права на Бугари во македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prava-na-bugari-vo-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 18:27:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png права на Бугари во македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prava-na-bugari-vo-makedonija/ 32 32 Ниедна пресуда на Судот и на Советот на Европа не е во корист на Бугарија, потсети потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/niedna-presuda-na-sudot-i-na-sovetot-na-evropa-ne-e-vo-korist-na-bugarija-potseti-potpretsedaelot-na-vmro-dpmne/ Tue, 02 May 2023 18:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=636200

„Самиот факт што нема ниедна пресуда која е во корист на Бугарија, а сите се во корист на Македонците од Бугарија доволно говори која е позицијата и на Судот и на Советот на Европа во однос на правата на Македонците во Бугарија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешното гостување во емисија на Македонско радио.

Николоски истакна дека Советот на Европа е најстарата организација во која е обединета Европа и чија примарна цел е заштита на основните човекови и граѓански права. Познатиот Суд во Стразбур каде граѓаните ја бараат правдата кога не можат да ја најдат правдата во домашните судови е токму под директна надлежност на Советот на Европа.

„Македонците кои живеат во Бугарија немаат право на изјаснување, немаат право на самоидентификација како Македонци, немаат право на образование и користење на македонскиот јазик и немаат право да учествуваат на избори односно забрането им е да формираат политичка партија и да учествуваат на избори“, кажа Николоски.

Тој посочи дека тоа што во Советот на Европа го кажал се голи факти и гола вистина. Од една страна не ги спроведуваат пресудите за Македонците во Бугарија, а од друга страна се многу гласни за минорни прашања кои се надвор од Бугарија.

Николоски додаде дека она што очигледно ја заболело бугарската делегација се фактите кои таму ги кажал.

„Во однос на ова Македонците имаат поднесено бројни пресуди до Европскиот Суд за човекови права и имаат добиено 16 пресуди. Досега Бугарија нема спроведено ниту една од овие 16 пресуди. Бугарија е во топ 7 најлоши држави во Европа по не спроведување на пресуди на Европскиот Суд за човекови права. До денес Бугарија нема спроведено 166 пресуди на судот, од кои околу 10 или 16 проценти се однесуваат на Македонците“, потенцираше Николоски.

Николоски е дециден дека десетици илјади Македонци живеат во Бугарија немаат права, а тука Бугарија го блокира почетокот на преговори на Македонија со ЕУ со измислени прашања и прашања кои немаат допир со реалноста.

The post Ниедна пресуда на Судот и на Советот на Европа не е во корист на Бугарија, потсети потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/van-den-berg-eu-go-gubi-kredibilitetot-so-dvojnite-arshini-kon-bugarite-vo-makedonija-i-kon-makedontsite-vo-bugarija/ Thu, 02 Feb 2023 07:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=603584

Случајот „Пендиков“ ја тресе и Европската Унија и е тест за преиспитување на европските вредности на самата Европа.

Холандскиот експерт за Балканот Ханс ван дер Берг смета дека приемот на македонските Бугари од страна на еврокомесарот Оливер Вархеји е лош знак за кредибелитетот на ЕУ и испраќа порака дека ЕУ има двојни стандарди.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-varhej/

Ван ден Берг оценува дека двојните стандарди на Европската унија ги одвраќаат Македонците од неа.

Еден етнички Бугарин во Македонија, бивш вмровец познат во светот на дрогата, поврзан со бугарски центар во Македонија, претепан и еврокомесар се среќава со етнички Бугари? Во децениите кога Македонија беше независна, етничките Македонци во Бугарија беа убивани, исчезнуваа и им беше забрането да имаат македонски центар. Никој не се потресе, коментира Ван ден Берг на Твитер.

Бугарија постојано ги игнорираше пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи човековите права на етничките Македонци во Бугарија беа сериозно прекршени. Никој во Европската комисија не се потресе. Бугарија одбива реципроцитет за сè. Никому во ЕК не му пречи. Не е ни чудо што ЕУ го губи целиот кредибилитет во Македонија. Двојни стандарди“, додава тој.

Твитер е премногу ограничен за да се наведат сите прекршувања на човековите права на етничките Македонци во Бугарија (или етничките Македонци во Грција за таа работа), но чувството во Скопје е дека сето тоа е в ред ако сте во ЕУ. Сè помалку Македонци ќе сакаат да бидат во таква ЕУ, заклучува Ван ден Берг.

