Прајм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prajm/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 12:44:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прајм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prajm/ 32 32 Ако деца до 14 години дневно пијат по пола литро од „Прајм хидра“ ќе внесат витамини и минерали кои се несоодветни за нивна возраст, предупредува Институтот за јавно здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-detsa-do-14-godini-dnevno-pijat-po-pola-litro-od-prajm-hidra-ke-vnesat-vitamini-i-minerali-koi-se-nesoodvetni-za-nivna-vozrast-predupreduva-institutot-za-javno-zdravje/ Thu, 16 Nov 2023 12:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=702129

Ако деца, на возраст од една до 14 години, консумираат пола литро дневно од пијалокот „Прајм хидра“ кој стана многу актуелен меѓу учениците ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок, објави Институтот за јавно здравје (ИЗЈ).

Како што се вели во извештајот на ИЈЗ „PRIME HYDRATION DRINK“ е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија.

Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата, велат од ИЈЗ.

За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е.

Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти, велат од ИЈЗ.

Од ИЈЗ додаваат дека консумацијата на PRIME HYDRATION DRINK кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно.

Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, велат од ИЈЗ, кој додаваат дека возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно.

Постојат два вида од пијалокот „прајм“ - енергетска, односно кофеинска верзија, која содржи Л-теанин, кој не е дозволен во безалкохолните пијалоци во Европската унија и „прајм хидра“, која се продава кај нас.

Во Словенија и во Хрватска е забранета енергетската верзија на „прајм“.

[caption id="attachment_702157" align="alignnone" width="765"] фото: Индекс.хр[/caption]

Хрватскиот министер за здравство Вили Барош најави итна акција со цел да се ограничи конзумирање на овие пијалоци меѓу младата популација. Барош сака посебно да се огранчи консумацијата на овие производи околу училиштата, но свесен е дека забранетите пијалоци се продаваат онлајн.

„Прајм хидра“ нема никаква врска со „Прајм енергетскиот пијалок“ и тој не е забранет во Хрватска. Се поставува прашањето што е Л-теанин и зошто е забранат во ЕУ и колку е штетен.

Л-теанин е аминокиселина која се наоѓа во чаевите, посебно во зелениот чај и има неколку потенцијални здравствени бенефити. Истражувањата покажале дека Л-теанинот може да помогне во намалување на субјективниот стрес, да ги подобри конгитивните перформанси, да ги подобри сонот. Некои истражувања покажале дека кобинација на Л-теанин и кофеин може да има позитивен исход на млади кои имаат АДХД. Но, иако нуспојави од конзумација на Л-теанин не се пријавени, пиење на големи количини зелен чај, поради додатниот кофеин може да доведе до мачнини, пореметување во желудникот и раздразливост.

Л-теанин во комбинација со високо ниво на кофеин, како што содржат енергетските пијалоци на „прајм“ може да го зголемат влијанието на кофеинот што може да доведе до зголемена раздразливност, несоница и други нус - појави поврзани со кофеинот.

Затоа, енергетските напитоци кои ја имаат оваа комбинација секогаш е најдобро да се конзумираат умерено и да се биде свесен за потенцијалните ризици. Енергетските пијалоци, со коеинот и Л-теанин често содржат високо ниво на шеќер, што се заедно може да биде штетно за здравјето ако се пие во големи количини.

„Прајм“ е нова марка на спортски и енергетски пијалоци кои лани почнаа да ги промовираат попларни јутјубери од САД и Велика Британија. Според рекламите, пијалоците содржат разни состојки кои ја подобруваат хидратацијата, перформанските и енергијата.

https://republika.mk/zivot/zdravje/goltka-prajm-za-siromashnite-detsa-50-denari-slikane-so-pijalokot-100/

https://republika.mk/vesti/balkan/sloventsite-go-zabranija-energetskiot-pijalok-prajm-sodrzhi-nedozvolena-sostojka-rizichna-za-zdravjeto-na-detsata/

The post Ако деца до 14 години дневно пијат по пола литро од „Прајм хидра“ ќе внесат витамини и минерали кои се несоодветни за нивна возраст, предупредува Институтот за јавно здравје appeared first on Република.

