правосудство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pravosudstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 15:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правосудство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pravosudstvo/ 32 32 Маричиќ: Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-sudskite-reformi-preku-digitalizatsijata-na-pravosudstvoto-mora-da-bidat-vo-korist-na-graganite/ Tue, 31 Oct 2023 15:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=696769

Вицепремиерот Маричиќ на денешниот настан TAIEX Самит за пристап до правдата -современи достигнувања во дигитализацијата на правосудството се обрати преку видео порака истакнувајќи ја важноста на “Дигитализацијата на правосудството“ како тема која датира од неговиот претходен мандат во Владата, како министер за правда, започнувајќи го процесот на дигитализацијата на судскиот систем, во рамки на Стратегијата за реформа во правосудството 2017-2022, која продолжува и во периодот од 2023 до 2027 година.

„Со првите опремени судници и овозможувањето судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално.“

Во продолжение порача дека Владата останува цврсто на ставот дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност.

„Определбата за дигитализација на правосудтвото е во согласност и со приоритетот на актуелното шпанско претседателство со Европската Унија, за сеопфатно заокружување на процесот на дигитализација и внимателната апликација на регулативата за вештачка интелигенција. Тоа се исклучително значајни алатки за комуникација помеѓу земјите-членки и на агенцијата ЕВРОПРАВДА на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања“

За крај, Вицепремиерот Маричиќ истакна дека судските реформи мора да бидат во корист на граѓаните и дека неговите очекувања се фокусирани на интензивирање на реформите во правосудството, продолжување на соработката со ЕУ и со земјите членки на Унијата.

На настанот воведни обраќања имаа и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, генералниот директор за дигитална трансформација на администрацијата на правдата, Министерство за правда, Шпанија - Аитор Кубо Контрерас, настанот за почеток го модерираше проф д-р и судија Лазар Нанев.

The post Маричиќ: Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-revizorskiot-izveshtaj-vladata-kratela-pari-od-pravosudstvoto-za-da-dodeli-i-do-pet-pati-poveke-za-sebe/ Fri, 21 Jul 2023 11:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=663885

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај на усогласеност на Основниот буџет на Република Македонија (Буџет на РМ), со која се опфатени планирањето, подготовката, донесувањето и извршувањето на Буџетот за 2022 година. Според Извештајот, Владата одобрила пет пати повеќе пари од планираното во 2022 година за Министерството за транспорт и врски, себе си си доделила 2,5 пати повеќе плари од планираните но затоа им ги скратила парите на судството за 63 отсто повеќе од планираното, а на Јавното обвинителство наместо законските 0,4 отсто од БДП им дале 0,21 отсто од парите што им следуваат. Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто).

Буџетот за 2022 година изнесуваше приближно 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7 отсто, додека во однос на бараните пари од буџетските корисници е помал за 29 отсто, пишува ДЗР во најновиот Извештај.

Со ребалансот на буџетот од јули 2022 година, како и со две Одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите од ноември 2022 година, Владата го зголемила Основниот буџет за 2022 година за 8 отсто.

Според ДЗР, во континуитет се известува дека одобрените буџети на буџетските корисници не е во сооднос со реалните потреби за реализација на поставените цели. Иста е состојбата и за 2022 година, односно износот на одобрени пари од Основен буџет (сметка 637) е повисок за 21 отсто во однос на максималните износи на одобрени средства.

„Значително зголемување на одобрени средства за 2022 година има кај Министерството за транспорт и врски, кои во однос на претходната година се зголемени за околу 5 пати, поради воведување на новата владина програма 2М–Инвестиции во патна инфраструктура, за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп - Битола) . Исто така зголемување е утврдено и кај Владата, при што одобрениот буџет е за 2,5 пати поголем во однос на планираните максимални износи. Ваквата состојба е резултат на проширување на програмата П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки, во рамките на која опфатени се и мерки за други кризи, кои не биле планирани при подготовката на буџетот, кога максималните износи на расходи биле утврдени на пониско ниво во однос на 2021 година за околу 50 отсто“, констатирале ревизорите од ДЗР.

Планираното зголемување кај приходите е во насока на оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, додека кај планираното зголемување кај расходите во најголем дел е насочено кон реализација на дел од мерките на Владата за надминување на последиците од енергетската криза.

Ревизорите укажуваат дека имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, организациона структура, кадровската екипираност на Владата, поставеноста на внатрешните контроли, како и обврската за континуиран мониторинг и контрола над законското користење на доделените пари по основ на владини програми, потребно е „да се преиспита актуелниот начин на буџетирање каде со планирањето во најголем дел реализацијата на парите се врши преку разделот на Влада и да се распределат средствата во буџетите на одделните институции согласно законските надлежности кои ги врши секоја одделно“.

Освен ова ревизроите констатирале дека Владата при распределба на парите наместо да им ги додели законски предвидените средства на судовите и јавните обвинителства таа од нив кратела повеќе од половина од потребниот буџет.

„Исто така констатирано е дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3 отсто од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“, констатирал ДЗР.

Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет изнесува 5,1 отсто од БДП и истиот е 0,8 отсто над проектираниот процент од 4,3 отсто, предвиден во Фискалната стратегија за 2022-2024 (со изгледи до 2026 година).

Во однос на 2021 година учеството на буџетскиот дефицит во БДП е намален за 0,3 отсто, што укажува на стабилизација и намалување, но сепак неговото учество во БДП за 2022 година е на повисоко ниво во однос на годините пред здравствено-економската криза и според предвидувањата во фискалната стратегија се очекува истиот преку континуирано намалување во наредните години, во 2026 година да изнесува 2,2 отсто од БДП.

Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто)

The post Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај на усогласеност на Основниот буџет на Република Македонија (Буџет на РМ), со која се опфатени планирањето, подготовката, донесувањето и извршувањето на Буџетот за 2022 година. Според Извештајот, Владата одобрила пет пати повеќе пари од планираното во 2022 година за Министерството за транспорт и врски, себе си си доделила 2,5 пати повеќе плари од планираните но затоа им ги скратила парите на судството за 63 отсто повеќе од планираното, а на Јавното обвинителство наместо законските 0,4 отсто од БДП им дале 0,21 отсто од парите што им следуваат. Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто). Буџетот за 2022 година изнесуваше приближно 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7 отсто, додека во однос на бараните пари од буџетските корисници е помал за 29 отсто, пишува ДЗР во најновиот Извештај. Со ребалансот на буџетот од јули 2022 година, како и со две Одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите од ноември 2022 година, Владата го зголемила Основниот буџет за 2022 година за 8 отсто. Според ДЗР, во континуитет се известува дека одобрените буџети на буџетските корисници не е во сооднос со реалните потреби за реализација на поставените цели. Иста е состојбата и за 2022 година, односно износот на одобрени пари од Основен буџет (сметка 637) е повисок за 21 отсто во однос на максималните износи на одобрени средства. „Значително зголемување на одобрени средства за 2022 година има кај Министерството за транспорт и врски, кои во однос на претходната година се зголемени за околу 5 пати, поради воведување на новата владина програма 2М–Инвестиции во патна инфраструктура, за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп - Битола) . Исто така зголемување е утврдено и кај Владата, при што одобрениот буџет е за 2,5 пати поголем во однос на планираните максимални износи. Ваквата состојба е резултат на проширување на програмата П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки, во рамките на која опфатени се и мерки за други кризи, кои не биле планирани при подготовката на буџетот, кога максималните износи на расходи биле утврдени на пониско ниво во однос на 2021 година за околу 50 отсто“, констатирале ревизорите од ДЗР. Планираното зголемување кај приходите е во насока на оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, додека кај планираното зголемување кај расходите во најголем дел е насочено кон реализација на дел од мерките на Владата за надминување на последиците од енергетската криза. Ревизорите укажуваат дека имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, организациона структура, кадровската екипираност на Владата, поставеноста на внатрешните контроли, како и обврската за континуиран мониторинг и контрола над законското користење на доделените пари по основ на владини програми, потребно е „да се преиспита актуелниот начин на буџетирање каде со планирањето во најголем дел реализацијата на парите се врши преку разделот на Влада и да се распределат средствата во буџетите на одделните институции согласно законските надлежности кои ги врши секоја одделно“. Освен ова ревизроите констатирале дека Владата при распределба на парите наместо да им ги додели законски предвидените средства на судовите и јавните обвинителства таа од нив кратела повеќе од половина од потребниот буџет. „Исто така констатирано е дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3 отсто од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“, констатирал ДЗР. Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет изнесува 5,1 отсто од БДП и истиот е 0,8 отсто над проектираниот процент од 4,3 отсто, предвиден во Фискалната стратегија за 2022-2024 (со изгледи до 2026 година). Во однос на 2021 година учеството на буџетскиот дефицит во БДП е намален за 0,3 отсто, што укажува на стабилизација и намалување, но сепак неговото учество во БДП за 2022 година е на повисоко ниво во однос на годините пред здравствено-економската криза и според предвидувањата во фискалната стратегија се очекува истиот преку континуирано намалување во наредните години, во 2026 година да изнесува 2,2 отсто од БДП. Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто)  

The post Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе appeared first on Република.

]]>
По критиките од амбасадорот: Холандија ќе има свој експерт во работната група за патоказот за владеење на правото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-kritikite-od-ambasadorot-holandija-ke-ima-svoj-ekspert-vo-rabotnata-grupa-za-patokazot-za-vladeene-na-pravoto/ Sat, 10 Jun 2023 08:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=649826

По критиките од холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп за корупцијата и правосудството, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за МИА открива дека Холандија ќе испрати свој експерт во работаната група која што ќе го креира патоказот за владеење на правотo.

Она што можам да ви кажам е дека ние ја поканивме Холандија да испрати – номинира свој експерт во работната група која што ќе го креира патоказот за владеење на правото и тие тоа го прифатија и веќе имаме номинација, така што очекуваме под надзор на Холандија да се направи тој патоказ за владеење на правото за да имаат тие доверба дека сме ги предвиделе вистинските чекори како Влада за наредниот период што следува до членство и да направиме суштинска промена во сите области, вели Маричиќ на прашање на МИА дали можеби Холандија би била државата која што во текот на преговорите би ставила блокада доколку нема резултати во борбата против корупцијата.

Тој додава дека со Холандија имаме непосредна, директна отворена комуникација за ова и за сите други прашања и изрази очекување во наредниот период тој дијалог да се интензивира.

Важно е не само Холандија, туку и целата Европска Унија, да биде убедена дека ние ги преземаме вистинските чекори. Борбата против корупцијата и борбата за владеење на правото е долгорочен процес и секогаш ќе имаат и Холандија и граѓаните и сите други држави членки на ЕУ во Владата да речам сојузник по ова прашање и во дневната борба против корупцијата и во дневната борба со перцепцијата, но и во долгорочните мерки и системските одлуки што треба да се носат, вели Маричиќ во интервјуто за МИА.

