правен факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/praven-fakultet/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 08:53:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правен факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/praven-fakultet/ 32 32 Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megunaroden-simpozium-za-vizantiski-i-srednovekovni-studii-denovi-na-justinijan-i/ Fri, 01 Nov 2024 08:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=832999

Свеченото отворање на овогодинешното дванаесетто по ред издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. Отворањето ќе се одржи на 1 ноември (петок), во 10 часот во Музејот на македонската борба.

Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” е традиционално поддржан и вклучен во годишната програма на Министерството за култура и туризам, како и од Италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана Прва и Винаријата Стоби.

На свеченото отварање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, проф.д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Дејан Борисов, Декан на Православниот богословски факултет „св. Климент Охридски“, г-а Анче Илиевска, Директор на Музејот на македонската борба, Н.Е. Марио Де Роса, Заменик амбасадор на Република Италија, г-а Марија Ѓоргова, Државен секретар во Министерството за култура и туризам и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва.

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Симпозимот ќе се реализира со комбинирано физичко и online учество. На шесте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Музејот на македонската борба и преку online платформата Zoom, свои реферати ќе имаат 50-на еминентни проофесори и научници од 19 земји, покрај нашата земја, Италија, САД, Велика Британија, Германија, Русија, Украина, Полска, Словачка, Холандија, Финска, Австрија, Србија, Грција, Хрватска, Бугарија, Романија, Турција, Унгарија,

На почетоот од работниот дел, пленарното предавање ќе има еден од најеминентните светски византолози, проф. Џонатан Шепард од Универзитетот во Оксфорд.

Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека симпозиумот „Денови на Јустинијан I”, прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот и пошироко. Со тоа „Деновите на Јустинијан I”, ја постигнуваaт клучната цел за промоција на културното и историското наследство на Република Македонија, со што Јустинијан I станува културен и историски бренд кој ги обединува земјите и нациите кои го споделуваат византиското наследство, како и научниците од Европа и ширум светот.

The post Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I” appeared first on Република.

]]>

Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог https://arhiva3.republika.mk/zivot/in-memoriam-pochina-prof-d-r-kiki-mangova-ponavik-pravniot-fakultet-izgubi-eden-izvonreden-nastavnik-i-odlichen-pedagog/ Tue, 16 Jul 2024 12:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=797375

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата почитувана професорка и колешка ПРОФ. Д-Р КИКИ МАНГОВА ПОЊАВИЌ (1940 – 2024), редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за финансово право и финансии.

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата почитувана и сакана професорка, д-р Кики Мангова Поњавиќ.

Со заминувањето на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, но пред сè ценета колешка и пријателка.

Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.

Зад себе остави бројни генерации помлади професори, соработници и студенти кои вечно ќе ја паметат.

Посмртните останки на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 17.07.2024 година (среда) од 10 – 11 часот.

Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

The post Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог appeared first on Република.

Моментално на Правниот факултет „Јустинијан Први“… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/momentalno-na-pravniot-fakultet-justinijan-prvi/ Thu, 02 Mar 2023 20:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=615268

Со кофи и канти за смет се собира водата која капи од плафонот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Видеото од моменталната состојба е споделенено од „Студентска револуција“, од каде велат дека ова е мизерија.

The post Моментално на Правниот факултет „Јустинијан Први“… appeared first on Република.

На Правен факултет на УКИМ нема да се учи англиски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-praven-fakultet-na-ukim-nema-da-se-uchi-angliski-jazik/ Thu, 03 Nov 2022 15:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=569291

На Правниот факултет во Скопје најверојатно нема да се учи англиски јазик и англиска правна терминологија.

Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии.

Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување.

Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите 500 на Шангајска листа, задолжително има странски јазик (правна терминологија). Искрено се надевам дека нашиот факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма, пишува Дескоски.

The post На Правен факултет на УКИМ нема да се учи англиски јазик appeared first on Република.

]]>

На Правниот факултет во Скопје најверојатно нема да се учи англиски јазик и англиска правна терминологија. Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии. Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување.
Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите 500 на Шангајска листа, задолжително има странски јазик (правна терминологија). Искрено се надевам дека нашиот факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма, пишува Дескоски.
 
The post На Правен факултет на УКИМ нема да се учи англиски јазик appeared first on Република.

]]>
Почина професорката на Правниот факултет во Скопје Татјана Петрушевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-profesorkata-na-pravniot-fakultet-vo-skopje-tatjana-petrushevska/ Tue, 11 Oct 2022 10:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=559650

На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска - универзитетски професор, правник.

Д-р Татјана Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави.

Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

Жалната вест ја објави Ребека Јанковска Ристески чија блиска пријателка беше професорката.

The post Почина професорката на Правниот факултет во Скопје Татјана Петрушевска appeared first on Република.

]]>

На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска - универзитетски професор, правник. Д-р Татјана Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави. Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија. Жалната вест ја објави Ребека Јанковска Ристески чија блиска пријателка беше професорката.