, повторно е погодена од панични набавки предизвикани од војната во Украина. Војната во Источна Европа ги зголеми цените на храната на глобално ниво бидејќи Русија и Украина произведуваат огромен дел од светските земјоделски залихи. „Фајненшл тајмс“ се повикува на податоци од Здружението на индустријата за преработка на маслодајни семиња во Германија, според кои речиси 90 отсто од лененото семе преработено во ЕУ се увезува. Здружението проценува дека војната во Украина најверојатно ќе предизвика недостиг на масло за јадење и сточна храна, што ќе биде многу тешко да се замени на краток рок. Новиот бран на акумулација на храна забрзано ги празни полиците на продавниците во Германија, а на удар се брашното и сончогледовото масло. Во некои продавници нема тестенини. Германските трговци беа принудени да ја намалат продажбата на масло за јадење во обид да спречат уште еден круг складирање залихи. Инаку, добро снабдените маркети имаат „голи полици“, каде најчесто се чува брашно и масла за јадење. Германските потрошувачи се жалат дека им било дозволено да купат само едно шише сончогледово масло. Ве молиме покажете солидарност, мислете на соседите и воздржете се од непотребни набавки, напишаа трговците пред супермаркетот „Пени“ во Франкфурт. За разлика од почетокот на пандемијата, кога Германците побрзаа да купат тоалетна хартија, поради војната во Украина, сега тие ги пустошат полиците со сончогледово масло и пченично брашно. Русија и Украина се најголемите житници во Европа, а со тоа и најголемите извозници, па Германците веднаш почнаа да прават домашни залихи на брашно. Германците се особено погодени од поскапувањето на горивата. Цената на бензините се стабилизира и моментално изнесува нешто повеќе од две евра за литар. Германската влада во моментов се спротивставува на притисокот да се согласи на европско ембарго за увоз на нафта и гас од Русија, бидејќи е премногу зависна од руската нафта. Прашањето за ембаргото за нафта не е прашање дали го сакаме или не, туку прашањето колку зависиме од нафтата, изјави синоќа пред новинарите германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Цените на лебот, тестенините и месото веќе растат во Италија, која увезува голем дел од пченицата од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка што се користи за добиточна храна. Во Милано лепчињата моментално чинат и до осум евра за килограм, а во ноември за тоа требаше да се издвојат во просек по 4,25 евра. Италијанците се жалат дека лебот, кој отсекогаш бил храна за сиромашните, станал „луксузна стока“. Тоа е причината што граѓаните одлучуваат да направат залихи на брашно за да можат сами да го испечат и да заштедат пари. И покрај тоа што сум вегетаријанец, нема да проповедам дека секој треба да биде. Но, да го кажеме ова, јадењето помалку месо би било придонес во борбата против Путин“, изјави германскиот министер за земјоделство Џам Оздемир. Министерот за надворешни работи на ЕУ, Џосеп Борел, неодамна ги повика Европејците помалку да го користат системот за греење, за да ја пресечат како што рече „папочната врвца со Русија“. Австрија се обидува да го надмине ефектот на бумеранг од западните санкции против Русија, меѓу другото, правејќи леб од конзерва. Рокот на траење на овој леб, кој е мешавина од повеќе видови житарки, е најмалку десет години.

The post Лебот и зејтинот станаа луксуз: Во ЕУ се плашат од недостиг на брашно и масло, продажбата ограничена на едно шише appeared first on Република.

]]>