права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prava/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 15:38:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prava/ 32 32 Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, вели Ристески, со овој притисок ќе избегаат од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnitsite-nemaat-nikakvi-prava-vo-privatniot-sektor-veli-risteski-so-ovoj-pritisok-ke-izbegaat-od-makedonija/ Sun, 20 Oct 2024 15:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=829168

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ. Доколку продолжи притисокот најавуваат протести пред седиштата на компаниите кои тоа го прават и се надеваат на поддршка и од останатите синдикати.

Ваков притисок врз работниците, како што велат, има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат. Притисок да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат, досега вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.

-Одредени работодавачи, особено во приватниот сектор, синхронизирано и организирано без да бираат средства вршат големи притисоци врз работниците за да не се организираат синдикално, дури и во некои компании каде ние имаме свој синдикат. Тоа го прават преку разни комисии кои даваат приговори на Првостепена, а потоа и на Второстепена комисија за да дојде до згаснување на синдикатите, а на крај дури и до Управен суд. Додека Управниот суд донесе одлука може да потрае и до три години, а во тој период не смее да се формира нова синдикална организација. На следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе побараме помош за тоа и од премиерот, истакна претседателот на КСОМ Марјан Ристески на денешната прес-конференција и праша што им смета на работодавачите ако работниците се синдикално организирани и ги бараат своите права.

Тој посочи дека на работодавачите покрај тоа што не им чинат работниците бидејќи биле неспособни и непродуктивни, не им чини и владата која само што е формирана. Најверојатно, додаде, тоа е притисок за да не се потпишат колективните договори.

-Работниците немаат никакви права во приватниот сектор. Ако се продолжи со овој притисок работниците ќе избегаат од Македонија, а дури и работниците кои доаѓаат од странство за неколку дена ја напуштаат државава. Сакаме да седнеме со работодавачите и стопанските комори и да разговараме, бидејќи не може нив ништо да не им чини во државата, а даваат минимални плати и ја изигруваат обврската за исплата на К-15. Капиталот, коморите, работодавачите и синдикатите што беа досега се највиновни што сме доведени во ваква состојба. Тие се навикнати само да се жалат, а ние како работници не добиваме ништо, потенцира Ристески.

Нагласи дека ќе побараат од Владата оние компании кои имаат синдикат да имаат одреден приоритет при добивањето на субвенции и програми за инвестиции, а од коморите да си ги дисциплинираат своите членки. Смета дека проблемот не го прават сопствениците на мултинационалните компании кои знаат што е синдикално организирање кај нив, туку раководните лица кои се поставени од нашата држава кои, како што рече, им велат на газдите ние го знаеме менталитетот на работниците и знаеме како треба да се постапува со нив.

Тоа покрај потценување на работниците е и потценување на државата. Затоа треба да го кренеме гласот и конечно работникот да се чувствува дека е почитуван во државата и да не се сели, потенцира Ристески.

 

