празен стомак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prazen-stomak/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 19:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png празен стомак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prazen-stomak/ 32 32 Кафето на празен стомак предизвикува скок на шеќерот во крвта https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kafeto-na-prazen-stomak-predizvikuva-skok-na-shekerot-vo-krvta/ Sat, 07 Sep 2024 19:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=813240

Многумина од нас ги поврзуваат флуктуациите на шеќерот во крвта само со исхраната, верувајќи дека она што го јадеме директно влијае на нивото на гликоза во нашето тело. Иако исхраната игра клучна улога, постојат и други фактори кои можат да предизвикаат нерамнотежа на шеќерот во крвта кои немаат никаква врска со храната, вели на Инстаграм дипл. naturopath и претседател на Здружението Yellow Rope и ги наведува најчестите причини, како и начини за враќање на рамнотежата.

Недиететски причини за нерамнотежа на шеќерот во крвта:

  • Недостаток на сон или неквалитетен сон
  • Стрес (покачен кортизол)
  • Вештачки засладувачи
  • Хормонална нерамнотежа
  • Кафе на празен стомак
  • Недостаток на хранливи материи: витамин Д, магнезиум , хром, витамини Б (особено Б12 )
  • Нерамнотежа на цревната флора (нездрав микробиом)
  • Микотоксини (мувла)

Како да се балансира шеќерот во крвта?

  • Спијте квалитетно
  • Управувајте со стресот
  • Избегнувајте вештачки засладувачи
  • Вклучете доволно протеини и масти за време на лутеалната фаза (втората половина, од овулацијата до менструацијата) на менструалниот циклус
  • Обрнете внимание на тоа како се чувствувате по пиење кафе
  • Балансирајте ги оброците со протеини, здрави масти, јаглени хидрати богати со влакна и многу зеленчук
  • Направете лабораториски тестови за да го исклучите недостатокот на хранливи материи

The post Кафето на празен стомак предизвикува скок на шеќерот во крвта appeared first on Република.

]]>

Многумина од нас ги поврзуваат флуктуациите на шеќерот во крвта само со исхраната, верувајќи дека она што го јадеме директно влијае на нивото на гликоза во нашето тело. Иако исхраната игра клучна улога, постојат и други фактори кои можат да предизвикаат нерамнотежа на шеќерот во крвта кои немаат никаква врска со храната, вели на Инстаграм дипл. naturopath и претседател на Здружението Yellow Rope и ги наведува најчестите причини, како и начини за враќање на рамнотежата. Недиететски причини за нерамнотежа на шеќерот во крвта:
  • Недостаток на сон или неквалитетен сон
  • Стрес (покачен кортизол)
  • Вештачки засладувачи
  • Хормонална нерамнотежа
  • Кафе на празен стомак
  • Недостаток на хранливи материи: витамин Д, магнезиум , хром, витамини Б (особено Б12 )
  • Нерамнотежа на цревната флора (нездрав микробиом)
  • Микотоксини (мувла)

Како да се балансира шеќерот во крвта?

  • Спијте квалитетно
  • Управувајте со стресот
  • Избегнувајте вештачки засладувачи
  • Вклучете доволно протеини и масти за време на лутеалната фаза (втората половина, од овулацијата до менструацијата) на менструалниот циклус
  • Обрнете внимание на тоа како се чувствувате по пиење кафе
  • Балансирајте ги оброците со протеини, здрави масти, јаглени хидрати богати со влакна и многу зеленчук
  • Направете лабораториски тестови за да го исклучите недостатокот на хранливи материи

The post Кафето на празен стомак предизвикува скок на шеќерот во крвта appeared first on Република.

]]>
Што треба прво да се напиете на празен стомак? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shto-treba-prvo-da-se-napiete-na-prazen-stomak/ Sat, 18 Nov 2023 17:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=702969

Што прво треба да се напиете на празен желудник?

Доколку се напиете чаша вода не можете да згрешите, согласни се поголем дел од експертите. Како што истакнале за „Huff Post“ водата е корисна да се пие и доколку не сте жедни.

Можеби не мора нужно да чувствувате жед, но пиењето вода е здрава навика која овозможува да бидете адекватно хидрирани во текот на целиот ден, истакнува регистрираната диететичарка и нутриционистка Вики Шанта Ретелни.

Бројни истражувања покажале дека има многу предности во консумирањето вода штом станеме, а само некои од нив се чистење на цревата, детоксикација, помал ризик од главоболка, повеќе енергија.

Сепак, кога станува збор за детоксикацијата, бидете внимателни, не постојат пијалаци кои делуваат како филтер и ги исфрлаат лошите и нездрави супстанции од организмот, иако водата сигурно ќе ви помогне во чистењето на телото низ урината.

Не верувајте во ниеден напиток за кој се тврди дека ве детоксицира, вели Аманда Франкени.

Чаша вода со лимон – да или не?

Никој од експертите не сметал дека постои некоја посебна магија во водата со лимон, најчесто препорачаниот напиток за пиење на празен стомак.

Топлата вода е неверојатно смирувачка, а лимонот дава некој вкус. Лично, доколку пијам топол напиток повеќе сакам од него да добијам антиоксиданти, па предложувам наместо тоа да пиете зелен чај со лимон“.

Дали смее да се пие чај на празен стомак?

Според експертите чајот без оглед на која температура, секогаш е здрав избор.

Тоби Смитсон, нутриционистка која на 8 години ѝ бил дијагностициран дијабетес, вели дека секој ден го започнува со варен чај.

Истражувањата покажаа здравствени придобивки од чајот, вклучувајќи превенција и управување со дијабетес, напоменала таа.

The post Што треба прво да се напиете на празен стомак? appeared first on Република.

]]>

Што прво треба да се напиете на празен желудник? Доколку се напиете чаша вода не можете да згрешите, согласни се поголем дел од експертите. Како што истакнале за „Huff Post“ водата е корисна да се пие и доколку не сте жедни.
Можеби не мора нужно да чувствувате жед, но пиењето вода е здрава навика која овозможува да бидете адекватно хидрирани во текот на целиот ден, истакнува регистрираната диететичарка и нутриционистка Вики Шанта Ретелни.
Бројни истражувања покажале дека има многу предности во консумирањето вода штом станеме, а само некои од нив се чистење на цревата, детоксикација, помал ризик од главоболка, повеќе енергија. Сепак, кога станува збор за детоксикацијата, бидете внимателни, не постојат пијалаци кои делуваат како филтер и ги исфрлаат лошите и нездрави супстанции од организмот, иако водата сигурно ќе ви помогне во чистењето на телото низ урината.
Не верувајте во ниеден напиток за кој се тврди дека ве детоксицира, вели Аманда Франкени.
Чаша вода со лимон – да или не? Никој од експертите не сметал дека постои некоја посебна магија во водата со лимон, најчесто препорачаниот напиток за пиење на празен стомак.
Топлата вода е неверојатно смирувачка, а лимонот дава некој вкус. Лично, доколку пијам топол напиток повеќе сакам од него да добијам антиоксиданти, па предложувам наместо тоа да пиете зелен чај со лимон“.
Дали смее да се пие чај на празен стомак? Според експертите чајот без оглед на која температура, секогаш е здрав избор. Тоби Смитсон, нутриционистка која на 8 години ѝ бил дијагностициран дијабетес, вели дека секој ден го започнува со варен чај.