The post По критиките од амбасадорот: Холандија ќе има свој експерт во работната група за патоказот за владеење на правото appeared first on Република.

Гир: Видовме висока корупција и враќање на пресудите на повторено судење – тоа е загрижувачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-vidovme-visoka-koruptsija-i-vrakane-na-presudite-na-povtoreno-sudene-toa-e-zagrizhuvachki/ Tue, 02 May 2023 19:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=636212

За Европската Унија, како што кажав, владеењето на правото е фундаментално и ако имате компромитирано судство тоа ќе влијае во иднина на обидите на консолидирана демократија и градење на напредна и развиена економија. Сериозно и одблизу ги следиме случувањата во правосудството. Нема да навлегувам во деталите од Судскиот совет, не сум упатен во нивните дискусии и не би било прикладно да го правам тоа но би го кажал следново - Судскиот совет е многу важно тело, одговорен е за промовирање и одбрана на независноста, интегритетот и професионалноста на судиите и затоа е важно што работи, какви одлуки носи и како се однесува, изјави вечерва евроамбасадрот во земјава Дејвид Гир.

Во однос на работата на Судскиот совет, Гир во гостувањето на ТВ Сител, вели дека многу е важно начинот на којшто работи тој, и, како што рече, во ниту еден момент да не стане предмет на надворешни политички вмешувања или финансиски интереси, зашто ако тоа се случи, според него, тогаш независноста на судиите ќе биде компромитирана, и конечно тоа ќе влијае на правото, генерално.

-Како што кажав, нема да шпекулирам за конкретните случувања во Судскиот совет, тоа е нешто што тие треба да го регулираат, но ќе кажам дека е многу важно, сите членови на Судскиот совет секогаш да дејствуваат со потребното ниво на непристрасност и во интерес и обезбедување независно и професионално судство кое дејствува со интегритет. Не затоа што тоа го бара Европската Унија, туку затоа што е во интерес на граѓаните, рече Гир.

На прашањето за ситуацијата со Советот на јавни обвинители, кои отворија етичка процедура против обвинителка која јавно ја критикуваше нивната работа и укажа дека постојат политички притисоци врз таа институција, вели дека предизвикот е ист и оти тие се одговорни за промовирање и одбрана на независноста, професионалноста и интегритетот на обвинителите и тоа, рече, е исклучително важна улога.

-Во врска со конкретниот случај кој го споменавте, не ги знам деталите не сакам конкретно да го коментирам, но би сакал да кажам дека е многу важно ако има свиркачи тие да можат да дејствуваат без страв од последици. Истовремено и свиркачите треба да бидат одговорни, оцени евроамбасадорот.

Во однос на тоа дали земјава се движи во вистинска насока во реформите во правосудството, како што ЕУ очекува, тој повтори дека одблизу ја следат ситуацијата во редовните извештаи за земјава и даваат оценка како сметаат дека се развиваат работите.

-Низ годините гледавме позитивен прогрес. Но, во последните месеци ние сме загрижени, видовме поголем број случаи, скоро како по шаблон на однесување, кои не се конзистентни со она што би го очекувале од земја која води преговори. Што мислам под земја која води преговори? Минатиот јули отворивте преговори за членство со ЕУ и тоа значи поинакви односи со високо ниво на посветеност. И очекуваме да видиме остварување на полето на владеењето на правото во позитивна смисла. И што мислам конкретно под загриженост? Тоа покрива широк спектар на проблеми кои беа и во фокусот на јавноста. Нема да ги коментирам конкретно, но ќе споменам области на загриженост - видовме во многу случаи кои се однесуваат на корупција на високо ниво одредени повторувања на однесувањето - со враќање на повторено судење и пресуди, кои влијаат на застарување на случаите. Тоа е загриженост. Можеби има силни оправдувања за тие индивидуални случаи, но целокупната повторувачка пракса е загрижувачка. Исотвремено, гледаме настани во Судскиот совет, со Обвининтелството за организиран криминал и коруоција, и сите тие отвораат прашалници, нагласи Гир.

За ЕУ, додаде евроамбасадорот, овој процес на пристапување ние ќе гледаме на овие прашања многу внимателно, низ микроископ, од денот број еден, до денот на зачленување во ЕУ, и затоа сите овие настани се следени и затоа изразуваме загриженост за сегашниот развој.

The post Гир: Видовме висока корупција и враќање на пресудите на повторено судење – тоа е загрижувачки appeared first on Република.

