пранкери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prankeri/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 13:12:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пранкери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prankeri/ 32 32 Полскиот претседател Анджеј Дуда нова жртва на руските пранкери: Не сакам војна со Русија им рекол мислејќи дека разговара со Макрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-andzej-duda-nova-zrtva-na-ruskite-prankeri-ne-sakam-vojna-so-rusija-im-rekol-mislejkji-deka-razgovara-so-makron/ Tue, 22 Nov 2022 13:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=576940

Полскиот претседател Анджеј Дуда по падот на ракетата во источна Полска рекол дека не би сакал тој инцидент да доведе до војна со Русија.

Дуда ова го кажува во разговор со руските комичари Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус, кои оствариле контакт со него, лажно претставувајќи се како францускиот претседател Емануел Макрон.

Во снимката која денеска беше објавена на социјалните мрежи, наводниот Макрон го прашува претседателот Дуда дали инцидентот го поврзува со постојаните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски за нови испораки на оружје. На тоа, како што е соопштено, претседателот на Полска одговорил: „Верувај ми, јас сум крајно внимателен. Не ги обвинувај Русите. Емануел, мислиш дека ми треба војна со Русија? Не. Верувај ми, не го сакам тоа“.

The post Полскиот претседател Анджеј Дуда нова жртва на руските пранкери: Не сакам војна со Русија им рекол мислејќи дека разговара со Макрон appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда по падот на ракетата во источна Полска рекол дека не би сакал тој инцидент да доведе до војна со Русија. Дуда ова го кажува во разговор со руските комичари Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус, кои оствариле контакт со него, лажно претставувајќи се како францускиот претседател Емануел Макрон. Во снимката која денеска беше објавена на социјалните мрежи, наводниот Макрон го прашува претседателот Дуда дали инцидентот го поврзува со постојаните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски за нови испораки на оружје. На тоа, како што е соопштено, претседателот на Полска одговорил: „Верувај ми, јас сум крајно внимателен. Не ги обвинувај Русите. Емануел, мислиш дека ми треба војна со Русија? Не. Верувај ми, не го сакам тоа“.

The post Полскиот претседател Анджеј Дуда нова жртва на руските пранкери: Не сакам војна со Русија им рекол мислејќи дека разговара со Макрон appeared first on Република.

]]>
Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prankerite-na-zaev-go-namestile-valas-lazen-shmigalj-razgovaral-so-britanskiot-minister-za-odbrana/ Tue, 22 Mar 2022 11:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=476555

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“.

Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигаљ преку видеоповик.

Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура Надин Дорис.

Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс.

Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми.

По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка.

„Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење атомско оружје“, рекол тој.

Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена.

Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.

The post Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“. Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигаљ преку видеоповик. Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура Надин Дорис. Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс. Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми. По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка. „Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење атомско оружје“, рекол тој. Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена. Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.

The post Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>
Британски министер на „тимс“ осум минути разговарал со лажен Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-minister-na-tims-osum-minuti-razgovaral-so-lazen-zelenski/ Fri, 18 Mar 2022 09:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=474867

Британскиот министер за одбрана Бен Валас разговарал преку Мајкрософт тимс со лажен повикувач кој се претставил како украинскиот претседател Володимир Зеленски, а неговиот колега Џејмс Хепи во разговор за Скај њуз го бранел Валас.

Валас многу добро ја разбира заканата и е свесен дека бил на повик за прислушување. Повикот на почетокот бил нормален, рече тој, но кога јавувачот почнал да поставува поостри прашања кои вообичаено не би ги поставувал, Валас се посомневал и ја прекинал врската, вели Хепи.

Да потсетиме, британското Министерство за одбрана објави дека руските сили постигнале минимален напредок оваа недела.

Украинските сили продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили кои постигнаа минимален напредок оваа недела, соопшти Министерството, пренесоа медиумите.

 

The post Британски министер на „тимс“ осум минути разговарал со лажен Зеленски appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана Бен Валас разговарал преку Мајкрософт тимс со лажен повикувач кој се претставил како украинскиот претседател Володимир Зеленски, а неговиот колега Џејмс Хепи во разговор за Скај њуз го бранел Валас.
Валас многу добро ја разбира заканата и е свесен дека бил на повик за прислушување. Повикот на почетокот бил нормален, рече тој, но кога јавувачот почнал да поставува поостри прашања кои вообичаено не би ги поставувал, Валас се посомневал и ја прекинал врската, вели Хепи.
Да потсетиме, британското Министерство за одбрана објави дека руските сили постигнале минимален напредок оваа недела.
Украинските сили продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили кои постигнаа минимален напредок оваа недела, соопшти Министерството, пренесоа медиумите.
 

The post Британски министер на „тимс“ осум минути разговарал со лажен Зеленски appeared first on Република.

]]>