]]>

Ако деца, на возраст од една до 14 години, консумираат пола литро дневно од пијалокот „Прајм хидра“ кој стана многу актуелен меѓу учениците ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок, објави Институтот за јавно здравје (ИЗЈ). Како што се вели во извештајот на ИЈЗ „PRIME HYDRATION DRINK“ е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија.
Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата, велат од ИЈЗ.
За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е.
Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти, велат од ИЈЗ.
Од ИЈЗ додаваат дека консумацијата на PRIME HYDRATION DRINK кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно.
Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, велат од ИЈЗ, кој додаваат дека возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно.
Постојат два вида од пијалокот „прајм“ - енергетска, односно кофеинска верзија, која содржи Л-теанин, кој не е дозволен во безалкохолните пијалоци во Европската унија и „прајм хидра“, која се продава кај нас. Во Словенија и во Хрватска е забранета енергетската верзија на „прајм“. [caption id="attachment_702157" align="alignnone" width="765"] фото: Индекс.хр[/caption] Хрватскиот министер за здравство Вили Барош најави итна акција со цел да се ограничи конзумирање на овие пијалоци меѓу младата популација. Барош сака посебно да се огранчи консумацијата на овие производи околу училиштата, но свесен е дека забранетите пијалоци се продаваат онлајн. „Прајм хидра“ нема никаква врска со „Прајм енергетскиот пијалок“ и тој не е забранет во Хрватска. Се поставува прашањето што е Л-теанин и зошто е забранат во ЕУ и колку е штетен. Л-теанин е аминокиселина која се наоѓа во чаевите, посебно во зелениот чај и има неколку потенцијални здравствени бенефити. Истражувањата покажале дека Л-теанинот може да помогне во намалување на субјективниот стрес, да ги подобри конгитивните перформанси, да ги подобри сонот. Некои истражувања покажале дека кобинација на Л-теанин и кофеин може да има позитивен исход на млади кои имаат АДХД. Но, иако нуспојави од конзумација на Л-теанин не се пријавени, пиење на големи количини зелен чај, поради додатниот кофеин може да доведе до мачнини, пореметување во желудникот и раздразливост. Л-теанин во комбинација со високо ниво на кофеин, како што содржат енергетските пијалоци на „прајм“ може да го зголемат влијанието на кофеинот што може да доведе до зголемена раздразливност, несоница и други нус - појави поврзани со кофеинот. Затоа, енергетските напитоци кои ја имаат оваа комбинација секогаш е најдобро да се конзумираат умерено и да се биде свесен за потенцијалните ризици. Енергетските пијалоци, со коеинот и Л-теанин често содржат високо ниво на шеќер, што се заедно може да биде штетно за здравјето ако се пие во големи количини. „Прајм“ е нова марка на спортски и енергетски пијалоци кои лани почнаа да ги промовираат попларни јутјубери од САД и Велика Британија. Според рекламите, пијалоците содржат разни состојки кои ја подобруваат хидратацијата, перформанските и енергијата. https://republika.mk/zivot/zdravje/goltka-prajm-za-siromashnite-detsa-50-denari-slikane-so-pijalokot-100/ https://republika.mk/vesti/balkan/sloventsite-go-zabranija-energetskiot-pijalok-prajm-sodrzhi-nedozvolena-sostojka-rizichna-za-zdravjeto-na-detsata/

The post Ако деца до 14 години дневно пијат по пола литро од „Прајм хидра“ ќе внесат витамини и минерали кои се несоодветни за нивна возраст, предупредува Институтот за јавно здравје appeared first on Република.

]]>
Словенците го забранија енергетскиот пијалок „Прајм“ „Содржи недозволена состојка, ризична за здравјето на децата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sloventsite-go-zabranija-energetskiot-pijalok-prajm-sodrzhi-nedozvolena-sostojka-rizichna-za-zdravjeto-na-detsata/ Tue, 14 Nov 2023 10:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=701364

Енергетскиот пијалок Прајм станува популарен меѓу младите во Македонија, што веќе ги крена лекарите на нозе на Запад, бидејќи една лименка содржи кофеин колку, приближно, шест лименки Кока Кола или две конзерви Ред Бул.

Производителот не го препорачува за лица помлади од 18 години, но тоа не е гаранција дека децата нема да го купат.

Откако увидот излезе на терен, соседна Словенија ја забрани кофеинската верзија на овој енергетски пијалок. Откриено е дека кофеинската верзија на овој енергетски пијалок содржи состојка Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ.

