пожарникари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarnikari/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 16:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пожарникари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarnikari/ 32 32 Пехчевските и беровските пожарникари гаснеа пожар во атарот на селото Црник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pehchevskite-i-berovskite-pozharnikari-gasnea-pozhar-vo-atarot-na-seloto-tsrnik/ Sat, 10 Feb 2024 16:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=742585

Доброволното противпожарно друштво од Пехчево заедно со Територијалната противпожарна единица од Берово, денеска интервенираа на два пожара на отворено на м.в „Елата“ атар на Пехчево и м.в „Белодолски мост“ атар на село Црник, Пехчево.

Во пожарот како што информираше пожарникарот Марјан Митриновски била зафатена површина од околу 3 хектари.

-Во пожарот беше зафатена сува трева која ако не стигнавме навреме ќе влезеше во блокот со сливи. Од ДПД Пехчево бевме двајца пожарникари, од ТППЕ Берово исто така двајца кои учествуваа во гаснењето.

Поради навременото пристигнување пожарот брзо беше ставен под контрола, информираше Митриновски.

Апелираше да не се палат стрништата и меѓите за време на чистење на ливадите поради високата и сува трева која е подложна на брзо горење.

-Тоа ако е потребно, треба да се направи во соодветни услови со одорување, ама нај добро е кога ќе почне тревната вегетација, оти тогаш не може да се шири пламенот поради зелената трева, додава Митриновски.

Пред неколку дена пожарникарите гаснеа пожар во атарот на истото село, но од сптотивната страна каде избувна денешниот пожар.

The post Пехчевските и беровските пожарникари гаснеа пожар во атарот на селото Црник appeared first on Република.

]]>

Доброволното противпожарно друштво од Пехчево заедно со Територијалната противпожарна единица од Берово, денеска интервенираа на два пожара на отворено на м.в „Елата“ атар на Пехчево и м.в „Белодолски мост“ атар на село Црник, Пехчево. Во пожарот како што информираше пожарникарот Марјан Митриновски била зафатена површина од околу 3 хектари. -Во пожарот беше зафатена сува трева која ако не стигнавме навреме ќе влезеше во блокот со сливи. Од ДПД Пехчево бевме двајца пожарникари, од ТППЕ Берово исто така двајца кои учествуваа во гаснењето. Поради навременото пристигнување пожарот брзо беше ставен под контрола, информираше Митриновски. Апелираше да не се палат стрништата и меѓите за време на чистење на ливадите поради високата и сува трева која е подложна на брзо горење. -Тоа ако е потребно, треба да се направи во соодветни услови со одорување, ама нај добро е кога ќе почне тревната вегетација, оти тогаш не може да се шири пламенот поради зелената трева, додава Митриновски. Пред неколку дена пожарникарите гаснеа пожар во атарот на истото село, но од сптотивната страна каде избувна денешниот пожар.  

The post Пехчевските и беровските пожарникари гаснеа пожар во атарот на селото Црник appeared first on Република.

]]>
Пожарникарите во Берово спасиле едно лице од пожар, со изгореници е пренесен во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarite-vo-berovo-spasile-edno-litse-od-pozhar-so-izgorenitsi-e-prenesen-vo-bolnitsa/ Tue, 23 Jan 2024 08:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=735755

Пожарникарите од Берово, синоќа во период од 22:55 до 00:30 часот со две возила и четири пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот. Во пожарот, едно лице се здобило со повреди - изгореници и истото е пренесено во Здравен дом Берово, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Истовремено, апелираме за внимателност при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови, со снег и мраз, е лизгаво, особено на осоите, се додава во соопштението.

За 24 часа имало вкупно 1 763 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22 отсто, а 59,78 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,59 отсто, кон Итната медицинска помош 32,01 процент, кон пожарникарите 2,52 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици.

The post Пожарникарите во Берово спасиле едно лице од пожар, со изгореници е пренесен во болница appeared first on Република.

Тројца пожарникари повредени од струен удар при гасење пожар на кров од куќа во струшко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-pozharnikari-povredeni-od-struen-udar-pri-gasene-pozhar-na-krov-od-kuka-vo-strushko/ Thu, 16 Nov 2023 10:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=702099

Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.

Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.

Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23 часот и 40 минути бил пријавен пожар во куќа во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село.

При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Се работи на расчистување на случајот.

The post Тројца пожарникари повредени од струен удар при гасење пожар на кров од куќа во струшко appeared first on Република.

]]>

Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари. Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.
Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23 часот и 40 минути бил пријавен пожар во куќа во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село.
При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Се работи на расчистување на случајот.

The post Тројца пожарникари повредени од струен удар при гасење пожар на кров од куќа во струшко appeared first on Република.

]]>
Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarite-od-maribor-doniraa-tsreva-za-voda-motorna-pila-shlemovi-i-zashtitna-obleka-za-gostivarskite-kolegi/ Thu, 02 Nov 2023 13:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=697483

Делегација на пожарникарската служба од словенечкиот град Марибор при денешната посета на противпожарната единица во Гостивар предаде повеќе парчиња опрема кои ќе ги користат нивните колеги. Во делегацијата беше и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

Пожарникарите и амбасадорот остварија средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која се зборувало за натамошната соработка и продлабочување на досегашните врски.

