пожарникар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarnikar/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 12:35:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пожарникар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarnikar/ 32 32 Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pozharnikar-od-shtip-povreden-na-rabota-dobi-shamar-od-drzhavata-go-odnele-vo-bolnitsa-a-ottamu-mu-pratile-opomena-pred-tuzhba-za-dolg-od-1250-denari/ Wed, 04 Sep 2024 12:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=813099

Големиот хуманитарец и професионален пожарникар во ТППЕ Штип, Александар Георгиевски доби голем шамар од државата. Ова момче гаснејќи пожар, за време на работен ангажман се онесвести и благодарение на колеги беше извлечен од запален објект, итно префарлен со Брза помош во болница каде беше повратен во живот на интензивна нега. Денес му дошло на адреса опемна за тужба поради долг од 1250 денари во болницата за тој ден. Како што вели, тој при напуштање на болницата уредно прашал колку е должен и дали треба да подмири нешто, му било кажано дека не треба ништо и си заминал.

„Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место и не можам да сфатам овде јас сум виновникот или тој што не ме информирал дека имам долг кон Клиничка Болница Штип. На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските.

Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило .
Од ко ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија Ацка терај си дома и одмарај си по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип без тоа да го знам не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома. На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас требаше ли некој да ме информира еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби вработен да ме само информира усно телефонски на било кој начин. Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто за што сте требале вие да ме информирате истиот ден кога сте ме пуштиле од болница бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот а уплатницата јавно ќе ја објавам!“, пишува пожарникарот Георгиевски.

The post Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари appeared first on Република.

]]>

Големиот хуманитарец и професионален пожарникар во ТППЕ Штип, Александар Георгиевски доби голем шамар од државата. Ова момче гаснејќи пожар, за време на работен ангажман се онесвести и благодарение на колеги беше извлечен од запален објект, итно префарлен со Брза помош во болница каде беше повратен во живот на интензивна нега. Денес му дошло на адреса опемна за тужба поради долг од 1250 денари во болницата за тој ден. Како што вели, тој при напуштање на болницата уредно прашал колку е должен и дали треба да подмири нешто, му било кажано дека не треба ништо и си заминал. „Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место и не можам да сфатам овде јас сум виновникот или тој што не ме информирал дека имам долг кон Клиничка Болница Штип. На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските. Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило . Од ко ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија Ацка терај си дома и одмарај си по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип без тоа да го знам не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома. На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас требаше ли некој да ме информира еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби вработен да ме само информира усно телефонски на било кој начин. Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто за што сте требале вие да ме информирате истиот ден кога сте ме пуштиле од болница бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот а уплатницата јавно ќе ја објавам!“, пишува пожарникарот Георгиевски.

The post Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари appeared first on Република.

]]>
Херојот Даре скрши рака, но остана до крај на ден да гасне на Серта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/herojot-dare-skrshi-raka-no-ostana-do-kraj-na-den-da-gasne-na-serta/ Sat, 20 Jul 2024 19:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=798818

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер.

Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето зад военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак. Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат, рече министерот Тошковски.

Министерот Тошковски исто така беше и во селото Пухче, кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар.

Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме, потенцираше министерот Тошковски.

The post Херојот Даре скрши рака, но остана до крај на ден да гасне на Серта appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер.
Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето зад военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак. Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат, рече министерот Тошковски.
Министерот Тошковски исто така беше и во селото Пухче, кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар.
Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме, потенцираше министерот Тошковски.

The post Херојот Даре скрши рака, но остана до крај на ден да гасне на Серта appeared first on Република.

]]>
Пожарникарот кој беше спасен од „Тигрите“ е во добра здравствена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarot-koj-beshe-spasen-od-tigrite-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba/ Sun, 08 Oct 2023 16:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=689275

Пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.

Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се губи трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци.

– Сѐ уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен – вели Коцев.

Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.

 

The post Пожарникарот кој беше спасен од „Тигрите“ е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев. Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се губи трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци. – Сѐ уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен – вели Коцев. Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.  

The post Пожарникарот кој беше спасен од „Тигрите“ е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Пронајден е пожарникарот кој беше исчезнат на планината Серта, сега го извлекуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajden-e-pozharnikarot-koj-beshe-ischeznat-na-planinata-serta-sega-go-izvlekuvaat/ Sun, 08 Oct 2023 14:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=689248

Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип кој исчезнал додека се гаси пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека имало и обид со сајла да се извлече, но поради ветерот и лошата здравствена состојба на пожарникарот, оваа акција е стопирана, а со пожарникарот останал припадник на специјалната полициска единица.

