пратеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenik/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 13:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пратеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenik/ 32 32 Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshija-parlamentarnite-izbori-azizi-nov-pratenik-na-mestoto-na-kasami/ Thu, 30 May 2024 12:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=783180

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата Европски фронт има осум мандати, Влен исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина еден.

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од Вреди ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.

The post Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино. Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата Европски фронт има осум мандати, Влен исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина еден. На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од Вреди ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.

The post Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами appeared first on Република.

]]>
Централниот одбор на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsentralniot-odbor-na-dom-ja-izbra-morachanin-za-kandidat-za-pratenik/ Sun, 24 Mar 2024 15:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=758193

Централниот одбор на ДОМ, на денешната седница, донел одлука претседателката на партијата, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ.

Како што соопштија од ДОМ, членовите на ЦО изразиле задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата од страна на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и донеле одлука за поддршка на неговата кандидатура.

На седницата бил избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ.

ДОМ останува посветен на реализирање на приоритетот за што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, кој е основната движечка сила за спроведување на неопходните реформи во македонското општество. ДОМ ќе продолжи да инсистира на спроведување на праведната енергетска транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, заштитата на животната средина и климата, ефикасна борба против корупцијата и унапредување на човековите права, стои во соопштението од Централната канцеларија на ДОМ.

 

The post Централниот одбор на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник appeared first on Република.

]]>

Централниот одбор на ДОМ, на денешната седница, донел одлука претседателката на партијата, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ. Како што соопштија од ДОМ, членовите на ЦО изразиле задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата од страна на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и донеле одлука за поддршка на неговата кандидатура. На седницата бил избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ.
ДОМ останува посветен на реализирање на приоритетот за што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, кој е основната движечка сила за спроведување на неопходните реформи во македонското општество. ДОМ ќе продолжи да инсистира на спроведување на праведната енергетска транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, заштитата на животната средина и климата, ефикасна борба против корупцијата и унапредување на човековите права, стои во соопштението од Централната канцеларија на ДОМ.
 

The post Централниот одбор на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник appeared first on Република.

]]>
Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turski-pratenik-pochina-po-srtsev-udar-vo-parlamentot/ Thu, 14 Dec 2023 11:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=722895

Турски опозициски пратеник почина денеска, два дена откако доживеа срцев удар во Парламентот додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“.

Хасан Битмез (54), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање.

На снимката од турскиот Парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската Влада поради израелските бомбардирања.

Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел, рече Битмез во говорот откако постави транспарент на подиумот на кој пишува „Убиец Израел; соработник на АКП“.

Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соработници.

Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот за 2024 година.

The post Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот appeared first on Република.

]]>

Турски опозициски пратеник почина денеска, два дена откако доживеа срцев удар во Парламентот додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“. Хасан Битмез (54), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање. На снимката од турскиот Парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската Влада поради израелските бомбардирања. Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел, рече Битмез во говорот откако постави транспарент на подиумот на кој пишува „Убиец Израел; соработник на АКП“. Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соработници. Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот за 2024 година.

The post Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот appeared first on Република.

]]>
Дански пратеник во врска со 15-годишно девојче, ја запознал кога имала 10 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danski-pratenik-vo-vrska-so-15-godishno-devojche-ja-zapoznal-koga-imala-10/ Fri, 24 Nov 2023 09:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=715777

Пратеникот во данскиот парламент Мике Вила Фонсека во интервју за ТВ 2 признал дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа 28-годишниот политичар го прекршил кодексот на однесување на Умерената партија, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува Берлингске.

Претседателот на партијата Ларс Локе Расмусен набрзо објави дека Фонсека треба да биде исклучен, по што самиот Фонсека реши да ја напушти партијата и да замине на боледување. Инаку, Фонсека изјавил дека родителите на 15-годишното девојче биле свесни за врската и дека му дале согласност.

Последователно, родителите во интервју за Екстра Бладет потврдиле дека навистина дале согласност и дека ја поддржуваат врската.

Работите се случија малку рано, но нема ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, луѓето реагираат на разликата во годините. Но, ние имаме доверба во нашата ќерка и Мајк, рекол таткото, кој сакал да остане анонимен.