The post Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Случајот „Пендиков“ ја тресе и Европската Унија и е тест за преиспитување на европските вредности на самата Европа. Холандскиот експерт за Балканот Ханс ван дер Берг смета дека приемот на македонските Бугари од страна на еврокомесарот Оливер Вархеји е лош знак за кредибелитетот на ЕУ и испраќа порака дека ЕУ има двојни стандарди. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-varhej/ Ван ден Берг оценува дека двојните стандарди на Европската унија ги одвраќаат Македонците од неа.
Еден етнички Бугарин во Македонија, бивш вмровец познат во светот на дрогата, поврзан со бугарски центар во Македонија, претепан и еврокомесар се среќава со етнички Бугари? Во децениите кога Македонија беше независна, етничките Македонци во Бугарија беа убивани, исчезнуваа и им беше забрането да имаат македонски центар. Никој не се потресе, коментира Ван ден Берг на Твитер. Бугарија постојано ги игнорираше пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи човековите права на етничките Македонци во Бугарија беа сериозно прекршени. Никој во Европската комисија не се потресе. Бугарија одбива реципроцитет за сè. Никому во ЕК не му пречи. Не е ни чудо што ЕУ го губи целиот кредибилитет во Македонија. Двојни стандарди“, додава тој. Твитер е премногу ограничен за да се наведат сите прекршувања на човековите права на етничките Македонци во Бугарија (или етничките Македонци во Грција за таа работа), но чувството во Скопје е дека сето тоа е в ред ако сте во ЕУ. Сè помалку Македонци ќе сакаат да бидат во таква ЕУ, заклучува Ван ден Берг.

The post Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Милков: Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува, сакаме Бугарите да влезат во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milkov-vrakane-na-situatsijata-od-pred-deset-dena-ne-n-zadovoluva-sakame-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/ Mon, 30 Jan 2023 07:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=602424

Сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму. Се стремиме кон таква деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите. Очекуваме конкретни чекори, а најважниот конкретен чекор, се разбира, е внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за БТВ.

Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата, вели Милков.

Во интервјуто, Милков информира дека секретарот на бугарскиот клуб во Охрид ќе остане во Бугарија се додека не биде безбедно да се врати назад.

Лошото е што имаме дилема пред којашто се поставени многу луѓе во Македонија – ќе треба да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија. Тоа е сериозен проблем. Наместо да се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот, вели Милков.

За говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов во Скопје, Милков вели дека не може да коментира бидејќи не бил таму.

Не можеме да поддржиме такви изјави, затоа што не само што не водат до добрососедски односи, туку ги зголемуваат тензиите во Северна Маакедонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите и повторно одиме во круг, вели Милков.

Во интервјуто тој потврдува дека утре во земјава ќе дојде техничкиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-i-makedonskiot-minister-za-vnatreshni-ke-dogovaraat-taktika-za-4-fevruari-da-pomine-bez-intsidenti/

The post Милков: Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува, сакаме Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>

Сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму. Се стремиме кон таква деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите. Очекуваме конкретни чекори, а најважниот конкретен чекор, се разбира, е внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за БТВ.
Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата, вели Милков.
Во интервјуто, Милков информира дека секретарот на бугарскиот клуб во Охрид ќе остане во Бугарија се додека не биде безбедно да се врати назад.
Лошото е што имаме дилема пред којашто се поставени многу луѓе во Македонија – ќе треба да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија. Тоа е сериозен проблем. Наместо да се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот, вели Милков.
За говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов во Скопје, Милков вели дека не може да коментира бидејќи не бил таму.
Не можеме да поддржиме такви изјави, затоа што не само што не водат до добрососедски односи, туку ги зголемуваат тензиите во Северна Маакедонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите и повторно одиме во круг, вели Милков.
Во интервјуто тој потврдува дека утре во земјава ќе дојде техничкиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-i-makedonskiot-minister-za-vnatreshni-ke-dogovaraat-taktika-za-4-fevruari-da-pomine-bez-intsidenti/

The post Милков: Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува, сакаме Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>
Бугарски Минхаузен синдром https://arhiva3.republika.mk/kolumni/bugarski-minhauzen-sindrom/ Sat, 28 Jan 2023 09:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=601882