The post Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, вели Ристески, со овој притисок ќе избегаат од Македонија appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ. Доколку продолжи притисокот најавуваат протести пред седиштата на компаниите кои тоа го прават и се надеваат на поддршка и од останатите синдикати. Ваков притисок врз работниците, како што велат, има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат. Притисок да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат, досега вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.
-Одредени работодавачи, особено во приватниот сектор, синхронизирано и организирано без да бираат средства вршат големи притисоци врз работниците за да не се организираат синдикално, дури и во некои компании каде ние имаме свој синдикат. Тоа го прават преку разни комисии кои даваат приговори на Првостепена, а потоа и на Второстепена комисија за да дојде до згаснување на синдикатите, а на крај дури и до Управен суд. Додека Управниот суд донесе одлука може да потрае и до три години, а во тој период не смее да се формира нова синдикална организација. На следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе побараме помош за тоа и од премиерот, истакна претседателот на КСОМ Марјан Ристески на денешната прес-конференција и праша што им смета на работодавачите ако работниците се синдикално организирани и ги бараат своите права.
Тој посочи дека на работодавачите покрај тоа што не им чинат работниците бидејќи биле неспособни и непродуктивни, не им чини и владата која само што е формирана. Најверојатно, додаде, тоа е притисок за да не се потпишат колективните договори. -Работниците немаат никакви права во приватниот сектор. Ако се продолжи со овој притисок работниците ќе избегаат од Македонија, а дури и работниците кои доаѓаат од странство за неколку дена ја напуштаат државава. Сакаме да седнеме со работодавачите и стопанските комори и да разговараме, бидејќи не може нив ништо да не им чини во државата, а даваат минимални плати и ја изигруваат обврската за исплата на К-15. Капиталот, коморите, работодавачите и синдикатите што беа досега се највиновни што сме доведени во ваква состојба. Тие се навикнати само да се жалат, а ние како работници не добиваме ништо, потенцира Ристески. Нагласи дека ќе побараат од Владата оние компании кои имаат синдикат да имаат одреден приоритет при добивањето на субвенции и програми за инвестиции, а од коморите да си ги дисциплинираат своите членки. Смета дека проблемот не го прават сопствениците на мултинационалните компании кои знаат што е синдикално организирање кај нив, туку раководните лица кои се поставени од нашата држава кои, како што рече, им велат на газдите ние го знаеме менталитетот на работниците и знаеме како треба да се постапува со нив.
Тоа покрај потценување на работниците е и потценување на државата. Затоа треба да го кренеме гласот и конечно работникот да се чувствува дека е почитуван во државата и да не се сели, потенцира Ристески.
 

The post Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, вели Ристески, со овој притисок ќе избегаат од Македонија appeared first on Република.

]]>
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rabotnitsite-shirum-evropa-i-azija-baraat-pogolemi-rabotnichki-prava-na-prvomajskite-demonstratsii/ Wed, 01 May 2024 15:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=773054

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури.

Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона.

Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета.

Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул.

Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица.

Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот.

Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година.

Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци.

Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата.

Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати.

Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите.

Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир.

Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул.

Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени.

За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите.

Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања.

Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“.

Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места.

Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури. Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона. Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета. Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул. Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица. Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот. Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година. Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци. Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата. Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати. Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите. Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир. Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул. Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени. За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите. Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања. Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“. Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места. Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>
Талибански лидер: На жените во Авганистан им се обезбедува просперитетен живот според правилата на шеријатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/talibanski-lider-na-zhenite-vo-avganistan-im-se-obezbeduva-prosperiteten-zhivot-spored-pravilata-na-sherijatot/ Sun, 25 Jun 2023 15:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=654981

Врховниот водач на талибанците Хибатула Ахунџада денеска објави порака во која тврди дека неговата влада ги презела неопходните чекори за подобрување на животот на жените во Авганистан, каде на жените им се забранети јавен живот и работа, а образованието на девојчињата е строго ограничено.

Во својата порака за Курбан Бајрам, Ахунџада рече дека под власта на Исламскиот Емират, преземени се конкретни мерки за заштита на жените од многу традиционални облици на угнетување, вклучително и принуден брак, „и дека нивните шеријатски права се заштитени“.

Тој во пораката додава дека „преземени се чекори за подобрување на положбата на жените кои сочинуваат половина од општеството со цел да им се овозможи да живеат удобен и просперитетен живот според правилата на исламскиот шеријат“.

Пораката беше дистрибуирана на пет јазици: арапски, дари, англиски, пашту и урду. Ахунџада рече дека негативните аспекти од претходната 20-годишна странска окупација во врска со носењето хиџаб и „погрешните упатства“ на жените наскоро ќе завршат.

И покрај првичните ветувања за поумерено владеење отколку кога последен пат го контролираа Авганистан во 1990-тите, талибанците воведоа остри мерки откако ја презедоа власта во земјата во август 2021 година, откако силите на САД и НАТО се повлекоа.

Тие им забранија пристап на жените на јавни места, како што се паркови и спортски сали, и ги задушија медиумските слободи

The post Талибански лидер: На жените во Авганистан им се обезбедува просперитетен живот според правилата на шеријатот appeared first on Република.