]]>

За Европската Унија, како што кажав, владеењето на правото е фундаментално и ако имате компромитирано судство тоа ќе влијае во иднина на обидите на консолидирана демократија и градење на напредна и развиена економија. Сериозно и одблизу ги следиме случувањата во правосудството. Нема да навлегувам во деталите од Судскиот совет, не сум упатен во нивните дискусии и не би било прикладно да го правам тоа но би го кажал следново - Судскиот совет е многу важно тело, одговорен е за промовирање и одбрана на независноста, интегритетот и професионалноста на судиите и затоа е важно што работи, какви одлуки носи и како се однесува, изјави вечерва евроамбасадрот во земјава Дејвид Гир. Во однос на работата на Судскиот совет, Гир во гостувањето на ТВ Сител, вели дека многу е важно начинот на којшто работи тој, и, како што рече, во ниту еден момент да не стане предмет на надворешни политички вмешувања или финансиски интереси, зашто ако тоа се случи, според него, тогаш независноста на судиите ќе биде компромитирана, и конечно тоа ќе влијае на правото, генерално.
-Како што кажав, нема да шпекулирам за конкретните случувања во Судскиот совет, тоа е нешто што тие треба да го регулираат, но ќе кажам дека е многу важно, сите членови на Судскиот совет секогаш да дејствуваат со потребното ниво на непристрасност и во интерес и обезбедување независно и професионално судство кое дејствува со интегритет. Не затоа што тоа го бара Европската Унија, туку затоа што е во интерес на граѓаните, рече Гир.
На прашањето за ситуацијата со Советот на јавни обвинители, кои отворија етичка процедура против обвинителка која јавно ја критикуваше нивната работа и укажа дека постојат политички притисоци врз таа институција, вели дека предизвикот е ист и оти тие се одговорни за промовирање и одбрана на независноста, професионалноста и интегритетот на обвинителите и тоа, рече, е исклучително важна улога.
-Во врска со конкретниот случај кој го споменавте, не ги знам деталите не сакам конкретно да го коментирам, но би сакал да кажам дека е многу важно ако има свиркачи тие да можат да дејствуваат без страв од последици. Истовремено и свиркачите треба да бидат одговорни, оцени евроамбасадорот.
Во однос на тоа дали земјава се движи во вистинска насока во реформите во правосудството, како што ЕУ очекува, тој повтори дека одблизу ја следат ситуацијата во редовните извештаи за земјава и даваат оценка како сметаат дека се развиваат работите.
-Низ годините гледавме позитивен прогрес. Но, во последните месеци ние сме загрижени, видовме поголем број случаи, скоро како по шаблон на однесување, кои не се конзистентни со она што би го очекувале од земја која води преговори. Што мислам под земја која води преговори? Минатиот јули отворивте преговори за членство со ЕУ и тоа значи поинакви односи со високо ниво на посветеност. И очекуваме да видиме остварување на полето на владеењето на правото во позитивна смисла. И што мислам конкретно под загриженост? Тоа покрива широк спектар на проблеми кои беа и во фокусот на јавноста. Нема да ги коментирам конкретно, но ќе споменам области на загриженост - видовме во многу случаи кои се однесуваат на корупција на високо ниво одредени повторувања на однесувањето - со враќање на повторено судење и пресуди, кои влијаат на застарување на случаите. Тоа е загриженост. Можеби има силни оправдувања за тие индивидуални случаи, но целокупната повторувачка пракса е загрижувачка. Исотвремено, гледаме настани во Судскиот совет, со Обвининтелството за организиран криминал и коруоција, и сите тие отвораат прашалници, нагласи Гир.
За ЕУ, додаде евроамбасадорот, овој процес на пристапување ние ќе гледаме на овие прашања многу внимателно, низ микроископ, од денот број еден, до денот на зачленување во ЕУ, и затоа сите овие настани се следени и затоа изразуваме загриженост за сегашниот развој.

The post Гир: Видовме висока корупција и враќање на пресудите на повторено судење – тоа е загрижувачки appeared first on Република.

]]>
Агелер: Ќе направам се да зајакне вербата во правосудството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-napravam-se-da-zajakne-verbata-vo-pravosudstvoto/ Wed, 08 Mar 2023 13:13:35 +0000 https://republika.mk/?p=617336

Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и изрази уверување дека интероперабилноста ќе ја подобри ефикасноста.

Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите - порача Агелер.

Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, нагласи Агелер, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани.

За тоа е потребно време. Не е нешто што еден компјутерски систем ќе го реши, но е приоритет и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам, заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Македонија во правосудството - порача Агелер.

Претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, изрази благодарноста за донацијата, која помага во секојдневната работа, а со крајна цел да овозможиме верба на граѓаните во институциите во системот и добивање на правда.

Се работи за сериозна донација што ќе ни помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект, затоа што многу побрзо можеме да работиме на одредени докази и прибирање доказен материјал - изјави Бубевски.

Се надеваме, посочи Бубевски, и на понатамошна соработка со американската амбасада преку обуки и друга помош.

The post Агелер: Ќе направам се да зајакне вербата во правосудството appeared first on Република.

]]>

Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и изрази уверување дека интероперабилноста ќе ја подобри ефикасноста.
Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите - порача Агелер.
Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, нагласи Агелер, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани.
За тоа е потребно време. Не е нешто што еден компјутерски систем ќе го реши, но е приоритет и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам, заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Македонија во правосудството - порача Агелер.
Претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, изрази благодарноста за донацијата, која помага во секојдневната работа, а со крајна цел да овозможиме верба на граѓаните во институциите во системот и добивање на правда.
Се работи за сериозна донација што ќе ни помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект, затоа што многу побрзо можеме да работиме на одредени докази и прибирање доказен материјал - изјави Бубевски.
Се надеваме, посочи Бубевски, и на понатамошна соработка со американската амбасада преку обуки и друга помош.

The post Агелер: Ќе направам се да зајакне вербата во правосудството appeared first on Република.

]]>
Грковска: Независноста која Уставот ја дава на правосудните органи години наназад беше злоупотребувана, тоа веќе не смее да се дозволи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-nezavisnosta-koja-ustavot-ja-dava-na-pravosudnite-organi-godini-nanazad-beshe-zloupotrebuvana-toa-veke-ne-smee-da-se-dozvoli/ Thu, 02 Feb 2023 11:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=603789

Треба да се направи многу повеќе од она што е направено до сега во борбата со корупцијата и организираниот криминал во Македонија, ако сакаме да чекориме напред во нашите политички процеси кои неминовно мора да се случат, затоа што граѓаните сакаат да видат видливи резултати“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за Гласот на Америка.