Според нивните родители, Фонсека во последните пет години доаѓал во нивниот дом како семеен пријател. Адвокатот најпрво склучил пријателство со таткото на 15-годишното девојче, бидејќи имале заеднички интерес за мотори. Родителите изјавиле дека врската меѓу политичарот и нивната ќерка започнала пред пет месеци.

Откако Фонсека ја напуштил Партијата на умерените, во интервју за ТВ 2 споменал три партии во кои можел да се види себеси во иднина. Сепак, веќе следниот ден, сите три партии – Социјалдемократите, Либералната партија и Либералната алијанса – го отфрлија. Фонсека на изборите освоил 505 повластени гласови.

Данскиот парламент има вкупно 179 пратеници, што значи дека за мнозинство се потребни 90 гласа. Сепак, „Политикен“ пишува дека во пракса, во огромно мнозинство на случаи, доволно е да има 88 гласа, бидејќи четворицата претставници од Гренланд и од Фарски Острови не се мешаат во чисто данските работи.

Социјалдемократите, либералите и умерените освоија вкупно 89 мандати на минатогодишните избори. Сепак, владејачката партија сега може да се најде во неволја бидејќи Фонсека и уште еден пратеник ги напуштиле умерените и станале независни. Иако Фонсека заминал на боледување и била назначена негова замена, прашање е кога ќе се врати и како ќе се позиционира според предлозите на владата.

The post Дански пратеник во врска со 15-годишно девојче, ја запознал кога имала 10 appeared first on Република.

]]>

Пратеникот во данскиот парламент Мике Вила Фонсека во интервју за ТВ 2 признал дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа 28-годишниот политичар го прекршил кодексот на однесување на Умерената партија, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува Берлингске. Претседателот на партијата Ларс Локе Расмусен набрзо објави дека Фонсека треба да биде исклучен, по што самиот Фонсека реши да ја напушти партијата и да замине на боледување. Инаку, Фонсека изјавил дека родителите на 15-годишното девојче биле свесни за врската и дека му дале согласност. Последователно, родителите во интервју за Екстра Бладет потврдиле дека навистина дале согласност и дека ја поддржуваат врската.
Работите се случија малку рано, но нема ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, луѓето реагираат на разликата во годините. Но, ние имаме доверба во нашата ќерка и Мајк, рекол таткото, кој сакал да остане анонимен.
Според нивните родители, Фонсека во последните пет години доаѓал во нивниот дом како семеен пријател. Адвокатот најпрво склучил пријателство со таткото на 15-годишното девојче, бидејќи имале заеднички интерес за мотори. Родителите изјавиле дека врската меѓу политичарот и нивната ќерка започнала пред пет месеци. Откако Фонсека ја напуштил Партијата на умерените, во интервју за ТВ 2 споменал три партии во кои можел да се види себеси во иднина. Сепак, веќе следниот ден, сите три партии – Социјалдемократите, Либералната партија и Либералната алијанса – го отфрлија. Фонсека на изборите освоил 505 повластени гласови. Данскиот парламент има вкупно 179 пратеници, што значи дека за мнозинство се потребни 90 гласа. Сепак, „Политикен“ пишува дека во пракса, во огромно мнозинство на случаи, доволно е да има 88 гласа, бидејќи четворицата претставници од Гренланд и од Фарски Острови не се мешаат во чисто данските работи. Социјалдемократите, либералите и умерените освоија вкупно 89 мандати на минатогодишните избори. Сепак, владејачката партија сега може да се најде во неволја бидејќи Фонсека и уште еден пратеник ги напуштиле умерените и станале независни. Иако Фонсека заминал на боледување и била назначена негова замена, прашање е кога ќе се врати и како ќе се позиционира според предлозите на владата.