]]>

Врховниот водач на талибанците Хибатула Ахунџада денеска објави порака во која тврди дека неговата влада ги презела неопходните чекори за подобрување на животот на жените во Авганистан, каде на жените им се забранети јавен живот и работа, а образованието на девојчињата е строго ограничено. Во својата порака за Курбан Бајрам, Ахунџада рече дека под власта на Исламскиот Емират, преземени се конкретни мерки за заштита на жените од многу традиционални облици на угнетување, вклучително и принуден брак, „и дека нивните шеријатски права се заштитени“. Тој во пораката додава дека „преземени се чекори за подобрување на положбата на жените кои сочинуваат половина од општеството со цел да им се овозможи да живеат удобен и просперитетен живот според правилата на исламскиот шеријат“. Пораката беше дистрибуирана на пет јазици: арапски, дари, англиски, пашту и урду. Ахунџада рече дека негативните аспекти од претходната 20-годишна странска окупација во врска со носењето хиџаб и „погрешните упатства“ на жените наскоро ќе завршат. И покрај првичните ветувања за поумерено владеење отколку кога последен пат го контролираа Авганистан во 1990-тите, талибанците воведоа остри мерки откако ја презедоа власта во земјата во август 2021 година, откако силите на САД и НАТО се повлекоа. Тие им забранија пристап на жените на јавни места, како што се паркови и спортски сали, и ги задушија медиумските слободи

The post Талибански лидер: На жените во Авганистан им се обезбедува просперитетен живот според правилата на шеријатот appeared first on Република.

]]>
Бил изваден од контекст: Митрополитот Петар тврди дека не била родовата еднаквост богохулна и изопачена, туку трансродовите лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bil-izvaden-od-kontekst-mitropolitot-petar-tvrdi-deka-ne-bila-rodovata-ednakvost-bogohulna-i-izopachena-tuku-transrodovite-litsa/ Tue, 25 Apr 2023 09:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=633835

Сосема е извадена од контекст мојата изјава, изјави во вечерашното издание на Топ тема на Телма, Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, во однос на неговите коментари дека родовата еднаквост била богохулна, противприродна и изопачена.

Јас кажувам дека луѓето ќе речат: јас не сакам да бидам маж, сакам да бидам жена а не можам да станам, но ќе се чувствувам како жена, ќе се претставувам како жена. Прашањето е дали мажот што ќе си го смени полот може да раѓа и обратно жената кога ќе стане маж, дали е таа во состојба да оплодува жена – изјави митрополитот Петар.

Митрополитот Петар тврди дека неговите коментари се однесувале само на оние лица што го менуваат полот, односно на трансродовите лица.

Тоа што Господ го создал. Машко да биде машко, а женско да биде женско, треба да се почитува – вели Петар.

Митрополитот Петар оценува и дека вината за разводот на браковите во најголем случај е кај мажите, затоа што ги изневерувале жените.

Според црквата, само во тој случај бил дозволен развод на бракот, додека како решение за останатите причини за развод на браковите, како семејното физичко или ментално насилство, го препорачува решението: „жената да биде одвоена од мажот“.

Не мора да бидат заедно, но не мора да се разведат. Ние ги разведуваме жените кога ќе побараат, но треба да утврдиме зошто е побаран разводот. Кој е виновникот за разводот? Зборувам за црковниот суд, не граѓанскиот. Црковниот суд разведува или не разведува – вели Митрополитот Петар.

Во однос на неговите коментари кои ги разгневија феминистките дека жените често кога сакаат да докажат дека имаат еднакви права, ја запоставуваат својата улога на жена и мајка, митрополитот Петар се „обиде“ да се дообјасни:

Има жени кои сакаат да имаат кариера и заради кариерата која сакаат да ја имаат, земаат контрацептивни средства и не сакаат да родат дете. Втората работа е дека има жени кои заради тоа што сакаат да уживаат во половите односи, не сакаат да раѓат деца, па затоа ќе ги абортираат – вели Петар.

Проблемот е во тоа дека заради кариера, не сака да биде мајка. Заради кариера не сака да забремени, изјави Митрополитот Петар.

Жената е рамноправна со мажот и јас тоа никогаш не сум го негирал. Само ми се импутира - тврди Петар.