Атанас Кирјаковски

Си бил еднаш еден барон, Хиеронимус Карл Фридрих вон Минхаузен кој си живеел во Хановер, Германија во 18-тиот век. Својата професионална кариера ја започнал како момок-помошник на некој важен војвода, кој заедно со него го понел нашиов барон во Руско-Турската војна водена истиот век. Учествувал во две битки, некако преживерал, та дури се стекнал и со титула поручник. По враќањето од војната остатокот од својот живот го поминал на еден од своите имоти, постојано одејќи на аристократски забави каде раскажувал за неговите неверојатни „авантури“ во Русија. Неговите раскажувачки способности биле такви што станал доста популарен и многу благородници од околијата доаѓале да му ги слушаат приказните. „Авантури“ е во наводници бидејќи биле неверојатни и полни со измислици, деветини и бесмилици. Но неговото вешто раскажување ја убедило аристократската публика да го слуша со љубопитност и за брзо време да стекне впечаток за него како храбар и искрен човек. Овој „храбар и искрен човек“ бил инспирација за германскиот писател и негов современик (и преварант) Рудолф Ерик Распе да ја напише „Изненадувачките авантури на Барон Минхаузен“, фикционализирајќи го баронот во бесмртен архетип на измислувач или со модерна терминологија – во бесмртен булшитер. На пример, покрај неговите тврдења дека јавал топовко ѓуле, раскажувал дека бил на месечината, дека бил проголтан и од кит, една од неговите други познати „авантури“ е кога наводно паднал во езеро и се спасил самиот себеси на начинот што си ги повлекол врвките од своите аристократски чизми нагоре, подигнувајќи се самиот надвор од водата (тука не можам а да не спомнам дека во статистиката се користи терминот „bootstrapping“ мострење кој е инспириран токму од „авантурава“ на Барон Минхаузен).

Од сета таа фантазмагорија на почитуваниот Барон Минхаузен произлезе модерниот концепт на некој кој намерно преувеличува, фабрикува проблеми, измислува неправди, глуми повреда и лажно се самовиктимизира со цел и намера да добие внимание од другите – однесување познато као „Минхаузен синдром“. Кога зборуваме за овој синдром, мислиме на некој кој глуми жртва со цел да добие симпатии од другите, неретко за да оствари некаква себична цел. Еден вид на посебно перфидна манипулација. Нешто како целата бугарска политика кон Македонија во последно време. Посебно онаа во периодот откако тукашнитe „нобеловци“ на чело со Заев, го потпишаат циничниот и патетичен „договор за добрососедство“.

Бугарскиот Минхаузен синдром посебно се засили и истакна после оној немил настан на претепувањето на оној Охриѓанец. Многу битно да напоменам дека во никој случај не оправдувам дивјачко и варварско физичко насилство врз никого, вклучително и врз дотичниот господин. Дури и да се работи за должничко-доверителски односи како што проструи информација низ медиумите. Никој не заслужува да трпи физичко насилство и страдање во 21-виот век, без разлика на неговите ставови, определби и – долгови. Но она што е фокусот на оваа колумна, е начинот и намерата на официјална Софија да го искористи овој инцидент во кој случајно е инволвиран македонски државјанин со „бугарска самосвест“ и да нѐ претстави нас Македонците како „бугарофоби“. Ред бугарски политичари од разни деноминации почнаа со жалопојки, тужибабење, плач и лелек на сите можни канали и во сите можни европски центри. Го пуштија својот Минхаузен синдром на најјако и исценираа „драматична евакуација“ (противсуверена) на господинот од Охрид. Еклатантен пример за бугарски Минхаузен се изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пред една седмица даде и патетична изјава дека претепувањето во Охрид е „резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Македонија“. Булшит.

Секој Минхаузен синдром да глумење жртва мора да има и ескалација на симптомите. Па така, следниот чекор на бугарската власт беше да го (привремено) отповика нивниот амбасадор во Република Македонија како некаков си гест на „протест“. Глумење полжав на кој сме му го допреле окцето па нагло си го повлекол и собрал во главчето. Нежни гревчиња. Додека намерно отвораат провокативни неонацистички клубови со согласноста на СДСМ/ДУИ, нас Македонците нѐ обвинуваат за омраза. Веројатно целта е оваа бугарска бурлеска да резултира со ставање вето на нашите евроинтеграции (пффф, како да ни е првпат божем) и целота ова глумење „жртва“ е во функција само на напад и агресија кон нас. Мора синдромот да ескалира во таа насока, мора бугарските власти да си направат жртвено алиби за сопствената империјалистичка омраза која ја чувствуваат кон Македонија. Преку лажното самовиктимизирање, се обидуваат да нѐ оцрнат, обезличат и да ги натераат и другите да нѐ мразат. Веројатно сметаат дека ваквата пасив-агреси стратегија е соодветна за овој век во кој на физичкиот агресор не се гледа баш најдобро, посебно после Руско-Украинскиот конфликт, па пребегнуваат бугарските барони кон перфидна тактина на психолошка агресија, претставувајќе се себеси како жртви, бескрупулозно искористувајќи го охридскиот инцидент како причина и повод за да си ја оправдаат својата повеќедецениска омраза и негирање на македонскиот народ. Баронот Минхаузен кога би бил жив, сигурно би се гордеел со нив.

