пратеникот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenikot/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Oct 2022 07:45:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пратеникот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenikot/ 32 32 Во битолскиот театар вечерва премиера на претставата „Пратеникот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitolskiot-teatar-vecherva-premiera-na-pretstavata-pratenikot/ Sat, 22 Oct 2022 09:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=564236

Вечерва во 20 часот, во театарот во Битола ќе се одигра премиерата на најновата театарска претстава Пратеникот, направена по пиесата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во продукција на Интимен Театар од Битола.

Во претставата играат: Катерина Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски. Композитор на оригиналната музика е Александар Талевски, а дизајнот на светлото го направи Горан Петровски. Костимограф е Валентин Дамчевски и „DRAMA - 3/4 by Jasmina“. Фотографиите и дизајнот се на Гоце Веселиновски.

Премиерата на оваа претстава ќе се одигра на голема сцена во Народниот театар Битола.

„Пратеникот“ е претстава за љубовта во време на либерален капитализам. Претстава за борбата на емоционалната човечка природа, со притисоците на општествениот систем што дехуманизира. Претстава за злото во нас, што секогаш не претвора во чудовишта. Претстава за исконската потреба на човекот да доминира, да победува и да покорува. Претстава за тагата и за бесмислата, и во исто време претстава за надежта. „Пратеникот“ е емоционално и рационално патување низ нашата желба да бидеме среќни - велат од битолскиот театар.

The post Во битолскиот театар вечерва премиера на претставата „Пратеникот“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот, во театарот во Битола ќе се одигра премиерата на најновата театарска претстава Пратеникот, направена по пиесата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во продукција на Интимен Театар од Битола. Во претставата играат: Катерина Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски. Композитор на оригиналната музика е Александар Талевски, а дизајнот на светлото го направи Горан Петровски. Костимограф е Валентин Дамчевски и „DRAMA - 3/4 by Jasmina“. Фотографиите и дизајнот се на Гоце Веселиновски. Премиерата на оваа претстава ќе се одигра на голема сцена во Народниот театар Битола.