Извор:ТВ Телма

The post Бил изваден од контекст: Митрополитот Петар тврди дека не била родовата еднаквост богохулна и изопачена, туку трансродовите лица appeared first on Република.

]]>

Сосема е извадена од контекст мојата изјава, изјави во вечерашното издание на Топ тема на Телма, Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, во однос на неговите коментари дека родовата еднаквост била богохулна, противприродна и изопачена.
Јас кажувам дека луѓето ќе речат: јас не сакам да бидам маж, сакам да бидам жена а не можам да станам, но ќе се чувствувам како жена, ќе се претставувам како жена. Прашањето е дали мажот што ќе си го смени полот може да раѓа и обратно жената кога ќе стане маж, дали е таа во состојба да оплодува жена – изјави митрополитот Петар.
Митрополитот Петар тврди дека неговите коментари се однесувале само на оние лица што го менуваат полот, односно на трансродовите лица.
Тоа што Господ го создал. Машко да биде машко, а женско да биде женско, треба да се почитува – вели Петар.
Митрополитот Петар оценува и дека вината за разводот на браковите во најголем случај е кај мажите, затоа што ги изневерувале жените. Според црквата, само во тој случај бил дозволен развод на бракот, додека како решение за останатите причини за развод на браковите, како семејното физичко или ментално насилство, го препорачува решението: „жената да биде одвоена од мажот“.
Не мора да бидат заедно, но не мора да се разведат. Ние ги разведуваме жените кога ќе побараат, но треба да утврдиме зошто е побаран разводот. Кој е виновникот за разводот? Зборувам за црковниот суд, не граѓанскиот. Црковниот суд разведува или не разведува – вели Митрополитот Петар.
Во однос на неговите коментари кои ги разгневија феминистките дека жените често кога сакаат да докажат дека имаат еднакви права, ја запоставуваат својата улога на жена и мајка, митрополитот Петар се „обиде“ да се дообјасни:
Има жени кои сакаат да имаат кариера и заради кариерата која сакаат да ја имаат, земаат контрацептивни средства и не сакаат да родат дете. Втората работа е дека има жени кои заради тоа што сакаат да уживаат во половите односи, не сакаат да раѓат деца, па затоа ќе ги абортираат – вели Петар.
Проблемот е во тоа дека заради кариера, не сака да биде мајка. Заради кариера не сака да забремени, изјави Митрополитот Петар.
Жената е рамноправна со мажот и јас тоа никогаш не сум го негирал. Само ми се импутира - тврди Петар.
Извор:ТВ Телма

The post Бил изваден од контекст: Митрополитот Петар тврди дека не била родовата еднаквост богохулна и изопачена, туку трансродовите лица appeared first on Република.

]]>
Огромен дел од работниците не ги знаат законските права за заштита и безбедност при работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ogromen-del-od-rabotnitsite-ne-gi-znaat-zakonskite-prava-za-zashtita-i-bezbednost-pri-rabota/ Fri, 03 Feb 2023 13:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=604341

Огромен број работници сè уште не знаат што покрива Законот за безбедност и здравје при работа, не знаат на кого се однесува и не знаат кои права ги имаат. Законот покажува делумна нефункционалност во анализата на Конфедерацијата на слободни синдикати во соработка со Солидарити центар.

Анализата беше претставена на денешната финална конференција „Заштита на здравјето и безбедноста на работниците во Македонија„ која е од меѓународен карактер и како што информира претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски следи по претходно одржани низа работилници.

Под покровителство на Солидарити центар во текот на минатата година во осум сектори, се изработи анализа преку стручно лице Милан Петкоски. Денеска сме тука да говориме за тоа каков е законот дали требаат негови измени, дополни или во насока на тоа што треба да биде направено за поинтерактиво имплементирање на законот. Нашата цел е да ја подигнеме оваа тема на повисоко ниво и да правиме превентивна култура помеѓу работниците и работодавачите, но и институциите на системот кои ја тетираат оваа тема за да можеме и да бидеме поздрави, посреќни, но и работодавачите треба да сфатат дека со подобро третирање на оваа тема ќе имаат попродуктивни и поздрави работници, посочи Ралповски.