Градоначалникот Таравари во изјавата за новинарите по средбата се заблагодари на донацијата од, како што рече, пријателска земја. Тој напомена дека во реализацијата посредувал и Иљаз Демири, иселеник од Гостиварско, кој четири децении со неговото семејство живее и работи во Марибор.

Амбасадорот Прескер истакна дека иако е првпат во Гостивар, ја познава културата и традицијата, бидејќи имал можност да запознае многу наши сонародници кои работат во Словенија.

Пожарникарите од Марибор остварија средба со нивните колеги во ПППЕ на која разменија искуства од нивниот делокруг и им ја предадоа опремата во која имаше црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека.

The post Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги appeared first on Република.

]]>

Делегација на пожарникарската служба од словенечкиот град Марибор при денешната посета на противпожарната единица во Гостивар предаде повеќе парчиња опрема кои ќе ги користат нивните колеги. Во делегацијата беше и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. Пожарникарите и амбасадорот остварија средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која се зборувало за натамошната соработка и продлабочување на досегашните врски. Градоначалникот Таравари во изјавата за новинарите по средбата се заблагодари на донацијата од, како што рече, пријателска земја. Тој напомена дека во реализацијата посредувал и Иљаз Демири, иселеник од Гостиварско, кој четири децении со неговото семејство живее и работи во Марибор. Амбасадорот Прескер истакна дека иако е првпат во Гостивар, ја познава културата и традицијата, бидејќи имал можност да запознае многу наши сонародници кои работат во Словенија. Пожарникарите од Марибор остварија средба со нивните колеги во ПППЕ на која разменија искуства од нивниот делокруг и им ја предадоа опремата во која имаше црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека.

The post Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги appeared first on Република.

]]>
Кочанските доброволни пожарникари апелираат до неодговорните кои палат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kochanskite-dobrovolni-pozharnikari-apeliraat-do-neodgovornite-koi-palat/ Sat, 26 Aug 2023 19:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=676191

Кочанските доброволни пожарникари од ДПД - Кочани кои денеска учествуваа во гаснењето на големиот пожар на територија на три општини Чешиново-Облешево, Кочани и Пробиштип упатија апел до неодговорните граѓани да не палат оган на отворено и стрништа, бидејќи загрозуваат нечии домови, но се трошат и човечки и материјални ресурси на локалните и државни институции.

Претседателот на ДПД - Кочани Златко Илијев вели дека во гаснењето биле вклучени 12 доброволни пожарникари, со три возила.

Сакам да порачам дека ова е втор голем пожар на истата локација и упатувам апел до сите несовесни граѓани, морам да напоменам несовесни граѓани, кои сметаат дека со палење ќе си ја завршат својата лична работа, притоа не сметајќи колкави се загубите кои ги прават, колку луѓе се ангажираат, колку го загрозуваат био и животинскиот свет. Мислам дека ова е крајно несериозно и треба да завршиме со ова тука и сега. Ве замолувам најдете алтернативни решенија за да не се загрозуваме ниту ние, ниту животинскиот и био свет, изјави Илијев.

Тој посочи дека на помош им дошле и доброволните пожарникари од Пехчево.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-pet-pozharnikari-obikoleni-od-ognot-vo-cheshinovo-obleshevo-helikopter-na-mvr-isfrlil-nad-60-toni-voda/

МИА претходно информираше дека пожарот е пријавен синоќа во 22 часот во ТППЕ-Кочани во близина на селото Лепопелци, по што зафати сува трева, грмушки и шума на територија на три општини Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов заедно со пожарот од пред десет дена опожарени се околу 250 хектари. Во неговото гаснење беа мобилизирани пожарникарите од ТППЕ - Кочани и Пробиштип, доброволните пожарникари од Кочани и Пехчево, а од воздух и ер тракторот на ДЗС и два полициски хеликоптери. Пожарот е изгаснат, откако заврна дожд.

The post Кочанските доброволни пожарникари апелираат до неодговорните кои палат appeared first on Република.