The post Бугарски Минхаузен синдром appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Си бил еднаш еден барон, Хиеронимус Карл Фридрих вон Минхаузен кој си живеел во Хановер, Германија во 18-тиот век. Својата професионална кариера ја започнал како момок-помошник на некој важен војвода, кој заедно со него го понел нашиов барон во Руско-Турската војна водена истиот век. Учествувал во две битки, некако преживерал, та дури се стекнал и со титула поручник. По враќањето од војната остатокот од својот живот го поминал на еден од своите имоти, постојано одејќи на аристократски забави каде раскажувал за неговите неверојатни „авантури“ во Русија. Неговите раскажувачки способности биле такви што станал доста популарен и многу благородници од околијата доаѓале да му ги слушаат приказните. „Авантури“ е во наводници бидејќи биле неверојатни и полни со измислици, деветини и бесмилици. Но неговото вешто раскажување ја убедило аристократската публика да го слуша со љубопитност и за брзо време да стекне впечаток за него како храбар и искрен човек. Овој „храбар и искрен човек“ бил инспирација за германскиот писател и негов современик (и преварант) Рудолф Ерик Распе да ја напише „Изненадувачките авантури на Барон Минхаузен“, фикционализирајќи го баронот во бесмртен архетип на измислувач или со модерна терминологија – во бесмртен булшитер. На пример, покрај неговите тврдења дека јавал топовко ѓуле, раскажувал дека бил на месечината, дека бил проголтан и од кит, една од неговите други познати „авантури“ е кога наводно паднал во езеро и се спасил самиот себеси на начинот што си ги повлекол врвките од своите аристократски чизми нагоре, подигнувајќи се самиот надвор од водата (тука не можам а да не спомнам дека во статистиката се користи терминот „bootstrapping“ мострење кој е инспириран токму од „авантурава“ на Барон Минхаузен). Од сета таа фантазмагорија на почитуваниот Барон Минхаузен произлезе модерниот концепт на некој кој намерно преувеличува, фабрикува проблеми, измислува неправди, глуми повреда и лажно се самовиктимизира со цел и намера да добие внимание од другите – однесување познато као „Минхаузен синдром“. Кога зборуваме за овој синдром, мислиме на некој кој глуми жртва со цел да добие симпатии од другите, неретко за да оствари некаква себична цел. Еден вид на посебно перфидна манипулација. Нешто како целата бугарска политика кон Македонија во последно време. Посебно онаа во периодот откако тукашнитe „нобеловци“ на чело со Заев, го потпишаат циничниот и патетичен „договор за добрососедство“. Бугарскиот Минхаузен синдром посебно се засили и истакна после оној немил настан на претепувањето на оној Охриѓанец. Многу битно да напоменам дека во никој случај не оправдувам дивјачко и варварско физичко насилство врз никого, вклучително и врз дотичниот господин. Дури и да се работи за должничко-доверителски односи како што проструи информација низ медиумите. Никој не заслужува да трпи физичко насилство и страдање во 21-виот век, без разлика на неговите ставови, определби и – долгови. Но она што е фокусот на оваа колумна, е начинот и намерата на официјална Софија да го искористи овој инцидент во кој случајно е инволвиран македонски државјанин со „бугарска самосвест“ и да нѐ претстави нас Македонците како „бугарофоби“. Ред бугарски политичари од разни деноминации почнаа со жалопојки, тужибабење, плач и лелек на сите можни канали и во сите можни европски центри. Го пуштија својот Минхаузен синдром на најјако и исценираа „драматична евакуација“ (противсуверена) на господинот од Охрид. Еклатантен пример за бугарски Минхаузен се изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пред една седмица даде и патетична изјава дека претепувањето во Охрид е „резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Македонија“. Булшит. Секој Минхаузен синдром да глумење жртва мора да има и ескалација на симптомите. Па така, следниот чекор на бугарската власт беше да го (привремено) отповика нивниот амбасадор во Република Македонија како некаков си гест на „протест“. Глумење полжав на кој сме му го допреле окцето па нагло си го повлекол и собрал во главчето. Нежни гревчиња. Додека намерно отвораат провокативни неонацистички клубови со согласноста на СДСМ/ДУИ, нас Македонците нѐ обвинуваат за омраза. Веројатно целта е оваа бугарска бурлеска да резултира со ставање вето на нашите евроинтеграции (пффф, како да ни е првпат божем) и целота ова глумење „жртва“ е во функција само на напад и агресија кон нас. Мора синдромот да ескалира во таа насока, мора бугарските власти да си направат жртвено алиби за сопствената империјалистичка омраза која ја чувствуваат кон Македонија. Преку лажното самовиктимизирање, се обидуваат да нѐ оцрнат, обезличат и да ги натераат и другите да нѐ мразат. Веројатно сметаат дека ваквата пасив-агреси стратегија е соодветна за овој век во кој на физичкиот агресор не се гледа баш најдобро, посебно после Руско-Украинскиот конфликт, па пребегнуваат бугарските барони кон перфидна тактина на психолошка агресија, претставувајќе се себеси како жртви, бескрупулозно искористувајќи го охридскиот инцидент како причина и повод за да си ја оправдаат својата повеќедецениска омраза и негирање на македонскиот народ. Баронот Минхаузен кога би бил жив, сигурно би се гордеел со нив.

