правосуден испит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pravosuden-ispit/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Apr 2023 22:03:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правосуден испит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pravosuden-ispit/ 32 32 Русковска почна да го вади валканиот веш: На Фетаи ѝ беше дозволено да полага правосуден испит пред време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-pochna-da-go-vadi-valkaniot-vesh-na-fetai-beshe-dozvoleno-da-polaga-pravosuden-ispit-pred-vreme/ Tue, 04 Apr 2023 06:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=626902

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи го полагала правосудниот испит пред време, а ова ѝ го дозволил тогашниот министер за правда Михајло Маневски, тврди поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Според Русковска, Фетаи ја добила оваа привилегија поради тоа што се покажала како исклучително добар студент.

Ѝ беше дозволено со само една година стаж по завршување на факултетот, да полага правосуден испит пред време. Тоа не беше тајна, сите знаевме во тоа време. Она имаше завршено Правен факултет, и наместо две години стаж во правосудство, она после една година од страна на тогашниот министер полагаше  правосуден. Образложението беше како многу добар, исклучиво добар студент. Затоа никој не го сфати тоа како погрешно – рече Русковска.

The post Русковска почна да го вади валканиот веш: На Фетаи ѝ беше дозволено да полага правосуден испит пред време appeared first on Република.

]]>

Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veli-i-jas-sum-dete-na-sudija-sekade-e-ubava-traditsija-a-kaj-nas-e-nepotizam/ Sun, 05 Mar 2023 16:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=616129

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам, вели за „Детектор“, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители.

Според него, кој и самиот е дете на судија, децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи доколку сакаат и можат да станат дел од правосудниот систем, но како што вели, критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.

Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството, рече Вели за Детектор.

The post Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам appeared first on Република.

]]>

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам, вели за „Детектор“, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители. Според него, кој и самиот е дете на судија, децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи доколку сакаат и можат да станат дел од правосудниот систем, но како што вели, критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.
Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството, рече Вели за Детектор.

The post Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам appeared first on Република.

]]>
За Нухиу, ако си полагал правосуден пред време не си ти крив, комисијата е https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-nuhiu-ako-si-polagal-pravosuden-pred-vreme-ne-si-ti-kriv-komisijata-e/ Wed, 28 Dec 2022 14:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=591070

Министерството за правда ќе иницира нов законски акт документите за полагање правосуден испит да се чуваат најмалку десет години во електронска форма, наместо една година како досега, изјави денеска на брифинг со медиумите, министерот за правда Никола Тупанчески.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу, во однос на аферата со дипломите и дали некој може да полага правосуден испит без соодветна диплома, вели дека ако треба да се бара одговорност, тоа треба на Комисијата, а не кандидатот да биде мета бидејќи, според него, тој нема вина.

Министерството за правда и Комисијата за полагање на правосуден испит е административно тело. Никој не може без докази да донесе решение, одлука, заклучок и слично. Не може врз основа на дискреционо право. Има недостаток во однос на времето кога се пријавени документите, изјави Нухиу.

The post За Нухиу, ако си полагал правосуден пред време не си ти крив, комисијата е appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда ќе иницира нов законски акт документите за полагање правосуден испит да се чуваат најмалку десет години во електронска форма, наместо една година како досега, изјави денеска на брифинг со медиумите, министерот за правда Никола Тупанчески. Заменик министерот за правда Агим Нухиу, во однос на аферата со дипломите и дали некој може да полага правосуден испит без соодветна диплома, вели дека ако треба да се бара одговорност, тоа треба на Комисијата, а не кандидатот да биде мета бидејќи, според него, тој нема вина.
Министерството за правда и Комисијата за полагање на правосуден испит е административно тело. Никој не може без докази да донесе решение, одлука, заклучок и слично. Не може врз основа на дискреционо право. Има недостаток во однос на времето кога се пријавени документите, изјави Нухиу.

The post За Нухиу, ако си полагал правосуден пред време не си ти крив, комисијата е appeared first on Република.

]]>
Кадиев: Во законите нема можност за предвремено полагање правосуден, ниту дипломи се издаваат поради техничка грешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kadiev-vo-zakonite-nema-moznost-za-predvremeno-polaganje-pravosuden-nitu-diplomi-se-izdavaat-poradi-tehnichka-greshka/ Thu, 01 Dec 2022 07:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=580276

Во 2013 година важел еден закон, сега има нов закон кој што, очигледно, воведува нова одредба, нов став кој вели дека предвременото полагање на правосуден испит е забрането, посочи адвокатот Дељо Кадиев во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ во однос на „жешката“ тема што деновиве е актуелна во јавноста во врска со предвременото полагање на правосуден испит.

Меѓутоа, ако го гледате стариот закон, никаде не пишува дека е дозволено. И јас не можам да се сложам дека во законот од 2013 година, министерот имал дискреционо право да дозволи предвремено полагање. Тоа никаде во законот го нема. Останува да се замислиме како е дојдено до полагање, доколку е предвремено, а очигледно е предвремено од она што го слушаме во изјавите на сите чинители“, потенцира Кадиев.