]]>

Кочанските доброволни пожарникари од ДПД - Кочани кои денеска учествуваа во гаснењето на големиот пожар на територија на три општини Чешиново-Облешево, Кочани и Пробиштип упатија апел до неодговорните граѓани да не палат оган на отворено и стрништа, бидејќи загрозуваат нечии домови, но се трошат и човечки и материјални ресурси на локалните и државни институции. Претседателот на ДПД - Кочани Златко Илијев вели дека во гаснењето биле вклучени 12 доброволни пожарникари, со три возила.
Сакам да порачам дека ова е втор голем пожар на истата локација и упатувам апел до сите несовесни граѓани, морам да напоменам несовесни граѓани, кои сметаат дека со палење ќе си ја завршат својата лична работа, притоа не сметајќи колкави се загубите кои ги прават, колку луѓе се ангажираат, колку го загрозуваат био и животинскиот свет. Мислам дека ова е крајно несериозно и треба да завршиме со ова тука и сега. Ве замолувам најдете алтернативни решенија за да не се загрозуваме ниту ние, ниту животинскиот и био свет, изјави Илијев.
Тој посочи дека на помош им дошле и доброволните пожарникари од Пехчево. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-pet-pozharnikari-obikoleni-od-ognot-vo-cheshinovo-obleshevo-helikopter-na-mvr-isfrlil-nad-60-toni-voda/ МИА претходно информираше дека пожарот е пријавен синоќа во 22 часот во ТППЕ-Кочани во близина на селото Лепопелци, по што зафати сува трева, грмушки и шума на територија на три општини Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов заедно со пожарот од пред десет дена опожарени се околу 250 хектари. Во неговото гаснење беа мобилизирани пожарникарите од ТППЕ - Кочани и Пробиштип, доброволните пожарникари од Кочани и Пехчево, а од воздух и ер тракторот на ДЗС и два полициски хеликоптери. Пожарот е изгаснат, откако заврна дожд.

The post Кочанските доброволни пожарникари апелираат до неодговорните кои палат appeared first on Република.

]]>
Спасени пет пожарникари обиколени од огнот во Чешиново-Облешево, хеликоптер на МВР исфрлил над 60 тони вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-pet-pozharnikari-obikoleni-od-ognot-vo-cheshinovo-obleshevo-helikopter-na-mvr-isfrlil-nad-60-toni-voda/ Sat, 26 Aug 2023 18:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=676169

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожар на територија на општина Чешиново-Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрлил над 60 тони вода.

Како што информираат од МВР, особено се делувало во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.

Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени пет пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување, велат од МВР.

The post Спасени пет пожарникари обиколени од огнот во Чешиново-Облешево, хеликоптер на МВР исфрлил над 60 тони вода appeared first on Република.

]]>

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожар на територија на општина Чешиново-Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрлил над 60 тони вода. Како што информираат од МВР, особено се делувало во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.
Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени пет пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување, велат од МВР.

The post Спасени пет пожарникари обиколени од огнот во Чешиново-Облешево, хеликоптер на МВР исфрлил над 60 тони вода appeared first on Република.

]]>
Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nezavisniot-sindikat-na-pozharnikari-bara-vrabotuvane-na-nov-kadar-3/ Tue, 15 Aug 2023 08:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=672221

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години.

Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот.

Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал.

Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот.

The post Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години. Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот. Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал. Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот.

The post Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар appeared first on Република.

]]>
Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezavisniot-sindikat-na-pozharnikari-bara-vrabotuvane-na-nov-kadar/ Tue, 15 Aug 2023 08:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=672211

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години.

Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот.

Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал.

Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот.

The post Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години.
Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот.
Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал.
Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот.

The post Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар appeared first on Република.

]]>
Се зголемува бројот на пожари, а се намалува бројот на пожарникари во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zgolemuva-brojot-na-pozhari-a-se-namaluva-brojot-na-pozharnikari-vo-eu/ Thu, 10 Aug 2023 07:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=670585

Бројот на пожарникари во Европската Унија опаѓа, иако блокот се соочува со сè поголеми пожари како резултат на климатските промени.

Унијата лани имала вкупно 360.000 пожарникари, што е за 2.800 помалку од 2021 година, покажуваат новите податоци објавени од Евростат.

Намалувањето на бројот на пожарникари во екот на климатската криза е рецепт за катастрофа, рече Естер Линч, генерална секретарка на Европската конфедерација на синдикати. - Јасен е зголемениот ризик од пожари предизвикани од климатските промени цело ова лето и мораме да обезбедиме нашите противпожарни служби да имаат персонал и ресурси што им се потребни за да ја завршат својата спасувачка работа, додаде таа, повикувајќи ги земјите да ги засилат инвестициите во гаснењето пожари, објави Политико.

Според Евростат, десет земји го намалиле бројот на пожарникари во периодот од 2021 до 2022 година, а најголем пад има во Франција, Романија, Португалија, Словачка Бугарија и Белгија.

Бројот на пожарникари во Франција се намали за 5.400, додека Романија и Португалија намалија 4.250 и 2.907 пожарникари, соодветно. Шпанија додаде 617 пожарникари во истиот период, додека Италија додаде 546.

Брисел направи напори да ја прошири улогата на ЕУ во одговорот при катастрофи и гради постојана флота на авиони за гаснење пожари кои можат да бидат испратени во ранливите земји. Но, експертите укажуваат и на потребата од превентивни мерки како што е активно управување со шумите за подобро спречување на шумски пожари.

