пратеници на СДСМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenitsi-na-sdsm/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 10:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пратеници на СДСМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenitsi-na-sdsm/ 32 32 Маричиќ не освои мандат – ова се 18 пратеници на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ne-osvoi-mandat-ova-se-18-pratenitsi-na-sdsm/ Thu, 09 May 2024 10:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=776276

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не успеа повторно да добие столче во македонскиот Парламент, откако неговата СДСМ во Изборната единица 1, во која тој беше четврти на листа, со добиени 25.730 гласа, зеде само три мандати - коносителите на листата лидерот на партијата Димитар Ковачевски и лидерката на ЛДП Моника Зајкова, како и Даниела Николова, која и досега беше пратеничка на СДСМ.

Маричиќ предмалку преку „Фејсбук“ им го честиташе на победниците за успехот, а на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори.

Тој додаде дека СДСМ како опозиција ќе биде постојано тука за потребите на развојот, да иницираат но и го поддржат тоа што им треба на граѓаните.

Јас лично, со цел свој капацитет, со цела своја енергија, посветеност и знаење, ќе се вложам во заздравувањето и реформите на СДСМ како партија која искрено ја сакам и со гордост и припаѓам, бидејќи во овој момент каузите за кои целиот свој живот сум се борел се загрозени и со ослабена подлога и база, наведува Маричиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-za-sdsm-vo-momentov-kauzite-za-koi-tsel-zhivot-sum-se-borel-se-zagrozeni-i-so-oslabena-podloga-i-baza/

Инаку, СДСМ, како втора најголема македонска партија, освои речиси тројно помалку пратенички места од ВМРО-ДПМНЕ.

Во ИЕ 2 мандат освоија само Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, додека партијата најлошо помина во шестката, каде пратеничко место доби само досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/slavjanka-obezbedi-mandat-samo-za-sebe-koj-vleguva-vo-sobranieto-od-ie-6/

Во ИЕ 3 носителката Сања Лукаревска освои 4 мандати, заедно со Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски. Најдобро помина поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој во ИЕ 4 освои 5 мандати. Од тука како пратеници на опозициона СДСМ влегуваат и  Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска и Борче Цветков.

Слабо помина и претседателот на Собранието Јован Митрески, кој со својата коносителка на листата во ИЕ 5, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска освоија 3 мандати. Нив ќе им се придружи помалку познато име за македонската јавност - Митко Трајчулески.

The post Маричиќ не освои мандат – ова се 18 пратеници на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не успеа повторно да добие столче во македонскиот Парламент, откако неговата СДСМ во Изборната единица 1, во која тој беше четврти на листа, со добиени 25.730 гласа, зеде само три мандати - коносителите на листата лидерот на партијата Димитар Ковачевски и лидерката на ЛДП Моника Зајкова, како и Даниела Николова, која и досега беше пратеничка на СДСМ. Маричиќ предмалку преку „Фејсбук“ им го честиташе на победниците за успехот, а на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори. Тој додаде дека СДСМ како опозиција ќе биде постојано тука за потребите на развојот, да иницираат но и го поддржат тоа што им треба на граѓаните.
Јас лично, со цел свој капацитет, со цела своја енергија, посветеност и знаење, ќе се вложам во заздравувањето и реформите на СДСМ како партија која искрено ја сакам и со гордост и припаѓам, бидејќи во овој момент каузите за кои целиот свој живот сум се борел се загрозени и со ослабена подлога и база, наведува Маричиќ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-za-sdsm-vo-momentov-kauzite-za-koi-tsel-zhivot-sum-se-borel-se-zagrozeni-i-so-oslabena-podloga-i-baza/ Инаку, СДСМ, како втора најголема македонска партија, освои речиси тројно помалку пратенички места од ВМРО-ДПМНЕ. Во ИЕ 2 мандат освоија само Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, додека партијата најлошо помина во шестката, каде пратеничко место доби само досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска. https://republika.mk/vesti/makedonija/slavjanka-obezbedi-mandat-samo-za-sebe-koj-vleguva-vo-sobranieto-od-ie-6/ Во ИЕ 3 носителката Сања Лукаревска освои 4 мандати, заедно со Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски. Најдобро помина поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој во ИЕ 4 освои 5 мандати. Од тука како пратеници на опозициона СДСМ влегуваат и  Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска и Борче Цветков. Слабо помина и претседателот на Собранието Јован Митрески, кој со својата коносителка на листата во ИЕ 5, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска освоија 3 мандати. Нив ќе им се придружи помалку познато име за македонската јавност - Митко Трајчулески.  

