позитивна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozitivna/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Sep 2022 12:05:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png позитивна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozitivna/ 32 32 Данската кралица позитивна на коронавирусот откако се врати од погребот на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/danskata-kralica-pozitivna-na-koronavirusot-otkako-se-vrati-od-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Wed, 21 Sep 2022 12:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=552904

Данската кралица Маргарет Втора, која во понеделникот присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора во Лондон, е позитивна на коронавирус, соопшти кралската палата.

Во соопштението за печат се наведува дека 82-годишната кралица примила три дози вакцина, вклучително и бустер, и прележала Ковид-19 во февруари. Таа синоќа дознала дека повторно е позитивна.

Кралската палата соопшти дека сите активности на кралицата оваа недела се откажани без да соопшти детали за нејзиното здравје.

Данската кралица Маргарета Втора, која е на престолот од 14 јануари 1972 година, по смртта на Елизабета Втора е единствена кралица во Европа и најдолговечниот монарх на Стариот континент, а во светот само султанот од Брунеи е на престол подолго од неа со четири години подолго владеење.

 

The post Данската кралица позитивна на коронавирусот откако се врати од погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Данската кралица Маргарет Втора, која во понеделникот присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора во Лондон, е позитивна на коронавирус, соопшти кралската палата. Во соопштението за печат се наведува дека 82-годишната кралица примила три дози вакцина, вклучително и бустер, и прележала Ковид-19 во февруари. Таа синоќа дознала дека повторно е позитивна. Кралската палата соопшти дека сите активности на кралицата оваа недела се откажани без да соопшти детали за нејзиното здравје. Данската кралица Маргарета Втора, која е на престолот од 14 јануари 1972 година, по смртта на Елизабета Втора е единствена кралица во Европа и најдолговечниот монарх на Стариот континент, а во светот само султанот од Брунеи е на престол подолго од неа со четири години подолго владеење.  

The post Данската кралица позитивна на коронавирусот откако се врати од погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Првата дама на САД повторно позитивна на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prvata-dama-na-sad-povtorno-pozitivna-na-koronavirusot/ Wed, 24 Aug 2022 19:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=543799

Сопругата на американскиот претседател, Џил Бајден е позитивна на Ковид-19, потврди за Си-Ен-Ен нејзината заменичка – директорка за комуникации Келси Донохју.

Денешниот тест за Ковид-19 на Бајден, која сега е во Рехобот Бич, Делавер, излезе позитивен. На вчерашниот рутински тест, првата дама на САД беше негативна на коронавирусот.

Како што појасни Донохју, известени се „мал број блиски контакти“.

Првата дама на САД беше позитивна на коронавирусот на 15 август за време на одмор во Јужна Каролина. Потоа имаше два последователни негативни тестови во неделата и допатува од Јужна Каролина да му се придружи на сопругот, претседателот Џо Бајден, во Делавер.

Тестот на претседателот денеска е негативен. Но, тој ќе помине 10 дена во изолација затоа што е еден од блиските контакти.

Претседателот, како и неговата сопруга, исто така зеде Паксловид кога беше позитвен минатиот месец. И тој на крајот беше позитивен на тест за Ковид-19, по првичните негативни тестови.

Џил Бајден ќе остане во семејната куќа во Делавер додека повторно да има два последователни негативни тестови.

 

The post Првата дама на САД повторно позитивна на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Сопругата на американскиот претседател, Џил Бајден е позитивна на Ковид-19, потврди за Си-Ен-Ен нејзината заменичка – директорка за комуникации Келси Донохју. Денешниот тест за Ковид-19 на Бајден, која сега е во Рехобот Бич, Делавер, излезе позитивен. На вчерашниот рутински тест, првата дама на САД беше негативна на коронавирусот. Како што појасни Донохју, известени се „мал број блиски контакти“. Првата дама на САД беше позитивна на коронавирусот на 15 август за време на одмор во Јужна Каролина. Потоа имаше два последователни негативни тестови во неделата и допатува од Јужна Каролина да му се придружи на сопругот, претседателот Џо Бајден, во Делавер. Тестот на претседателот денеска е негативен. Но, тој ќе помине 10 дена во изолација затоа што е еден од блиските контакти. Претседателот, како и неговата сопруга, исто така зеде Паксловид кога беше позитвен минатиот месец. И тој на крајот беше позитивен на тест за Ковид-19, по првичните негативни тестови. Џил Бајден ќе остане во семејната куќа во Делавер додека повторно да има два последователни негативни тестови.  

The post Првата дама на САД повторно позитивна на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
И сопругата на принцот Чарлс позитивна на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/i-soprugata-na-princot-charls-pozitivna-na-koronavirus/ Mon, 14 Feb 2022 12:54:19 +0000 https://republika.mk/?p=458362

Војвотката од Корнвол, Камила Паркер е позитивна на коронавирусот, соопшти кралското семејство.

Нејзиното височество Војвотката од Корнвол е позитивна на коронавирусот и е во самоизолација, се вели во кралското соопштение.

Во соопштението се додава и дека Камила ги примила сите три дози од вакцината против коронавирусот. Таа презеде голем број обврски минатиот викенд, откако нејзиниот сопруг мораше да ги откаже плановите бидејќи на тестирањето за коронавирус излезе позитивен во четвртокот.

The post И сопругата на принцот Чарлс позитивна на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Војвотката од Корнвол, Камила Паркер е позитивна на коронавирусот, соопшти кралското семејство.
Нејзиното височество Војвотката од Корнвол е позитивна на коронавирусот и е во самоизолација, се вели во кралското соопштение.
Во соопштението се додава и дека Камила ги примила сите три дози од вакцината против коронавирусот. Таа презеде голем број обврски минатиот викенд, откако нејзиниот сопруг мораше да ги откаже плановите бидејќи на тестирањето за коронавирус излезе позитивен во четвртокот.

The post И сопругата на принцот Чарлс позитивна на коронавирус appeared first on Република.

]]>