The post Дански пратеник во врска со 15-годишно девојче, ја запознал кога имала 10 appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Хибридниот режим преку заробеното судство спротивно на Устав и закон осуди пратеник за искажан став во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-hibridniot-rezhim-preku-zarobenoto-sudstvo-sprotivno-na-ustav-i-zakon-osudi-pratenik-za-iskazhan-stav-vo-sobranie/ Mon, 13 Nov 2023 07:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=700858

Хибридниот режим во паѓање преку заробеното судство се обидува да се спаси од криминалите и да го ублажи големиот пораз кој им следи на изборите, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Уставот и законите за оваа власт никогаш не важеле, а уште еднаш се потврди дека не важат ниту за судиите кои под притисок на власта мора да судат спротивно на Устав и демократски принципи. За прв пат во историјата на политичкиот плурализам, спротивно на Уставот и законите пратеник на опозиција е осуден за искажан став од собраниска говорница. Како и Уставот така и Законот за граѓанска одговорност и клевета, член 7 е јасно дека нема одговорност ако изјавата е дадена во работата на Собранието. Просто е неверојатно судија наместо да суди според законот, суди по партиска наредба, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека скандалозно е судија да од против судските и законските прописи само за да му удоволи пресуда на пратеник од власта.

-Да биде потрагично, пресудата за пратеникот Бране Петрушевски доаѓа во време кога Македонија го доби најлошиот извештај од Европската комисија, извештај во кој судството практично е оценето со единица без напредок и без имплементација дури на минатите препораки. Како им се ближи крајот, така им расте нервозата и стравот од одговорност, а пресудата која спротивна на демократските и уставни норми е само уште еден доказ во низата. Добрата вест е што изборите не се далеку, а оваа криминална каста која сега ја узурпира власта и го зароби правосудството не само што ќе доживее голем пораз, туку ќе се соочи со законите и ќе одговараат за сите криминали, а ќе има одговорност и за сите кои ги кршат законите, порачуваат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Хибридниот режим преку заробеното судство спротивно на Устав и закон осуди пратеник за искажан став во Собрание appeared first on Република.

]]>

Хибридниот режим во паѓање преку заробеното судство се обидува да се спаси од криминалите и да го ублажи големиот пораз кој им следи на изборите, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Уставот и законите за оваа власт никогаш не важеле, а уште еднаш се потврди дека не важат ниту за судиите кои под притисок на власта мора да судат спротивно на Устав и демократски принципи. За прв пат во историјата на политичкиот плурализам, спротивно на Уставот и законите пратеник на опозиција е осуден за искажан став од собраниска говорница. Како и Уставот така и Законот за граѓанска одговорност и клевета, член 7 е јасно дека нема одговорност ако изјавата е дадена во работата на Собранието. Просто е неверојатно судија наместо да суди според законот, суди по партиска наредба, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека скандалозно е судија да од против судските и законските прописи само за да му удоволи пресуда на пратеник од власта. -Да биде потрагично, пресудата за пратеникот Бране Петрушевски доаѓа во време кога Македонија го доби најлошиот извештај од Европската комисија, извештај во кој судството практично е оценето со единица без напредок и без имплементација дури на минатите препораки. Како им се ближи крајот, така им расте нервозата и стравот од одговорност, а пресудата која спротивна на демократските и уставни норми е само уште еден доказ во низата. Добрата вест е што изборите не се далеку, а оваа криминална каста која сега ја узурпира власта и го зароби правосудството не само што ќе доживее голем пораз, туку ќе се соочи со законите и ќе одговараат за сите криминали, а ќе има одговорност и за сите кои ги кршат законите, порачуваат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Хибридниот режим преку заробеното судство спротивно на Устав и закон осуди пратеник за искажан став во Собрание appeared first on Република.

]]>
Пратеник во украинскиот парламент пријави боледување па замина за Малдиви, Зеленски збесна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pratenik-vo-ukrainskiot-parlament-prijavi-boleduvane-pa-zamina-za-maldivi-zelenski-zbesna/ Thu, 27 Jul 2023 07:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=665757

Властите во Украина истражуваат дали пратеникот Јуриј Аристов го прекршил законот кога заминал на семеен одмор на Малдивите. На службените лица им е забрането да патуваат во странство на одмор, додека на мажите на старосна граница им е потребна посебна дозвола за да ја напуштат земјата. Службата за безбедност отвори кривична постапка за да процени дали Аристов давал лажни информации на властите. Тој може да се соочи со затворска казна до три години доколку биде прогласен за виновен, пренесува Би-Би-Си.