Наша задача е да ги лоцираме системските недостатоци и да ги подобриме со соодветни решенија со кои ќе се намали корупцијата во нашата земја. Сите заедно мораме да работиме на подигање на свесноста и одговорноста во носењето на одлуки. Токму затоа лично имав реакции на одлуките на јавното обвинителство и судството, потенцираше Грковска.

Таа нагласи дека токму уставната независност на овие органи треба да ги поттикне да работат транспарентно и одговорно при носењето на одлуки и нивното образложение пред граѓаните.  Повикувањето на транспарентно и отчетно работење на овие органи при носење на решенија и нивно образложение, додаде таа, не е мешање во работата на институциите, туку напротив е поттик за зголемување на нивната транспарентност, а со тоа и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и органите.

Судиите и јавните обвинителите треба да одговараат за злоупотреба на службена должност исто онака како и останатите функционери кои подлежат под истите закони како јавните обвинители и судии. Независноста која што Уставот ја дава на правосудниот систем  при работењето, години наназад беше користена како параван за самоволие при носењето на одлуки и истото повеќе не смее да се дозволи, посочи Грковска.

Вицепремиерката Грковска се осврна на поддршката што ја добиваме од меѓународната заедница во процесот во борбата со корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи дека тоа е стимул за побрзо, поотчетно и потранспарентно работење на институциите во овој политики процес.  Оваа поддршка, нагласи таа, мора сериозно да се сфати и заедно, во нашата земја самостојно да почнеме да ги решаваме состојбите кои се трули  и кои нé влечат наназад во сите процеси.

The post Грковска: Независноста која Уставот ја дава на правосудните органи години наназад беше злоупотребувана, тоа веќе не смее да се дозволи appeared first on Република.

Веќе нема ни 8 отсто: Довербата во правосудниот систем падна на 4% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vekje-nema-ni-8-otsto-doverbata-vo-pravosudniot-sistem-padna-na-4/ Mon, 19 Dec 2022 15:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=587724

Само 4 отсто од граѓаните целосно му веруваат нa правосудството, според најновата анкета на ИРИ, објавена денеска.

Претходни анкети покажуваа дека околу 8 отсто од граѓаните во Македонија веруваат во правосудството.

За една година довербата е намалена за дури 50 отсто.

https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-iri-ako-utre-ima-izbori-za-vmro-dpmne-bi-glasale-19-posto-od-gragjanite-za-sdsm-11/

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

The post Веќе нема ни 8 отсто: Довербата во правосудниот систем падна на 4% appeared first on Република.

]]>

Само 4 отсто од граѓаните целосно му веруваат нa правосудството, според најновата анкета на ИРИ, објавена денеска. Претходни анкети покажуваа дека околу 8 отсто од граѓаните во Македонија веруваат во правосудството. За една година довербата е намалена за дури 50 отсто. https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-iri-ako-utre-ima-izbori-za-vmro-dpmne-bi-glasale-19-posto-od-gragjanite-za-sdsm-11/

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

The post Веќе нема ни 8 отсто: Довербата во правосудниот систем падна на 4% appeared first on Република.

]]>
Тимот за санкции од Вашингот пристигна, поагресивно ќе истражува корупција кај поранешни и сегашни функционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/timot-za-sankcii-od-vashingot-pristigna-poagresivno-kje-istrazuva-korupcija-kaj-poraneshni-i-segashni-funkcioneri/ Tue, 06 Dec 2022 11:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=582513

Таканаречениот „тим за санкции“ од САД пристигна во Македонија и ќе врши „поагресивен“ увид во корупцијата на бивши и сегашни функционери. Ова на „Твитер“ го објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Тимот за санкции од Вашингтон е тука за да направи поагресивен увид на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На македонскиот правосуден сектор му требаат повеќе истраги и гонење, за да се покаже дека никој не е над законот, напиша Агелер на Твитер.

Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

The post Тимот за санкции од Вашингот пристигна, поагресивно ќе истражува корупција кај поранешни и сегашни функционери appeared first on Република.

]]>

Таканаречениот „тим за санкции“ од САД пристигна во Македонија и ќе врши „поагресивен“ увид во корупцијата на бивши и сегашни функционери. Ова на „Твитер“ го објави американската амбасадорка Анџела Агелер. Тимот за санкции од Вашингтон е тука за да направи поагресивен увид на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На македонскиот правосуден сектор му требаат повеќе истраги и гонење, за да се покаже дека никој не е над законот, напиша Агелер на Твитер. Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

The post Тимот за санкции од Вашингот пристигна, поагресивно ќе истражува корупција кај поранешни и сегашни функционери appeared first on Република.

]]>
Изборот на Весна Дамева е нов срам за македонското правосудство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izborot-na-vesna-dameva-e-nov-sram-za-makedonskoto-pravosudstvo/ Tue, 06 Dec 2022 08:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=582380

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е нов срам за македонското правосудство, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера за претседател на судски совет беше избран лик за кој постојат фотографии со Заев кои потврдуваат дека е париски активист и член на партиската комисија за правда во СДС. Скандалозен беше и самиот избор на Дамева за член на Советот, кога по предлог на Пендаровски од стручна соработничка во основен суд беше инсталирана во органот кој треба да одлучува за избор и оценување на работата на судии. Ете таков човек догура до позиција на претседател на Судски совет, иако нема облечено судска тога, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/posle-zoshto-osum-posto-doverba-vo-sudstvoto-vo-eden-den-den-ostavka-podnese-prviot-chovek-na-akademijata-na-sudii-i-obviniteli-i-poraneshnen-chlen-na-sdsm-stana-pretsedatel-na-sudski-sovet/

Распупеното судство од Заев, додаваат, Ковачевски продолжува да го распупува.

