пратеничка група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenichka-grupa/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 14:45:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пратеничка група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pratenichka-grupa/ 32 32 Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-na-prva-koordinatsija-so-pratenichkata-grupa-na-sdsm/ Wed, 03 Jul 2024 15:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=793145

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ја одржал првата средба и координација со пратеничката група на СДСМ, за, како што соопштија од партијата, организирано и силно делување во македонското Собрание. Со оваа средба, се додава, се означува почетокот на новото политичко делување на партијата.

На средбата се разговарало за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.

-Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај граѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните, рекол Филипче.

СДСМ, се подвлекува во соопштението, ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат.

The post Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ја одржал првата средба и координација со пратеничката група на СДСМ, за, како што соопштија од партијата, организирано и силно делување во македонското Собрание. Со оваа средба, се додава, се означува почетокот на новото политичко делување на партијата. На средбата се разговарало за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието. -Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај граѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните, рекол Филипче. СДСМ, се подвлекува во соопштението, ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат.

The post Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Партиите од Европски сојуз за промени формираа пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/partiite-od-evropski-sojuz-za-promeni-formiraa-pratenichka-grupa-koordinator-safije-sadiki-shaini/ Mon, 13 Nov 2023 12:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=701062

Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.

Во групата има шест пратеници и како што рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши отворени се за сите кои сакаат да им се приклучат.

По формализирањето на коалицијата нашиот сојуз денеска одлучи да го сплоти пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи денеска поднесовме до претседателот на Собранието известување дека отсега ќе имаме заедничка пратеничка група, рече Гаши на прес-конференција во Собранието.

На овој начин, истакна Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Собранието за делување на пратеничките групи. - Иако пратеничкиот мандат е при крај сметаме дека има многу отворени прашања и процеси повзрани со европската иднина на земјата за што Сојузот е сериозно заинтерсиран да помогне, наведе Гаши.

Тој апелираше претседателот на Собранието Џафери, како што рече, да не го пролонгира изборот на член на Државната изборна комисија кој и следува на опозицијата бидејќи тоа го прави соучесник во непочитувањето на законот.

Заменик координатор на пратеничката група ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.

The post Партиите од Европски сојуз за промени формираа пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини appeared first on Република.

]]>

Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини. Во групата има шест пратеници и како што рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши отворени се за сите кои сакаат да им се приклучат.
По формализирањето на коалицијата нашиот сојуз денеска одлучи да го сплоти пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи денеска поднесовме до претседателот на Собранието известување дека отсега ќе имаме заедничка пратеничка група, рече Гаши на прес-конференција во Собранието.
На овој начин, истакна Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Собранието за делување на пратеничките групи. - Иако пратеничкиот мандат е при крај сметаме дека има многу отворени прашања и процеси повзрани со европската иднина на земјата за што Сојузот е сериозно заинтерсиран да помогне, наведе Гаши. Тој апелираше претседателот на Собранието Џафери, како што рече, да не го пролонгира изборот на член на Државната изборна комисија кој и следува на опозицијата бидејќи тоа го прави соучесник во непочитувањето на законот. Заменик координатор на пратеничката група ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.

The post Партиите од Европски сојуз за промени формираа пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata/ Fri, 01 Sep 2023 12:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=677921

Денес имав редовна координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, пишува на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

нема уставни измени под бугарски диктат;

остро сме против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата;

бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени

ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси.

The post Мицкоски на средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата appeared first on Република.

Адеми: Не сум добил формално известување дека Меџити и Коџаџику ја напуштаат пратеничката група на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-ne-sum-dobil-formalno-izvestuvane-deka-medhiti-i-kodhadhiku-ja-napushtaat-pratenichkata-grupa-na-dui/ Fri, 21 Jul 2023 09:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=663842

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, денеска изјави дека формално тие уште имаат 15 пратеници бидејќи Иџет Меџити и Мерита Коџаџику се уште не најавиле дека заминуваат од оваа пратеничка група.

Нашата пратеничка група броеше 15 пратеници, но формално се уште брои, од причина што како координатор на пратеничката група сè уште немам формална одлука за отцепување од пратеничката група. До овие моменти немам никакво известување дека пратеничката група се намалила или пораснала, рече Адеми за летното издание на Клик плус на ТВ 21.

За заминувањето на Иџет Меџити од партијата и најавата за формирање на ново политичко движење, Адеми тврди дека тие разбрале од медиумите. Адеми, како што кажа, жали за оваа одлука, но според него, тој бил добро третиран од ДУИ и Ахмети.

Од медиумите сме информирани за новата политичка определба, во овој случај сакам да нагласам дека се работи за значајни личности кои имале високи политички и партиски функции, биле третирани многу добро во ДУИ, изјави координаторот на пратеничките групи на ДУИ.

Како политички субјект ДУИ, како што кажа, не се плаши од политичкото движење на Изет Меџити.

Да ви кажам право, не, бидејќи тоа е добро организирана, етаблирана политичка организација, која не еднаш, туку повеќе пати поминала низ слични процеси, рече Адеми.