Во моментов кон местото се упатени неколју штипски пожарникари и ловци кои го знаат теренот. МИА во петокот, на 6 октомври информираше дека има голем пожар на планината Серта и гори нискостеблеста шума во непристапен планински терен

 

The post Пронајден е пожарникарот кој беше исчезнат на планината Серта, сега го извлекуваат appeared first on Република.

]]>

Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип кој исчезнал додека се гаси пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека имало и обид со сајла да се извлече, но поради ветерот и лошата здравствена состојба на пожарникарот, оваа акција е стопирана, а со пожарникарот останал припадник на специјалната полициска единица. Во моментов кон местото се упатени неколју штипски пожарникари и ловци кои го знаат теренот. МИА во петокот, на 6 октомври информираше дека има голем пожар на планината Серта и гори нискостеблеста шума во непристапен планински терен  

The post Пронајден е пожарникарот кој беше исчезнат на планината Серта, сега го извлекуваат appeared first on Република.

]]>
Поранешен пожарникар ги подметнувал пожарите на Мајорка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshen-pozharnikar-gi-podmetnuval-pozharite-na-majorka/ Wed, 16 Aug 2023 08:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=672580

Цивилната гарда уапсила поранешен шпански пожарникар под сомнение дека подметнал пет до шест пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., бил уапсен додека бил на боледување, пишува шпанскиот портал „Ултима Хора“.

Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. На бројот 112 вчера пристигнала дојава за нов пожар кој избувнал во општина Каимари. На местото на настанот веднаш се испратени надлежните екипи за итна помош, пишува „Еуро Викли Њуз“ („Euro Weekly News“).

Поради близината на пламените јазици до некои куќи, локалната полиција на Селва и припадниците на Цивилната гарда помогнаа да се евакуираат жителите од неколку куќи. После тоа почна акцијата за апсење на пироманите.

Уапсениот пожарникар не знаел дека службеници на Ибанат и претставници на Цивилната гарда го набљудуваат со дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.

The post Поранешен пожарникар ги подметнувал пожарите на Мајорка appeared first on Република.

]]>

Цивилната гарда уапсила поранешен шпански пожарникар под сомнение дека подметнал пет до шест пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., бил уапсен додека бил на боледување, пишува шпанскиот портал „Ултима Хора“. Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. На бројот 112 вчера пристигнала дојава за нов пожар кој избувнал во општина Каимари. На местото на настанот веднаш се испратени надлежните екипи за итна помош, пишува „Еуро Викли Њуз“ („Euro Weekly News“). Поради близината на пламените јазици до некои куќи, локалната полиција на Селва и припадниците на Цивилната гарда помогнаа да се евакуираат жителите од неколку куќи. После тоа почна акцијата за апсење на пироманите. Уапсениот пожарникар не знаел дека службеници на Ибанат и претставници на Цивилната гарда го набљудуваат со дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.

The post Поранешен пожарникар ги подметнувал пожарите на Мајорка appeared first on Република.

]]>
Уапсен поранешен пожарникар кој ги подметнал пожарите на островот Мајорка, бил снимен со дрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-poraneshen-pozharnikar-koj-gi-podmetnal-pozharite-na-ostrovot-majorka-bil-snimen-so-dron/ Wed, 16 Aug 2023 08:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=672581

Цивилната гарда уапсила поранешен шпански пожарникар под сомнение дека подметнал пет до шест пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., бил уапсен додека бил на боледување, пишува шпанскиот портал „Ултима Хора“.

Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. На бројот 112 вчера пристигнала дојава за нов пожар кој избувнал во општина Каимари. На местото на настанот веднаш се испратени надлежните екипи за итна помош, пишува „Еуро Викли Њуз“ („Euro Weekly News“).

Поради близината на пламените јазици до некои куќи, локалната полиција на Селва и припадниците на Цивилната гарда помогнаа да се евакуираат жителите од неколку куќи. После тоа почна акцијата за апсење на пироманите.

Уапсениот пожарникар не знаел дека службеници на Ибанат и претставници на Цивилната гарда го набљудуваат со дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.