The post Се зголемува бројот на пожари, а се намалува бројот на пожарникари во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бројот на пожарникари во Европската Унија опаѓа, иако блокот се соочува со сè поголеми пожари како резултат на климатските промени. Унијата лани имала вкупно 360.000 пожарникари, што е за 2.800 помалку од 2021 година, покажуваат новите податоци објавени од Евростат. Намалувањето на бројот на пожарникари во екот на климатската криза е рецепт за катастрофа, рече Естер Линч, генерална секретарка на Европската конфедерација на синдикати. - Јасен е зголемениот ризик од пожари предизвикани од климатските промени цело ова лето и мораме да обезбедиме нашите противпожарни служби да имаат персонал и ресурси што им се потребни за да ја завршат својата спасувачка работа, додаде таа, повикувајќи ги земјите да ги засилат инвестициите во гаснењето пожари, објави Политико. Според Евростат, десет земји го намалиле бројот на пожарникари во периодот од 2021 до 2022 година, а најголем пад има во Франција, Романија, Португалија, Словачка Бугарија и Белгија. Бројот на пожарникари во Франција се намали за 5.400, додека Романија и Португалија намалија 4.250 и 2.907 пожарникари, соодветно. Шпанија додаде 617 пожарникари во истиот период, додека Италија додаде 546. Брисел направи напори да ја прошири улогата на ЕУ во одговорот при катастрофи и гради постојана флота на авиони за гаснење пожари кои можат да бидат испратени во ранливите земји. Но, експертите укажуваат и на потребата од превентивни мерки како што е активно управување со шумите за подобро спречување на шумски пожари.

The post Се зголемува бројот на пожари, а се намалува бројот на пожарникари во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Се трага по двајца пилоти од урнатиот Канадер на грчкиот остров Евија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-traga-po-dvajtsa-piloti-od-urnatiot-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/ Tue, 25 Jul 2023 16:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=665206

Со два хеликоптери на грчкото воено воздухопловство во тек е акција за пребарување и спасување на двајцата пилоти, кои биле во Канадерот што кусо пред 15 часот по локално време се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за авион што припаѓа на военото воздухопловство.

https://republika.mk/vesti/balkan/objaven-momentot-od-urivaneto-na-kanader-dodeka-go-gasneshe-pozharot-na-grchkiot-ostrov-evija/

Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштија дека „за време на воздушно гаснење на пожар на Евија, во 14:52 часот, авион CL-215, со екипаж од двајца пилоти од 355-та тактичка транспортна ескадрила на 112-то борбено крило“.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео на кое е снимен моментот на падот на авионот.

The post Се трага по двајца пилоти од урнатиот Канадер на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>

Со два хеликоптери на грчкото воено воздухопловство во тек е акција за пребарување и спасување на двајцата пилоти, кои биле во Канадерот што кусо пред 15 часот по локално време се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за авион што припаѓа на военото воздухопловство. https://republika.mk/vesti/balkan/objaven-momentot-od-urivaneto-na-kanader-dodeka-go-gasneshe-pozharot-na-grchkiot-ostrov-evija/ Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштија дека „за време на воздушно гаснење на пожар на Евија, во 14:52 часот, авион CL-215, со екипаж од двајца пилоти од 355-та тактичка транспортна ескадрила на 112-то борбено крило“. Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео на кое е снимен моментот на падот на авионот.

The post Се трага по двајца пилоти од урнатиот Канадер на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>
Штипските пожарникари попладнево на три интервенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shtipskite-pozharnikari-popladnevo-na-tri-interventsii/ Mon, 24 Jul 2023 17:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=664846

Во штипскиот регион и денеска пожарникатите интервенирале на три пожари. Од Регионалниот ЦУК- Штип информираат  дека е пријавен пожар кај месноста „Мирјанина Црква". На терен излегле со  едно возило и тројца пожарникари. Пожарот е локализиран во 15:40 часот. Зафатена била од оган сува трева.

Втората интервенција е од 15:00 часот, во близина на фабриката Мебел, каде што вчера изгореа стари барики и пелевина, а пелевината тлее и има чад. Во соопштението на ЦУК се вели дека на терен излегле тројца пожарникари со едно возило.

- Вратени се во ТППЕ- Штип во 16:10. Во 17:00 часот сопствениците на објектот ке ангажираат багер, за да ја открие пелевината која е зафатена.Од пожарната сме известени дека таму тлее пелевината и само дими. Колку и да се истури вода нема да престане да тлее додека багер не ја открие пелевината и да се изгасне ,„тивкиот" пожар, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Третата интервенција е од 15:45 часот кај Живинарска фарма во Штип, каде  е пријавен пожар на сува трева. На терен излегле двајца  пожарникари со едно возило . Пожарот е локализиран во 16:20 часот.

The post Штипските пожарникари попладнево на три интервенции appeared first on Република.

]]>

Во штипскиот регион и денеска пожарникатите интервенирале на три пожари. Од Регионалниот ЦУК- Штип информираат  дека е пријавен пожар кај месноста „Мирјанина Црква". На терен излегле со  едно возило и тројца пожарникари. Пожарот е локализиран во 15:40 часот. Зафатена била од оган сува трева. Втората интервенција е од 15:00 часот, во близина на фабриката Мебел, каде што вчера изгореа стари барики и пелевина, а пелевината тлее и има чад. Во соопштението на ЦУК се вели дека на терен излегле тројца пожарникари со едно возило. - Вратени се во ТППЕ- Штип во 16:10. Во 17:00 часот сопствениците на објектот ке ангажираат багер, за да ја открие пелевината која е зафатена.Од пожарната сме известени дека таму тлее пелевината и само дими. Колку и да се истури вода нема да престане да тлее додека багер не ја открие пелевината и да се изгасне ,„тивкиот" пожар, се појаснува во соопштението на ЦУК. Третата интервенција е од 15:45 часот кај Живинарска фарма во Штип, каде  е пријавен пожар на сува трева. На терен излегле двајца  пожарникари со едно возило . Пожарот е локализиран во 16:20 часот.