The post Маричиќ не освои мандат – ова се 18 пратеници на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Лога ќе бара од министрите на СДСМ да му објаснат зошто гласале против законот за амнестија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-ke-bara-od-ministrite-na-sdsm-da-mu-objasnat-zoshto-glasale-protiv-zakonot-za-amnestija/ Fri, 03 Nov 2023 20:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=697952

Министерот за правда Кренар Лога вели дека е изнанеден од одлуката на пратениците од СДСМ да гласаат против законот за амнестија. Не бил информиран зошто не гласале за законот да влезе во собраниска процедура по скратена постапка, и ова како тема ќе го постави на редовната владина седница во вторник.

Дилемата дали ни треба овој закон или не, се разгледуваат во матичните комисии кога би се дискутирало дали тоа би било најдоброто можно решение или е нешто друго во прашање, вели Лога во вечерашното интервју во Топ Тема.

Тој објаснува дека претходно добил информација од новинарите кои пак биле информирани од седиштето на СДСМ дека нема да го поддржат законот. Но, министерот немал такви најави, и одбил да коментира, затоа што вели дека за многу битни прашања се дискутира на владина седница.

Не знам дали имале партиски прегрупирања, но јас кога го образлагав законот им реков дека ќе бидам среќен да помине. Во Собрание гледам и пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои беа против измените на КЗ, како Милошоски, за утредента со адвокати да бараат нивните дела да застаруваат. За каков морал зборуваме тука ?! А од друга страна имам коалициски партнери пред себе кои имаат двајца екс генерални секретари кои ја издржуваат казната притвор и куќен притвор по хотели, или во Систина или на Клинички. Кога имате од една страна такви привилигирани луѓе од моќни партии во државата, а од другата страна имате докази со слики и секако друг материјал кој е доставен до пратениците уште од сабајле, од состојбите во затворите. И сега ме прашувате за политика, вели Лога.

The post Лога ќе бара од министрите на СДСМ да му објаснат зошто гласале против законот за амнестија appeared first on Република.

Мицкоски до пратениците од СДСМ: Одважете, не подлегнувајте на притисоците и немојте да дозволите Ахмети, Рама и раководството заради тендери да ја втурнат државата во пекол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-pratenitsite-od-sdsm-odvazhete-ne-podlegnuvajte-na-pritisotsite-i-nemojte-da-dozvolite-ahmeti-rama-i-rakovodstvoto-zaradi-tenderi-da-ja-vturnat-drzhavata-vo-pekol/ Tue, 14 Feb 2023 14:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=608953

Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека СДСМ никогаш не бил во полоша состојба и немал послабо раководство како актуелното кое работи само за провизии од тендери и ги повика пратениците од СДСМ со различен став да се одважат и да не дозволат овие луѓе да ја доведат Македонија во пропаст.

СДСМ со ова раководство никогаш не бил во полоша состојба, и никогаш немал послабо раководство и тоа е работа на членовите и активистите. Тоа е партија која е присутна на политичката сцена повеќе од 3 децении како наследник на Сојузот на комунисти и има своја традиција и не би било добро овие луѓе кои денеска го водат СДСМ да го згаснат. Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски ги повика да не бидат заложници на Али Ахмети, и да не дозволат повторно Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија.

Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија.

The post Мицкоски до пратениците од СДСМ: Одважете, не подлегнувајте на притисоците и немојте да дозволите Ахмети, Рама и раководството заради тендери да ја втурнат државата во пекол appeared first on Република.

]]>

Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски посочи дека СДСМ никогаш не бил во полоша состојба и немал послабо раководство како актуелното кое работи само за провизии од тендери и ги повика пратениците од СДСМ со различен став да се одважат и да не дозволат овие луѓе да ја доведат Македонија во пропаст.