Првичната истрага покажа дека Аристов кон средината на јули со сопругата и децата бил на приватниот остров Итафуши на Малдивите, кога бил пријавен на боледување. Во странство престојуваше од 5 до 22 јули, а најпрво замина на тридневен службен пат во Полска. Него први го забележаа украинските медиуми на Малдивите. Претседателот Володимир Зеленски ги предупреди јавните службеници дека секое предавство на интересите на земјата ќе предизвика бес.

„Кога постојано ја гледате и чувствувате моралната сила што ја добиваат за Украина нашите воини, нашиот народ, кој прави се што е можно и невозможно за победа и зачувување на слободата, секое внатрешно предавство, секое поткупување или какво било лично богатење наместо интересите на Украина предизвикува во најмала рака гнев“, рече Зеленски.

Аристов поднесе оставка. Неколку високи украински функционери поднесоа оставки претходно оваа година, откако Зеленски започна претрес на владиниот персонал. Нивното заминување дојде откако Украина започна голема акција против корупцијата.

The post Пратеник во украинскиот парламент пријави боледување па замина за Малдиви, Зеленски збесна appeared first on Република.

]]>

Властите во Украина истражуваат дали пратеникот Јуриј Аристов го прекршил законот кога заминал на семеен одмор на Малдивите. На службените лица им е забрането да патуваат во странство на одмор, додека на мажите на старосна граница им е потребна посебна дозвола за да ја напуштат земјата. Службата за безбедност отвори кривична постапка за да процени дали Аристов давал лажни информации на властите. Тој може да се соочи со затворска казна до три години доколку биде прогласен за виновен, пренесува Би-Би-Си. Првичната истрага покажа дека Аристов кон средината на јули со сопругата и децата бил на приватниот остров Итафуши на Малдивите, кога бил пријавен на боледување. Во странство престојуваше од 5 до 22 јули, а најпрво замина на тридневен службен пат во Полска. Него први го забележаа украинските медиуми на Малдивите. Претседателот Володимир Зеленски ги предупреди јавните службеници дека секое предавство на интересите на земјата ќе предизвика бес.
„Кога постојано ја гледате и чувствувате моралната сила што ја добиваат за Украина нашите воини, нашиот народ, кој прави се што е можно и невозможно за победа и зачувување на слободата, секое внатрешно предавство, секое поткупување или какво било лично богатење наместо интересите на Украина предизвикува во најмала рака гнев“, рече Зеленски.
Аристов поднесе оставка. Неколку високи украински функционери поднесоа оставки претходно оваа година, откако Зеленски започна претрес на владиниот персонал. Нивното заминување дојде откако Украина започна голема акција против корупцијата.

The post Пратеник во украинскиот парламент пријави боледување па замина за Малдиви, Зеленски збесна appeared first on Република.

]]>
Бајрами ја напушта БЕСА и ќе дејствува како независен пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bajrami-ja-napushta-besa-i-ke-dejstvuva-kako-nezavisen-pratenik/ Wed, 26 Jul 2023 09:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=665460

Пратеникот на движењето Беса, Бастри Бајрами информира дека од денеска ќе дејствува како независен. Тој доставил известување до претседателот на Собранието.

Јас долупотпишаниот пратеник Бастри Бајрами, ве информирам дека од денес ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Македонија, се вели во известувањето на Бајрами испратено до спикерот Талат Џафери.

Ова доаѓа после обидот за окрупнување на албанскиот опозициски блок, откако поранешниот член на ДУИ, Изет Меџити, кој најави дека ќе формира ново политичко движење, седна на иста маса со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши.

Токму Меџити објави дека разговарале за принципите на нивната идна соработка за обединување на албанската опозиција, чија цел е пресврт на силите, односно испраќање на ДУИ во опозиција на следните парламентарни избори. Лидерот на Движењето Беса, Касами, средбата ја оцени како многу конструктивна, а на која, како што вели, било разговарано за создавање на заеднички опозициски фронт како неопходност на албанската политичка сцена.

Сепак, проектот за опозициски фронт на Меџити, Касами и Гаши може да се одрази негативно за Беса. Ова може да се заклучи според објавата на заменик-претседателот на партијата Арјанит Хоџа.

Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива немаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес-конференција во текот на оваа недела, стои во објавата на Хоџа.