The post Штипските пожарникари попладнево на три интервенции appeared first on Република.

]]>
Швајцарска донација за пожарникарите од Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shvajtsarska-donatsija-za-pozharnikarite-od-delchevo/ Sat, 10 Jun 2023 16:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=649964

Во Делчево се одржа обука за користење на новата противпожарна опрема која Територијалната противпожарна единица ја доби како донација од доброволното противпожарно друштво од швајцарската област Монтре-Ривиера. За таа цел група од 11 пожарникари од Швајцарија во изминатите два дена престојуваат во Делчево, чиј претставник Даниела Бланк информираше дека донацијата, која се состои од противпожарна скала, се реализира по претходно воспоставени добри контакти со пожарникари од делчевската единица.

Се запознавме со Лоренцо Трајановски од вашиот град, со кој и двајцата сме пожарникари. Заеднички договоривме оваа пожарникарска сала да ја донираме на вашата единица, мислејќи дека ќе ви биде од помош. Така ја направивме врската и по тој повод сме гости на покана на градоначалникот на Делчево. Тука сме 11 луѓе, од вчера сме во Делчево и сме благодарни за пречекот што го добивме, рече Бланк.

За градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој присуствуваше на обуката која ја имаа двете единици, важно е што делчевската единица преку ваквите донации обезбедува опрема за реакција во случај на пожар на високи градби.

Првичната врска, како што кажа и Даниела, е преку пожарникарот Лоренцо, а потоа и ние остваривме врска со пожарникарското друштво во Швајцарија. Тие имаа желба да донираат две скали на нашата противпожарна единица, кои веќе се тука, а едната од нив минатата година беше донирана, а со нив имаа направено неколку показни вежби. Важно е да имаме средства со кои пожарникарите би ракувале доколку има потреба за тоа, иако посакувам во пракса да нема потреба од нивна употреба, рече Трајковски.

Се заблагодари на донацијата од противпожарното друштво од Швајцарија и изрази надеж дека двете друштва и понатаму ќе имаат добра соработка. Пред одржувањето на заедничката обука командирот на ТППЕ Делчево, Миле Тодоровски ги запозна своите колеги од Швајцарија со опременоста и возниот парк со кој располага единицата.

The post Швајцарска донација за пожарникарите од Делчево appeared first on Република.

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsgk-nedostigaat-340-pozharnikari-vozilata-se-vo-prosek-stari-po-27-godini-najstaroto-e-tam-od-1966-godina/ Tue, 06 Jun 2023 08:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=648292

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“.

Ова се резултатите од најновите истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16 од 34-те противпожарни едници во земјава.

Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. Следни се Куманово – каде има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот, Битола, со 21 пожарникар помалку и Тетово кому му недостигаат 17 пожарникари.

Спротивно, најдобро стои Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево.

Инаку, 34-те противпожарни единици вкупно имаат 284 возила, од оние што гаснат пожар до цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата.

Половина од вкупно 284-те возила се постари од 30 години, додека само 15 проценти од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години.

Најстари возила со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане. Следно, со просечно стари возила од 38 години е Кратово, а 36 години просечна старост имаат возилата на валандовската противпожарна едница. Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години, наведуваат од ЦГК.

Најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица. Анализата покажала дека следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар. Од марките возила, најзастапени се камионите ФАП од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 Лади Нива, просечно стари 23 години.

Клучните наоди од истражувањето и базата на податоци на амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, соопштија од ЦГК, се дека во земјава има вкупно 263 вакви возила. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи.

Најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра. 
Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство, посочуваат, најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци.

Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот „трафик“. Следни се „ситроен“ со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила.

Споредбата со истото вакво истражување покажува дека сега има 80 вакви возила повеќе отколку во 2019 година, но само 30 од новостекнатите 80 возила се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

The post ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година appeared first on Република.

]]>

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите од најновите истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16 од 34-те противпожарни едници во земјава. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. Следни се Куманово – каде има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот, Битола, со 21 пожарникар помалку и Тетово кому му недостигаат 17 пожарникари. Спротивно, најдобро стои Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево. Инаку, 34-те противпожарни единици вкупно имаат 284 возила, од оние што гаснат пожар до цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата. Половина од вкупно 284-те возила се постари од 30 години, додека само 15 проценти од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години.
Најстари возила со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане. Следно, со просечно стари возила од 38 години е Кратово, а 36 години просечна старост имаат возилата на валандовската противпожарна едница. Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години, наведуваат од ЦГК.
Најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица. Анализата покажала дека следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар. Од марките возила, најзастапени се камионите ФАП од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 Лади Нива, просечно стари 23 години. Клучните наоди од истражувањето и базата на податоци на амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, соопштија од ЦГК, се дека во земјава има вкупно 263 вакви возила. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи.
Најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.  Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства, се наведува во соопштението.
Министерството за здравство, посочуваат, најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци. Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот „трафик“. Следни се „ситроен“ со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила. Споредбата со истото вакво истражување покажува дека сега има 80 вакви возила повеќе отколку во 2019 година, но само 30 од новостекнатите 80 возила се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила. Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

The post ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година appeared first on Република.

