православна охридска архиепископија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pravoslavna-ohridska-arhiepiskopija/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Nov 2022 15:56:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png православна охридска архиепископија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pravoslavna-ohridska-arhiepiskopija/ 32 32 Црквата со јасна порака: Историската комисија да ги тргне рацете од Охридската архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crkvata-so-jasna-poraka-istoriskata-komisija-da-gi-trgne-racete-od-ohridskata-arhiepiskopija/ Sat, 26 Nov 2022 15:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=578526

Црковните прашања не смеат да бидат тема на дискусија на мешовитата историска комисија. Охридската Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, порача претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници Даријан Сотировски. Тој во изјава за „Сител“ порача дека сите прашања поврзани со црквата не смеат да бидат тема на дискусија на оваа мешовита комисија и им порача на македонските историчари да бидат многу внимателни и одговорни доколку вакво нешто се бара од нив.

Oхридската архиепископија и како историска категорија и денес како македонска црковна реалност посебно е целосно заокружена, чиста и јасна и не гледам причина зошто тука треба да се отвораат проблеми, вели тој.

Црквата има свои правила и догми кои ги почитува целиот православен свет и државата ќе биде одговорна доколку не го отфрли обидиот да се отвори било какво прашање за црквата. Владиката Петар потенцира, фактот дека Охридската архиепископија никогаш не била бугарска го признаваат и пишуваат најреноминираните професори од Бугарија за историски и црковни прашања.

Историската комисија нема право на тоа, таа треба категорички да отфрли секаков обид да се оптпочнат било какви разговори за Охридската архиепископија, дури не требаше да водат разговори ни за Свети Кирил и Методиј, ни за Свети Климент, Свети Наум...Ако тоа се случи тогаш одговорноста и срамот за такво нешто ќе падне врз тие личности, комисии, кои биле соработници со нашите непријатели околу идентитетот и национален и црковен, вели владиката Петар.

Дека историчарите не смееле да дозволат да се разговара ниту за Св. Просветители Кирил и Методиј сметаат и аналитичарите. Атанасовски е скептичен дека се можни компромисни решенија бидејќи кај бугарската страна не гледа волја кај политичка и научноопштествена јавност. Прашање е кога повторно ќе го искористат правото на вето.

The post Црквата со јасна порака: Историската комисија да ги тргне рацете од Охридската архиепископија appeared first on Република.

]]>

Владиците од ПОА ќе добијат епархии? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladicite-od-poa-kje-dobijat-eparhii/ Wed, 31 Aug 2022 17:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=546191

Се договоривме дека наскоро треба да се договориме, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар на прашањето на „Плусинфо“ какви одлуки биле донесени на вчерашната седница на Синодот, а во поглед на интеграцијата на архијереите од Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Како што објасни владиката, црковниот врв на МПЦ-ОА наскоро ќе се сретне со владиците од ПОА и на таа средба ќе им бидат претставени, односно понудени неколку предлози за нивна интеграција.

На синодската седница донесовме одлука дека треба да седнеме на иста маса со архијереите од ПОА и да разговараме очи в очи. Откако ќе го одржиме тој состанок, а ве уверувам дека ќе биде за брзо време, тогаш ќе се знае отприлика во која насока ќе се движат работите во поглед на нивното прашање. Но, гледано од аспект дека ние веќе сме автокефална црква, автоматски на некој начин е решено нивното прашање. Ова го кажувам во смисла дека не може да има паралелна канонска црква на една иста територија. Многу добро знаеме дека Српската православна црква ја воспостави ПОА на нашата територија, но истата таа СПЦ сега нам ни додели автокефалност и со самото тоа се укинува функционирањето на ПОА. Сега се поставува само прашањето како ќе се интегрираат владиците од ПОА во нашата црква. Јас мислам дека е сосема разбирливо дека таа интеграција мора да биде во договор со нив, објасни владиката.

На прашањето дали е сѐ уште во игра сценариото да се испрати во пензија поглаварот на ПОА, г.г. Јован, еден епископ да остане под капата на СПЦ, а останатите двајца владици во улога на хороепископи да заминат во манастир, владиката Петар тврди дека сѐ е можно.

Секако дека постојат такви размислувања и кај нас и кај СПЦ, но тоа не е ништо конкретно и конечно. Станува збор за можности како да се изнајде некое најбезболно решение за да се надмине тоа прашање, изјави г. Петар.

Од ПОА за „Плусинфо“ кратко одговорија дека засега до нив не е пристигната никаква покана за состанок со црковниот врв на МПЦ-ОА.

The post Владиците од ПОА ќе добијат епархии? appeared first on Република.

]]>

Се договоривме дека наскоро треба да се договориме, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар на прашањето на „Плусинфо“ какви одлуки биле донесени на вчерашната седница на Синодот, а во поглед на интеграцијата на архијереите од Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА). Како што објасни владиката, црковниот врв на МПЦ-ОА наскоро ќе се сретне со владиците од ПОА и на таа средба ќе им бидат претставени, односно понудени неколку предлози за нивна интеграција.