Тој ја нагласи и „наводната техничка грешка“, верзија што се провлекува во јавноста, во што тој не верува.

Намерно ја потенцирам „наводна техничка грешка“, бидејќи не може некого да измешате по некој стар систем кој што имаше диплома 7/1, 7/2, магистерски 7/3, докторски студии и Болоњскиот систем кој што воведува ЕКТС кредити. Законот е јасен и во едниот и во другиот случај. Не можете да ги помешате тие два случаја. Законот за високо образование вели „да, ќе биде дипломиран и би се стекнал со звање дипломиран правник и со 180 ЕКТС, меѓутоа не може никако да ставите дека имал 7/1 ако студирал по Болоњски систем“, вели Кадиев.

Тој истакна дека настапената неможност за правење на проверки е она што најмногу го загрижува, затоа што тогашниот функционер издал наредба за чување на материјалот само една година.

Јас го отворив и Законот за архивско работење и такви рокови за чување на материјал не постојат. Еве, и ние адвокатите кои работиме и како агенти за регистрација, мораме да чуваме најмалку пет години, па да предадеме документација од регистрација на една фирма во Архивот на Македонија. А, замислете која дискрепанца има од полагање на правосуден испит и регистрација на една фирма“, истакна Кадиев.

The post Кадиев: Во законите нема можност за предвремено полагање правосуден, ниту дипломи се издаваат поради техничка грешка appeared first on Република.

Не е само синот на Талат Џафери, предвреме масовно се полагал правосудниот испит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-samo-sinot-na-talat-dzaferi-predvreme-masovno-se-polagal-pravosudniot-ispit/ Tue, 29 Nov 2022 14:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=579641

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска истакна дека предвременото полагање правосуден испит било масовна појава во тоа време, кога и синот на Талат Џафери, Барлет Џафери положил правосуден испит пред да дипломира.

Ивановска за ТВ Телма,рече дека погрешно се толкува во јавноста дека ДКСК не отвора предмет за случајот со Барлет Џафери. Таа вели „не дека не сакаме, туку до тука можеме да истражуваме“.

Начнавме еден случај, но за жал мислам тоа било масовна појава во тоа време. Привлече за уши дека е син на познат функционер, но веднаш после тој предмет јас кажав за уште еден таков случај, но не допре до јавноста бидејќи не е познат - рече Ивановска.

Тоа што падна во очи, вели таа, е тоа што воочиле дека во февруари 2015 година Џафери го положил правосудниот испит, а во јули истата година се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии.

Претседателката на ДКСК посочи дека не можеле да откријат кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме.

И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука - рече Ивановска, додавајќи дека податоци побарале од сите институции и оти таргет за нив се службените лица.

Од тогаш, како што рече, поминати се седум години и делото е застарено. Меѓутоа, додаде, за да покренат каква било иницијатива треба да имаат документ, бидејќи со претпоставка не можат.

Ние го извадивме случајот на виделина. Во тоа време ова било појава. До мене стигнуваат информации дека многу лица се пријавувале да полагаат предвреме правосуден испит, како да имало сива зона во тој период - нагласи Ивановска.

Затоа, како што заклучи, нивната препорака што произлезе од последната седница, е Министерството за правда на веб-страницата да си отворат место со документи на сите кои се пријавиле како кандидати за правосуден испит и да не се ништат, а од инспекторите побарале да утврдат дали се применуваат законските одредби или повторно се прават злоупoтреби.

Ние треба да имаме систем отпорен на непотизам и корупција кој сам ќе ги отфрла. Може тие деца вредат, но може не вредат, а земаат место на тие штo вредат - рече Ивановска.

The post Не е само синот на Талат Џафери, предвреме масовно се полагал правосудниот испит appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска истакна дека предвременото полагање правосуден испит било масовна појава во тоа време, кога и синот на Талат Џафери, Барлет Џафери положил правосуден испит пред да дипломира. Ивановска за ТВ Телма,рече дека погрешно се толкува во јавноста дека ДКСК не отвора предмет за случајот со Барлет Џафери. Таа вели „не дека не сакаме, туку до тука можеме да истражуваме“.
Начнавме еден случај, но за жал мислам тоа било масовна појава во тоа време. Привлече за уши дека е син на познат функционер, но веднаш после тој предмет јас кажав за уште еден таков случај, но не допре до јавноста бидејќи не е познат - рече Ивановска.
Тоа што падна во очи, вели таа, е тоа што воочиле дека во февруари 2015 година Џафери го положил правосудниот испит, а во јули истата година се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии. Претседателката на ДКСК посочи дека не можеле да откријат кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме.
И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука - рече Ивановска, додавајќи дека податоци побарале од сите институции и оти таргет за нив се службените лица.
Од тогаш, како што рече, поминати се седум години и делото е застарено. Меѓутоа, додаде, за да покренат каква било иницијатива треба да имаат документ, бидејќи со претпоставка не можат.
Ние го извадивме случајот на виделина. Во тоа време ова било појава. До мене стигнуваат информации дека многу лица се пријавувале да полагаат предвреме правосуден испит, како да имало сива зона во тој период - нагласи Ивановска.
Затоа, како што заклучи, нивната препорака што произлезе од последната седница, е Министерството за правда на веб-страницата да си отворат место со документи на сите кои се пријавиле како кандидати за правосуден испит и да не се ништат, а од инспекторите побарале да утврдат дали се применуваат законските одредби или повторно се прават злоупoтреби.
Ние треба да имаме систем отпорен на непотизам и корупција кој сам ќе ги отфрла. Може тие деца вредат, но може не вредат, а земаат место на тие штo вредат - рече Ивановска.