The post Бајрами ја напушта БЕСА и ќе дејствува како независен пратеник appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на движењето Беса, Бастри Бајрами информира дека од денеска ќе дејствува како независен. Тој доставил известување до претседателот на Собранието. Јас долупотпишаниот пратеник Бастри Бајрами, ве информирам дека од денес ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Македонија, се вели во известувањето на Бајрами испратено до спикерот Талат Џафери. Ова доаѓа после обидот за окрупнување на албанскиот опозициски блок, откако поранешниот член на ДУИ, Изет Меџити, кој најави дека ќе формира ново политичко движење, седна на иста маса со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши. Токму Меџити објави дека разговарале за принципите на нивната идна соработка за обединување на албанската опозиција, чија цел е пресврт на силите, односно испраќање на ДУИ во опозиција на следните парламентарни избори. Лидерот на Движењето Беса, Касами, средбата ја оцени како многу конструктивна, а на која, како што вели, било разговарано за создавање на заеднички опозициски фронт како неопходност на албанската политичка сцена. Сепак, проектот за опозициски фронт на Меџити, Касами и Гаши може да се одрази негативно за Беса. Ова може да се заклучи според објавата на заменик-претседателот на партијата Арјанит Хоџа. Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива немаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес-конференција во текот на оваа недела, стои во објавата на Хоџа.

The post Бајрами ја напушта БЕСА и ќе дејствува како независен пратеник appeared first on Република.

]]>
Српски пратеник за време на седница на која се расправало за Косово гледал порно! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-pratenik-za-vreme-na-sednitsa-na-koja-se-raspravalo-za-kosovo-gledal-porno/ Tue, 07 Feb 2023 09:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=605834

Пратеник на парламентарна партија на мобилен гледал филмови за возрасни додека Националното собрание расправало за европскиот план за Косово!

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, јасно се гледа како овој пратеник, седнат во собраниската клупа, повеќе од минута и пол ја гледа акцијата на мобилниот телефон, додека продолжува жестоката дискусија за најважното национално прашање во Србија. Додека гледа видео со експлицитна содржина, овој заменик не обрнува ни внимание на многубројните колеги кои седат во клупите до него.

Иако на видеото не се гледа неговото лице и не може со сигурност да се утврди неговиот идентитет, на Твитер се тврди дека станува збор за Звонимир Стевиќ, пратеник од Социјалистичката партија на Србија.

Дебатата за Косово во Народното собрание се одржа во четврток и петок на 3 и 4 февруари.

 

The post Српски пратеник за време на седница на која се расправало за Косово гледал порно! appeared first on Република.

]]>

Пратеник на парламентарна партија на мобилен гледал филмови за возрасни додека Националното собрание расправало за европскиот план за Косово! На видеото кое се појави на социјалните мрежи, јасно се гледа како овој пратеник, седнат во собраниската клупа, повеќе од минута и пол ја гледа акцијата на мобилниот телефон, додека продолжува жестоката дискусија за најважното национално прашање во Србија. Додека гледа видео со експлицитна содржина, овој заменик не обрнува ни внимание на многубројните колеги кои седат во клупите до него. Иако на видеото не се гледа неговото лице и не може со сигурност да се утврди неговиот идентитет, на Твитер се тврди дека станува збор за Звонимир Стевиќ, пратеник од Социјалистичката партија на Србија. Дебатата за Косово во Народното собрание се одржа во четврток и петок на 3 и 4 февруари.  

The post Српски пратеник за време на седница на која се расправало за Косово гледал порно! appeared first on Република.

]]>
На 50-годишна возраст почина поранeшниот пратеник Сашко Костов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-50-godishna-vozrast-pochina-poraneshniot-pratenik-sashko-kostov/ Mon, 05 Dec 2022 12:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=582205

На 50-годишна возраст денеска ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов.

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10.30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание. Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.

The post На 50-годишна возраст почина поранeшниот пратеник Сашко Костов appeared first on Република.

]]>

На 50-годишна возраст денеска ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов. Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10.30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд. Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание. Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.

The post На 50-годишна возраст почина поранeшниот пратеник Сашко Костов appeared first on Република.

