прашања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prashanja/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 13:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прашања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prashanja/ 32 32 Наставниците и родителите преку прашалник одговараат дали сакаат или не пролетен распуст во новата учебна година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastavnitsite-i-roditelite-preku-prashalnik-odgovaraat-dali-sakaat-ili-ne-proleten-raspust-vo-novata-uchebna-godina/ Wed, 10 Jul 2024 13:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=795386

Наставници, ученици и родители/старатели преку пополнување прашалник треба да го дадат своето лично мислење дали сакаат летен распуст во наредната учебна година, 2024/2025 година.

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење, велат од МОН.

Со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.

Првпат летниот распуст во училиштата беше воведен во учебната 2023/2024 година, и за основните училишта учебната година заврши на 17 јуни, а за средните на 10 јуни. Пролетниот распуст беше од 29 април до 6 мај. Но, поради изборниот процес, учениците изгубија уште два дена, 7 и 8 мај не беа на училиште, или беа со скратени часови. Во следните денови тие требаше да ги надоместат изгубените часови.

The post Наставниците и родителите преку прашалник одговараат дали сакаат или не пролетен распуст во новата учебна година appeared first on Република.

]]>

Наставници, ученици и родители/старатели преку пополнување прашалник треба да го дадат своето лично мислење дали сакаат летен распуст во наредната учебна година, 2024/2025 година. Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.
Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење, велат од МОН.
Со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година. Првпат летниот распуст во училиштата беше воведен во учебната 2023/2024 година, и за основните училишта учебната година заврши на 17 јуни, а за средните на 10 јуни. Пролетниот распуст беше од 29 април до 6 мај. Но, поради изборниот процес, учениците изгубија уште два дена, 7 и 8 мај не беа на училиште, или беа со скратени часови. Во следните денови тие требаше да ги надоместат изгубените часови.

The post Наставниците и родителите преку прашалник одговараат дали сакаат или не пролетен распуст во новата учебна година appeared first on Република.

]]>
Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-na-albanski-jazik-odgovori-na-poveke-prashana-a-za-medumite-koi-postavuvaa-prashana-na-makedonski-jazik-ne-saka-da-zboruva-nadvor-od-temata/ Thu, 20 Jul 2023 11:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=663488

Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, објави Макфакс

Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње.

Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму.

Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања.

По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.

The post Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата appeared first on Република.

]]>

Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, објави Макфакс
Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње. Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму. Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања. По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.

The post Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата appeared first on Република.

]]>
Прашањата за екстерните испити за матура ќе бидат само од материјалот до март поради штрајкот на наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prashanjata-za-eksternite-ispiti-za-matura-kje-bidat-samo-od-materijalot-do-mart-poradi-shtrajkot-na-nastavnicite/ Sun, 15 May 2022 11:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=502493

Премиерот Димитар Ковачевски и средношколците се договорија прашањата за екстерните испити годинава да го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар, соопштија од Сојузот на средношколци.

Прашањата за овогодишните екстерни испити се соодветни на испитите од минатите години, кои се објавени на веб страницата на Државниот испитен центар. ДИЦ во најбрз можен рок ќе изготви Каталог на прашања за екстерните испити, односно истите на матурантите ќе бидат достапни во еден ПДФ документ.

Со Претседателот на Владата се согласивме дека прашањата за екстерните испити ќе го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар. Сојузот презема одговорност да се обрати до оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал после март, се вели во соопштението по средбата во Владата.

Што се однесува на проектната задача, рокот за изработка на проектната задача е веќе продолжен и 1.598 ученици кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит ќе имаат можност тоа да го сторат до понеделник, 16 мај.

The post Прашањата за екстерните испити за матура ќе бидат само од материјалот до март поради штрајкот на наставниците appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски и средношколците се договорија прашањата за екстерните испити годинава да го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар, соопштија од Сојузот на средношколци.
Прашањата за овогодишните екстерни испити се соодветни на испитите од минатите години, кои се објавени на веб страницата на Државниот испитен центар. ДИЦ во најбрз можен рок ќе изготви Каталог на прашања за екстерните испити, односно истите на матурантите ќе бидат достапни во еден ПДФ документ. Со Претседателот на Владата се согласивме дека прашањата за екстерните испити ќе го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар. Сојузот презема одговорност да се обрати до оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал после март, се вели во соопштението по средбата во Владата.
Што се однесува на проектната задача, рокот за изработка на проектната задача е веќе продолжен и 1.598 ученици кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит ќе имаат можност тоа да го сторат до понеделник, 16 мај.  

The post Прашањата за екстерните испити за матура ќе бидат само од материјалот до март поради штрајкот на наставниците appeared first on Република.

]]>
Петков: Имаме 15 години да ги решиме прашањата со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkov-imame-15-godini-da-gi-reshime-prashanjata-so-makedonija/ Sat, 29 Jan 2022 16:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=451260

Приближувањето на Македонија кон Европската Унија, не започнува со членство, туку претстои долг преговарачки период кога може да се надминуваат најчувствителните прашања- вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радио Дарик.

Додава дека историјата не може да се заборави и не треба да се игнорира, но во истовреме и да се наметнува и погрешен пристап.

Не можеме да пристапиме со „заборави се што знаеш досега и прифати се како што јас ти велам”. Тој пристап не функционира. Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа. Има 15 години од оваа до втората точка. Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат. Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата и тој процес има јасен механизам како да се исчистат тие елементи, вели Петков.

Го одбравме вистинскиот пристап со градење мостови меѓу двете земји, обновувањето на разговорите и соработката на повеќе полиња ќе даде резултати и на политичко ниво- кажа премиерот Димитар Ковачевски на денешната конференција во Скопје посветена на граѓанскиот придонес во македонско-бугарските односи.

Јас немам никакво сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосферата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања. Особено оние кои се однесуваат на деблокирањето на процесот за финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ, вели Ковачевски.

Приоритет во разговорите треба да има пакетот барања од бугарска страна, паралелно со меѓувладината соработка треба да се решаваат и потешките прашања, смета европратеникот Илхан Ќучук. Македонската Влада е согласна да се впише бугарско малцинство во Уставот, но низ дијалог со опозицијата за да се оформи потребното двотретинско мнозинство.

Различни уставни модели има, еден е во Бугарија, друг е во Македонија. Ајде да се сконцентрираме кон поважните теми, 4+1. 4+1 даваат перспектива за враќање на довербата и договорот од 2017 година, вели Ќучук.

Немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и другите заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ, вели Маричиќ.

Инаку, според најавите од Софија, во вторник на први февруари ќе се одржи првиот состанок на една од новите работни групи- во Скопје ќе пристигне бугарскиот тим од комисијата за економија, трговија и иновации. Три дена подоцна ќе се случи и најавеното заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање, но без присуство на премиерите Ковачевски и Петков.

The post Петков: Имаме 15 години да ги решиме прашањата со Македонија appeared first on Република.

]]>

Приближувањето на Македонија кон Европската Унија, не започнува со членство, туку претстои долг преговарачки период кога може да се надминуваат најчувствителните прашања- вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радио Дарик. Додава дека историјата не може да се заборави и не треба да се игнорира, но во истовреме и да се наметнува и погрешен пристап.