Појасни дека заклучоците во однос на законот е дека многу малку се имплементира во делот на обуките кои треба да ги имаат работниците.

Тие се кратки обуки кои не се соодветни за да се упати работникот кои се неговите права во делот на проценката на ризик на работното место, но има некои недостатои кои ги лоциравме што се префрла тежината и кон синдикалните претставници за безбеднст и здравје кои ја немаат таа обука, а со потпишување со изјавата за безбедност ја споделуваат одговорноста со работодавачите, изјави Ралповски.

Авторот на анализата, Милан Петковски рече дека појдовна точка бил токму законот и увиделе дека во државава „работникот гине на работно место, се повредува, професионално заболува“.

Тргнавме пред се од тоа како се почитува и спроведува законот кој постои од 2007 година во оваа форма во која е денеска и увидовме дека во Македонија работникот гине на работно место, се повредува, професионално заболува. Кога се обидовме подлабоко да видиме зошто тоа се случува тргнавме од еден до оние основни делови на пазарот на труд, а тоа е работникот, истакна Петковски.

Изрази надеж дека и државата треба да излезе во пресрет со цел обезбедување европски стандарди и достоинствено работно место за работниците.

Стивен МекКлауд, директор на Солидарити центар изрази задоволство што центарот е дел од иницијативата.

Од сите нешта кои синдикатите ги прават е да обезбедат дека работниците се враќаат дома безбедни од работното место. Синдикатите се од суштинско значење, меѓутоа е потребно работодавачите, работниците и Владата и синдикатите да се осигураат дека работниците се враќаат безбедно дома. И честопати го користиме примерот со едно столче кое има четири ногарки, едната се работниците, другата синдикатитете, третатата е владата, а четвртата се работодавачите. Доколку една од овие се расипе целиот систем пропаѓа, изјави МекКлауд, кој очекува ваквата иницијатива да придонесе за подобрување на состојбата со работнициите во земјава. 

 

The post Огромен дел од работниците не ги знаат законските права за заштита и безбедност при работа appeared first on Република.

]]>

Огромен број работници сè уште не знаат што покрива Законот за безбедност и здравје при работа, не знаат на кого се однесува и не знаат кои права ги имаат. Законот покажува делумна нефункционалност во анализата на Конфедерацијата на слободни синдикати во соработка со Солидарити центар. Анализата беше претставена на денешната финална конференција „Заштита на здравјето и безбедноста на работниците во Македонија„ која е од меѓународен карактер и како што информира претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски следи по претходно одржани низа работилници.
Под покровителство на Солидарити центар во текот на минатата година во осум сектори, се изработи анализа преку стручно лице Милан Петкоски. Денеска сме тука да говориме за тоа каков е законот дали требаат негови измени, дополни или во насока на тоа што треба да биде направено за поинтерактиво имплементирање на законот. Нашата цел е да ја подигнеме оваа тема на повисоко ниво и да правиме превентивна култура помеѓу работниците и работодавачите, но и институциите на системот кои ја тетираат оваа тема за да можеме и да бидеме поздрави, посреќни, но и работодавачите треба да сфатат дека со подобро третирање на оваа тема ќе имаат попродуктивни и поздрави работници, посочи Ралповски.
Појасни дека заклучоците во однос на законот е дека многу малку се имплементира во делот на обуките кои треба да ги имаат работниците.
Тие се кратки обуки кои не се соодветни за да се упати работникот кои се неговите права во делот на проценката на ризик на работното место, но има некои недостатои кои ги лоциравме што се префрла тежината и кон синдикалните претставници за безбеднст и здравје кои ја немаат таа обука, а со потпишување со изјавата за безбедност ја споделуваат одговорноста со работодавачите, изјави Ралповски.
Авторот на анализата, Милан Петковски рече дека појдовна точка бил токму законот и увиделе дека во државава „работникот гине на работно место, се повредува, професионално заболува“.
Тргнавме пред се од тоа како се почитува и спроведува законот кој постои од 2007 година во оваа форма во која е денеска и увидовме дека во Македонија работникот гине на работно место, се повредува, професионално заболува. Кога се обидовме подлабоко да видиме зошто тоа се случува тргнавме од еден до оние основни делови на пазарот на труд, а тоа е работникот, истакна Петковски.
Изрази надеж дека и државата треба да излезе во пресрет со цел обезбедување европски стандарди и достоинствено работно место за работниците. Стивен МекКлауд, директор на Солидарити центар изрази задоволство што центарот е дел од иницијативата.
Од сите нешта кои синдикатите ги прават е да обезбедат дека работниците се враќаат дома безбедни од работното место. Синдикатите се од суштинско значење, меѓутоа е потребно работодавачите, работниците и Владата и синдикатите да се осигураат дека работниците се враќаат безбедно дома. И честопати го користиме примерот со едно столче кое има четири ногарки, едната се работниците, другата синдикатитете, третатата е владата, а четвртата се работодавачите. Доколку една од овие се расипе целиот систем пропаѓа, изјави МекКлауд, кој очекува ваквата иницијатива да придонесе за подобрување на состојбата со работнициите во земјава. 
 