The post Уапсен поранешен пожарникар кој ги подметнал пожарите на островот Мајорка, бил снимен со дрон appeared first on Република.

]]>

Цивилната гарда уапсила поранешен шпански пожарникар под сомнение дека подметнал пет до шест пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., бил уапсен додека бил на боледување, пишува шпанскиот портал „Ултима Хора“. Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. На бројот 112 вчера пристигнала дојава за нов пожар кој избувнал во општина Каимари. На местото на настанот веднаш се испратени надлежните екипи за итна помош, пишува „Еуро Викли Њуз“ („Euro Weekly News“). Поради близината на пламените јазици до некои куќи, локалната полиција на Селва и припадниците на Цивилната гарда помогнаа да се евакуираат жителите од неколку куќи. После тоа почна акцијата за апсење на пироманите. Уапсениот пожарникар не знаел дека службеници на Ибанат и претставници на Цивилната гарда го набљудуваат со дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.

The post Уапсен поранешен пожарникар кој ги подметнал пожарите на островот Мајорка, бил снимен со дрон appeared first on Република.

]]>
Пожарникар загинал при гасење пожар во Канада, четврта жртва годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozharnikar-zaginal-pri-gasene-pozhar-vo-kanada-chetvrta-zhrtva-godinava/ Sun, 30 Jul 2023 10:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=666868

Пожарникар кој гаснел пожар во канадската провинција Британска Колумбија загинал на должност, со што бројот на загинати пожарникари во Канада годинава се искачи на четири.

Како што објавија локалните медиуми, пожарникарот кој загинал е 25-годишен маж од Онтарио кој го гаснел пожарот во Дони Крик. Тоа е најголемиот пожар што некогаш бил регистриран во историјата на Британска Колумбија кој почна на 12 мај и се очекува да гори до зима.

Поради својата географска положба, Канада се загрева побрзо од остатокот на планетата, па во последните години е соочена со екстремни временски непогоди, чиј интензитет и зачестеност се зголемени со климатските промени. Претходно овој месец, противпожарен хеликоптер се урна во Алберта, при што загина неговиот пилот, а уште двајца пожарникари загинаа во одделни инциденти.

The post Пожарникар загинал при гасење пожар во Канада, четврта жртва годинава appeared first on Република.

]]>

Пожарникар кој гаснел пожар во канадската провинција Британска Колумбија загинал на должност, со што бројот на загинати пожарникари во Канада годинава се искачи на четири. Како што објавија локалните медиуми, пожарникарот кој загинал е 25-годишен маж од Онтарио кој го гаснел пожарот во Дони Крик. Тоа е најголемиот пожар што некогаш бил регистриран во историјата на Британска Колумбија кој почна на 12 мај и се очекува да гори до зима. Поради својата географска положба, Канада се загрева побрзо од остатокот на планетата, па во последните години е соочена со екстремни временски непогоди, чиј интензитет и зачестеност се зголемени со климатските промени. Претходно овој месец, противпожарен хеликоптер се урна во Алберта, при што загина неговиот пилот, а уште двајца пожарникари загинаа во одделни инциденти.

The post Пожарникар загинал при гасење пожар во Канада, четврта жртва годинава appeared first on Република.

]]>
Повреден пожарникар при гаснење на пожар во светниколското село Ерџелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povreden-pozharnikar-pri-gasnene-na-pozhar-vo-svetnikolskoto-selo-erdhelija/ Fri, 28 Jul 2023 11:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=666278

Повреден е пожарникар од Територијалната Противпожарна единица во Свети Николе, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение. Во него се вели дека пожарникарот е повреден вчера при интервенција на пожар во селото Ерџелија. Настанот во Полициската станица Свети Николе бил пријавен вчера околу 11.45 часот.

При гаснење на пожар во штала во село Ерџелија, светиниколско, со повреди се здобил 49 годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе, се вели во писменото соопштение на СВР-Штип.

Изминатите денови пожарникарите имаат голем број на интервенции на стрништа, сува трева и нискостеблеста шума. Поголем дел од пожарите се предизвикани намерно со палење на стрништата по жетвата на житните култури.

The post Повреден пожарникар при гаснење на пожар во светниколското село Ерџелија appeared first on Република.