Како расте партизацијата на правосудството од страна на СДС и ДУИ, така се намалува довербата кај граѓаните. Правосудниот систем е во колапс.

Секој ден излегуваат скандали за неговата трулост. Колку што е скандалозен изборот на Дамева, исто толку скандалозен е и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Полагањето на правосудниот испит на синот на Талат Џафери кој е при крај со Академијата за судии и обвинители и со неправо ќе треба да дели право.

Оставката на претходничката на Дамева, Црвенковска која обвини за бизнис- судска клика.

Изборот на шефови на обвинителства само со еден кандидат, затоа што другите се под притисоци да не се пријават и уште многу други скандали за месец дена.

СДС и ДУИ црпнуваат партиски војници и ги ставаат на високи правосудни позиции за да може непречено да цвета криминалот и корупцијата на власта. Но времето на одговорност ќе дојде и за криминалците од власта и нивните заштитници во судството. Секој ќе одговара за тоа што го сторил, но и тоа што не се борел против криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Изборот на Весна Дамева е нов срам за македонското правосудство appeared first on Република.

]]>

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е нов срам за македонското правосудство, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера за претседател на судски совет беше избран лик за кој постојат фотографии со Заев кои потврдуваат дека е париски активист и член на партиската комисија за правда во СДС. Скандалозен беше и самиот избор на Дамева за член на Советот, кога по предлог на Пендаровски од стручна соработничка во основен суд беше инсталирана во органот кој треба да одлучува за избор и оценување на работата на судии. Ете таков човек догура до позиција на претседател на Судски совет, иако нема облечено судска тога, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/posle-zoshto-osum-posto-doverba-vo-sudstvoto-vo-eden-den-den-ostavka-podnese-prviot-chovek-na-akademijata-na-sudii-i-obviniteli-i-poraneshnen-chlen-na-sdsm-stana-pretsedatel-na-sudski-sovet/ Распупеното судство од Заев, додаваат, Ковачевски продолжува да го распупува.
Како расте партизацијата на правосудството од страна на СДС и ДУИ, така се намалува довербата кај граѓаните. Правосудниот систем е во колапс. Секој ден излегуваат скандали за неговата трулост. Колку што е скандалозен изборот на Дамева, исто толку скандалозен е и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Полагањето на правосудниот испит на синот на Талат Џафери кој е при крај со Академијата за судии и обвинители и со неправо ќе треба да дели право. Оставката на претходничката на Дамева, Црвенковска која обвини за бизнис- судска клика. Изборот на шефови на обвинителства само со еден кандидат, затоа што другите се под притисоци да не се пријават и уште многу други скандали за месец дена. СДС и ДУИ црпнуваат партиски војници и ги ставаат на високи правосудни позиции за да може непречено да цвета криминалот и корупцијата на власта. Но времето на одговорност ќе дојде и за криминалците од власта и нивните заштитници во судството. Секој ќе одговара за тоа што го сторил, но и тоа што не се борел против криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Изборот на Весна Дамева е нов срам за македонското правосудство appeared first on Република.

]]>
Утврдени измените за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/utvrdeni-izmenite-za-povisoki-plati-vo-pravosudniot-i-obvinitelskiot-sektor/ Wed, 25 May 2022 15:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=506858

Владата денеска ги прифати измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители.

Како што појаснува владината прес-служба, со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители.

Цел на предложените законски измени, додаваат, е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.

– Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15 посто, се вели во соопштението.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој, како што посочуваат од Владата, има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

– Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15 посто, стои во соопштението.

На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители.

– Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност, соопшти прес-службата на Владата.

Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието

The post Утврдени измените за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот сектор appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ги прифати измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Како што појаснува владината прес-служба, со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители. Цел на предложените законски измени, додаваат, е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност. Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.
– Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15 посто, се вели во соопштението.
Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој, како што посочуваат од Владата, има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.
– Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15 посто, стои во соопштението.
На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители.
– Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност, соопшти прес-службата на Владата.
Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието

The post Утврдени измените за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот сектор appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-percepcijata-za-pravosudstvoto-kje-se-podobri-ako-za-teshki-krivichni-dela-ima-proporcionalni-presudi/ Wed, 04 May 2022 09:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=497319

Перцепцијата за правосудството ќе се подобри само во оној момент кога ќе докажеме како држава дека навистина за тешки кривични дела без оглед од која сфера се, дали се работи за кривично дело – економскиот криминал, компјутерскиот итн., ќе има пресуди кои ќе бидат пропорционални на неправото. Во таа насока ги охрабруваме судовите, обвинителствата и сите други институции што правораздаваат да бидат на нивото на задачата во смисла на тоа дека навистина веќе е зрело време во Македонија да покажеме и на дело како треба да изгледа подобрувањето или квалитетот на правораздавањето.

Ова го изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања, на маргините на 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во С Македонија“ во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија.

Прашан за довербата во правосудството, Тупанчески потврди дека повеќе меѓународни фактори констатираа дека е ниска довербата во правосудството и тоа, според него, треба да се земе како факт, но и како поттик, мотивација за подобрување на состојбите на тој план.