]]>
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/tsentarot-za-razvoj-na-pelagoniskiot-planski-region-nova-oprema-za-pozharnikarite-od-pelagoniskiot-region/ Fri, 19 May 2023 14:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=642699

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија обезбедена е противпожарна опрема во вредност од 117.000 евра преку Проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE за зајакнување на системот за заштита од природни непогоди на Пелагонискиот регион“.

Главната цел на проектот е да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.  Во рамките на овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нова современа опрема  за 5-те територијални противпожарни единици од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево.

За ТППЕ Битола се набавени 32 Интервентни заштитни комплети одела, за останатите 4 ТППЕ набавени се комплети за шумски пожари  и тоа за Прилеп 30 комплети, за Ресен 12 комплети, за Демир Хисар 7 комплети и за Крушево 9 комплети одела за шумски пожари.

Останатите активности  на проектот вклучуваат воспоставување на интегриран пристап за заштита на критичните инфраструктури, воспоставување на иновативен метод за следење и предупредување од ризици од шумски пожари и поплави во прекуграничната област, Имплементирање прекугранични вежби кои ќе ги идентификуваат предизвиците и ќе помогнат во организацијата на таквите вежби во рутинската работа како и организирање на кампања за подигање на свеста на релевантните чинители но и пошироката јавност за важноста на културата за заштита од природни и непогоди од човечки фактор.

-Придонесот на СОЛВЕ во поместување на моменталните состојби во оваа област е значаен токму поради фактот што покрај тоа што со него се придонесува за доопремување на противпожарните единици на регионот туку и се воспоставува мрежа на соработка и комуникација помеѓу истите која што и понатаму може да служи како платформа за нивно напредување и осовременување. Ова е трет проект од областа на противпожарна заштита која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализира во рамките на Програмата за Прекугранична соработка.    Дополнително реализирани се и многу други проекти и иницијативи кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ги реализира заедно со Советот за развој на регионот со поддршка на градоначалниците од Пелагонискиот регион, а финансирани од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој и други останати домашни, билатерални и меѓународни донатори со кои континуирано се придонесуваше кон унапредување на системот за заштита од непогоди на регионално ниво, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Сите проектни активности на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари– SOLVE  се дизајнирани и креирани како одговор на потребите на целокупниот систем за противпожарна заштита на Пелагонискиот плански регион.

The post Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија обезбедена е противпожарна опрема во вредност од 117.000 евра преку Проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE за зајакнување на системот за заштита од природни непогоди на Пелагонискиот регион“. Главната цел на проектот е да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.  Во рамките на овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нова современа опрема  за 5-те територијални противпожарни единици од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево. За ТППЕ Битола се набавени 32 Интервентни заштитни комплети одела, за останатите 4 ТППЕ набавени се комплети за шумски пожари  и тоа за Прилеп 30 комплети, за Ресен 12 комплети, за Демир Хисар 7 комплети и за Крушево 9 комплети одела за шумски пожари. Останатите активности  на проектот вклучуваат воспоставување на интегриран пристап за заштита на критичните инфраструктури, воспоставување на иновативен метод за следење и предупредување од ризици од шумски пожари и поплави во прекуграничната област, Имплементирање прекугранични вежби кои ќе ги идентификуваат предизвиците и ќе помогнат во организацијата на таквите вежби во рутинската работа како и организирање на кампања за подигање на свеста на релевантните чинители но и пошироката јавност за важноста на културата за заштита од природни и непогоди од човечки фактор. -Придонесот на СОЛВЕ во поместување на моменталните состојби во оваа област е значаен токму поради фактот што покрај тоа што со него се придонесува за доопремување на противпожарните единици на регионот туку и се воспоставува мрежа на соработка и комуникација помеѓу истите која што и понатаму може да служи како платформа за нивно напредување и осовременување. Ова е трет проект од областа на противпожарна заштита која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализира во рамките на Програмата за Прекугранична соработка.    Дополнително реализирани се и многу други проекти и иницијативи кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ги реализира заедно со Советот за развој на регионот со поддршка на градоначалниците од Пелагонискиот регион, а финансирани од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој и други останати домашни, билатерални и меѓународни донатори со кои континуирано се придонесуваше кон унапредување на системот за заштита од непогоди на регионално ниво, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Сите проектни активности на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари– SOLVE  се дизајнирани и креирани како одговор на потребите на целокупниот систем за противпожарна заштита на Пелагонискиот плански регион.