The post Огромен дел од работниците не ги знаат законските права за заштита и безбедност при работа appeared first on Република.

]]>
АИ: Изминатата година значително се деградирани правата на жените https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ai-izminatata-godina-znachitelno-se-degradirani-pravata-na-zenite/ Tue, 08 Mar 2022 14:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=469692

Правата на жените и девојките се загрозени минатата година, објави денеска организацијата за човекови права Амнести интернешенел (АИ).

Настаните од 2021 година и првите месеци од 2022 година сковаа заговор да ги уништат правата и достоинството на милиони жени и девојки, истакна генералната секретарка на АИ, Агнес Каламар.

Таа додаде „светските кризи не влијаат на сите подеднакво, ниту праведно“.

Во соопштението објавено по повод Меѓународниот ден на жената, Каламар наведе дека пандемијата на Ковид-19 и деградацијата на правата на жените во Авганистан се меѓу настаните што несразмерно влијаеле на правата на жените и девојчињата во изминатите 12 месеци.

Сето тоа е сериозна ерозија на правата, но заедно? Мораме да се спротивставиме и да го погледнеме глобалниот напад врз достоинството на жените и девојките - посочи Каламар.

Таа додаде и дека „широко распространето сексуално насилство, што го карактеризира етиопскиот конфликт и нападите врз пристапот до абортус во САД, како и повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција за родово базирано насилство“ се меѓу таквите настани.

Каламар ги повика владите да ги повлечат одлуки што ја влошиле ситуацијата на жените а девојките.

The post АИ: Изминатата година значително се деградирани правата на жените appeared first on Република.

]]>

Правата на жените и девојките се загрозени минатата година, објави денеска организацијата за човекови права Амнести интернешенел (АИ). Настаните од 2021 година и првите месеци од 2022 година сковаа заговор да ги уништат правата и достоинството на милиони жени и девојки, истакна генералната секретарка на АИ, Агнес Каламар. Таа додаде „светските кризи не влијаат на сите подеднакво, ниту праведно“. Во соопштението објавено по повод Меѓународниот ден на жената, Каламар наведе дека пандемијата на Ковид-19 и деградацијата на правата на жените во Авганистан се меѓу настаните што несразмерно влијаеле на правата на жените и девојчињата во изминатите 12 месеци.
Сето тоа е сериозна ерозија на правата, но заедно? Мораме да се спротивставиме и да го погледнеме глобалниот напад врз достоинството на жените и девојките - посочи Каламар.
Таа додаде и дека „широко распространето сексуално насилство, што го карактеризира етиопскиот конфликт и нападите врз пристапот до абортус во САД, како и повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција за родово базирано насилство“ се меѓу таквите настани. Каламар ги повика владите да ги повлечат одлуки што ја влошиле ситуацијата на жените а девојките.

The post АИ: Изминатата година значително се деградирани правата на жените appeared first on Република.

]]>