]]>

Повреден е пожарникар од Територијалната Противпожарна единица во Свети Николе, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение. Во него се вели дека пожарникарот е повреден вчера при интервенција на пожар во селото Ерџелија. Настанот во Полициската станица Свети Николе бил пријавен вчера околу 11.45 часот. При гаснење на пожар во штала во село Ерџелија, светиниколско, со повреди се здобил 49 годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе, се вели во писменото соопштение на СВР-Штип. Изминатите денови пожарникарите имаат голем број на интервенции на стрништа, сува трева и нискостеблеста шума. Поголем дел од пожарите се предизвикани намерно со палење на стрништата по жетвата на житните култури.

The post Повреден пожарникар при гаснење на пожар во светниколското село Ерџелија appeared first on Република.

]]>
Пожарникар нападнат додека гасел пожар во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikar-napadnat-dodeka-gasel-pozhar-vo-tsentar/ Thu, 13 Jul 2023 18:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=661046

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода Б.Б.(26) и И.З.(46), двајцата од Скопје.

Како што информира МВР, лицата околу 02.20 часот на ул.„Костурски херои“ физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна заштита Скопје кој вршел службени дејствија – гасење пожар на локацијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Пожарникар нападнат додека гасел пожар во Центар appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода Б.Б.(26) и И.З.(46), двајцата од Скопје. Како што информира МВР, лицата околу 02.20 часот на ул.„Костурски херои“ физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна заштита Скопје кој вршел службени дејствија – гасење пожар на локацијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Пожарникар нападнат додека гасел пожар во Центар appeared first on Република.

]]>
Тешко повреден пожарникар од Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povreden-pozharnikar-od-kavadartsi/ Mon, 05 Jun 2023 16:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=648162

Teшко повреден е 44-годишен пожарникар, кој со повредите се здобил на работното место. Како што информираат од МВР, станува збор за пожарникарот Б.М. од с.Тимјаник, неготинско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место во Територијалната противпожарна единица Неготино.

Извршен бил увид.

The post Тешко повреден пожарникар од Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Teшко повреден е 44-годишен пожарникар, кој со повредите се здобил на работното место. Како што информираат од МВР, станува збор за пожарникарот Б.М. од с.Тимјаник, неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место во Територијалната противпожарна единица Неготино. Извршен бил увид.

The post Тешко повреден пожарникар од Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Пожарникар повреден при гаснење пожар во гостиварско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikar-povreden-pri-gasnene-pozhar-vo-gostivarsko/ Wed, 01 Feb 2023 10:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=603295

Пожар настанал вчера вечерта околу 20 часот во куќа на 62-годишниот И.У. во гостиварски Равен.

Од СВР Тетово информираат дека опожарен бил горниот дел од објектот.

При преземање мерки за гаснење на пожарот се повредил 43-годишниот пожарникар М.С. од гостиварско Речане.

Пожарникарот бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

 

The post Пожарникар повреден при гаснење пожар во гостиварско appeared first on Република.

]]>

Пожар настанал вчера вечерта околу 20 часот во куќа на 62-годишниот И.У. во гостиварски Равен. Од СВР Тетово информираат дека опожарен бил горниот дел од објектот. При преземање мерки за гаснење на пожарот се повредил 43-годишниот пожарникар М.С. од гостиварско Речане. Пожарникарот бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.  

The post Пожарникар повреден при гаснење пожар во гостиварско appeared first on Република.

]]>
Признанија добија најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/priznanija-dobija-najdobrite-politsaets-pozharnikar-i-krvodaritel-vo-skopje/ Mon, 26 Dec 2022 16:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=590217

Денеска свечено се доделени признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2022 година.

Радува фактот што годинава станува збор за млади луѓе избрани од својот колектив како најдобри, со што се надеваме ќе се поттикнат нашите сограѓани да ја покажат својата храброст и хуманост, вели градоначланичката , Данела Арсовска.

За најдобар пожарникар во 2022 година истакнат со особено ефикасно и успешно работење е прогласен Иво Цветковски, предложен од Командирот на вод на Бригадата за противпожарна заштита. Цветковски изминатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и учествувал во технички интервенции со придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи.

За најдобар полицаец е прогласен Илија Алексовски, вработен во Полициската станица од општа надлежност Центар при СВР Скопје. Алексовски е предложен од Секторот за внатрешни работи Скопје, за особени резултати при реализација на многубројните задачи и активности за потребите на СВР Скопје, како и за значаен придонес во тимот.