Верзијата на хидратантниот пијалок останува на полиците, вели 24ur.com.

Дирекцијата за јавно здравје на Министерството за здравство побара проценка на ризик од Националниот институт за јавно здравје.

Оттаму појаснија дека од доставената документација, проценетата изложеност на кофеин преку конзумирање на енергетските пијалоци Прајм укажува на постоење на веројатност за негативни ефекти врз здравјето на релевантните групи на население, па оттука, енергетските пијалоци Прајм претставуваат ризик за здравјето на деца и адолесценти поради содржината на кофеин.

The post Словенците го забранија енергетскиот пијалок „Прајм“ „Содржи недозволена состојка, ризична за здравјето на децата“ appeared first on Република.

]]>

Енергетскиот пијалок Прајм станува популарен меѓу младите во Македонија, што веќе ги крена лекарите на нозе на Запад, бидејќи една лименка содржи кофеин колку, приближно, шест лименки Кока Кола или две конзерви Ред Бул. Производителот не го препорачува за лица помлади од 18 години, но тоа не е гаранција дека децата нема да го купат. Откако увидот излезе на терен, соседна Словенија ја забрани кофеинската верзија на овој енергетски пијалок. Откриено е дека кофеинската верзија на овој енергетски пијалок содржи состојка Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ. Верзијата на хидратантниот пијалок останува на полиците, вели 24ur.com. Дирекцијата за јавно здравје на Министерството за здравство побара проценка на ризик од Националниот институт за јавно здравје. Оттаму појаснија дека од доставената документација, проценетата изложеност на кофеин преку конзумирање на енергетските пијалоци Прајм укажува на постоење на веројатност за негативни ефекти врз здравјето на релевантните групи на население, па оттука, енергетските пијалоци Прајм претставуваат ризик за здравјето на деца и адолесценти поради содржината на кофеин.

The post Словенците го забранија енергетскиот пијалок „Прајм“ „Содржи недозволена состојка, ризична за здравјето на децата“ appeared first on Република.

]]>
Голтка „Прајм“ за сиромашните деца 50 денари, сликање со пијалокот 100 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/goltka-prajm-za-siromashnite-detsa-50-denari-slikane-so-pijalokot-100/ Sun, 12 Nov 2023 19:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=700805

Во Србија владее вистинска хистерија по енергетскиот пијалок „Прајм кој чин шест евра половина литар.

Го промовираа јутјуберите Логан Пол и КСИ, па во училиштата им наплаќаат на учениците кои немаат толку пари по 100 динари голтка , мирисиање 50, а  сликање со шишето  200 динари.

https://republika.mk/zivot/zdravje/se-uvezuva-od-kosovo-vnimavajte-na-napitokot-prajm-detsata-go-obozhavaat-tsrna-gora-veke-go-zabrani-poradi-eden-ton-shekeri/

Родителите иако знаат дека тој не е наменет за луѓе помлади од 18 години и дека количината на кофеин во едно шише е еднаква на пиење шест лименки кока-кола и две шолји кафе одеднаш сепак им го купуваат на децата за да не бидат понижени во друштвото.

The post Голтка „Прајм“ за сиромашните деца 50 денари, сликање со пијалокот 100 appeared first on Република.

]]>

Во Србија владее вистинска хистерија по енергетскиот пијалок „Прајм кој чин шест евра половина литар. Го промовираа јутјуберите Логан Пол и КСИ, па во училиштата им наплаќаат на учениците кои немаат толку пари по 100 динари голтка , мирисиање 50, а  сликање со шишето  200 динари. https://republika.mk/zivot/zdravje/se-uvezuva-od-kosovo-vnimavajte-na-napitokot-prajm-detsata-go-obozhavaat-tsrna-gora-veke-go-zabrani-poradi-eden-ton-shekeri/ Родителите иако знаат дека тој не е наменет за луѓе помлади од 18 години и дека количината на кофеин во едно шише е еднаква на пиење шест лименки кока-кола и две шолји кафе одеднаш сепак им го купуваат на децата за да не бидат понижени во друштвото.

The post Голтка „Прајм“ за сиромашните деца 50 денари, сликање со пијалокот 100 appeared first on Република.

]]>