The post Бугарски Минхаузен синдром appeared first on Република.

]]>
Се евакуираат учениците од „Никола Карев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-evakuiraat-uchenicite-od-nikola-karev/ Fri, 28 Oct 2022 13:03:28 +0000 https://republika.mk/?p=566859

Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје е примена попладнево во СВР Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот.

– Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меjл адреса на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки и за расчистување на случајот, велат од МВР.

Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бомби. Во изминатите два дена, по направените поверки од страна на МВР беше утврдено дека пријавите се лажни.

Како што пренесоа медиумите, станува збор за училиштето Никола Карев“.

The post Се евакуираат учениците од „Никола Карев“ appeared first on Република.

]]>

Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје е примена попладнево во СВР Скопје. Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот. – Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меjл адреса на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки и за расчистување на случајот, велат од МВР. Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бомби. Во изминатите два дена, по направените поверки од страна на МВР беше утврдено дека пријавите се лажни. Како што пренесоа медиумите, станува збор за училиштето Никола Карев“.  

The post Се евакуираат учениците од „Никола Карев“ appeared first on Република.

]]>
Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-stanuvanjeto-chlenka-vo-eu-zavisi-od-brzinata-so-koja-se-sproveduvaat-reformite/ Tue, 26 Jul 2022 17:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=533483

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.

Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.

Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.

Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.

Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција.

Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините.

Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок.

Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.

Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.

Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.

Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.
Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.
Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.
Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.
Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција. Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините. Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок. Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.
Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.
Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.
Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ги почитувам правата на Бугарите во Македонија, но можеа да одберат посоодветно име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-gi-pochituvam-pravata-na-bugarite-vo-makedonija-no-mozea-da-odberat-posoodvetno-ime/ Tue, 19 Apr 2022 17:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=490764

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека ликот на Ванчо Михајлов не може да поврзува.

Тоа е избор на име што ќе направи провокација и ќе ги повреди чувствата на Македонците. Жал ми е што премиерот Петков успеа да тргне по умот на маргиналците во Македонија и го земаа со себе во Битола. Ги почитувам правата на Бугарите во Македонија, но можеа да одберат посоодветно име. Можеше на пример да се стави името на поетот Пејо Јаворов. Тој е првиот биограф на Гоце Делчев. Тој е добар пријател и на Тодор Александров. Тоа ќе беше добра личност за име на клуб, а не вака провокација и понижување на јавна сцена, вели Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

Според него, музеите се места каде се презентира историјата.

Има и восочни фигури на Адолф Хитлер, но тоа е сосема различно да ви дојде премиер на друга држава и да ви направи понижување. Нема сериозен притисок врз Бугарија, бидејќи највлијателните земји-членки не се убедени дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Јас не би му дозволил на Петков да дојде, ако знам која е целта на посетата. Најдобар одговор на сето ова деновиве е ајде заеднички сите партии да донесеме Декларација во Собранието со која ќе ја осудиме поддршката на Петков на вакви фашистички личности, рече Николоски.

The post Николоски: Ги почитувам правата на Бугарите во Македонија, но можеа да одберат посоодветно име appeared first on Република.