The post Не е само синот на Талат Џафери, предвреме масовно се полагал правосудниот испит appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Масовно се полагало предвреме правосуден испит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-masovno-se-polagalo-predvreme-pravosuden-ispit/ Mon, 28 Nov 2022 19:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=579350

Државната комисија за спречување на корупција ја прекинало постапката за тоа како синот на Талат Џафери, успеал да добие право да полага, и да положи правосуден испит, пред да ги заврши магистерските судии. Претседателката на комисијата Билјана Ивановска негира дека не сакале да постапуваат, туку едноставно ги исцрпиле инструментите и истрагата со тоа завршила.

Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме. И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука, рече Ивановска.

Во вечерашната Топ Тема на Телма, Ивановска рече дека истрагата на антикорупционерите, која ја започнале по анонимна пријава, била насочена кон откривање кој му дозволил на помладиот Џафери да полага правосуден испит за да аплицира на Академијата за судии и јавни обвинители.

Гледајќи ги документите кои што ни ги достави академијата воочивме дека во фебруари 2015 го положил правосудниот испит, а во јули истата година, значи пет месеци подоцна, се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии. И тука почнавме да истрасжуваме. Се обративме до Министерството за правда, да ни ги достават документите од барањето на кандидатот што го доставил до правда. Да видиме што содржело тоа барање, кој го примил тоа барање и кој издал решение дека кандидатот ги исполнува условите. Дали министерот или од министерот овластено лице. Од правда веднаш не известија дека тие документи се чуваат само една година, тоа е така затоа што министерот одлучил така, рече Ивановска.

Тогашниот министер за правда, Аднан Јашари, претходно тврдеше дека во стариот закон имало дискреционо право, но таа пракса била прекината по носењето на законот во 2019 година. Но, Ивановска тврди дека ниту во стариот закон немало такво право.

Нема дискреционо право, на што ќе се заснова тоа дискреционо право, врз основа на што тој треба да одлучи дејка на некому ќе му даде право да полага? Тоа е злоупотреба веќе, ако имало такво дискреционо право, тврди претседателката на Антикорупциската комисија.

Ивановска исто така откри дека антикорупционерите во истрагата дошле до заклучок дека во тоа време дозволувањето да се полага правосуден испит пред да се завршат мастер студиите било масовна појава.

Не можам бројка да кажам, меѓутоа до мене стигнуваат инфомрации дека многу, многу лица се пријавувале да полагаат предвреме правосуден испит. Има еден период каде што навистина било сива зона, рече Ивановска.

Според неа имало еден период со воведувањето на болоњскиот систем кога настануваат некои недоследности. Претходно се студирало 4 години, па со болоњскиот систем биле намалени на три, за кои се добивале 180 кредити, а останатите 120, од потребните 300 за полагање правосуден испит, се добивале со завршување на магистерските студии. Но, Барлет завршил три години и добил 7/1 квалификација, што според Ивановска можеби му ја отворило вратата во Министерството за правда, за предвреме да полага правосуден испит. Вели дека се обратиле до инспекторатот за образование, на Универзитетот на ЈИЕ да го провери периодот од 2008 до 2012, и да види колку има такви студенти што завршиле три години а добиле 7/1 степен на образование.

Знаете која е бројката? 449 студенти. Значи тоа е појава, тие сигурно не чекале да им дојде рокот за да полагаат правосуден испит. Претпоставувам, ама не можеме да докажеме. Дали таа квалификација од 7/1 му ја отворило вратата во Министерството за правда, за да полага правосуден, значи тоа е прашалникот кој што се појавува кај нас. Реално, тој немал толку кредити, меѓутоа, со тоа 7/1 можеби тоа му ја отворило вратата во Министерството за правда, но кој може тоа да го докаже. Прво, седум години се поминати, значи делото е секако застарено, а и да не е, пак ние треба да покренеме постапка против службено лице, затоа што секој како него може да поднесе документи. Ние треба систем да градиме. системот да ги отфрла тие што не ги исполнуваат условите, вели Иавановска.

The post Ивановска: Масовно се полагало предвреме правосуден испит appeared first on Република.