Ардит Ќаили е најдобар крводарител на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, кој е предложен од Црвениот крст на Град Скопје, како докажан млад волонтер од организацијата во Чаир. Со своите 23 години, како волонтер е истакнат како позитивен пример, за поттик на младите да станат крводарители и волонтери во хуманитарни акции.

The post Признанија добија најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска свечено се доделени признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2022 година.
Радува фактот што годинава станува збор за млади луѓе избрани од својот колектив како најдобри, со што се надеваме ќе се поттикнат нашите сограѓани да ја покажат својата храброст и хуманост, вели градоначланичката , Данела Арсовска.
За најдобар пожарникар во 2022 година истакнат со особено ефикасно и успешно работење е прогласен Иво Цветковски, предложен од Командирот на вод на Бригадата за противпожарна заштита. Цветковски изминатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и учествувал во технички интервенции со придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи. За најдобар полицаец е прогласен Илија Алексовски, вработен во Полициската станица од општа надлежност Центар при СВР Скопје. Алексовски е предложен од Секторот за внатрешни работи Скопје, за особени резултати при реализација на многубројните задачи и активности за потребите на СВР Скопје, како и за значаен придонес во тимот. Ардит Ќаили е најдобар крводарител на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, кој е предложен од Црвениот крст на Град Скопје, како докажан млад волонтер од организацијата во Чаир. Со своите 23 години, како волонтер е истакнат како позитивен пример, за поттик на младите да станат крводарители и волонтери во хуманитарни акции.

The post Признанија добија најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје appeared first on Република.

]]>
Пожарникар остана без семејство откако во пожар му загинаа трите деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozarnikar-ostana-bez-semejstvo-otkako-vo-pozar-mu-zaginaa-trite-deca/ Sat, 06 Aug 2022 07:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=537316

Десет лица, меѓу кои три мали деца, вчераутро загинале во пожар во куќа во руралните делови на источна Пенсилванија, соопшти државната полиција.

Британските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн, крај реката Сускехана, во североисточниот дел на Пенсилванија.

Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата.

Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција.

Харолд Бејкер, пожарникар во доброволната противпожарна служба Нескопек, изјави за Асошиетед прес дека неговиот син, ќерка, снаа, три внуци и уште четворица роднини загинале.

Три возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се додава во соопштението на полицијата.

Засега нема официјални детали за околностите или причините за пожарот, што ја уништил двокатницата.

The post Пожарникар остана без семејство откако во пожар му загинаа трите деца appeared first on Република.

]]>

Десет лица, меѓу кои три мали деца, вчераутро загинале во пожар во куќа во руралните делови на источна Пенсилванија, соопшти државната полиција. Британските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн, крај реката Сускехана, во североисточниот дел на Пенсилванија. Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата. Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција. Харолд Бејкер, пожарникар во доброволната противпожарна служба Нескопек, изјави за Асошиетед прес дека неговиот син, ќерка, снаа, три внуци и уште четворица роднини загинале. Три возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се додава во соопштението на полицијата. Засега нема официјални детали за околностите или причините за пожарот, што ја уништил двокатницата.

The post Пожарникар остана без семејство откако во пожар му загинаа трите деца appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Дубровник локализиран – загина пожарникар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pozarot-kaj-dubrovnik-lokaliziran-zagina-pozarnikar/ Mon, 01 Aug 2022 11:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=535680

Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење

Еден пожарникар загина при гаснење на пожар кај Дубровник, соопшти утринава Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ).

Истрагата за причините за смртта на пожарникарот Горан Комленац е во тек, а по завршувањето јавноста ќе биде информирана.

Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење.

Пожарот зафатил 87 хектари густа борова шума во областа Орашац – Громаче кај Затон (Дубровачки).

Како што јавува Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник за оваа сезона.

The post Пожарот кај Дубровник локализиран – загина пожарникар appeared first on Република.

]]>

Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење Еден пожарникар загина при гаснење на пожар кај Дубровник, соопшти утринава Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ). Истрагата за причините за смртта на пожарникарот Горан Комленац е во тек, а по завршувањето јавноста ќе биде информирана.
Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење. Пожарот зафатил 87 хектари густа борова шума во областа Орашац – Громаче кај Затон (Дубровачки). Како што јавува Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник за оваа сезона.

The post Пожарот кај Дубровник локализиран – загина пожарникар appeared first on Република.

]]>