Според него, Демократската унија за интеграција е на највисоко ниво по кредибилитет во јавното мислење, а тоа е благодарение на визијата на Али Ахмети, која 22 години прави ДУИ да биде стабилна партија.

Адеми тврди дека апсењето на Исмет Гури нема врска со политичките случувања и дека Али Ахмети не се занимава со „стапици“.

За промената на Уставот вели дека не разговарале поединечно со пратениците од опозоцијата, но дека не е добро да се условува.

The post Адеми: Не сум добил формално известување дека Меџити и Коџаџику ја напуштаат пратеничката група на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, денеска изјави дека формално тие уште имаат 15 пратеници бидејќи Иџет Меџити и Мерита Коџаџику се уште не најавиле дека заминуваат од оваа пратеничка група.
Нашата пратеничка група броеше 15 пратеници, но формално се уште брои, од причина што како координатор на пратеничката група сè уште немам формална одлука за отцепување од пратеничката група. До овие моменти немам никакво известување дека пратеничката група се намалила или пораснала, рече Адеми за летното издание на Клик плус на ТВ 21.
За заминувањето на Иџет Меџити од партијата и најавата за формирање на ново политичко движење, Адеми тврди дека тие разбрале од медиумите. Адеми, како што кажа, жали за оваа одлука, но според него, тој бил добро третиран од ДУИ и Ахмети.
Од медиумите сме информирани за новата политичка определба, во овој случај сакам да нагласам дека се работи за значајни личности кои имале високи политички и партиски функции, биле третирани многу добро во ДУИ, изјави координаторот на пратеничките групи на ДУИ.
Како политички субјект ДУИ, како што кажа, не се плаши од политичкото движење на Изет Меџити.
Да ви кажам право, не, бидејќи тоа е добро организирана, етаблирана политичка организација, која не еднаш, туку повеќе пати поминала низ слични процеси, рече Адеми.
Според него, Демократската унија за интеграција е на највисоко ниво по кредибилитет во јавното мислење, а тоа е благодарение на визијата на Али Ахмети, која 22 години прави ДУИ да биде стабилна партија. Адеми тврди дека апсењето на Исмет Гури нема врска со политичките случувања и дека Али Ахмети не се занимава со „стапици“. За промената на Уставот вели дека не разговарале поединечно со пратениците од опозоцијата, но дека не е добро да се условува.

The post Адеми: Не сум добил формално известување дека Меџити и Коџаџику ја напуштаат пратеничката група на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ovaa-pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-nema-da-potklekne-na-pritisotsite-na-vlasta/ Tue, 11 Jul 2023 19:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=660216

„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Андоновски додаде дека не би бил изненаден ако не види притисок од страна на власта, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне.

„Пратеничката група е цврста, соработката помеѓу пратеничката група, духот на пратеничката група е многу цврст. А, не би бил изненаден ако не видам притисок од страна на власта“, рече Андоновски.

Тој потсети дека сите предллози на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени власта ги одби не сакаше соработка ниту помош.

„Даваме предлози, бевме одбивани и затоа тие сите предлози ги повлекуваме од масата и во моментот еден единствен предлог кој што е ставен на масата за кој што сме подготвени да разговараме е избори“, укажа Андоновски.

Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктата и под вакви услови нема да има.

„Сега е време да се провериме на избори“, посочи Андоновски.

„Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности“, додаде Андоновски.

The post Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта appeared first on Република.

]]>

„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Андоновски додаде дека не би бил изненаден ако не види притисок од страна на власта, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне. „Пратеничката група е цврста, соработката помеѓу пратеничката група, духот на пратеничката група е многу цврст. А, не би бил изненаден ако не видам притисок од страна на власта“, рече Андоновски. Тој потсети дека сите предллози на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени власта ги одби не сакаше соработка ниту помош. „Даваме предлози, бевме одбивани и затоа тие сите предлози ги повлекуваме од масата и во моментот еден единствен предлог кој што е ставен на масата за кој што сме подготвени да разговараме е избори“, укажа Андоновски. Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктата и под вакви услови нема да има. „Сега е време да се провериме на избори“, посочи Андоновски. „Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности“, додаде Андоновски.

The post Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта appeared first on Република.

]]>
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-se-sretna-so-germanskiot-pratenik-od-tsdu-vo-germanskiot-bundestag/ Tue, 20 Jun 2023 15:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=653456

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук информира за средбата со германскиот пратеник Петер Бајер од ЦДУ во германскиот Бундестаг.