Ние како Министерство за правда работиме интензивно не само на законодавната агенда затоа што констатиравме дека не е ништо ново ова што ќе го кажам дека не е проблемот само во квалитетот на законите, туку напротив и во начинот на кој тие се имплементираат. Често знам да кажам дека и најлошиот закон може да биде добар закон ако се применува неселективно. Во таа насока работиме на создавање на оптимални услови за правораздавање и во однос на она што се нарекува ефективно и ефикасно правосудство. Во таа насока говориме околу дигитализацијата на судството и јавното обвинителство од една страна, интероперабилноста или поврзаноста меѓу институциите каде што навистина се олесни процесот на добивање информации, меѓутоа и побрзо ќе се стигне до правдата, односно до вистината, подвлекува Тупанчески.

За можноста за ветинг во правосудството, тој посочува дека компаративното искуство во соседна Албанија покажа дека тоа не е најдобар рецепт или алгоритам за решавање на состојбите. Останува консеквентен на ставот дека во земјава може да се направи прочистување на судството и со постојната регулатива и со институциите што во моментов се активни како Судскиот совет, Советот на јавни обвинители доколку си ја завршат задачата како што треба. Постојат, вели, строги критериуми коишто налагаат доколку некои не работат според она што се нарекува стандард да биде разрешен, а и да биде казнет затоа што ниту судиите, ниту обвинителите не смеат да бидат над законот.

Во тој контекст би сакал да додадам, еве и денес ќе зборуваме за новата методологија за оценување на судиите, за квалитетот на судиите. Тоа значи пропис – подзаконски акт донесен година – година и пол наназад и од необјасниви причини беше неприменлив. Меѓутоа, дефинитивно еве веќе стигнуваме во период каде што тоа веќе од Судскиот совет е не само ветено, туку почнува да се имплементира таа методологија и верувам дека ќе даде резултат и на тој план ќе се подобрат драстично состојбите, нагласува министерот за правда.

Европските стандарди во однос на бројот на судии, вели тој, се јасни, и на 100 илјади жители би требало да има 21,5 (математички прецизно пресметано), а во нашата држава според тој стандард ние имаме повеќе судии отколку што ни треба. Меѓутоа, додава Тупанчески, факт е дека треба да се направи оптимизација и рационализација на судството затоа што, вели, најголемото оптоварување на судовите е токму во Скопје како најголем град со најголем број на жители.

The post Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди appeared first on Република.

]]>

Перцепцијата за правосудството ќе се подобри само во оној момент кога ќе докажеме како држава дека навистина за тешки кривични дела без оглед од која сфера се, дали се работи за кривично дело – економскиот криминал, компјутерскиот итн., ќе има пресуди кои ќе бидат пропорционални на неправото. Во таа насока ги охрабруваме судовите, обвинителствата и сите други институции што правораздаваат да бидат на нивото на задачата во смисла на тоа дека навистина веќе е зрело време во Македонија да покажеме и на дело како треба да изгледа подобрувањето или квалитетот на правораздавањето. Ова го изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања, на маргините на 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во С Македонија“ во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија. Прашан за довербата во правосудството, Тупанчески потврди дека повеќе меѓународни фактори констатираа дека е ниска довербата во правосудството и тоа, според него, треба да се земе како факт, но и како поттик, мотивација за подобрување на состојбите на тој план.
Ние како Министерство за правда работиме интензивно не само на законодавната агенда затоа што констатиравме дека не е ништо ново ова што ќе го кажам дека не е проблемот само во квалитетот на законите, туку напротив и во начинот на кој тие се имплементираат. Често знам да кажам дека и најлошиот закон може да биде добар закон ако се применува неселективно. Во таа насока работиме на создавање на оптимални услови за правораздавање и во однос на она што се нарекува ефективно и ефикасно правосудство. Во таа насока говориме околу дигитализацијата на судството и јавното обвинителство од една страна, интероперабилноста или поврзаноста меѓу институциите каде што навистина се олесни процесот на добивање информации, меѓутоа и побрзо ќе се стигне до правдата, односно до вистината, подвлекува Тупанчески.
За можноста за ветинг во правосудството, тој посочува дека компаративното искуство во соседна Албанија покажа дека тоа не е најдобар рецепт или алгоритам за решавање на состојбите. Останува консеквентен на ставот дека во земјава може да се направи прочистување на судството и со постојната регулатива и со институциите што во моментов се активни како Судскиот совет, Советот на јавни обвинители доколку си ја завршат задачата како што треба. Постојат, вели, строги критериуми коишто налагаат доколку некои не работат според она што се нарекува стандард да биде разрешен, а и да биде казнет затоа што ниту судиите, ниту обвинителите не смеат да бидат над законот.
Во тој контекст би сакал да додадам, еве и денес ќе зборуваме за новата методологија за оценување на судиите, за квалитетот на судиите. Тоа значи пропис – подзаконски акт донесен година – година и пол наназад и од необјасниви причини беше неприменлив. Меѓутоа, дефинитивно еве веќе стигнуваме во период каде што тоа веќе од Судскиот совет е не само ветено, туку почнува да се имплементира таа методологија и верувам дека ќе даде резултат и на тој план ќе се подобрат драстично состојбите, нагласува министерот за правда.
Европските стандарди во однос на бројот на судии, вели тој, се јасни, и на 100 илјади жители би требало да има 21,5 (математички прецизно пресметано), а во нашата држава според тој стандард ние имаме повеќе судии отколку што ни треба. Меѓутоа, додава Тупанчески, факт е дека треба да се направи оптимизација и рационализација на судството затоа што, вели, најголемото оптоварување на судовите е токму во Скопје како најголем град со најголем број на жители.

The post Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди appeared first on Република.