]]>
Слави Трифонов oстана без уште еден пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slavi-trifonov-ostana-bez-ushte-eden-pratenik/ Fri, 17 Jun 2022 14:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=516408

И бугарскиот пратеник Кирил Симеонов се отцепи од „Има таквов народ“ на Слави Трифонов. Неговата одлука, објавена од собраниската говорница, наиде на силен аплауз од пратениците од другите три партии во владејачката коалиција и збунетост кај претставниците на ИТН.

Подоцна, Тошко Јорданов, кој доцна пристигна во парламентот, свика итен состанок на пратеничката група на ИТН, на кој присуствуваше и Симеонов. Пред вратата застанаа пратениците од владејачката „Промената продолжува“ бидејќи се сомневале за притисок врз Симеонов, пишува Бнр.бг. По повеќе од еден час состанок на пратеничката група на „Има таков народ“, нејзиниот претседавач Тошко Јорданов даде куса изјава за медиумите, нагласувајќи дека групата е обединета, а со Симеонов остануваат пријатели.

Во раните попладневни часови претседавачот со пленарната седница на Народното собрание Атанас Атанасов соопшти дека Кирил Симеонов и официјално ја напуштил пратеничката група на „Има таков народ“ и сега е независен пратеник.

Ова е шести пратеник што ја напушта групата ИТН. Член е на Комисијата за буџет и финансирање, претседател на Комисијата за информатичка технологија.

Не сакам да контактирам со ГЕРБ и кога ќе се вратам дома сакам да си ги гледам децата во очи, изјави Симеонов утрово од говорницата на Народното собрание, по тензиите и речиси физичката пресметка меѓу пратениците.

„Бидејќи веќе сум на говорница, сакам да кажам нешто од срце без да подготвувам говори. Кога влегов во политиката, влегов без партиски родители, без никој да ме поддржува. бизнисмени зад мене, без ништо. Кога го видов Слави Трифонов ме праша: „Зото си овде? За што се бориш? „Му реков, тука сум да се борам против системот, против статус-квото“.

Вчера гласавме заедно со овој систем и се срамам од оваа работа. На крајот на краиштата, морам да излезам и да го кажам тоа. Јас не сум ГЕРБ, не сум ДПС и кога вечерва ќе се вратам кај моите деца сакам да можам да ги погледнам во очи“, изјави Кирил Симеонов.

Ова е многу силна манифестација на парламентаризмот и господинот Симеонов го има моето восхитување, рече привремениот претседател на Народното собрание Мирослав Иванов од ПП.

ИТН првично ги демантираше информациите за заминување на друго лице.

Симеонов негираше дека му вршеле притисок и му понудиле позиции и пари.

Погледнете, во моментов, она што го направив беше апсолутно емотивно и од срце. Тоа нешто што се случи вчера беше последната капка. Нема апсолутно никаков притисок врз мене, рече тој.

The post Слави Трифонов oстана без уште еден пратеник appeared first on Република.

