пратенички мандати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenichki-mandati/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 11:16:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пратенички мандати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenichki-mandati/ 32 32 Во ДИК доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-dik-dodeluvane-na-uverenijata-za-pratenitsi-za-potvrdenite-pratenichki-mandati/ Tue, 21 May 2024 11:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=780487

Државната изборна комисија (ДИК) ќе одржи јавна седница на која ќе се усвојуваат записниците од претходните седници, а потоа ќе се започне со доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.

На доделувањето ќе присуствуваат овластените претставници на кандидатските листи.

The post Во ДИК доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) ќе одржи јавна седница на која ќе се усвојуваат записниците од претходните седници, а потоа ќе се започне со доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати. На доделувањето ќе присуствуваат овластените претставници на кандидатските листи.

The post Во ДИК доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати appeared first on Република.

]]>
Официјални резултати од парламентарните избори во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/oficijalni-rezultati-od-parlamentarnite-izbori-vo-srbija/ Mon, 04 Apr 2022 21:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=483325

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излезноста на изборите според тој примерок е 58,65 отсто од запишаните избирачи.

Според РИК, најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите или 1.576.082 гласа, што би им донело 120 мандата според досегашните резултати, од 250 пратенички места во српскиот Парламент.

Коалицијата Обединети за победа на Србија освои 13,57 отсто од гласовите (38 пратенички места), коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС) 11,50 отсто (32 места), а коалицијата НАДА на ДСС – 5,39 отсто од гласовите (15 места).

Цензусот го поминаа и коалицијата на екологистите Мораме, која освои 4,63 отсто (12 места), десничарските Патриотски блок на Двери 3,83 (10 места) и Заветници 3,74 (10 места).

Пратеници ќе имаат и малцинските партии, односно Сојузот на војводинските Унгарци со шест мандати, Аманет на муфтијата – три мандати, Заедно за Војводина и СДА Санџак два мандата.

Цензусот не го поминаа Коалицијата на Албанците, Суверенистите, Српската радикална партија, Ајде луѓе и Киднапираните бебиња.

Според резултатите на РИК, малцинските листи на Алтернативи за промени, Ромската партија и Алијансата на руското малцинство нема да влезат во српскиот Парламент.

The post Официјални резултати од парламентарните избори во Србија appeared first on Република.

]]>

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излезноста на изборите според тој примерок е 58,65 отсто од запишаните избирачи. Според РИК, најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите или 1.576.082 гласа, што би им донело 120 мандата според досегашните резултати, од 250 пратенички места во српскиот Парламент. Коалицијата Обединети за победа на Србија освои 13,57 отсто од гласовите (38 пратенички места), коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС) 11,50 отсто (32 места), а коалицијата НАДА на ДСС – 5,39 отсто од гласовите (15 места). Цензусот го поминаа и коалицијата на екологистите Мораме, која освои 4,63 отсто (12 места), десничарските Патриотски блок на Двери 3,83 (10 места) и Заветници 3,74 (10 места). Пратеници ќе имаат и малцинските партии, односно Сојузот на војводинските Унгарци со шест мандати, Аманет на муфтијата – три мандати, Заедно за Војводина и СДА Санџак два мандата. Цензусот не го поминаа Коалицијата на Албанците, Суверенистите, Српската радикална партија, Ајде луѓе и Киднапираните бебиња. Според резултатите на РИК, малцинските листи на Алтернативи за промени, Ромската партија и Алијансата на руското малцинство нема да влезат во српскиот Парламент.

The post Официјални резултати од парламентарните избори во Србија appeared first on Република.

]]>