]]>
Вработените во управата и правосудството со двочасовен прекин на работата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-vo-upravata-i-pravosudstvoto-so-dvochasoven-prekin-na-rabotata/ Thu, 07 Apr 2022 06:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=484476

Вработените во управата и правосудството денеска и утре нема да работат од 10 до 12 часот. Причина за прекинот на работата се барањата за исплата на минимална плата и линеарно зголемување на останатите плати за 2.806 денари.

Според најавите на Синдикатот на управата, правосудството и здруженија на граѓани (УПОЗ), ќе се протестира во сите оние институции каде имаат синдикални организации, како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови.

Од Синдикатот велат дека во 95 проценти од институциите не се исплаќа минимална плата, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат минималната плата, а дел што веќе ја исплатиле направиле грешки и исплатиле само минимална плата без вклучен стаж.

Досега не добиле покана од Владата за преговори, а притисокот од членството е голем и се бара прекинот на работата да продолжи.

Поддршка вчера добија од Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму побараа да не се тактизира со усогласувањето на останатите плати со минималната плата. Доколку се тактизира, како што посочија, следните чекори што ќе бидат преземени, ќе бидат чисто работнички и синдикални за изразување на работничкото незадоволството, за што одлука ќе биде донесена в петок на седница на Претседателството и Советот на ССМ.

The post Вработените во управата и правосудството со двочасовен прекин на работата appeared first on Република.

]]>

Вработените во управата и правосудството денеска и утре нема да работат од 10 до 12 часот. Причина за прекинот на работата се барањата за исплата на минимална плата и линеарно зголемување на останатите плати за 2.806 денари. Според најавите на Синдикатот на управата, правосудството и здруженија на граѓани (УПОЗ), ќе се протестира во сите оние институции каде имаат синдикални организации, како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови. Од Синдикатот велат дека во 95 проценти од институциите не се исплаќа минимална плата, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат минималната плата, а дел што веќе ја исплатиле направиле грешки и исплатиле само минимална плата без вклучен стаж. Досега не добиле покана од Владата за преговори, а притисокот од членството е голем и се бара прекинот на работата да продолжи. Поддршка вчера добија од Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму побараа да не се тактизира со усогласувањето на останатите плати со минималната плата. Доколку се тактизира, како што посочија, следните чекори што ќе бидат преземени, ќе бидат чисто работнички и синдикални за изразување на работничкото незадоволството, за што одлука ќе биде донесена в петок на седница на Претседателството и Советот на ССМ.

The post Вработените во управата и правосудството со двочасовен прекин на работата appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-zalozbata-za-moderno-i-efikasno-sudstvo-poleka-no-sigurno-dava-rezultati/ Thu, 10 Mar 2022 12:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=470669

Министерот за правда, Никола Тупанчески, потпиша девет договори за размена на податоци со државните институции, кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците, за што ја изрази неговото задоволство од постигнатите резултати и од започнувањето на процесот на интероперабилност.

Судовите за почеток ќе овозможат користење на четири веб сервисни услуги од базите на податоци, а во наредниот периодот таа бројка постепено ќе се зголемува. Со оглед на комплексноста и сложеноста на процесот денес започнува ново поглавје во македонскиот правосуден систем, како прва земја од земјите од регионот во која 34 суда кои се приклучени на Националната платформа за интероперабилност, со потпишувањето на договорите, наместо со физичка размена на податоците целиот процес ќе го водат преку платформата за интероперабилност, рече министерот Тупанчески.

Министерот се осврна на придобивките што со себе ги носи вештачката интелигенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките, во насока на поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правдата.

ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките. Верувам дека овој чекор, за сите учесници во судските процеси, ќе се овозможи побрзо одлучување и суштинско елиминирање на неефикасноста на правосудниот систем, додаде министерот.

Договорите беа потпишани со следните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Македонија, Централен регистар, Царинската управа, Државната изборна комисија, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство.

Владата на Република Македонија минатата година го донесе Оперативниот план за дигитализација на правосудните органи, при што Министерството за правда преку Советот за ИКТ изминатите месеци интензивно работеше на операционализација на активностите за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции и тоа 34 суда и државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

The post Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Никола Тупанчески, потпиша девет договори за размена на податоци со државните институции, кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците, за што ја изрази неговото задоволство од постигнатите резултати и од започнувањето на процесот на интероперабилност.
Судовите за почеток ќе овозможат користење на четири веб сервисни услуги од базите на податоци, а во наредниот периодот таа бројка постепено ќе се зголемува. Со оглед на комплексноста и сложеноста на процесот денес започнува ново поглавје во македонскиот правосуден систем, како прва земја од земјите од регионот во која 34 суда кои се приклучени на Националната платформа за интероперабилност, со потпишувањето на договорите, наместо со физичка размена на податоците целиот процес ќе го водат преку платформата за интероперабилност, рече министерот Тупанчески.
Министерот се осврна на придобивките што со себе ги носи вештачката интелигенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките, во насока на поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правдата.
ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките. Верувам дека овој чекор, за сите учесници во судските процеси, ќе се овозможи побрзо одлучување и суштинско елиминирање на неефикасноста на правосудниот систем, додаде министерот.
Договорите беа потпишани со следните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Македонија, Централен регистар, Царинската управа, Државната изборна комисија, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство. Владата на Република Македонија минатата година го донесе Оперативниот план за дигитализација на правосудните органи, при што Министерството за правда преку Советот за ИКТ изминатите месеци интензивно работеше на операционализација на активностите за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции и тоа 34 суда и државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

The post Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати appeared first on Република.

]]>