📌 Продуктивна средба со германскиот пратеник Peter Beyer (ЦДУ) во германскиот Бундестаг, корисни разговори за билатералната соработка и за заедничките интереси на Македонија и Германија 🇩🇪🇲🇰 , во рамките на новите безбедносни и политички случувања во Европа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг appeared first on Република.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните уште еднаш ја препознаа и се уверија во неискреноста и арогантноста на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-gragjanite-ushte-ednash-ja-prepoznaa-i-se-uverija-vo-neiskrenosta-i-arogantnosta-na-vlasta/ Tue, 19 Apr 2022 15:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=490673

Власта не отстапи од намерата и не го слушна гласот на граѓаните и ги протурка штетните и дискриминаторски измени на Законот за административни службеници. За жал, владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ не сакаа еднакво и правично законско решение со кое ќе беа опфатени сите вработени во јавниот сектор, истакнуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Токму затоа, сакаме да ја информираме јавноста дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната 68-ма пленарна седница го поддржа овој Закон, но потенцираме дека остануваме на ставот дека ова законско решение е штетно и не ги застапува интересите на сите вработени во јавниот сектор. Го поддржавме овој Закон само поради тоа што нашата цел е да излеземе во пресрет на барањата на синдикатите и вработените во јавниот сектор. Но, нашите заложби се’уште остануваат и ќе бидат насочени кон подобро законско решение од ова кое власта го туркаше изминатиов период во законодавниот дом.

Имено, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата постојано укажуваше на фалинките и недостатоците на Предлог измените на Законот и во текот на постапката, по барање на сите репрезентативни синдикати, поднесе амандман со кој што се предвидуваше линеарно зголемување на платите за сите вработени во јавниот сектор за 2.800 денари. Сепак за власта, од неразбирливи причини, нашиот амандман не беше прифатлив и беше едногласно одбиен.

Власта покажа дека нема слух за нашиот предлог и упорно ги туркаше измените на овој Закон со кој што сега ќе има покачување на платите само на службениците со ниво „Г“ на сложеност на работа, а за сите останати покачување ќе нема.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, апелиравме дека ова е штетно законско решение кое поттикнува класична дискриминација, потценување и омаловажување на вработените во јавниот сектор. Дополнително, апелиравме и дека ова законско решение поттикнува и негативни ефекти кои ќе направат дисбаланс на платите во сооднос со сложеноста на работните места, со што уште повеќе негативно ќе влијае на мотивот за работа на вработените во јавниот сектор.

На крајот, сакаме да им порачаме на власта и владејачкото мнозинство дека граѓаните уште еднаш ја препознаа и се уверија во неискреноста и арогантноста на власта која наместо да носи решенија за подобро утре и подобар стандард на сите граѓани, таа уште повеќе создава дополнителни проблеми и ја зголемува и онака веќе огромната бројка на граѓани приматели на минимална плата. Токму затоа, се ближи денот кога граѓаните ќе и го испорачаат одговорот на оваа ненародна власт предводена од двоецот СДСМ/ДУИ.

The post Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните уште еднаш ја препознаа и се уверија во неискреноста и арогантноста на власта appeared first on Република.

]]>

Власта не отстапи од намерата и не го слушна гласот на граѓаните и ги протурка штетните и дискриминаторски измени на Законот за административни службеници. За жал, владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ не сакаа еднакво и правично законско решение со кое ќе беа опфатени сите вработени во јавниот сектор, истакнуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: Токму затоа, сакаме да ја информираме јавноста дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната 68-ма пленарна седница го поддржа овој Закон, но потенцираме дека остануваме на ставот дека ова законско решение е штетно и не ги застапува интересите на сите вработени во јавниот сектор. Го поддржавме овој Закон само поради тоа што нашата цел е да излеземе во пресрет на барањата на синдикатите и вработените во јавниот сектор. Но, нашите заложби се’уште остануваат и ќе бидат насочени кон подобро законско решение од ова кое власта го туркаше изминатиов период во законодавниот дом. Имено, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата постојано укажуваше на фалинките и недостатоците на Предлог измените на Законот и во текот на постапката, по барање на сите репрезентативни синдикати, поднесе амандман со кој што се предвидуваше линеарно зголемување на платите за сите вработени во јавниот сектор за 2.800 денари. Сепак за власта, од неразбирливи причини, нашиот амандман не беше прифатлив и беше едногласно одбиен. Власта покажа дека нема слух за нашиот предлог и упорно ги туркаше измените на овој Закон со кој што сега ќе има покачување на платите само на службениците со ниво „Г“ на сложеност на работа, а за сите останати покачување ќе нема. Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, апелиравме дека ова е штетно законско решение кое поттикнува класична дискриминација, потценување и омаловажување на вработените во јавниот сектор. Дополнително, апелиравме и дека ова законско решение поттикнува и негативни ефекти кои ќе направат дисбаланс на платите во сооднос со сложеноста на работните места, со што уште повеќе негативно ќе влијае на мотивот за работа на вработените во јавниот сектор. На крајот, сакаме да им порачаме на власта и владејачкото мнозинство дека граѓаните уште еднаш ја препознаа и се уверија во неискреноста и арогантноста на власта која наместо да носи решенија за подобро утре и подобар стандард на сите граѓани, таа уште повеќе создава дополнителни проблеми и ја зголемува и онака веќе огромната бројка на граѓани приматели на минимална плата. Токму затоа, се ближи денот кога граѓаните ќе и го испорачаат одговорот на оваа ненародна власт предводена од двоецот СДСМ/ДУИ.

The post Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните уште еднаш ја препознаа и се уверија во неискреноста и арогантноста на власта appeared first on Република.

]]>