The post Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>
Сестрите Ајфер и Фатима преживеаја 100 часа под урнатините: Пожарникарите разговарале со Ајфер во обид да ја задржат свесна https://arhiva3.republika.mk/zivot/sestrite-ajfer-i-fatima-prezhiveaja-100-chasa-pod-urnatinite-pozharnikarite-razgovarale-so-ajfer-vo-obid-da-ja-zadrzhat-svesna/ Sat, 11 Feb 2023 17:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=607798

Противпожарната служба на Анталија наведува дека Ајфер (15) била извлечена од урнатините во 99. час по земјотресот, а нејзината сестра Фатма (13) била спасена два часа подоцна.
Спасувачите со помош на сеизмички сензори открија знаци на живот под урнатините и спроведоа 10-часовна спасувачка операција за да стигнат до местото каде што се наоѓа Ајфер, пренесува CNN.
Пожарникарите разговарале со Ајфер во обид да ја задржат свесна. Таа рече дека пропуштила да јаде сладолед и ветија дека ќе и донесат кога ќе биде безбедно надвор.

Ја пуштија и музиката што таа ја побара. Пожарникарите патувале околу 800 километри од Анталија за да се приклучат на спасувачките напори во Кахраманмарас.

https://www.youtube.com/watch?v=1f_rG_ZVMIw&embeds_euri=https%3A%2F%2Fidol.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Сестрите Ајфер и Фатима преживеаја 100 часа под урнатините: Пожарникарите разговарале со Ајфер во обид да ја задржат свесна appeared first on Република.

]]>

Противпожарната служба на Анталија наведува дека Ајфер (15) била извлечена од урнатините во 99. час по земјотресот, а нејзината сестра Фатма (13) била спасена два часа подоцна. Спасувачите со помош на сеизмички сензори открија знаци на живот под урнатините и спроведоа 10-часовна спасувачка операција за да стигнат до местото каде што се наоѓа Ајфер, пренесува CNN. Пожарникарите разговарале со Ајфер во обид да ја задржат свесна. Таа рече дека пропуштила да јаде сладолед и ветија дека ќе и донесат кога ќе биде безбедно надвор. Ја пуштија и музиката што таа ја побара. Пожарникарите патувале околу 800 километри од Анталија за да се приклучат на спасувачките напори во Кахраманмарас. https://www.youtube.com/watch?v=1f_rG_ZVMIw&embeds_euri=https%3A%2F%2Fidol.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Сестрите Ајфер и Фатима преживеаја 100 часа под урнатините: Пожарникарите разговарале со Ајфер во обид да ја задржат свесна appeared first on Република.

]]>
Скопските пожарникари извлекуваат жртви под урнатините во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopskite-pozharnikari-izvlekuvaat-zhrtvi-pod-urnatinite-vo-turtsija/ Thu, 09 Feb 2023 17:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=607012

Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови, напиша на својот фејсбук профил Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови.Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.Остануваме во комуникација со локалните власти од Турција, подготвени да помогнеме во секое време согласно нивните потреби. Скопје памети!”, напиша Арсовска.

The post Скопските пожарникари извлекуваат жртви под урнатините во Турција appeared first on Република.

Кумановски пожарникари со возило и опрема заминуваат во Турција, помош ќе се даде и за Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumanovski-pozharnikari-so-vozilo-i-oprema-zaminuvaat-vo-turtsija-pomosh-ke-se-dade-i-za-sirija/ Wed, 08 Feb 2023 12:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=606474

Пет пожарникари од Куманово со возило и опрема заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција, информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

На вчерашната вонредна седница на Советот, едногласно беше прифатен предлогот на Димитриевски за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Средства во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година. Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите, истакна Димитриевски.

The post Кумановски пожарникари со возило и опрема заминуваат во Турција, помош ќе се даде и за Сирија appeared first on Република.

]]>

Пет пожарникари од Куманово со возило и опрема заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција, информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. На вчерашната вонредна седница на Советот, едногласно беше прифатен предлогот на Димитриевски за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Средства во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година. Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите, истакна Димитриевски.

The post Кумановски пожарникари со возило и опрема заминуваат во Турција, помош ќе се даде и за Сирија appeared first on Република.

]]>
Пожарникари од Општина Куманово со возило и опрема заминуваат во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pozharnikari-od-opshtina-kumanovo-so-vozilo-i-oprema-zaminuvaat-vo-turtsija/ Wed, 08 Feb 2023 11:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=606439

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека пет пожарникари од Куманово со возило и опрема заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција.

На вчерашната вонредна седница на Советот, едногласно беше прифатен предлогот на Димитриевски за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Средства во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година. Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите“, истакна Димитриевски.

The post Пожарникари од Општина Куманово со возило и опрема заминуваат во Турција appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека пет пожарникари од Куманово со возило и опрема заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција. На вчерашната вонредна седница на Советот, едногласно беше прифатен предлогот на Димитриевски за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Средства во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година. Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите“, истакна Димитриевски.

The post Пожарникари од Општина Куманово со возило и опрема заминуваат во Турција appeared first on Република.