]]>

И бугарскиот пратеник Кирил Симеонов се отцепи од „Има таквов народ“ на Слави Трифонов. Неговата одлука, објавена од собраниската говорница, наиде на силен аплауз од пратениците од другите три партии во владејачката коалиција и збунетост кај претставниците на ИТН. Подоцна, Тошко Јорданов, кој доцна пристигна во парламентот, свика итен состанок на пратеничката група на ИТН, на кој присуствуваше и Симеонов. Пред вратата застанаа пратениците од владејачката „Промената продолжува“ бидејќи се сомневале за притисок врз Симеонов, пишува Бнр.бг. По повеќе од еден час состанок на пратеничката група на „Има таков народ“, нејзиниот претседавач Тошко Јорданов даде куса изјава за медиумите, нагласувајќи дека групата е обединета, а со Симеонов остануваат пријатели. Во раните попладневни часови претседавачот со пленарната седница на Народното собрание Атанас Атанасов соопшти дека Кирил Симеонов и официјално ја напуштил пратеничката група на „Има таков народ“ и сега е независен пратеник. Ова е шести пратеник што ја напушта групата ИТН. Член е на Комисијата за буџет и финансирање, претседател на Комисијата за информатичка технологија.
Не сакам да контактирам со ГЕРБ и кога ќе се вратам дома сакам да си ги гледам децата во очи, изјави Симеонов утрово од говорницата на Народното собрание, по тензиите и речиси физичката пресметка меѓу пратениците.
„Бидејќи веќе сум на говорница, сакам да кажам нешто од срце без да подготвувам говори. Кога влегов во политиката, влегов без партиски родители, без никој да ме поддржува. бизнисмени зад мене, без ништо. Кога го видов Слави Трифонов ме праша: „Зото си овде? За што се бориш? „Му реков, тука сум да се борам против системот, против статус-квото“. Вчера гласавме заедно со овој систем и се срамам од оваа работа. На крајот на краиштата, морам да излезам и да го кажам тоа. Јас не сум ГЕРБ, не сум ДПС и кога вечерва ќе се вратам кај моите деца сакам да можам да ги погледнам во очи“, изјави Кирил Симеонов.
Ова е многу силна манифестација на парламентаризмот и господинот Симеонов го има моето восхитување, рече привремениот претседател на Народното собрание Мирослав Иванов од ПП.
ИТН првично ги демантираше информациите за заминување на друго лице. Симеонов негираше дека му вршеле притисок и му понудиле позиции и пари.
Погледнете, во моментов, она што го направив беше апсолутно емотивно и од срце. Тоа нешто што се случи вчера беше последната капка. Нема апсолутно никаков притисок врз мене, рече тој.

The post Слави Трифонов oстана без уште еден пратеник appeared first on Република.

]]>
Гледал порно среде седница: Суспендиран пратеник од Конзервативната партија на Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gledal-porno-srede-sednica-suspendiran-pratenik-od-konzervativnata-partija-na-britanija/ Fri, 29 Apr 2022 18:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=495515

Британскиот конзервативен пратеник Нил Периш е суспендиран од партијата по истрага за наводно гледање порнографија на мобилен телефон во просториите за дебата во Долниот дом на Парламентот.

Шеесет и петгодишниот пратеник сам се пријавил во парламентарната комисија задолжена за прашањата за однесување на пратеници, изјави портпаролот на шефот на ториевците во парламентот, Крис Хитон-Харис.

„Група конзервативци го суспендираа Париш додека се чекаат заклучоците од истрагата“.

Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон отвори истрага во средата откако пратеник го обвини Париш дека гледал порнографска содржина во Парламентот. Париш тогаш не беше јавно именуван.

The post Гледал порно среде седница: Суспендиран пратеник од Конзервативната партија на Британија appeared first on Република.

]]>

Британскиот конзервативен пратеник Нил Периш е суспендиран од партијата по истрага за наводно гледање порнографија на мобилен телефон во просториите за дебата во Долниот дом на Парламентот. Шеесет и петгодишниот пратеник сам се пријавил во парламентарната комисија задолжена за прашањата за однесување на пратеници, изјави портпаролот на шефот на ториевците во парламентот, Крис Хитон-Харис. „Група конзервативци го суспендираа Париш додека се чекаат заклучоците од истрагата“. Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон отвори истрага во средата откако пратеник го обвини Париш дека гледал порнографска содржина во Парламентот. Париш тогаш не беше јавно именуван.

The post Гледал порно среде седница: Суспендиран пратеник од Конзервативната партија на Британија appeared first on Република.

]]>
Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-poraneshniot-pratenik-tomislav-stojanovski-bombaj/ Sat, 05 Mar 2022 09:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=468081

Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ). Тој беше роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет.

Беше избран за пратеник од редовите на ДПМ на изборите во 1994 година, а беше и кандидат за градоначалник на Тетово во неколку наврати.

Стојановски беше познат како долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Бил и директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“.  Откако се пензионираше Стојановски го основа Тетовскиот фолк фестивал што се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.

The post Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај appeared first on Република.

]]>

Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ). Тој беше роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет. Беше избран за пратеник од редовите на ДПМ на изборите во 1994 година, а беше и кандидат за градоначалник на Тетово во неколку наврати. Стојановски беше познат како долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Бил и директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“.  Откако се пензионираше Стојановски го основа Тетовскиот фолк фестивал што се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.

The post Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај appeared first on Република.

]]>