]]>
Тринаесет пожарникари добија решенија за вработување во гостиварската противпожарна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trinaeset-pozharnikari-dobija-reshenija-za-vrabotuvane-vo-gostivarskata-protivpozharna-edinitsa/ Wed, 08 Feb 2023 10:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=606426

Со врачување на новите решенијата за вработување, бројот на професионални пожарникари во гостиварската противпожарна единица надмина четириесет редовно вработени.

Првиот човек на противпожарна единица Јусуф Бајрами потврди дека вчера ги добиле решенијата за вработување на неопределено време за командири, пожарникари и возачи, но нагласува дека сè уште не ја исполнуваат законски пропишаната бројка на вработени. Тој очекува во наредниов период да се отворат уште конкурси со оглед дека имаат надлежност и делуваат во три општини во полошкиот регион.

Не само што се неопходни, туку и законот обврзува да има околу 80 пожарникари за подрачјето на кое делуваме. Засега сме половина од пропишаното и потребни ни сè уште пожарникари, изјави Јусуф Бајрами, раководител на ППЕ – Гостивар.

Тој дополни дека во единицата има сега има 58 пожарникари, од кои 14 се без решенија и се вработени по други основи.

Оваа единица, освен во општина Гостивар, интервенира и во соседните општини Врапчиште и во Маврово-Ростуша.

The post Тринаесет пожарникари добија решенија за вработување во гостиварската противпожарна единица appeared first on Република.

]]>

Со врачување на новите решенијата за вработување, бројот на професионални пожарникари во гостиварската противпожарна единица надмина четириесет редовно вработени. Првиот човек на противпожарна единица Јусуф Бајрами потврди дека вчера ги добиле решенијата за вработување на неопределено време за командири, пожарникари и возачи, но нагласува дека сè уште не ја исполнуваат законски пропишаната бројка на вработени. Тој очекува во наредниов период да се отворат уште конкурси со оглед дека имаат надлежност и делуваат во три општини во полошкиот регион.
Не само што се неопходни, туку и законот обврзува да има околу 80 пожарникари за подрачјето на кое делуваме. Засега сме половина од пропишаното и потребни ни сè уште пожарникари, изјави Јусуф Бајрами, раководител на ППЕ – Гостивар.
Тој дополни дека во единицата има сега има 58 пожарникари, од кои 14 се без решенија и се вработени по други основи. Оваа единица, освен во општина Гостивар, интервенира и во соседните општини Врапчиште и во Маврово-Ростуша.

The post Тринаесет пожарникари добија решенија за вработување во гостиварската противпожарна единица appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Штипски пожарникари ќе заминат со вториот конвој за Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-shtipski-pozharnikari-ke-zaminat-so-vtoriot-konvoj-za-turtsija/ Tue, 07 Feb 2023 13:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=606017

Пет пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип ќе заминат за Турција, соопшти денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Јорданов кој е во комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека пожарникарите ќе заминат со вториот конвој.

-Целта е да дадеме поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подарчја и населени места во Турција, да помогнеме на настраданите и при извлекувањето луѓе кои се под урнатините во подрачјата каде што се случи катастрофалниот земјотрес. Оваа прилика ја користам да изразам сочуство до настраданите, со желба побрзо враќање на животот во оваа подрачје на Турција, истакна Јорданов на прес-конференција.

Штипскиот градоначалник истакна дека ќе иницира и на седница на Совет на Општина Штип да се издвојата средства од буџетот, со цел да се донира на граѓаните и општините во Турција. Одлуката во текот на утрешниот ден ќе ја донесат советниците и она што е важно како солидарен град ќе допринесеме со финасиска помош и со испраќање на наши пожарникари, кои се обучени за вакви ситуации, вели Јорданов.

Забележа дека во текот на денот со граѓански активисти и здруженија ќе иницираат и отварање на пунктови за да граѓаните и компаниите донираат за настраданите подрачја во Турција.

The post Јорданов: Штипски пожарникари ќе заминат со вториот конвој за Турција appeared first on Република.

]]>

Пет пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип ќе заминат за Турција, соопшти денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Јорданов кој е во комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека пожарникарите ќе заминат со вториот конвој. -Целта е да дадеме поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подарчја и населени места во Турција, да помогнеме на настраданите и при извлекувањето луѓе кои се под урнатините во подрачјата каде што се случи катастрофалниот земјотрес. Оваа прилика ја користам да изразам сочуство до настраданите, со желба побрзо враќање на животот во оваа подрачје на Турција, истакна Јорданов на прес-конференција. Штипскиот градоначалник истакна дека ќе иницира и на седница на Совет на Општина Штип да се издвојата средства од буџетот, со цел да се донира на граѓаните и општините во Турција. Одлуката во текот на утрешниот ден ќе ја донесат советниците и она што е важно како солидарен град ќе допринесеме со финасиска помош и со испраќање на наши пожарникари, кои се обучени за вакви ситуации, вели Јорданов. Забележа дека во текот на денот со граѓански активисти и здруженија ќе иницираат и отварање на пунктови за да граѓаните и компаниите донираат за настраданите подрачја во Турција.

The post Јорданов: Штипски пожарникари ќе заминат со вториот конвој за Турција appeared first on Република.

]]>